Леонид Индов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leonid-indov/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jul 2024 14:15:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Леонид Индов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leonid-indov/ 32 32 ФЗОМ: Лекувањето на Леонид Индов ќе биде целосно покриено од државата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/fzom-lekuvaneto-na-leonid-indov-ke-bide-tselosno-pokrieno-od-drzhavata/ Mon, 29 Jul 2024 14:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=801355

Владата одлучи за целосно покривање на лекувањето на Леоинд Индов во Македонија. Фондот за здравствено осигурување ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов во Македонија, кое ќе се врши во Градската општа болница „8-ми Септември“, соопштија оттаму денеска.

https://republika.mk/zivot/zdravje/leonid-indov-transportiran-so-helikopter-od-viena-vo-skopje/

Додаваат дека во минатото беше одбиено покривањето на трошоците за лекување на Леонид, со тврдење дека има услови за лекување во земјата, без да се наведи каде е тоа. Минатата недела Владата побара тоа да се смени. ФЗО врз основа на препораките од Австрија и „8-ми Септември“, ќе одобри употреба на лекови неопходни за ваков тип на третман.

ФЗО е сервис на граѓаните, на сите оние кои имаат потреба од здравствени услуги. Работиме на воспоставување јасни правила за да се намали можноста од неправилности и злоупотреби. За тоа ги анализираме констатираните проблеми во извештаите на Државниот завод за ревизија, како и поплаките на граѓаните, изјавија од менаџментот на Фондот за здравствено осигурување.

Поради постоечка недоверба во институциите многумина на кои им е потребно лекување во странство, се одлучуваат за собирање на донации, без воопшто да се обратат до здравствените установи и Фондот за здравствено осигурување. Затоа се повикуваат сите граѓани прво да се обратат во здравствените институции и Фондот, додаваат оттаму.

The post ФЗОМ: Лекувањето на Леонид Индов ќе биде целосно покриено од државата appeared first on Република.

]]>

Владата одлучи за целосно покривање на лекувањето на Леоинд Индов во Македонија. Фондот за здравствено осигурување ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов во Македонија, кое ќе се врши во Градската општа болница „8-ми Септември“, соопштија оттаму денеска. https://republika.mk/zivot/zdravje/leonid-indov-transportiran-so-helikopter-od-viena-vo-skopje/ Додаваат дека во минатото беше одбиено покривањето на трошоците за лекување на Леонид, со тврдење дека има услови за лекување во земјата, без да се наведи каде е тоа. Минатата недела Владата побара тоа да се смени. ФЗО врз основа на препораките од Австрија и „8-ми Септември“, ќе одобри употреба на лекови неопходни за ваков тип на третман.
ФЗО е сервис на граѓаните, на сите оние кои имаат потреба од здравствени услуги. Работиме на воспоставување јасни правила за да се намали можноста од неправилности и злоупотреби. За тоа ги анализираме констатираните проблеми во извештаите на Државниот завод за ревизија, како и поплаките на граѓаните, изјавија од менаџментот на Фондот за здравствено осигурување.
Поради постоечка недоверба во институциите многумина на кои им е потребно лекување во странство, се одлучуваат за собирање на донации, без воопшто да се обратат до здравствените установи и Фондот за здравствено осигурување. Затоа се повикуваат сите граѓани прво да се обратат во здравствените институции и Фондот, додаваат оттаму.

The post ФЗОМ: Лекувањето на Леонид Индов ќе биде целосно покриено од државата appeared first on Република.

]]>
Леонид Индов транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/leonid-indov-transportiran-so-helikopter-od-viena-vo-skopje/ Mon, 29 Jul 2024 09:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=801252

Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне, (на 28 јули 2024 година) беше реализиран транспорт со хеликоптер на младиот Леонид Индов, кој беше на лекување во Виена, Австрија, а за кого на 10 јули 2024 година од неговиот татко беше упатено барањето до Центарот за управување со кризи, за воздухопловен транспорт.
Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема согласно можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени.

Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација на транспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал, од Виена, Австрија до Скопје, Република Македонија.

Инаку, ова е прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава, на лице заболено од параплегија (со неможност за движење на екстремитетите, а дише со помош на подвижен респиратор и кој е поврзан со катетер).
Транспортот со хеликоптер, се остварува согласно договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, на 6 февруари 2024 година од Скопје, за транспорт на конкретното болно лице, Леонид, до клиниката во Виена, Австрија на лекување.

The post Леонид Индов транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне, (на 28 јули 2024 година) беше реализиран транспорт со хеликоптер на младиот Леонид Индов, кој беше на лекување во Виена, Австрија, а за кого на 10 јули 2024 година од неговиот татко беше упатено барањето до Центарот за управување со кризи, за воздухопловен транспорт. Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема согласно можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени. Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација на транспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал, од Виена, Австрија до Скопје, Република Македонија. Инаку, ова е прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава, на лице заболено од параплегија (со неможност за движење на екстремитетите, а дише со помош на подвижен респиратор и кој е поврзан со катетер). Транспортот со хеликоптер, се остварува согласно договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, на 6 февруари 2024 година од Скопје, за транспорт на конкретното болно лице, Леонид, до клиниката во Виена, Австрија на лекување.

