лепенец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lepenec/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Jun 2023 07:34:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лепенец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lepenec/ 32 32 ЈО: Обдукција на загинатите во Лепенец, притвор за скопјанецот кој ја претекнувал колоната https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jo-obduktsija-na-zaginatite-vo-lepenets-pritvor-za-skopjanetsot-koj-ja-preteknuval-kolonata/ Mon, 19 Jun 2023 06:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=652933

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје прибира докази за тешката сообраќајна несреќа која се случи завчера на патот Скопје - Блаце, а во која загинаа три лица чии тела вчера попладне беа извадени од реката Лепенец.

По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.

Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје вчера достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по несреќата.

Станува збор за 64-годишен жител на Скопје кој управувал со автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил. Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

На патот Скопје - Блаце завчера во автомобилот „БМВ“ со косовски таблици удрил „Фолксваген туран“ со скопски таблички, по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје.

The post ЈО: Обдукција на загинатите во Лепенец, притвор за скопјанецот кој ја претекнувал колоната appeared first on Република.

]]>

Семејството Пацоли на обдукција, возачот на „туранот“ со скопски таблички во притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/semejstvoto-patsoli-na-obduktsija-vozachot-na-turanot-so-skopski-tablichki-vo-pritvor/ Sun, 18 Jun 2023 20:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=652898

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје  го продолжи увидот на местото на тешката сообраќајна несреќа која се случи на патот Скопје-Блаце.

По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeni-trite-tela-na-semejstvoto-od-kosovo-koe-vchera-padna-so-bmv-vo-lepenets/

Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по несреќата.

Станува збор за 64-годишен жител на Скопје кој управувал со автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил. Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

The post Семејството Пацоли на обдукција, возачот на „туранот“ со скопски таблички во притвор appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје  го продолжи увидот на местото на тешката сообраќајна несреќа која се случи на патот Скопје-Блаце. По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeni-trite-tela-na-semejstvoto-od-kosovo-koe-vchera-padna-so-bmv-vo-lepenets/ Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по несреќата. Станува збор за 64-годишен жител на Скопје кој управувал со автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил. Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

The post Семејството Пацоли на обдукција, возачот на „туранот“ со скопски таблички во притвор appeared first on Република.

]]>
Пронајдени трите тела на семејството од Косово кое вчера падна со БМВ во Лепенец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeni-trite-tela-na-semejstvoto-od-kosovo-koe-vchera-padna-so-bmv-vo-lepenets/ Sun, 18 Jun 2023 18:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=652863

Спасувачките екипи го пронајдоа и го извлекоа од водите на Лепенец возилото БМВ со кое косовското семејство Пацоли вчера падна во реката, откако на него налета возило „фолксваген туран“ со скопски таблички, кое се обидувало да претекне цела колона возила.

Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце.

Пронајдено е и возилото „бмв“ во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување, велат од МВР.

Четвртиот член на семејството Пацоли од Косово, 21-годишниот Шкељзим, успеал да излезе и со повреди беше примен на лекување во ГОБ „8 Септември“.
Возачот на возилото „фолксваген туран“ е приведен во полициска станица на натамошна постапка.

Потрагата по возилото и телата на настраданите се соочи со големи проблеми поради надојдените и матни води на Лепенец како последица на обилните дождови. Во потрагата учествува екипи од полицијата, војската, Дирекцијата за спасување, како и екипи од Косово.

Во вчерашната сообраќајка кај Блаце БМВ-то со косовски таблички се судри со Фолксваген туран, по што БМВ-то пропадна во реката Лепенец. Во него биле мајка, татко и два сина, од кои едниот имал 16 години. Постариот син на 21- годишна возраст успеал да се спаси, додека по останатите членови на семејството се одвиваше потрага низ надојдената река.

The post Пронајдени трите тела на семејството од Косово кое вчера падна со БМВ во Лепенец appeared first on Република.

