лерин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lerin/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 13:24:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лерин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lerin/ 32 32 Mицкоски: Затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин е провокација од страна на Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-zatvoraneto-na-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-lerin-e-provokatsija-od-strana-na-grtsija/ Mon, 02 Sep 2024 12:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=812319

Затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин, според премиерот е провокација од страна на Грција и непочитување на договорите. Но, тој е дециден дека земјата нема да реагира како во минатото и нема да дозволи да биде вовлечена во политичка расправа.

„Јас сум свесен дека таму се потребни провокации за и ние да изреагираме реципрочно и да направиме нешто што нема никаква врска со нашите интереси и остварување на нашата втора стратешка цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Уште еднаш нашите партнери од ЕУ можат да сведочат на непочитување на договореното од страна на нашите соседи, иако сум свесен дека тие ќе се вадат дека станува збор за судска одлука“, изјави Мицкоски .

The post Mицкоски: Затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин е провокација од страна на Грција appeared first on Република.

]]>

Затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин, според премиерот е провокација од страна на Грција и непочитување на договорите. Но, тој е дециден дека земјата нема да реагира како во минатото и нема да дозволи да биде вовлечена во политичка расправа.
„Јас сум свесен дека таму се потребни провокации за и ние да изреагираме реципрочно и да направиме нешто што нема никаква врска со нашите интереси и остварување на нашата втора стратешка цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Уште еднаш нашите партнери од ЕУ можат да сведочат на непочитување на договореното од страна на нашите соседи, иако сум свесен дека тие ќе се вадат дека станува збор за судска одлука“, изјави Мицкоски .

The post Mицкоски: Затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин е провокација од страна на Грција appeared first on Република.

]]>
Да избрусиме уште некоја шахта? Грција го забрани Центарот за македонски јазик во Лерин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/da-izbrusime-ushte-nekoja-shahta-grtsija-go-zabrani-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-lerin/ Fri, 30 Aug 2024 18:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=811682

Апелацискиот суд во Кожани, Грција  ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик. Пресудата на 68 страници е изречена на 13 август. Претходно судот во Лерин (март 2023)  ја потврди законитоста на регистрацијата на оваа невладина организација.

Ова беше протолкувано како признавање на македонскиот јазик од Грција и доследно почитување на одредбите од Преспанскиот договор. После 16 месеци судот од  Кожани ја поништи оваа одлука.

Целта на Центарот за македонски јазик беше зачувување на македонскиот јазик во Грција, организираше бесплатни онлајн курсеви по македонски и се залага за воведување на македонскиот јазик во јавното образование во Грција и за признавање на македонскиот јазик како малцински јазик во земјата.

The post Да избрусиме уште некоја шахта? Грција го забрани Центарот за македонски јазик во Лерин appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд во Кожани, Грција  ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик. Пресудата на 68 страници е изречена на 13 август. Претходно судот во Лерин (март 2023)  ја потврди законитоста на регистрацијата на оваа невладина организација. Ова беше протолкувано како признавање на македонскиот јазик од Грција и доследно почитување на одредбите од Преспанскиот договор. После 16 месеци судот од  Кожани ја поништи оваа одлука. Целта на Центарот за македонски јазик беше зачувување на македонскиот јазик во Грција, организираше бесплатни онлајн курсеви по македонски и се залага за воведување на македонскиот јазик во јавното образование во Грција и за признавање на македонскиот јазик како малцински јазик во земјата.

The post Да избрусиме уште некоја шахта? Грција го забрани Центарот за македонски јазик во Лерин appeared first on Република.

]]>
Додека Пендаровски и Ковачевски се расправаат кој треба да ѝ се јави на грчката претседателка, кај Лерин се појави нова табла за граница со безимена држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-pendarovski-i-kovachevski-se-raspravaat-koj-treba-da-se-javi-na-grchkata-pretsedatelka-kaj-lerin-se-pojavi-nova-tabla-za-granitsa-so-bezimena-drzhava/ Tue, 16 Jan 2024 16:59:27 +0000 https://republika.mk/?p=733657

Додека Ковачевски и Пендаровски се препираат околу тоа кој треба да побара од грчките власти дозвола за пролонгирање на рокот за личните документи Грција не губи време.

