Либан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/liban/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 20:57:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Либан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/liban/ 32 32 Гутереш: Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах е „прва трошка надеж“ во конфликтот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-prekinot-na-ognot-megu-izrael-i-hezbolah-e-prva-troshka-nadezh-vo-konfliktot/ Wed, 27 Nov 2024 21:06:03 +0000 https://republika.mk/?p=842522

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах претставува „првата трошка надеж“ во регионалниот конфликт по неколкумесечна ескалација.

Гутереш на прес-конференција во Лисабон по разговорите со португалскиот премиер Луис Монтенегро, порача дека исто така е неопходно Израел и Хезболах да бидат целосно посветени на почитување на прекинот на огнот.

Генералниот секретар на ОН повика и на итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Примирјето меѓу Израел и Хезболах стапи во сила утринава во 4 часот по локално време, со што завршија речиси 14-месечните борби кои започнаа откако палестинската милитантна група Хамас изврши терористички напад во јужниот дел на Израел во октомври минатата година.

The post Гутереш: Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах е „прва трошка надеж“ во конфликтот appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах претставува „првата трошка надеж“ во регионалниот конфликт по неколкумесечна ескалација. Гутереш на прес-конференција во Лисабон по разговорите со португалскиот премиер Луис Монтенегро, порача дека исто така е неопходно Израел и Хезболах да бидат целосно посветени на почитување на прекинот на огнот. Генералниот секретар на ОН повика и на итен прекин на огнот во Појасот Газа. Примирјето меѓу Израел и Хезболах стапи во сила утринава во 4 часот по локално време, со што завршија речиси 14-месечните борби кои започнаа откако палестинската милитантна група Хамас изврши терористички напад во јужниот дел на Израел во октомври минатата година.

The post Гутереш: Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах е „прва трошка надеж“ во конфликтот appeared first on Република.

]]>
Хезболах ќе соработува со либанската влада во распоредувањето војска на границата со Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hezbolah-ke-sorabotuva-so-libanskata-vlada-vo-rasporeduvaneto-vojska-na-granitsata-so-izrael/ Wed, 27 Nov 2024 17:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=842440

Либанското шиитско движење Хезболах ќе соработува со либанската влада во распоредувањето на војската во јужните региони на Либан, кои се блиску до границата со Израел, изјави пратеник на движењето, цитиран од француските медиуми.

Хезболах уверува дека нема „видливо оружје“ или „бази“ во овие области.

Пратеникот Хасан Фадлала изјави дека Хезболах целосно соработува со државата за распоредување на засилувања на либанската армија во јужен Либан.

Нема да има никаков проблем, истакна Фадлала, нагласувајќи дека Отпорот нема бази и видливо оружје во регионот бидејќи „овој Отпор (. . .) не е редовна армија“.

Во текот на денот либанската армија соопшти дека го зголемува своето присуство во јужен Либан.

The post Хезболах ќе соработува со либанската влада во распоредувањето војска на границата со Израел appeared first on Република.

]]>

Либанското шиитско движење Хезболах ќе соработува со либанската влада во распоредувањето на војската во јужните региони на Либан, кои се блиску до границата со Израел, изјави пратеник на движењето, цитиран од француските медиуми. Хезболах уверува дека нема „видливо оружје“ или „бази“ во овие области. Пратеникот Хасан Фадлала изјави дека Хезболах целосно соработува со државата за распоредување на засилувања на либанската армија во јужен Либан.
Нема да има никаков проблем, истакна Фадлала, нагласувајќи дека Отпорот нема бази и видливо оружје во регионот бидејќи „овој Отпор (. . .) не е редовна армија“.
Во текот на денот либанската армија соопшти дека го зголемува своето присуство во јужен Либан.

The post Хезболах ќе соработува со либанската влада во распоредувањето војска на границата со Израел appeared first on Република.

]]>
Меѓународни реакции на примирјето во Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/megunarodni-reaktsii-na-primirjeto-vo-liban/ Wed, 27 Nov 2024 16:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=842431

Либанскиот премиер, Наџиб Микати ијави дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах е „фундаментален чекор“ кон регионалната стабилност. Заблагодарувајќи им се на Париз и Вашингтон за нивниот ангажман, Микати истакна дека либанската влада е посветена на „зајакнување на присуството на армијата на југот на земјата“, упориштето на движењето Хезболах.

Палестинските власти денеска го поздравија примирјето меѓу Израел и Хезболах и изразија надеж дека тоа „ќе помогне да се запре насилството и нестабилноста“ во регионот.

Техеран го поздрави „запирањето на израелската агресија“ во Либан, каде Иран финансиски и воено го поддржува Хезболах.

Иран цврсто ја поддржува владата, нацијата и либанскиот отпор“, изјави иранскиот дипломатски портпарол Есмаил Багај.

Ирачкото Министерство за надворешни работи го поздрави прекинот на огнот во Либан, повикувајќи на дополнителни меѓународни напори за да се избегне каква било понатамошна ескалација.

Меѓународната заедница, исто така, мора да преземе сериозни и итни мерки за да ги запре масакрите и нападите врз Палестинците во Газа, додаде Министерството.

Саудиска Арабија ги поздрави „сите меѓународни напори“ за прекин на огнот, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи.

Влијателната монархија на Заливот порача дека се надева оти прекинот на огнот ќе доведе до „зачувување на суверенитетот“ на Либан и спроведување на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН.

Јорданското Министерство за надворешни работи денеска го поздрави „важниот чекор“.

Тој чекор „мора да биде придружен со меѓународни напори насочени кон ставање крај на агресијата врз Појасот Газа, како и израелските напади на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Катар „го поздравува прекинот на огнот склучен во Либан“.

Како што се наведува во соопштението, Министерството додаде дека се надева на „сличен договор за ставање крај на тековната војна во Појасот Газа и израелските напади на окупираниот Западен Брег“.

