лежалки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lezalki/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 10:16:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лежалки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lezalki/ 32 32 Ќе платите 250 евра ако си ги сакате назад столиците и крпите оставени по плажите во Шпанија https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ke-platite-250-evra-ako-si-gi-sakate-nazad-stolitsite-i-krpite-ostaveni-po-plazhite-vo-shpanija/ Thu, 22 Aug 2024 17:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=807120

Шпанската полиција ги засили контролите на плажите и почна да ги одзема столовите, лежалките и чадорите што туристите ги оставаат на плажата за да си резервираат место. Сите запленети работи се носат во локалната полициска станица, а туристите подоцна треба да платат 250 евра за да си ги вратат.

Законите во крајбрежните области на Шпанија и локациите како што се Балеарските и Канарските Острови забрануваат поставување на крпи и лежалки пред 9 часот бидејќи пречат во редовното чистење и одржување на плажите, кое таму се случува секое утро.

Во фејсбук-групите посветени на шпанскиот туризам, корисниците, посебно Шпанците, позитивно одговараат на овие акции.

Добро е што оваа практика која се спроведува долги години, почна да биде регулирана од градските совети. Не е нормално да се дојде на плажа во 10 часот наутро и да видете дека и вториот ред на плажата е полн, а наоколу нема никој. Сите или спијат или појадуваат дома, а друг не може да ужива во тоа време, напишале мештаните.

Новите правила се само еден од потезите во „војната“ на Шпанија против туристите, а неодамна избувнаа и големи протести на граѓаните од туристичките места како Барселона и Мајорка.

The post Ќе платите 250 евра ако си ги сакате назад столиците и крпите оставени по плажите во Шпанија appeared first on Република.

]]>

Шпанската полиција ги засили контролите на плажите и почна да ги одзема столовите, лежалките и чадорите што туристите ги оставаат на плажата за да си резервираат место. Сите запленети работи се носат во локалната полициска станица, а туристите подоцна треба да платат 250 евра за да си ги вратат. Законите во крајбрежните области на Шпанија и локациите како што се Балеарските и Канарските Острови забрануваат поставување на крпи и лежалки пред 9 часот бидејќи пречат во редовното чистење и одржување на плажите, кое таму се случува секое утро. Во фејсбук-групите посветени на шпанскиот туризам, корисниците, посебно Шпанците, позитивно одговараат на овие акции.
Добро е што оваа практика која се спроведува долги години, почна да биде регулирана од градските совети. Не е нормално да се дојде на плажа во 10 часот наутро и да видете дека и вториот ред на плажата е полн, а наоколу нема никој. Сите или спијат или појадуваат дома, а друг не може да ужива во тоа време, напишале мештаните.
Новите правила се само еден од потезите во „војната“ на Шпанија против туристите, а неодамна избувнаа и големи протести на граѓаните од туристичките места како Барселона и Мајорка.

The post Ќе платите 250 евра ако си ги сакате назад столиците и крпите оставени по плажите во Шпанија appeared first on Република.

]]>
Лежалките се најевтини во Турција, во Италија чинат колку цел одмор https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/lezhalkite-se-najevtini-vo-turtsija-vo-italija-chinat-kolku-tsel-odmor/ Wed, 24 Jul 2024 12:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=799863

Порталот „Бетвеј казино“ го открива најскапото место за изнајмување лежалки. Се работи за клубот „Ариенцо бич“ во Италија, каде што ова задоволство може да чини и до 350 евра на ден.

Анализата опфаќа над 130 популарни барови на плажа и над 60 јавни плажи ширум светот. Така, „Ариенцо бич“ се наоѓа на брегот на градот Амалфи, јужна Италија, а до него се доаѓа само со брод. На цената, се верува, влијае и туристичкото место Позитано. На топ-листата, Позитано, со островите Ли Гали во близина, го има и одморалиштето „Ла Скољера“, коешто е на второто место... Изнајмување лежалка тука чини 250 евра дневно.

На место бр. 3 е барот на плажата „Алила мареа бич“ во Калифорнија, САД, каде што лежалка чини 230 долари на ден. Амалфи го зафати и четвртото место со „Уан фајр“ - 200 евра дневно, а петти - со цена од 190 евра, е Пловечкиот бар на плажа „Јона“ во Тајланд.

Од друга страна, пак, најприфатливи, т.е. најевтини барови на плажа за изнајмување лежалки може да се најдат во Турција. Во клубовите „Ксума бич“ и „Додо бич“, на пр., се плаќаат 1,43 евра дневно за користење лежалка. Тука некаде е повторно Тајланд - со клубот „Парадајз бич“ каде што лежалка чини пет евра за еднодневно користење.

The post Лежалките се најевтини во Турција, во Италија чинат колку цел одмор appeared first on Република.

]]>

Порталот „Бетвеј казино“ го открива најскапото место за изнајмување лежалки. Се работи за клубот „Ариенцо бич“ во Италија, каде што ова задоволство може да чини и до 350 евра на ден. Анализата опфаќа над 130 популарни барови на плажа и над 60 јавни плажи ширум светот. Така, „Ариенцо бич“ се наоѓа на брегот на градот Амалфи, јужна Италија, а до него се доаѓа само со брод. На цената, се верува, влијае и туристичкото место Позитано. На топ-листата, Позитано, со островите Ли Гали во близина, го има и одморалиштето „Ла Скољера“, коешто е на второто место... Изнајмување лежалка тука чини 250 евра дневно. На место бр. 3 е барот на плажата „Алила мареа бич“ во Калифорнија, САД, каде што лежалка чини 230 долари на ден. Амалфи го зафати и четвртото место со „Уан фајр“ - 200 евра дневно, а петти - со цена од 190 евра, е Пловечкиот бар на плажа „Јона“ во Тајланд. Од друга страна, пак, најприфатливи, т.е. најевтини барови на плажа за изнајмување лежалки може да се најдат во Турција. Во клубовите „Ксума бич“ и „Додо бич“, на пр., се плаќаат 1,43 евра дневно за користење лежалка. Тука некаде е повторно Тајланд - со клубот „Парадајз бич“ каде што лежалка чини пет евра за еднодневно користење.

The post Лежалките се најевтини во Турција, во Италија чинат колку цел одмор appeared first on Република.

]]>
Жени се истепаа за лежалка https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/zheni-se-istepaa-za-lezhalka/ Tue, 16 Jul 2024 13:09:55 +0000 https://republika.mk/?p=797415

Кавга околу лежалките во првиот ред до морето доведе до тепачка помеѓу две жени. Инцидентот се случил на плажата Варкатуро, во близина на Неапол, Италија.

По првичното туркање, неименуваните жени почнале да се кубат за коса. Присутните прво се обиделе да ги разделат, но на крај и тие почнале физички да се пресметуваат, за во еден момент да не се знае кој кого тепа. На крај се вклучиле и спасувачите.

Видеото од тепачката го сподели италијанскиот пратеник Франческо Емилио Борели, кој на крајот побарал од локалните власти остра реакција на оваа пресметка, бидејќи, според него, била загрозена јавната безбедност.

Било потребно повеќе од половина час за да се смири конфликтот. Се соочуваме со вртлог на слепо и немотивирано насилство на кое никој не е имун. Тепачка на жени среде бел ден, пред семејствата и децата. За што? Лежалки покрај морето. Бараме жените кои учествувале во тепачката да се идентификуваат и да се казнат, напишал Емилио меѓу останатото во својата објава.

The post Жени се истепаа за лежалка appeared first on Република.

]]>

Кавга околу лежалките во првиот ред до морето доведе до тепачка помеѓу две жени. Инцидентот се случил на плажата Варкатуро, во близина на Неапол, Италија. По првичното туркање, неименуваните жени почнале да се кубат за коса. Присутните прво се обиделе да ги разделат, но на крај и тие почнале физички да се пресметуваат, за во еден момент да не се знае кој кого тепа. На крај се вклучиле и спасувачите. Видеото од тепачката го сподели италијанскиот пратеник Франческо Емилио Борели, кој на крајот побарал од локалните власти остра реакција на оваа пресметка, бидејќи, според него, била загрозена јавната безбедност.
Било потребно повеќе од половина час за да се смири конфликтот. Се соочуваме со вртлог на слепо и немотивирано насилство на кое никој не е имун. Тепачка на жени среде бел ден, пред семејствата и децата. За што? Лежалки покрај морето. Бараме жените кои учествувале во тепачката да се идентификуваат и да се казнат, напишал Емилио меѓу останатото во својата објава.

The post Жени се истепаа за лежалка appeared first on Република.

]]>
Дронови ја надлетуваат Грција, досега се исплатени 350.000 евра за нелегалните лежалки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dronovi-ja-nadletuvaat-grtsija-dosega-se-isplateni-350-000-evra-za-nelegalnite-lezhalki/ Thu, 11 Jul 2024 09:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=795711

Официјалните лица неодамна суспендираа три „нелиценцирани“ плажи поради поставување лежалки и работа без соодветен договор, соопшти Министерството за економија во Грција.

Властите истражија „повеќе од 1.000 поплаки“ од јавноста на туристичките места како што се островот Крф, полуостровот Халкидики и Атика, регионот околу Атина, во обид да се справат со прекумерниот туризам.

Минатата година Грција ја посетиле рекордни 33 милиони луѓе, пет милиони повеќе отколку во 2022 година.

Дроновите летаат над Атина за надзор, а се користат сателитски снимки и специјална апликација „MiCoast“ каде луѓето можат да го споделат своето искуство од плажа или да се пожалат.

Грците, исто така, може да се повикаат на земјишниот регистар за да пријават незаконско окупирање на плажите.

