ЛГБТИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lgbti/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Apr 2023 08:44:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЛГБТИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lgbti/ 32 32 Мажите за кои „Вистиномер“ вели дека се татко и син https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mazhite-za-koi-vistinomer-veli-deka-se-tatko-i-sin/ Tue, 04 Apr 2023 08:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=626997

Не престануваат реакциите во јавноста за работните листови од Општество на тема Семејство доделени на првачињата од ООУ „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Центар.  Листовите на кои требаше да се напише рецептот за среќа беа илустрирани со двајца мажи и дете, како и две девојки кои се држат за раце.

Родителите на социјалните мрежи реагираа што на нивните деца им се промовира и подметнува ЛГБТИ агенда.

Директорката прво демантираше дека воопшто постојат такви листови, велејќи дека „сликата на објавата во порталот е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во нашето училиште и не станува збор за задача по странски јазик за првоодделенци, ниту било која друга домашна задача“.

За подоцна за „Вистиномер“ да ги сподели сите работни листови, за кои вели се извадени од контекст.

Контровезриизте околу листовите продолжуваат во текстот на порталот за „проверка на факти“, каде се тврди дека на илустрациите не се прикажани двајца мажи и дете, туку „две машки лица (татко и син) и едно помало дете во рацете на таткото“. За девојките што се држат за рака, пак, се вели дека станува збор за мајка и ќерка, со кои се илустрира еднородителско семејство.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во овие постови на Фејсбук тенденциозно и злонамерно се пропушта контекстот, oценуваат од „Вистиномер“.

Веднаш после нивната објава, на социјалните мрежи се споделени оригиналните илустрации, кои потекнуваат од странска работна тетратка со ЛГБТ+ содржина наменета за месецот посветен на нив.

Во нив е наведено дека „таткото и синот“ се всушност „двајца татковци и нивниот син“.

Станува збор за истите илустрации користени за работниот, на кои се гледаат и „мајката и ќерката“.

Реагираат и од Коалицијата за заштита на децата, од каде потенцираат дека разликата меѓу оригиналното наставно ливче и тоа што го добиле првооделенците е само насловот бидејќи во оригиналот пишува „Рецепт за специјално семејство“, додека другото се води под името „Рецепт за среќно семејство“.

The post Мажите за кои „Вистиномер“ вели дека се татко и син appeared first on Република.

]]>

Не престануваат реакциите во јавноста за работните листови од Општество на тема Семејство доделени на првачињата од ООУ „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Центар.  Листовите на кои требаше да се напише рецептот за среќа беа илустрирани со двајца мажи и дете, како и две девојки кои се држат за раце. Родителите на социјалните мрежи реагираа што на нивните деца им се промовира и подметнува ЛГБТИ агенда. Директорката прво демантираше дека воопшто постојат такви листови, велејќи дека „сликата на објавата во порталот е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во нашето училиште и не станува збор за задача по странски јазик за првоодделенци, ниту било која друга домашна задача“. За подоцна за „Вистиномер“ да ги сподели сите работни листови, за кои вели се извадени од контекст. Контровезриизте околу листовите продолжуваат во текстот на порталот за „проверка на факти“, каде се тврди дека на илустрациите не се прикажани двајца мажи и дете, туку „две машки лица (татко и син) и едно помало дете во рацете на таткото“. За девојките што се држат за рака, пак, се вели дека станува збор за мајка и ќерка, со кои се илустрира еднородителско семејство.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во овие постови на Фејсбук тенденциозно и злонамерно се пропушта контекстот, oценуваат од „Вистиномер“.
Веднаш после нивната објава, на социјалните мрежи се споделени оригиналните илустрации, кои потекнуваат од странска работна тетратка со ЛГБТ+ содржина наменета за месецот посветен на нив. Во нив е наведено дека „таткото и синот“ се всушност „двајца татковци и нивниот син“. Станува збор за истите илустрации користени за работниот, на кои се гледаат и „мајката и ќерката“. Реагираат и од Коалицијата за заштита на децата, од каде потенцираат дека разликата меѓу оригиналното наставно ливче и тоа што го добиле првооделенците е само насловот бидејќи во оригиналот пишува „Рецепт за специјално семејство“, додека другото се води под името „Рецепт за среќно семејство“.

