лиценци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/licenci/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 14:06:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лиценци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/licenci/ 32 32 Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lekarska-komora-objavi-lista-na-doktori-so-vazhechka-litsentsa-za-rabota/ Thu, 26 Sep 2024 14:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=819924

Со цел да се подобри транспарентноста во работењето и безбедноста на пациентите, а со одлука на Извршниот одбор, Лекарската комора на нејзината интернет страница објави информација за доктори кои се носители на важечки лиценци за работа, соопштија денеска од Лекарската комора.

Листата е јавно достапна и сите заинтересиран правни и физички лица може да проверат дали одредено лице е носител на лиценца за работа на доктор.

Обезбедувањето на јавна достапност на овие информации очекуваме дека ќе ги обесхрабри обидите за непочитување на правните прописи со кои е регулирана докторската дејност. Објавените податоци се добиени од Регистарот на издадени, обновени и продолжени лиценци што го води Комората. Листата ќе се ажурира на секои четири месеци со нови податоци за издадени, обновени и продолжени лиценци. Листата содржи информации за име и презиме на докторите, нивната специјалност, бројот на лиценца и датумот на важност, велат оттаму.

Комората упатува препорака до здравствените установи пред да реализираат ново вработување преку јавно објавената листа да проверат дали докторот има важечка лиценца за работа.

Проверка имаат можност да прават и медицинските факултети за запишување на специјализации, супспецијализации и за други потреби како и сите надлежни институции кои во вршењето на своите надлежности, имаат потреба да потврдат дека некое лице е носител на важечка лиценца за работа на лекар. Вакви информации објавуваат и коморите во другите држави од регионот како Србија, Хрватска, Словенија како и западноевропските држави, се вели во соопштението од Лекарската комора.

Листата може да ја погледнете тука

The post Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа appeared first on Република.

]]>

Со цел да се подобри транспарентноста во работењето и безбедноста на пациентите, а со одлука на Извршниот одбор, Лекарската комора на нејзината интернет страница објави информација за доктори кои се носители на важечки лиценци за работа, соопштија денеска од Лекарската комора. Листата е јавно достапна и сите заинтересиран правни и физички лица може да проверат дали одредено лице е носител на лиценца за работа на доктор.
Обезбедувањето на јавна достапност на овие информации очекуваме дека ќе ги обесхрабри обидите за непочитување на правните прописи со кои е регулирана докторската дејност. Објавените податоци се добиени од Регистарот на издадени, обновени и продолжени лиценци што го води Комората. Листата ќе се ажурира на секои четири месеци со нови податоци за издадени, обновени и продолжени лиценци. Листата содржи информации за име и презиме на докторите, нивната специјалност, бројот на лиценца и датумот на важност, велат оттаму.
Комората упатува препорака до здравствените установи пред да реализираат ново вработување преку јавно објавената листа да проверат дали докторот има важечка лиценца за работа.
Проверка имаат можност да прават и медицинските факултети за запишување на специјализации, супспецијализации и за други потреби како и сите надлежни институции кои во вршењето на своите надлежности, имаат потреба да потврдат дека некое лице е носител на важечка лиценца за работа на лекар. Вакви информации објавуваат и коморите во другите држави од регионот како Србија, Хрватска, Словенија како и западноевропските држави, се вели во соопштението од Лекарската комора.
Листата може да ја погледнете тука

The post Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа appeared first on Република.

]]>
Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-gi-ukina-litsentsite-za-internet-igri-na-sreka/ Tue, 24 Sep 2024 14:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=819334

Владата денеска донесе одлуки со кои  се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа.

Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување,  соопшти владината прес-служба, Владата  ја разгледала и усвоила информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија НОВО ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје, во кои содружник е АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје.

- Се задолжува Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје се задолжува да ги преземе потребните активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа од глобалната интернет мрежа, согласно Автентичното толкување на членот 7 ставови (2), (3) и (4) од Законот за игрите на среќа и забавните игри, информира Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски пред одржувањето на владината седница рече дека лиценците за онлајн казината се незаконски и со нивно одземање ќе се реализира предизборното ветување.