]]>

Спасувачките екипи го пронајдоа и го извлекоа од водите на Лепенец возилото БМВ со кое косовското семејство Пацоли вчера падна во реката, откако на него налета возило „фолксваген туран“ со скопски таблички, кое се обидувало да претекне цела колона возила. Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце.
Пронајдено е и возилото „бмв“ во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување, велат од МВР.
Четвртиот член на семејството Пацоли од Косово, 21-годишниот Шкељзим, успеал да излезе и со повреди беше примен на лекување во ГОБ „8 Септември“. Возачот на возилото „фолксваген туран“ е приведен во полициска станица на натамошна постапка. Потрагата по возилото и телата на настраданите се соочи со големи проблеми поради надојдените и матни води на Лепенец како последица на обилните дождови. Во потрагата учествува екипи од полицијата, војската, Дирекцијата за спасување, како и екипи од Косово. Во вчерашната сообраќајка кај Блаце БМВ-то со косовски таблички се судри со Фолксваген туран, по што БМВ-то пропадна во реката Лепенец. Во него биле мајка, татко и два сина, од кои едниот имал 16 години. Постариот син на 21- годишна возраст успеал да се спаси, додека по останатите членови на семејството се одвиваше потрага низ надојдената река.

The post Пронајдени трите тела на семејството од Косово кое вчера падна со БМВ во Лепенец appeared first on Република.

]]>
Пронајден автомобилот кој падна во Лепенец, уште се трага по патниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajden-avtomobilot-koj-padna-vo-lepenets-ushte-se-traga-po-patnitsite/ Sun, 18 Jun 2023 16:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=652845

Специјалната единица Тигри го пронајде автомобилот марка БМВ, којшто вчера попладне по сообраќајна несреќа, падна во реката Лепенец, потврдуваат за ТВ 24 од МВР.

Засега нема информации што е со трите лица од семејството кои останаа заглавени во автомобилот.

Од вчера е спасен само 21 годишник, кој успеал сам да излезе од возилото и веднаш бил префрлен во Градската општа болница.

Според информациите, станува збор за семејство од Косово, односно татко, мајка и два сина. Помладиот син е на возраст од 16 години. Надлежните велат дека изчезнатите лица се бараат на неколку локации, се користат чамци и се бараат со дронови. Во акцијата учествуваат и полицајци и војници од Македонија и Косово.

The post Пронајден автомобилот кој падна во Лепенец, уште се трага по патниците appeared first on Република.

]]>

Специјалната единица Тигри го пронајде автомобилот марка БМВ, којшто вчера попладне по сообраќајна несреќа, падна во реката Лепенец, потврдуваат за ТВ 24 од МВР. Засега нема информации што е со трите лица од семејството кои останаа заглавени во автомобилот. Од вчера е спасен само 21 годишник, кој успеал сам да излезе од возилото и веднаш бил префрлен во Градската општа болница. Според информациите, станува збор за семејство од Косово, односно татко, мајка и два сина. Помладиот син е на возраст од 16 години. Надлежните велат дека изчезнатите лица се бараат на неколку локации, се користат чамци и се бараат со дронови. Во акцијата учествуваат и полицајци и војници од Македонија и Косово.  

The post Пронајден автомобилот кој падна во Лепенец, уште се трага по патниците appeared first on Република.

]]>
Сѐ уште се трага трите лица кои со автомобил паднаа во реката Лепенец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/s-ushte-se-traga-trite-litsa-koi-so-avtomobil-padnaa-vo-rekata-lepenets/ Sun, 18 Jun 2023 10:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=652720

Тим нуркачи сѐ уште трага по трите лица кои вчера со автомобил паднаа во реката Лепенец, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Потрагата, како што велат од ЦУК, се одвива во исклучително тешки услови бидејќи реката е длабока и многу брза, а со себе носи и предмети кои се опасност за нуркачите.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека екипи од Одделот за специјални полициски операции трагаат по три лица во реката Лепенец.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возилото завршило во Лепенец откако автомобил „фолксваген туран“ со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили на патот од Скопје кон граничниот премин „Блаце“. Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил „бмв“ со косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец

Едно лице беше извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“.

Причините за сударот сѐ уште се утврдуваат.

The post Сѐ уште се трага трите лица кои со автомобил паднаа во реката Лепенец appeared first on Република.

]]>

Тим нуркачи сѐ уште трага по трите лица кои вчера со автомобил паднаа во реката Лепенец, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Потрагата, како што велат од ЦУК, се одвива во исклучително тешки услови бидејќи реката е длабока и многу брза, а со себе носи и предмети кои се опасност за нуркачите. Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека екипи од Одделот за специјални полициски операции трагаат по три лица во реката Лепенец. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возилото завршило во Лепенец откако автомобил „фолксваген туран“ со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили на патот од Скопје кон граничниот премин „Блаце“. Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил „бмв“ со косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец Едно лице беше извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“. Причините за сударот сѐ уште се утврдуваат.

