летечко такси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letechko-taksi/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jun 2024 13:03:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png летечко такси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/letechko-taksi/ 32 32 До 2027 година летечки такси возила во Кина https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/do-2027-godina-letechki-taksi-vozila-vo-kina/ Wed, 05 Jun 2024 13:29:29 +0000 https://republika.mk/?p=785003

До 2027 година кинескиот град Гуангжу ќе инвестира повеќе од 10 милијарди јуани или околу 1,29 милијарди евра во таканаречениот сектор „економија на ниски височини“, односно во пилотирани и автономни цивилни авиони што летаат на височини до три илјади метри.

Меѓу другото, парите ќе бидат инвестирани во изградба на повеќе од 100 места за полетување и на летечки такси, а планот е да се изгради аеродром со писта која ќе биде пократка од онаа на цивилните аеродроми.

Плановите ги одржуваат високите очекувања на Пекинг за развој на нов сектор кој сака на овој начин да ја стимулира кинеската економија, јавија тамошните медиуми.

The post До 2027 година летечки такси возила во Кина appeared first on Република.

]]>

До 2027 година кинескиот град Гуангжу ќе инвестира повеќе од 10 милијарди јуани или околу 1,29 милијарди евра во таканаречениот сектор „економија на ниски височини“, односно во пилотирани и автономни цивилни авиони што летаат на височини до три илјади метри. Меѓу другото, парите ќе бидат инвестирани во изградба на повеќе од 100 места за полетување и на летечки такси, а планот е да се изгради аеродром со писта која ќе биде пократка од онаа на цивилните аеродроми.
Плановите ги одржуваат високите очекувања на Пекинг за развој на нов сектор кој сака на овој начин да ја стимулира кинеската економија, јавија тамошните медиуми.

The post До 2027 година летечки такси возила во Кина appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Ми се смејат кога велам дека ќе донесам летачко такси во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-mi-se-smejat-koga-velam-deka-ke-donesam-letachko-taksi-vo-srbija/ Wed, 08 May 2024 14:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=775599

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави по средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг дека му се смееле кога рекол дека во Белград ќе воведе летечко такси и дека Србија веќе разговара со една кинеска компанија со цел ваков превоз да се воспостави до 2027, кога во Белград се одржува ЕКСПО.

Засега нема да го откријам името на фирмата, но е една од најпознатите во светот, па не е тешко да се дознае која е. Разговараме и со производител на електрични автомобили од Кина, кој исто така е заинтересиран за влез во нашата земја“, кажа Вучиќ.

Тој потсети дека Србија купила повеќе од десет возови од Кина и кажа дека го замолил Кси да ја разгледа можноста за нивно производство во Србија, со цел да можат да ги купуваат и други европски земји.

Кинескиот лидер ја посети Србија во рамките на својата куса европска турнеја, која ги опфати и Франција и Унгарија. Посетата на Белград се совпадна со 25-годишнината од бомбардирањето на кинеската амбасада од страна на НАТО.

Во рамките на посетата, Кина и Србија потпишаа низа билатерални договори за соработка и нагласија дека двете земји ги врзува челично пријателство.

Специјалниот пратеник за Балканот од САД, Габриел Ескобар денес на брифинг со новинари порача дека не било корисно ниту пак било време Србија да ги зголемува тензиите со Западот. Тој рече дека бомбардирањето на амбасадата на Кина во Србија било грешка и дека САД ќе им дадат оштета на семејствата.

 

The post Вучиќ: Ми се смејат кога велам дека ќе донесам летачко такси во Србија appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави по средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг дека му се смееле кога рекол дека во Белград ќе воведе летечко такси и дека Србија веќе разговара со една кинеска компанија со цел ваков превоз да се воспостави до 2027, кога во Белград се одржува ЕКСПО.
Засега нема да го откријам името на фирмата, но е една од најпознатите во светот, па не е тешко да се дознае која е. Разговараме и со производител на електрични автомобили од Кина, кој исто така е заинтересиран за влез во нашата земја“, кажа Вучиќ.
Тој потсети дека Србија купила повеќе од десет возови од Кина и кажа дека го замолил Кси да ја разгледа можноста за нивно производство во Србија, со цел да можат да ги купуваат и други европски земји. Кинескиот лидер ја посети Србија во рамките на својата куса европска турнеја, која ги опфати и Франција и Унгарија. Посетата на Белград се совпадна со 25-годишнината од бомбардирањето на кинеската амбасада од страна на НАТО. Во рамките на посетата, Кина и Србија потпишаа низа билатерални договори за соработка и нагласија дека двете земји ги врзува челично пријателство. Специјалниот пратеник за Балканот од САД, Габриел Ескобар денес на брифинг со новинари порача дека не било корисно ниту пак било време Србија да ги зголемува тензиите со Западот. Тој рече дека бомбардирањето на амбасадата на Кина во Србија било грешка и дека САД ќе им дадат оштета на семејствата.  

