Лет на кукавичкото гнездо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/let-na-kukavichkoto-gnezdo/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Aug 2024 23:21:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лет на кукавичкото гнездо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/let-na-kukavichkoto-gnezdo/ 32 32 Стоечки овации за култната претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ на Белградско драмско позориште на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/stoechki-ovatsii-za-kultnata-pretstava-let-nad-kukavichkoto-gnezdo-na-belgradsko-dramsko-pozorishte-na-ohridsko-leto/ Sat, 17 Aug 2024 23:18:38 +0000 https://republika.mk/?p=807579

Белградско драмско позориште гостуваше на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ на годинешното „Охридско лето“ со својата култна претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ во режија на Жанко Томиќ.

Овој текст на Кен Кизи и Дејл Васерман, кој пред полни 18 години го режираше Жанко Томиќ го означи големиот камбек на Драган Бјелогрлиќ на театарските штици.

Претставата која од својата праизведна на Бродвеј во 1963 година, а особено од појавата на филмот на Милош Форман со Џек Николсон во незаборавната улога, во светот претставува синоним за борба на поединецот за слобода во репресивниот систем, ја воодушеви публиката во Центарот за култура во Охрид. Целиот ансамбл, особено Бјелогрлиќ беа наградени со долг аплауз и стоечки овации.

Улогите ги играат Драган Бјелогрлиќ, Предраг Бјелац, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Јово Максиќ, Саво Радовиќ, Душан Ковачевиќ, Владан Милиќ, Милица Зариќ, Андреа Џина, Урош Јанковиќ, Милош Лазаров, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша, Александра Ања Алач, Нада Мацанковиќ и Маја Ранџиќ.

Иако „Лет над кукавичкото гнездо“ веќе 18 години е на репертоарот на Белградско драмско позориште и е изведене преку 250 пати, претставата секогаш се игра пред полна сала, а од актерите од првата постава се останати само Бјелогрлиќ и Даниел Сич. Наместо Марко Живиќ улогата на Мартини ја презеде Младен Совиљ, улогата на Чезвик ја игра познатиот актер Мима Караџиќ, кој во екипата е последниве две години, додека Слободан Бода Нинковиќ го игра поглавицата Бродмен, наместо починатиот Милорад Мандиќ-Манда.

Претставата беше обновена во 2022 година и има своја магија, има некоја своја тајна и фантастична приказна, а пред се го има Драган Бјелогрлиќ кој со својот тален и силата на неговото уметничко битие ја води претставата долги години наназад.

Прашањето за слободата е темелно за оваа претстава.

[caption id="attachment_807589" align="alignnone" width="2268"] фото: Охридско лето[/caption]

Преставата е ода на слободата и со секое кратење на слободата во некој јавен простор во животот, претставата станува сѐ поактуелна, рече Бјелогрлиќ пред вечерашниот настап на „Охридско лето“.

„Лет над кукавичкото гнездо“ беше изведена и во Скопје во рамките на турнејата на Белградско народно позориште и тогаш претставата можеше да ја види и публиката во Подгорица, Загреб и Љубљана.

The post Стоечки овации за култната претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ на Белградско драмско позориште на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Белградско драмско позориште гостуваше на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ на годинешното „Охридско лето“ со својата култна претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ во режија на Жанко Томиќ. Овој текст на Кен Кизи и Дејл Васерман, кој пред полни 18 години го режираше Жанко Томиќ го означи големиот камбек на Драган Бјелогрлиќ на театарските штици. Претставата која од својата праизведна на Бродвеј во 1963 година, а особено од појавата на филмот на Милош Форман со Џек Николсон во незаборавната улога, во светот претставува синоним за борба на поединецот за слобода во репресивниот систем, ја воодушеви публиката во Центарот за култура во Охрид. Целиот ансамбл, особено Бјелогрлиќ беа наградени со долг аплауз и стоечки овации. Улогите ги играат Драган Бјелогрлиќ, Предраг Бјелац, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Јово Максиќ, Саво Радовиќ, Душан Ковачевиќ, Владан Милиќ, Милица Зариќ, Андреа Џина, Урош Јанковиќ, Милош Лазаров, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша, Александра Ања Алач, Нада Мацанковиќ и Маја Ранџиќ. Иако „Лет над кукавичкото гнездо“ веќе 18 години е на репертоарот на Белградско драмско позориште и е изведене преку 250 пати, претставата секогаш се игра пред полна сала, а од актерите од првата постава се останати само Бјелогрлиќ и Даниел Сич. Наместо Марко Живиќ улогата на Мартини ја презеде Младен Совиљ, улогата на Чезвик ја игра познатиот актер Мима Караџиќ, кој во екипата е последниве две години, додека Слободан Бода Нинковиќ го игра поглавицата Бродмен, наместо починатиот Милорад Мандиќ-Манда. Претставата беше обновена во 2022 година и има своја магија, има некоја своја тајна и фантастична приказна, а пред се го има Драган Бјелогрлиќ кој со својот тален и силата на неговото уметничко битие ја води претставата долги години наназад. Прашањето за слободата е темелно за оваа претстава. [caption id="attachment_807589" align="alignnone" width="2268"] фото: Охридско лето[/caption]
Преставата е ода на слободата и со секое кратење на слободата во некој јавен простор во животот, претставата станува сѐ поактуелна, рече Бјелогрлиќ пред вечерашниот настап на „Охридско лето“.
„Лет над кукавичкото гнездо“ беше изведена и во Скопје во рамките на турнејата на Белградско народно позориште и тогаш претставата можеше да ја види и публиката во Подгорица, Загреб и Љубљана.

The post Стоечки овации за култната претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ на Белградско драмско позориште на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>