Левица Аеродром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/levitsa-aerodrom/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Feb 2024 13:50:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Левица Аеродром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/levitsa-aerodrom/ 32 32 Нешто смрди, корне, полна е со византиски игри, вели советник во Општина Аеродром од Левица кој ја напушти партијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neshto-smrdi-korne-polna-e-so-vizantiski-igri-veli-sovetnik-vo-opshtina-aerodrom-od-levitsa-koj-ja-napushti-partijata/ Wed, 28 Feb 2024 11:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=749236

Носителот на советничката листа на Левица во Аеродром и советник во Општината, Дарко Масларковски објави дека повеќе не е член на политичката партија, а одлуката како што вели ја донел базирана на повеќе причини поради кои не може да остане рамнодушен.

Во објавата на Фејсбук Масларковски истакнува дека е разочаран бидејќи во партијата веќе не било се на она другарско и чисто идеолошко делување, како што вели, како на почетокот.

Полно е со византиски игри, намерно уништување, игнорирање и оддалечување од чесни, вредни, борбени, бестрашни, бескомпромисни “чисти” кадри. Се случува опкружување со полтрони, интересџии и безкичмењаци кои безпоговорно следат ЛУДИ ДИРЕКТИВИ(како таа за отстранување на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ од Кутлеш) како и екипирање на раководни кадри кои се премногу сомнителни, увезени токму од политичките елити против кои се бориме (наводно се бори и Левица). Рацинизирани се сите оние кои на почетокот со сета своја способност, труд, напор и знаење дадоа ОГРОМЕН придонес во развојот на делото и партијата, а додадени се разно разни мешетари и луѓе со сомнително минато и потекло, пишува Масларковски.

Додава дека растурени се најсилните ограноци со, како што вели, инфилтрации на горепосочените и во јавноста само привидно се прави чувство дека расте партијата.

Најверојатно раководството низ својата длабоко затворена призма на делување и секташање не дава простор за вистинско растење на партијата, вистинска борба, која многупати била задушувана од самото раководство, па најверојатно исплашени од расколите од минатото кое ги следи како црна сенка, не дозволува никој да пристапи, дава различни идеи и делува. Не се посветува и одвојува ни тронка време за да се согледа и реши внатрепартискиот проблем со дискусија и другарски муабет. Не сум сам и единствен кој овака се чувствува, но сум прв кој ГЛАСНО кажува дека нешто “СМРДИ”, а смрди КОРНЕ. Дали последната надеж за конечно добра, партија на НАРОДОТ е контролирана и усмерувана од некој повисоки сили и центри на моќ? Времето можеби не е најадекватно и баш пред избори, но јас не можам повеќе да бидам дел од нешто што ќе го уништи духот на МАКЕДОНЦИТЕ, одземајќи му ја можноста за ВИСТИНСКА политика и партија која вистински се БОРИ за МАКЕДОНИЈА. ПРЕДАДЕНИ СМЕ. Се вклучивме во ПОЛИТИКА (прв пат се ОБОИВМЕ/ИСПРЉАВМЕ ПОЛИТИЧКИ) со сето срце и душа и човечки капацитет, ВЕРУВАЈЌИ во ИДЕАТА и КАУЗАТА за БОРБА за Македонија и подобра иднина за сите луѓе. Тие велат БОРБАТА почнува сега, НИЕ СЕ БОРИМЕ ДОЛГИ ГОДИНИ !!! Борбата за МАКЕДОНИЈА ја ПРОДОЛЖУВАМ секако, но го фрлам оружјето ЛЕВИЦА кое е отапено до толку што не може ниту хартија да пресече, а камо ли да нанесе сериозен удар на НЕПРАВДАТА кој ја трпиме 30 + години, децицен е Масларковски.

Во советот на општина Аеродром ќе продолжи да делува како независен советник.

The post Нешто смрди, корне, полна е со византиски игри, вели советник во Општина Аеродром од Левица кој ја напушти партијата appeared first on Република.

]]>

Носителот на советничката листа на Левица во Аеродром и советник во Општината, Дарко Масларковски објави дека повеќе не е член на политичката партија, а одлуката како што вели ја донел базирана на повеќе причини поради кои не може да остане рамнодушен. Во објавата на Фејсбук Масларковски истакнува дека е разочаран бидејќи во партијата веќе не било се на она другарско и чисто идеолошко делување, како што вели, како на почетокот.