Леуново Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leunovo/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 18:23:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Леуново Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leunovo/ 32 32 Патот за мавровско Леуново ќе биде блокиран поради велосипедска трка за 8 Септември https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/patot-za-mavrovsko-leunovo-ke-bide-blokiran-poradi-velosipedska-trka-za-8-septemvri/ Fri, 06 Sep 2024 18:01:09 +0000 https://republika.mk/?p=813916

На 08.09.2024 во период од 09:00 до 16:30 часот во мавровското село Леуново, по повод државниот празник 8 септември, ќе се одржи традиционална велосипедска трка на која ќе учествуваат повеќе категории на натпреварувачи.

На овој патен правец во тој период сообраќајот ќе биде целосно блокиран, а за безбедноста на учесниците и гледачите покрај редарите на организаторот, во поголемиот дел ќе се грижат полициски службеници со возилата од Секторот за внатрешни работи-Тетово, кои ќе бидат ангажирани за оваа цел.

СВР-Тетово ги повикува учесниците на трката да се придржуваат до знаците и другите уреди поставени од организаторот и возачите - целосно да ја почитуваат забраната во периодот додека трае трката.

The post Патот за мавровско Леуново ќе биде блокиран поради велосипедска трка за 8 Септември appeared first on Република.

]]>

На 08.09.2024 во период од 09:00 до 16:30 часот во мавровското село Леуново, по повод државниот празник 8 септември, ќе се одржи традиционална велосипедска трка на која ќе учествуваат повеќе категории на натпреварувачи. На овој патен правец во тој период сообраќајот ќе биде целосно блокиран, а за безбедноста на учесниците и гледачите покрај редарите на организаторот, во поголемиот дел ќе се грижат полициски службеници со возилата од Секторот за внатрешни работи-Тетово, кои ќе бидат ангажирани за оваа цел. СВР-Тетово ги повикува учесниците на трката да се придржуваат до знаците и другите уреди поставени од организаторот и возачите - целосно да ја почитуваат забраната во периодот додека трае трката.

The post Патот за мавровско Леуново ќе биде блокиран поради велосипедска трка за 8 Септември appeared first on Република.

]]>
Ослободителна пресуда за таткото и ќерката од Косово обвинети за бесправното градење на бунгалови во Леуново https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/osloboditelna-presuda-za-tatkoto-i-kjerkata-od-kosovo-obvineti-za-bespravnoto-gradenje-na-bungalovi-vo-leunovo/ Fri, 22 Jul 2022 12:47:26 +0000 https://republika.mk/?p=532168

Обвинетите татко и ќерка, Шериф Ракума и Блерта Рамука и двајцата од Косово и правното лице „Радика Резорт" ДООЕЛ увоз извоз с.Леуново Општина Маврово и Ростуше, не се виновни за бунгалови на брегот од Мавровското Езеро. Вака одлучи Основниот суд во Гостивар каде судијата Даут Рустеми проценил дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело Бесправно градење од чл.244-а став 1 од Кривичниот законик, а за правното лице за кривично дело Бесправно градење од чл.244-а став 5 в.в со став 1 од Кривичниот законик, кое им се става на товар, пишува МКД.мк

Согласно бараната информација по увидот во Акмис системот Ве известуваме дека пред Основен суд Гостивар заведен е предмет под број К.бр.245/22, a по поднесен обвинителен акт на Основното Јавно обвинителство Гостивар , кој согласно автоматската распределба бил распределен кај судијата Даут Рустеми. По предметот се водела постапка која завршила со пресуда во која обвинетите се ослободуваат од обвинение врз основа на член 403 став 1 точка 3 од Законот за кривична постапка , односно судот ценел имајќи ги во предвид сите изведени докази дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело кое им се става на товар", ни одговорија од Основниот суд во Гостивар.

Јавен обвинител кој го застапувал обвинението е Хазби Исеини од Основно Јавно обвинителство Гостивар. Во Пресудата во делот на образложението не е наведено дека Јавниот обвинител доставил извод од казнена евиденција како доказ за осудуваност или неосудуваност на Шериф Рамука и Блерта Рамука.

Пресудата е донесена на ден 04.07.2022 година, а јавно објавена на ден 07.07.2022 година во која пресуда застапникот на обвинението не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат, додаваат од Судот.

