лиценца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/licenca/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 07:50:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лиценца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/licenca/ 32 32 Струмичка фирма и вработени во Финансии ќе одговараат за криминалии со лиценца за игри на среќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/strumichka-firma-i-vraboteni-vo-finansii-ke-odgovaraat-za-kriminalii-so-litsentsa-za-igri-na-sreka/ Thu, 10 Oct 2024 07:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=824971

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против седум лица за „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „несовесно работење во службата“.

Како што соопштуваат од МВР, поднесена е една кривична пријава против правно лице од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, против управителот во правното лице Д.Ј.(37) од Кавадарци, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против три лица од Скопје, Н.М.П.(40), О.С.С.(49), О.Н.(54), вработени во Министерството за финансии, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против Л.Т.(63) и М.С.(45), двете од Скопје, вработени во Министерство за финансии, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“  од Кривичниот законик.

Во соопштението се наведува дека во периодот од 13.07.2022 до 06.08.2024, пријавениот Д.Ј., на управител на правното лице, изготвил лажна исправа - Банкарска гаранција, наводно издадена од една банка. После тоа, банкарската гаранција ја приложил како вистинска во Министерството за финансии, во врска со добиената лиценца за приредување на игри на среќа, во која е предвидено дека приредувачот на игри на среќа за обезбедување на исплатата на добивките на учесниците во игрите на среќа, плаќање на јавните давачки утврдени со закон, како и за надоместоците и посебните давачки е должен да депонира депозит или да обезбеди банкарска гаранција и во рок од 15 дена од приемот на лиценцата, во истиот рок да го достави доказот за депонираниот депозит или банкарската гаранција до Министерството за финансии.

– Пријавената Н.М.П., во својство на советник за системот на осигурување, и покрај тоа што знаела дека барањето не е доставена во законски предвидениот рок, без да ја архивира со приемен печат и без да изврши контрола на соодветноста на банкарската гаранција, ја депонирала во предметот како вистинска. О.С.С., раководител на Одделение за игри на среќа и за забавните игри, без да ја провери соодветноста на доставената банкарска гаранција ја проследила без приемен печат до Л.Т., која во својство на раководител на Сектор за финансиски систем во Сектор за финансиски систем и потоа М.С. во својство на Државен советник за прашања од финансискиот систем, со пропуштање на должен надзор, го одобриле проследувањето на лажната банкарска гаранција до О.Н., државен советник за јавна внатрешна финансиска контрола, која била должна да изврши проверка на предметите кои се доставуваат во Сектор кабинет за потпис од Министерот за финансии, Заменик министерот за финансии и Државниот секретар, а кои се во надлежност на Секторот за финансиски систем, во делот на издавање на лиценците за приредување на игрите на среќа во обложувалница, автомат клуб, казино и томбола од затворен тип.

Со наведените дејствија пријавените лица предизвикале штета на државниот буџет во износ од 32.000 евра и му овозможиле на правниот субјект да ја користи добиената лиценца и да се стекне со противправна имотна корист од 13.489.952 денари. 

The post Струмичка фирма и вработени во Финансии ќе одговараат за криминалии со лиценца за игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против седум лица за „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „несовесно работење во службата“. Како што соопштуваат од МВР, поднесена е една кривична пријава против правно лице од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, против управителот во правното лице Д.Ј.(37) од Кавадарци, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против три лица од Скопје, Н.М.П.(40), О.С.С.(49), О.Н.(54), вработени во Министерството за финансии, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против Л.Т.(63) и М.С.(45), двете од Скопје, вработени во Министерство за финансии, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“  од Кривичниот законик. Во соопштението се наведува дека во периодот од 13.07.2022 до 06.08.2024, пријавениот Д.Ј., на управител на правното лице, изготвил лажна исправа - Банкарска гаранција, наводно издадена од една банка. После тоа, банкарската гаранција ја приложил како вистинска во Министерството за финансии, во врска со добиената лиценца за приредување на игри на среќа, во која е предвидено дека приредувачот на игри на среќа за обезбедување на исплатата на добивките на учесниците во игрите на среќа, плаќање на јавните давачки утврдени со закон, како и за надоместоците и посебните давачки е должен да депонира депозит или да обезбеди банкарска гаранција и во рок од 15 дена од приемот на лиценцата, во истиот рок да го достави доказот за депонираниот депозит или банкарската гаранција до Министерството за финансии. – Пријавената Н.М.П., во својство на советник за системот на осигурување, и покрај тоа што знаела дека барањето не е доставена во законски предвидениот рок, без да ја архивира со приемен печат и без да изврши контрола на соодветноста на банкарската гаранција, ја депонирала во предметот како вистинска. О.С.С., раководител на Одделение за игри на среќа и за забавните игри, без да ја провери соодветноста на доставената банкарска гаранција ја проследила без приемен печат до Л.Т., која во својство на раководител на Сектор за финансиски систем во Сектор за финансиски систем и потоа М.С. во својство на Државен советник за прашања од финансискиот систем, со пропуштање на должен надзор, го одобриле проследувањето на лажната банкарска гаранција до О.Н., државен советник за јавна внатрешна финансиска контрола, која била должна да изврши проверка на предметите кои се доставуваат во Сектор кабинет за потпис од Министерот за финансии, Заменик министерот за финансии и Државниот секретар, а кои се во надлежност на Секторот за финансиски систем, во делот на издавање на лиценците за приредување на игрите на среќа во обложувалница, автомат клуб, казино и томбола од затворен тип. Со наведените дејствија пријавените лица предизвикале штета на државниот буџет во износ од 32.000 евра и му овозможиле на правниот субјект да ја користи добиената лиценца и да се стекне со противправна имотна корист од 13.489.952 денари. 

