лични документи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lichni-dokumenti/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 14:21:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лични документи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lichni-dokumenti/ 32 32 Гужвите се минато: Нова машина за печатење на лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/guzhvite-se-minato-nova-mashina-za-pechatene-na-lichni-dokumenti-koja-trojno-ke-go-zgolemi-kapatsitetot/ Thu, 14 Nov 2024 14:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=837778

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во одделението за персонализација во МВР каде беше промовирана новата машина за печатење на лични документи.

Денес ја пуштаме во употреба новата машина за печатење на лични документи која ја набави министерството за внатрешни работи и која тројно ќе го зголеми капацитетот и ќе го забрза издавањето на издавање на документи. Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен претстој... Тоа во превод значи нема повеќе гужви какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин. Целосно сме посветени на креирање на брзи и квалитетни услуги за граѓаните преку унапредување и дигитализација на процесите и услугите. Граѓаните заслужуваат да добиваат брзи и ефикасни услуги од своите институции, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски воедно уште еднаш потсети и апелираше уште еднаш до сите граѓани дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31.12.2024 година и да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола.

The post Гужвите се минато: Нова машина за печатење на лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот appeared first on Република.

]]>

Се реновираат просториите за издавање лични документи во Скопје, Тошковски најави побрзи и поефикасни услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-renoviraat-prostoriite-za-izdavane-lichni-dokumenti-vo-skopje-toshkovski-najavi-pobrzi-i-poefikasni-uslugi/ Fri, 25 Oct 2024 14:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=830999

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изврши увид во реконструкцијата на просториите на Одделот за граѓански работи на МВР во зградата на МТВ. Проектот за реновирање на овие простории започна неодамна, откако целосно беа надминати гужвите кои беа предизвикани со промената на личните документи заради промена на уставното име, а со цел модернизација и креирање побрзи и поефикасни услуги за граѓаните.

Претходното раководство планирало да ја започне реконструцијата оваа година во февруари во ек на најголемите гужви за промена на документите. Можете да замислите што тогаш ќе се случеше ако се реализирало тоа. Со оваа реконструкција која треба да заврши за шест месеци ќе добиеме речиси двоен капацитет на управните служби на МВР кои ќе понудат побрзи и поефикасни услуги за нашите граѓани. Градиме поефикасна администрација која ќе биде целосно во служба на потребите на граѓаните, истакна министерот Тошковски.

Тошковски притоа напомена дека додека трае реконструкцијата воопшто не е намален капацитетот на издавање лични документи и останати услуги кон граѓаните и тие во најголем дел во најголем дел се извршуваат во пунктот до полициската станица „Пролет“.

The post Се реновираат просториите за издавање лични документи во Скопје, Тошковски најави побрзи и поефикасни услуги appeared first on Република.

Хаосот со документи е решен пред еден месец, останат е уште само помал број, вели министерот Тошковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/haosot-so-dokumenti-e-reshen-pred-eden-mesets-ostanat-e-ushte-samo-pomal-broj-veli-ministerot-toshkovski/ Fri, 20 Sep 2024 16:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=818248

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање уште колку од граѓаните ги немаат променето личните документи, потенцираше дека е останат помал број и оти хаосот е решен пред еден месец.

Останат е уште помал број. Конкретно не можам да кажам колку. Не е точна информацијата која што беше пренесен во јавноста дека еден милион возачки дозволи ќе треба да се реиздадеме. Мислам дека бројката е негде околу 200 000 кој што треба да се ре-издадат во останатиот период од прилика. Мислам дека имаме капацитет да го направиме тоа. Повторно тука имаме дезинформации ширење на лаги од страна на луѓе кои што не си ја сакаат држава во насока да уплашат или да, дефокусираат или не знам што да направат. МВР ќе работи во интерес на граѓаните, изјави Тошковски.

Тој беше во посета на новата канцеларија на управните служби која почна да работи во полицискиото одделение во Јегуновце и општински центар.

The post Хаосот со документи е решен пред еден месец, останат е уште само помал број, вели министерот Тошковски appeared first on Република.

Мицкоски: Пасошите и личните документи се издаваат за 15 дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-pasoshite-i-lichnite-dokumenti-se-izdavaat-za-15-dena/ Mon, 02 Sep 2024 09:41:07 +0000 https://republika.mk/?p=812211

Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола и издавањето е во законскиот рок од 15 дена, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во ООУ „Стив Наумов“ во Скопје одговараше на новинарско прашање дали е решен проблемот издавањето на документите од страна на МВР.

Можам исто така со задоволство да кажам дека нередот којшто беше пракса за минатата влада на СДСМ и ДУИ во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола и сега во рамките на законските 15 дена граѓаните можат да ги добијат патните документи, патните исправи и другите лични документи. Од информациите коишто ги добивам од МВР некаде околу 1.740 патни исправи се издадени и некаде околу 1.440 лични карти и некаде околу 750.000 возачки дозволи. Така што нема повеќе турканици, нема повеќе неред, нема повеќе понижување на македонските граѓани, рече Мицкоски.

Премиерот забележа дека тоа е уште еден доказ и оти не се сите исти, а оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните.

The post Мицкоски: Пасошите и личните документи се издаваат за 15 дена appeared first on Република.