Според новите правила воведени во март, чадорите и лежалките мора да бидат оддалечени најмалку четири метри од морето. А на плажите кои имаат помалку од четири метри песок не е дозволено изнајмување.

Повеќето казни се ограничени на лежалки и чадори кои заземаат премногу простор на плажата, соопшти владата.

Како резултат на тоа, за само пет дена беа издадени казни во вредност од околу 350.000 евра, соопшти владата во понеделникот.

Грчката влада презеде акција откако локалното население на југоисточниот остров Парос започна протести наречени „движење пешкир“, барајќи слободен, неоптоварен пристап до морскиот брег.

Демонстрантите го осудија присвојувањето на многу плажи од страна на деловните субјекти кои поставуваат чадори и лежалки за изнајмување во текот на денот, некои по многу високи цени.

Нашата цел е да ја заштитиме животната средина и правото на граѓаните на слободен пристап до плажата и да го зачуваме нашиот туристички производ, како и здравото претприемништво, се вели во изјавата на министерот за економија Костис Хацидакис.

Беспилотни летала ќе летаат над познатите острови Киклади и Додеканези, во близина на турскиот брег, во следните неколку дена за да ги означат можните прекршувања, пренесува Метро.

The post Дронови ја надлетуваат Грција, досега се исплатени 350.000 евра за нелегалните лежалки appeared first on Република.

]]>

Официјалните лица неодамна суспендираа три „нелиценцирани“ плажи поради поставување лежалки и работа без соодветен договор, соопшти Министерството за економија во Грција. Властите истражија „повеќе од 1.000 поплаки“ од јавноста на туристичките места како што се островот Крф, полуостровот Халкидики и Атика, регионот околу Атина, во обид да се справат со прекумерниот туризам. Минатата година Грција ја посетиле рекордни 33 милиони луѓе, пет милиони повеќе отколку во 2022 година. Дроновите летаат над Атина за надзор, а се користат сателитски снимки и специјална апликација „MiCoast“ каде луѓето можат да го споделат своето искуство од плажа или да се пожалат. Грците, исто така, може да се повикаат на земјишниот регистар за да пријават незаконско окупирање на плажите. Според новите правила воведени во март, чадорите и лежалките мора да бидат оддалечени најмалку четири метри од морето. А на плажите кои имаат помалку од четири метри песок не е дозволено изнајмување. Повеќето казни се ограничени на лежалки и чадори кои заземаат премногу простор на плажата, соопшти владата. Како резултат на тоа, за само пет дена беа издадени казни во вредност од околу 350.000 евра, соопшти владата во понеделникот. Грчката влада презеде акција откако локалното население на југоисточниот остров Парос започна протести наречени „движење пешкир“, барајќи слободен, неоптоварен пристап до морскиот брег. Демонстрантите го осудија присвојувањето на многу плажи од страна на деловните субјекти кои поставуваат чадори и лежалки за изнајмување во текот на денот, некои по многу високи цени. Нашата цел е да ја заштитиме животната средина и правото на граѓаните на слободен пристап до плажата и да го зачуваме нашиот туристички производ, како и здравото претприемништво, се вели во изјавата на министерот за економија Костис Хацидакис. Беспилотни летала ќе летаат над познатите острови Киклади и Додеканези, во близина на турскиот брег, во следните неколку дена за да ги означат можните прекршувања, пренесува Метро.

The post Дронови ја надлетуваат Грција, досега се исплатени 350.000 евра за нелегалните лежалки appeared first on Република.

]]>
Платиле „ол инклузив“ во Охрид, ама хотелот пак им наплаќа лежалки и влез на базен https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/platile-ol-inkluziv-vo-ohrid-ama-hotelot-pak-im-naplaka-lezhalki-i-vlez-na-bazen/ Tue, 09 Jul 2024 08:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=794837

Дел од хотелите на охридското крајбрежје кои имаат сопствени плажи наплаќаат за лежалки и на своите гости сместени во хотелот, пренесува „Скопје инфо“, пренесувајќи поплаки од туристи сместени во хотел со „ол инклузив“ услуга.

Бевме изненадени кога ни побараа да ни наплатат за лежалките на хотелската плажа, а бевме сместени во хотелот на база „all inclusive“. За нас, цената за една лежалка е 150 денари, додека за другите гости 300 денари. Се наплаќа и влезот за хотелскиот базен, реагира една гостинка на познат хотел во Охрид.

Додава дека не е во ред, затоа што се подразбира дека кога сте сместени во хотел дека бесплано ќе ја користите и плажата во склоп на хотелот, и/или базенот.

Повеќе на „Скопје инфо

The post Платиле „ол инклузив“ во Охрид, ама хотелот пак им наплаќа лежалки и влез на базен appeared first on Република.

]]>

Дел од хотелите на охридското крајбрежје кои имаат сопствени плажи наплаќаат за лежалки и на своите гости сместени во хотелот, пренесува „Скопје инфо“, пренесувајќи поплаки од туристи сместени во хотел со „ол инклузив“ услуга. Бевме изненадени кога ни побараа да ни наплатат за лежалките на хотелската плажа, а бевме сместени во хотелот на база „all inclusive“. За нас, цената за една лежалка е 150 денари, додека за другите гости 300 денари. Се наплаќа и влезот за хотелскиот базен, реагира една гостинка на познат хотел во Охрид. Додава дека не е во ред, затоа што се подразбира дека кога сте сместени во хотел дека бесплано ќе ја користите и плажата во склоп на хотелот, и/или базенот. Повеќе на „Скопје инфо

The post Платиле „ол инклузив“ во Охрид, ама хотелот пак им наплаќа лежалки и влез на базен appeared first on Република.

]]>
„На 110 евра дневно и за ова ли треба да плаќам?“: Туристите во Црна Гора се жалат на скапотијата https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/na-110-evra-dnevno-i-za-ova-li-treba-da-plakam-turistite-vo-tsrna-gora-se-zhalat-na-skapotijata/ Mon, 13 May 2024 14:00:21 +0000 https://republika.mk/?p=777577

Граѓаните кои планираат да го поминат летувањето покрај црногорското приморје, ќе мора во буџетот да ги планираат и дневните наплати за паркинг место, без разлика што ќе престојуваат во хотел. Истото важи и за плаќањето на лежалки и чадори на плажа, без разлика што таа припаѓа на хотелот. За двете ставки треба да одвоите од 10 до 15 евра дневно, пренесува „Новости“.

За жал, ваквата практика на хотелиерите не е нова, а според директорот на Националната асоцијација на туристички агенции (ЈУТА), Александар Сеничиќ, не се ни крие.

Црна Гора има голем проблем со недостигот на паркинг места во текот на сезоната. Конкретно, на Словенска плажа во Будва одамна е актуелно плаќањето паркинг место, бидејќи има 400 соби, а хотелите користат дел од јавниот паркинг. Тие закупуваат само по дваесетина места за гостите, објаснува тој.

Според Сеничиќ, тоа е пракса секаде во светот, иако туристите сметаат дека паркингот на повеќе места е вклучен во цената.

Патниците често се изненадени, но во општите услови хотелот наведува што е вклучено во цената. Како одговорен купувач, туристот треба да ја прочита програмата пред да склучи договор со агенцијата, смета Сеничиќ.

Кога станува збор за користењето на лежалки и чадори, хотелиерите повторно мораат да изнајмат дел од плажата поради пребукирање. А, според Сеничиќ, за да ги вратат вложените пари - ќе ги бараат од туристите.

За 110 евра дневно колку што го плаќам хотелот, очекував барем бесплатно и да не го носам паричникот на плажа за да платам лежалки, се пожали Маја С, жителка на Белград.

Таа непријатно се изненадила кога сфатила дека и покрај „ол инклузив“ пакетот во еден од луксузните хотели во Будва, во него не е вклучен паркингот или бесплатно користење на лежалки на плажа.

The post „На 110 евра дневно и за ова ли треба да плаќам?“: Туристите во Црна Гора се жалат на скапотијата appeared first on Република.

]]>

Граѓаните кои планираат да го поминат летувањето покрај црногорското приморје, ќе мора во буџетот да ги планираат и дневните наплати за паркинг место, без разлика што ќе престојуваат во хотел. Истото важи и за плаќањето на лежалки и чадори на плажа, без разлика што таа припаѓа на хотелот. За двете ставки треба да одвоите од 10 до 15 евра дневно, пренесува „Новости“. За жал, ваквата практика на хотелиерите не е нова, а според директорот на Националната асоцијација на туристички агенции (ЈУТА), Александар Сеничиќ, не се ни крие.
Црна Гора има голем проблем со недостигот на паркинг места во текот на сезоната. Конкретно, на Словенска плажа во Будва одамна е актуелно плаќањето паркинг место, бидејќи има 400 соби, а хотелите користат дел од јавниот паркинг. Тие закупуваат само по дваесетина места за гостите, објаснува тој.
Според Сеничиќ, тоа е пракса секаде во светот, иако туристите сметаат дека паркингот на повеќе места е вклучен во цената.
Патниците често се изненадени, но во општите услови хотелот наведува што е вклучено во цената. Како одговорен купувач, туристот треба да ја прочита програмата пред да склучи договор со агенцијата, смета Сеничиќ.
Кога станува збор за користењето на лежалки и чадори, хотелиерите повторно мораат да изнајмат дел од плажата поради пребукирање. А, според Сеничиќ, за да ги вратат вложените пари - ќе ги бараат од туристите.
За 110 евра дневно колку што го плаќам хотелот, очекував барем бесплатно и да не го носам паричникот на плажа за да платам лежалки, се пожали Маја С, жителка на Белград.
Таа непријатно се изненадила кога сфатила дека и покрај „ол инклузив“ пакетот во еден од луксузните хотели во Будва, во него не е вклучен паркингот или бесплатно користење на лежалки на плажа.