The post Струмичка фирма и вработени во Финансии ќе одговараат за криминалии со лиценца за игри на среќа appeared first on Република.

]]>
Возач од Струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozach-od-strumichko-vrshel-javen-prevoz-na-patnitsi-bez-litsentsa/ Wed, 07 Aug 2024 14:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=804274

Полицијата денеска открила возило што врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган, управувано од возачот А.С. од струмичкото село Босилово, а во  сопственост на Н.Т..

Како што информира МВР, се работи за возило комби „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки кое било запрено денеска во 10.20 часот во близина на Граничен премин Табановце, во правец кон Куманово.

Контролата ја извршиле полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции.

За случајот бил  известен Државниот инспекторат за транспорт и врски кој, како што наведува МВР во соопштението, на возачот му издал записник за извршен инспекциски надзор, му ја одзел сообраќајната дозвола, издал решение за исклучување од сообраќај и прекршочен платен налог.

The post Возач од Струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца appeared first on Република.

]]>

Полицијата денеска открила возило што врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган, управувано од возачот А.С. од струмичкото село Босилово, а во  сопственост на Н.Т.. Како што информира МВР, се работи за возило комби „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки кое било запрено денеска во 10.20 часот во близина на Граничен премин Табановце, во правец кон Куманово. Контролата ја извршиле полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции. За случајот бил  известен Државниот инспекторат за транспорт и врски кој, како што наведува МВР во соопштението, на возачот му издал записник за извршен инспекциски надзор, му ја одзел сообраќајната дозвола, издал решение за исклучување од сообраќај и прекршочен платен налог.

The post Возач од Струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца appeared first on Република.

]]>
Со фалсификувана лиценца скопски автобус 20 пати преминал граница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-falsifikuvana-licenca-skopski-avtobus-20-pati-preminal-granica/ Mon, 05 Sep 2022 08:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=547557

Основното јавно обвинителство од Скопје денеска поднесе обвинение против 41-годишен скопјанец, управител на фирма од Рашче, поради тоа што во текот на 2021 година, со лажна лиценца за вршење на меѓународниот патен сообраќај, негов автобус преку возачи 20 пати ја преминал државна граница.

По спроведена опсежна претходна постапка и направените детални проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело – Фалсификување исправа, известуваат од ЈО.

Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, велат од ЈО.

Оттаму посочуваат дека со опишаните дејствија обвинетиот сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик, а правниот субјект сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст. 4 вв со ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик.

Прибраните докази во текот на претходната постапка, кои се однесуваат на постапувањето на царинските службеници на граничните премини задолжени за контрола на изводите од лиценци, Основното јавно обвинителство Скопје ќе ги достави на надлежно постапување на Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопштуваат од ЈО.

The post Со фалсификувана лиценца скопски автобус 20 пати преминал граница appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство од Скопје денеска поднесе обвинение против 41-годишен скопјанец, управител на фирма од Рашче, поради тоа што во текот на 2021 година, со лажна лиценца за вршење на меѓународниот патен сообраќај, негов автобус преку возачи 20 пати ја преминал државна граница.
По спроведена опсежна претходна постапка и направените детални проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело – Фалсификување исправа, известуваат од ЈО.
Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.
Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, велат од ЈО.
Оттаму посочуваат дека со опишаните дејствија обвинетиот сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик, а правниот субјект сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст. 4 вв со ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик.
Прибраните докази во текот на претходната постапка, кои се однесуваат на постапувањето на царинските службеници на граничните премини задолжени за контрола на изводите од лиценци, Основното јавно обвинителство Скопје ќе ги достави на надлежно постапување на Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопштуваат од ЈО.

The post Со фалсификувана лиценца скопски автобус 20 пати преминал граница appeared first on Република.