Турското Министерство за надворешни работи „го поздрави позитивниот исход од преговорите за прекин на огнот во Либан и се надева дека тој ќе биде постојан“.

Меѓународната заедница треба да изврши притисок врз Израел строго да го почитува прекинот на огнот и да ја компензира штетата што ја предизвика во Либан, додаде тој.

Пекинг соопшти дека го „поздравува“ прекинот на огнот во Либан меѓу Израел и Хезболах.

Ги поддржуваме сите напори за намалување на тензиите и постигнување мир и го поздравуваме договорот за прекин на огнот постигнат од релевантните страни, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок оцени дека договорот е „трошка надеж за целиот регион“.

Населението од двете страни на границата сака да живее во вистинска безбедност што трае, рече Бербок.

Прекинот на огнот „ќе донесе одредено олеснување за цивилното население на Либан и северен Израел, кои претрпеа незамисливи последици во последните месеци од разорниот конфликт“, рече британскиот премиер, Кир Стармер.

Тој додаде дека прекинот на огнот „сега мора да се трансформира во трајно политичко решение во Либан“.

The post Меѓународни реакции на примирјето во Либан appeared first on Република.

]]>

Либанскиот премиер, Наџиб Микати ијави дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах е „фундаментален чекор“ кон регионалната стабилност. Заблагодарувајќи им се на Париз и Вашингтон за нивниот ангажман, Микати истакна дека либанската влада е посветена на „зајакнување на присуството на армијата на југот на земјата“, упориштето на движењето Хезболах. Палестинските власти денеска го поздравија примирјето меѓу Израел и Хезболах и изразија надеж дека тоа „ќе помогне да се запре насилството и нестабилноста“ во регионот. Техеран го поздрави „запирањето на израелската агресија“ во Либан, каде Иран финансиски и воено го поддржува Хезболах.
Иран цврсто ја поддржува владата, нацијата и либанскиот отпор“, изјави иранскиот дипломатски портпарол Есмаил Багај.
Ирачкото Министерство за надворешни работи го поздрави прекинот на огнот во Либан, повикувајќи на дополнителни меѓународни напори за да се избегне каква било понатамошна ескалација.
Меѓународната заедница, исто така, мора да преземе сериозни и итни мерки за да ги запре масакрите и нападите врз Палестинците во Газа, додаде Министерството.
Саудиска Арабија ги поздрави „сите меѓународни напори“ за прекин на огнот, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи. Влијателната монархија на Заливот порача дека се надева оти прекинот на огнот ќе доведе до „зачувување на суверенитетот“ на Либан и спроведување на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН. Јорданското Министерство за надворешни работи денеска го поздрави „важниот чекор“.
Тој чекор „мора да биде придружен со меѓународни напори насочени кон ставање крај на агресијата врз Појасот Газа, како и израелските напади на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението.
Министерството за надворешни работи на Катар „го поздравува прекинот на огнот склучен во Либан“. Како што се наведува во соопштението, Министерството додаде дека се надева на „сличен договор за ставање крај на тековната војна во Појасот Газа и израелските напади на окупираниот Западен Брег“. Турското Министерство за надворешни работи „го поздрави позитивниот исход од преговорите за прекин на огнот во Либан и се надева дека тој ќе биде постојан“.
Меѓународната заедница треба да изврши притисок врз Израел строго да го почитува прекинот на огнот и да ја компензира штетата што ја предизвика во Либан, додаде тој.
Пекинг соопшти дека го „поздравува“ прекинот на огнот во Либан меѓу Израел и Хезболах.
Ги поддржуваме сите напори за намалување на тензиите и постигнување мир и го поздравуваме договорот за прекин на огнот постигнат од релевантните страни, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок оцени дека договорот е „трошка надеж за целиот регион“.
Населението од двете страни на границата сака да живее во вистинска безбедност што трае, рече Бербок.
Прекинот на огнот „ќе донесе одредено олеснување за цивилното население на Либан и северен Израел, кои претрпеа незамисливи последици во последните месеци од разорниот конфликт“, рече британскиот премиер, Кир Стармер. Тој додаде дека прекинот на огнот „сега мора да се трансформира во трајно политичко решение во Либан“.

The post Меѓународни реакции на примирјето во Либан appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 50 загинати во израелските напади во Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poveke-od-50-zaginati-vo-izraelskite-napadi-vo-liban/ Sun, 24 Nov 2024 09:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=841209

Повеќе од 50 луѓе загинаа вчера во израелски напади во Либан, особено во Бејрут, соопшти синоќа либанското Министерство за здравство.

Најмалку 15 лица загинаа, а 63 се повредени во Бејрут, каде што продолжува потрагата по жртви под урнатините на погодената станбена зграда, се наведува во соопштението.

Најмалку 38 лица загинаа и во израелските напади во источен и јужен Либан.

Како поддршка на палестинскиот Хамас во Појасот Газа, либанското, проиранско движење Хезболах отвори фронт против Израел на 8 октомври 2023 година, секојдневно гаѓајќи ја израелската територија од јужен Либан.

The post Повеќе од 50 загинати во израелските напади во Либан appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 50 луѓе загинаа вчера во израелски напади во Либан, особено во Бејрут, соопшти синоќа либанското Министерство за здравство. Најмалку 15 лица загинаа, а 63 се повредени во Бејрут, каде што продолжува потрагата по жртви под урнатините на погодената станбена зграда, се наведува во соопштението. Најмалку 38 лица загинаа и во израелските напади во источен и јужен Либан. Како поддршка на палестинскиот Хамас во Појасот Газа, либанското, проиранско движење Хезболах отвори фронт против Израел на 8 октомври 2023 година, секојдневно гаѓајќи ја израелската територија од јужен Либан.

The post Повеќе од 50 загинати во израелските напади во Либан appeared first on Република.

