Левит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/levit/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Apr 2022 11:49:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Левит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/levit/ 32 32 Ковачевски-Левитс: Итна евроинтеграција на Македонија, прашањата со Бугарија да се решат надвор од пристапниот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-levits-itna-evrointegracija-na-severna-makedonija-prashanjata-so-bugarija-da-se-reshat-nadvor-od-pristapniot-proces/ Thu, 21 Apr 2022 11:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=491746

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска го прими претседателот на Република Латвија Егилс Левитс којшто е во официјална посета на нашата земја.
Премиерот Ковачевски му посака топло добредојде на претседателот на Латвија Левитс и на средбата истакна дека неговата посета на Македонија е чекор повеќе за натамошно унапредување на нашите билатерални врски меѓу двете земји.
На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министерката за одбрана Славјанка Петровска, беше нагласено дека од воспоставувањето на дипломатските односи пред 26 години, двете земји негуваат исклучително пријателски и блиски односи со силен фокус на динамизирање на политичкиот дијалог и на трговската размена.
Претседателот на Владата Ковачевски во разговорот со претседателот Левитс потенцираше дека Македонија високо го цени ставот на Латвија дека е од витално значење да се продолжи со процесот на евроинтеграција на Македонија со одржување на Меѓувладина конференција што е можно поскоро и дека прашањата со Бугарија треба да се решат по пат на дијалог и разбирање, надвор од пристапниот процес.
Претседателот на Република Латвија Егилс Левитс на средбата истакна дека членството на Западен Балкан во ЕУ е прашање на гео-политичка одржливост за самата ЕУ во време и во околностите предизвикани со руската инвазија на Украина.
Тема на средбата меѓу претседателот на Владата на Македонија Ковачевски и претседателот на Латвија Левитс беше и војната во Украина за која беше истакнато дека е брутално кршење на меѓународното право и неиспровоцирана воена агресија на Русија врз една суверена држава и дека дипломатијата и дијалогот се неопходни за запирање на воените дејствија.

The post Ковачевски-Левитс: Итна евроинтеграција на Македонија, прашањата со Бугарија да се решат надвор од пристапниот процес appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска го прими претседателот на Република Латвија Егилс Левитс којшто е во официјална посета на нашата земја. Премиерот Ковачевски му посака топло добредојде на претседателот на Латвија Левитс и на средбата истакна дека неговата посета на Македонија е чекор повеќе за натамошно унапредување на нашите билатерални врски меѓу двете земји. На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министерката за одбрана Славјанка Петровска, беше нагласено дека од воспоставувањето на дипломатските односи пред 26 години, двете земји негуваат исклучително пријателски и блиски односи со силен фокус на динамизирање на политичкиот дијалог и на трговската размена. Претседателот на Владата Ковачевски во разговорот со претседателот Левитс потенцираше дека Македонија високо го цени ставот на Латвија дека е од витално значење да се продолжи со процесот на евроинтеграција на Македонија со одржување на Меѓувладина конференција што е можно поскоро и дека прашањата со Бугарија треба да се решат по пат на дијалог и разбирање, надвор од пристапниот процес. Претседателот на Република Латвија Егилс Левитс на средбата истакна дека членството на Западен Балкан во ЕУ е прашање на гео-политичка одржливост за самата ЕУ во време и во околностите предизвикани со руската инвазија на Украина. Тема на средбата меѓу претседателот на Владата на Македонија Ковачевски и претседателот на Латвија Левитс беше и војната во Украина за која беше истакнато дека е брутално кршење на меѓународното право и неиспровоцирана воена агресија на Русија врз една суверена држава и дека дипломатијата и дијалогот се неопходни за запирање на воените дејствија.

The post Ковачевски-Левитс: Итна евроинтеграција на Македонија, прашањата со Бугарија да се решат надвор од пристапниот процес appeared first on Република.

]]>