The post Вучиќ: Ми се смејат кога велам дека ќе донесам летачко такси во Србија appeared first on Република.

]]>
До 2026 година Дубаи прв ќе има летачко такси https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/do-2026-godina-dubai-prv-ke-ima-letachko-taksi/ Mon, 12 Feb 2024 09:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=743096

Обединетите Арапски Емирати вчера потпишаа договор за првата услуга за летачко такси до 2026 година. Дубаи, на тој начин, ќе стане првиот град во светот којшто ќе нуди комерцијално електрично летачко такси, се вели во соопштението од властите.

Државната новинската агенција на Емиратите објави на платформата „X“ дека „Џоби евиејшн С-4“ (Joby Aviation S4) ќе може да прими пилот и четворица патници. Предност е и нултата емисија на издувни гасови.

Таксито, со максимален опсег на лет од 161 километар и максимална брзина од 320 километри на час, ќе биде достапно во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи, центарот на градот и неколку други битни точки во градот. Времето на патување меѓу аеродромот и Палм Џумеира, на пр., коешто со автомобил трае 45 минути, ќе се намали на 10 минути со летачко такси.

The post До 2026 година Дубаи прв ќе има летачко такси appeared first on Република.

]]>

Обединетите Арапски Емирати вчера потпишаа договор за првата услуга за летачко такси до 2026 година. Дубаи, на тој начин, ќе стане првиот град во светот којшто ќе нуди комерцијално електрично летачко такси, се вели во соопштението од властите. Државната новинската агенција на Емиратите објави на платформата „X“ дека „Џоби евиејшн С-4“ (Joby Aviation S4) ќе може да прими пилот и четворица патници. Предност е и нултата емисија на издувни гасови. Таксито, со максимален опсег на лет од 161 километар и максимална брзина од 320 километри на час, ќе биде достапно во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи, центарот на градот и неколку други битни точки во градот. Времето на патување меѓу аеродромот и Палм Џумеира, на пр., коешто со автомобил трае 45 минути, ќе се намали на 10 минути со летачко такси.

The post До 2026 година Дубаи прв ќе има летачко такси appeared first on Република.

]]>
Боинг ќе инвестира во развој на автономнo летечкo такси https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/boing-kje-investira-vo-razvoj-na-avtonomno-letechko-taksi/ Tue, 25 Jan 2022 13:25:45 +0000 https://republika.mk/?p=449259

„Боинг“ ќе инвестира дополнителни 450 милиони долари во „Виск“, компанија која се занимава со развој на автономни летечки такси.

Сметаме дека ова е голема стратешка предност за „Виск“, директно да се фокусира на автономни авиони, воведувајќи ги овие принципи на секое ниво на дизајн и развој - изјави главниот директор за стратегија на „Боинг“, Марк Ален.

Одлуката да се прескокне генерацијата eVTOL, кои развиваат независни стартапи и некои воздухопловни групи, подразбира подоцнежна презентација од целта за 2024 година што ја замислија повеќето конкуренти.

„Боинг“ одби да даде датум за, како што ја нарекува, шестата генерација патничко возило „Виск“, но извори од индустријата велат дека имало идеја тие да се претстават за сертификација околу 2028 година.

„Боинг“ соопшти дека тоа ќе биде првото автономно патничко возило што ќе биде сертифицирано во САД.

The post Боинг ќе инвестира во развој на автономнo летечкo такси appeared first on Република.

]]>

„Боинг“ ќе инвестира дополнителни 450 милиони долари во „Виск“, компанија која се занимава со развој на автономни летечки такси.
Сметаме дека ова е голема стратешка предност за „Виск“, директно да се фокусира на автономни авиони, воведувајќи ги овие принципи на секое ниво на дизајн и развој - изјави главниот директор за стратегија на „Боинг“, Марк Ален.
Одлуката да се прескокне генерацијата eVTOL, кои развиваат независни стартапи и некои воздухопловни групи, подразбира подоцнежна презентација од целта за 2024 година што ја замислија повеќето конкуренти. „Боинг“ одби да даде датум за, како што ја нарекува, шестата генерација патничко возило „Виск“, но извори од индустријата велат дека имало идеја тие да се претстават за сертификација околу 2028 година. „Боинг“ соопшти дека тоа ќе биде првото автономно патничко возило што ќе биде сертифицирано во САД.

The post Боинг ќе инвестира во развој на автономнo летечкo такси appeared first on Република.

]]>