МВР ќе работи и утре, ќе се издаваат лични документи https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/mvr-ke-raboti-i-utre-ke-se-izdavaat-lichni-dokumenti/ Thu, 01 Aug 2024 10:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=802255

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека утре (02.08.) Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работата на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).

Притоа во Скопје (МРТВ и „Беко“) управните служби ќе работат во периодот од 08 до 16 часот, додека низ државата подрачните управни служби ќе работат во периодот од 08 до 12 часот

The post МВР ќе работи и утре, ќе се издаваат лични документи appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека утре (02.08.) Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работата на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи). Притоа во Скопје (МРТВ и „Беко“) управните служби ќе работат во периодот од 08 до 16 часот, додека низ државата подрачните управни служби ќе работат во периодот од 08 до 12 часот

The post МВР ќе работи и утре, ќе се издаваат лични документи appeared first on Република.

]]>
Наскоро ќе се врати во функција електронското поднесување барања за документи, најави Андоновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naskoro-ke-se-vrati-vo-funktsija-elektronskoto-podnesuvane-barana-za-dokumenti-najavi-andonovski/ Tue, 30 Jul 2024 11:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=801675

Наскоро ќе бидат вратени во функција сервисите за електронско закажување и добивање документи преку порталот uslugi.gov.mk, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Не прецизира кога, но очекува да биде во првите 100 дена од мандатот.

Електронското поднесување на барањата за документи во МВР извесен период е прекинато и со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тој веќе имал состаноци за враќање на оваа услуга за граѓаните.

Она што се случувало во изминатиот период, е тотален хаос во издавањето документи. Во моментот, електронското поднесување на барање е паузирано во Министерството, но веќе имавме состаноци со министерот Тошковски и многу сериозна дискусија методолошки како да ги вратиме. Се надевам дека во наредниот период, не сакам да играм со рокови и со датуми, кога немам точна информација или не зависи само од мене или од моето Министерство, но сум сигурен дека за многу брзо време ќе ги вратиме сервисите на закажување и добивање електронски документи преку порталот uslugi.gov.mk. Мислам дека во првите 100 дена ќе имаме резултати, рече Андоновски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со работната група за изработка на сајбер-стратегија.

The post Наскоро ќе се врати во функција електронското поднесување барања за документи, најави Андоновски appeared first on Република.

]]>

Наскоро ќе бидат вратени во функција сервисите за електронско закажување и добивање документи преку порталот uslugi.gov.mk, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Не прецизира кога, но очекува да биде во првите 100 дена од мандатот. Електронското поднесување на барањата за документи во МВР извесен период е прекинато и со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тој веќе имал состаноци за враќање на оваа услуга за граѓаните.
Она што се случувало во изминатиот период, е тотален хаос во издавањето документи. Во моментот, електронското поднесување на барање е паузирано во Министерството, но веќе имавме состаноци со министерот Тошковски и многу сериозна дискусија методолошки како да ги вратиме. Се надевам дека во наредниот период, не сакам да играм со рокови и со датуми, кога немам точна информација или не зависи само од мене или од моето Министерство, но сум сигурен дека за многу брзо време ќе ги вратиме сервисите на закажување и добивање електронски документи преку порталот uslugi.gov.mk. Мислам дека во првите 100 дена ќе имаме резултати, рече Андоновски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со работната група за изработка на сајбер-стратегија.

The post Наскоро ќе се врати во функција електронското поднесување барања за документи, најави Андоновски appeared first on Република.

]]>
Издавањето на документи наскоро ќе се врати во законските рокови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izdavaneto-na-dokumenti-naskoro-ke-se-vrati-vo-zakonskite-rokovi/ Tue, 23 Jul 2024 09:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=799452

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска бил во посета на Одделот за граѓански работи каде се одржал работен состанок со помошник министерот Јован Алтанџиев, во врска со надлежностите од делокругот на Одделот.

Како што објави на неговиот фејсбук профил министерот Тошковски, генерално, констатиран е хаос и негрижа од претходното раководство, како во однос на граѓаните, така и во однос на вработените.

Уште од првиот ден како министер потенцирав дека управните служби мора да бидат лицето на МВР и државата воопшто. Работењето таму мора да стане престиж, а не казна. Да биде чест да се работи во служба на граѓаните и брзо и ефикасно задоволување на нивните потреби со брзи и квалитетни услуги, напиша ресорниот министер на ФБ.

Во иднина, како што најави на ФБ, ќе иницира зголемување на платата на вработените, подобрување на работните услови во секоја канцеларија и на секој шалтер во државата.

Конкретно утврдивме дека се стабилизира состојбата со издавањето на лични документи. Очекуваме за еден месец издавањето на документите да се врати во законските рокови. Ќе ги зголемиме капацитетите во делот на обработка на барањата за пасоши поднесени во ДКП, со цел македонската дијаспора што побрзо да добие патна исправа. Обезбедуваме нови количини обрасци за лични документи кои ќе ги задоволат потребите за наредниот период, напиша Тошковски.

Појасни дека термин за итна постапка се добива за еден ден, а за редовна постапка за најмногу 10 дена.

Според него, повеќе нема интерес за закажување на термини во пунктот Идризово и истиот, како што напиша на ФБ, ќе се затвори откако ја исполни својата цел со прием на околу 25 000 барања.