Откако нашите власти срамежливо и со пола уста говореа дека на таблите низ северот на Грција има навредливи табли со „скопиа“ и ФИРОМ, јужниот сосед отиде чекор подаелку. Во близина на граничниот премин Ники кај Лерин осамна табла на која стои само „Border station„ без да се наведе државата кон која се патува.

Пендаровски денеска изјави дека нема надлежност да и се јави  на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и да побара дозвола македонските граѓани да продолжат да ги користат важечките лични документи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-go-demantira-kovachevski-nemam-prezemeno-obvrska-da-pregovaram-so-grtsija/

 

The post Додека Пендаровски и Ковачевски се расправаат кој треба да ѝ се јави на грчката претседателка, кај Лерин се појави нова табла за граница со безимена држава appeared first on Република.

]]>

Додека Ковачевски и Пендаровски се препираат околу тоа кој треба да побара од грчките власти дозвола за пролонгирање на рокот за личните документи Грција не губи време. Откако нашите власти срамежливо и со пола уста говореа дека на таблите низ северот на Грција има навредливи табли со „скопиа“ и ФИРОМ, јужниот сосед отиде чекор подаелку. Во близина на граничниот премин Ники кај Лерин осамна табла на која стои само „Border station„ без да се наведе државата кон која се патува. Пендаровски денеска изјави дека нема надлежност да и се јави  на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и да побара дозвола македонските граѓани да продолжат да ги користат важечките лични документи. https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-go-demantira-kovachevski-nemam-prezemeno-obvrska-da-pregovaram-so-grtsija/  

The post Додека Пендаровски и Ковачевски се расправаат кој треба да ѝ се јави на грчката претседателка, кај Лерин се појави нова табла за граница со безимена држава appeared first on Република.

]]>
Македонска музика се слуша во дискотека во Лерин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonska-muzika-se-slusha-vo-diskoteka-vo-lerin/ Sun, 07 Jan 2024 11:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=730636

Младите Македонци во Егејска Македонија го негуваат македонскиот мелос дури и на забавите во дискотеките.

На Јутјуб каналот Егејски глас објавено е видео од дискотека во Лерин, од забава на која ечи македонска музика.

The post Македонска музика се слуша во дискотека во Лерин appeared first on Република.

]]>

Младите Македонци во Егејска Македонија го негуваат македонскиот мелос дури и на забавите во дискотеките. На Јутјуб каналот Егејски глас објавено е видео од дискотека во Лерин, од забава на која ечи македонска музика.

The post Македонска музика се слуша во дискотека во Лерин appeared first on Република.

]]>
Првостепениот суд во Лерин одби повеќе тужби и барања за забрана на Центарот за македонски јазик во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prvostepeniot-sud-vo-lerin-odbi-poveke-tuzhbi-i-barana-za-zabrana-na-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-grtsija/ Sun, 19 Mar 2023 10:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=621193

Центарот за македонски јазик во Грција денеска информира дека Основниот суд во Лерин, во две посебни одлуки, официјално одби повеќе барања/тужби за поништување на првичната одлука за одобрување на барањето за неговата регистрација.

Од Центарот потсетуваат дека лани на 27 јули барањето за регистрација на Центарот за македонски јазик како невладина организација/здружение беше одобрено од грчкиот суд, со што истиот стана првата организација, која директно се грижи за македонскиот јазик, што е регистрирана и призната како таква од грчките државни органи. Сепак, веднаш по соопштувањето на таквата одлука, до Судот во Лерин беа доставени повеќе барања/тужби од „трети заинтересирани страни" за поништување на првичната одлука за регистрација. Како подносители на таквите барања се појавија неколку екстремно десничарски организации и политички партии во државата, додека едно од барањето беше поднесено лично од страна на јавниот обвинител на територијата на Леринската околија.

