Летна школоа на Меѓународниот семинар за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letna-shkoloa-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 12:21:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Летна школоа на Меѓународниот семинар за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letna-shkoloa-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik/ 32 32 Поразувачка е реалноста дека сега има помалку лекторати по македонски јазик во странство, отколку во времето на СФРЈ, кажа министерката Јаневска на отворањето на Летната школа за македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/janevska-porazuvachka-e-realnosta-deka-sega-ima-pomalku-lektorati-po-makedonski-jazik-vo-stranstvo-otkolku-vo-vremeto-na-sfrj/ Fri, 16 Aug 2024 12:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=807241

Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што по 57. пат се одржува во Охрид, е неповторлива можност за учесниците да ги усовршат и збогатат своите знаења од областа на македонистиката и кога ќе се вратат во своите средини, да бидат нашите најдобри промотори, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на отворањето на семинарот.

Сите ние што живееме овде и нè прегрнува Плаошник, имаме обврска кон човештвото да го споделиме богатството на Крсте Мисирков, Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски, на што повеќе јазици, затоа што тоа е македонско, и светско истовремено. И не само нивното, туку и на плејадата дејци чии творби на македонски јазик носат длабока хумана есенција. Затоа ни се потребни добри преведувачи, сериозни проучувачи и познавачи на македонскиот јазик, вљубеници во македонскиот збор“, нагласи Јаневска.

Негувањето на македонскиот јазик и зацврстувањето на неговата позиција на глобално ниво е програмски приоритет на новата Влада. Јаневска укажа дека од аспект на евроинтеграцијата на државата, тоа значи зајакнување на преведувачките и толкувачките капацитети за македонски јазик, со цел навремена и квалитетна подготовка на националната верзија на европското законодавство и обезбедување квалитетна поддршка во текот на пристапните преговори.

Поразувачка е реалноста дека сега има помалку лекторати по македонски јазик во странство, отколку во времето на СФРЈ. Затоа и во Програмата на оваа Влада како приоритет е зацртано одржување на постојните и отворање нови лекторати и курсеви по македонски јазик на универзитетите во странство. Зашто, за сите нас е трогателно кога слушаме млади луѓе од странски земји кои многу внимателно се трудат да зборуваат на македонски, пеат македонски песни и знаат да одиграат македонско оро. Ако ги оставиме на стихијата, овие примери ќе бидат сè поретки. Ако пак сите заедно, посебно државните институции и академските установи, посветат заслужено внимание на важноста на лекторатите како мали македонски културни центри во светските метрополи, ќе добиеме многу како држава“, посочи министерката за образование.

Јаневска побара од академската сфера и професорите да ја зајакнат научната работа, посебно во делот на македонистиката и да предничат во севкупните напори за јакнење на македонскиот јазик како суштински елемент на националниот и културен идентитет на Македонците.

На Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, основан во 1967 година, досега учествувале повеќе од 5.000 учесници од над 70 земји, меѓу кои истакнати македонисти, филолози, балканолози, слависти, студенти, професори по македонски јазик и литература на странски универзитети, научни работници што го изучуваат македонскиот јазик на лекторатите на МСМЈЛК и на универзитетите во светот.

The post Поразувачка е реалноста дека сега има помалку лекторати по македонски јазик во странство, отколку во времето на СФРЈ, кажа министерката Јаневска на отворањето на Летната школа за македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што по 57. пат се одржува во Охрид, е неповторлива можност за учесниците да ги усовршат и збогатат своите знаења од областа на македонистиката и кога ќе се вратат во своите средини, да бидат нашите најдобри промотори, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на отворањето на семинарот.
Сите ние што живееме овде и нè прегрнува Плаошник, имаме обврска кон човештвото да го споделиме богатството на Крсте Мисирков, Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски, на што повеќе јазици, затоа што тоа е македонско, и светско истовремено. И не само нивното, туку и на плејадата дејци чии творби на македонски јазик носат длабока хумана есенција. Затоа ни се потребни добри преведувачи, сериозни проучувачи и познавачи на македонскиот јазик, вљубеници во македонскиот збор“, нагласи Јаневска.
Негувањето на македонскиот јазик и зацврстувањето на неговата позиција на глобално ниво е програмски приоритет на новата Влада. Јаневска укажа дека од аспект на евроинтеграцијата на државата, тоа значи зајакнување на преведувачките и толкувачките капацитети за македонски јазик, со цел навремена и квалитетна подготовка на националната верзија на европското законодавство и обезбедување квалитетна поддршка во текот на пристапните преговори.
Поразувачка е реалноста дека сега има помалку лекторати по македонски јазик во странство, отколку во времето на СФРЈ. Затоа и во Програмата на оваа Влада како приоритет е зацртано одржување на постојните и отворање нови лекторати и курсеви по македонски јазик на универзитетите во странство. Зашто, за сите нас е трогателно кога слушаме млади луѓе од странски земји кои многу внимателно се трудат да зборуваат на македонски, пеат македонски песни и знаат да одиграат македонско оро. Ако ги оставиме на стихијата, овие примери ќе бидат сè поретки. Ако пак сите заедно, посебно државните институции и академските установи, посветат заслужено внимание на важноста на лекторатите како мали македонски културни центри во светските метрополи, ќе добиеме многу како држава“, посочи министерката за образование.
Јаневска побара од академската сфера и професорите да ја зајакнат научната работа, посебно во делот на македонистиката и да предничат во севкупните напори за јакнење на македонскиот јазик како суштински елемент на националниот и културен идентитет на Македонците. На Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, основан во 1967 година, досега учествувале повеќе од 5.000 учесници од над 70 земји, меѓу кои истакнати македонисти, филолози, балканолози, слависти, студенти, професори по македонски јазик и литература на странски универзитети, научни работници што го изучуваат македонскиот јазик на лекторатите на МСМЈЛК и на универзитетите во светот.

