Астролозите откриваат што треба да направи секој хороскопски знак до крајот на летото за да привлече повеќе среќа, љубов и пари:
Направете нешто со своите раце, спортувајте, натпреварувајте се со другите. Во ваша природа е да бидете лидер затоа развијте ги вашите лидерски вештини доколку сакате да бидете успешни.
Ова е вистинско време да почнете да се занимавате со домот, да бидете креативни особено во поглед на декорациите, но и да ги пробате вашите кулинарски вештини. Од друга страна, време е и да се фокусирате на личните финансии и подобро да го организирате вашиот буџет.
Патувањата, средбите со нови луѓе, учењето нови работи и пишувањето ви ја разгоруваат страста за животот. Ова ќе биде идеално време да ги збогатите вашите искуства и да го примените вашето знаење во пракса.
Обидете се да им помогнете на другите, да се грижите за нив и да им го подобрите расположението. Зголемената емпатија и добрите дела ќе ви донесат ново сонце кое ќе ве грее во текот на есенските денови. Но, тоа не значи дека треба да се запоставите себеси.
Вашето сонце сјае кога сте во центарот на вниманието, па затоа играта треба да биде важен дел од вашиот живот. Излегувајте, дружете се и уживајте во многубројните авантури кои ве очекуваат овој период.
Посветете се на активности преку кои ќе им помогнете на другите. Тоа ќе ви донесе многу позитивна енергија и желба за да продолжите напред и со сопствените цели. Освен тоа, како хоби изберете нешто поврзано со убавина, дизајн или пишување. Сепак, не заборавајте да се грижите и за своето здравје.
Запознајте се со нови луѓе, обидете се да стекнете нови пријатели, а можеби дури и нова љубов. Комуницирајте со другите, излезете од вашата удобна зона и уживајте во бајката која ќе ви ја донесе есента.
Предизвикајте се себеси така што ќе започнете необично хоби. Не плашете се од тешкотии! Напротив, работете на совладување на пречките, но учете ги и другите како да го прават тоа. Надминете ги сите предизвици или преземете ризик со започнување сопствен бизнис. Научете да се опуштите и да уживате во вашиот потенцијал.
Пренесете го вашето знаење на другите. Навлезете во она што вистински ве интересира и споделете ги вашите размислувања за тоа. Ако е можно, патувајте колку што е можно повеќе и проучувајте ги културите на другите земји. Како хоби можете да изберете учење странски јазици, јавање коњ, тенис или шах.
Поставувајте си практични цели и организирајте го вашето време. Сè што сте планирале можете да постигнете. Освен тоа, не плашете се да ја преземете улогата на лидер! Така, обидете се да ги земете работите во свои раце. Ќе се изненадите кога ќе увидите наесен колку тоа позитивно ќе влијае врз вашата енергија.
Колку понепредвидливо и поекстравагантно се однесувате, толку посилно ќе свети вашето сонце. Не седете во сенка: искористете ја секоја можност да учествувате во јавниот живот. Заинтересирајте се за политика, придружете ѝ се на организација која обединува луѓе кои се страсни за заедничка идеја. Или самите вие креирајте таква заедница, на пример започнете со блогирање.
Во овој период музиката, поезијата, психологијата, фотографијата и киното ќе ви донесат огромна радост. Обидете се да најдете подлабоко значење на нештата кои ве опкружуваат, истражувајте го светот околу вас. Посветете им се на добротворните акции и поминувајте повеќе време во природа.
The post Летото завршува: Еве што треба да направи до крајот секој знак за да привлече среќа и љубов appeared first on Република.
]]>The post Летото завршува: Еве што треба да направи до крајот секој знак за да привлече среќа и љубов appeared first on Република.
]]>Според најновите анализи направени со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, оваа година зголемени се условите за продолжување на летото и топлотните бранови во Македонија и регионот, но и во Европа, вели метеорологот Славчо Попоски.
Според него, до крајот на август, како и во септември, се очекуваат натпросечно високи температури на воздухот, кои се можни дури и во текот на есента.
Се очекуваат помалку врнежи од вообичаеното, но повремено можни се изразени нестабилности и невреме ширум Македонија, регионот и Европа.
Сè на сè, граѓаните можат своите годишни одмори да ги искористат дури и во септември месец, и да заминат некаде во туриустичките места во Македонија, но и некаде низ морињата, советува Попоски.
The post Славчо Попоски: Ќе имаме индиско лето, еве што носи тоа appeared first on Република.
]]>The post Славчо Попоски: Ќе имаме индиско лето, еве што носи тоа appeared first on Република.