The post „На 110 евра дневно и за ова ли треба да плаќам?“: Туристите во Црна Гора се жалат на скапотијата appeared first on Република.

]]>
Туристите ќе пријавуваат ако има премногу лежалки на грчките плажи https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/turistite-ke-prijavuvaat-ako-ima-premnogu-lezhalki-na-grchkite-plazhi/ Tue, 05 Mar 2024 18:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=751388

По ланското движење на граѓани за слободни плажи и против нелегално поставените лежалки и чадори од баровите, кое од островот Парос се прошири и во други делови на Грција, сега, грчката Влада изгласа нов закон, а премиерот Кирјакос Мицотакис најави дека ќе се стави ред на плажите, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку видео објавено на Тик Ток, Мицотакис детално и практично објаснува што предвидува и што не предвидува новиот закон што веќе доби зелено светло од Парламентот.

За она што го гледавме, одиш на организирана плажа и е преполна со лежалки, сега обезбедуваме дека 70 отсто од површината на плажата треба да биде слободна и ќе треба да постои минимално растојание од четири метри од морето до првиот ред лежалки, за да го немаме повеќе она кога лежалките всушност се во вода, рече Мицотакис.

Објасни дека за плажите што се во заштитените области Натура, наместо 70, ќе треба да биде слободна 85 отсто од површината, односно лежалки и чадори ќе биде дозволено да бидат поставени на само 15 отсто од плажата.

Дополнително, како што рече, за првпат се воведуваат и т.н. „негазени плажи“ со посебна еколошка вредност каде не се дозволени лежалки или воопшто каква било експлоатација.

За да се добие лиценца за користење на плажа, задолжително ќе биде учеството на електронска лицитација, а по добивањето, концесионерот ќе биде обврзан да ја чисти плажата, да обезбеди пристап за лица со инвалидитети и да постои спасувач.

Изгласавме нов закон кој става ред на нашите плажи и во суштина прави три работи: обезбедуваме слободен пристап на сите плажи за сите, користиме нови технологии како за тендерите за плажите, така и за контролите и воведуваме построи казни за оние кои го прекршуваат законот, рече грчкиот премиер.

Во однос на спроведувањето на законот, истакна дека ќе има многу поинтензивни контроли и построги казни за прекршувачите.

Прво, многу повеќе контроли и употреба на технологијата. Ако видите некој дрон да лета над плажа може да е во рамките на контролите што ќе ги спроведуваме. Второ, вие самите ќе ни помогнете да го спроведеме законот. Како? Преку специјална апликација на која јасно ќе се гледа на кое место од плажата и на колкав дел ќе може да се постават чадори и лежалки. А ако концесионерот, на кој било начин го прекршил законот, да ни го пријавите тоа. Да ни кажете и ние ќе спроведеме контроли. И на крај, зголемување на казните. Доста високо за да знаат сите дека ќе постојат, не само строги екномски последици, туку дури и затворање на бизнисот што ќе го прекрши законот, порача грчкиот премиер.

Посочи дека законот не се однесува на урбанистичко планирање и условите за градба, а задолжителното растојанието од 50 метри од крајбрежјето за градење не се менува.

Засега толку и чекаме да дојде летото за да уживаме во многу послободните наши плажи, рече Мицотакис на крајот од видеото на Тик Ток, кое како и секогаш кога објавува на конкретната социјална мрежа е во поопуштена атмосфера и со поопуштен тон.

Лани, во текот на летото, поголема група граѓани, жители на грчкиот остров Парос, Грци, но и странци, го кренаа својот глас против нелегално „окупираните“ плажи со лежалки и чадори од баровите, надвор од законски одредениот простор со концесиите, одржаа низа протести на плажите, нешто што веројатно се случи прв пат во земјата, а еден од членовите на Движењето за слободни плажи, тогаш, за МИА рече дека нивното барање е едноставно: да се спроведе законот.

Движењето на граѓани од островот Парос кои бараат слободни плажи, веќе извесен период е главна тема во Грција, од Кикладскиот остров иницијативата веќе почнува да се шири и во други делови на

Движењето на граѓани за слободни плажи од Парос, поттикна граѓани низ цела Грција да организираат идентични активности за да побараат спроведување на законот што се однесува на доделените концесии за бич баровите на плажите.

The post Туристите ќе пријавуваат ако има премногу лежалки на грчките плажи appeared first on Република.

]]>

По ланското движење на граѓани за слободни плажи и против нелегално поставените лежалки и чадори од баровите, кое од островот Парос се прошири и во други делови на Грција, сега, грчката Влада изгласа нов закон, а премиерот Кирјакос Мицотакис најави дека ќе се стави ред на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. Преку видео објавено на Тик Ток, Мицотакис детално и практично објаснува што предвидува и што не предвидува новиот закон што веќе доби зелено светло од Парламентот.
За она што го гледавме, одиш на организирана плажа и е преполна со лежалки, сега обезбедуваме дека 70 отсто од површината на плажата треба да биде слободна и ќе треба да постои минимално растојание од четири метри од морето до првиот ред лежалки, за да го немаме повеќе она кога лежалките всушност се во вода, рече Мицотакис.
Објасни дека за плажите што се во заштитените области Натура, наместо 70, ќе треба да биде слободна 85 отсто од површината, односно лежалки и чадори ќе биде дозволено да бидат поставени на само 15 отсто од плажата. Дополнително, како што рече, за првпат се воведуваат и т.н. „негазени плажи“ со посебна еколошка вредност каде не се дозволени лежалки или воопшто каква било експлоатација. За да се добие лиценца за користење на плажа, задолжително ќе биде учеството на електронска лицитација, а по добивањето, концесионерот ќе биде обврзан да ја чисти плажата, да обезбеди пристап за лица со инвалидитети и да постои спасувач.
Изгласавме нов закон кој става ред на нашите плажи и во суштина прави три работи: обезбедуваме слободен пристап на сите плажи за сите, користиме нови технологии како за тендерите за плажите, така и за контролите и воведуваме построи казни за оние кои го прекршуваат законот, рече грчкиот премиер.
Во однос на спроведувањето на законот, истакна дека ќе има многу поинтензивни контроли и построги казни за прекршувачите.
Прво, многу повеќе контроли и употреба на технологијата. Ако видите некој дрон да лета над плажа може да е во рамките на контролите што ќе ги спроведуваме. Второ, вие самите ќе ни помогнете да го спроведеме законот. Како? Преку специјална апликација на која јасно ќе се гледа на кое место од плажата и на колкав дел ќе може да се постават чадори и лежалки. А ако концесионерот, на кој било начин го прекршил законот, да ни го пријавите тоа. Да ни кажете и ние ќе спроведеме контроли. И на крај, зголемување на казните. Доста високо за да знаат сите дека ќе постојат, не само строги екномски последици, туку дури и затворање на бизнисот што ќе го прекрши законот, порача грчкиот премиер.
Посочи дека законот не се однесува на урбанистичко планирање и условите за градба, а задолжителното растојанието од 50 метри од крајбрежјето за градење не се менува.
Засега толку и чекаме да дојде летото за да уживаме во многу послободните наши плажи, рече Мицотакис на крајот од видеото на Тик Ток, кое како и секогаш кога објавува на конкретната социјална мрежа е во поопуштена атмосфера и со поопуштен тон.
Лани, во текот на летото, поголема група граѓани, жители на грчкиот остров Парос, Грци, но и странци, го кренаа својот глас против нелегално „окупираните“ плажи со лежалки и чадори од баровите, надвор од законски одредениот простор со концесиите, одржаа низа протести на плажите, нешто што веројатно се случи прв пат во земјата, а еден од членовите на Движењето за слободни плажи, тогаш, за МИА рече дека нивното барање е едноставно: да се спроведе законот. Движењето на граѓани од островот Парос кои бараат слободни плажи, веќе извесен период е главна тема во Грција, од Кикладскиот остров иницијативата веќе почнува да се шири и во други делови на Движењето на граѓани за слободни плажи од Парос, поттикна граѓани низ цела Грција да организираат идентични активности за да побараат спроведување на законот што се однесува на доделените концесии за бич баровите на плажите.

The post Туристите ќе пријавуваат ако има премногу лежалки на грчките плажи appeared first on Република.

]]>
Со нов закон Грција воведува ред на плажите за нелегално поставените лежалки и маси https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/so-nov-zakon-grtsija-voveduva-red-na-plazhite-za-nelegalno-postavenite-lezhalki-i-masi/ Tue, 05 Mar 2024 09:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=751389

По ланското движење на граѓани за слободни плажи и против нелегално поставените лежалки и чадори од баровите, кое од островот Парос се прошири и во други делови на Грција, сега, грчката Влада изгласа нов закон, а премиерот Кирјакос Мицотакис најави дека ќе се стави ред на плажите, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку видео објавено на Тик Ток, Мицотакис детално и практично објаснува што предвидува и што не предвидува новиот закон што веќе доби зелено светло од Парламентот.

За она што го гледавме, одиш на организирана плажа и е преполна со лежалки, сега обезбедуваме дека 70 отсто од површината на плажата треба да биде слободна и ќе треба да постои минимално растојание од четири метри од морето до првиот ред лежалки, за да го немаме повеќе она кога лежалките всушност се во вода, рече Мицотакис.

Објасни дека за плажите што се во заштитените области Натура, наместо 70, ќе треба да биде слободна 85 отсто од површината, односно лежалки и чадори ќе биде дозволено да бидат поставени на само 15 отсто од плажата.

Дополнително, како што рече, за првпат се воведуваат и т.н. „негазени плажи“ со посебна еколошка вредност каде не се дозволени лежалки или воопшто каква било експлоатација.