Првото од судењата беше одржано годинава на 16 февруари. Центарот за македонски јазик ги претстави своите аргументи пред Судот, меѓу другото и со презентирање на докази за признавањето на македонскиот јазик од страна на грчката државата пред повеќе од еден век.

Со историските одлуки од 16 март 2023 година, Основниот суд на Лерин ги одби барањето/тужбата на околискиот јавен обвинител, барањата поднесени од „Панмакедонскиот сојуз на македонската борба Грција-Австралија" и „Панхеленското здружение на потомците на македономахите - Павлос Мелас", како и оние поднесени од „Здружението за одбрана на Македонија и Тракија“, „Друштвото за македонски студии“, „Здружението Аристотел“, „Здружението на пензионирани армиски офицери“ и „Регионот Западна Македонија“. Како што се наведува во соопштението од Центарот за македонски јазик во Грција, барања биле одбиени како неосновани, додека еден дел од нив биле квалификувани и како целосно неприфатливи.

Со тоа, Центарот за македонски јазик во Грција останува законски регистрирана невладина организација во државата.

Центарот за македонски јазик го изразува своето нескриено задоволство што после децениска борба, македоноговорното население во Грција се соочува со позитивен судски исход во однос на неговите легитимни барања. Правото на слободно здружување конечно е достапно и уважено во однос на организација за подршка на македонскиот јазик. Веруваме дека сега е време ова човеково право (загарантирано со член 12 од Уставот на Грција и член 11 од Европската конвенција за човекови права) да биде достапно и за други слични невладини организации - кои во минатото барале и во иднина ќе бараат нивна судска регистрација, се наведува во соопштението.

Центарот се заблагодарува на сите оние во Грција и во странство кои ја поткрепиле нивната правна борба во последните месеци.

-Посебно му благодариме на нашиот адвокат Кирос Спонтис, за неговата одлична работа, како и на сведоците кои ги поддржаа нашите ставови и аргументи пред судот: професорката Александра Јоаниду, професорот Константинос Цицеликис, како и на нашиот член Зиси Циглопулос. Не би можеле да не го спомнеме и судијата кој ги отфрли барањата/тужби за забрана. Не толку затоа што го призна очигледното туку главно затоа што во еден период што кредибилитетот на грчката правда е доведен во прашање, докажа дека постојат независни судии кои одлучуваат врз основа на законот и на нивната свест, се наведува во соопштението.

Центарот за македонски јазик во Грција ќе продолжи да делува за постигнување на своите цели, кои вклучуваат: изучување на македонскиот литературен јазик од страна на граѓаните на Грција, преку интернет-страница, поддршка на заложбите за идно воведување на македонскиот јазик како изборен предмет во јавните училишта (основни и среди) и универзитетите во Грција, кои се наоѓаат во регионите Западна Македонија, Централна Македонија, Источна Македонија и Тракија и поддршка на заложбите за идно формирање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постоечките универзитети во Грција за обука на наставници по македонски јазик, како и за изработка на наставни програми и наставни материјали.

-Центарот за македонски јазик во Грција ги поттикнува и охрабрува говорителите на македонскиот јазик да ја продолжат борбата за своите човекови права. Напомнуваме дека сите материјали изработени од Центарот и поврзани со изучувањето на македонскиот јазик и понатаму ќе бидат достапни бесплатно на веб-страницата на нашата организација, како и на YouTube каналот. Македонскиот јазик е наше минато... и наша иднина!, посочуваат во соопштението од овој Центар.

The post Првостепениот суд во Лерин одби повеќе тужби и барања за забрана на Центарот за македонски јазик во Грција appeared first on Република.