]]>
Одземена лиценцата за производство на топлинска енергија на БЕГ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/odzemena-licencata-za-proizvodstvo-na-toplinska-energija-na-beg/ Mon, 20 Jun 2022 11:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=517597

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за одземање на лиценцата за вршење енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата Балкан енерџи ДООЕЛ – БЕГ.

Денешната одлука, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, следува по претходно одржана подготвителна седница во врска со барањето на БЕГ за престанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност регулирано производство на топлинска енергија. БЕГ, нагласи, во петокот поднесе и барање за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки.

За денешната одлука согласно Законот за енергетика ја известивме Владата која сега треба да спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство на топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветна лиценца. Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Појасни дека БЕГ како клучни причини во барањето за престанок на важноста на лиценцата ги навела кредитна неспособност, нарушена ликвидност, правна несигурност во работењето поради многубројни судски постапки иницирани против компанијата, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства.

Очекувам навреме да заврши процедурата и да се избере нов вршител на дејноста и доколку има гас да нема никакви проблеми во снабдувањето на скопјани со топлинска енергија, рече Бислимоски и додаде дека снабдувањето со гас зависи од глобалните политики.

Земјава, според него освен руски има можност да набави и друг гас преку интерконекторот со Бугарија, бидејќи Бугарија е поврзана со Грција, а, како што кажа, вршителот на енергетска дејност за производство на топлина има и обврска да има алтернативно гориво за 15 дневно непречено снабдување со топлинска енергија, во случајов мазут. Препорача да се размисли мазутот да биде заменет со дизел, бидејќи помалку загадува и додаде дека за тоа ќе бидат потребни само мали адаптации на топланите. Во случај Русија да ја прекине испораката на гас за земјава и да не се најде алтернативен начин, како што рече, трансформаторите во некои скопски општини не се димензионирани да издржат поголемо оптоварување доколку граѓаните се префрлат на греење со електрична енергија.

The post Одземена лиценцата за производство на топлинска енергија на БЕГ appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за одземање на лиценцата за вршење енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата Балкан енерџи ДООЕЛ – БЕГ. Денешната одлука, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, следува по претходно одржана подготвителна седница во врска со барањето на БЕГ за престанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност регулирано производство на топлинска енергија. БЕГ, нагласи, во петокот поднесе и барање за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки.
За денешната одлука согласно Законот за енергетика ја известивме Владата која сега треба да спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство на топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветна лиценца. Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.
Појасни дека БЕГ како клучни причини во барањето за престанок на важноста на лиценцата ги навела кредитна неспособност, нарушена ликвидност, правна несигурност во работењето поради многубројни судски постапки иницирани против компанијата, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства.
Очекувам навреме да заврши процедурата и да се избере нов вршител на дејноста и доколку има гас да нема никакви проблеми во снабдувањето на скопјани со топлинска енергија, рече Бислимоски и додаде дека снабдувањето со гас зависи од глобалните политики.
Земјава, според него освен руски има можност да набави и друг гас преку интерконекторот со Бугарија, бидејќи Бугарија е поврзана со Грција, а, како што кажа, вршителот на енергетска дејност за производство на топлина има и обврска да има алтернативно гориво за 15 дневно непречено снабдување со топлинска енергија, во случајов мазут. Препорача да се размисли мазутот да биде заменет со дизел, бидејќи помалку загадува и додаде дека за тоа ќе бидат потребни само мали адаптации на топланите. Во случај Русија да ја прекине испораката на гас за земјава и да не се најде алтернативен начин, како што рече, трансформаторите во некои скопски општини не се димензионирани да издржат поголемо оптоварување доколку граѓаните се префрлат на греење со електрична енергија.

The post Одземена лиценцата за производство на топлинска енергија на БЕГ appeared first on Република.

]]>
Два автобуса и пет возила фатени без лиценци на Табановце https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dva-avtobusa-i-pet-vozila-fateni-bez-licenci-na-tabanovce/ Mon, 13 Jun 2022 13:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=514585

При извршените полициски контроли кај осум патнички возила и на два автобуса кои вршеле меѓународен превоз на патници на граничниот премин Табановце од петокот до неделата, кај автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.С. (45) од Струга и Р.Ш. (68) од с. Долна Бањица, Гостиварско, и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Б. (37) од с. Јанче, Општина Маврово и Ростуше, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Исто така, при контрола во патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С. (50) од Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д. (42) од општина Липково, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б. (38) од с. Ропаљце, општина Липково, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.А. (29) од с. Мокриево, општина Ново Село и патничко возило „форд галакси“ со бугарска национална ознака, управувано од Д.Л. (30) од Свети Николе, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

При контрола во три патнички возила, двете со струмички регистарски ознаки, управувани од Ж.Ј. (37) од Струмица и од А.В. (31) од с. Василево, струмичко, и едното со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т. (29) од Радовиш било констатирано дека имале поголема количина на багаж од предвидената.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

The post Два автобуса и пет возила фатени без лиценци на Табановце appeared first on Република.