]]>Последните резултати од анализите направени од Институтот за морска биологија на Црна Гора покажаа дека во 94,5% од ипитаните локации морската вода на црногорското крајбрежје е со одличен квалитет.
Анализата на квалитетот на морската вода е направена на 110 локации во периодот од 19 до 22 јули, а резултатите оикажале дека на 84,5 отсто од капалиштата морската вода е со одличен квалитет, на 3,6 отсто со добар и на 1,8 отсто од локациите водата била со задоволителен квалитет.
Како што соопштуваат од Институтот, овие резултати потврдуваат дека морската вода на црногорските капалишта е квалитетна, т.е. дека е санитарно исправна и безбедна за пливање и за рекреација.
Програмата за мониторинг на санитарниот квалитет во општина Улцињ беше спроведена на 18 локации, а водата беше со одличен квалитет на сите локации.
Анализите покажаа дека во Бар на сите 15 локации водата била со одличен квалитет, додека во Будва водата била со одличен квалитет на 31 локација и со задоволителен квалитет на една локација.
Во Которскиот залив, во општина Тиват, на 8 локации водата била со одличен квалитет, додека на 1 локација водата била со добар квалитет.
Анализите покажаа дека во Котор, од вкупно 15 локации, на 14 водата била со одличен квалитет, додека во 1 капалиште водата била квалитетна.
Во Херцег Нови мостри од вода се земени од вкупно 21 локација, од кои 18 се со одличен квалитет, 2 со добар квалитет и 1 со задоволителен квалитет.
Во согласност со црногорските регулативи, како и Директивата на ЕУ за квалитетот на водата за капење, Програмата вклучува следење на два задолжителни микробиолошки параметри (бактерија ешерихија коли и цревни ентерококи).
The post Најчистата вода е во Улцињ и Бар, еве каков е квалитетот и во Будва, Котор, Херцег Нови… appeared first on Република.
]]>The post Најчистата вода е во Улцињ и Бар, еве каков е квалитетот и во Будва, Котор, Херцег Нови… appeared first on Република.
]]>Порталот „Пари“ ги разгледа цените на охридското и струшкото крајбрежје, како и сместувањата во Дојран, но чепна и по планинскиот туризам во Маврово, Берово и во Крушево.
Како параметар ја зедоа понудата за едно четиричлено семејство со две деца – едно 5 години, а едно 14 години. Пребарува колку чини сместување во последната недела на јули и колку во првата недела од август.
Пребарувачот на платформата Booking даде исти резултати за една недела престој, било да е тоа последната недела од јули (од 25 до 31 јули), или пак првата недела од август, од 1 до 7 август. Најнискиот износ, за двата термина, што го „исфрли“ Booking за 6 ноќевања за 4 лица е 12.927 денари за простор од 50 квадратни метри – со две спални и кујна, во реновирана гаража, како што навел самиот газда, лоцирана на 2,6 километри од плажата Сараиште. Највисокиот износ пак, го понуди „Вила Бела“ – 182.081 денар за 6 ноќи. Всушност, станува збор за наем на два апартмана (вилата нема класично сместување за 4 лица), при што едниот е делукс сместување за двајца за 6 ноќи по цена од 73.128 денари, а другиот апартман е сместување наменето за 3 лица со вкупна цена од 108.953 денари. Во аранжманот е вклучен и доручекот. Вилата се наоѓа меѓу Лагадин и Елшани. Со исто име „Вила Бела“ се нуди уште еден сместувачки објект, но тој е во Стариот град во Охрид и цена за 6 ноќи за четиричлено смејство е 53.553 денари.
Интересен податок е што според Booking 92 отсто од пријавените капацитети на оваа платформа, веќе не се слободни за последната недела од јули, додека за првата недела од август веќе се резервирани 93 отсто од капцитетите.
Но, ако се разгледаат огласите по рекламните веб страници може да се видат и понуди за апартманско сместување (со сопствено купатило и со кујна) од по 450 денари по човек. Тоа значи дека ако не се наплати спиење за дете до 5 години, во овој случај една ноќ чини 1.350 денари, но ако се наплати и кревет и за 5-годишното дете, тогаш пресметките покажуваат 1.800 денари за ноќ.
Целото истражување на Пари
The post 2.000 денари од ноќ во реновирана гаража во Охрид, во Дојран веќе нема место appeared first on Република.
]]>The post 2.000 денари од ноќ во реновирана гаража во Охрид, во Дојран веќе нема место appeared first on Република.
]]>Среќата не зависи само од планетите и ѕвездите туку и од вас самите. Физичката активност ќе се одрази позитивно како врз физичкото така и врз менталното здравје. Ве очекува голем успех доколку долго време копнеевте по промени во животот. Но, важно е да знаете дека треба јасно да ги дефинирате своите цели за да го добиете она за кое сонувате.