- Денеска на седница на Влада се  одлуките за онлајн казината, усогласени со закон. Да, тоа што беше предизборно ветување денеска ќе се реализира, тие лиценци кои се незаконски според нас, а и според начелното правно мислење кое го добивме од ресорот, ќе бидат одземени,  изјави Мицкоски, на новинарско прашање при посетата на општина Ѓорче Петров.

The post Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Владата денеска донесе одлуки со кои  се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа. Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување,  соопшти владината прес-служба, Владата  ја разгледала и усвоила информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија НОВО ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје, во кои содружник е АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје.
- Се задолжува Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје се задолжува да ги преземе потребните активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа од глобалната интернет мрежа, согласно Автентичното толкување на членот 7 ставови (2), (3) и (4) од Законот за игрите на среќа и забавните игри, информира Владата.
Премиерот Христијан Мицкоски пред одржувањето на владината седница рече дека лиценците за онлајн казината се незаконски и со нивно одземање ќе се реализира предизборното ветување.
- Денеска на седница на Влада се  одлуките за онлајн казината, усогласени со закон. Да, тоа што беше предизборно ветување денеска ќе се реализира, тие лиценци кои се незаконски според нас, а и според начелното правно мислење кое го добивме од ресорот, ќе бидат одземени,  изјави Мицкоски, на новинарско прашање при посетата на општина Ѓорче Петров.

The post Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Владата формираше тело кое треба да воспостави ред во високо образовните установи во земјава, без акредитација и дозвола за работа ќе останат оние кои нема да ги отстранат недостатоците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vladata-formirashe-telo-koe-treba-da-vospostavi-red-vo-visoko-obrazovnite-ustanovi-vo-zemjava-bez-akreditatsija-i-dozvola-za-rabota-ke-ostanat-onie-koi-nema-da-gi-otstranat-nedostatotsite/ Wed, 31 Jul 2024 12:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=801986

Во текот на вчерашниот ден на владина седница формиравме тело, ја задолживме министерката за образование и наука заедно со ова тело, да излезе на терен да направи анализа на сите универзитети и факултети и државни и приватни. Онаму каде што ќе се констатираат недостатоци да им се даде разумен рок да истите, тие недостатоци да бидат отстранети. Доколку тоа не го направат ќе бидат затворени“, подвлече претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање притоа објаснувајќи дека Владата планира реформи во високото образование и воспоставување на ред во установите.

Премиерот е дециден дека високо образовните установи во државата кои што имаат недостатоци ќе имаат разумен рок истите да ги отстранат. Доколку не ги отстранат недостатоците ваквите установи ќе се останат без акредитација и ќе немаат дозвола за работа.

Ова јас го кажувам, најотворено. Зошто? Затоа што се срамам на две места каде што бев и во Вашингтон и во Лондон каде што имав можност со мои колеги од соседството да разговарам, едните и другите и третите, ми кажаа- од кај вас преку ден се добиваат дипломи. И ни прават проблем во нашите држави. Тоа не може да се случува повеќе. Тоа не може да се случува, посебно што јас доаѓам од високото образование. Не може дипломи преку ноќ да се добиваат. Тоа мора да се смени, ќе имаат разумен рок да ги отстранат недостатоците. Тие што нема да ги отстранат ќе мора да затворат. Да ја изгубат дозволата за работа, да ја изгубат лиценцата, акредитацијата.“, потенцираше премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Владата формираше тело кое треба да воспостави ред во високо образовните установи во земјава, без акредитација и дозвола за работа ќе останат оние кои нема да ги отстранат недостатоците appeared first on Република.

Велковски: 1.000 барања за лиценци за негователки и воспитувачки во градинки стојат во место, а 5.000 деца се на листа на чекање за упис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-1-000-barana-za-litsentsi-za-negovatelki-i-vospituvachki-vo-gradinki-stojat-vo-mesto-a-5-000-detsa-se-na-lista-na-chekane-za-upis/ Wed, 06 Mar 2024 12:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=751874

1.000 барања за лиценци во градинките четири години тапкаат во место а згора на тоа повлечена е оваа точка од страна на владата.Се работи за негователки, воспитувачки и друг стручен кадар кои без овие лиценци не можат да бидат вработени, алармира министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Овој нерешено прашање пак според министерот отвора голем со уписот на деца во градинките низ цела Македонија.