The post Поразувачка е реалноста дека сега има помалку лекторати по македонски јазик во странство, отколку во времето на СФРЈ, кажа министерката Јаневска на отворањето на Летната школа за македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ ги обедини институциите во афирмирањето на македонистиката на странските универзитети https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/letnata-shkola-na-msmjlk-pri-ukim-gi-obedini-instituciite-vo-afirmiranjeto-na-makedonistikata-na-stranskite-univerziteti/ Mon, 29 Aug 2022 08:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=545173

Јубилејната, 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, којашто се одржува во Охрид со најголем број учесници изминативе години, ги обедини институциите во заложбите за афирмација на македонистиката во светот. За семинаритите се овозможија публикации и други едукативни материјали од македонски научни и образовни институции, за првпат финансика поддршка овозможи и Министерството за образование и наука, а со поддршка за Школата се вклучија и општествено одговорни компании. Во рамките на програмата на Школата, професори од некои од факултетите при УКИМ, со предавања од областа на македонската култура за првпат се вклучуваат во програмските активности на МСМЈЛК при УКИМ. Ова дополнително укажува дека мисијата на МСМЈЛК при УКИМ за афирмација на македонистиката и во тие рамки за промоција и на македонската култура постојано добива нови, поголеми димензии, при што Семинарот се издвојува како централното јадро на најстариот универзитет во земјата во промоцијата на македонскиот јазик, литература и култура во светот.

Свои значајни, најнови публикации, за семинаристите овозможија и Македонската академија на науките и уметностите и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Семинаристите од 17 држави од светот искажаа голем интерес и овие публикации веќе ги користат во продлабочувањето на знаењата од областа на македонистиката, но и во нив препознаваат поттик за свои натамошни македонистички истражувања. Голем дел од публикациите, семинаристите ќе понесат во своите држави, ќе ги стават на располагање на тамошната научна јавност и ќе ги презентираат пред своите колеги, афирмирајќи ги македонската научна мисла и македонскиот збор низ светот.   

Како резултат на вопоставената соработка меѓу МСМЈЛК при УКИМ и Народната банка, семинаристите коишто се интересираат и за прашања од културологијата, како сегмент од македонската култура ги осознаваат и приказните за културното наследство претставено на македонските банкноти, по повод 30 години монетарна самостојност на нашата држава. Преку приказните од изложбата „В/редности и вредности“ на Музејот на Народната банка и преку публикациите на Народната банка, тие учат и за значајноста на Златната маска од Горна порта и златните обетки со гулабици од Охридско, мермерното торзо на божицата Изида, тетовската Менада, монетите на Јустин II, иконата на Богородица Епискепсис и многу други артефакти од македонско тло. Со ова, соработката со Народната банка, веќе се остварува. Следната академска година ќе се случат и првите претставувања на македонското културно наследство коешто го чува и/или афирмира Народната банка, пред студенти на странски универзитети. Сите семинаристи на Школата се поканети и да ја посетат изложбата „В/редности и вредности“.