Ова лето ќе ви донесе многу изненадувања. Универзумот ќе биде на ваша страна, а тоа ќе значи дека ќе постигнете значителен напредок во остварувањето на вашите цели. Треба почесто да ги користите сопствените ритуали и обичаи кои ќе ви помогнат да ја зголемите креативноста, а тоа ќе влијае позитивно и врз продуктивноста. Едно од правилата за да ги остварите своите соништа е и да останете она што сте, без да се менувате под нечие влијание.
Конечно ќе го добиете она што го заслужувате. Напорот што го вложивте во текот на пролетта ќе ви донесе многу среќа, пари, љубов и инспирација. Сепак, не заборавајте на вашите одбранбени техники бидејќи кон крајот на летото ќе наидете на нови „непријатели“. Од друга страна, за да уживате во успехот обидете се да си посветите повеќе време себеси и на своите приоритети.
Треба да дадете максимален труд и да се стремите кон среќа – ги имате сите предности за да го постигнете она што го сакате. Голема е веројатноста дека ќе успеете. Од друга страна, имајте на ум дека при процесот на решавање проблеми може драстично да се променат вашите цели. Во секој случај, доаѓа период на големи животни промени, па морате да бидете подготвени.
Ве очекува поволен период кој ќе трае до крајот на летото. За да ги спроведете плановите што е можно побргу, астролозите ве советуваат да не го заобиколувате гласот на интуицијата. Шестото сетило ќе ви каже во која насока треба да чекорите за да ја пронајдете среќата, а ѕвездите ќе ви помогнат и да ги поправите грешките кои сте ги направиле порано.
Астролозите ве советуваат да си поставите нови цели на почетокот на летото. Потребно е да направите план до кој ќе се придржувате до крајот на летото. Сепак, во никој случај не треба да размислувате премногу за иднината бидејќи тоа може значително да го отежни вашиот напредок. Од голема важност е да не се откажете доколку наидете на тешкотии.
Ве очекуваат многу важни настани и големи можности, проткаени со голема динамичност. Сè ќе се одвива во ваша корист. Ќе имате можност да најдете нова работа и да запознаете нови луѓе чии светогледи ќе ви бидат дополнителна инспирација. Овој момент ќе биде особено важен за сите вас кои не сте сигурни во која насока треба да продолжите да се движите. Во секој случај, доаѓаат убави промени за оние кои се припадници на овој знак.
Ќе бидете полни со среќа и инспирација, но со новите победи можете да стекнете и нови непријатели. Затоа, бидете внимателни и размислете на кој начин можете најдобро да се заштитите од нив. Од друга страна, ова ќе биде поволен период за запознавање нови луѓе, како на деловен така и на професионален план. Вашите односи со другите знаци исто така значително ќе се подобрат.
Ова лето можете да очекувате нов извор на приход, напредок во кариерата, но и можност за започнување сопствен бизнис. Ова лето ќе биде одличен период и за учење странски јазици, стекнување нови знаења и патување. Сепак, обидете се да го оставите настрана сомнежот дека нешто може да пропадне. Од друга страна, обидете се и да не се впуштате во конфликти доколку сакате да избегнете проблеми.
Во овој период важно е да се потсетите на нештата за кои сте благодарни во животот. Ова ќе ви даде енергија и ќе ви го направи животот поубав и попријатен. Тоа ќе значи и надминување на здодевноста, обесхрабрувањето и емоционалните проблеми. Освен тоа, летото ќе биде и совршен период да му се посветите повеќе на здравјето преку спортување и физичка активност.
Летото ќе биде одлично време да се ослободите од лошите навики кои ви ја одземаат среќата. Ова ќе ви ја зголеми самодовербата, но и поволно ќе се одрази врз здравјето. Ве очекува успех како на професионален така и на љубовен план. Освен тоа, треба да знаете дека сè ќе се одвива врз основа на знакот за еднаква размена, па важно е да им пружите на луѓето околу вас позитивни емоции и љубезност за истото да го добиете за возврат.
Ова лето ќе имате можност да го подобрите расположението така што ќе патувате, ќе стекнете нови познанства и ќе си посветите повеќе време. Успехот ќе ви биде загарантиран само доколку секојдневно работите на вашата цел. Не заборавајте и да не ги повторувате грешките од минатото, но и да пронајдете начин за да се ослободите од сета негативна енергија околу вас.
The post Голем летен хороскоп зa 2022: На Девиците им треба план, на Рибите патување appeared first on Република.
]]>The post Голем летен хороскоп зa 2022: На Девиците им треба план, на Рибите патување appeared first on Република.
]]>