За да се добие лиценца за користење на плажа, задолжително ќе биде учеството на електронска лицитација, а по добивањето, концесионерот ќе биде обврзан да ја чисти плажата, да обезбеди пристап за лица со инвалидитети и да постои спасувач.

-Изгласавме нов закон кој става ред на нашите плажи и во суштина прави три работи: обезбедуваме слободен пристап на сите плажи за сите, користиме нови технологии како за тендерите за плажите, така и за контролите и воведуваме построи казни за оние кои го прекршуваат законот, рече грчкиот премиер.

Во однос на спроведувањето на законот, истакна дека ќе има многу поинтензивни контроли и построги казни за прекршувачите.

– Прво, многу повеќе контроли и употреба на технологијата. Ако видите некој дрон да лета над плажа може да е во рамките на контролите што ќе ги спроведуваме. Второ, вие самите ќе ни помогнете да го спроведеме законот. Како? Преку специјална апликација на која јасно ќе се гледа на кое место од плажата и на колкав дел ќе може да се постават чадори и лежалки. А ако концесионерот, на кој било начин го прекршил законот, да ни го пријавите тоа. Да ни кажете и ние ќе спроведеме контроли. И на крај, зголемување на казните. Доста високо за да знаат сите дека ќе постојат, не само строги екномски последици, туку дури и затворање на бизнисот што ќе го прекрши законот, порача грчкиот премиер.

Посочи дека законот не се однесува на урбанистичко планирање и условите за градба, а задолжителното растојанието од 50 метри од крајбрежјето за градење не се менува.

-Засега толку и чекаме да дојде летото за да уживаме во многу послободните наши плажи, рече Мицотакис на крајот од видеото на Тик Ток, кое како и секогаш кога објавува на конкретната социјална мрежа е во поопуштена атмосфера и со поопуштен тон.

Лани, во текот на летото, поголема група граѓани, жители на грчкиот остров Парос, Грци, но и странци, го кренаа својот глас против нелегално „окупираните“ плажи со лежалки и чадори од баровите, надвор од законски одредениот простор со концесиите, одржаа низа протести на плажите, нешто што веројатно се случи прв пат во земјата, а еден од членовите на Движењето за слободни плажи, тогаш, за МИА рече дека нивното барање е едноставно: да се спроведе законот.

Движењето на граѓани од островот Парос кои бараат слободни плажи, веќе извесен период е главна тема во Грција, од Кикладскиот остров иницијативата веќе почнува да се шири и во други делови на

Движењето на граѓани за слободни плажи од Парос, поттикна граѓани низ цела Грција да организираат идентични активности за да побараат спроведување на законот што се однесува на доделените концесии за бич баровите на плажите.

The post Со нов закон Грција воведува ред на плажите за нелегално поставените лежалки и маси appeared first on Република.

]]>

По ланското движење на граѓани за слободни плажи и против нелегално поставените лежалки и чадори од баровите, кое од островот Парос се прошири и во други делови на Грција, сега, грчката Влада изгласа нов закон, а премиерот Кирјакос Мицотакис најави дека ќе се стави ред на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. Преку видео објавено на Тик Ток, Мицотакис детално и практично објаснува што предвидува и што не предвидува новиот закон што веќе доби зелено светло од Парламентот. За она што го гледавме, одиш на организирана плажа и е преполна со лежалки, сега обезбедуваме дека 70 отсто од површината на плажата треба да биде слободна и ќе треба да постои минимално растојание од четири метри од морето до првиот ред лежалки, за да го немаме повеќе она кога лежалките всушност се во вода, рече Мицотакис. Објасни дека за плажите што се во заштитените области Натура, наместо 70, ќе треба да биде слободна 85 отсто од површината, односно лежалки и чадори ќе биде дозволено да бидат поставени на само 15 отсто од плажата. Дополнително, како што рече, за првпат се воведуваат и т.н. „негазени плажи“ со посебна еколошка вредност каде не се дозволени лежалки или воопшто каква било експлоатација. За да се добие лиценца за користење на плажа, задолжително ќе биде учеството на електронска лицитација, а по добивањето, концесионерот ќе биде обврзан да ја чисти плажата, да обезбеди пристап за лица со инвалидитети и да постои спасувач. -Изгласавме нов закон кој става ред на нашите плажи и во суштина прави три работи: обезбедуваме слободен пристап на сите плажи за сите, користиме нови технологии како за тендерите за плажите, така и за контролите и воведуваме построи казни за оние кои го прекршуваат законот, рече грчкиот премиер. Во однос на спроведувањето на законот, истакна дека ќе има многу поинтензивни контроли и построги казни за прекршувачите. – Прво, многу повеќе контроли и употреба на технологијата. Ако видите некој дрон да лета над плажа може да е во рамките на контролите што ќе ги спроведуваме. Второ, вие самите ќе ни помогнете да го спроведеме законот. Како? Преку специјална апликација на која јасно ќе се гледа на кое место од плажата и на колкав дел ќе може да се постават чадори и лежалки. А ако концесионерот, на кој било начин го прекршил законот, да ни го пријавите тоа. Да ни кажете и ние ќе спроведеме контроли. И на крај, зголемување на казните. Доста високо за да знаат сите дека ќе постојат, не само строги екномски последици, туку дури и затворање на бизнисот што ќе го прекрши законот, порача грчкиот премиер. Посочи дека законот не се однесува на урбанистичко планирање и условите за градба, а задолжителното растојанието од 50 метри од крајбрежјето за градење не се менува. -Засега толку и чекаме да дојде летото за да уживаме во многу послободните наши плажи, рече Мицотакис на крајот од видеото на Тик Ток, кое како и секогаш кога објавува на конкретната социјална мрежа е во поопуштена атмосфера и со поопуштен тон. Лани, во текот на летото, поголема група граѓани, жители на грчкиот остров Парос, Грци, но и странци, го кренаа својот глас против нелегално „окупираните“ плажи со лежалки и чадори од баровите, надвор од законски одредениот простор со концесиите, одржаа низа протести на плажите, нешто што веројатно се случи прв пат во земјата, а еден од членовите на Движењето за слободни плажи, тогаш, за МИА рече дека нивното барање е едноставно: да се спроведе законот. Движењето на граѓани од островот Парос кои бараат слободни плажи, веќе извесен период е главна тема во Грција, од Кикладскиот остров иницијативата веќе почнува да се шири и во други делови на Движењето на граѓани за слободни плажи од Парос, поттикна граѓани низ цела Грција да организираат идентични активности за да побараат спроведување на законот што се однесува на доделените концесии за бич баровите на плажите.

The post Со нов закон Грција воведува ред на плажите за нелегално поставените лежалки и маси appeared first on Република.

]]>
Грција воведува нови правила за користење на плажите: Помалку лежалки и чадори, повеќе грижа за природата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-voveduva-novi-pravila-za-koristene-na-plazhite-pomalku-lezhalki-i-chadori-poveke-grizha-za-prirodata/ Tue, 13 Feb 2024 10:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=743566

Грчкото Министерство за економија и финансии претстави нова рамка со која се регулираат плажите и бреговите, со цел да им се овозможи на граѓаните непречен пристап до ова јавно добро. Се чини дека со новиот закон Грција ќе им застане на патот на несовесните сопственици на локали, кои ја прошируваат зоната со лежалки и чадори и не се грижат да обезбедат безбеден премин до водата за сите посетители.

Блогот „Real Greek Experiences“ ги претставува главните новини на новиот закон, кој значително ќе влијае на искуствата на туристите кои летово ќе ја посетат Грција. Според него, грчката влада воведе нова платформа за е-аукции која ќе овозможи учество на тендери за закуп на дел од плажата, со цел транспарентност, ефикасност на процесот и воспоставување стандардизирани договори за концесија.

Тие јасно ќе наведат со кој дел од плажата располага закупецот, кои се неговите обврски, како и времетраењето и висината на закупот.
Победниците на тендерот ќе добијат право привремено да изнајмат дел од плажата, каде што ќе можат сезонски да изнајмуваат лежалки и чадори, како и да работат кафулиња и ресторани. Времетраењето на секој договор се одредува на најмногу три години.

The post Грција воведува нови правила за користење на плажите: Помалку лежалки и чадори, повеќе грижа за природата appeared first on Република.

]]>

Грчкото Министерство за економија и финансии претстави нова рамка со која се регулираат плажите и бреговите, со цел да им се овозможи на граѓаните непречен пристап до ова јавно добро. Се чини дека со новиот закон Грција ќе им застане на патот на несовесните сопственици на локали, кои ја прошируваат зоната со лежалки и чадори и не се грижат да обезбедат безбеден премин до водата за сите посетители. Блогот „Real Greek Experiences“ ги претставува главните новини на новиот закон, кој значително ќе влијае на искуствата на туристите кои летово ќе ја посетат Грција. Според него, грчката влада воведе нова платформа за е-аукции која ќе овозможи учество на тендери за закуп на дел од плажата, со цел транспарентност, ефикасност на процесот и воспоставување стандардизирани договори за концесија. Тие јасно ќе наведат со кој дел од плажата располага закупецот, кои се неговите обврски, како и времетраењето и висината на закупот. Победниците на тендерот ќе добијат право привремено да изнајмат дел од плажата, каде што ќе можат сезонски да изнајмуваат лежалки и чадори, како и да работат кафулиња и ресторани. Времетраењето на секој договор се одредува на најмногу три години.

The post Грција воведува нови правила за користење на плажите: Помалку лежалки и чадори, повеќе грижа за природата appeared first on Република.