Министерот информира дека се отпочнува ревизија и контрола на работењето на комисиите надлежни за издавање на одобрение за набавување на оружје.

Од една страна, оружје не смеат да поседуваат лица кои не ги исполнуваат законските услови. Од друга страна, констатирано е дека само од 2020 година наваму, 5800 барања не се решени. Во најбрз рок, после ревизијата на работењето, ќе изнајдеме решение и методологија за постапување по истите. Простор за корупција повеќе нема да има!, објави министерот за внатрешни работи.

Дополнително, особен фокус ќе биде ставен на Законот за оружје и Законот за промет на експлозивни материи за цивилна употреба во насока на усогласување со европската регулатива.

Во делот на сообраќајот и возилата, објави, затекната е ситуација со недостаток на референти во станиците за технички преглед со што се отежнува нивното работење. Една група на вработени веќе отпочна со обука, појасни Тошковски, со цел сите правни субјекти да бидат рамноправни на пазарот во најкраток рок.

На работната средба било разговарано и за состојбата со поднесените барања за државјанство на Македонците од Албанија кои од засега непознати причини со години не се решени.

Ќе се иницира работна средба со претставници од здруженијата на Македонците со цел полесно да се канализира постапката. Во делот на азилот, согласно забелешките на Европската Комисија, ќе почнеме процес чија крајна цел ќе биде хартиените документи кои ги издава Секторот за азил, да бидат заменети со биометриски, објави министерот Тошковски на фејсбук.

The post Издавањето на документи наскоро ќе се врати во законските рокови appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска бил во посета на Одделот за граѓански работи каде се одржал работен состанок со помошник министерот Јован Алтанџиев, во врска со надлежностите од делокругот на Одделот. Како што објави на неговиот фејсбук профил министерот Тошковски, генерално, констатиран е хаос и негрижа од претходното раководство, како во однос на граѓаните, така и во однос на вработените.
Уште од првиот ден како министер потенцирав дека управните служби мора да бидат лицето на МВР и државата воопшто. Работењето таму мора да стане престиж, а не казна. Да биде чест да се работи во служба на граѓаните и брзо и ефикасно задоволување на нивните потреби со брзи и квалитетни услуги, напиша ресорниот министер на ФБ.
Во иднина, како што најави на ФБ, ќе иницира зголемување на платата на вработените, подобрување на работните услови во секоја канцеларија и на секој шалтер во државата.
Конкретно утврдивме дека се стабилизира состојбата со издавањето на лични документи. Очекуваме за еден месец издавањето на документите да се врати во законските рокови. Ќе ги зголемиме капацитетите во делот на обработка на барањата за пасоши поднесени во ДКП, со цел македонската дијаспора што побрзо да добие патна исправа. Обезбедуваме нови количини обрасци за лични документи кои ќе ги задоволат потребите за наредниот период, напиша Тошковски.
Појасни дека термин за итна постапка се добива за еден ден, а за редовна постапка за најмногу 10 дена. Според него, повеќе нема интерес за закажување на термини во пунктот Идризово и истиот, како што напиша на ФБ, ќе се затвори откако ја исполни својата цел со прием на околу 25 000 барања. Министерот информира дека се отпочнува ревизија и контрола на работењето на комисиите надлежни за издавање на одобрение за набавување на оружје.
Од една страна, оружје не смеат да поседуваат лица кои не ги исполнуваат законските услови. Од друга страна, констатирано е дека само од 2020 година наваму, 5800 барања не се решени. Во најбрз рок, после ревизијата на работењето, ќе изнајдеме решение и методологија за постапување по истите. Простор за корупција повеќе нема да има!, објави министерот за внатрешни работи.
Дополнително, особен фокус ќе биде ставен на Законот за оружје и Законот за промет на експлозивни материи за цивилна употреба во насока на усогласување со европската регулатива. Во делот на сообраќајот и возилата, објави, затекната е ситуација со недостаток на референти во станиците за технички преглед со што се отежнува нивното работење. Една група на вработени веќе отпочна со обука, појасни Тошковски, со цел сите правни субјекти да бидат рамноправни на пазарот во најкраток рок. На работната средба било разговарано и за состојбата со поднесените барања за државјанство на Македонците од Албанија кои од засега непознати причини со години не се решени.
Ќе се иницира работна средба со претставници од здруженијата на Македонците со цел полесно да се канализира постапката. Во делот на азилот, согласно забелешките на Европската Комисија, ќе почнеме процес чија крајна цел ќе биде хартиените документи кои ги издава Секторот за азил, да бидат заменети со биометриски, објави министерот Тошковски на фејсбук.

The post Издавањето на документи наскоро ќе се врати во законските рокови appeared first on Република.

]]>
Гужвите на шалтерите на МВР ќе станат минато со електронски лични документи, ветуваат министрите Тошковски и Андоновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/guzhvite-na-shalterite-na-mvr-ke-stanat-minato-so-elektronski-lichni-dokumenti-vetuvaat-ministrite-toshkovski-i-andonovski/ Fri, 19 Jul 2024 14:07:51 +0000 https://republika.mk/?p=798501

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Како што соопштија од МВР, средбата на двајцата министри беше во насока на почеток на процесите за дигитална трансформација на услугите и процесите во министерството, зошто дигитализацијата на услугите и процесите на сите државни институции и органи е еден од главните столбови во владината програма.