Едновремено, радува и вклучувањето на приватниот сектор со поддршка за Школата, што укажува дека важноста на мисијата на МСМЈЛК при УКИМ сè повеќе се препознава во пошироки рамки, и надвор од научните и образовни кругови. Поконкретно, општествено одговорните компании „Тиквеш“, „Алкалоид“ и „Кожувчанка“, за сите семинаристи обезбедија свои производи брендирани со логото на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ.

Клучно е што годинава, преку настојувањето со Школата да се опфатат повеќе сегменти од македонската култура, во програмата се вклучија и професори при некои од факултетите при УКИМ, коишто претходно не држеле предавања на школите на МСМЈЛК при УКИМ. Конкретно денес, на Школата, за првпат ќе се одржи предавање за македонската мода, од проф. д-р Лидија Георгиева од Технолошко-металуршкиот факултет.

Неделава, на Школата ќе биде одржано предавање и за интермедијалните проникнувања на современата македонска книжевност со сликарството и музиката, од страна на проф. д-р Владимир Мартиновски, а македонската традиционална култура, културно наследство и идентитет ќе бидат тема на предавањето коешто ќе го одржи проф. д-р Велика Стојкова Серафимовска. Школата трае до петок, до кога семинаритите ќе следат и интензивна лекторска настава.

Инаку, Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ се одржува со финансиска поддршка од Министерството за култура, а годинава за првпат и со финансика поддршка од Министерството за образование и наука, додека дел од програмските активности се под покровителство на Општина Охрид и Општина Вевчани, што укажува на сестраната заложба за остварување на мисијата на МСМЈЛК при УКИМ.

The post Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ ги обедини институциите во афирмирањето на македонистиката на странските универзитети appeared first on Република.

60 странски македонисти и слависти од 17 држави ќе учестуваат на 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/60-stranski-makedonisti-i-slavisti-od-17-drzavi-kje-uchestuvaat-na-55-letna-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik/ Wed, 17 Aug 2022 07:55:10 +0000 https://republika.mk/?p=541185

Шеесет странски македонисти и слависти од седумнаесет држави ќе учествуваат на јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Оваа јубилејна школа ќе се одржи со најголем број семинаристи последниве години, а нејзината програма се очекува да им овозможи и нови видици и да ги поттикне на нови истражувачки потфати за македонистиката.

В петок, на 19 август, со почеток во 12 часот во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи свеченото отворање на јубилејното издание на овој стожерен настан за македонистиката и нејзината афирмација во светот. Летната школа ќе трае до 2 септември годинава.

На отворањето, како што е најавено, обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Во рамки на отворањето на Школата е најавена и промоција на новите изданија на учебниците за странци – „Тешкото“ (македонски јазик, почетно рамниште) од проф. д-р Симон Саздов, „Лозје“ (македонски јазик, средно рамниште) од доц. д-р Гордана Алексова и „Везилка“ (македонска литература и култура) од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Промоторка на изданијата коишто ќе се користат на јубилејната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а потоа и на странските универзитети ќе биде проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот од предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промотор ќе биде проф. д-р Борче Арсов, долгогодишен лектор на школите на Семинарот.

Според програмата, во Охрид денеска ќе пристигнат странските македонисти и слависти, кои ќе следат и лекторска настава. Веќе се организирани лекторски групи за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. Наставата за групите ќе ја изведуваат лектори коишто ќе го вложат сопствениот максимум во пренесувањето знаења на странските слависти и македонисти – проф. д-р Борче Арсов, доц. д-р Гордана Алексова, доц. д-р Бобан Карапејовски, доц. д-р Бојан Петревски, м-р Иван Антоновски и м-р Марија Пандева.

Првото предавање на Школата ќе го одржат проф. д-р Елка Јачева-Улчар, Ласко Џуровски и Лазе Трипков, на тема „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно-историско наследство и нивната примена“. Во рамките на посетата на манастирскиот комплекс „Св. Наум“, предавање за „Св. Наум и пророкот Наум“ ќе одржи проф. д-р Ѓоко Ѓорѓески.

Јубилејот 70 години од раѓањето на Горан Стефановски ќе биде одбележан со предавање на проф. д-р Наташа Аврамовска за локалното и универзалното во драмскиот свет на Стефановски, а ден потоа, проф. д-р Искра Пановска-Димкова ќе одржи предавање на тема „Фонетско-фонолошките предизвици при усвојувањето на македонскиот јазик како странски“.

Осврнувајќи се на разговори со клучни автори за македонската книжевност, предавање ќе одржи и проф. д-р Кристина Николовска, за „Разговорница“ – ТВ-љубопитница и книга прашувалница. Проф. д-р Катерина Велјановска ќе одржи предавање за имињата и фразелогијата, а ден потоа предавање ќе одржи и проф. д-р Марија Паунова, на тема „Македонски лингвокултуролошки материјал (дијахронија и синхронија)“.