]]>

Центарот за македонски јазик во Грција денеска информира дека Основниот суд во Лерин, во две посебни одлуки, официјално одби повеќе барања/тужби за поништување на првичната одлука за одобрување на барањето за неговата регистрација. Од Центарот потсетуваат дека лани на 27 јули барањето за регистрација на Центарот за македонски јазик како невладина организација/здружение беше одобрено од грчкиот суд, со што истиот стана првата организација, која директно се грижи за македонскиот јазик, што е регистрирана и призната како таква од грчките државни органи. Сепак, веднаш по соопштувањето на таквата одлука, до Судот во Лерин беа доставени повеќе барања/тужби од „трети заинтересирани страни" за поништување на првичната одлука за регистрација. Како подносители на таквите барања се појавија неколку екстремно десничарски организации и политички партии во државата, додека едно од барањето беше поднесено лично од страна на јавниот обвинител на територијата на Леринската околија. Првото од судењата беше одржано годинава на 16 февруари. Центарот за македонски јазик ги претстави своите аргументи пред Судот, меѓу другото и со презентирање на докази за признавањето на македонскиот јазик од страна на грчката државата пред повеќе од еден век. Со историските одлуки од 16 март 2023 година, Основниот суд на Лерин ги одби барањето/тужбата на околискиот јавен обвинител, барањата поднесени од „Панмакедонскиот сојуз на македонската борба Грција-Австралија" и „Панхеленското здружение на потомците на македономахите - Павлос Мелас", како и оние поднесени од „Здружението за одбрана на Македонија и Тракија“, „Друштвото за македонски студии“, „Здружението Аристотел“, „Здружението на пензионирани армиски офицери“ и „Регионот Западна Македонија“. Како што се наведува во соопштението од Центарот за македонски јазик во Грција, барања биле одбиени како неосновани, додека еден дел од нив биле квалификувани и како целосно неприфатливи. Со тоа, Центарот за македонски јазик во Грција останува законски регистрирана невладина организација во државата. Центарот за македонски јазик го изразува своето нескриено задоволство што после децениска борба, македоноговорното население во Грција се соочува со позитивен судски исход во однос на неговите легитимни барања. Правото на слободно здружување конечно е достапно и уважено во однос на организација за подршка на македонскиот јазик. Веруваме дека сега е време ова човеково право (загарантирано со член 12 од Уставот на Грција и член 11 од Европската конвенција за човекови права) да биде достапно и за други слични невладини организации - кои во минатото барале и во иднина ќе бараат нивна судска регистрација, се наведува во соопштението. Центарот се заблагодарува на сите оние во Грција и во странство кои ја поткрепиле нивната правна борба во последните месеци. -Посебно му благодариме на нашиот адвокат Кирос Спонтис, за неговата одлична работа, како и на сведоците кои ги поддржаа нашите ставови и аргументи пред судот: професорката Александра Јоаниду, професорот Константинос Цицеликис, како и на нашиот член Зиси Циглопулос. Не би можеле да не го спомнеме и судијата кој ги отфрли барањата/тужби за забрана. Не толку затоа што го призна очигледното туку главно затоа што во еден период што кредибилитетот на грчката правда е доведен во прашање, докажа дека постојат независни судии кои одлучуваат врз основа на законот и на нивната свест, се наведува во соопштението. Центарот за македонски јазик во Грција ќе продолжи да делува за постигнување на своите цели, кои вклучуваат: изучување на македонскиот литературен јазик од страна на граѓаните на Грција, преку интернет-страница, поддршка на заложбите за идно воведување на македонскиот јазик како изборен предмет во јавните училишта (основни и среди) и универзитетите во Грција, кои се наоѓаат во регионите Западна Македонија, Централна Македонија, Источна Македонија и Тракија и поддршка на заложбите за идно формирање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постоечките универзитети во Грција за обука на наставници по македонски јазик, како и за изработка на наставни програми и наставни материјали. -Центарот за македонски јазик во Грција ги поттикнува и охрабрува говорителите на македонскиот јазик да ја продолжат борбата за своите човекови права. Напомнуваме дека сите материјали изработени од Центарот и поврзани со изучувањето на македонскиот јазик и понатаму ќе бидат достапни бесплатно на веб-страницата на нашата организација, како и на YouTube каналот. Македонскиот јазик е наше минато... и наша иднина!, посочуваат во соопштението од овој Центар.