Во тој контекст, фокусот беше насочен во подобрување на постојните и креирање на нови електронски услуги од делокругот на работа на МВР, изработка на нова модерна веб страна на министерството, каде граѓаните ефикасно и брзо ќе ги пронајдат сите информации кои им се потребни, велат од МВР.

Ја разгледавме и можноста за дигитализација на личните документи, односно креирање на електронски лични документи, развој на електронска апликација во делот на дозволите за оружје, други можности за дигитализација на работата и процесите во полицијата кои ќе овозможат поефикасна, модерна полиција, која користејќи ги бенефитите на модерната технологија ќе испорача поефикасни услуги и поголема безбедност за сите граѓани, потенцираше министерот Тошковски.

The post Гужвите на шалтерите на МВР ќе станат минато со електронски лични документи, ветуваат министрите Тошковски и Андоновски appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Како што соопштија од МВР, средбата на двајцата министри беше во насока на почеток на процесите за дигитална трансформација на услугите и процесите во министерството, зошто дигитализацијата на услугите и процесите на сите државни институции и органи е еден од главните столбови во владината програма. Во тој контекст, фокусот беше насочен во подобрување на постојните и креирање на нови електронски услуги од делокругот на работа на МВР, изработка на нова модерна веб страна на министерството, каде граѓаните ефикасно и брзо ќе ги пронајдат сите информации кои им се потребни, велат од МВР.
Ја разгледавме и можноста за дигитализација на личните документи, односно креирање на електронски лични документи, развој на електронска апликација во делот на дозволите за оружје, други можности за дигитализација на работата и процесите во полицијата кои ќе овозможат поефикасна, модерна полиција, која користејќи ги бенефитите на модерната технологија ќе испорача поефикасни услуги и поголема безбедност за сите граѓани, потенцираше министерот Тошковски.

The post Гужвите на шалтерите на МВР ќе станат минато со електронски лични документи, ветуваат министрите Тошковски и Андоновски appeared first on Република.

]]>
МВР: Од 8 до 19 часот денеска може да се подигнат лични документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-od-8-do-19-chasot-deneska-mozhe-da-se-podignat-lichni-dokumenti/ Wed, 08 May 2024 05:59:31 +0000 https://republika.mk/?p=775160

Од 8 до 19 часот денеска ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи.

- Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

The post МВР: Од 8 до 19 часот денеска може да се подигнат лични документи appeared first on Република.

]]>

Од 8 до 19 часот денеска ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. - Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

The post МВР: Од 8 до 19 часот денеска може да се подигнат лични документи appeared first on Република.

]]>
Денеска фотографирање без закажан термин за граѓани кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-fotografirane-bez-zakazhan-termin-za-gragani-koi-napolnile-18-godini-a-nemaat-nikakov-biometriski-dokument/ Sat, 06 Apr 2024 07:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=762943

Министерството за внатрешни работи денеска во периодот до 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата (за Скопје во пунктот „Пролет“) за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

Од МВР ги повикуваат граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори.

The post Денеска фотографирање без закажан термин за граѓани кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи денеска во периодот до 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата (за Скопје во пунктот „Пролет“) за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош. Од МВР ги повикуваат граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори.

The post Денеска фотографирање без закажан термин за граѓани кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ appeared first on Република.

]]>
Викендов ќе бидат одобрени 20.000 лични документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vikendov-ke-bidat-odobreni-20-000-lichni-dokumenti/ Sun, 31 Mar 2024 15:21:30 +0000 https://republika.mk/?p=760665

Викендов ќе бидат одобрени околу 20.000 барања за издавање лични документи, изјави мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој денеска беше во посета на пунктот за фотографирање за лични документи во полициската станица Пролет во Скопје.

Како што соопшти МВР, министерот Тошковски изразил искрена благодарност до 40 вработени од отсеците за управни работи Куманово, Велес, Штип и Тетово кои вчера и денеска, како и во наредните викенди ќе дадат максимална поддршка во процесот на одобрување на барања за издавање лични документи и благодарност и до сите останати колеги од ОУР Скопје кои неуморно и деноноќно работат на тој план.

Во текот на вчерашниот ден, со здружени сили, одобрени се околу 9.000 барања за издавање на лична карта на жителите на Скопје, а проценките се дека заклучно со денеска ќе бидат одобрени околу 20.000 барања, рече министерот Тошковски, стои во соопштението

The post Викендов ќе бидат одобрени 20.000 лични документи appeared first on Република.

]]>

Викендов ќе бидат одобрени околу 20.000 барања за издавање лични документи, изјави мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој денеска беше во посета на пунктот за фотографирање за лични документи во полициската станица Пролет во Скопје. Како што соопшти МВР, министерот Тошковски изразил искрена благодарност до 40 вработени од отсеците за управни работи Куманово, Велес, Штип и Тетово кои вчера и денеска, како и во наредните викенди ќе дадат максимална поддршка во процесот на одобрување на барања за издавање лични документи и благодарност и до сите останати колеги од ОУР Скопје кои неуморно и деноноќно работат на тој план.
Во текот на вчерашниот ден, со здружени сили, одобрени се околу 9.000 барања за издавање на лична карта на жителите на Скопје, а проценките се дека заклучно со денеска ќе бидат одобрени околу 20.000 барања, рече министерот Тошковски, стои во соопштението

The post Викендов ќе бидат одобрени 20.000 лични документи appeared first on Република.