@republika.onlineМинистерот за труд и социјала за проблемот со градинките♬ original sound - Republika online

Еден воспитувач и неговател се грижат за 30 до 35 деца.Осум часа треба да ги чувате а каде е образовниот процес кој треба да им се даде на децата.Состојбата е алармантна.Затоа е потребно да се донесат измените на законот за заштита на деца кои ќе овозможат брзо решавање на овие 1000 барања.Поради ова над 5000 деца се на листите на чекање за упис во градинките.Ова ќе се реши доколку обезедиме просторни услови и стрчен кадар што ќе се грижи за овие деца.Поради овој проблем 5000 мајки треба да бидат дома или баби и дедовци да ги чуваат-вели Велковски во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.

The post Велковски: 1.000 барања за лиценци за негователки и воспитувачки во градинки стојат во место, а 5.000 деца се на листа на чекање за упис appeared first on Република.

]]>

1.000 барања за лиценци во градинките четири години тапкаат во место а згора на тоа повлечена е оваа точка од страна на владата.Се работи за негователки, воспитувачки и друг стручен кадар кои без овие лиценци не можат да бидат вработени, алармира министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски. Овој нерешено прашање пак според министерот отвора голем со уписот на деца во градинките низ цела Македонија.
@republika.onlineМинистерот за труд и социјала за проблемот со градинките♬ original sound - Republika online
Еден воспитувач и неговател се грижат за 30 до 35 деца.Осум часа треба да ги чувате а каде е образовниот процес кој треба да им се даде на децата.Состојбата е алармантна.Затоа е потребно да се донесат измените на законот за заштита на деца кои ќе овозможат брзо решавање на овие 1000 барања.Поради ова над 5000 деца се на листите на чекање за упис во градинките.Ова ќе се реши доколку обезедиме просторни услови и стрчен кадар што ќе се грижи за овие деца.Поради овој проблем 5000 мајки треба да бидат дома или баби и дедовци да ги чуваат-вели Велковски во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.

The post Велковски: 1.000 барања за лиценци за негователки и воспитувачки во градинки стојат во место, а 5.000 деца се на листа на чекање за упис appeared first on Република.

]]>
Како е можно да се доделат лиценци вредни 40 милиони евра на странски дипломат? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-e-mozhno-da-se-dodelat-litsentsi-vredni-40-milioni-evra-na-stranski-diplomat/ Tue, 19 Sep 2023 06:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=683015

Сè уште нема одговор од власта и институциите, зошто се дадени рекордни пари за тендери за лиценци, во три години, 15 па 25 милиони евра, за една иста услуга, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали причината се колегијалните односи, помеѓу Ковачевски со Марко Андонов од Аитоникс, кој во тоа време бил колега на Ковачевски, тогаш министер, а сега премиер? Во 2021-ва година Андонов, колегата на Ковачевски, владата го прифатила за конзул на Грузија во Македонија и притоа му отвора конзулат. Како е можно во нормална држава, на странски дипломати, да се доделува ваков тип на договори, односно лиценци за програми, кои треба да овозможат и безбедност? Може власта да ги крие одговорите пред јавноста, но не за долго. Одговорност ќе има веднаш, по формирањето на новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порачаа од партијата.

The post Како е можно да се доделат лиценци вредни 40 милиони евра на странски дипломат? appeared first on Република.

