Cовршениот летен оброк, по некоја случајност, му бил омиленото јадење на Тито
Состојки:
3-4 главици кромид
3-4 чешниња лук
врзоп млад кромид
по 300 г црвена и зелена пиперка
5-6 компира
500 г домати
4-5 моркови
2-3 модри патлиџани
500-800 г свинска кременадла
500 мл пасиран домат
1 шолја ориз
половина шолја масло
сол, бибер, толчена пиперка, лута толчена пиперка
Приготвување:
Прво, ситно исечкајте го сиот зеленчук, како и месото. Во подлабоко тенџере ставете масло, па додајте кромид и динстајте. Потоа, додајте го месото, па модриот патлиџан, пиперките, доматите, морковот, зачините и оризот и сето тоа измешајте го. Потоа, префрлете ја таа смеса во огноотпорен сад и печете ја во рерна на 200 степени околу половина час.
The post Омиленото јадење на Тито е совршениот летен ручек: Брзо се приготвува, а може да се јаде и два дена! appeared first on Република.
]]>The post Омиленото јадење на Тито е совршениот летен ручек: Брзо се приготвува, а може да се јаде и два дена! appeared first on Република.
]]>