]]>

При извршените полициски контроли кај осум патнички возила и на два автобуса кои вршеле меѓународен превоз на патници на граничниот премин Табановце од петокот до неделата, кај автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.С. (45) од Струга и Р.Ш. (68) од с. Долна Бањица, Гостиварско, и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Б. (37) од с. Јанче, Општина Маврово и Ростуше, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Исто така, при контрола во патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С. (50) од Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д. (42) од општина Липково, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б. (38) од с. Ропаљце, општина Липково, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.А. (29) од с. Мокриево, општина Ново Село и патничко возило „форд галакси“ со бугарска национална ознака, управувано од Д.Л. (30) од Свети Николе, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. При контрола во три патнички возила, двете со струмички регистарски ознаки, управувани од Ж.Ј. (37) од Струмица и од А.В. (31) од с. Василево, струмичко, и едното со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т. (29) од Радовиш било констатирано дека имале поголема количина на багаж од предвидената. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

The post Два автобуса и пет возила фатени без лиценци на Табановце appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: РКЕ е во постапка за одземање на лиценците на БЕГ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-rke-e-vo-postapka-za-odzemanje-na-licencite-na-beg/ Mon, 13 Jun 2022 11:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=514498

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, информира денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Тоа значи дека во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност. За одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните, ниту, пак, индустријата нема да плаќаат ниту еден денар - рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ на која беше презентиран калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија што од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk преку кој граѓаните може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.

Најави дека сите постапки ќе бидат завршени на време, а до нивното завршување, како што кажа, постојниот вршител на енергетската дејност е должен да ја врши дејноста.

Мое мислење и препорака до Владата е конечно во овој сектор да се укинат трите дејности производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, како што е насекаде во регионот. Треба да има една лиценца за топлинска енергија како во поголемите градови во соседството. Сметам дека Владата или други јавни претпријатија треба да го преземат вршењето на оваа дејност- рече Бислимоски.

Прецизира дека Согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер за вршење на соодветна регулирана енергетска дејност. Откога ќе се распише тнедерот ќе се избере нов вршител на енергетска дејност и тој ќе продолжи да ја врши дејноста како што ја вршел претходниот.

До наименувањето на новиот вршител на енергетска дејност, постојните компании на БЕГ се обврзани да ја вршат дејноста. Сигурен сум дека се ќе заврши пред почетокот на грејната сезона. Не можам да кажам колку ќе трае тендерот, но верувам дека од октомври БЕГ нема повеќе да ги грее скопјани - потенцира Бислимоски

The post Бислимоски: РКЕ е во постапка за одземање на лиценците на БЕГ appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, информира денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Тоа значи дека во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност. За одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните, ниту, пак, индустријата нема да плаќаат ниту еден денар - рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ на која беше презентиран калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија што од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk преку кој граѓаните може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја. Најави дека сите постапки ќе бидат завршени на време, а до нивното завршување, како што кажа, постојниот вршител на енергетската дејност е должен да ја врши дејноста.
Мое мислење и препорака до Владата е конечно во овој сектор да се укинат трите дејности производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, како што е насекаде во регионот. Треба да има една лиценца за топлинска енергија како во поголемите градови во соседството. Сметам дека Владата или други јавни претпријатија треба да го преземат вршењето на оваа дејност- рече Бислимоски.
Прецизира дека Согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер за вршење на соодветна регулирана енергетска дејност. Откога ќе се распише тнедерот ќе се избере нов вршител на енергетска дејност и тој ќе продолжи да ја врши дејноста како што ја вршел претходниот.
До наименувањето на новиот вршител на енергетска дејност, постојните компании на БЕГ се обврзани да ја вршат дејноста. Сигурен сум дека се ќе заврши пред почетокот на грејната сезона. Не можам да кажам колку ќе трае тендерот, но верувам дека од октомври БЕГ нема повеќе да ги грее скопјани - потенцира Бислимоски

The post Бислимоски: РКЕ е во постапка за одземање на лиценците на БЕГ appeared first on Република.

]]>
Aвтобус возел на релација Струга-Дебар без лиценца https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtobus-vozel-na-relacija-struga-debar-bez-licenca/ Fri, 13 May 2022 17:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=501992

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(19) од с.Подгорци, струшко и против правно лице со седиште во с.Подгорци,  сопственост на првопријавениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 25.02.2022 на регионален пат Струга–Дебар, при контрола на автобус било констатирано дека пријавениот го управувал автобусот со измината дозвола – лиценца.