]]>
Шест луѓе, меѓу кои и три деца, загинаа, а 11 се ранети во израелски напад врз село во источен Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shest-luge-megu-koi-i-tri-detsa-zaginaa-a-11-se-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-selo-vo-istochen-liban/ Sat, 16 Nov 2024 21:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=838685

Шест лица, меѓу кои три деца, загинале, а 11 се ранети во израелски напад врз либанско село во областа на градот Баалбек, соопшти либанското Министерство за здравство.

Според либанските медиуми, сите загинати се членови на исто семејство.

Во напад на израелските непријатели врз Храјбех, загинаа шест лица, од кои три деца, од кои едно тригодишно, а 11 лица, од кои пет деца, се повредени, се вели во соопштението на Министерството за здравство, кое прецизира дека две од жртвите се во „критична состојба“.

Во меѓувреме, либанските медиуми соопштија дека бил извршен „многу моќен“ израелски напад и врз населбата Харет Хреик во јужните предградија на Бејрут, која била цел на серија бомбашки напади во текот на денот.

The post Шест луѓе, меѓу кои и три деца, загинаа, а 11 се ранети во израелски напад врз село во источен Либан appeared first on Република.

]]>

Шест лица, меѓу кои три деца, загинале, а 11 се ранети во израелски напад врз либанско село во областа на градот Баалбек, соопшти либанското Министерство за здравство. Според либанските медиуми, сите загинати се членови на исто семејство.
Во напад на израелските непријатели врз Храјбех, загинаа шест лица, од кои три деца, од кои едно тригодишно, а 11 лица, од кои пет деца, се повредени, се вели во соопштението на Министерството за здравство, кое прецизира дека две од жртвите се во „критична состојба“.
Во меѓувреме, либанските медиуми соопштија дека бил извршен „многу моќен“ израелски напад и врз населбата Харет Хреик во јужните предградија на Бејрут, која била цел на серија бомбашки напади во текот на денот.

The post Шест луѓе, меѓу кои и три деца, загинаа, а 11 се ранети во израелски напад врз село во источен Либан appeared first on Република.

]]>
Во израелските напади во Либан денеска загинаа 38 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-izraelskite-napadi-vo-liban-deneska-zaginaa-38-litsa/ Sun, 10 Nov 2024 20:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=836193

Најмалку 38 лица загинаа денеска во израелски напади во Либан, вклучително и 23 во напад врз град северно од Бејрут, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Израел, кој е во отворена војна против Хезболах од 23 септември, во последните денови ги интензивираше нападите врз упориштата на либанското исламистичко движење, особено во јужните предградија на Бејрут и во јужниот и источниот дел на Либан.

Во нападот „на израелскиот непријател на Алмати, во областа Џбеил, загинаа 23 лица, од кои седум деца, а шест се повредени“, соопшти Министерството, додавајќи дека се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем.

Целта била куќа во која член на Хезболах дошол да посети раселени луѓе, изјавил извор од безбедносните сили, прецизирајќи дека членот на Хезболах е убиен.

Израелската армија повеќе пати гаѓала станбени згради во кои, според либанските медиуми, понекогаш меѓу раселените се сместени луѓе поврзани со Хезболах.

Во друг напад во источниот дел на Либан, денеска во израелски напади загинаа 12 лица, соопшти либанското министерство.

Како поддршка на Хамас во Појасот Газа, Хезболах отвори фронт против Израел на 8 октомври 2023 година, секојдневно пукајќи кон израелската територија од јужен Либан. На 23 септември тоа се претвори во отворена војна со интензивни израелски напади, главно против упоришта на либанското движење.

The post Во израелските напади во Либан денеска загинаа 38 лица appeared first on Република.

]]>

Најмалку 38 лица загинаа денеска во израелски напади во Либан, вклучително и 23 во напад врз град северно од Бејрут, соопшти Министерството за здравство на земјата. Израел, кој е во отворена војна против Хезболах од 23 септември, во последните денови ги интензивираше нападите врз упориштата на либанското исламистичко движење, особено во јужните предградија на Бејрут и во јужниот и источниот дел на Либан. Во нападот „на израелскиот непријател на Алмати, во областа Џбеил, загинаа 23 лица, од кои седум деца, а шест се повредени“, соопшти Министерството, додавајќи дека се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем. Целта била куќа во која член на Хезболах дошол да посети раселени луѓе, изјавил извор од безбедносните сили, прецизирајќи дека членот на Хезболах е убиен. Израелската армија повеќе пати гаѓала станбени згради во кои, според либанските медиуми, понекогаш меѓу раселените се сместени луѓе поврзани со Хезболах. Во друг напад во источниот дел на Либан, денеска во израелски напади загинаа 12 лица, соопшти либанското министерство. Како поддршка на Хамас во Појасот Газа, Хезболах отвори фронт против Израел на 8 октомври 2023 година, секојдневно пукајќи кон израелската територија од јужен Либан. На 23 септември тоа се претвори во отворена војна со интензивни израелски напади, главно против упоришта на либанското движење.

The post Во израелските напади во Либан денеска загинаа 38 лица appeared first on Република.

]]>
Израел гаѓаше во источен Либан , загинаа 62 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-gagashe-vo-istochen-liban-zaginaa-62-litsa/ Tue, 29 Oct 2024 06:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=831899

Најмалку 62 лица загинаа, а повеќе од 200 се ранети во вчерашниот израелски воздушен напад врз долината Бека во источен Либан, пренесе водечкиот либански весник Ан-Нахар.

Според извештајот, во бомбардирањето има голем број цивилни жртви, вклучувајќи жени и деца. Локални жители и градоначалникот на градот Балбек потврдуваат дека нападот предизвикал големи човечки загуби и разурнувања во неколку населени места, вклучувајќи ги Халанија, Будаи, Хфир, Џунин, Рам и Алак.