Стоилковски: Владата плаќа рекордни 26 милиони долари за лиценци, а нема за лекови и учебници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-vladata-plaka-rekordni-26-milioni-dolari-za-litsentsi-a-nema-za-lekovi-i-uchebnitsi/ Mon, 11 Sep 2023 11:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=680869

Не минува ден без нови скандали и афери во продукција на владата на ДУИ и СДС. Омилените фирми на владата, претходно фаворизирани од Драги Рашковски како генерален секретар на владата повторно добија тендер за софтверски лиценци во вредност од над 26 милиони долари! Рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

На 1-ви септември потпишан е договор помеѓу владата, во чие име потпишува генералниот секретар Методија Димовски, и фирмата „Аитоникс“ од Скопје, а веќе на 5-ти септември овој договор е влезен во сила. Овој договор е за софтверски лиценци, и со пресметан ДДВ тежи 26 милиони 429 илјади и 350 долари. Не може да не се напомене дека овој договор од над вртоглави 26 милиони долари за софтверски лиценци, е последователен за истата фирма којашто во 2020-та година склучи договор со Драги Рашковски, токму пред неговото заминување од местото генерален секретар на владата, исто така на три години, со тогаш рекордни 15 милиони евра за софтверски лиценци за администрација! Тендер којшто не мина без скандал односно, со повторена постапка и со избришани претходни поставени услови? Исто како и претходно за да нема нови тендери, владата договорила само да плаќа фактури во следните три години, пракса која што се спроведува низ сите институции, со склучување т.н. Рамковни договори. Се поставува прашањето како е можно договор за лиценци којшто пред 3 години вредел 15 милиони евра, сега да тежи над 26 милиони долари? Во кој дел владата во овие три години го напреднала работењето, услугите на администрацијата, за да сега за лиценци и компјутерски програми плаќа дури 26 милиони долари, односно дури 9 милиони евра повеќе? И можеби најважното, како е дојдено фирмата потписник со Драги Рашковски во очи на избори, да склучува договор со владата на три години со рекордна цена од над 26 милиони долари? праша Стоилковски.

Нема за лекови, нема за учебници, нема за пензии, нема за плати, ама на 1-ви септември владата има 26 милиони долари за лиценци за софтвери, додаде Стоилковски.

The post Стоилковски: Владата плаќа рекордни 26 милиони долари за лиценци, а нема за лекови и учебници appeared first on Република.

Издадени лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/izdadeni-litsentsi-na-486-tsentrali-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija-od-obnovlivi-izvori/ Sun, 04 Jun 2023 10:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=647621

Од јануари лани до крајот на мај годинава издадени се лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 246,9 MW.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека со инсталираниот капацитет што е изграден за седумнаесет месеци може да се задоволат потребите на 96.700 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 12 градови во државата - Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга и Неготино.

Се повеќе компании, фабрики во земјава сами си произведуваат електрична енергија и сметките им се значително намалени, токму поради инвестициите во фотоволтаици. РКЕ за пет месеци од почеток на годинава има издадено лиценци за централи со вкупна инсталирана моќност од 94,7 MW, а да потсетиме дека за цела 2022 година вкупната инсталирана моќност на централите од обновливи извори кои произведуваат струја доминантно од Сонце, но и од ветер, вода и биогас изнесува 152,2 MW , посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

The post Издадени лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

Од јануари лани до крајот на мај годинава издадени се лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 246,9 MW. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека со инсталираниот капацитет што е изграден за седумнаесет месеци може да се задоволат потребите на 96.700 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 12 градови во државата - Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга и Неготино.
Се повеќе компании, фабрики во земјава сами си произведуваат електрична енергија и сметките им се значително намалени, токму поради инвестициите во фотоволтаици. РКЕ за пет месеци од почеток на годинава има издадено лиценци за централи со вкупна инсталирана моќност од 94,7 MW, а да потсетиме дека за цела 2022 година вкупната инсталирана моќност на централите од обновливи извори кои произведуваат струја доминантно од Сонце, но и од ветер, вода и биогас изнесува 152,2 MW , посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

The post Издадени лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>
РКЕ издаде над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-izdade-nad-200-licenci-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija-od-obnovlivi-izvori/ Sat, 19 Nov 2022 09:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=575768

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали, а со инсталираниот капацитет, како што соопшти, може да се задоволат потребите на 27100 домаќинства.

Според РКЕ, најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали.

Досега оваа година имаме издадено лиценци за 86,8 мегавати инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека 6,4 се за мали хидроцентрали и 2,5 мегавати за тероелектроцентрали на биогас или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 мегават часови. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа, информира РКЕ.

