леонид ристев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leonid-ristev/ За подобро да се разбереме Wed, 18 May 2022 18:46:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png леонид ристев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leonid-ristev/ 32 32 Наташа од трето три денес полни 30 години https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/natasha-od-treto-tri-denes-polni-30-godini/ Wed, 18 May 2022 18:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=504000

Еден од најпознатите детски музички фестивали во Македонија е фестивалот „Си-До“, а една од најпознатите песни испеани на тој фестивал несомнено е „Наташа од трето три“.

Познати личности кои пееле на овоj фестивал се: Каролина Гочева, Христијан Спировски, Димитар Андоновски, Мартин и Стефан Филиповски од Некст тајм, Анета Мицевска, како и многу други.

Токму на денешен ден, во 1992 година, на „Си-До“ е отпеан еден безвременски детски хит, „Наташа од трето три“, чиј комплетен автор на хит-песничката е Драган Каранфиловски - Бојс, а во изведба на Леонид Ристев.

Денес е 18 мај, точно 30 години од првата вечер на детскиот фестивал „Си-До“ 1992 година. Се сеќавам како да беше вчера, имам најубави спомени. Како на фестивалот, така и на сѐ што следеше неколку години подоцна. Јас имав 9 години и тоа е незаборавен дел од моето детство. Многу ми е драго дека децата ја пеат „Наташа“ и денес. Песната има свој живот и тоа ме радува. Не ја бирав, песната беше веќе спремна, Бојс ја имаше напишано и снимено пред фестивалот. Ако добро се сеќавам, оригиналот беше од „петто-3“, па само ја прилагодија на тоа дека бев трето одделение, па стана од „трето-3“. Прв пат ја слушнав на самата аудиција, во Пионерскиот дом во Битола. Кире Костов беше тука на самата аудиција, се сеќавам седеше покрај пијаниното во домот и ми кажа „Е па салеп, ова ќе биди хит“ 😊 Малишаните не викаше „салеп“, нагалено по битолски, вели Ристев во интервју за Музички регистар.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

The post Наташа од трето три денес полни 30 години appeared first on Република.

]]>

Еден од најпознатите детски музички фестивали во Македонија е фестивалот „Си-До“, а една од најпознатите песни испеани на тој фестивал несомнено е „Наташа од трето три“. Познати личности кои пееле на овоj фестивал се: Каролина Гочева, Христијан Спировски, Димитар Андоновски, Мартин и Стефан Филиповски од Некст тајм, Анета Мицевска, како и многу други. Токму на денешен ден, во 1992 година, на „Си-До“ е отпеан еден безвременски детски хит, „Наташа од трето три“, чиј комплетен автор на хит-песничката е Драган Каранфиловски - Бојс, а во изведба на Леонид Ристев.