]]>
Ќе се гласа и со документи истечени 9 месеци пред изборниот ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-glasa-i-so-dokumenti-istecheni-9-mesetsi-pred-izborniot-den/ Fri, 15 Mar 2024 07:43:15 +0000 https://republika.mk/?p=754946

Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите, информираат од Државната изборна комисија.

Како што соопштуваат оттаму согласно измените на Изборниот законик, во Избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на изборите, според актот за распишување на изборите, кои имаат живеалиште на територијата на Македонија.

Тоа конкретно значи дека на претседателските избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 24.07.2023 година до денот на изборите 24.04.2024 година и на парламентарните избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 08.08.2023 година до денот на изборите 08.05.2024 година, се наведува во соопштението.

Ова известување, како што посочуваат од ДИК, ќе биде составен дел на Упатството на Државната изборна комисија за начинот на утврдување на идентитетот на гласачите, според кое ДИК ќе ја врши и законската задолжителна обука на сите избирачки одбори.

The post Ќе се гласа и со документи истечени 9 месеци пред изборниот ден appeared first on Република.

]]>

Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите, информираат од Државната изборна комисија. Како што соопштуваат оттаму согласно измените на Изборниот законик, во Избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на изборите, според актот за распишување на изборите, кои имаат живеалиште на територијата на Македонија.
Тоа конкретно значи дека на претседателските избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 24.07.2023 година до денот на изборите 24.04.2024 година и на парламентарните избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 08.08.2023 година до денот на изборите 08.05.2024 година, се наведува во соопштението.
Ова известување, како што посочуваат од ДИК, ќе биде составен дел на Упатството на Државната изборна комисија за начинот на утврдување на идентитетот на гласачите, според кое ДИК ќе ја врши и законската задолжителна обука на сите избирачки одбори.  

The post Ќе се гласа и со документи истечени 9 месеци пред изборниот ден appeared first on Република.

]]>
Синдикат на полицијата: НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос со документите, да глуми дека го решава хаосот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sindikat-na-politsijata-ne-mozhe-chovekot-koj-zaedno-so-oliver-go-stvori-ovoj-haos-so-dokumentite-da-glumi-deka-go-reshava-haosot/ Fri, 08 Mar 2024 18:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=752790

По реакција на нивни членови, од Синдикатот на Полиција во Македонија - СПМ, излегоа со јавна реакција.

Недозволиво е тој што учествуваше и го создаде хаосот, сега да прави филмови дека “го решава“, се вели во рекацијата на СПМ.

Во продолжение реакцијата на Синдикатото на полицијата во целост.

Почитуван дополнителен заменик министер Митко Бојмацалиев,

Те читаме и следиме деновиве и гледаме дека се уште го тераш филмот од „задоволната полиција“ на твојот шеф Оли од кој за жал и до ден денешен не можеш да излезеш од неговата сенка. Ни правиш филм дека го решаваш проблемот со пасошите, со возачките, со личните карти.

Дури и отиде лично на граница да му однесеш сендвич на шоферот кој ги донесе пасошите, настан за кој ти се смееше целата јавност, да прикажеш дека божем „се гришиш“.
Но, вистината е дека НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос, да глуми дека го решава овој хаос и да „глуми мајка Тереза“.

НЕДОЗВОЛИВО Е ‼️

Кога веќе праќаш внатрешна контрола, прати ја да дојде уште денес кај тебе и твоето раководство и да утврдат одговорност за хаосот што месеци наназад го создадовте околу пасошите и личните карти.

До тогаш, остави го Министерот Тошковски да си ја работи работата. Кога веќе не помагаш, барем престани да одмагаш и саботираш со правење на притисоци за целата постапка околу издавање на личните документи.

Недозволиво е граѓаните сеуште да ги манипулираш‼️
Тоа веќе НЕ МИНЕ❗

The post Синдикат на полицијата: НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос со документите, да глуми дека го решава хаосот appeared first on Република.

]]>

По реакција на нивни членови, од Синдикатот на Полиција во Македонија - СПМ, излегоа со јавна реакција.
Недозволиво е тој што учествуваше и го создаде хаосот, сега да прави филмови дека “го решава“, се вели во рекацијата на СПМ.
Во продолжение реакцијата на Синдикатото на полицијата во целост. Почитуван дополнителен заменик министер Митко Бојмацалиев, Те читаме и следиме деновиве и гледаме дека се уште го тераш филмот од „задоволната полиција“ на твојот шеф Оли од кој за жал и до ден денешен не можеш да излезеш од неговата сенка. Ни правиш филм дека го решаваш проблемот со пасошите, со возачките, со личните карти. Дури и отиде лично на граница да му однесеш сендвич на шоферот кој ги донесе пасошите, настан за кој ти се смееше целата јавност, да прикажеш дека божем „се гришиш“. Но, вистината е дека НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос, да глуми дека го решава овој хаос и да „глуми мајка Тереза“. НЕДОЗВОЛИВО Е ‼️ Кога веќе праќаш внатрешна контрола, прати ја да дојде уште денес кај тебе и твоето раководство и да утврдат одговорност за хаосот што месеци наназад го создадовте околу пасошите и личните карти. До тогаш, остави го Министерот Тошковски да си ја работи работата. Кога веќе не помагаш, барем престани да одмагаш и саботираш со правење на притисоци за целата постапка околу издавање на личните документи. Недозволиво е граѓаните сеуште да ги манипулираш‼️ Тоа веќе НЕ МИНЕ❗

The post Синдикат на полицијата: НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос со документите, да глуми дека го решава хаосот appeared first on Република.