]]>
Пола од плажата мора да е без лежалки – новиот грчки закон за плажите стапува во сила уште пролетва https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/pola-od-plazhata-mora-da-e-bez-lezhalki-noviot-grchki-zakon-za-plazhite-stapuva-vo-sila-ushte-proletva/ Wed, 07 Feb 2024 21:01:01 +0000 https://republika.mk/?p=741660

Министерството за национална економија и финансии на Грција воведе нов закон за регулирање на плажите и крајбрежниот јавен имот во Грција, според кој површината што може да се изнајми повеќе не може да надминува 50% од вкупната површина на плажата.  Според новиот закон, најмалку 50% од површината на плажата ќе мора да остане достапна за јавноста – значи, без приватни лежалки.

Имплементацијата почнува од оваа пролет, а новиот систем има за цел да го реши прашањето за приватно окупирање на јавните плажи. Грчкиот устав го признава крајбрежјето на земјата како јавно добро, обезбедувајќи им на граѓаните неограничен пристап во секое време.

Посебно, новиот закон нагласува аспекти како што се чистење на плажите, обезбедување услуги, пристап до објекти и присуство на спасители, забележува Real Greek Experiences.

Според новиот закон, концесионерите мора да го исполнуваат следново:

– да се обезбеди непречен и безбеден јавен премин на плажата и брегот, давајќи им приоритет на потребите на поединците со предизвици за движење.

– да се ограничи зафаќањето на одобреното подрачје со чадори, лежалки и опрема за рекреација на максимум 60% (30% за областите Натура) и одржување на слободна зона широка четири метри од брегот.

– плажата да биде секогаш чиста.

– јасно да се прикаже знак со информации за концесијата, вклучувајќи ги јавните и правата и обврските на концесионерот, со единствен QR код за секоја концесија.

– да се постават тушеви и соблекувални за јавна употреба.

– да се зачува еколошката рамнотежа на доделената површина.

– да се обезбеди присуство на спасители и поставување на патеки, освен ако тоа не е покриено од надлежната општина.

– да се отстрани мобилната опрема на крајот од секоја сезона, како и на крајот на концесијата и да се врати плажата во првобитната состојба.

Може да важат дополнителни обврски за концесионерите во зависност од конкретната плажа.

The post Пола од плажата мора да е без лежалки – новиот грчки закон за плажите стапува во сила уште пролетва appeared first on Република.

]]>

Министерството за национална економија и финансии на Грција воведе нов закон за регулирање на плажите и крајбрежниот јавен имот во Грција, според кој површината што може да се изнајми повеќе не може да надминува 50% од вкупната површина на плажата.  Според новиот закон, најмалку 50% од површината на плажата ќе мора да остане достапна за јавноста – значи, без приватни лежалки. Имплементацијата почнува од оваа пролет, а новиот систем има за цел да го реши прашањето за приватно окупирање на јавните плажи. Грчкиот устав го признава крајбрежјето на земјата како јавно добро, обезбедувајќи им на граѓаните неограничен пристап во секое време. Посебно, новиот закон нагласува аспекти како што се чистење на плажите, обезбедување услуги, пристап до објекти и присуство на спасители, забележува Real Greek Experiences. Според новиот закон, концесионерите мора да го исполнуваат следново: – да се обезбеди непречен и безбеден јавен премин на плажата и брегот, давајќи им приоритет на потребите на поединците со предизвици за движење. – да се ограничи зафаќањето на одобреното подрачје со чадори, лежалки и опрема за рекреација на максимум 60% (30% за областите Натура) и одржување на слободна зона широка четири метри од брегот. – плажата да биде секогаш чиста. – јасно да се прикаже знак со информации за концесијата, вклучувајќи ги јавните и правата и обврските на концесионерот, со единствен QR код за секоја концесија. – да се постават тушеви и соблекувални за јавна употреба. – да се зачува еколошката рамнотежа на доделената површина. – да се обезбеди присуство на спасители и поставување на патеки, освен ако тоа не е покриено од надлежната општина. – да се отстрани мобилната опрема на крајот од секоја сезона, како и на крајот на концесијата и да се врати плажата во првобитната состојба. Може да важат дополнителни обврски за концесионерите во зависност од конкретната плажа.

The post Пола од плажата мора да е без лежалки – новиот грчки закон за плажите стапува во сила уште пролетва appeared first on Република.

]]>
Две жени се истепале за – лежалки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dve-zheni-se-istepale-za-lezhalki/ Mon, 21 Aug 2023 16:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=674123

Тензиите околу поставените чадори и лежалки на плажите во туристичките места кулминираа годинава. Додека во Грција се кренаа протести за нелегално поставените лежалки, во хрватското село Пакоштане дојде до тепачка меѓу две жени.

Според информациите на „Слободна Далмација“, nа oбала „Петaр Крешимир“ 51-годишна жена го нарушила јавниот ред и мир октако вербално, а потоа и физички нападнала 33-годишна жена, чија мајка изнајмува лежалки.

Полициската управа на Задар наведува дека причина за конфликтот е расправија за лежалките за плажа. Поради ова 51-годишната жена „заработи“ обвинителен акт, пишува хрватскиот портал.

The post Две жени се истепале за – лежалки appeared first on Република.

]]>

Тензиите околу поставените чадори и лежалки на плажите во туристичките места кулминираа годинава. Додека во Грција се кренаа протести за нелегално поставените лежалки, во хрватското село Пакоштане дојде до тепачка меѓу две жени. Според информациите на „Слободна Далмација“, nа oбала „Петaр Крешимир“ 51-годишна жена го нарушила јавниот ред и мир октако вербално, а потоа и физички нападнала 33-годишна жена, чија мајка изнајмува лежалки. Полициската управа на Задар наведува дека причина за конфликтот е расправија за лежалките за плажа. Поради ова 51-годишната жена „заработи“ обвинителен акт, пишува хрватскиот портал.

The post Две жени се истепале за – лежалки appeared first on Република.

]]>
„Не го ранеше детето, туку сопругот“: Грчки газда ѝ врати на мајка што се жалеше на лоша услуга https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ne-go-raneshe-deteto-tuku-soprugot-grchki-gazda-vrati-na-majka-shto-se-zhaleshe-na-losha-usluga/ Sun, 20 Aug 2023 14:25:03 +0000 https://republika.mk/?p=672913

Мајка на социјалните мрежи се пожали дека вработените во барот на една плажа на Халкидики не ѝ дозволиле да го нахрани своето мало дете со храната што ја донела од дома.

Целата плажа е окупирана од барови. Не можете ни да дојдете на плажа ако не изнајмите лежалки или не седите во нивното кафуле. Имаме две мали деца и во хаосот го заборавивме чадорот. Немавме друг избор освен да платиме лежалки, се пожалила мајката.

Таа вели дека платиле 10 евра за изнајмувањето на лежалките, а порачале и пијалоци, но проблемот настанал кога ја извадила храната што ја донеле во фрижидерчето за да го нахрани детето.

Храната овде е очајна, па храната за децата ја носиме во фрижидерче. За ќерка ми направивме посебно јадење, а кога ме видоа како ја одвиткувам храната, веднаш пријдоа и направија проблем. На крајот грубо ми рекоа да одам во кола да го нахранам детето. Иако веќе плативме лежалки и сè, на крај порачавме од нивната очајна храна по прескапи цени, вели мајката додавајќи дека никогаш не доживеала таков „атак врз семејство“ во нејзиниот живот.

Не само што ви е забрането да лежите на пешкирот на плажа, додава таа, туку ви е забрането и да го нахраните детето и мора скапо да платите за нивните бајати плескавици.

Таа тврди дека била на работ да повика полиција кога вработен во барот ѝ рекол дека веќе им излегле доволно пресрет со тоа што им дозволиле да го донесат рачниот фрижидер на плажата на прво место.

Луѓе, лежалките ги плативме како од злато. Трагедија, ова никаде не сум го видела, напишамајката на Фејсбук и доби многу коментари за поддршка.

Но, набрзо се огласи и самиот сопственик на барот кој рече дека ситуацијата не е баш како што вели мајката. Тој тврди дека не е точно дека во нивното кафуле им прават проблем на родителите кои сакаат да ги прехранат децата.

Не само што не правиме проблем, туки и редовно им ја причувуваме храната што гостите ја донеле за своите малечки во нашите фрижидери, тврди сопственикот.

Запрашан што беше проблемот во овој случај, сопственикот тврди дека мајката воопшто не ги хранела децата.

Госпоѓата донесе лазањи во фрижидерот. Ни тоа не е спорно, но прво почна таа да јаде, а потоа и да го храни сопругот. Келнерот е должен да ги извести гостите дека возрасните не смеат да јадат храна што ја носат од надвор. Никогаш не правиме проблем околу децата, изјави сопственикот.

Извор: Курир.рс

The post „Не го ранеше детето, туку сопругот“: Грчки газда ѝ врати на мајка што се жалеше на лоша услуга appeared first on Република.

