летови на духови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letovi-na-duhovi/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jan 2022 13:03:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png летови на духови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letovi-na-duhovi/ 32 32 Гринпис: Зимава во Европа ќе се реализираат најмалку 100.000 непотребни „летови на духови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/grinpis-zimava-vo-evropa-kje-se-realiziraat-najmalku-100-000-nepotrebni-letovi-na-duhovi/ Wed, 26 Jan 2022 13:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=449771

Според анализа на Гринпис, оваа зима во Европа би можело да има најмалку 100.000 „летови на духови“ поради правилата на ЕУ за користење на аеродромските слотови.

Целта на ваквите празни, непотребни или непрофитабилни летови, е да им се овозможи на авиокомпаниите да ги задржат своите права да полетуваат и слетуваат на главните аеродроми. Сепак, овие непотребни летови може да создадат до 2,1 милион тони емисии на стакленички гасови, односно колку што создале 1,4 милиони просечни бензин или дизел автомобили годишно, тврди Гринпис.

Барањето на Европската комисија за авиокомпаниите да летаат со празни авиони за да исполнат каква било квота, не само што многу загадува, туку е и крајно лицемерно, со оглед на нивната климатска реторика - изјави Хервиг Шустер, портпарол на кампањата на Гринпис - „Европска мобилност за сите“.

Тој додава дека емисиите од транспортот растат со неверојатна брзина.

Би било неодговорно, ЕУ да не ги суспендира „летовите на духови“, но и да ги забрани летовите на кратки релации, кога има разумна железничка врска - посочува Шустер.

Кога почна Ковид пандемијата, Европската комисија ја намали од 80 на 25 отсто референтната вредност за летови што авиокомпаниите мора да ги извршуваат за да ги задржат своите слотови бесплатни. Сепак, во декември минатата година, Брисел ја зголеми бројката на 50 отсто, а во март повторно се зголеми на 64 отсто.

The post Гринпис: Зимава во Европа ќе се реализираат најмалку 100.000 непотребни „летови на духови“ appeared first on Република.

]]>

Според анализа на Гринпис, оваа зима во Европа би можело да има најмалку 100.000 „летови на духови“ поради правилата на ЕУ за користење на аеродромските слотови. Целта на ваквите празни, непотребни или непрофитабилни летови, е да им се овозможи на авиокомпаниите да ги задржат своите права да полетуваат и слетуваат на главните аеродроми. Сепак, овие непотребни летови може да создадат до 2,1 милион тони емисии на стакленички гасови, односно колку што создале 1,4 милиони просечни бензин или дизел автомобили годишно, тврди Гринпис.