Регулаторната комисија оценува дека оваа количина на електрична енергија од над 95 мегават часови од обновливи извори на енергија гледано во апсолутен износ е и повисока од производството на ХЕЦ Козјак и со неа може да се задоволат потребите за 27 100 домаќинства.

Ваквите приватни иницијативи во време на енергетска криза се покажаа како решение за многу стопанственици кои со инсталирање на фотонапонски електроцентрали ги намалија значително трошоците за електрична енергија и произведената електрична енергија ја користат за задоволување на сопствени потреби. Во сончеви периоди и денови овие потрошувачи коишто имаат инсталирано фотонапонски електроцентрали во најголем дел ги задоволуваат сопствените потреби и поради тоа немаат потреба да набавуваат електрична енергија од снабдувачите со електрична енергија и истата да ја плаќаат, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

The post РКЕ издаде над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали, а со инсталираниот капацитет, како што соопшти, може да се задоволат потребите на 27100 домаќинства. Според РКЕ, најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали.
Досега оваа година имаме издадено лиценци за 86,8 мегавати инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека 6,4 се за мали хидроцентрали и 2,5 мегавати за тероелектроцентрали на биогас или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 мегават часови. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа, информира РКЕ.
Регулаторната комисија оценува дека оваа количина на електрична енергија од над 95 мегават часови од обновливи извори на енергија гледано во апсолутен износ е и повисока од производството на ХЕЦ Козјак и со неа може да се задоволат потребите за 27 100 домаќинства.
Ваквите приватни иницијативи во време на енергетска криза се покажаа како решение за многу стопанственици кои со инсталирање на фотонапонски електроцентрали ги намалија значително трошоците за електрична енергија и произведената електрична енергија ја користат за задоволување на сопствени потреби. Во сончеви периоди и денови овие потрошувачи коишто имаат инсталирано фотонапонски електроцентрали во најголем дел ги задоволуваат сопствените потреби и поради тоа немаат потреба да набавуваат електрична енергија од снабдувачите со електрична енергија и истата да ја плаќаат, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

The post РКЕ издаде над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>
Два автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dva-avtobusi-vrshele-megjunaroden-prevoz-na-patnici-bez-soodvetna-dokumentacija/ Tue, 23 Aug 2022 12:40:46 +0000 https://republika.mk/?p=543279

Двајца возачи на автобуси, при контрола на Граничниот премин Табановце, биле фатени дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

МВР информира дека вчера и денеска, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин – Табановце била извршена контрола на два автобуси, кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(40) од село Мојанци, Општина Арачиново, и автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.З. (37) од Тетово, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата, соопштуваат од МВР.

The post Два автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација appeared first on Република.

]]>

Двајца возачи на автобуси, при контрола на Граничниот премин Табановце, биле фатени дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. МВР информира дека вчера и денеска, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин – Табановце била извршена контрола на два автобуси, кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(40) од село Мојанци, Општина Арачиново, и автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.З. (37) од Тетово, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата, соопштуваат од МВР.

The post Два автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација appeared first on Република.

]]>
НУК бара да се реши проблемот со неиздавање лиценци на друштвата кои ги менаџираат ноќните клубови https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nuk-bara-da-se-reshi-problemot-so-neizdavanje-licenci-na-drushtvata-koi-gi-menadziraat-nokjnite-klubovi/ Fri, 22 Jul 2022 11:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=532151

Независна Угостителска Комора (НУК), денеска на прес – конференција упати барање до Владата, Министерството за економија и Министерството за внатрешни работи за решавање на моменталната ситуација со ненавременото издавање, односно неиздавање лиценци на друштвата кои ги менаџираат ноќните клубови, кабареа и летните дискотеки во Скопје.

Според претседателот на НУК, Здравко Јосифовски и покрај сите уредно обезбедени документи и платени давачки согласно законската регулатива и согласно практиката во изминатите 30 години, оваа година ниту едно скопско друштво, односно ниту еден ноќен клуб нема добиено лиценца за работа, а ова лето сме сведоци дека познатите ноќни забави и ноќен живот не постојат.