]]>

Мајка на социјалните мрежи се пожали дека вработените во барот на една плажа на Халкидики не ѝ дозволиле да го нахрани своето мало дете со храната што ја донела од дома.
Целата плажа е окупирана од барови. Не можете ни да дојдете на плажа ако не изнајмите лежалки или не седите во нивното кафуле. Имаме две мали деца и во хаосот го заборавивме чадорот. Немавме друг избор освен да платиме лежалки, се пожалила мајката.
Таа вели дека платиле 10 евра за изнајмувањето на лежалките, а порачале и пијалоци, но проблемот настанал кога ја извадила храната што ја донеле во фрижидерчето за да го нахрани детето.
Храната овде е очајна, па храната за децата ја носиме во фрижидерче. За ќерка ми направивме посебно јадење, а кога ме видоа како ја одвиткувам храната, веднаш пријдоа и направија проблем. На крајот грубо ми рекоа да одам во кола да го нахранам детето. Иако веќе плативме лежалки и сè, на крај порачавме од нивната очајна храна по прескапи цени, вели мајката додавајќи дека никогаш не доживеала таков „атак врз семејство“ во нејзиниот живот.
Не само што ви е забрането да лежите на пешкирот на плажа, додава таа, туку ви е забрането и да го нахраните детето и мора скапо да платите за нивните бајати плескавици. Таа тврди дека била на работ да повика полиција кога вработен во барот ѝ рекол дека веќе им излегле доволно пресрет со тоа што им дозволиле да го донесат рачниот фрижидер на плажата на прво место.
Луѓе, лежалките ги плативме како од злато. Трагедија, ова никаде не сум го видела, напишамајката на Фејсбук и доби многу коментари за поддршка.
Но, набрзо се огласи и самиот сопственик на барот кој рече дека ситуацијата не е баш како што вели мајката. Тој тврди дека не е точно дека во нивното кафуле им прават проблем на родителите кои сакаат да ги прехранат децата.
Не само што не правиме проблем, туки и редовно им ја причувуваме храната што гостите ја донеле за своите малечки во нашите фрижидери, тврди сопственикот.
Запрашан што беше проблемот во овој случај, сопственикот тврди дека мајката воопшто не ги хранела децата.
Госпоѓата донесе лазањи во фрижидерот. Ни тоа не е спорно, но прво почна таа да јаде, а потоа и да го храни сопругот. Келнерот е должен да ги извести гостите дека возрасните не смеат да јадат храна што ја носат од надвор. Никогаш не правиме проблем околу децата, изјави сопственикот.
Извор: Курир.рс

The post „Не го ранеше детето, туку сопругот“: Грчки газда ѝ врати на мајка што се жалеше на лоша услуга appeared first on Република.

]]>
Зголемени контроли на плажите во Грција за нелегално поставени лежалки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zgolemeni-kontroli-na-plazhite-vo-grtsija-za-nelegalno-postaveni-lezhalki/ Thu, 03 Aug 2023 07:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=668133

Граѓанското движење за слободни плажи, кое започна од островот Парос, брзо се прошири и на други грчки острови и бара отстранување на нелегално поставените лежалки од бич баровите и поголем слободен простор за граѓаните, донесе владина одлука за интензивирање на контролите на плажите, но и отстранување од плажи на три бизниси на Парос, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаѕидакис издал наредба за интензивирање на инспекциите на плажите, или по службена должност или по претставки од граѓаните, за да се обезбеди почитување на одредбите предвидени со договорите за концесија и за прекршителите да се воведат пропишаните санкции.

Според надлежното Министерство за време на инспекциите спроведени од 21 до 24 јули на островот Парос, по поднесените претставки од граѓаните за две плажи, биле констатирани значителни прекршоци и веднаш биле издадени протоколи за отстранување на три бизниси од конкретните плажи.

Хаѕидакис истакна дека нивната цел е да се почитуваат законите и потпишаните договори за плажите доделени од државата.

Оние кои не ја почитуваат содржината на соодветните договори нека знаат дека никого нема да поштедиме, порача министерот за национална економија и финансии на Грција.

The post Зголемени контроли на плажите во Грција за нелегално поставени лежалки appeared first on Република.

]]>

Граѓанското движење за слободни плажи, кое започна од островот Парос, брзо се прошири и на други грчки острови и бара отстранување на нелегално поставените лежалки од бич баровите и поголем слободен простор за граѓаните, донесе владина одлука за интензивирање на контролите на плажите, но и отстранување од плажи на три бизниси на Парос, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаѕидакис издал наредба за интензивирање на инспекциите на плажите, или по службена должност или по претставки од граѓаните, за да се обезбеди почитување на одредбите предвидени со договорите за концесија и за прекршителите да се воведат пропишаните санкции. Според надлежното Министерство за време на инспекциите спроведени од 21 до 24 јули на островот Парос, по поднесените претставки од граѓаните за две плажи, биле констатирани значителни прекршоци и веднаш биле издадени протоколи за отстранување на три бизниси од конкретните плажи. Хаѕидакис истакна дека нивната цел е да се почитуваат законите и потпишаните договори за плажите доделени од државата.
Оние кои не ја почитуваат содржината на соодветните договори нека знаат дека никого нема да поштедиме, порача министерот за национална економија и финансии на Грција.

The post Зголемени контроли на плажите во Грција за нелегално поставени лежалки appeared first on Република.

]]>
Лежалки и до 25 евра, а нема ни кабина, ни туш, ни ВЦ: Туристите бегаат од Албанија, велат поскапо е и од Грција и не вреди за парите https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/lezhalki-i-do-25-evra-a-nema-ni-kabina-ni-tush-ni-vts-turistite-begaat-od-albanija-velat-poskapo-e-i-od-grtsija-i-ne-vredi-za-parite/ Tue, 18 Jul 2023 13:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=662780

Последните години Албанија стана една од најпопуларните летни дестинации меѓу македонските и српските туристи, најмногу поради ниските цени.

Судејќи по споделените приказни во фејсбук-групата „Одмор во Албанија“, годинава таму не е евтино, особено кога ќе се земе предвид квалитетот на услугата.

Мала рецензија по три дена во Химара. Летнаа многу високо, ама ќе паднат уште побрзо. Ајде да одиме по ред. Градската плажа е неорганизирана, нема тоалети, нема кабини за пресоблекување, а е единствената слободна зона во целата област. Плажата Шпилје е катастрофа, нема тушеви, кабини или тоалети. Нон стоп барови, нечиста вода, лежалки од 10-13 евра. Плажата е малку поорганизирана, но поскапа. Плажата Лимани е добро организирана и вреди за парите, лежалки 15 евра, пиво 4,30 евра 0,33л, храната не е како во елитен ресторан, но квалитетна. Голем недостаток се чадорите за сонце, кои воопшто не штитат, како да ги нема. Генерално, цените се доста високи во продавниците, а особено во рестораните. Па кој сака да оди во Химара нека се подготви финансиски за да не доживее благ шок. Тоа е нашиот прв впечаток, пишува еден член на групата.

Впечатоците на друг корисник од плажата Борш каде лежалките 10 евра, се подобри за условите на плажата, но замерките се кон маркетите:

Пијалоците во ресторан: 2-2,5 евра сок, 2,5-3,5 евра пиво, оброк 8-10 евра пица или скара. Ама, робата во маркетите ем е скапа, ем постојано ги менуваат цените. Цреши 4 евра, леб 1,30 евра, млеко 2 евра, најевтин сладоледит 1 евро, а подобрите се 2-2,5-3 евра (магнум и сл..) палачинките се 2 евра само со чоколаден намаз, 2,5 евра чоколаден намаз, пишува тој.

Во Ксамил комплет лежалки наплаќаат од 10-25 евра.

Лежалките се скапи и не добивате ништо за цената. Самиот Ксамил е прескап и скоро сите се приватни плажи. Каде и да одите мора да изнајмите лежалка, не може со своја опрема. Рестораните не се многу скапи, но брат, за парите што ги оставив во Ксамил можев со семејството да отидам на Бали. Во водата некакви треви. Сега бевме и никогаш повеќе. Споредните улички сите им се со камења и прашина, само главните улици се асфалтирани, пишува еден член на групата.

Туристите не се жалат само на цените и на плажите. Се чини дека и некои други работи не ги оправдуваат очекувањата.

Некои први впечатоци од Химара по 5 дена престој. Дојдовме овде затоа што имаше многу препораки за ова место како идеално за семејства со деца, тоа ни требаше. Мало, тивко место, каде сè е блиску. Што се однесува до близината и големината, така е, ама мирот е под знак прашалник. Во моментов, поминато е полноќ додека го пишувам ова, од речиси секој автомобил грми гласна музика, огномети, мотори и сите други чуда... И така е до длабоко во ноќта. Веројатно помалку се слуша во деловите оддалечени од патот, но тогаш плажите не се многу блиску. Друг проблем што го забележувам овде, кој е важен за семејствата кои доаѓаат со деца, се тесните тротоари, па ако вие и детето одите, а некој доаѓа кон вас, некој ќе мора да оди по улица. Третиот проблем е сообраќајот и тоа што ретко кој внимава на пешачките премини (полиција има, но не видов да реагира). Четврт проблем - ѓубре насекаде, и голем број градилишта кои не се соодветно обележани и обезбедени, па на тротоарите може да се најдат жици и други материјали, вели една членка на групата.

Извор: Нова.рс

The post Лежалки и до 25 евра, а нема ни кабина, ни туш, ни ВЦ: Туристите бегаат од Албанија, велат поскапо е и од Грција и не вреди за парите appeared first on Република.

]]>

Последните години Албанија стана една од најпопуларните летни дестинации меѓу македонските и српските туристи, најмногу поради ниските цени. Судејќи по споделените приказни во фејсбук-групата „Одмор во Албанија“, годинава таму не е евтино, особено кога ќе се земе предвид квалитетот на услугата.

Да ти преседне одморот: Лежалките во Црна Гора одат и до 180 евра на ден https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/da-ti-presedne-odmorot-lezhalkite-vo-tsrna-gora-odat-i-do-180-evra-na-den/ Fri, 30 Jun 2023 06:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=656699

Во текот на летната сезона едно од главните прашања на туристите е колку чини дневното изнајмување на лежалките за плажа. Цените на лежалките и чадорите во Црна Гора одат и до 180 евра, во зависност од вашата желба и длабочината на вашиот џеб.

Во шпицот на сезоната се очекува раст на цените, а додека на некои туристи не им пречат цените, други ги нарекуваат легален грабеж.