The post Првостепениот суд во Лерин одби повеќе тужби и барања за забрана на Центарот за македонски јазик во Грција appeared first on Република.

]]>
Воскопулос за „Република“: Грчките националисти си го тераат она што го сакаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/voskopulos-za-republika-grchkite-natsionalisti-si-go-teraat-ona-shto-go-sakaat/ Fri, 06 Jan 2023 16:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=594224

За припадниците на македонското малцинство во Грција очекувана е најавата на грчките судови дека ќе го укинат изучувањето на македонскиот јазик во Лерин уште пред воопшто и да започне.

Павле Воскопулос од партијата „Виножито“ за „Република“ вели дека грчкото општество сѐ уште не е подготвено да се слушне и изучува македонскиот јазик во северниот дел.

Тоа нема врска со Договорот од Преспа. Зависи дали сакаат  малцински права. Грчките националисти си го тераат она што го сакаат, коментира Воскопулос.

Основачите на Центарот за македонски јазик во Лерин добиле покани за на суд по приговорот на јавниот обвинител за укинување на првостепеното судско решение за регистрација на ова невладино здружение на Македонците во Грција.

Како што дознава МКД.мк, во образложението грчките правосудни органи се повикуваат на Преспанскиот договор и постоењето на македонскиот јазик само во рамките на границите на Македонија.

Барањето за забрана за изучување на македонски јазик е резултат на Преспанскиот договор и неговото толкување дека македонскиот јазик е распространет само во рамките на границите на денешна Република Македонија.

Што пишува во членот 7 од д Договорот од Преспа

Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство.

Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и хеленската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден.

Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2).

Судот во Лерин приговорите во грчкиот второстепен суд ќе ги разгледува на 19 јануари и 2 февруари.

Оваа реакција во Грција е очекувана откако пред неколку недели во Лерин се одржа голем протест против најавата дека во нивниот регион ќе се учи на македонски јазик.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-ke-go-ukine-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-lerin-se-povikuva-na-prespanski/

 

The post Воскопулос за „Република“: Грчките националисти си го тераат она што го сакаат appeared first on Република.

]]>

За припадниците на македонското малцинство во Грција очекувана е најавата на грчките судови дека ќе го укинат изучувањето на македонскиот јазик во Лерин уште пред воопшто и да започне. Павле Воскопулос од партијата „Виножито“ за „Република“ вели дека грчкото општество сѐ уште не е подготвено да се слушне и изучува македонскиот јазик во северниот дел.
Тоа нема врска со Договорот од Преспа. Зависи дали сакаат  малцински права. Грчките националисти си го тераат она што го сакаат, коментира Воскопулос.
Основачите на Центарот за македонски јазик во Лерин добиле покани за на суд по приговорот на јавниот обвинител за укинување на првостепеното судско решение за регистрација на ова невладино здружение на Македонците во Грција. Како што дознава МКД.мк, во образложението грчките правосудни органи се повикуваат на Преспанскиот договор и постоењето на македонскиот јазик само во рамките на границите на Македонија. Барањето за забрана за изучување на македонски јазик е резултат на Преспанскиот договор и неговото толкување дека македонскиот јазик е распространет само во рамките на границите на денешна Република Македонија.

Што пишува во членот 7 од д Договорот од Преспа

Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство. Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и хеленската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден. Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2). Судот во Лерин приговорите во грчкиот второстепен суд ќе ги разгледува на 19 јануари и 2 февруари. Оваа реакција во Грција е очекувана откако пред неколку недели во Лерин се одржа голем протест против најавата дека во нивниот регион ќе се учи на македонски јазик. https://republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-ke-go-ukine-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-lerin-se-povikuva-na-prespanski/  

The post Воскопулос за „Република“: Грчките националисти си го тераат она што го сакаат appeared first on Република.