Проблемот со кој што се соочуваат ноќните клубови е што во дополнителната документацијата им се бара имотен лист кој што е приложен од сите страни, но од некои оправдани или неоправдани причини МВР не сака да издаде согласност која што ја добивале порано друштвата за да може лиценцата да ја издаде Министерството за економија. Бараме Владата во координација со министерствата да организира заедничка средба со сите чинители и учесници во креирањето на судбината на ноќниот живот во Скопје со цел да се изнајде начин и можност веднаш да се најде решени за моменталната ситуација, односно како да им се овозможи на друштвата кои што ги исполнуваат во целост условите за работа и добивање лиценца, истите да им се издадат - рече Зафировски на прес-конференцијата пред Министерството за економија.

Од НУК воедно бараат од Министерствто за економија кое е надлежно и одговорно за давање лиценци, итно да формира работна група или тело со кое ќе се изработат заеднички предлози за нови законски прописи за регулација на работата на ноќните клубови и нивно усогласување со европската регулатива со цел да се одржи нивото на ноќен живот како што доликува на еден главен град и метропола. Измените на законот по кој што фукционира овој сектор последен пат се направени во 2016 година, постоела иницијатива за 2019 но не се спровелаи заради ковидот.

Се надевам дека во кратка постапка ќе ги направиме сите усогласувања се со цел угостителите да можат да работат согласно законската регулатива без пречки проблеми и притисоци и од државните институции и инспекции - додава Јосифовски.

На новинарско прашање Јосифовски појасни дека друштвата закупуваат деловен простор од градот Скопје, а градот има обврска да ги впише сите работи што ги издава. Друштвата, вели, не се сопственици на имотни листови бидејќи користат времени објекти од ограничен карактер за условите согласно договорите, што значи дека друштвата не може на ниту еден начин да располагаат со сопствени имотни листови за парцели кои ги користат, а се имот на државата или на Градот скопје, каде ја вршат дејноста на отворено.

Надлежно за издавање лиценци е Министерството за економија, но проблемот појаснува, не го лоцираат во ова Министерство, туку во МВР кое треба да даде согласност дека се обезбедени безбедносни услови за одвивање на сообраќајот што, вели, не е обврска на друштвата туку на градот. Друштвата имаат право да побараат лиценца и да ги обезбедат законските обврски кои се бараат од нив.

Летните дискотеки кои работат сезонски, неполни три месеци, вели тој, плаќаат цела година закуп за просторот, а цената на закуп се движи од 2.500 до 10 илјади евра кои се уплаќаат авансно.

The post НУК бара да се реши проблемот со неиздавање лиценци на друштвата кои ги менаџираат ноќните клубови appeared first on Република.