]]>
ДИК бара преодна одредба во ИЗ за да се гласа и со стари важечки документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-bara-preodna-odredba-vo-iz-za-da-se-glasa-i-so-stari-vazhechki-dokumenti/ Tue, 05 Mar 2024 07:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=751280

Претседателот на ДИК Александар Даштевски изјави дека Комисијата предлага во Изборниот законик да се внесе преодна одредба со која ќе се овозможи на овие избори да се гласа и со старите важечки документи.

Како ДИК до Собранието дадовме еден предлог до Собранието – во Изборниот законик да се направи измена во која ќе има преодна одредба само за овие избори, да важат и старите важечки документи за да можат да гласаат сите граѓани. Дали тоа ќе се усвои или не, зависи од Собранието, истакна Даштевски.

Што се однесува до лицата кои навршуваат 18 години, Даштевски рече дека тие ќе можат да се пријават за да бидат внесени во Избирачкиот список.

За полнолетните е изнајдено решение и точно се знае според закон до кога ќе можат да се запишуваат. Тоа што е во законот, тоа е, рече претседателот на ДИК.

The post ДИК бара преодна одредба во ИЗ за да се гласа и со стари важечки документи appeared first on Република.

Тошковски: Во среда ќе биде отворен нов пункт за издавање лични документи во Идризово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vo-sreda-ke-bide-otvoren-nov-punkt-za-izdavane-lichni-dokumenti-vo-idrizovo/ Mon, 04 Mar 2024 11:07:33 +0000 https://republika.mk/?p=751016

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информира дека в среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи што ќе се наоѓа во рамките на Центарот за обука во Идризово.

В среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи што ќе се наоѓа во рамките на Центарот за обука во Идризово. Пунктот ќе биде со четири базни станици кои се префрлени во Идризово од внатрешноста на државата. Започнуваме со една смена бидејќи за толку имаме обучен кадар, а ќе можат да се опслужуваат по 250 до 300 луѓе - изјави Тошковски во интервју на утринската програма на „Слободен печат“.

Тошковски информира дека имаат обрасци кои ќе бидат доволни до почеток на мај, но, најголем проблем, како што рече, е печатењето лични документи.

Техничкиот министер за внатрешни работи изјави дека веќе не произведуваат по 50 илјади пасоши месечно, туку од 75 до 80 илјади.

Обрасци најверојатно ќе има до 8 мај, до избори или до првата недела од мај. Но, не сакам да го оставам истиот проблем што го затекнав првиот ден. Сакам да обезбедиме континуитет, да има повторно достава на обрасци. Имаме околу 400.000 обрасци кои треба да се испорачаат до јуни. Целта е од тие 400 илјади да пуштат колку што можат порано, минимум сто илјади за да се задоволи динамиката - рече Тошковски.

The post Тошковски: Во среда ќе биде отворен нов пункт за издавање лични документи во Идризово appeared first on Република.

]]>

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информира дека в среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи што ќе се наоѓа во рамките на Центарот за обука во Идризово.
В среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи што ќе се наоѓа во рамките на Центарот за обука во Идризово. Пунктот ќе биде со четири базни станици кои се префрлени во Идризово од внатрешноста на државата. Започнуваме со една смена бидејќи за толку имаме обучен кадар, а ќе можат да се опслужуваат по 250 до 300 луѓе - изјави Тошковски во интервју на утринската програма на „Слободен печат“.
Тошковски информира дека имаат обрасци кои ќе бидат доволни до почеток на мај, но, најголем проблем, како што рече, е печатењето лични документи. Техничкиот министер за внатрешни работи изјави дека веќе не произведуваат по 50 илјади пасоши месечно, туку од 75 до 80 илјади.
Обрасци најверојатно ќе има до 8 мај, до избори или до првата недела од мај. Но, не сакам да го оставам истиот проблем што го затекнав првиот ден. Сакам да обезбедиме континуитет, да има повторно достава на обрасци. Имаме околу 400.000 обрасци кои треба да се испорачаат до јуни. Целта е од тие 400 илјади да пуштат колку што можат порано, минимум сто илјади за да се задоволи динамиката - рече Тошковски.

The post Тошковски: Во среда ќе биде отворен нов пункт за издавање лични документи во Идризово appeared first on Република.

]]>
ЈО проверува дали има или нема кривично дело околу случајот со личните документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jo-proveruva-dali-ima-ili-nema-krivichno-delo-okolu-sluchajot-so-lichnite-dokumenti/ Mon, 26 Feb 2024 09:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=748375

Јавното обвинителство има формирано предмет во кој се споени три кривични пријави во врска со издавањето на личните документи, по него се постапува професионално, и доколку има или нема кривично дело, ЈО ќе донесе соодветна одлука, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Во интервју за „Слободен печат“, Коцевски вели дека едната пријава е поднесена малку порано од граѓанин, а другите две се од пред некој ден, од политички партии, односно нивни претставници.

