Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letna-shkola-na-megunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 16:42:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letna-shkola-na-megunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik/ 32 32 Потребно е да се зголеми бројот на македонските лекторати во странство, вели претседателката Сиљановска Давкова по средбата со македонистите кои учестуваат на Летната школа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potrebno-e-da-se-zgolemi-brojot-na-makedonskite-lektorati-vo-stranstvo-veli-pretsedatelkata-silanovska-davkova-po-sredbata-so-makedonistite-koi-uchestuvaat-na-letnata-shkola/ Mon, 19 Aug 2024 16:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=808024

Сиљановска Давкова на средба со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во „Вила Билјана“ во Охрид, ги прими македонистите од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, соопштуваат од нејзиниот кабинет.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за реализацијата на тековните и планираните активности и содржини на 57. Летна на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ којашто се одржува во Охрид до 29 август годинава, известуваат од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Истакнувајќи го големото значење на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура за изучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, претседателката оценила дека големиот интерес во светот за македонистиката преку дејноста на 11 македонистички лекторати, ја нагласува потребата од нивно зголемување и преку универзитетски центри за изучување на македонскиот јазик, литература и култура.

Претседателката им посака успешно реализирање на предвидената програма на 57. Летна школа, додавајќи дека истата со своите разновидни содржини претставува можност за стекнување на едукација во пракса, остварување на различни видови на соработка и придонесува за развојот на лекторатите по македонистика во светот и културната дипломатија, велат од кабинетот на претседателката.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура досега има организирано 56 летни школи и три зимски школи, како и 50 меѓународни научни конференции на кои учествувале повеќе од 4.000 учесници од над 60 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот. На годинешната 57. Летна школа којашто се одржува под мотото „Македонистички гордорек“ учествуваат 65 македонисти од 17 земји.

The post Потребно е да се зголеми бројот на македонските лекторати во странство, вели претседателката Сиљановска Давкова по средбата со македонистите кои учестуваат на Летната школа appeared first on Република.

]]>

Сиљановска Давкова на средба со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во „Вила Билјана“ во Охрид, ги прими македонистите од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, соопштуваат од нејзиниот кабинет.
На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за реализацијата на тековните и планираните активности и содржини на 57. Летна на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ којашто се одржува во Охрид до 29 август годинава, известуваат од кабинетот на Сиљановска Давкова.
Истакнувајќи го големото значење на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура за изучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, претседателката оценила дека големиот интерес во светот за македонистиката преку дејноста на 11 македонистички лекторати, ја нагласува потребата од нивно зголемување и преку универзитетски центри за изучување на македонскиот јазик, литература и култура.
Претседателката им посака успешно реализирање на предвидената програма на 57. Летна школа, додавајќи дека истата со своите разновидни содржини претставува можност за стекнување на едукација во пракса, остварување на различни видови на соработка и придонесува за развојот на лекторатите по македонистика во светот и културната дипломатија, велат од кабинетот на претседателката.
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура досега има организирано 56 летни школи и три зимски школи, како и 50 меѓународни научни конференции на кои учествувале повеќе од 4.000 учесници од над 60 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот. На годинешната 57. Летна школа којашто се одржува под мотото „Македонистички гордорек“ учествуваат 65 македонисти од 17 земји.  

The post Потребно е да се зголеми бројот на македонските лекторати во странство, вели претседателката Сиљановска Давкова по средбата со македонистите кои учестуваат на Летната школа appeared first on Република.

]]>
Министерката Јаневска ќе се обрати на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerkata-janevska-ke-se-obrati-na-57-letna-shkola-na-megunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik/ Fri, 16 Aug 2024 07:09:01 +0000 https://republika.mk/?p=807049

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на свеченото отворање на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Летната школа оваа година се одржува под мотото „Македонистички гордорек“ во Охрид и ќе трае до 29 август. Ќе учествуваат 65 македонисти од 17 земји.

Освен министерката Јаневска, на Летната школа денеска најавено е и обраќање на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Кристина Николовска.

Потоа ќе следува музички настап на проф. д-р Драган Даутовски, кој ќе свири на окарина, древен иструмент од пред 7000 години, а проф. д-р Андријана Јаневска ќе настапи со вокална изведба, по што ќе следува промоција на Зборникот-Предавања од 56. Летна школа.

За првпат годинава, на свеченото отворање ќе бидат доделени награди „Воздејства“ во знак на признание за исклучителни дејности, долготрајни и повеќедецениски постигнување и придонес во научно-истражувачката и културната афирмација во областа на македонистиката.

Наградите ќе им бидат доделени на истакнатиот македонист, академик Виктор Фридман од САД и проф. д-р Максим Каранфиловски, долгогодишен директор на Семинарот. На отворањето ќе бидат доделени и благодарници „Синергии“ во знак на признание за посебен придонес во поддршка на афирмација на македонистиката, на Општина Охрид, АД Алкалоид-Скопје, АКУД Мирче Ацев, Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид, Перчо Божиновски заменик градоначалник на Општина Охрид, Живко Мукаетов, директор на АД Алкалоид-Скопје и Благоја Јованоски, директор на АКУД Мирче Ацев.