Обвинетите во текот на постапката кажаа дека не чувствуваат вина за овој случај, а нивниот законски застапник пред Судот истакна дека постојат докази со кој ќе му предочат на судот дека ниту двајцата обвинети, ниту нивната фирма немаат вина за бесправното градење на градбите на брегот на Мавровското Езеро.

Целиот текст овде.

 

The post Ослободителна пресуда за таткото и ќерката од Косово обвинети за бесправното градење на бунгалови во Леуново appeared first on Република.

]]>

Обвинетите татко и ќерка, Шериф Ракума и Блерта Рамука и двајцата од Косово и правното лице „Радика Резорт" ДООЕЛ увоз извоз с.Леуново Општина Маврово и Ростуше, не се виновни за бунгалови на брегот од Мавровското Езеро. Вака одлучи Основниот суд во Гостивар каде судијата Даут Рустеми проценил дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело Бесправно градење од чл.244-а став 1 од Кривичниот законик, а за правното лице за кривично дело Бесправно градење од чл.244-а став 5 в.в со став 1 од Кривичниот законик, кое им се става на товар, пишува МКД.мк Согласно бараната информација по увидот во Акмис системот Ве известуваме дека пред Основен суд Гостивар заведен е предмет под број К.бр.245/22, a по поднесен обвинителен акт на Основното Јавно обвинителство Гостивар , кој согласно автоматската распределба бил распределен кај судијата Даут Рустеми. По предметот се водела постапка која завршила со пресуда во која обвинетите се ослободуваат од обвинение врз основа на член 403 став 1 точка 3 од Законот за кривична постапка , односно судот ценел имајќи ги во предвид сите изведени докази дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело кое им се става на товар", ни одговорија од Основниот суд во Гостивар. Јавен обвинител кој го застапувал обвинението е Хазби Исеини од Основно Јавно обвинителство Гостивар. Во Пресудата во делот на образложението не е наведено дека Јавниот обвинител доставил извод од казнена евиденција како доказ за осудуваност или неосудуваност на Шериф Рамука и Блерта Рамука. Пресудата е донесена на ден 04.07.2022 година, а јавно објавена на ден 07.07.2022 година во која пресуда застапникот на обвинението не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат, додаваат од Судот. Обвинетите во текот на постапката кажаа дека не чувствуваат вина за овој случај, а нивниот законски застапник пред Судот истакна дека постојат докази со кој ќе му предочат на судот дека ниту двајцата обвинети, ниту нивната фирма немаат вина за бесправното градење на градбите на брегот на Мавровското Езеро. Целиот текст овде.  

The post Ослободителна пресуда за таткото и ќерката од Косово обвинети за бесправното градење на бунгалови во Леуново appeared first on Република.

]]>
Од 87 викендици под хотелот „Радика“ 9 треба да се урнат, а 61 воопшто нема да се гради https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-87-vikendici-pod-hotelot-radika-9-treba-da-se-urnat-a-61-voopshto-nema-da-se-gradi/ Thu, 05 May 2022 09:15:06 +0000 https://republika.mk/?p=497898

На 14 февруари годинава Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, по пријава на здружението „Спас за Маврово“, донесе решение со кое се задолжува градоначалникот на Општина Маврово Ростуше да го укине АУП-от за градежната парцела која е во сопственост на Радика резорт каде што се планира изградба на 87 викендици, пишува МКД.мк.

https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-divogradbi-vo-mavrovo-se-gradat-87-kukji-pod-hotelot-radika/

АУП-от бил потпишан од градоначалникот Медат Куртовски на 17 мај 2018 година. Четири години потоа, на 23 март годинава, истиот Куртовски, по решението на Државниот инспекторат, морал да се потпише на решение за укинување на тој АУП.

Ова значи дека 17 веќе изградени викендици под хотелот Радика во Леуново се легални, 9 треба да се уриваат, а плановите за изградба на останатите 61 се укинуваат.


Целиот текст на МКД.мк

The post Од 87 викендици под хотелот „Радика“ 9 треба да се урнат, а 61 воопшто нема да се гради appeared first on Република.