За нив се води единствена постапка. Во оваа фаза од постапката ниту јас, ниту друг обвинител, не би можеле да дадеме многу податоци. Се постапува професионално, се проверуваат сите докази и доколку има или нема кривично дело, верувајте дека ЈО ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука врз основа на доказите со кои располага, вели тој.

Дополнува дека предметот е заведен, доделен на јавен обвинител и се преземаат одредени процесни дејствија.

The post ЈО проверува дали има или нема кривично дело околу случајот со личните документи appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство има формирано предмет во кој се споени три кривични пријави во врска со издавањето на личните документи, по него се постапува професионално, и доколку има или нема кривично дело, ЈО ќе донесе соодветна одлука, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Во интервју за „Слободен печат“, Коцевски вели дека едната пријава е поднесена малку порано од граѓанин, а другите две се од пред некој ден, од политички партии, односно нивни претставници.
За нив се води единствена постапка. Во оваа фаза од постапката ниту јас, ниту друг обвинител, не би можеле да дадеме многу податоци. Се постапува професионално, се проверуваат сите докази и доколку има или нема кривично дело, верувајте дека ЈО ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука врз основа на доказите со кои располага, вели тој.
Дополнува дека предметот е заведен, доделен на јавен обвинител и се преземаат одредени процесни дејствија.

The post ЈО проверува дали има или нема кривично дело околу случајот со личните документи appeared first on Република.

]]>
Османи „чепка“ по пасошите и личните податоци на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-chepka-po-pasoshite-i-lichnite-podatotsi-na-graganite/ Sun, 18 Feb 2024 12:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=745326

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска престојува во Берн, Швајцарија, каде што во Амбасадата донесе дополнителна мобилна станица за фотографирање, за да се забрза процесот на издавање на парни исправи на нашите државјани, информираат од МНР.

Дополнителна мобилна станица за фотографирање, Османи вчера однесе во конзуларното одделение во Бон, Германија.

Во Амбасадата во Берн, покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денеска паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

- Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи, истакна Османи.

Но, на социјалните мрежи се појавија фотографии во кои министерот на ДУИ чепка по личните документи на македонските граѓани, споротивно од Законот за заштита на личните податоци.

The post Османи „чепка“ по пасошите и личните податоци на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска престојува во Берн, Швајцарија, каде што во Амбасадата донесе дополнителна мобилна станица за фотографирање, за да се забрза процесот на издавање на парни исправи на нашите државјани, информираат од МНР. Дополнителна мобилна станица за фотографирање, Османи вчера однесе во конзуларното одделение во Бон, Германија. Во Амбасадата во Берн, покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денеска паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.
- Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи, истакна Османи.
Но, на социјалните мрежи се појавија фотографии во кои министерот на ДУИ чепка по личните документи на македонските граѓани, споротивно од Законот за заштита на личните податоци.  

The post Османи „чепка“ по пасошите и личните податоци на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Христов му кажа сè што граѓаните сакаат да му кажат на неспособниот Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hristov-mu-kazha-se-shto-graganite-sakaat-da-mu-kazhat-na-nesposobniot-spasovski/ Fri, 16 Feb 2024 21:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=745010

После долгодневен молк, поранешниот министер за внатрешни работи, во интервју со новинарот Боби Христов, на телевизијата Телма, немаше објаснување за ниту еден факт поврзан со неможноста граѓаните да ги обноват своите документи за идентификација. На сите забелешки и заклучоци од новинарот, од кои јасно се гледа дека единствениот виновник заради што граѓаните се заробени во сопствената земја е токму Спасовски, поранешниот министер немаше одговор.

Сепак, и покрај настојувањата на водителот Христов Спасовски да каже дали ќе им се извини на граѓаните и дали ќе понесе одговорност, поранешниот министер, во свој стил изјави дека тој не бил виновен за хаосот во државата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dokumenti-so-starite-obrastsi-se-izdavani-do-5-juli-vo-2021-godina-graganite-imaa-vreme-veli-spasovski-koj-ne-chuvstvuva-odgovoren-za-haosot/

Ова се само дел од реакциите на социјалните мрежи:

The post Христов му кажа сè што граѓаните сакаат да му кажат на неспособниот Спасовски appeared first on Република.

]]>

После долгодневен молк, поранешниот министер за внатрешни работи, во интервју со новинарот Боби Христов, на телевизијата Телма, немаше објаснување за ниту еден факт поврзан со неможноста граѓаните да ги обноват своите документи за идентификација. На сите забелешки и заклучоци од новинарот, од кои јасно се гледа дека единствениот виновник заради што граѓаните се заробени во сопствената земја е токму Спасовски, поранешниот министер немаше одговор. Сепак, и покрај настојувањата на водителот Христов Спасовски да каже дали ќе им се извини на граѓаните и дали ќе понесе одговорност, поранешниот министер, во свој стил изјави дека тој не бил виновен за хаосот во државата. https://republika.mk/vesti/makedonija/dokumenti-so-starite-obrastsi-se-izdavani-do-5-juli-vo-2021-godina-graganite-imaa-vreme-veli-spasovski-koj-ne-chuvstvuva-odgovoren-za-haosot/ Ова се само дел од реакциите на социјалните мрежи:

The post Христов му кажа сè што граѓаните сакаат да му кажат на неспособниот Спасовски appeared first on Република.