На Летната школа македонистите од Албанија, Бугарија, Италија, Јапонија, Кина, Полска, Р. Кореја, Романија, Руска Федерација, САД, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска и Чешка Република, ќе ги изучуваат македонскиот јазик, литература и култура, а 81 учесник ќе ја развиваат македонистиката како наука.

На програмата се културни настани, промоции, средби со писатели, а ќе се одржува и курс по македонски народни ора. Од преведувачката работилница на која ќе препејуваат семинаристите, се планира публикување на два зборника: Зборник „Гане Тодоровски на недорек јазици“ (95 песни по повод 95 години од раѓањето на великанот) и зборник „Петре М. Андреевски – на река од јазици“ (90 песни по повод 90 години од раѓањето на великанот. Зборнците ќе сдоржат и две „Песнарки“ со „Кажувачки“ наречени: „Рекоа за Ганета“ и „Рекоа за Петрета“, со сеќавања од познати современици, македонисти, научници, писатели, културни дејци, критичари и јавни личности.

Летната школа се организира со поддршка од ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова и Ректоратот на УКИМ. Главен финансиски поддржувач на манифестацијата е Министерството за култура и туризам, а дел од програмските активности ќе се реализирааат и со поддршка од Општина Охрид, и со други поддржувачи.

Македонистичкиот гордорек е градиозна мисија, со далекусежна визија, но и наш свет завет – македонистиката како наука да ја возвишиме на повисоко преку светска афирмација и третман на македонистиката како врвен национален интерес. Имаме прекрасна древна традиција, развиена наука и раскошна уметност, кои се прекрасно лице на нашата култура. Македонската култура е прекрасен изворник на врвни и драгоцени цивилизациските продобивки како што се: писменоста, просветата, науката, културата и уметноста, истакна директорката на Меѓународниот семинар проф. д-р Кристина Николовска.

The post Министерката Јаневска ќе се обрати на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на свеченото отворање на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Летната школа оваа година се одржува под мотото „Македонистички гордорек“ во Охрид и ќе трае до 29 август. Ќе учествуваат 65 македонисти од 17 земји. Освен министерката Јаневска, на Летната школа денеска најавено е и обраќање на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Кристина Николовска. Потоа ќе следува музички настап на проф. д-р Драган Даутовски, кој ќе свири на окарина, древен иструмент од пред 7000 години, а проф. д-р Андријана Јаневска ќе настапи со вокална изведба, по што ќе следува промоција на Зборникот-Предавања од 56. Летна школа. За првпат годинава, на свеченото отворање ќе бидат доделени награди „Воздејства“ во знак на признание за исклучителни дејности, долготрајни и повеќедецениски постигнување и придонес во научно-истражувачката и културната афирмација во областа на македонистиката. Наградите ќе им бидат доделени на истакнатиот македонист, академик Виктор Фридман од САД и проф. д-р Максим Каранфиловски, долгогодишен директор на Семинарот. На отворањето ќе бидат доделени и благодарници „Синергии“ во знак на признание за посебен придонес во поддршка на афирмација на македонистиката, на Општина Охрид, АД Алкалоид-Скопје, АКУД Мирче Ацев, Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид, Перчо Божиновски заменик градоначалник на Општина Охрид, Живко Мукаетов, директор на АД Алкалоид-Скопје и Благоја Јованоски, директор на АКУД Мирче Ацев. На Летната школа македонистите од Албанија, Бугарија, Италија, Јапонија, Кина, Полска, Р. Кореја, Романија, Руска Федерација, САД, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска и Чешка Република, ќе ги изучуваат македонскиот јазик, литература и култура, а 81 учесник ќе ја развиваат македонистиката како наука. На програмата се културни настани, промоции, средби со писатели, а ќе се одржува и курс по македонски народни ора. Од преведувачката работилница на која ќе препејуваат семинаристите, се планира публикување на два зборника: Зборник „Гане Тодоровски на недорек јазици“ (95 песни по повод 95 години од раѓањето на великанот) и зборник „Петре М. Андреевски – на река од јазици“ (90 песни по повод 90 години од раѓањето на великанот. Зборнците ќе сдоржат и две „Песнарки“ со „Кажувачки“ наречени: „Рекоа за Ганета“ и „Рекоа за Петрета“, со сеќавања од познати современици, македонисти, научници, писатели, културни дејци, критичари и јавни личности. Летната школа се организира со поддршка од ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова и Ректоратот на УКИМ. Главен финансиски поддржувач на манифестацијата е Министерството за култура и туризам, а дел од програмските активности ќе се реализирааат и со поддршка од Општина Охрид, и со други поддржувачи.