The post Aвтобус возел на релација Струга-Дебар без лиценца appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(19) од с.Подгорци, струшко и против правно лице со седиште во с.Подгорци,  сопственост на првопријавениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 25.02.2022 на регионален пат Струга–Дебар, при контрола на автобус било констатирано дека пријавениот го управувал автобусот со измината дозвола – лиценца.

The post Aвтобус возел на релација Струга-Дебар без лиценца appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Управителот и сопствениците на „Привилиџ“ ќе одговараат согласно законските одредби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-upravitelot-i-sopstvenicite-na-privilidz-kje-odgovaraat-soglasno-zakonskite-odredbi/ Wed, 13 Apr 2022 19:34:24 +0000 https://republika.mk/?p=488093

Управителот и сопствениците на „Привилиџ“ ќе одговараат согласно законските одредби, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ за ноќниот клуб кој работел без лиценца, а пред кој се случи убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Ноќниот клуб во Градскиот парк во Скопје веќе имал забрана за работа која не ја почитувал, а по убиството на ракометарот пред оваа дискотека, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) повторно отиде на терен и го затвори.

Во однос на локалот кој немал лиценца за вршење на одредена дејност, во овој случај на ноќен клуб, ние отворено и транспарентно кажавме дека ова не е обврска на Министерството за економија, не е ни на Владата, тоа е на инспекторатите. Колку што сум информиран од страна на ДПИ тие веќе направиле контрола и веќе е затворен. И претходно иако имал забрана за вршење на дејност тие работеле и согласно тоа ќе одговараат согласно законите во нашата државата. Ние секако дека како институција како Министерство за економија кое води регистар за давање лиценци за ноќни клубови во Секторот за туризам од вчера веќе ја известивме и МВР и јавноста дека тој локал не поседува лиценца и сега надлежните институции треба да постапат согласно законските одредби, рече Бектеши.

Тој повика институциите, како што е обвинителството, понатаму што побргу да ја завршат работата.

 

The post Бектеши: Управителот и сопствениците на „Привилиџ“ ќе одговараат согласно законските одредби appeared first on Република.

]]>

Управителот и сопствениците на „Привилиџ“ ќе одговараат согласно законските одредби, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ за ноќниот клуб кој работел без лиценца, а пред кој се случи убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Ноќниот клуб во Градскиот парк во Скопје веќе имал забрана за работа која не ја почитувал, а по убиството на ракометарот пред оваа дискотека, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) повторно отиде на терен и го затвори.
Во однос на локалот кој немал лиценца за вршење на одредена дејност, во овој случај на ноќен клуб, ние отворено и транспарентно кажавме дека ова не е обврска на Министерството за економија, не е ни на Владата, тоа е на инспекторатите. Колку што сум информиран од страна на ДПИ тие веќе направиле контрола и веќе е затворен. И претходно иако имал забрана за вршење на дејност тие работеле и согласно тоа ќе одговараат согласно законите во нашата државата. Ние секако дека како институција како Министерство за економија кое води регистар за давање лиценци за ноќни клубови во Секторот за туризам од вчера веќе ја известивме и МВР и јавноста дека тој локал не поседува лиценца и сега надлежните институции треба да постапат согласно законските одредби, рече Бектеши.
Тој повика институциите, како што е обвинителството, понатаму што побргу да ја завршат работата.  

The post Бектеши: Управителот и сопствениците на „Привилиџ“ ќе одговараат согласно законските одредби appeared first on Република.

]]>
Скопјани нема да останат без греење https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/skopjani-nema-da-ostanat-bez-greenje/ Fri, 14 Jan 2022 15:09:33 +0000 https://republika.mk/?p=444661

Граѓаните на Скопје утре ќе имаат парно, лиценцата на компанијата Балкан Енерџи нема да биде одземена, тврдат владини извори за Алсат.

Деталите Владата ќе ги соопшти по 19 часот. Од БЕГ за Алсат велат дека траат преговорите во Владата. Според нив, не станува збор за одземање на лиценцата, бидејќи се повикале на Законот за кризи, според кој, државата е должна да обезбеди топлинска енергија во време на криза.

БЕГ се повикува на член 33 од Законот за кризи за да ѝ даде на Владата на РСМ легална можност да обезбеди финансирање за потрошувачите на топлинска енергија. Ова не подразбира одземање на лиценците. Сè уште се во тек преговори помеѓу БЕГ и Владата“, велат од Балкан Енерџи Груп.

Во овој член според Законот за кризи, стои дека во случај на кризи може да се употребуваат ресурсите на државата за надминување на кризата.

                                                  Закон за кризи, Член 33

„Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, во согласност со закон“.