Цената зависи и од тоа дали сакате плиткото да биде пред вас, па за таа лежалка ќе платите неколку десетици евра повеќе од онаа од која ќе треба да пешачите до водата.

Во остнатите земји од регионот, во Грција изнајвувањето чини од 10 до 150 евра, во Хрватска од 5 до 130, а во Турција од 4 до 40.

The post Да ти преседне одморот: Лежалките во Црна Гора одат и до 180 евра на ден appeared first on Република.

]]>

Во текот на летната сезона едно од главните прашања на туристите е колку чини дневното изнајмување на лежалките за плажа. Цените на лежалките и чадорите во Црна Гора одат и до 180 евра, во зависност од вашата желба и длабочината на вашиот џеб. Во шпицот на сезоната се очекува раст на цените, а додека на некои туристи не им пречат цените, други ги нарекуваат легален грабеж. Цената зависи и од тоа дали сакате плиткото да биде пред вас, па за таа лежалка ќе платите неколку десетици евра повеќе од онаа од која ќе треба да пешачите до водата. Во остнатите земји од регионот, во Грција изнајвувањето чини од 10 до 150 евра, во Хрватска од 5 до 130, а во Турција од 4 до 40.

The post Да ти преседне одморот: Лежалките во Црна Гора одат и до 180 евра на ден appeared first on Република.

]]>
Градот со милионски приходи: Изнајмувањето лежалки на Миконос годишно чини 86.000 евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/gradot-so-milionski-prihodi-iznajmuvanjeto-lezalki-na-mikonos-godishno-chini-86-000-evra/ Mon, 08 Aug 2022 11:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=537973

Сопствениците на „бич баровите“ на островот Миконос плаќаат огромни суми пари за изнајмување на плажите кои ги враќаат за само еден добро посетен ден.

Тие инвестираат илјадници евра во висококвалитетни лежалки и чадори за да им овозможат на посетителите висококвалитетна услуга.

При последното реновирање, компанијата „Наммос“ со истоимениот елитниот ресторан и бар кој за лежалки во прв ред наплаќа од 300 до 500 евра, инвестираше неверојатни 1,5 милиони евра во лежалки и чадори за сонце од врвен махагони и челик. .

Колку плаќаат сопствениците на ресторани и барови за изнајмување плажи на Миконос?

Плажата Псару е една од најпопуларните и најпознатите плажи на островот каде што се наоѓа светски познатата плажа Намос, која сè уште ја носи титулата најскапа плажа на Миконос.

Според официјалните податоци, секој квадратен метар песок за користење на плажата Псару чини 80 евра за сезона и дополнителни 6.000 евра за поставување лежалки, минус 20% попуст од вкупната цена. Тоа значи дека фирмата „Наммос“ секоја сезона и плаќа на општината по 86.000 евра за околу 1.000 м2 површина на плажа.

The post Градот со милионски приходи: Изнајмувањето лежалки на Миконос годишно чини 86.000 евра appeared first on Република.

]]>

Сопствениците на „бич баровите“ на островот Миконос плаќаат огромни суми пари за изнајмување на плажите кои ги враќаат за само еден добро посетен ден. Тие инвестираат илјадници евра во висококвалитетни лежалки и чадори за да им овозможат на посетителите висококвалитетна услуга. При последното реновирање, компанијата „Наммос“ со истоимениот елитниот ресторан и бар кој за лежалки во прв ред наплаќа од 300 до 500 евра, инвестираше неверојатни 1,5 милиони евра во лежалки и чадори за сонце од врвен махагони и челик. . Колку плаќаат сопствениците на ресторани и барови за изнајмување плажи на Миконос? Плажата Псару е една од најпопуларните и најпознатите плажи на островот каде што се наоѓа светски познатата плажа Намос, која сè уште ја носи титулата најскапа плажа на Миконос. Според официјалните податоци, секој квадратен метар песок за користење на плажата Псару чини 80 евра за сезона и дополнителни 6.000 евра за поставување лежалки, минус 20% попуст од вкупната цена. Тоа значи дека фирмата „Наммос“ секоја сезона и плаќа на општината по 86.000 евра за околу 1.000 м2 површина на плажа.

The post Градот со милионски приходи: Изнајмувањето лежалки на Миконос годишно чини 86.000 евра appeared first on Република.

]]>
Србите им вратија на Црногорците за навредите: Не сме паштета туристи, вие сте многу скапи https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/srbite-im-vratija-na-crnogorcite-za-navredite-ne-sme-pashteta-turisti-vie-ste-mnogu-skapi/ Mon, 08 Aug 2022 07:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=537807

Србите се револтирани откако Црногорците ги нарекоа паштета туристи и оти се ценкаат за секое евро. Тие велат дека да не биле туристите ќе останеле без гости со оглед на скапата понуда на црногорското приморје.

Тоа што сезоната им е една од најлошите, па тие кутрите Срби им се единствената шанса да заработат нешто, не ги спречува да навредуваат. Иако сезоната е на врвот, има малку гости. Во Будва, која е најпосетувана дестинација, пополнета е само една третина од капацитетот во приватното сместување-велат српските туристи.

Србите се посебно лути на цените на лежалките кои во првиот ред достигнуваат и 40 евра.

The post Србите им вратија на Црногорците за навредите: Не сме паштета туристи, вие сте многу скапи appeared first on Република.

]]>

Србите се револтирани откако Црногорците ги нарекоа паштета туристи и оти се ценкаат за секое евро. Тие велат дека да не биле туристите ќе останеле без гости со оглед на скапата понуда на црногорското приморје. Тоа што сезоната им е една од најлошите, па тие кутрите Срби им се единствената шанса да заработат нешто, не ги спречува да навредуваат. Иако сезоната е на врвот, има малку гости. Во Будва, која е најпосетувана дестинација, пополнета е само една третина од капацитетот во приватното сместување-велат српските туристи. Србите се посебно лути на цените на лежалките кои во првиот ред достигнуваат и 40 евра.

The post Србите им вратија на Црногорците за навредите: Не сме паштета туристи, вие сте многу скапи appeared first on Република.

]]>
„Срамота што прават Балканците, тоа треба да се забрани“: Фотографии од грчките плажи предизвикаа бура на социјалните мрежи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sramota-shto-pravat-balkancite-toa-treba-da-se-zabrani-fotografii-od-grchkite-plazi-predizvika-bura-na-socijalnite-mrezi/ Sat, 02 Jul 2022 09:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=522490

Со цел да си обезбедат место на плажа, лежалка или чадор во текот на целиот ден, туристи од балканот се служат со разни методи и тактики. Така тие брзаат да ги стават своите пешкири на најдобро позиционирани лежалки на плажата, уште пред да се упатат на појадок во хотелите, по што следи целодневно капење и сончање на плажа.

Сепак, дека многумина немаат ниту мерка, ниту граница кога станува збор за толеранцијата, покажуваат фотографиите, неодамна споделени на Фејсбук групата „Live from Greece“, а сликани на Атос.

На сликите е забележана сцена од седум часот наутро, што авторот на фотографиите ја споделил на Фејсбук и шеговито го опишал натпреварувачкиот дух на балканските туристи.

На фотографиите се гледа дел од хотелската плажа на која веќе во тоа време се „зафатени“ лежалките, односно се „обележани“ со пешкири или чанти.

Секој ден мораш сè порано да си обезбедиш лежалка, а на плажа можеш да дојдеш и на пладне - пишува авторот.

Тој додава дека слични ситуации гледал и претходно, но сега забележал дека Балканците тоа го прават „корпоративно“, односно дека една личност зазема и по десетина лежалки.

Неговата објава предизвика огромен број коментари од луѓе кои се соочиле со овој проблем.

Јас тоа првпат го видов во Паралија. Се шокирав. Во шест часот наутро, трчаат да ги стават пешкирите на лежалките. Јас станувам во пет часот, но си носиме свои лежалки. Да бидам искрен додека стигнам до плажата, слободната зона веќе е зафатена - гласи еден од коментарите.

На други на кои оваа пракса не им се допаднала, понудиле решение.

„Срамота“, „Сами сме виновни за тоа затоа што го толерираме тоа. Треба да ги тргнеш пешкирите и да си ги ставиш своите работи“, „Ужас. Треба да се забрани тоа“ - гласат коментарите.

The post „Срамота што прават Балканците, тоа треба да се забрани“: Фотографии од грчките плажи предизвикаа бура на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>

Со цел да си обезбедат место на плажа, лежалка или чадор во текот на целиот ден, туристи од балканот се служат со разни методи и тактики. Така тие брзаат да ги стават своите пешкири на најдобро позиционирани лежалки на плажата, уште пред да се упатат на појадок во хотелите, по што следи целодневно капење и сончање на плажа. Сепак, дека многумина немаат ниту мерка, ниту граница кога станува збор за толеранцијата, покажуваат фотографиите, неодамна споделени на Фејсбук групата „Live from Greece“, а сликани на Атос. На сликите е забележана сцена од седум часот наутро, што авторот на фотографиите ја споделил на Фејсбук и шеговито го опишал натпреварувачкиот дух на балканските туристи. На фотографиите се гледа дел од хотелската плажа на која веќе во тоа време се „зафатени“ лежалките, односно се „обележани“ со пешкири или чанти.
Секој ден мораш сè порано да си обезбедиш лежалка, а на плажа можеш да дојдеш и на пладне - пишува авторот.
Тој додава дека слични ситуации гледал и претходно, но сега забележал дека Балканците тоа го прават „корпоративно“, односно дека една личност зазема и по десетина лежалки. Неговата објава предизвика огромен број коментари од луѓе кои се соочиле со овој проблем.
Јас тоа првпат го видов во Паралија. Се шокирав. Во шест часот наутро, трчаат да ги стават пешкирите на лежалките. Јас станувам во пет часот, но си носиме свои лежалки. Да бидам искрен додека стигнам до плажата, слободната зона веќе е зафатена - гласи еден од коментарите.
На други на кои оваа пракса не им се допаднала, понудиле решение.
„Срамота“, „Сами сме виновни за тоа затоа што го толерираме тоа. Треба да ги тргнеш пешкирите и да си ги ставиш своите работи“, „Ужас. Треба да се забрани тоа“ - гласат коментарите.