]]>
Грција ќе го укине Центарот за македонски јазик во Лерин, се повикува на Преспански https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-ke-go-ukine-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-lerin-se-povikuva-na-prespanski/ Fri, 06 Jan 2023 11:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=594144

Основачите на Центарот за македонски јазик во Лерин деновиве добија покани за на суд по приговорот на јавниот обвинител за укинување на првостепеното судско решение за регистрација на ова невладино здружение на Македонците во Грција. Како што дознава МКД.мк, во образложението грчките правосудни органи се повикуваат на Преспанскиот договор и постоењето на македонскиот јазик само во рамките на границите на Македонија.

Лани во Лерин судските власти ја регистрираа невладината организација Центар за македонски јазик чија цел е изучувањето на македонскиот јазик. Ова веднаш беше оценето како многу важен настан во Грција, а македонските политичари потписници на Преспанскиот договор ова веднаш го оквалификуваа како само еден од големите успеси на потписот во Нивици на 17 јуни 2018 година.

 

Едно од основните права на човекот е да може да зборува, да комуницира и да се образува на својот мајчин јазик. Нашиот обид беше да се создадеме здружение, организација на такви основи кое ќе се обиде да го зачува македонскиот јазик во Грција и на легален начин да се обиде да се воведе изучување на македонски јазик во грчките училишта таму каде што е тоа потребно. Тоа се заврши успешно и се согласувам дека е тоа многу важен настан. Како првично, задоволство ни е тоа што судските државни органи донесоа одлука да се регистрира здружение кое се занимава со македонскиот јазик. Тоа e голем успех, некогаш такво нешто беше недостижна цел. Сега има надеж дека македонскиот јазик ќе го слушнеме и во училиштата, изјави тогаш еден од основачите на Центарот.

Целата сторија на МКД.мк

The post Грција ќе го укине Центарот за македонски јазик во Лерин, се повикува на Преспански appeared first on Република.

]]>

Основачите на Центарот за македонски јазик во Лерин деновиве добија покани за на суд по приговорот на јавниот обвинител за укинување на првостепеното судско решение за регистрација на ова невладино здружение на Македонците во Грција. Како што дознава МКД.мк, во образложението грчките правосудни органи се повикуваат на Преспанскиот договор и постоењето на македонскиот јазик само во рамките на границите на Македонија. Лани во Лерин судските власти ја регистрираа невладината организација Центар за македонски јазик чија цел е изучувањето на македонскиот јазик. Ова веднаш беше оценето како многу важен настан во Грција, а македонските политичари потписници на Преспанскиот договор ова веднаш го оквалификуваа како само еден од големите успеси на потписот во Нивици на 17 јуни 2018 година.  
Едно од основните права на човекот е да може да зборува, да комуницира и да се образува на својот мајчин јазик. Нашиот обид беше да се создадеме здружение, организација на такви основи кое ќе се обиде да го зачува македонскиот јазик во Грција и на легален начин да се обиде да се воведе изучување на македонски јазик во грчките училишта таму каде што е тоа потребно. Тоа се заврши успешно и се согласувам дека е тоа многу важен настан. Како првично, задоволство ни е тоа што судските државни органи донесоа одлука да се регистрира здружение кое се занимава со македонскиот јазик. Тоа e голем успех, некогаш такво нешто беше недостижна цел. Сега има надеж дека македонскиот јазик ќе го слушнеме и во училиштата, изјави тогаш еден од основачите на Центарот.
Целата сторија на МКД.мк

The post Грција ќе го укине Центарот за македонски јазик во Лерин, се повикува на Преспански appeared first on Република.

]]>
Битола и Лерин и вечерва на штрек: Серија нови земјотреси, најсилниот бил 4 степени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitola-i-lerin-i-vecherva-na-shtrek-serija-novi-zemjotresi-najsilniot-bil-4-stepeni/ Tue, 11 Jan 2022 19:51:21 +0000 https://republika.mk/?p=443364

Серија земјотреси вечерва се регистрирани во епицентралното подрачје меѓу Битола и Лерин, од кои најсилниот потрес бил во 18:44 со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на сите потреси биле во реонот на околу 120 километри јужно од Скопје на територијата на Грција во близина со границата со земјава.

