Лев Таор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lev-taor/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Feb 2022 14:37:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лев Таор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lev-taor/ 32 32 Повеќе скопски хотели одбиле да ги сместат припадниците на еврејската група, тие се пожалија дека полицијата повеќе им одмогнала од помогнала https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povekje-skopski-hoteli-odbile-da-gi-smestat-pripadnicite-na-evrejskata-grupa-tie-se-pozalija-deka-policijata-povekje-im-odmognala-od-pomognala/ Wed, 16 Feb 2022 14:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=459440

Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека низата инциденти и зголемениот говор на омраза насочени против припадници на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои привремено престојуваат во нашата држава, го покажуваат ниското ниво на толеранција кон различните и високиот степен на ксенофобија во општеството.

Според Хелсиншкиот комитет, и покрај тоа што Министерството за внатрешни работи, односно Агенцијата за национална безбедност, веднаш излезе со информации дека оваа група има привремен и регулиран престој во земјава и дека таа не претставува никаква опасност по безбедноста на граѓаните, тоа не ги спречи изливите на омраза кон нив и нападите со камења и јајца со кои им беше загрозена нивната сигурност.

Како што посочуваат од Хелсиншки комитет, притисокот со кој се соочиле овие лица во Куманово, продолжил и во Скопје, каде на 15 февруари 2022 година повеќе хотели одбиле да ја сместат групата, а нејзин член јавно се пожали дека полицијата повеќе им одмагала, отколку што помогнала.

Хелсиншкиот комитет за човекови права оценува дека е загрижувачки што омразата кон луѓе од други култури и религиозни групи веќе одамна не е инцидентна појава во нашето општество.

За време на бегалската криза 2016-2018 година, говорот на омраза кон мигрантите и бегалците, од политички причини беше постојано засилуван со лажни вести и дезинформации, кои дополнително влијаеа за раст на ксенофобијата кај населението. Таквата реторика остава долгорочни предрасуди и последици врз ставовите на луѓето и ја руши сликата за гостопримлива и толерантна земја, како што сакаме да се нарекуваме. Тоа е причината што ваквите сентименти се повторуваат во различни прилики, како говорот на омраза кон авганистанските бегалци кои летоска беа привремено сместени во земјава, или во спорадични инциденти, како што беше нападот на расна основа врз група Корејци на почетокот на пандемијата на Ковид-19 во 2020 година, оценуваат во соопштение.

Од Хелсиншкиот комитет констатираат дека во овој, но и во останатите споменати случаи, своја улога имаат и дел од медиумите, кои со своето неодговорно и тенденциозно известување придонесуваат за јакнење на ксенофобичните чувства кај граѓаните, а кои понатаму водат и до извршување на дела од омраза.

Апелираме надлежните институции внимателно да го следат овој случај и да обезбедат навремена заштита согласно меѓународните стандарди. Истовремено, апелираме и внимателно да се следи говорот на омраза на социјалните медиуми, кој може да предизвика понатамошни непосакувани инциденти, се наведува во сооптението на Хелсиншкиот комитет.

The post Повеќе скопски хотели одбиле да ги сместат припадниците на еврејската група, тие се пожалија дека полицијата повеќе им одмогнала од помогнала appeared first on Република.

]]>

Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека низата инциденти и зголемениот говор на омраза насочени против припадници на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои привремено престојуваат во нашата држава, го покажуваат ниското ниво на толеранција кон различните и високиот степен на ксенофобија во општеството. Според Хелсиншкиот комитет, и покрај тоа што Министерството за внатрешни работи, односно Агенцијата за национална безбедност, веднаш излезе со информации дека оваа група има привремен и регулиран престој во земјава и дека таа не претставува никаква опасност по безбедноста на граѓаните, тоа не ги спречи изливите на омраза кон нив и нападите со камења и јајца со кои им беше загрозена нивната сигурност. Како што посочуваат од Хелсиншки комитет, притисокот со кој се соочиле овие лица во Куманово, продолжил и во Скопје, каде на 15 февруари 2022 година повеќе хотели одбиле да ја сместат групата, а нејзин член јавно се пожали дека полицијата повеќе им одмагала, отколку што помогнала. Хелсиншкиот комитет за човекови права оценува дека е загрижувачки што омразата кон луѓе од други култури и религиозни групи веќе одамна не е инцидентна појава во нашето општество.
За време на бегалската криза 2016-2018 година, говорот на омраза кон мигрантите и бегалците, од политички причини беше постојано засилуван со лажни вести и дезинформации, кои дополнително влијаеа за раст на ксенофобијата кај населението. Таквата реторика остава долгорочни предрасуди и последици врз ставовите на луѓето и ја руши сликата за гостопримлива и толерантна земја, како што сакаме да се нарекуваме. Тоа е причината што ваквите сентименти се повторуваат во различни прилики, како говорот на омраза кон авганистанските бегалци кои летоска беа привремено сместени во земјава, или во спорадични инциденти, како што беше нападот на расна основа врз група Корејци на почетокот на пандемијата на Ковид-19 во 2020 година, оценуваат во соопштение.
Од Хелсиншкиот комитет констатираат дека во овој, но и во останатите споменати случаи, своја улога имаат и дел од медиумите, кои со своето неодговорно и тенденциозно известување придонесуваат за јакнење на ксенофобичните чувства кај граѓаните, а кои понатаму водат и до извршување на дела од омраза.
Апелираме надлежните институции внимателно да го следат овој случај и да обезбедат навремена заштита согласно меѓународните стандарди. Истовремено, апелираме и внимателно да се следи говорот на омраза на социјалните медиуми, кој може да предизвика понатамошни непосакувани инциденти, се наведува во сооптението на Хелсиншкиот комитет.