The post Мажите за кои „Вистиномер“ вели дека се татко и син appeared first on Република.

]]>
Првачињата од Центар добија лезбијки и дете со двајца татковци како „рецепт за среќа“ во работна тетратка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvachinata-od-tsentar-dobija-lezbijki-i-dete-so-dvajtsa-tatkovtsi-kako-retsept-za-sreka-vo-rabotna-tetratka/ Thu, 30 Mar 2023 11:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=625435

Гневни родители на социјалните мрежи го споделуваат работниот лист даден на првачињата во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во скопската општина Центар.

Наставникот им поделил работни листови за домашна задача, на кои од децата се бара да напишат „рецепт за среќно семејство“, но на илустрацијата е прикажано семејство од двајца мажи и дете, како и илустрација од две женски лица кои се држат за рака и разговараат.

Дел од корисниците коментираат дека тоа е дела од „прпагандата“ која е застапена во училиштата, според која учениците треба да се навикнуваат дека семејството не мора да се состои од маж и жена, туку може да биде истополово.

Некои од нив наведуваат дека на наставниците во училиштата им биле поделени прашалници од МОН, во кои меѓудругото во графата за пол, покрај „машки“ и „женски“, има понуда како одредба за пол да се одбере и „друго“.

The post Првачињата од Центар добија лезбијки и дете со двајца татковци како „рецепт за среќа“ во работна тетратка appeared first on Република.

]]>

Гневни родители на социјалните мрежи го споделуваат работниот лист даден на првачињата во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во скопската општина Центар. Наставникот им поделил работни листови за домашна задача, на кои од децата се бара да напишат „рецепт за среќно семејство“, но на илустрацијата е прикажано семејство од двајца мажи и дете, како и илустрација од две женски лица кои се држат за рака и разговараат. Дел од корисниците коментираат дека тоа е дела од „прпагандата“ која е застапена во училиштата, според која учениците треба да се навикнуваат дека семејството не мора да се состои од маж и жена, туку може да биде истополово. Некои од нив наведуваат дека на наставниците во училиштата им биле поделени прашалници од МОН, во кои меѓудругото во графата за пол, покрај „машки“ и „женски“, има понуда како одредба за пол да се одбере и „друго“.

The post Првачињата од Центар добија лезбијки и дете со двајца татковци како „рецепт за среќа“ во работна тетратка appeared first on Република.

]]>
Судри ЛГБТ заедницата во Белград со полицијата и противниците на парадата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sudri-lgbt-zaednicata-vo-belgrad-i-policijata-i-protivnicite-na-paradata/ Sat, 17 Sep 2022 15:45:28 +0000 https://republika.mk/?p=551775

Српскиот портал „Нова.рс“ објави дека нивна новинарка е повредена од противниците на одржување на „Европрајд 2022“.

Инцидентот се случил откако противниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на Уставниот суд, од каде треба да тргне поворката на „Европрајд 2022“ и да стигне до Собранието.

Додека на Булеварот Ослободување противниците против одржувањето на „Европрајд“ се судрија со полицијата, која употребила солзавец и димни бомби.

Групи на противниците на маршот од утрово се собираат во мали групи во центарот на Белград.

И претходно во Белград имаше судири помеѓу противниците и полицијата, а приведени се десетици лица, меѓу кои и расчинетиот монах Антониј, кој со шише го погодил во стомак снимателот на Н1. Нападот е пријавен во полиција.

„Европрајд 2022“ беше забранет од страна на српските власти, за денеска да биде постигнат договор за одржување на Парада на гордоста.

Европската асоцијација на гордоста (European Pride Organisers Association – EPOA) денеска соопшти дека по неколкунеделен интензивен меѓународен притисок, одлучено е „Европрајд 2022“ да се одржи во Србија

The post Судри ЛГБТ заедницата во Белград со полицијата и противниците на парадата appeared first on Република.