Најсилниот од овие земјотреси на територијата на Битола и околината бил почувствуван со интензитет од IV до V степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходно, Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека во истото подрачје во 16:14 часот бил регистриран земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтер. Овој потрес во Битола и околината бил почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

The post Битола и Лерин и вечерва на штрек: Серија нови земјотреси, најсилниот бил 4 степени appeared first on Република.

]]>

Серија земјотреси вечерва се регистрирани во епицентралното подрачје меѓу Битола и Лерин, од кои најсилниот потрес бил во 18:44 со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на сите потреси биле во реонот на околу 120 километри јужно од Скопје на територијата на Грција во близина со границата со земјава. Најсилниот од овие земјотреси на територијата на Битола и околината бил почувствуван со интензитет од IV до V степени според Европската макросеизмичка скала. Претходно, Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека во истото подрачје во 16:14 часот бил регистриран земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтер. Овој потрес во Битола и околината бил почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

The post Битола и Лерин и вечерва на штрек: Серија нови земјотреси, најсилниот бил 4 степени appeared first on Република.

]]>
По силниот земјотрес жителите на Лерин ќе преноќат на отворено небо https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-silniot-zemjotres-zitelite-na-lerin-kje-prenokjat-na-otvoreno-nebo/ Sun, 09 Jan 2022 23:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=442332

Силен земјотрес се случи во 23:43 часот во неделата на 9 јануари во Лерин, пренесуваат медиумите во Грција.

Вознемирените жители излегоа на улица. Земјотресот бил почувствуван речиси низ цела Северна Грција до Лариса.

Според ревидираната објава на Геодинамичкиот институт, се работи за земјотрес со јачина од 5,3 степени, со фокусна длабочина од 14,1 км. Земјотресот се случил на 2 километри западно од Лерин.

Земјотресот ги вознемири жителите, бидејќи беше многу силен и плиток, а долго траеше и бучеше. Жителите на Лерин, според ЕРТ побегнале од своите домови и излегле на улиците на градот.

Во следните 10 минути до 23.53 часот забележани се уште три сеизмички потреси, со јачина од 3,5 според Рихтер на 19 километри северозападно од Лерин и на длабочина од 5 километри, вториот исто 3,5 степени според Рихтер на длабочина од десет километри и третиот земјотрес 4,1 степен според Рихтер исто така на длабочина од 10 километри, пренесуваат грчките медиуми.

The post По силниот земјотрес жителите на Лерин ќе преноќат на отворено небо appeared first on Република.

]]>

Силен земјотрес се случи во 23:43 часот во неделата на 9 јануари во Лерин, пренесуваат медиумите во Грција. Вознемирените жители излегоа на улица. Земјотресот бил почувствуван речиси низ цела Северна Грција до Лариса. Според ревидираната објава на Геодинамичкиот институт, се работи за земјотрес со јачина од 5,3 степени, со фокусна длабочина од 14,1 км. Земјотресот се случил на 2 километри западно од Лерин. Земјотресот ги вознемири жителите, бидејќи беше многу силен и плиток, а долго траеше и бучеше. Жителите на Лерин, според ЕРТ побегнале од своите домови и излегле на улиците на градот. Во следните 10 минути до 23.53 часот забележани се уште три сеизмички потреси, со јачина од 3,5 според Рихтер на 19 километри северозападно од Лерин и на длабочина од 5 километри, вториот исто 3,5 степени според Рихтер на длабочина од десет километри и третиот земјотрес 4,1 степен според Рихтер исто така на длабочина од 10 километри, пренесуваат грчките медиуми.

The post По силниот земјотрес жителите на Лерин ќе преноќат на отворено небо appeared first on Република.

]]>