]]>

На 14 февруари годинава Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, по пријава на здружението „Спас за Маврово“, донесе решение со кое се задолжува градоначалникот на Општина Маврово Ростуше да го укине АУП-от за градежната парцела која е во сопственост на Радика резорт каде што се планира изградба на 87 викендици, пишува МКД.мк.

https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-divogradbi-vo-mavrovo-se-gradat-87-kukji-pod-hotelot-radika/

АУП-от бил потпишан од градоначалникот Медат Куртовски на 17 мај 2018 година. Четири години потоа, на 23 март годинава, истиот Куртовски, по решението на Државниот инспекторат, морал да се потпише на решение за укинување на тој АУП.

Ова значи дека 17 веќе изградени викендици под хотелот Радика во Леуново се легални, 9 треба да се уриваат, а плановите за изградба на останатите 61 се укинуваат.
Целиот текст на МКД.мк

The post Од 87 викендици под хотелот „Радика“ 9 треба да се урнат, а 61 воопшто нема да се гради appeared first on Република.

]]>
Поканата за суд не стаса до косовската фирма обвинета за бесправно градење во Леуново, судењето одложено https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pokanata-za-sud-ne-stasa-do-kosovskata-firma-obvineta-za-bespravno-gradenje-vo-leunovo-sudenjeto-odlozeno/ Mon, 18 Apr 2022 10:53:12 +0000 https://republika.mk/?p=489954

За неколку дена е закажан вториот обид за почеток на судскиот процес против таткото и ќерката обвинети за бесправно градење на бунгалови на брегот од Мавровското Езеро. Гостиварското обвинителство на почетокот на февруари годинава поднесе обвинение против татко и ќерка, државјани на Косово, како и против нивната фирма, заради бесправно градење на бунгалови во Леуново, блиску до езерото. Првото закажано рочиште во Основниот суд во Гостивар се одложи поради неуредна достава до фирмата во Косово, пишува МКД.мк.

Во обвинителниот акт постоечка адреса за фирмата има само од Косово, но поканата за почеток на судењето која се однесува на фирмата не стасала до таму.

Второто рочиште во Основниот суд во Гостивар е закажано за 26 април. По втор пат судиите ќе се обидат да го почнат судскиот процес во кој треба да се докажува бесправно градење на брегот на Мавровското Езеро.

Редакцијата на МКД.мк во неколку наврати пишуваше за дивоградбите во Леуново, а врз основа на барањето на група граѓани Спас за Маврово во кое беа дадени низа предлози, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција согласно своите надлежности на крајот на минатата година отвори предмет со цел да го испита настанот и се водеше предистражна постапка.

По неколку месеци беше утврдено дека инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности, но сепак тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон.

Во соопштението за поднесениот обвинителен акт пишуваше дека се однесува на две физички и едно правно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик.

Обвинетите, татко и ќерка, државјани на Република Косово, како и правното лице во кое управител била ќерката, во периодот од 10.07.2021 до 20.09.2021 година, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнале да градат осум бунгалови во селото Леуново, општина Маврово и Ростуше. Објектите – цврста градба, на околу 200-300 метри од езерото, биле евидентирани при извршена контрола од градежен инспектор, при што инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности. И покрај ова, тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон, соопшти тогаш Обвинителството.

По издаденото решение (на 15 септември, минатата година) за уривање на девет куќи под хотелот „Радика" кај селото Леуново, Маврово, кое беше извршно и по кое никој не постапи, второстепената комисија на Владата за инспекциски надзор деновиве го поништи ова решение. Жалбата поднесена од инвеститорот „Радика ресорт", во сопственост на косовскиот државјанин Шериф Рамука, против кого има и кривична пријава токму за овие градби, комисијата утврдила повреда на постапката на овластениот градежен инспектор на Општина Маврово Ростуше.

Под хотелот Радика се изградени 17 вили, девет се во градба, а планот е тука да се изградат вкупно 87 типски објекти на земјиште кое Општината Маврово Ростуше му го продала на сопственикот на хотелот „Радика“. Инвеститорот, според решението на градежниот инспектор од Општина Маврово Ростуше нема одобрение за градба и имаше 15 дена рок сам да си ги урне дивоградбите. Се разбира ниту тој, ни пак општината тоа го стори, а инвеститорот си продолжи со изградбата и покрај издаденото решение за уривање.