]]>
„Документи со старите обрасци се издавани до 5 јули во 2021 година, граѓаните имаа време“, вели Спасовски кој не чувствува одговорен за хаосот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dokumenti-so-starite-obrastsi-se-izdavani-do-5-juli-vo-2021-godina-graganite-imaa-vreme-veli-spasovski-koj-ne-chuvstvuva-odgovoren-za-haosot/ Fri, 16 Feb 2024 20:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=744996

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски не смета дека е лично одговорен за хаосот со издавањето на лични документи, пред сè патните исправи.

Сите аспекти на овозможување се овозможени во тој период. Целиот тој период, и Акциски планови и управувачки комитет кој што управувцал со целиот процес, сето тоа, како што е предвидено со позитивните законски прописи, така е постапувано. Апсолутно не може никого вие сами да го натерате да ги извади документите во 2021 година, во 2022 година или во 2023 година, изјави Спасовски вечерва во интервју за „Топ тема“ на Телма.

Смета дека биле создадени сите предуслови граѓаните на време да ги заменат документите, но не сакаше да се извини на ниту еден од околу 640.000 луѓе кои од понеделникот останаа без пасош.

Апсолутно, не сакам да фрлам вина на граѓаните. Меѓутоа, секој еден граѓанин имал можност од 1 јули да започне со промената на личните документи. Сите оние кои поднесе барање за замена на документите, тоа треба да си го направат низ системот на министерството, порача поранешниот министер за внатрешни работи.

Тоа што моето име и потпис стојат на сите документи за обрасци и правилници е затоа што сум бил министер во тоа време, додава Спасовски.

И тоа е најмалку спорно. Било кој да бил министер во тоа време, ќе морал да ги спроведува сите тие постапки кои се однесуваат во делот на почитување на уставот и на законските одредби кои што ги имаме. Инаку, можностите се создадени и до 1 јули во 2021 година со издавањето на новите документи кои што се усогласени со спогодбата од Преспанскиот договор, со уставот и со законот, рече Спасовски.

Тој рече дека по 1 јули во 2021 година не се издавале документи со стари обрасци.

До 1 јули, односно 5, како е денот, се издавани документи. Не можете да очекувате дека спогодбата стапува на сила на 12 февруари во 2019 година и од 13 февруари некој ќе може да издаде нов документи, патен, личен, итн. со новото уставно име. Прво, треба да се изврши набавка на софтверско и хардверско решение кое што ќе ги вклопи новото уставно име и законот за јазиците. Врз основа на тоа да се изврши таа набавка, да се имплементира во системот на персонализација, да се набават новите обрасци, тие да пристигнат и врз основа на тоа да се изменат законските решенија и од моментот кога ќе стапат на сила, да се издавааат патни исправи со новото уставно име, вели тој.

The post „Документи со старите обрасци се издавани до 5 јули во 2021 година, граѓаните имаа време“, вели Спасовски кој не чувствува одговорен за хаосот appeared first on Република.

Ќе одговара ли Спасовски за хаосот со личните документи? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-odgovara-li-spasovski-za-haosot-so-lichnite-dokumenti/ Thu, 15 Feb 2024 08:09:36 +0000 https://republika.mk/?p=744265

Хаосот со промената на личните и патните исправи е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на ДУИ и СДС. Наместо Европа на граѓаните им сервираа државен притвор поради тоа што не организираа процес на промена на исправите, ненавремено и неорганизирано го спроведуваа процесот, не набавиле доволно обрасци и уште десетици други поголеми или помали пропусти, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи.Слична пријава веќе поднесе и Максим Димитриевски од ЗНАМ.

СДС и ДУИ треба да понесат целосна одговорност за ова фијаско. Во исто време Оливер Спасовски треба кривично да одговара за кршењето на човековите права на државјаните пропишани и со Устав, но и за материјалната и нематеријалната штета која е предизвикана врз граѓаните.

Излезот од овој ќорсокак во кој не доведоа ДУИ и СДС е да се промени законот за патни исправи на истиот начин на кој се направи тоа со законот за безбедност во сообраќајот. Талат Џафери нека не се прави Ајнштајн за право и нека не им попува на правниците, затоа што тој не е правник, туку дезертер, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ќе одговара ли Спасовски за хаосот со личните документи? appeared first on Република.

]]>

Хаосот со промената на личните и патните исправи е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на ДУИ и СДС. Наместо Европа на граѓаните им сервираа државен притвор поради тоа што не организираа процес на промена на исправите, ненавремено и неорганизирано го спроведуваа процесот, не набавиле доволно обрасци и уште десетици други поголеми или помали пропусти, oбвини ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи.Слична пријава веќе поднесе и Максим Димитриевски од ЗНАМ.   СДС и ДУИ треба да понесат целосна одговорност за ова фијаско. Во исто време Оливер Спасовски треба кривично да одговара за кршењето на човековите права на државјаните пропишани и со Устав, но и за материјалната и нематеријалната штета која е предизвикана врз граѓаните.