The post Сѐ уште се трага трите лица кои со автомобил паднаа во реката Лепенец appeared first on Република.

]]>
Сѐ уште се трага по исчезнатите во реката Лепенец, лошите временски услови ја отежнуваат потрагата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/s-ushte-se-traga-po-ischeznatite-vo-rekata-lepenets-loshite-vremenski-uslovi-ja-otezhnuvaat-potragata/ Sun, 18 Jun 2023 09:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=652699

Сѐ уште се трага по исчезнатите лица во реката Лепенец, информира за МИА, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Ангелов вели дека се трага во исклучително тешки услови.

Реката е длабока и многу брза и носи предмети со неа кои претставуваат опасност на нуркачите, вели Ангелов.

Станува збор за лицата кои со возило со косовски регистарски таблички при сообраќајна несреќа паднаа во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце. Во возилото, покрај возачот, имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozilo-so-kosovski-tablichki-padnalo-vo-rekata-lepenets-se-traga-po-tri-litsa-edno-e-spaseno/

Според првичните информации од Основно Јавно обвинителство, до несреќата дошло кога автомобил „Фолксваген туран“ со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили.

Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил со „БМВ“ косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец, стои во соопштението од ЈО.

Дополнуваат дека причините за сударот сѐ уште се утврдуваат.

The post Сѐ уште се трага по исчезнатите во реката Лепенец, лошите временски услови ја отежнуваат потрагата appeared first on Република.

]]>

Сѐ уште се трага по исчезнатите лица во реката Лепенец, информира за МИА, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Ангелов вели дека се трага во исклучително тешки услови.
Реката е длабока и многу брза и носи предмети со неа кои претставуваат опасност на нуркачите, вели Ангелов.
Станува збор за лицата кои со возило со косовски регистарски таблички при сообраќајна несреќа паднаа во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце. Во возилото, покрај возачот, имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozilo-so-kosovski-tablichki-padnalo-vo-rekata-lepenets-se-traga-po-tri-litsa-edno-e-spaseno/ Според првичните информации од Основно Јавно обвинителство, до несреќата дошло кога автомобил „Фолксваген туран“ со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили.
Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил со „БМВ“ косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец, стои во соопштението од ЈО.
Дополнуваат дека причините за сударот сѐ уште се утврдуваат.

The post Сѐ уште се трага по исчезнатите во реката Лепенец, лошите временски услови ја отежнуваат потрагата appeared first on Република.

]]>
Пронајдено тело покрај реката Лепенец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeno-telo-pokraj-rekata-lepenec/ Sun, 04 Dec 2022 17:21:10 +0000 https://republika.mk/?p=581718

На 03.12.2022 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Орман, скопско, во близина на реката Лепенец, на место викано „Лески“, било пронајдено тело на починато лице, информираат од МВР.

Полициски службеници извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

The post Пронајдено тело покрај реката Лепенец appeared first on Република.

]]>

На 03.12.2022 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Орман, скопско, во близина на реката Лепенец, на место викано „Лески“, било пронајдено тело на починато лице, информираат од МВР. Полициски службеници извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

The post Пронајдено тело покрај реката Лепенец appeared first on Република.

]]>
Спасен маж од водите на Вардар, на вливот на Лепенец https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/spasen-maz-od-vodite-na-vardar-na-vlivot-na-lepenec/ Sat, 05 Feb 2022 15:42:09 +0000 https://republika.mk/?p=454539

Полицијата, по добиена пријава, денеска спаси 64-годишен маж од водите на реката Вардар, на вливот на реката Лепенец, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Денеска во 12:45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено, односно спасено од водата од страна на полициски службеници од Полицисиката станица за општа надлежност Карпош, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Подоцна било утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци.

Од страна на Итната медицинска помош лицето е пренесено во ГОБ „8 Септември“.

The post Спасен маж од водите на Вардар, на вливот на Лепенец appeared first on Република.

]]>

Полицијата, по добиена пријава, денеска спаси 64-годишен маж од водите на реката Вардар, на вливот на реката Лепенец, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Денеска во 12:45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено, односно спасено од водата од страна на полициски службеници од Полицисиката станица за општа надлежност Карпош, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Подоцна било утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци. Од страна на Итната медицинска помош лицето е пренесено во ГОБ „8 Септември“.

The post Спасен маж од водите на Вардар, на вливот на Лепенец appeared first on Република.

]]>