]]>

Српскиот портал „Нова.рс“ објави дека нивна новинарка е повредена од противниците на одржување на „Европрајд 2022“. Инцидентот се случил откако противниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на Уставниот суд, од каде треба да тргне поворката на „Европрајд 2022“ и да стигне до Собранието. Додека на Булеварот Ослободување противниците против одржувањето на „Европрајд“ се судрија со полицијата, која употребила солзавец и димни бомби. Групи на противниците на маршот од утрово се собираат во мали групи во центарот на Белград. И претходно во Белград имаше судири помеѓу противниците и полицијата, а приведени се десетици лица, меѓу кои и расчинетиот монах Антониј, кој со шише го погодил во стомак снимателот на Н1. Нападот е пријавен во полиција. „Европрајд 2022“ беше забранет од страна на српските власти, за денеска да биде постигнат договор за одржување на Парада на гордоста. Европската асоцијација на гордоста (European Pride Organisers Association – EPOA) денеска соопшти дека по неколкунеделен интензивен меѓународен притисок, одлучено е „Европрајд 2022“ да се одржи во Србија

The post Судри ЛГБТ заедницата во Белград со полицијата и противниците на парадата appeared first on Република.

]]>
Вучиќ ја откажа меѓународната ,,Еуропрајд” парада, организаторите инсистираат дека настанот ќе се одржи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-ja-otkaza-megjunarodnata-europrajd-parada-organizatorite-insistiraat-deka-nastanot-kje-se-odrzi/ Sat, 27 Aug 2022 14:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=544716

Српскиот претседател Александар Вучиќ го откажа меѓународниот настан „Еуропрајд“ што требаше да се одржи во Белград од 12 до 18 септември, додека организаторите на настанот ветија дека ќе се одвива според планираното

На прес-конференција во Белград, Вучиќ изјави дека правата на сексуалните малцинства се загрозени во Србија, но изјави дека владата била под силен притисок од десничарските групи и претставници на Српската православна црква да го откаже настанот.

Не е прашање дали тие притисоци се посилни, едноставно во одреден момент не можете да постигнете сè, и тоа е тоа - кусо изјави Вучиќ.

Тој најави дека е можно настанот да се одложи, односно да се одржи подоцна во друг термин.

Настанот на кој се промовираат основните права на лезбејска, геј, бисексуална, трансродова и интерсексуална гордост на пан-европско ниво секоја година се одржува во различен европски град и во него е вклучена и Парада на гордоста.

Кристине Гарина, претседателка на Европската асоцијација на организатори на гордоста, која го лиценцира „Еуропрајд“, објави соопштение во кое се вели дека настанот нема да биде откажан и покрај забелешките на Вучиќ.

Правото на „Прајд Парада“ е прогласено од Европскиот суд за човекови права како основно човеково право - порача Гарина, додавајќи дека секоја забрана ќе ја прекрши Европската конвенција за човекови права.

Таа изјави дека „Еуропрајд“ во Белград нема да биде откажан и ќе собере илјадници ЛГБТИ+ луѓе од цела Европа. Гарина ги повика српските власти „цврсто да застанат против овие насилници и да го заштитат настанот“.

Марко Михаиловиќ, активист на „Београд Прајд“, на Твитер објави дека одлуката на Вучиќ да ја откаже парадата е „јасно кршење на уставот”.

Тој вети дека парадата ќе продолжи според планираното на 17 септември.

The post Вучиќ ја откажа меѓународната ,,Еуропрајд” парада, организаторите инсистираат дека настанот ќе се одржи appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ го откажа меѓународниот настан „Еуропрајд“ што требаше да се одржи во Белград од 12 до 18 септември, додека организаторите на настанот ветија дека ќе се одвива според планираното На прес-конференција во Белград, Вучиќ изјави дека правата на сексуалните малцинства се загрозени во Србија, но изјави дека владата била под силен притисок од десничарските групи и претставници на Српската православна црква да го откаже настанот.
Не е прашање дали тие притисоци се посилни, едноставно во одреден момент не можете да постигнете сè, и тоа е тоа - кусо изјави Вучиќ.
Тој најави дека е можно настанот да се одложи, односно да се одржи подоцна во друг термин. Настанот на кој се промовираат основните права на лезбејска, геј, бисексуална, трансродова и интерсексуална гордост на пан-европско ниво секоја година се одржува во различен европски град и во него е вклучена и Парада на гордоста. Кристине Гарина, претседателка на Европската асоцијација на организатори на гордоста, која го лиценцира „Еуропрајд“, објави соопштение во кое се вели дека настанот нема да биде откажан и покрај забелешките на Вучиќ.
Правото на „Прајд Парада“ е прогласено од Европскиот суд за човекови права како основно човеково право - порача Гарина, додавајќи дека секоја забрана ќе ја прекрши Европската конвенција за човекови права.
Таа изјави дека „Еуропрајд“ во Белград нема да биде откажан и ќе собере илјадници ЛГБТИ+ луѓе од цела Европа. Гарина ги повика српските власти „цврсто да застанат против овие насилници и да го заштитат настанот“. Марко Михаиловиќ, активист на „Београд Прајд“, на Твитер објави дека одлуката на Вучиќ да ја откаже парадата е „јасно кршење на уставот”. Тој вети дека парадата ќе продолжи според планираното на 17 септември.