The post „Срамота што прават Балканците, тоа треба да се забрани“: Фотографии од грчките плажи предизвикаа бура на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>
Лежалките се бесплатни, сместување чини 8 евра за ден: Ова е хит дестинација за летово https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/lezalkite-se-besplatni-smestuvanje-chini-8-evra-za-den-ova-e-hit-destinacija-za-letovo/ Wed, 29 Jun 2022 11:53:09 +0000 https://republika.mk/?p=521107

Добра вест за сите кои летово ја одбраа Црна Гора за летен одмор.

Имено, на голем дел од плажите лежалките се бесплатни по 17 часот, што значи дека туристите ќе имаат намалени трошоци во овој дел, пишува „Скопје инфо“.

Педесет отсто од плажите се слободни, освен оние кои се дел од хотелските комплекси. Тоа значи дека доколку туристите не сакаат да изнајмат лежалка и/или чадор не мора тоа да го сторат. По 17 часот лежалките и чадорите на сите плажи се бесплатни - информираат туристичките работници.

Инаку цените за комплети од две лежалки и чадор се движат од 8-10 евра.

Во поголемиот дел од приморскиот дел на Црна Гора во рестораните ручек за четиричлено семејство може да се порача и по цена од 16 евра.

Доколку се одлучите за хотелско сместување цените се движат од 20 евра, во зависност од дестинацијата и категоријата на хотелот, додека во приватните апартмани ќе платите 8 евра по лица. Голем број хотели нудат бројни поволности, попусти за деца до 14 години, бесплатно за деца до 4 години, попусти за подолг престој, бесплатни реквизити за на плажа...

The post Лежалките се бесплатни, сместување чини 8 евра за ден: Ова е хит дестинација за летово appeared first on Република.

]]>

Добра вест за сите кои летово ја одбраа Црна Гора за летен одмор. Имено, на голем дел од плажите лежалките се бесплатни по 17 часот, што значи дека туристите ќе имаат намалени трошоци во овој дел, пишува „Скопје инфо“.
Педесет отсто од плажите се слободни, освен оние кои се дел од хотелските комплекси. Тоа значи дека доколку туристите не сакаат да изнајмат лежалка и/или чадор не мора тоа да го сторат. По 17 часот лежалките и чадорите на сите плажи се бесплатни - информираат туристичките работници.
Инаку цените за комплети од две лежалки и чадор се движат од 8-10 евра. Во поголемиот дел од приморскиот дел на Црна Гора во рестораните ручек за четиричлено семејство може да се порача и по цена од 16 евра. Доколку се одлучите за хотелско сместување цените се движат од 20 евра, во зависност од дестинацијата и категоријата на хотелот, додека во приватните апартмани ќе платите 8 евра по лица. Голем број хотели нудат бројни поволности, попусти за деца до 14 години, бесплатно за деца до 4 години, попусти за подолг престој, бесплатни реквизити за на плажа...

The post Лежалките се бесплатни, сместување чини 8 евра за ден: Ова е хит дестинација за летово appeared first on Република.

]]>
Колку чинат лежалките во Грција, Црна Гора и Албанија? https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/kolku-chinat-lezalkite-vo-grcija-crna-gora-i-albanija/ Sun, 26 Jun 2022 09:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=519816

Ако одењето на одмор годинава е малку поскапо поради зголемената цена на горивото, лежењето на лежалки на плажите во Грција, Црна Гора, Албанија и не е толку скапо.

Во просек, комплет од две лежалки со чадор се движи од 5 до 50 евра, во зависност од одморалиштето и плажата, иако има варијанти за стотина и повеќе евра, но тоа е повеќе исклучок отколку правило.

Заедно со превозот и сместувањето, цената на лежалките и чадорите станува се поважна ставка во буџетот на туристите на одмор. Тоа е последица на тоа што со чергата и чадорот за сонце не можете да дојдете на речиси секоја плажа, особено каде што има кафулиња.

Значи, ако не сакате да се сончате, принудени сте да изнајмите лежалка и чадор, прашање е само по која цена. Цените варираат од земја до земја, од дестинација до дестинација или од плажа до плажа. Значи, да почнеме со најпопуларните одморалишта.

Грција

Нашиот јужен сосед е секако најпопуларната дестинација за македонските туристи токму поради тоа што има разновидна понуда за сечиј џеб. Слична е ситуацијата и со лежалките и чадорите. Така, на пример, на една од плажите во омиленото македонско летувалиште Пефкохори, лежалките и чадорот се бесплатни доколку нарачате пијачка. Во превод, лежалка со чадор може да ве чини само пет евра, а притоа да не сте жедни и да не изгорите на сонце.

Цените на лежалките и чадорите се претежно поволни во Касандра и во централниот дел на Халкидики, бидејќи се движат од три до 10 евра, со тоа што на некои ексклузивни плажи тие може да чинат и до 50 евра.

Лежалки и чадори за сонце може да се најдат во Ситонија по цена од само 2,5 евра, како и во регионот на Солун, додека во олимпискиот регион просечната цена е меѓу три и седум евра.

Кога станува збор за грчките острови, цената на лежалките и чадори за сонце се движи во просек од пет до десет евра.

Црна Гора

Како и секоја година, на почетокот на сезоната голем број туристи се шокирани од цените на лежалките и чадорите на некои плажи. Со акцент на одредени плажи, бидејќи тоа се претежно ексклузивни локации за сончање и капење, каде комплет лежалки чини дури 25 евра, а балдахини до 80 евра. Сепак, на повеќето плажи просечната цена е 10 евра. Сепак, цената варира од период до период.

На пример, во јули минатата година, две лежалки со чадор чинеа од 15 до 25 евра, во зависност од тоа дали сте поблиску или подалеку од водата. Од друга страна, во Херцег Нови цените се попристојни – во просек од осум до 10 евра

Албанија

Албанија од година во година привлекува се повеќе македонски туристи со својата услуга, но и со поповолни цени за летување. Тука спаѓаат и пристапните цени на лежалките и чадорите на најпознатите дестинации како Драч, Валона, Саранда, Ксамил, Химари… Просечната цена на две лежалки и чадор на плажите во овие одморалишта се движи од четири до осум евра.

The post Колку чинат лежалките во Грција, Црна Гора и Албанија? appeared first on Република.

]]>

Ако одењето на одмор годинава е малку поскапо поради зголемената цена на горивото, лежењето на лежалки на плажите во Грција, Црна Гора, Албанија и не е толку скапо. Во просек, комплет од две лежалки со чадор се движи од 5 до 50 евра, во зависност од одморалиштето и плажата, иако има варијанти за стотина и повеќе евра, но тоа е повеќе исклучок отколку правило. Заедно со превозот и сместувањето, цената на лежалките и чадорите станува се поважна ставка во буџетот на туристите на одмор. Тоа е последица на тоа што со чергата и чадорот за сонце не можете да дојдете на речиси секоја плажа, особено каде што има кафулиња. Значи, ако не сакате да се сончате, принудени сте да изнајмите лежалка и чадор, прашање е само по која цена. Цените варираат од земја до земја, од дестинација до дестинација или од плажа до плажа. Значи, да почнеме со најпопуларните одморалишта. Грција Нашиот јужен сосед е секако најпопуларната дестинација за македонските туристи токму поради тоа што има разновидна понуда за сечиј џеб. Слична е ситуацијата и со лежалките и чадорите. Така, на пример, на една од плажите во омиленото македонско летувалиште Пефкохори, лежалките и чадорот се бесплатни доколку нарачате пијачка. Во превод, лежалка со чадор може да ве чини само пет евра, а притоа да не сте жедни и да не изгорите на сонце. Цените на лежалките и чадорите се претежно поволни во Касандра и во централниот дел на Халкидики, бидејќи се движат од три до 10 евра, со тоа што на некои ексклузивни плажи тие може да чинат и до 50 евра. Лежалки и чадори за сонце може да се најдат во Ситонија по цена од само 2,5 евра, како и во регионот на Солун, додека во олимпискиот регион просечната цена е меѓу три и седум евра. Кога станува збор за грчките острови, цената на лежалките и чадори за сонце се движи во просек од пет до десет евра. Црна Гора Како и секоја година, на почетокот на сезоната голем број туристи се шокирани од цените на лежалките и чадорите на некои плажи. Со акцент на одредени плажи, бидејќи тоа се претежно ексклузивни локации за сончање и капење, каде комплет лежалки чини дури 25 евра, а балдахини до 80 евра. Сепак, на повеќето плажи просечната цена е 10 евра. Сепак, цената варира од период до период. На пример, во јули минатата година, две лежалки со чадор чинеа од 15 до 25 евра, во зависност од тоа дали сте поблиску или подалеку од водата. Од друга страна, во Херцег Нови цените се попристојни – во просек од осум до 10 евра Албанија Албанија од година во година привлекува се повеќе македонски туристи со својата услуга, но и со поповолни цени за летување. Тука спаѓаат и пристапните цени на лежалките и чадорите на најпознатите дестинации како Драч, Валона, Саранда, Ксамил, Химари… Просечната цена на две лежалки и чадор на плажите во овие одморалишта се движи од четири до осум евра.

The post Колку чинат лежалките во Грција, Црна Гора и Албанија? appeared first on Република.

]]>