The post Повеќе скопски хотели одбиле да ги сместат припадниците на еврејската група, тие се пожалија дека полицијата повеќе им одмогнала од помогнала appeared first on Република.

]]>
Еврејската секта заминува од Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evrejskata-sekta-zaminuva-od-kumanovo/ Mon, 14 Feb 2022 19:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=458553

Членовите на еврејска религиозна група Лев Таор, кои од четвртокот престојуваат во населбата Зелен Рид се подготвуваат да си заминат од Куманово. Тоа ќе се случи во текот на вечерта или најдоцна утре, дознава „Куманово њуз“ од полициски извори.

Претходно, врз куќите каде се сместени припадниците на контроверзната секта, беа фрлани јајца и камења, а искршена беше и една од капиите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/frlani-jajca-i-iskrshena-vrata-na-kukjite-vo-koi-se-doseli-evrejskata-sekta/

The post Еврејската секта заминува од Куманово appeared first on Република.

]]>

Членовите на еврејска религиозна група Лев Таор, кои од четвртокот престојуваат во населбата Зелен Рид се подготвуваат да си заминат од Куманово. Тоа ќе се случи во текот на вечерта или најдоцна утре, дознава „Куманово њуз“ од полициски извори. Претходно, врз куќите каде се сместени припадниците на контроверзната секта, беа фрлани јајца и камења, а искршена беше и една од капиите. https://republika.mk/vesti/makedonija/frlani-jajca-i-iskrshena-vrata-na-kukjite-vo-koi-se-doseli-evrejskata-sekta/

The post Еврејската секта заминува од Куманово appeared first on Република.

]]>
Фрлани јајца и искршена врата на куќите во кои се досели еврејската секта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/frlani-jajca-i-iskrshena-vrata-na-kukjite-vo-koi-se-doseli-evrejskata-sekta/ Mon, 14 Feb 2022 17:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=458527

Траги од фрлени јајца сè уште беа пред една од куќите во кои престојуваат припадници на еврејската група кои од четврток се наоѓаат во Куманово, пренесува „Телма“. Според сведоштвата од соседите за телевизијата, синоќа поголема група млади се собрала пред куќата и викале кон дојденците, а фрлале и со јајца и камења кон објекетот. Дури била искорната и влезната метална порта, која денеска е повторно заварена.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-bara-bezbednosnite-sluzbi-da-ja-sledat-evrejskata-sekta-vo-kumanovo/

Еден од припадниците на оваа еврејска религиозна група ја отвори вратата на куќата и поразговара со новинарката на „Телма“.

Сакаме да се чувствуваме безбедно, но во овој момент не знам како да чувствувам безбедно бидејќи луѓето доаѓаат тука и... Јас разбирам да не нè сакаат, ама да доаѓаат тука и да фрлаат тука по куќата. Тоа е…, вели припадникот на групата Лев Таор, контроверзна еврејска религиозна група чии припадници постојано се селат од една во друга држава.

Во Куманово дојдоа од Босна, а сместени се во две куќи, во една се мажите, во друга се жените и децата.

Од полицијата во Куманово велат дека нападите со јајца и камења како и оштетување на приватен имот не се пријавени.

The post Фрлани јајца и искршена врата на куќите во кои се досели еврејската секта appeared first on Република.

]]>

Траги од фрлени јајца сè уште беа пред една од куќите во кои престојуваат припадници на еврејската група кои од четврток се наоѓаат во Куманово, пренесува „Телма“. Според сведоштвата од соседите за телевизијата, синоќа поголема група млади се собрала пред куќата и викале кон дојденците, а фрлале и со јајца и камења кон објекетот. Дури била искорната и влезната метална порта, која денеска е повторно заварена. https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-bara-bezbednosnite-sluzbi-da-ja-sledat-evrejskata-sekta-vo-kumanovo/ Еден од припадниците на оваа еврејска религиозна група ја отвори вратата на куќата и поразговара со новинарката на „Телма“.
Сакаме да се чувствуваме безбедно, но во овој момент не знам како да чувствувам безбедно бидејќи луѓето доаѓаат тука и... Јас разбирам да не нè сакаат, ама да доаѓаат тука и да фрлаат тука по куќата. Тоа е…, вели припадникот на групата Лев Таор, контроверзна еврејска религиозна група чии припадници постојано се селат од една во друга држава.
Во Куманово дојдоа од Босна, а сместени се во две куќи, во една се мажите, во друга се жените и децата. Од полицијата во Куманово велат дека нападите со јајца и камења како и оштетување на приватен имот не се пријавени.  