Интензивните напади траеја околу пет часа и започнаа вчера рано изутрина.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека бројот на жртвите од почетокот на израелските напади на 8 октомври минатата година достигнал 2.672 цивили, а ранети се 12.468 луѓе.

Судирот меѓу Израел и Хезболах ескалираше откако Хезболах почна да лансира ракети кон северните делови на Израел како поддршка на палестинскиот народ во Појасот Газа, а Израел одговори со копнена офанзива и силни воздушни напади

The post Израел гаѓаше во источен Либан , загинаа 62 лица appeared first on Република.

]]>

Најмалку 62 лица загинаа, а повеќе од 200 се ранети во вчерашниот израелски воздушен напад врз долината Бека во источен Либан, пренесе водечкиот либански весник Ан-Нахар. Според извештајот, во бомбардирањето има голем број цивилни жртви, вклучувајќи жени и деца. Локални жители и градоначалникот на градот Балбек потврдуваат дека нападот предизвикал големи човечки загуби и разурнувања во неколку населени места, вклучувајќи ги Халанија, Будаи, Хфир, Џунин, Рам и Алак. Интензивните напади траеја околу пет часа и започнаа вчера рано изутрина. Либанското Министерство за здравство соопшти дека бројот на жртвите од почетокот на израелските напади на 8 октомври минатата година достигнал 2.672 цивили, а ранети се 12.468 луѓе. Судирот меѓу Израел и Хезболах ескалираше откако Хезболах почна да лансира ракети кон северните делови на Израел како поддршка на палестинскиот народ во Појасот Газа, а Израел одговори со копнена офанзива и силни воздушни напади

The post Израел гаѓаше во источен Либан , загинаа 62 лица appeared first on Република.

]]>
Мировници на ОН повторно нападнати од израелските сили во Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mirovnitsi-na-on-povtorno-napadnati-od-izraelskite-sili-vo-liban/ Fri, 25 Oct 2024 15:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=831040

Мировната мисија на ОН во јужен Либан соопшти дека еден од нивните објекти повторно бил нападнат од израелската војска, јави ДПА.

Мировниците кои биле на дежурство во градот Деира набљудувале израелски војници, кои откако виделе дека се набљудувани, отвориле оган. Во друг инцидент во средата, медицински тимови биле нападнати при трансфер на пациент.

УНИФИЛ истакна дека ситуацијата во регионот ескалира, но дека мисијата продолжува со својата задача.

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги повикуваме сите актери да ја обезбедат безбедноста на персоналот на ОН,“ се вели во изјавата.

The post Мировници на ОН повторно нападнати од израелските сили во Либан appeared first on Република.

]]>

Мировната мисија на ОН во јужен Либан соопшти дека еден од нивните објекти повторно бил нападнат од израелската војска, јави ДПА. Мировниците кои биле на дежурство во градот Деира набљудувале израелски војници, кои откако виделе дека се набљудувани, отвориле оган. Во друг инцидент во средата, медицински тимови биле нападнати при трансфер на пациент. УНИФИЛ истакна дека ситуацијата во регионот ескалира, но дека мисијата продолжува со својата задача. „Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги повикуваме сите актери да ја обезбедат безбедноста на персоналот на ОН,“ се вели во изјавата.

The post Мировници на ОН повторно нападнати од израелските сили во Либан appeared first on Република.

]]>
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/okolu-100-raketi-istrelani-od-liban-kon-severen-izrael/ Sun, 20 Oct 2024 13:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=829139

Околу стотина ракети беа лансирани денеска од Либан кон Израел, кои вклучија сирени во регионот на Западна и Горна Галилеја, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Некои ракети беа соборени, а неколку паднаа, предизвикувајќи пожар, се додава во соопштението на израелската војска.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани противпожарни и спасувачки служби.

The post Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел appeared first on Република.

]]>

Околу стотина ракети беа лансирани денеска од Либан кон Израел, кои вклучија сирени во регионот на Западна и Горна Галилеја, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ). Некои ракети беа соборени, а неколку паднаа, предизвикувајќи пожар, се додава во соопштението на израелската војска. Во гаснењето на пожарот се ангажирани противпожарни и спасувачки служби.

The post Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел appeared first on Република.

]]>
Цел на Хезболах бил израелскиот премиер: Дрон од Либан удри во близина на домот на Нетанјаху https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tsel-na-hezbolah-bil-izraelskiot-premier-dron-od-liban-udri-vo-blizina-na-domot-na-netanjahu/ Sat, 19 Oct 2024 08:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=828708

Беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, каде што живее израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти израелската војска.

Според извештаите на израелските медиуми, првично не било познато дали Нетанјаху бил во крајбрежното одморалиште лоцирано меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот.

Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата. Пресретнати се уште два летечки објекти без екипаж.

Воздушна тревога имаше и во Тел Авив, 55 километри јужно, бидејќи беспилотно летало наводно се приближувало до областа Глилот, каде што се наоѓа седиштето на израелската надворешна разузнавачка служба Мосад и уште еден разузнавачки центар.

Според армијата, сирените се огласиле на многу други локации во северен Израел, вклучувајќи го и градот Тиберија на западниот брег на Галилејското Море.

Либанската шиитска милиција Хезболах, која е во сојуз со Хамас во Појасот Газа, речиси секојдневно истрелува ракети и беспилотни летала врз Израел од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година.

По веста за смртта на лидерот на Хамас, Јехја ал Синвар во Газа, милицијата поддржана од Иран најави „нова фаза на ескалација“.

