леонид кравчук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leonid-kravchuk/ За подобро да се разбереме Tue, 10 May 2022 18:09:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png леонид кравчук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leonid-kravchuk/ 32 32 Почина Леонид Кравчук, првиот претседател на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-leonid-kravchuk-prviot-pretsedatel-na-ukraina/ Tue, 10 May 2022 18:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=500686

Леонид Кравчук (88) почина по долго боледување, објавија украинските медиуми.

Првиот претседател на Украина, Леонид Кравчук, почина денеска, 10 мај, по долго боледување.

„Денес, 10 мај 2022 година, во 17 часот, Леонид Макарович Кравчук, првиот претседател на независна Украина, почина по долго боледување во Киев“, стои во објавата.

Леонид Макарович Кравчук (88) беше украински политичар и прв претседател на Украина по стекнувањето независност во 1991 година.

Роден во западноукраинскиот регион Ровно, Кравчук во 1958 година ѝ се приклучил на Комунистичката партија на Украина и се искачил низ хиерархијата на одделот за пропаганда. Во 1990 година тој стана претседател на Врховниот совет на Украинската ССР. Во август 1991 година стана вршител на должноста претседател на Украина, откако Врховната рада во Киев го усвои украинскиот устав - и беше формално избран на 5 декември 1991 година.

Само три дена подоцна, тој се состана со рускиот претседател Борис Јелцин и со претседателот на белорускиот парламент Станислав Шушкевич во вила во Белорусија и го потпиша познатиот Беловешки договор со кој беше расформиран Советскиот Сојуз. Шушкевич почина претходно овој месец, на 87-годишна возраст. Јелцин почина во 2007 година.

По поразот на изборите, Кравчук се здружи со неколку украински олигарси и со нив ја основа Социјалдемократската партија на Украина. На претседателските избори во 2004 година, Кравчук го поддржа Виктор Јанукович. Во едно интервју во 2009 година, тој рече дека ја напушта политиката. На претседателските избори во 2010 година, тој ја поддржа Јулија Тимошенко, оттргнувајќи се од Јанукович.

The post Почина Леонид Кравчук, првиот претседател на Украина appeared first on Република.

]]>

Леонид Кравчук (88) почина по долго боледување, објавија украинските медиуми. Првиот претседател на Украина, Леонид Кравчук, почина денеска, 10 мај, по долго боледување. „Денес, 10 мај 2022 година, во 17 часот, Леонид Макарович Кравчук, првиот претседател на независна Украина, почина по долго боледување во Киев“, стои во објавата. Леонид Макарович Кравчук (88) беше украински политичар и прв претседател на Украина по стекнувањето независност во 1991 година. Роден во западноукраинскиот регион Ровно, Кравчук во 1958 година ѝ се приклучил на Комунистичката партија на Украина и се искачил низ хиерархијата на одделот за пропаганда. Во 1990 година тој стана претседател на Врховниот совет на Украинската ССР. Во август 1991 година стана вршител на должноста претседател на Украина, откако Врховната рада во Киев го усвои украинскиот устав - и беше формално избран на 5 декември 1991 година. Само три дена подоцна, тој се состана со рускиот претседател Борис Јелцин и со претседателот на белорускиот парламент Станислав Шушкевич во вила во Белорусија и го потпиша познатиот Беловешки договор со кој беше расформиран Советскиот Сојуз. Шушкевич почина претходно овој месец, на 87-годишна возраст. Јелцин почина во 2007 година. По поразот на изборите, Кравчук се здружи со неколку украински олигарси и со нив ја основа Социјалдемократската партија на Украина. На претседателските избори во 2004 година, Кравчук го поддржа Виктор Јанукович. Во едно интервју во 2009 година, тој рече дека ја напушта политиката. На претседателските избори во 2010 година, тој ја поддржа Јулија Тимошенко, оттргнувајќи се од Јанукович.

The post Почина Леонид Кравчук, првиот претседател на Украина appeared first on Република.

]]>