Во рамки на Школата ќе биде одбележан и големиот јубилеј 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, со предавање на проф. д-р Славчо Ковиловски за Делчев како културна икона.

Првпат во рамки на школите на Семинарот, одделно внимание ќе биде посветена на македонската мода и македонскиот моден дизајн како составен дел од македонската култура, со предавање на проф. д-р Лидија Георгиева на тема „Зборувате ли македонска мода?“. На Школата ќе биде одржано предавање и за интермедијалните проникнувања на современата македонска книжевност со сликарството и музиката, од страна на проф. д-р Владимир Мартиновски, а македонската традиционална култура, културно наследство и идентитет ќе бидат тема на последното предавање на Школата, коешто ќе го одржи проф. д-р Велика Стојкова Серафимовска.

Преку програмата на ова исклучително значајно, јубилејно издание на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ, професори од некои од факултетите при УКИМ, со предавања од областа на македонската култура првпат ќе се вклучат во програмските активности на Семинарот. Ова дополнително укажува дека мисијата на МСМЈЛК при УКИМ за афирмација на македонистиката и во тие рамки за промоција и на македонската култура постојано добива нови, поголеми димензии, при што Семинарот се издвојува како централното јадро на најстариот универзитет во земјата во промоцијата на македонскиот јазик, литература и култура во светот, соопшти организаторот.

Со програмата се предвидени и неколку промоции на изданија меѓу кои се издвојуваат: – „Охридски раскажувачи“ и „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, приредени од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. На промоцијата на овие книги ќе се обратат градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), Христо Петрески, по повод 75 години од формирањето на ДПМ, а промотори ќе бидат асс. м-р Иван Антоновски и доц. д-р Бобан Карапејовски.

Предвидена е и промоција на „Македонская литература XX-начала XXI века. Очерки истории“ од истакнатата македонистика од МГУ „Ломоносов“ во Моска, академик Ала Шешкен. Промотор на ова издание за рецепцијата на македонската книжевност со историографаска диоптрија ќе биде проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Семинаристите на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ ќе бидат специјални гости и на 34. издание на традиционалната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ (ПНВ). Соработката меѓу МСМЈЛК при УКИМ и ПНВ датира од пред неколку години и семинаристите редовно се дел од оваа значајна културна манифестација.

На Школата ќе биде организирана и преведувачка работилница, којашто ќе ја води проф. д-р Лидија Танушевска. За семинаристите коишто потемелно се интересираат за македонскиот фолклор, на Школата ќе се одржи и курс по македонски ора, којшто ќе го води Сашко Јованоски.

Според програмата, Школата ќе биде затворена со завршна средба на 2 септември, а за потоа се најавува и 49. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ, којашто ќе е одржи на 4 и 5 септември 2022 во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид.

На јубилејната, 55. Летна школа ќе учествуваат семинаристи од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Република Кореја, Романија, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешката Република. Меѓу семинаристите се и универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, но и млади кадри.