Второстепената комисија оценила дека општинскиот градежен инспектор нецелосно ја утврдил фактичка состојба и го врати предметнот на повторно одлучување.

Локалното население и сопствениците на викендиците веќе подолг период имаат проблеми со со снабдувањето со вода. Поради тоа комуналното претпријатие на општината издаде мораториум за градба во овој дел сè додека не се реши проблемот со водоснабдувањето.

Целиот текст на МКД.мк

The post Поканата за суд не стаса до косовската фирма обвинета за бесправно градење во Леуново, судењето одложено appeared first on Република.

]]>

За неколку дена е закажан вториот обид за почеток на судскиот процес против таткото и ќерката обвинети за бесправно градење на бунгалови на брегот од Мавровското Езеро. Гостиварското обвинителство на почетокот на февруари годинава поднесе обвинение против татко и ќерка, државјани на Косово, како и против нивната фирма, заради бесправно градење на бунгалови во Леуново, блиску до езерото. Првото закажано рочиште во Основниот суд во Гостивар се одложи поради неуредна достава до фирмата во Косово, пишува МКД.мк. Во обвинителниот акт постоечка адреса за фирмата има само од Косово, но поканата за почеток на судењето која се однесува на фирмата не стасала до таму. Второто рочиште во Основниот суд во Гостивар е закажано за 26 април. По втор пат судиите ќе се обидат да го почнат судскиот процес во кој треба да се докажува бесправно градење на брегот на Мавровското Езеро. Редакцијата на МКД.мк во неколку наврати пишуваше за дивоградбите во Леуново, а врз основа на барањето на група граѓани Спас за Маврово во кое беа дадени низа предлози, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција согласно своите надлежности на крајот на минатата година отвори предмет со цел да го испита настанот и се водеше предистражна постапка. По неколку месеци беше утврдено дека инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности, но сепак тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон. Во соопштението за поднесениот обвинителен акт пишуваше дека се однесува на две физички и едно правно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. Обвинетите, татко и ќерка, државјани на Република Косово, како и правното лице во кое управител била ќерката, во периодот од 10.07.2021 до 20.09.2021 година, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнале да градат осум бунгалови во селото Леуново, општина Маврово и Ростуше. Објектите – цврста градба, на околу 200-300 метри од езерото, биле евидентирани при извршена контрола од градежен инспектор, при што инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности. И покрај ова, тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон, соопшти тогаш Обвинителството. По издаденото решение (на 15 септември, минатата година) за уривање на девет куќи под хотелот „Радика" кај селото Леуново, Маврово, кое беше извршно и по кое никој не постапи, второстепената комисија на Владата за инспекциски надзор деновиве го поништи ова решение. Жалбата поднесена од инвеститорот „Радика ресорт", во сопственост на косовскиот државјанин Шериф Рамука, против кого има и кривична пријава токму за овие градби, комисијата утврдила повреда на постапката на овластениот градежен инспектор на Општина Маврово Ростуше. Под хотелот Радика се изградени 17 вили, девет се во градба, а планот е тука да се изградат вкупно 87 типски објекти на земјиште кое Општината Маврово Ростуше му го продала на сопственикот на хотелот „Радика“. Инвеститорот, според решението на градежниот инспектор од Општина Маврово Ростуше нема одобрение за градба и имаше 15 дена рок сам да си ги урне дивоградбите. Се разбира ниту тој, ни пак општината тоа го стори, а инвеститорот си продолжи со изградбата и покрај издаденото решение за уривање. Второстепената комисија оценила дека општинскиот градежен инспектор нецелосно ја утврдил фактичка состојба и го врати предметнот на повторно одлучување. Локалното население и сопствениците на викендиците веќе подолг период имаат проблеми со со снабдувањето со вода. Поради тоа комуналното претпријатие на општината издаде мораториум за градба во овој дел сè додека не се реши проблемот со водоснабдувањето. Целиот текст на МКД.мк

The post Поканата за суд не стаса до косовската фирма обвинета за бесправно градење во Леуново, судењето одложено appeared first on Република.

]]>