БЕГ се повикува на официјално прогласената кризна состојба во енергетиката во земјава. Владата во изминативе денови понуди БЕГ да даде банкарска гаранција за да може преку Развојната банка да добие кредит од 8 милиони евра. Втора опција е на сметката да ѝ бидат префрлени 6 милиони евра за граѓаните да добиваат сметки со стара цена. Двете понуди БЕГ ги одби.

The post Скопјани нема да останат без греење appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Скопје утре ќе имаат парно, лиценцата на компанијата Балкан Енерџи нема да биде одземена, тврдат владини извори за Алсат. Деталите Владата ќе ги соопшти по 19 часот. Од БЕГ за Алсат велат дека траат преговорите во Владата. Според нив, не станува збор за одземање на лиценцата, бидејќи се повикале на Законот за кризи, според кој, државата е должна да обезбеди топлинска енергија во време на криза.
БЕГ се повикува на член 33 од Законот за кризи за да ѝ даде на Владата на РСМ легална можност да обезбеди финансирање за потрошувачите на топлинска енергија. Ова не подразбира одземање на лиценците. Сè уште се во тек преговори помеѓу БЕГ и Владата“, велат од Балкан Енерџи Груп.
Во овој член според Законот за кризи, стои дека во случај на кризи може да се употребуваат ресурсите на државата за надминување на кризата.                                                   Закон за кризи, Член 33 „Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, во согласност со закон“. БЕГ се повикува на официјално прогласената кризна состојба во енергетиката во земјава. Владата во изминативе денови понуди БЕГ да даде банкарска гаранција за да може преку Развојната банка да добие кредит од 8 милиони евра. Втора опција е на сметката да ѝ бидат префрлени 6 милиони евра за граѓаните да добиваат сметки со стара цена. Двете понуди БЕГ ги одби.

The post Скопјани нема да останат без греење appeared first on Република.

]]>
Одземена лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/odzemena-licencata-za-rabota-na-prevoznikot-boga-trans-od-skopje/ Thu, 13 Jan 2022 11:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=444105

По барање на Државниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и врски донесе решение за одземање на лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје со кое привремено му се забранува вршење на дејност на превозникот, со што му се одземаат лиценците за внатрешен и за меѓународен превоз на патници, како и изводите од лиценци.

Превозникот, како што информираат од Министерството, е должен лиценците и изводите од лиценците да ги достави до Министерството за транспорт и врски.

Од Министерството појаснуваат дека превозникот „Бога Транс“ поседувал лиценца за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници, како и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Исто така, превозникот поседувал и важечки изводи од лиценци за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и изводи од лиценци за вршење на меѓународен слободен превоз на патници.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт е извршен вонреден инспекциски надзор на 21.12.2021 година, за што надлежниот инспектор констатирал дека и покрај тоа што превозникот поседувал важечки лиценци, возачот не поседувал валиден сертификат за вршење на дејност во меѓународен сообраќај. Со тоа, утврдени се неправилности во работењето на правниот субјект, односно работел спротивно на Законот за превоз во патниот сообраќај, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Согласно член 8 став 1 точка 3 од Законот за превоз во патниот сообраќај, прецизираат од Министерството, домашно правно или физичко лице може да добие лиценца ако исполнува одредени критериуми, меѓу кои да има вработено во работен однос минимум еден возач по моторно возило.

Бидејќи превозникот „Бога Транс“ во моментот на инспекцискиот надзор не ја запазил оваа одредба од Законот, Министерството за транспорт и врски по барање на Државниот инспекторат за транспорт, донесе Решение за привремено запирање на вршење на дејност, се вели во соопштението и се додава дека Министерството за транспорт и врски согласно своите надлежности ќе продолжи да постапува согласно законските прописи за сите физички и правни лица кои работат спротивно на законот.

The post Одземена лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје appeared first on Република.

]]>

По барање на Државниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и врски донесе решение за одземање на лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје со кое привремено му се забранува вршење на дејност на превозникот, со што му се одземаат лиценците за внатрешен и за меѓународен превоз на патници, како и изводите од лиценци. Превозникот, како што информираат од Министерството, е должен лиценците и изводите од лиценците да ги достави до Министерството за транспорт и врски. Од Министерството појаснуваат дека превозникот „Бога Транс“ поседувал лиценца за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници, како и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Исто така, превозникот поседувал и важечки изводи од лиценци за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и изводи од лиценци за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт е извршен вонреден инспекциски надзор на 21.12.2021 година, за што надлежниот инспектор констатирал дека и покрај тоа што превозникот поседувал важечки лиценци, возачот не поседувал валиден сертификат за вршење на дејност во меѓународен сообраќај. Со тоа, утврдени се неправилности во работењето на правниот субјект, односно работел спротивно на Законот за превоз во патниот сообраќај, соопшти Министерството за транспорт и врски. Согласно член 8 став 1 точка 3 од Законот за превоз во патниот сообраќај, прецизираат од Министерството, домашно правно или физичко лице може да добие лиценца ако исполнува одредени критериуми, меѓу кои да има вработено во работен однос минимум еден возач по моторно возило. Бидејќи превозникот „Бога Транс“ во моментот на инспекцискиот надзор не ја запазил оваа одредба од Законот, Министерството за транспорт и врски по барање на Државниот инспекторат за транспорт, донесе Решение за привремено запирање на вршење на дејност, се вели во соопштението и се додава дека Министерството за транспорт и врски согласно своите надлежности ќе продолжи да постапува согласно законските прописи за сите физички и правни лица кои работат спротивно на законот.