The post 60 странски македонисти и слависти од 17 држави ќе учестуваат на 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Шеесет странски македонисти и слависти од седумнаесет држави ќе учествуваат на јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Оваа јубилејна школа ќе се одржи со најголем број семинаристи последниве години, а нејзината програма се очекува да им овозможи и нови видици и да ги поттикне на нови истражувачки потфати за македонистиката. В петок, на 19 август, со почеток во 12 часот во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи свеченото отворање на јубилејното издание на овој стожерен настан за македонистиката и нејзината афирмација во светот. Летната школа ќе трае до 2 септември годинава. На отворањето, како што е најавено, обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Во рамки на отворањето на Школата е најавена и промоција на новите изданија на учебниците за странци – „Тешкото“ (македонски јазик, почетно рамниште) од проф. д-р Симон Саздов, „Лозје“ (македонски јазик, средно рамниште) од доц. д-р Гордана Алексова и „Везилка“ (македонска литература и култура) од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Промоторка на изданијата коишто ќе се користат на јубилејната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а потоа и на странските универзитети ќе биде проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот од предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промотор ќе биде проф. д-р Борче Арсов, долгогодишен лектор на школите на Семинарот. Според програмата, во Охрид денеска ќе пристигнат странските македонисти и слависти, кои ќе следат и лекторска настава. Веќе се организирани лекторски групи за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. Наставата за групите ќе ја изведуваат лектори коишто ќе го вложат сопствениот максимум во пренесувањето знаења на странските слависти и македонисти – проф. д-р Борче Арсов, доц. д-р Гордана Алексова, доц. д-р Бобан Карапејовски, доц. д-р Бојан Петревски, м-р Иван Антоновски и м-р Марија Пандева. Првото предавање на Школата ќе го одржат проф. д-р Елка Јачева-Улчар, Ласко Џуровски и Лазе Трипков, на тема „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно-историско наследство и нивната примена“. Во рамките на посетата на манастирскиот комплекс „Св. Наум“, предавање за „Св. Наум и пророкот Наум“ ќе одржи проф. д-р Ѓоко Ѓорѓески. Јубилејот 70 години од раѓањето на Горан Стефановски ќе биде одбележан со предавање на проф. д-р Наташа Аврамовска за локалното и универзалното во драмскиот свет на Стефановски, а ден потоа, проф. д-р Искра Пановска-Димкова ќе одржи предавање на тема „Фонетско-фонолошките предизвици при усвојувањето на македонскиот јазик како странски“. Осврнувајќи се на разговори со клучни автори за македонската книжевност, предавање ќе одржи и проф. д-р Кристина Николовска, за „Разговорница“ – ТВ-љубопитница и книга прашувалница. Проф. д-р Катерина Велјановска ќе одржи предавање за имињата и фразелогијата, а ден потоа предавање ќе одржи и проф. д-р Марија Паунова, на тема „Македонски лингвокултуролошки материјал (дијахронија и синхронија)“. Во рамки на Школата ќе биде одбележан и големиот јубилеј 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, со предавање на проф. д-р Славчо Ковиловски за Делчев како културна икона. Првпат во рамки на школите на Семинарот, одделно внимание ќе биде посветена на македонската мода и македонскиот моден дизајн како составен дел од македонската култура, со предавање на проф. д-р Лидија Георгиева на тема „Зборувате ли македонска мода?“. На Школата ќе биде одржано предавање и за интермедијалните проникнувања на современата македонска книжевност со сликарството и музиката, од страна на проф. д-р Владимир Мартиновски, а македонската традиционална култура, културно наследство и идентитет ќе бидат тема на последното предавање на Школата, коешто ќе го одржи проф. д-р Велика Стојкова Серафимовска.
Преку програмата на ова исклучително значајно, јубилејно издание на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ, професори од некои од факултетите при УКИМ, со предавања од областа на македонската култура првпат ќе се вклучат во програмските активности на Семинарот. Ова дополнително укажува дека мисијата на МСМЈЛК при УКИМ за афирмација на македонистиката и во тие рамки за промоција и на македонската култура постојано добива нови, поголеми димензии, при што Семинарот се издвојува како централното јадро на најстариот универзитет во земјата во промоцијата на македонскиот јазик, литература и култура во светот, соопшти организаторот.
Со програмата се предвидени и неколку промоции на изданија меѓу кои се издвојуваат: – „Охридски раскажувачи“ и „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, приредени од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. На промоцијата на овие книги ќе се обратат градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), Христо Петрески, по повод 75 години од формирањето на ДПМ, а промотори ќе бидат асс. м-р Иван Антоновски и доц. д-р Бобан Карапејовски. Предвидена е и промоција на „Македонская литература XX-начала XXI века. Очерки истории“ од истакнатата македонистика од МГУ „Ломоносов“ во Моска, академик Ала Шешкен. Промотор на ова издание за рецепцијата на македонската книжевност со историографаска диоптрија ќе биде проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Семинаристите на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ ќе бидат специјални гости и на 34. издание на традиционалната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ (ПНВ). Соработката меѓу МСМЈЛК при УКИМ и ПНВ датира од пред неколку години и семинаристите редовно се дел од оваа значајна културна манифестација. На Школата ќе биде организирана и преведувачка работилница, којашто ќе ја води проф. д-р Лидија Танушевска. За семинаристите коишто потемелно се интересираат за македонскиот фолклор, на Школата ќе се одржи и курс по македонски ора, којшто ќе го води Сашко Јованоски. Според програмата, Школата ќе биде затворена со завршна средба на 2 септември, а за потоа се најавува и 49. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ, којашто ќе е одржи на 4 и 5 септември 2022 во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. На јубилејната, 55. Летна школа ќе учествуваат семинаристи од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Република Кореја, Романија, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешката Република. Меѓу семинаристите се и универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, но и млади кадри.

The post 60 странски македонисти и слависти од 17 држави ќе учестуваат на 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик appeared first on Република.

]]>