The post Цел на Хезболах бил израелскиот премиер: Дрон од Либан удри во близина на домот на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, каде што живее израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти израелската војска. Според извештаите на израелските медиуми, првично не било познато дали Нетанјаху бил во крајбрежното одморалиште лоцирано меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот. Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата. Пресретнати се уште два летечки објекти без екипаж. Воздушна тревога имаше и во Тел Авив, 55 километри јужно, бидејќи беспилотно летало наводно се приближувало до областа Глилот, каде што се наоѓа седиштето на израелската надворешна разузнавачка служба Мосад и уште еден разузнавачки центар. Според армијата, сирените се огласиле на многу други локации во северен Израел, вклучувајќи го и градот Тиберија на западниот брег на Галилејското Море. Либанската шиитска милиција Хезболах, која е во сојуз со Хамас во Појасот Газа, речиси секојдневно истрелува ракети и беспилотни летала врз Израел од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година. По веста за смртта на лидерот на Хамас, Јехја ал Синвар во Газа, милицијата поддржана од Иран најави „нова фаза на ескалација“.

The post Цел на Хезболах бил израелскиот премиер: Дрон од Либан удри во близина на домот на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Бајден смета дека е можно да се постигне прекин на огнот во Либан, но дека ќе биде потешко во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-smeta-deka-e-mozhno-da-se-postigne-prekin-na-ognot-vo-liban-no-deka-ke-bide-poteshko-vo-gaza/ Fri, 18 Oct 2024 20:25:22 +0000 https://republika.mk/?p=828645

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е можно да се работи на прекин на огнот во Либан, но дека такво нешто ќе биде потешко во Појасот Газа.

Бајден, кој е во посета на Берлин, изјави дека има информации за тоа како и кога Израел ќе одговори на ракетниот напад на Иран врз Израел извршен на 1 октомври, но не откри детали.

Бајден рече и дека постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што би можел привремено да го прекине нивниот конфликт на Блискиот Исток.

Американскиот претседател тоа го изјави на крајот од посетата на Берлин.

Според мое мислење - и моите колеги се согласуваат - постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што ќе стави крај на конфликтот на некое време“, рече Бајден.

The post Бајден смета дека е можно да се постигне прекин на огнот во Либан, но дека ќе биде потешко во Газа appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е можно да се работи на прекин на огнот во Либан, но дека такво нешто ќе биде потешко во Појасот Газа. Бајден, кој е во посета на Берлин, изјави дека има информации за тоа како и кога Израел ќе одговори на ракетниот напад на Иран врз Израел извршен на 1 октомври, но не откри детали. Бајден рече и дека постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што би можел привремено да го прекине нивниот конфликт на Блискиот Исток. Американскиот претседател тоа го изјави на крајот од посетата на Берлин.
Според мое мислење - и моите колеги се согласуваат - постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што ќе стави крај на конфликтот на некое време“, рече Бајден.

The post Бајден смета дека е можно да се постигне прекин на огнот во Либан, но дека ќе биде потешко во Газа appeared first on Република.

]]>
Прв случај на колера во Либан, СЗО вознемирена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prv-sluchaj-na-kolera-vo-liban-szo-voznemirena/ Fri, 18 Oct 2024 08:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=828330

Светската здравствена организација (СЗО) е вознемирена од првиот потврден случај на колера во Либан по избувнувањето на актуелната криза и соопшти дека итно работи на спречување на поголема епидемија.

Либанските здравствени власти неделава го потврдија првиот случај на колера во услови на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, поддржан од Иран.

Колерата е заразна болест придружена со дијареа и повраќање и се шири преку контаминација на вода, на пример кога залихите на вода се загадени со измет. Ризикот од појава секогаш постои кога многу луѓе мора да живеат заедно во недоволно хигиенски услови.

Во Либан повеќе од милион луѓе се раселени поради израелските напади во борбата против Хезболах. Многумина живеат во несоодветни услови во засолништата или на отворено и немаат пристап до чиста вода.

По повеќе од 30 години колера во Либан повторно се појави во октомври 2022 година, кога беа регистрирани над 8.000 сомнителни случаи, а до јуни 2023 година, кога беше крајот на епидемијата, починаа 23 лица. Болеста е особено опасна за малите деца .

Во моментов се во терк тестирања на луѓе и преглед на примероци од вода. Во соработка со партнерските организации, СЗО се обидува да обезбеди повеќе чиста вода за пиење и да го подобри отстранувањето на отпадните води. Дополнително, во земјава веќе се донесени медицински материјали за лекување на болни од колера.

Кампањата за вакцинација против колера траеше од почетокот на август, но беше прекината поради ескалацијата на конфликтот меѓу Хезболах и Израел.

 

The post Прв случај на колера во Либан, СЗО вознемирена appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) е вознемирена од првиот потврден случај на колера во Либан по избувнувањето на актуелната криза и соопшти дека итно работи на спречување на поголема епидемија. Либанските здравствени власти неделава го потврдија првиот случај на колера во услови на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, поддржан од Иран. Колерата е заразна болест придружена со дијареа и повраќање и се шири преку контаминација на вода, на пример кога залихите на вода се загадени со измет. Ризикот од појава секогаш постои кога многу луѓе мора да живеат заедно во недоволно хигиенски услови. Во Либан повеќе од милион луѓе се раселени поради израелските напади во борбата против Хезболах. Многумина живеат во несоодветни услови во засолништата или на отворено и немаат пристап до чиста вода. По повеќе од 30 години колера во Либан повторно се појави во октомври 2022 година, кога беа регистрирани над 8.000 сомнителни случаи, а до јуни 2023 година, кога беше крајот на епидемијата, починаа 23 лица. Болеста е особено опасна за малите деца . Во моментов се во терк тестирања на луѓе и преглед на примероци од вода. Во соработка со партнерските организации, СЗО се обидува да обезбеди повеќе чиста вода за пиење и да го подобри отстранувањето на отпадните води. Дополнително, во земјава веќе се донесени медицински материјали за лекување на болни од колера. Кампањата за вакцинација против колера траеше од почетокот на август, но беше прекината поради ескалацијата на конфликтот меѓу Хезболах и Израел.  

