Летна академија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letna-akademija/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Jun 2022 13:59:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Летна академија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letna-akademija/ 32 32 Летна академија „Танец“ до 18 јуни во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/letna-akademija-tanec-do-18-juni-vo-ohrid/ Thu, 16 Jun 2022 14:21:16 +0000 https://republika.mk/?p=516019

Со гордост го објавуваме почетокот на нашиот најнов проект посветен на младите генерации „Летна академија ТАНЕЦ“, кој од вчера започна да се реализира на брегот на Охридското езеро, а ќе трае до 18 јуни.

„Танец“ е недвосмислено еден од најважните национални репрезенти на музичкиот и музичко-сценскиот фолклор и е препознатлив по својата автентичност и професионалност во секој свој сегмент. Тој е главен центар за собирање, негување и архивирање на македонскиот музичко-сценскиот фолклор, а со тоа претставува и репер за фолклорни ансамбли и други установи кои делуваат во областа на музичкиот и танцовиот фолклор. Оттука, „Танец“ несомнено е дел од едукацијата на идните генерации и бесценета платформа преку која младите се во поблизок контакт со фолклорниот извор, особено кога цивилизацијата сѐ повеќе не оддалечува од него.

Затоа сметаме дека „Летната академија Танец“ е одличен концепт, зашто нуди практична работа фокусирана врз изучување на народните игри, инструменти и песни од репертоарот на Танец, но дава и други знаења за фолклорот кои ги пренесуваат врвни експерти од областа. Цениме дека оваа неколкудневна програма, која првата година е бесплатна за учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“), ќе им биде непроценлива дополнителна настава за музичкиот и музичко-сценски фолклор.

Летната академија „Танец“ е проект базиран врз оригинален концепт кој подразбира теориска и практична работа фокусирана врз изучување на народните игри, инструменти и песни од репертоарот на Танец, запознавање со целиот процес на нивното изворно создавање и егзистирање на теренот, собирање и трансформирање во уметничка сценска творба (обработка, адаптација и краирање на кореографија и поставка на сцената ). Предавањата се однесуваат и на самиот музички и играорен фолклор, но и на теренската и научната работа поврзани со фолклорната материја, како и нејзина уметничка транспозиција, односно сценска поставка и презентација. Исто така, учениците ќе можат низ придружните работилници да се запознаат и со технологијата на изработка на традиционалните инструменти, како и со спецификите на облековните елементи на народните носии. Идејата е низ интензивна еднонеделна работа да се здобијат со знаења од областа на изворниот и сценскиот фолклор, нешто што Танец успешно го прави над седум децении.

Предавачите се врвните професионалци вработени во Танец, етнокореолозите и играорци Катерина Кузмановска и Марјан Андоновски, како и надворешните стручни соработници од областа, етномузикологот проф. д-р Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и етноорганологот проф. д-р Горанчо Ангелов од Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во оваа прва година на реализирањето, Летната академијата „Танец“ вклучи 30 ученици од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ "Илија Николовски - Луј" од Скопје, со кој склучи и меморандум за идна соработка. Во придружба на учениците, за целото времетраење на семинарот се нивните професорки Благица Илиќ и Теодора Ѓорѓиева.

Летната академијата „Танец“ е проект од годишната програма на НУ Танец и е целосно финансиран од Министерството за култура на РСМ.

Интенцијата е Академијата во иднина да ја продолжи, достигне, па и унапреди големината на поранешните летни школи во Отешево, на нашиот најпознат гајдаџија и играорец Пеце Атанасовски, кои биле меѓународно прочуени и придонеле во ширењето на македонскиот фолклор насекаде низ светот, а кои за жал замреле со неговото заминување. Летната академија е предвидено да се одржува во некој од хотелските капацитети на брегот на Охридското езеро и да вклучува целодневна неделна работа (претпладневни и попладневни сесии), како и неколку организиран посети на природни и културни богатства на Охридскиот регион. Вечерните часови се предвидени за заеднички дружби на сите учесници, со видео проекции на ретки снимки од архивата на Танец, но и за мини концертни настапи за локалното население. Сите учесици, по завршувањето на Летната академија ТАНЕЦ ќе добијат сертификат за учество, што ќе претставува вредна референца во нивната биографија. НУ ТАНЕЦ не случајно првата година ги вклучи учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, зашто со овој центар планира да оствари и идна потесна соработка. За останатите идни посетители на Академијата е предвидена симболична котизација. НУ Танец во иднина планира организациски и содржински да ја прошири Академијата организирајќи ја наставата и за групи со одредени предзнаења кои се стекнати и формално, преку школска едукација, но и неформално, преку членувања во фолклорни друштва, а секако и за сите останати вљубеници во македонскиот фолклор, кои сакаат за прв пат да се запознаат со традицијата. Во зависност од интересот, односно во согласност со бројот на пријавени кандидати, групите ќе бидат адаптирани и според старосните категории.

The post Летна академија „Танец“ до 18 јуни во Охрид appeared first on Република.

]]>