]]>

Независна Угостителска Комора (НУК), денеска на прес – конференција упати барање до Владата, Министерството за економија и Министерството за внатрешни работи за решавање на моменталната ситуација со ненавременото издавање, односно неиздавање лиценци на друштвата кои ги менаџираат ноќните клубови, кабареа и летните дискотеки во Скопје. Според претседателот на НУК, Здравко Јосифовски и покрај сите уредно обезбедени документи и платени давачки согласно законската регулатива и согласно практиката во изминатите 30 години, оваа година ниту едно скопско друштво, односно ниту еден ноќен клуб нема добиено лиценца за работа, а ова лето сме сведоци дека познатите ноќни забави и ноќен живот не постојат.
Проблемот со кој што се соочуваат ноќните клубови е што во дополнителната документацијата им се бара имотен лист кој што е приложен од сите страни, но од некои оправдани или неоправдани причини МВР не сака да издаде согласност која што ја добивале порано друштвата за да може лиценцата да ја издаде Министерството за економија. Бараме Владата во координација со министерствата да организира заедничка средба со сите чинители и учесници во креирањето на судбината на ноќниот живот во Скопје со цел да се изнајде начин и можност веднаш да се најде решени за моменталната ситуација, односно како да им се овозможи на друштвата кои што ги исполнуваат во целост условите за работа и добивање лиценца, истите да им се издадат - рече Зафировски на прес-конференцијата пред Министерството за економија.
Од НУК воедно бараат од Министерствто за економија кое е надлежно и одговорно за давање лиценци, итно да формира работна група или тело со кое ќе се изработат заеднички предлози за нови законски прописи за регулација на работата на ноќните клубови и нивно усогласување со европската регулатива со цел да се одржи нивото на ноќен живот како што доликува на еден главен град и метропола. Измените на законот по кој што фукционира овој сектор последен пат се направени во 2016 година, постоела иницијатива за 2019 но не се спровелаи заради ковидот.
Се надевам дека во кратка постапка ќе ги направиме сите усогласувања се со цел угостителите да можат да работат согласно законската регулатива без пречки проблеми и притисоци и од државните институции и инспекции - додава Јосифовски.
На новинарско прашање Јосифовски појасни дека друштвата закупуваат деловен простор од градот Скопје, а градот има обврска да ги впише сите работи што ги издава. Друштвата, вели, не се сопственици на имотни листови бидејќи користат времени објекти од ограничен карактер за условите согласно договорите, што значи дека друштвата не може на ниту еден начин да располагаат со сопствени имотни листови за парцели кои ги користат, а се имот на државата или на Градот скопје, каде ја вршат дејноста на отворено. Надлежно за издавање лиценци е Министерството за економија, но проблемот појаснува, не го лоцираат во ова Министерство, туку во МВР кое треба да даде согласност дека се обезбедени безбедносни услови за одвивање на сообраќајот што, вели, не е обврска на друштвата туку на градот. Друштвата имаат право да побараат лиценца и да ги обезбедат законските обврски кои се бараат од нив. Летните дискотеки кои работат сезонски, неполни три месеци, вели тој, плаќаат цела година закуп за просторот, а цената на закуп се движи од 2.500 до 10 илјади евра кои се уплаќаат авансно.

The post НУК бара да се реши проблемот со неиздавање лиценци на друштвата кои ги менаџираат ноќните клубови appeared first on Република.

]]>
Превозници без лиценци масовно вршат превоз на патници во странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prevoznici-bez-licenci-masovno-vrshat-prevoz-na-patnici-vo-stranstvo/ Mon, 20 Jun 2022 13:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=517663

Полициски службеници од полициските станици за граничните премини „Табановце“, „Долно Блаце“ и „Пелинце“ вчера и завчера извршиле контрола на две патнички возила, еден автобус и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници, при што констатирале дека сите вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

При контрола на автобус со струшки регистарски ознаки на граничниот премин „Табановце“, управуван од Ш.Т. од селото Лабуништа, струшко и на минибус со струмички регистарски ознаки, управуван од В.С. од Струмица било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Исто така, на Граничен премин „Пелинце“, при контрола во патничко возило „форд галакси“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.П. од Куманово и на Граничен премин „Долно Блаце“, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(30) од Арачиново, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

The post Превозници без лиценци масовно вршат превоз на патници во странство appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од полициските станици за граничните премини „Табановце“, „Долно Блаце“ и „Пелинце“ вчера и завчера извршиле контрола на две патнички возила, еден автобус и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници, при што констатирале дека сите вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. При контрола на автобус со струшки регистарски ознаки на граничниот премин „Табановце“, управуван од Ш.Т. од селото Лабуништа, струшко и на минибус со струмички регистарски ознаки, управуван од В.С. од Струмица било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Исто така, на Граничен премин „Пелинце“, при контрола во патничко возило „форд галакси“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.П. од Куманово и на Граничен премин „Долно Блаце“, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(30) од Арачиново, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

The post Превозници без лиценци масовно вршат превоз на патници во странство appeared first on Република.

]]>
Фатени три комбиња кои без документи вршеле меѓународен превоз на патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-tri-kombinja-koi-bez-dokumenti-vrshele-megjunaroden-prevoz-na-patnici/ Wed, 26 Jan 2022 14:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=449843

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, денеска при извршена дополнителна контрола на три возила со кои се вршел превоз на патници, и тоа патничко возило „пежо боксер“, со швајцарски национални ознаки,управувано од Т.Г.(22) од с.Ново Село, патничко возило „пежо боксер“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(43) од Струмица и патничко возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Штип, и притоа било констатирано дека пријавените вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, соопштија од МВР.