The post Одземена лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје appeared first on Република.

]]>
Бектеши се пофали на Фејсбук: По скоро два месеци одземена лиценцата на „Беса травел“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-se-pofali-na-fejsbuk-po-skoro-dva-meseci-odzemena-licencata-na-besa-travel/ Wed, 12 Jan 2022 19:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=443910

Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса Травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил.

По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај – Скопје, подружница БЕСА ТРАВЕЛ со адреса улица Стив Наумов број 2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно не работи. Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по наше барање, има доставено известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор па како министер за економија донесов решение за одземање на лиценцата

Ги повикуваме сите граѓани кои ќе патуваат да проверат со кои туристички агенции патувааат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија, напиша Бектеши.

The post Бектеши се пофали на Фејсбук: По скоро два месеци одземена лиценцата на „Беса травел“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса Травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил.
По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај – Скопје, подружница БЕСА ТРАВЕЛ со адреса улица Стив Наумов број 2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно не работи. Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по наше барање, има доставено известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор па како министер за економија донесов решение за одземање на лиценцата Ги повикуваме сите граѓани кои ќе патуваат да проверат со кои туристички агенции патувааат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија, напиша Бектеши.

The post Бектеши се пофали на Фејсбук: По скоро два месеци одземена лиценцата на „Беса травел“ appeared first on Република.

]]>
Бектеши: БЕГ има законска обврска да обезбедува парно греење, ако не го прави тоа ќе ја загуби лиценцата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-beg-ima-zakonska-obvrska-da-obezbeduva-parno-greenje-ako-ne-go-pravi-toa-kje-ja-zagubi-licencata/ Mon, 10 Jan 2022 20:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=442826

Не само што треба да најдат начин за снабдување, туку БЕГ има и обврска за тоа согласно Законот за енергетика. Носителите на лиценците не може да престанат да ја исполнуваат обврската за испорачување на јавна услуга, ова вечерва го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека доколку тие прекинат да снабдуваат топлинска енергија, без претходно информирање на Регулаторната комисија за енергетика дека имаат проблем, РКЕ има право и да им ја одземе лиценцата.

-Согласно законот, тие се обврзани и да имаат количини за снабдување со топлинска енергија со алтернативно гориво во период од 15 дена, рече Бектеши.

Тој додаде дека проблемот со снабдувањето со топлинска енергија во делот на Скопје-Север, треба да биде решен преку општината Чаир или други институции со интервенција од 20 милиони денари.

Министерот Бектеши нагласи дека Скопје и општините имаат и законска обврска да помогнат на граѓаните за поскапувањето на парното.

-Ние ги повикавме Град Скопје и општините во градот да се вклучат со креирање мерки за да излезат во пресрет на граѓаните. Град Скопје и општините треба да се вклучат со различни програми за дикретно да им помогнат на граѓаните, но и да го ублажи притосокот со ликвидноста што го имаат компаниите што снабдуваат топлинска енергија во градот, рече Бектеши.

Тој додаде дека централната власт ќе им помогне на Град Скопје и општините за префрлање на средства до локалните самоуправи за обезбедување природен гас за греење на јавните институции.

-Информирани сме како Влада и Министерство за економија за ситуацијата во Општина Чаир. Известена е Регулаторната комисија за енергетика дека во делот на јавните институции, преземеаме одговорност за по пазарна цена на природен гас да се снабдуваат градинките, школите, зградите на општините и слично, кажа Бектеши.

Тој додаде дека БЕГ нема проблеми со количините на природен гас, кои се обезбедении уште еднаш побара од општинтие и управата на Град Скопје да се донесат мерки со кои дополнително ќе им се олесни ситуацијата на граѓаните, по одлуката на РКЕ за зголемување на цената на парното.

Во Законот за енергетика се наведува дека заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве енергетски дејности: производство на топлинска енергија, дистрибуција на топлинска енергија и снабдување со топлинска енергија.

Бектеши праша зошто градоначалничката на Град Скопје Арсовска и Советот на Град Скопје не предвидоа ни денар во буџетот во енергетската криза за 2022 година. – Владата и Министерството за економија го повикаа Град Скопје во нивниот буџет за 2022 година да одделат средства за ублажување на притисокот од енергетската криза врз граѓаните. Тоа е покажување грижа за граѓаните и тоа требало да го има предвид Град Скопје, рече Бектеши во дебатата.