The post Прв случај на колера во Либан, СЗО вознемирена appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради, но мора да ги заштити цивилите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stejt-department-izrael-ima-pravo-da-go-napaga-hezbolah-vo-liban-duri-i-vo-tsivilni-zgradi-no-mora-da-gi-zashtiti-tsivilite/ Thu, 17 Oct 2024 06:55:54 +0000 https://republika.mk/?p=827853

 Израел има право да го нападне Хезболах во Либан дури и во цивилни згради, но тоа мора да го направи на начин што ќе ги заштити цивилите, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Запрашан на редовниот брифинг со новинарите за израелскиот напад врз општинската зграда во јужниот либански град Набатиех, во кој загинаа 16 лица, вклучувајќи го и градоначалникот, Милер рече дека не може да коментира за поединечни напади, но нагласи дека САД „не сакаат да се уништуваат цивилни згради“.

„Сфаќаме дека Хезболах понекогаш дејствува под и во домови на цивили. Видовме снимки од ракети и друго оружје складирани во цивилни домови кои се појавија во последните две недели. Израел има право да ги нападне овие легитимни цели, но тоа мора да го прави на начин што ја штити цивилната инфраструктура, ги штити цивилите“, рече тој.

„Вашингтон поддржува ограничени израелски упади за напад и ослабување на Хезболах, но се противи на широка кампања за бомбардирање на Бејрут и напади кои не избегнуваат да им наштетат на цивилите“, објасни Милер.

Либанските власти го критикуваа вчерашниот напад, во кој беа повредени повеќе од 50 луѓе, велејќи дека тоа е доказ дека Израел сега ја напаѓа либанската држава.

Либанскиот премиер Наџиб Микати изјави дека биле нападнати цивили кои се состанале да ја координираат помошта за граѓаните. Милер одговори дека доколку Израел навистина намерно таргетирал таков состанок, тоа би било „неприфатливо“, но истакна и дека треба да се утврдат околностите на инцидентот.

The post Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради, но мора да ги заштити цивилите appeared first on Република.

]]>

 Израел има право да го нападне Хезболах во Либан дури и во цивилни згради, но тоа мора да го направи на начин што ќе ги заштити цивилите, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.
Запрашан на редовниот брифинг со новинарите за израелскиот напад врз општинската зграда во јужниот либански град Набатиех, во кој загинаа 16 лица, вклучувајќи го и градоначалникот, Милер рече дека не може да коментира за поединечни напади, но нагласи дека САД „не сакаат да се уништуваат цивилни згради“.
„Сфаќаме дека Хезболах понекогаш дејствува под и во домови на цивили. Видовме снимки од ракети и друго оружје складирани во цивилни домови кои се појавија во последните две недели. Израел има право да ги нападне овие легитимни цели, но тоа мора да го прави на начин што ја штити цивилната инфраструктура, ги штити цивилите“, рече тој.
„Вашингтон поддржува ограничени израелски упади за напад и ослабување на Хезболах, но се противи на широка кампања за бомбардирање на Бејрут и напади кои не избегнуваат да им наштетат на цивилите“, објасни Милер. Либанските власти го критикуваа вчерашниот напад, во кој беа повредени повеќе од 50 луѓе, велејќи дека тоа е доказ дека Израел сега ја напаѓа либанската држава. Либанскиот премиер Наџиб Микати изјави дека биле нападнати цивили кои се состанале да ја координираат помошта за граѓаните. Милер одговори дека доколку Израел навистина намерно таргетирал таков состанок, тоа би било „неприфатливо“, но истакна и дека треба да се утврдат околностите на инцидентот.

The post Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради, но мора да ги заштити цивилите appeared first on Република.

]]>
Шаленберг: Земјите членки на ЕУ нема да ги повлечат своите мировници од Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shalenberg-zemjite-chlenki-na-eu-nema-da-gi-povlechat-svoite-mirovnitsi-od-liban/ Wed, 16 Oct 2024 08:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=827448

Земјите-членки на Европската унија кои имаат контингенти во привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) немаат намера да се повлечат од јужен Либан и покрај повиците од Израел, изјави денеска австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Александар Шаленберг.

Позициите на УНИФИЛ се под оган откако почна израелската копнена операција во јужен Либан против борците на Хезболах, а два израелски тенкови ја урнаа главната капија на една од нивните бази, соопштија Обединетите нации. Петмина мировници се повредени.

Шеснаесет земји-членки на ЕУ, вклучително и Австрија, придонесуваат за УНИФИЛ. Неодамнешните инциденти во Либан вознемирија многу европски влади.

Во неделата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика ОН да го повлечат УНИФИЛ „од упоришта на Хезболах и од борбената зона“.

-Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараа за ова прашање во понеделникот и немаат намера да ги повлечат војниците на север или надвор од земјата, рече Шаленберг.

„Немаше дебата за повлекување на војниците“, изјави тој.

Тие се таму за да останат, но безбедноста на нашите војници е најважна и мора да биде гарантирана од сите, рече Шаленберг, чија земја има околу 160 војници во УНИФИЛ.

Европските земји придонесуваат со околу 3.600 воен персонал во вкупниот персонал на УНИФИЛ од 10.000 лица.

Претставници на израелската влада изјавија дека „нивните сили не го нападнале намерно УНИФИЛ, туку дека Хезболах ги користел позициите на мировниците како покритие за нападите и Израел има право да одговори“.

Шаленберг рече дека Израел има право да се брани од Хезболах, но дури и ненамерните напади на мировните позиции се кршење на меѓународното право.

Постои јасно барање Израел да биде многу внимателен во врска со ова, рече тој.

The post Шаленберг: Земјите членки на ЕУ нема да ги повлечат своите мировници од Либан appeared first on Република.

