Летните олимписки игри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letnite-olimpiski-igri/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 18:39:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Летните олимписки игри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letnite-olimpiski-igri/ 32 32 Терасата „гореше“: Србија ги пречека хероите од Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/terasata-goreshe-srbija-gi-precheka-heroite-od-pariz/ Mon, 12 Aug 2024 18:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=805949

Пред градското собрание во Белград беа пречекани српските олимпијци. Десетина илјади фанови со аплауз и вресоци ги пречекаа бронзените кошаркари на чело со Јокиќ, златните ватерполисти, стрелците и секако Новак Ѓоковиќ.

Погледнете каква беше атмосферата на славната тераса.

[caption id="attachment_805946" align="alignnone" width="640"] foto jkurir.rs[/caption]

[caption id="attachment_805944" align="alignnone" width="640"] foto kurir.rs[/caption]

[caption id="attachment_805943" align="alignnone" width="640"] foto kurir.rs[/caption]

[caption id="attachment_805942" align="alignnone" width="640"] foto kurir.rs[/caption]

 

 

The post Терасата „гореше“: Србија ги пречека хероите од Париз appeared first on Република.

]]>

Пред градското собрание во Белград беа пречекани српските олимпијци. Десетина илјади фанови со аплауз и вресоци ги пречекаа бронзените кошаркари на чело со Јокиќ, златните ватерполисти, стрелците и секако Новак Ѓоковиќ. Погледнете каква беше атмосферата на славната тераса. [caption id="attachment_805946" align="alignnone" width="640"] foto jkurir.rs[/caption] [caption id="attachment_805944" align="alignnone" width="640"] foto kurir.rs[/caption] [caption id="attachment_805943" align="alignnone" width="640"] foto kurir.rs[/caption] [caption id="attachment_805942" align="alignnone" width="640"] foto kurir.rs[/caption]    

The post Терасата „гореше“: Србија ги пречека хероите од Париз appeared first on Република.

]]>
Денеска e отворањето на Олимписките игри: Парадата покрај Сена ќе ја обезбедуваат 45.000 полицајци https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/deneska-e-otvoraneto-na-olimpiskite-igri-paradata-pokraj-sena-ke-ja-obezbeduvaat-45-000-politsajtsi/ Fri, 26 Jul 2024 06:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=800342

Франција денеска има намера да го импресионира светот со екстравагантна церемонија на отворање на Олимписките игри во Париз каде околу 45.000 полицајци, 10.000 војници и 2.000 лица од приватни компании за обезбедување ќе се грижат за безбедноста на парадата покрај реката Сена, нејзиниот брег и околните споменици.

ОИ се одржуваат во време на големи безбедносни ризици, односно во време на засилени геополитички тензии.

Планирано е речиси 7.000 спортисти да запловат по реката Сена покрај најпознатите париски знаменитости, додека повеќе од 300.000 гледачи ќе ги следат од брегот.

Од последните Олимписки игри во Пекинг во 2022 година, избувнаа војни во Украина и Газа, што сега е тензична позадина на Игрите. Франција е на највисоко ниво на безбедност, иако официјалните лица повторија дека нема посебна закана за церемонијата на отворање или за самите игри.

Како дел од големата безбедносна операција, властите ставија 155 лица под мерки за надзор кои строго го ограничуваат нивното движење според законот за антитероризам.

Израелските натпреварувачи ќе бидат придружувани од елитни тактички единици, а тие натпреварувачи ќе имаат 24-часовна заштита за време на Олимписките игри, посочуваат надлежните.

Десетици светски лидери ќе бидат во Париз на свеченото отворање, кое ќе биде заштитено со снајперисти на покривите. Коритото на реката Сена е исчистено од бомби, а воздушниот простор на Париз ќе биде затворен.

Авиони за радарски надзор и беспилотни летала Reaper ќе ги надгледуваат чувствителните локации одозгора, а борбените авиони Мираж 2000 ќе бидат во состојба на подготвеност за пресретнување авиони што евентуално ќе залутаат во ограничен воздушен простор

The post Денеска e отворањето на Олимписките игри: Парадата покрај Сена ќе ја обезбедуваат 45.000 полицајци appeared first on Република.