Тој посочи дека плановите за енергетската криза почнале уште во август минатата година, кога и се доставуваа кандидатурите за локалните избори. -Секој што се кандидира за менаџирање на одредена општина, треба да ја знае ситуацијата и што ќе го очекува по стапувањето на функција.

Кандидатурите за локалните избори се доставуваа до крај на август, кога веќе се знаеше дека ќе имаме енергетска криза. Тогаш требаше да направите план за како ќе ја менаџирате кризата, изјави Бектеши. Тој додаде дека Град Скопје може да побара пренамена на наменските средства кои владата ѝ ги има исплатено на локалната самоуправа со цел справување со енергетската криза.

Според градоначалничката Арсовска, Градот како и останатите општини немаат никакви ингеренции, а се обременети со оваа ситуација.

The post Бектеши: БЕГ има законска обврска да обезбедува парно греење, ако не го прави тоа ќе ја загуби лиценцата appeared first on Република.

]]>

Не само што треба да најдат начин за снабдување, туку БЕГ има и обврска за тоа согласно Законот за енергетика. Носителите на лиценците не може да престанат да ја исполнуваат обврската за испорачување на јавна услуга, ова вечерва го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма. Тој додаде дека доколку тие прекинат да снабдуваат топлинска енергија, без претходно информирање на Регулаторната комисија за енергетика дека имаат проблем, РКЕ има право и да им ја одземе лиценцата. -Согласно законот, тие се обврзани и да имаат количини за снабдување со топлинска енергија со алтернативно гориво во период од 15 дена, рече Бектеши. Тој додаде дека проблемот со снабдувањето со топлинска енергија во делот на Скопје-Север, треба да биде решен преку општината Чаир или други институции со интервенција од 20 милиони денари. Министерот Бектеши нагласи дека Скопје и општините имаат и законска обврска да помогнат на граѓаните за поскапувањето на парното. -Ние ги повикавме Град Скопје и општините во градот да се вклучат со креирање мерки за да излезат во пресрет на граѓаните. Град Скопје и општините треба да се вклучат со различни програми за дикретно да им помогнат на граѓаните, но и да го ублажи притосокот со ликвидноста што го имаат компаниите што снабдуваат топлинска енергија во градот, рече Бектеши. Тој додаде дека централната власт ќе им помогне на Град Скопје и општините за префрлање на средства до локалните самоуправи за обезбедување природен гас за греење на јавните институции. -Информирани сме како Влада и Министерство за економија за ситуацијата во Општина Чаир. Известена е Регулаторната комисија за енергетика дека во делот на јавните институции, преземеаме одговорност за по пазарна цена на природен гас да се снабдуваат градинките, школите, зградите на општините и слично, кажа Бектеши. Тој додаде дека БЕГ нема проблеми со количините на природен гас, кои се обезбедении уште еднаш побара од општинтие и управата на Град Скопје да се донесат мерки со кои дополнително ќе им се олесни ситуацијата на граѓаните, по одлуката на РКЕ за зголемување на цената на парното. Во Законот за енергетика се наведува дека заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве енергетски дејности: производство на топлинска енергија, дистрибуција на топлинска енергија и снабдување со топлинска енергија. Бектеши праша зошто градоначалничката на Град Скопје Арсовска и Советот на Град Скопје не предвидоа ни денар во буџетот во енергетската криза за 2022 година. – Владата и Министерството за економија го повикаа Град Скопје во нивниот буџет за 2022 година да одделат средства за ублажување на притисокот од енергетската криза врз граѓаните. Тоа е покажување грижа за граѓаните и тоа требало да го има предвид Град Скопје, рече Бектеши во дебатата. Тој посочи дека плановите за енергетската криза почнале уште во август минатата година, кога и се доставуваа кандидатурите за локалните избори. -Секој што се кандидира за менаџирање на одредена општина, треба да ја знае ситуацијата и што ќе го очекува по стапувањето на функција. Кандидатурите за локалните избори се доставуваа до крај на август, кога веќе се знаеше дека ќе имаме енергетска криза. Тогаш требаше да направите план за како ќе ја менаџирате кризата, изјави Бектеши. Тој додаде дека Град Скопје може да побара пренамена на наменските средства кои владата ѝ ги има исплатено на локалната самоуправа со цел справување со енергетската криза. Според градоначалничката Арсовска, Градот како и останатите општини немаат никакви ингеренции, а се обременети со оваа ситуација.

The post Бектеши: БЕГ има законска обврска да обезбедува парно греење, ако не го прави тоа ќе ја загуби лиценцата appeared first on Република.

]]>