Леонид Тодоровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leonid-todorovski/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 15:01:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Леонид Тодоровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leonid-todorovski/ 32 32 Дамјан Давков освои злато на Меѓународната математичка олимпијада, Алексеј Тасиќ и Леонид Тодоровски бронзи https://arhiva3.republika.mk/vesti/damjan-davkov-osvoi-zlato-na-megunarodnata-matematichka-olimpijada-aleksej-tasik-i-leonid-todorovski-bronzi/ Mon, 22 Jul 2024 15:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=799258

Дамјан Давков освои златен медал, додека Алексиј Тасиќ и Леонид Тодоровски освоија бронзени медали на 65. Меѓународна математичка олимпијада што се одржа во Бат, Велика Британија. Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и Ивано Божиновски освоија пофалници.

Нашата репрезентација на олимпијадата беше водена од менторите Илија Јовечвски од Институтот за математика од ПМФ и Мирко Петрушевски од Машинскиот факултет, како членови на Сојузот на математичари на Македонија, кои се организиратори на учеството на Македонија на овој натпревар.

Во македонската репезентација учествуваа Дамјан Давков и Ивано Божиновски од Математичко-информатичка гимназија во Скопје, и Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски, Леонид Тодороски, Бранко Јангеловски од ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје.

На Меѓународната математичка олимпијада учествуваа вкупно 609 математичари од 109 држави од целиот свет и решаваа шест математички проблеми во текот на два натпреварувачки денови. Македонија се пласираше на 28 место, според освоени одличја и на 46 место според освоените поени.

Златото на Давков е само втор златен медал за Македонија во нејзините 32 учества на Меѓународната математичка олимпијада.

 

The post Дамјан Давков освои злато на Меѓународната математичка олимпијада, Алексеј Тасиќ и Леонид Тодоровски бронзи appeared first on Република.

]]>

Дамјан Давков освои златен медал, додека Алексиј Тасиќ и Леонид Тодоровски освоија бронзени медали на 65. Меѓународна математичка олимпијада што се одржа во Бат, Велика Британија. Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и Ивано Божиновски освоија пофалници. Нашата репрезентација на олимпијадата беше водена од менторите Илија Јовечвски од Институтот за математика од ПМФ и Мирко Петрушевски од Машинскиот факултет, како членови на Сојузот на математичари на Македонија, кои се организиратори на учеството на Македонија на овој натпревар. Во македонската репезентација учествуваа Дамјан Давков и Ивано Божиновски од Математичко-информатичка гимназија во Скопје, и Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски, Леонид Тодороски, Бранко Јангеловски од ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје. На Меѓународната математичка олимпијада учествуваа вкупно 609 математичари од 109 држави од целиот свет и решаваа шест математички проблеми во текот на два натпреварувачки денови. Македонија се пласираше на 28 место, според освоени одличја и на 46 место според освоените поени. Златото на Давков е само втор златен медал за Македонија во нејзините 32 учества на Меѓународната математичка олимпијада.  

The post Дамјан Давков освои злато на Меѓународната математичка олимпијада, Алексеј Тасиќ и Леонид Тодоровски бронзи appeared first on Република.

]]>