]]>

Франција денеска има намера да го импресионира светот со екстравагантна церемонија на отворање на Олимписките игри во Париз каде околу 45.000 полицајци, 10.000 војници и 2.000 лица од приватни компании за обезбедување ќе се грижат за безбедноста на парадата покрај реката Сена, нејзиниот брег и околните споменици. ОИ се одржуваат во време на големи безбедносни ризици, односно во време на засилени геополитички тензии. Планирано е речиси 7.000 спортисти да запловат по реката Сена покрај најпознатите париски знаменитости, додека повеќе од 300.000 гледачи ќе ги следат од брегот. Од последните Олимписки игри во Пекинг во 2022 година, избувнаа војни во Украина и Газа, што сега е тензична позадина на Игрите. Франција е на највисоко ниво на безбедност, иако официјалните лица повторија дека нема посебна закана за церемонијата на отворање или за самите игри. Како дел од големата безбедносна операција, властите ставија 155 лица под мерки за надзор кои строго го ограничуваат нивното движење според законот за антитероризам. Израелските натпреварувачи ќе бидат придружувани од елитни тактички единици, а тие натпреварувачи ќе имаат 24-часовна заштита за време на Олимписките игри, посочуваат надлежните. Десетици светски лидери ќе бидат во Париз на свеченото отворање, кое ќе биде заштитено со снајперисти на покривите. Коритото на реката Сена е исчистено од бомби, а воздушниот простор на Париз ќе биде затворен. Авиони за радарски надзор и беспилотни летала Reaper ќе ги надгледуваат чувствителните локации одозгора, а борбените авиони Мираж 2000 ќе бидат во состојба на подготвеност за пресретнување авиони што евентуално ќе залутаат во ограничен воздушен простор

The post Денеска e отворањето на Олимписките игри: Парадата покрај Сена ќе ја обезбедуваат 45.000 полицајци appeared first on Република.

]]>
Примероците од водата во реката Сена засега не ги исполнуваат стандардите за олимписките натпреварувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/primerotsite-od-vodata-vo-rekata-sena-zasega-ne-gi-ispolnuvaat-standardite-za-olimpiskite-natprevaruvana/ Fri, 21 Jun 2024 16:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=789596

Примероците од водата во Сена засега не ги исполнуваат стандардите за Летните олимписки игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз, изјави регионалниот префект Марк Гијом, но додаде дека тој се уште е убеден дека ќе бидат можни олимписки натпреварувања на вода.

Тој изјави дека според примероците на вода од 16 јуни - месец и половина пред Олимписките игри (ОИ), Сена била премногу загадена според критериумите утврдени за натпревари на вода.

Властите во Париз и поширокото подрачје соопштија дека зголемувањето на нивото на водата поради дождливото време, при што материјалот од бреговите стигнува до реката, придонел за зголемување на концентрацијата на загадувањето, особено на бактеријата ешерихија коли во вода.

„Квалитетот на водата е деградиран поради неповолниот хидролошки и метеоролошки контекст - дожд, голем проток, малку сонце, температури неусогласени со сезонскиот стандард“, велат надлежните, додавајќи дека високиот проток на надојдената река поради дождот го прави не го подобрува квалитетот на водата.

Сена е „ѕвездата“ на ОИ, бидејќи покрај неа ќе се одржи свеченото отворање, а потоа на неа ќе се одржат и натпреварувања.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго неодамна изјави дека од 15 јули ќе се капе во Сена.

The post Примероците од водата во реката Сена засега не ги исполнуваат стандардите за олимписките натпреварувања appeared first on Република.

]]>

Примероците од водата во Сена засега не ги исполнуваат стандардите за Летните олимписки игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз, изјави регионалниот префект Марк Гијом, но додаде дека тој се уште е убеден дека ќе бидат можни олимписки натпреварувања на вода. Тој изјави дека според примероците на вода од 16 јуни - месец и половина пред Олимписките игри (ОИ), Сена била премногу загадена според критериумите утврдени за натпревари на вода. Властите во Париз и поширокото подрачје соопштија дека зголемувањето на нивото на водата поради дождливото време, при што материјалот од бреговите стигнува до реката, придонел за зголемување на концентрацијата на загадувањето, особено на бактеријата ешерихија коли во вода.
„Квалитетот на водата е деградиран поради неповолниот хидролошки и метеоролошки контекст - дожд, голем проток, малку сонце, температури неусогласени со сезонскиот стандард“, велат надлежните, додавајќи дека високиот проток на надојдената река поради дождот го прави не го подобрува квалитетот на водата.
Сена е „ѕвездата“ на ОИ, бидејќи покрај неа ќе се одржи свеченото отворање, а потоа на неа ќе се одржат и натпреварувања. Градоначалничката на Париз, Ан Идалго неодамна изјави дека од 15 јули ќе се капе во Сена.

The post Примероците од водата во реката Сена засега не ги исполнуваат стандардите за олимписките натпреварувања appeared first on Република.

]]>