Од страна на полициските службеници бил известен надлежен инспектор од Одделението за инспекциски надзор над патниот сообраќај при Државниот инспекторат за транспорт и врски за расчистување и санкционирање на случаите.

The post Фатени три комбиња кои без документи вршеле меѓународен превоз на патници appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, денеска при извршена дополнителна контрола на три возила со кои се вршел превоз на патници, и тоа патничко возило „пежо боксер“, со швајцарски национални ознаки,управувано од Т.Г.(22) од с.Ново Село, патничко возило „пежо боксер“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(43) од Струмица и патничко возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Штип, и притоа било констатирано дека пријавените вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, соопштија од МВР. Од страна на полициските службеници бил известен надлежен инспектор од Одделението за инспекциски надзор над патниот сообраќај при Државниот инспекторат за транспорт и врски за расчистување и санкционирање на случаите.

The post Фатени три комбиња кои без документи вршеле меѓународен превоз на патници appeared first on Република.

]]>
Четири комбиња од Струмица возеле надвор од Македонија без документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetiri-kombinja-od-strumica-vozele-nadvor-od-makedonija-bez-dokumenti/ Thu, 20 Jan 2022 13:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=447169

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, на 19/20 јануари при контрола при влез во државата на четири комбиња за меѓународен превоз на патници, и тоа две „форд“, едно „мерцедес“ и едно „фиат“, од кои три со струмички и едно со скопски регистарски ознаки, управувани од Т.В.(25), П.В.(50), Ч.Т.(28) и М.П.(33), сите од Струмица, констатирале дека возилата вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

МВР соопшти дека од страна на полициските службеници биле известени инспектори од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамки на Државниот инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски и се преземаат мерки за комплетно расчистувањ ена случаите.

The post Четири комбиња од Струмица возеле надвор од Македонија без документи appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, на 19/20 јануари при контрола при влез во државата на четири комбиња за меѓународен превоз на патници, и тоа две „форд“, едно „мерцедес“ и едно „фиат“, од кои три со струмички и едно со скопски регистарски ознаки, управувани од Т.В.(25), П.В.(50), Ч.Т.(28) и М.П.(33), сите од Струмица, констатирале дека возилата вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. МВР соопшти дека од страна на полициските службеници биле известени инспектори од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамки на Државниот инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски и се преземаат мерки за комплетно расчистувањ ена случаите.

The post Четири комбиња од Струмица возеле надвор од Македонија без документи appeared first on Република.

]]>
Откриен случај на вршење јавен превоз без лиценца https://arhiva3.republika.mk/vesti/otkrien-sluchaj-na-vrshenje-javen-prevoz-bez-licenca/ Tue, 04 Jan 2022 11:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=440404

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село денеска извршиле контрола во две товарни возила, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од с.Мала Речица, Тетовско, соопштија од МВР и посочија дека при контролата било утврдено дека возилата не поседуваат уредна документација, односно лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај се фалсификувани.

Од претставник на Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски возилата биле исклучени од сообраќај и им биле одземени сообраќајните дозволи. Додека, пак полициски службеници од СВР Струмица ги одзеле лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени пријави по член 284-а за „вршење на јавен превоз без лиценца” и по член 378 – „фалсификување исправа” од Кривичниот законик, информираат од МВР.

The post Откриен случај на вршење јавен превоз без лиценца appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село денеска извршиле контрола во две товарни возила, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од с.Мала Речица, Тетовско, соопштија од МВР и посочија дека при контролата било утврдено дека возилата не поседуваат уредна документација, односно лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај се фалсификувани. Од претставник на Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски возилата биле исклучени од сообраќај и им биле одземени сообраќајните дозволи. Додека, пак полициски службеници од СВР Струмица ги одзеле лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени пријави по член 284-а за „вршење на јавен превоз без лиценца” и по член 378 – „фалсификување исправа” од Кривичниот законик, информираат од МВР.

The post Откриен случај на вршење јавен превоз без лиценца appeared first on Република.

]]>