]]>

Земјите-членки на Европската унија кои имаат контингенти во привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) немаат намера да се повлечат од јужен Либан и покрај повиците од Израел, изјави денеска австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Александар Шаленберг. Позициите на УНИФИЛ се под оган откако почна израелската копнена операција во јужен Либан против борците на Хезболах, а два израелски тенкови ја урнаа главната капија на една од нивните бази, соопштија Обединетите нации. Петмина мировници се повредени. Шеснаесет земји-членки на ЕУ, вклучително и Австрија, придонесуваат за УНИФИЛ. Неодамнешните инциденти во Либан вознемирија многу европски влади. Во неделата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика ОН да го повлечат УНИФИЛ „од упоришта на Хезболах и од борбената зона“. -Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараа за ова прашање во понеделникот и немаат намера да ги повлечат војниците на север или надвор од земјата, рече Шаленберг. „Немаше дебата за повлекување на војниците“, изјави тој. Тие се таму за да останат, но безбедноста на нашите војници е најважна и мора да биде гарантирана од сите, рече Шаленберг, чија земја има околу 160 војници во УНИФИЛ. Европските земји придонесуваат со околу 3.600 воен персонал во вкупниот персонал на УНИФИЛ од 10.000 лица. Претставници на израелската влада изјавија дека „нивните сили не го нападнале намерно УНИФИЛ, туку дека Хезболах ги користел позициите на мировниците како покритие за нападите и Израел има право да одговори“. Шаленберг рече дека Израел има право да се брани од Хезболах, но дури и ненамерните напади на мировните позиции се кршење на меѓународното право. Постои јасно барање Израел да биде многу внимателен во врска со ова, рече тој.

The post Шаленберг: Земјите членки на ЕУ нема да ги повлечат своите мировници од Либан appeared first on Република.

]]>
50 ракети истрелани од Либан кон северен Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/50-raketi-istrelani-od-liban-kon-severen-izrael/ Wed, 16 Oct 2024 08:23:34 +0000 https://republika.mk/?p=827437

Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта од Либан биле истрелани околу 50 ракети кон градот Сафед и неговата околина, а Хезболах ја презеде одговорноста за овој напад.

Во соопштението се наведува дека израелските војници пресретнале голем број проектили во областа, а во овој момент нема извештаи за повредени или материјална штета, пишува The Times of Israel.

Хезболах објави соопштение во кое ја презема одговорноста за ракетниот напад врз северниот израелски град Сафед.

The post 50 ракети истрелани од Либан кон северен Израел appeared first on Република.

]]>

Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта од Либан биле истрелани околу 50 ракети кон градот Сафед и неговата околина, а Хезболах ја презеде одговорноста за овој напад. Во соопштението се наведува дека израелските војници пресретнале голем број проектили во областа, а во овој момент нема извештаи за повредени или материјална штета, пишува The Times of Israel. Хезболах објави соопштение во кое ја презема одговорноста за ракетниот напад врз северниот израелски град Сафед.

The post 50 ракети истрелани од Либан кон северен Израел appeared first on Република.

]]>
Бомби паѓаа на сите страни: Израел гаѓаше во христијанскиот дел на Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bombi-pagaa-na-site-strani-izrael-gagashe-vo-hristijanskiot-del-na-liban/ Tue, 15 Oct 2024 07:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=826891

Најмалку 21 лице загина, а осум се повредени во израелски воздушен напад во северен Либан, соопшти денеска либанското Министерство за здравство.

Нападот вчера погоди станбена зграда во Аито, населба со доминантно христијанство, далеку од областите каде што израелската армија изврши илјадници напади врз вооружената шиитска исламистичка група Хезболах, јавува Би-Би-Си.

Жителите велат дека таму живеело семејство кое неодамна било раселено од војната.

The post Бомби паѓаа на сите страни: Израел гаѓаше во христијанскиот дел на Либан appeared first on Република.

]]>

Најмалку 21 лице загина, а осум се повредени во израелски воздушен напад во северен Либан, соопшти денеска либанското Министерство за здравство. Нападот вчера погоди станбена зграда во Аито, населба со доминантно христијанство, далеку од областите каде што израелската армија изврши илјадници напади врз вооружената шиитска исламистичка група Хезболах, јавува Би-Би-Си. Жителите велат дека таму живеело семејство кое неодамна било раселено од војната.

The post Бомби паѓаа на сите страни: Израел гаѓаше во христијанскиот дел на Либан appeared first on Република.

]]>
Македонските мировници во Либан се безбедни по израелските напади врз тамошната мисија на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-mirovnitsi-vo-liban-se-bezbedni-po-izraelskite-napadi-vrz-tamoshnata-misija-na-on/ Thu, 10 Oct 2024 18:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=825339

Македонските мировници се неповредени и безбедни откако израелската војска денеска ги нападнала позициите што ги користат мировниците на Обединетите нации во Либан. Од Министерството за одбрана потврдија за СДК.мк дека тројцата македонски мировници во Либан се добро.

„Во контакт сме со нашите мировници, кои се стационирани во различни бази“, кажаа од Министерството.

Мисијата на УНИФИЛ објави дека двајца нејзини мировници се повредени кога израелски тенк пукал кон караула во главното седиште на силите во Рас ал-Накура. Притоа била погодена кулата и мировниците паднале.

Извор од Обединетите нации кажа дека во изминатите 24 часа имало уште два вакви напада, во кои немало жртви.

„Секој намерен напад врз мировниците е грубо кршење на меѓународното хуманитарно право. Во контакт сме со израелската војска“, објави УНИФИЛ.

Внатрешните сили на ОН во Либан моментално имаат околу 10.000 мировници од 50 држави.

The post Македонските мировници во Либан се безбедни по израелските напади врз тамошната мисија на ОН appeared first on Република.

]]>

Македонските мировници се неповредени и безбедни откако израелската војска денеска ги нападнала позициите што ги користат мировниците на Обединетите нации во Либан. Од Министерството за одбрана потврдија за СДК.мк дека тројцата македонски мировници во Либан се добро.

