Летна школа за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letna-shkola-za-makedonski-jazik/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Aug 2023 07:51:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Летна школа за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letna-shkola-za-makedonski-jazik/ 32 32 На Летната школа за македонски јазик вечерва промоција на хрватското издание македонски сказни „Детелинки белинки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-letnata-shkola-za-makedonski-jazik-vecherva-promotsija-na-hrvatskoto-izdanie-makedonski-skazni-detelinki-belinki/ Tue, 29 Aug 2023 07:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=676762

Во рамки на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) вечерва од 19 часот во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе биде промовиран хрватскиот превод на книгата „Детелинки белинки“, објавен по повод 15 години Лекторат по македонски јазик во Риека.

Промотори на изданието „Детелинки белинки“ со избрани македонски авторски сказни ќе бидат проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и м-р Биљана Стојановска, додека за искуството од работата при преведувањето на книгата од македонски на хрватски ќе зборуваат Ана Братовиќ и Маргарета Чанжар, студентки по македонистика од Риека и учеснички на Школата.

Изданието во кое текстовите од шеснаесетте македонски приказни – сказни се објавени и во оригинал на македонски и во превод на хрватски јазик е резултат на заеднички потфат на м-р Биљана Стојановска, која е актуелна лекторка по македонски јазик во Риека и на нејзините студенти по македонистика од Отсекот за преведување, кои ги преведоа текстовите. Поконкретно, станува збор за превод на истоимениот избор објавен на македонски јазик од издавачката куќа „Арс Ламина“ – редакција „Либи“, а неговото објавување во Хрватска се надоврза на зголемиот интерес за македонската книжевност за деца во странските културни центри во изминатиот период. Книгата веќе предизвикува дополнителен интересот за македонската книжевност за деца во Хрватска, вклучително и од страна на стручната јавност.

Хрватскиот превод на „Детелинки белинки“ е еден од примерите како во соработка меѓу лекторот по македонски јазик и студентите на странските универзитети, знаењата од областа на македонистиката може да се насочуваат кон проекти кои ги афирмират македонскиот јазик, литература и култура и пошироко, во и надвор од академката средина. Оттука се очекува дека денешната промоција да биде поттик и за дел од останатите семинаристи да се зафатат со вакви или слични потфати.

Инаку, своите искуства од преведувањето вечерва ќе ги споделат и студентките кои преведуваа некои од расказите, Анамарија Гојевиќ, Ивана Јовановиќ, Луција Тогонал, Марија Кунчиќ, Наталија Милковиќ, Нина Дојчиновиќ, Нина Меданиќ и Тихана Тадеј.

До крајот на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ предвидена и уште промоција на значајното издание „Шопов на 11 јазици“. Од 1 септември ќе започне јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ.

The post На Летната школа за македонски јазик вечерва промоција на хрватското издание македонски сказни „Детелинки белинки“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) вечерва од 19 часот во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе биде промовиран хрватскиот превод на книгата „Детелинки белинки“, објавен по повод 15 години Лекторат по македонски јазик во Риека. Промотори на изданието „Детелинки белинки“ со избрани македонски авторски сказни ќе бидат проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и м-р Биљана Стојановска, додека за искуството од работата при преведувањето на книгата од македонски на хрватски ќе зборуваат Ана Братовиќ и Маргарета Чанжар, студентки по македонистика од Риека и учеснички на Школата. Изданието во кое текстовите од шеснаесетте македонски приказни – сказни се објавени и во оригинал на македонски и во превод на хрватски јазик е резултат на заеднички потфат на м-р Биљана Стојановска, која е актуелна лекторка по македонски јазик во Риека и на нејзините студенти по македонистика од Отсекот за преведување, кои ги преведоа текстовите. Поконкретно, станува збор за превод на истоимениот избор објавен на македонски јазик од издавачката куќа „Арс Ламина“ – редакција „Либи“, а неговото објавување во Хрватска се надоврза на зголемиот интерес за македонската книжевност за деца во странските културни центри во изминатиот период. Книгата веќе предизвикува дополнителен интересот за македонската книжевност за деца во Хрватска, вклучително и од страна на стручната јавност. Хрватскиот превод на „Детелинки белинки“ е еден од примерите како во соработка меѓу лекторот по македонски јазик и студентите на странските универзитети, знаењата од областа на македонистиката може да се насочуваат кон проекти кои ги афирмират македонскиот јазик, литература и култура и пошироко, во и надвор од академката средина. Оттука се очекува дека денешната промоција да биде поттик и за дел од останатите семинаристи да се зафатат со вакви или слични потфати. Инаку, своите искуства од преведувањето вечерва ќе ги споделат и студентките кои преведуваа некои од расказите, Анамарија Гојевиќ, Ивана Јовановиќ, Луција Тогонал, Марија Кунчиќ, Наталија Милковиќ, Нина Дојчиновиќ, Нина Меданиќ и Тихана Тадеј. До крајот на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ предвидена и уште промоција на значајното издание „Шопов на 11 јазици“. Од 1 септември ќе започне јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ.

The post На Летната школа за македонски јазик вечерва промоција на хрватското издание македонски сказни „Детелинки белинки“ appeared first on Република.

]]>