The post Фрлани јајца и искршена врата на куќите во кои се досели еврејската секта appeared first on Република.

]]>
Странска секта внесе страв во Куманово, МВР смирува – гости се, ќе си одат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stranska-sekta-vnese-strav-vo-kumanovo-mvr-smiruva-gosti-se-kje-si-odat/ Sun, 13 Feb 2022 18:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=458013

Повеќемина странски државјани кои во Куманово се доселиле неодамна почнале да вршат религиозни проповеди во просториите на изнајмен објект во градот. Кумановци реагираат и бараат СВР Куманово да испита за што станува збор, кои се овие луѓе и кој им дозволил да проповедаат, објави порталот Фактор.

Додека бројот на луѓето кои реагираат се зголемува нема официјална потврда дека се прави било што во градот.

– Не станува збор за обични туристи (странски државјани), туку за верско обредна организација. Според тоа, не смеат да живеат во приватен објект кој не е наменет за нив. Како родител на две деца ќе кажам, доколку службите не си ја разрешат ситуацијата и не ги протераат, ние како население ќе ја земеме правдата во раце. Како што можеле да влезат, така и ќе излезат. Полицијата не го спречила нивното влегување, аналогно на тоа нема право да го спречи и нивното протерување, вели кумановка.

Некои од нејзините сограѓани ги фотогафирале овие луѓе низ градот. Сепак нема официјална потврда дека тие прават нешто. Со нив има и деца и не е потврдено дека проповедаат и му пречат некому.

Дел од жителите на овој град прашуваат дали ова се луѓето кои беа протерани од Босна и Херцеговина, а кои припаѓаат на екстремистичкиот култ Лев Таор. Членовите на сектата имале американски и канадски државјанства.

Кумановската полиција повика на толерантност, откако кумановци покажаа интерес за овие граѓани кои се сместени во приватни куќи во кумановската населба Зелен Рид.

– Секторот за внатрешни работи Куманово ја информира јавноста дека групата лица забележана во Куманово претставува група припадници на Еврејската верска заедница. Овие лица ги почитуваат законите на Република Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава, соопштија од СВР Куманово.

Во групата, како што информираат од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои, како што посочија од СВР Куманово, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Република Македонија.

– Според информациите со кои располага МВР, групата е во постојано движење и во наредните денови се очекува да ја напуштат нашата држава. СВР Куманово ги информира граѓаните на Куманово дека наведената група не претставува никаква опасност и апелира на толеранција и солидарност кон истите, соопштија од СВР Куманово.

Претходно денеска и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски рече дека кумановци се гостопримливи за сите добронамерници и дека официјалните институции ќе дадат официјално известување за групата граѓани странци кои престојуваат во Куманово.

The post Странска секта внесе страв во Куманово, МВР смирува – гости се, ќе си одат appeared first on Република.

]]>

Повеќемина странски државјани кои во Куманово се доселиле неодамна почнале да вршат религиозни проповеди во просториите на изнајмен објект во градот. Кумановци реагираат и бараат СВР Куманово да испита за што станува збор, кои се овие луѓе и кој им дозволил да проповедаат, објави порталот Фактор. Додека бројот на луѓето кои реагираат се зголемува нема официјална потврда дека се прави било што во градот.
– Не станува збор за обични туристи (странски државјани), туку за верско обредна организација. Според тоа, не смеат да живеат во приватен објект кој не е наменет за нив. Како родител на две деца ќе кажам, доколку службите не си ја разрешат ситуацијата и не ги протераат, ние како население ќе ја земеме правдата во раце. Како што можеле да влезат, така и ќе излезат. Полицијата не го спречила нивното влегување, аналогно на тоа нема право да го спречи и нивното протерување, вели кумановка.
Некои од нејзините сограѓани ги фотогафирале овие луѓе низ градот. Сепак нема официјална потврда дека тие прават нешто. Со нив има и деца и не е потврдено дека проповедаат и му пречат некому. Дел од жителите на овој град прашуваат дали ова се луѓето кои беа протерани од Босна и Херцеговина, а кои припаѓаат на екстремистичкиот култ Лев Таор. Членовите на сектата имале американски и канадски државјанства. Кумановската полиција повика на толерантност, откако кумановци покажаа интерес за овие граѓани кои се сместени во приватни куќи во кумановската населба Зелен Рид.