Безживотните тела на две лица биле извлечени по несреќата со гумен чамец со мигранти што во текот на ноќта се случи во близина на грчкиот остров Лезбос, додека пак на копно биле пронајдени осум живи лица, а едно е пренесено во болница, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, преживеаните рекле дека во чамецот се пренесувале околу 35-36 лица, а тргнале од турското крајбрежје.
Поради лошото време и силниот ветер, гумениот чамец бил турнат кон карпест дел на копното, од каде што успеале да се спасат осумтемина мигранти.
Во тек е спасувачка акција на копно на Крајбрежната служба на Грција за откривање на останатите лица, кои се превезувале во чамецот, а според проценките, успеале навреме да го напуштат.
The post Двајца загинати во несреќа со чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос appeared first on Република.
]]>The post Двајца загинати во несреќа со чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос appeared first on Република.
]]>Четворица мигранти се удавија во близина на грчкиот остров Лезбос додека се обидувале да го поминат морето од соседна Турција, соопшти денеска грчката крајбрежна стража, наведувајќи дека се спасени 18 мигранти.
Крајбрежната стража не објави повеќе детали за инцидентот.
Грција е една од главните влезни точки за мигрантите и бегалците од Блискиот Исток, Африка и Азија, кои се обидуваат да стигнат до Европа.
The post Четворица мигранти се удавија во близина на островот Лезбос, 18 се спасени appeared first on Република.
]]>The post Четворица мигранти се удавија во близина на островот Лезбос, 18 се спасени appeared first on Република.
]]>Во потонат чамец источно од грчкиот остров Лезбос, загинале 15 мигранти, а спасени се пет, додека во тек се две спасувачки акции на грчката крајбрежна служба, едната во близина на Лезбос, другата во близина на островот Китира, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од грчката крајбрежна служба, биле информирани за потонат чамец во близина на Лезбос, по што почнала акцијата, под тешки услови, поради лошото време и силниот ветер и биле извлечени безживотните тела на 15 лица, пет биле спасени, три лица се заглавени во карпест дел, а според изјавата на мигрантите, на чамецот имало околу 40 лица.
Во тек е спасувачка акција и во близина на островот Китира, каде што едрилица со мигранти удрила во карпа и преку бројот за итни случаи 112 доцна синоќа била побарана помош, а според грчката новинска агенција АНА-МПА веќе се спасени 80 лица.
The post Загинале 15 мигранти во потонат чамец во близина на грчкиот остров Лезбос appeared first on Република.
]]>The post Загинале 15 мигранти во потонат чамец во близина на грчкиот остров Лезбос appeared first on Република.
]]>Десетгодишно момче е приведено на грчкиот остров Лезбос откако било откриено дека подметнало пожари, пренесуваат медиумите во регионот.
Детето признало дека ги палело дрвјата во областа Агија Киријаки.
Како што пренесуваат грчките медиуми, момчето дало бизарен изговор за своето однесување при сослушувањето.
Палев затоа што сакам да ги гледам пожарникарите на работа- изјавило момчето.
Против него е поведена постапка.
Не е познато што се случило со родителите на момчето.
The post Десетгодишно момче подметнувало пожари на Лезбос, сакало да гледа како работат пожарникарите appeared first on Република.
]]>Палев затоа што сакам да ги гледам пожарникарите на работа- изјавило момчето.Против него е поведена постапка. Не е познато што се случило со родителите на момчето.
The post Десетгодишно момче подметнувало пожари на Лезбос, сакало да гледа како работат пожарникарите appeared first on Република.
]]>Бројот на загинати мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос, се зголеми на седум лица, откако спасувачкиот тим пронајде уште едно безживотно тело, јави дописничката на МИА од Атина.
Засега не постојат информации кога и под кои околности се превртил чамецот во кој се пренесувале лицата, кои веројатно од турското крајбрежје тргнале кон Лезбос, а непознат е и бројот на патници и дали има и други исчезнати.
Во понеделникот на брегот во југоисточниот дел на островот, беа пронајдени безживотните тела на шест лица, тројца мажи и три жени, кои се удавиле додека со чамец се упатувале кон Лезбос.
Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис завчера рече дека соработуваат со меѓународните организации за да се идентификуваат згинатите и да се известат нивните семејства и ја истакна потребата да се зајакне борбата против криумучарите, но и да се запрат нелегалните премини од Турција во Грција за бегалци и мигранти.
The post Пронајдено уште едно безживотно тело на грчкиот остров Лезбос appeared first on Република.
]]>The post Пронајдено уште едно безживотно тело на грчкиот остров Лезбос appeared first on Република.
]]>