„Во контакт сме со нашите мировници, кои се стационирани во различни бази“, кажаа од Министерството.

Мисијата на УНИФИЛ објави дека двајца нејзини мировници се повредени кога израелски тенк пукал кон караула во главното седиште на силите во Рас ал-Накура. Притоа била погодена кулата и мировниците паднале.

Извор од Обединетите нации кажа дека во изминатите 24 часа имало уште два вакви напада, во кои немало жртви.

„Секој намерен напад врз мировниците е грубо кршење на меѓународното хуманитарно право. Во контакт сме со израелската војска“, објави УНИФИЛ.

Внатрешните сили на ОН во Либан моментално имаат околу 10.000 мировници од 50 држави.

The post Македонските мировници во Либан се безбедни по израелските напади врз тамошната мисија на ОН appeared first on Република.

]]>
Официјален претставник на ОН: Двајца мировници се ранети во израелски напад во Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ofitsijalen-pretstavnik-na-on-dvajtsa-mirovnitsi-se-raneti-vo-izraelski-napad-vo-liban/ Thu, 10 Oct 2024 16:50:10 +0000 https://republika.mk/?p=825325

Официјален претставник на Обединетите нации (ОН) денеска изјави дека двајца членови на мировната мисија УНИФИЛ во Либан се ранети во израелски напад.

Како што јавија светските агенции, претставникот не бил овластен да зборува за медиумите и дал изјава под услов да остане анонимен.

Официјалниот претставник изјави дека денеска израелските сили пукале врз три позиции на УНИФИЛ, мировните сили во јужен Либан.

The post Официјален претставник на ОН: Двајца мировници се ранети во израелски напад во Либан appeared first on Република.

]]>

Официјален претставник на Обединетите нации (ОН) денеска изјави дека двајца членови на мировната мисија УНИФИЛ во Либан се ранети во израелски напад. Како што јавија светските агенции, претставникот не бил овластен да зборува за медиумите и дал изјава под услов да остане анонимен. Официјалниот претставник изјави дека денеска израелските сили пукале врз три позиции на УНИФИЛ, мировните сили во јужен Либан.

The post Официјален претставник на ОН: Двајца мировници се ранети во израелски напад во Либан appeared first on Република.

]]>
Авион на „Ер Србија“ полета од Бејрут и покрај израелскиот воздушен напад во близина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avion-na-er-srbija-poleta-od-bejrut-i-pokraj-izraelskiot-vozdushen-napad-vo-blizina/ Thu, 10 Oct 2024 13:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=824703

Авион на „Ер Србија“ полета од аеродромот во Бејрут и покрај израелските воздушни напади во непосредна близина.

Станува збор за специјален лет на „Ер Србија“ организиран од српската Влада, кој со 88 патници од Либан, успешно слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, со што се обезбеди евакуација на српските граѓани.

Најголем дел од патниците се државјани на Република Србија, а некои државјани на соседните земји живеат или престојуваат во Либан.

The post Авион на „Ер Србија“ полета од Бејрут и покрај израелскиот воздушен напад во близина appeared first on Република.

]]>

Авион на „Ер Србија“ полета од аеродромот во Бејрут и покрај израелските воздушни напади во непосредна близина. Станува збор за специјален лет на „Ер Србија“ организиран од српската Влада, кој со 88 патници од Либан, успешно слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, со што се обезбеди евакуација на српските граѓани. Најголем дел од патниците се државјани на Република Србија, а некои државјани на соседните земји живеат или престојуваат во Либан.

The post Авион на „Ер Србија“ полета од Бејрут и покрај израелскиот воздушен напад во близина appeared first on Република.

]]>
СЗО предупредува на појави на болести во Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-predupreduva-na-pojavi-na-bolesti-vo-liban/ Tue, 08 Oct 2024 12:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=824209

Ијан Кларк од Светска здравствена организација (СЗО) денеска предупреди на појава на болести во Либан поради лошите услови во засолништата за раселените лица и затворањето на болниците.

-Се соочуваме со ситуација каде што постои многу поголем ризик од појава на болести, како што се акутна дијареја, хепатитис А и голем број болести, што можат да се спречат со вакцини, истакна Кларк на прес-конференција во Женева преку видеоповик од Бејрут.

Здравствената агенција на ОН веќе предупреди дека здравствениот систем во Либан е преоптоварен и оти досега се затворени пет болници во земјава, а само четири се делумно функционални.

Кларк додаде дека болниците се затворени бидејќи медицинскиот персонал или побегнал од борбите или бил принуден да се евакуира.

Тој на конференцијата се осврна и на недостигот на храна во Либан, посочувајќи оти илјадници хектари земјоделско земјиште во јужниот дел на земјата се изгорени или напуштени поради конфликтот.

The post СЗО предупредува на појави на болести во Либан appeared first on Република.

]]>

Ијан Кларк од Светска здравствена организација (СЗО) денеска предупреди на појава на болести во Либан поради лошите услови во засолништата за раселените лица и затворањето на болниците. -Се соочуваме со ситуација каде што постои многу поголем ризик од појава на болести, како што се акутна дијареја, хепатитис А и голем број болести, што можат да се спречат со вакцини, истакна Кларк на прес-конференција во Женева преку видеоповик од Бејрут. Здравствената агенција на ОН веќе предупреди дека здравствениот систем во Либан е преоптоварен и оти досега се затворени пет болници во земјава, а само четири се делумно функционални. Кларк додаде дека болниците се затворени бидејќи медицинскиот персонал или побегнал од борбите или бил принуден да се евакуира. Тој на конференцијата се осврна и на недостигот на храна во Либан, посочувајќи оти илјадници хектари земјоделско земјиште во јужниот дел на земјата се изгорени или напуштени поради конфликтот.

The post СЗО предупредува на појави на болести во Либан appeared first on Република.

]]>