The post Вучиќ ја откажа меѓународната ,,Еуропрајд” парада, организаторите инсистираат дека настанот ќе се одржи appeared first on Република.

]]>
ЛГБТИ активистот Беким Асани претепан додека бил на гробишта со мајка му https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lgbti-aktivistot-bekim-asani-pretepan-dodeka-bil-na-grobishta-so-majka-mu/ Mon, 09 May 2022 13:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=499952

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија остро го осудува физичкиот напад врз претседателот на „ЛГБТИ Јунајтед“, Беким Асани и бара од надлежните институции итно да ги пронајдат и санционираат сторителите на ова, како што велат, дело од омраза.

Според сведоштвото на Асани, нападот се случил на 7 мај 2022 година на градските гробишта во Тетово, каде тој бил со својата мајка. Четири машки лица на возраст од 20 до 40 години кои седеле на клупа му дофрлувале на Беким „педер“, „неверник“, „многу зборуваш со устата“, „ќе гориш во пеколот“. Потоа еден од нив го нападнал со бокс во лицето, по што Беким паднал на земја, а напаѓачот продолжил да го удира со клоци по стомакот и нозете, се наведува во соопштението на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Од таму нагласуваат дека кривичните дела од омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата ретко добиваат правен епилог и инсистираат на темелно постапување од страна на органите и целосно расчистување на случајот.

Треба да се има предвид дека игнорирањето на говорот и делата од омраза кон ЛГБТИ лицата и неказнивоста на сторителите на овие дела, води до продлабочување на недовербата во институциите, поради што многу вакви напади воопшто не се ни пријавуваат. Апелираме институциите еднакво да ги третираат сите граѓани во државата и да престанат да придонесуваат кон јакнење на дискриминацијата и насилството на кое се подложени сексуалните и родовите малцинства, стои во соопштението.

Ова е вторпат Асани да биде нападнат:

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tetovo-pretepan-lgbt-aktivist/

 

The post ЛГБТИ активистот Беким Асани претепан додека бил на гробишта со мајка му appeared first on Република.

]]>

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија остро го осудува физичкиот напад врз претседателот на „ЛГБТИ Јунајтед“, Беким Асани и бара од надлежните институции итно да ги пронајдат и санционираат сторителите на ова, како што велат, дело од омраза.
Според сведоштвото на Асани, нападот се случил на 7 мај 2022 година на градските гробишта во Тетово, каде тој бил со својата мајка. Четири машки лица на возраст од 20 до 40 години кои седеле на клупа му дофрлувале на Беким „педер“, „неверник“, „многу зборуваш со устата“, „ќе гориш во пеколот“. Потоа еден од нив го нападнал со бокс во лицето, по што Беким паднал на земја, а напаѓачот продолжил да го удира со клоци по стомакот и нозете, се наведува во соопштението на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
Од таму нагласуваат дека кривичните дела од омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата ретко добиваат правен епилог и инсистираат на темелно постапување од страна на органите и целосно расчистување на случајот.
Треба да се има предвид дека игнорирањето на говорот и делата од омраза кон ЛГБТИ лицата и неказнивоста на сторителите на овие дела, води до продлабочување на недовербата во институциите, поради што многу вакви напади воопшто не се ни пријавуваат. Апелираме институциите еднакво да ги третираат сите граѓани во државата и да престанат да придонесуваат кон јакнење на дискриминацијата и насилството на кое се подложени сексуалните и родовите малцинства, стои во соопштението.
Ова е вторпат Асани да биде нападнат: https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tetovo-pretepan-lgbt-aktivist/  

The post ЛГБТИ активистот Беким Асани претепан додека бил на гробишта со мајка му appeared first on Република.

]]>