The post Леонид Индов транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје appeared first on Република.

]]>
ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/dnk-sobravme-80-000-evra-za-leo-parite-gi-predadovme-na-tetka-mu/ Thu, 29 Feb 2024 21:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=749811

Групата ДНК соопшти дека се собрани 80.000 евра за лекувањето на Леонид Индов.

Собраните средства од хуманата лицитација заедно со златната бубамара, денес беа предадени на тетката на Лео. Господинот Кирче Митрески беше категоричен и не замоли “бубамарата” да стигне кај Лео, се со цел да го потсетува дека не е сам, соопшти групата ДНК на „Фејсбук“.

Како што велат, се уште не е позната донираната сума преку телефонски повици.

Досега само од донации (не се искалкулирани телефонските донации) се собрани околу 80.000 евра, и се надеваме дека со нив ќе ја затвориме сумата која е потребна за неговото лекување во Австрија. Тука нема да застанеме, и заедно со сите вас ќе застанеме до Лео и неговата фамилија, со што ќе докажеме дека сме сплотени кога е најпотребно. Во име на Лео и неговата фамилија, Фала ви од срце, стои во објавата на групата.

Музичарите Панчо и Андреј претходно објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација статуетката што ја добија на доделувањето на наградите на „Златна бубамара“.

Статуетката заврши кај Митрески Кирче од Охрид, кој ја дал најголемата понуда во износ од 250.000 денари.

И Владата и Министерството за здравство изјавија дека ќе помогнат да се покријат трошоците за лекување на младиот Леонид во Виена. Тоа го вети министерот за здравство Илир Демири, но кажа дека во предизборен период и во време на техничка влада системско решение не може да се најде.

The post ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му appeared first on Република.

]]>

Групата ДНК соопшти дека се собрани 80.000 евра за лекувањето на Леонид Индов. Собраните средства од хуманата лицитација заедно со златната бубамара, денес беа предадени на тетката на Лео. Господинот Кирче Митрески беше категоричен и не замоли “бубамарата” да стигне кај Лео, се со цел да го потсетува дека не е сам, соопшти групата ДНК на „Фејсбук“. Како што велат, се уште не е позната донираната сума преку телефонски повици. Досега само од донации (не се искалкулирани телефонските донации) се собрани околу 80.000 евра, и се надеваме дека со нив ќе ја затвориме сумата која е потребна за неговото лекување во Австрија. Тука нема да застанеме, и заедно со сите вас ќе застанеме до Лео и неговата фамилија, со што ќе докажеме дека сме сплотени кога е најпотребно. Во име на Лео и неговата фамилија, Фала ви од срце, стои во објавата на групата. Музичарите Панчо и Андреј претходно објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација статуетката што ја добија на доделувањето на наградите на „Златна бубамара“. Статуетката заврши кај Митрески Кирче од Охрид, кој ја дал најголемата понуда во износ од 250.000 денари. И Владата и Министерството за здравство изјавија дека ќе помогнат да се покријат трошоците за лекување на младиот Леонид во Виена. Тоа го вети министерот за здравство Илир Демири, но кажа дека во предизборен период и во време на техничка влада системско решение не може да се најде.

The post ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му appeared first on Република.

]]>
Ќе има системско решение за лекувањето на Леонид, но не во време на техничка Влада, вели министерот за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ke-ima-sistemsko-reshenie-za-lekuvaneto-na-leonid-no-ne-vo-vreme-na-tehnichka-vlada-veli-ministerot-za-zdravstvo/ Thu, 29 Feb 2024 10:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=749577

Министерот за здравство Илир Демири денеска на новинарско прашање во врска со случајот на Леонид Индов изјави дека владата и Министерството за здравство се комплетно посветени и ќе се изнајде решение со кое ќе му се помогне, односно ќе му бидат покриени трошоците. Системско решение, како што посочи, во предизборниот период и во време на техничка влада, не може да се најде.

Досега е направено многу. Зборувавме со семејството и брзо ќе добиете епилог. Не сакам медиумска кампања апропо изнаоѓање на решение. Значи, Владата и министерството за здравство се комплетно посветени и ќе најдеме решение да му се помогне не само на Индов, туку и на секој еден пациент кој има потреба“, изјави Демири пред почетокот на панел дискусијата по повод одбележувањето на Денот на ретки болести во Скопје.

Тој напомена дека сега треба да се најде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение ќе се зборува после изборите.

Системско решение во оваа техничка Влада и предизборие не може да се најде. Треба да се најде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение после изборите ќе зборуваме, од повеќе сектори зависи тоа. Значи, промена на регулативи и на закони не зависи само од Министерството за здравство“, додаде Демири.

The post Ќе има системско решение за лекувањето на Леонид, но не во време на техничка Влада, вели министерот за здравство appeared first on Република.

Демири: Посветени сме и ќе најдеме решение да му се помогне на Индов, за системско решение ќе зборуваме по изборите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/demiri-posveteni-sme-i-ke-najdeme-reshenie-da-mu-se-pomogne-na-indov-za-sistemsko-reshenie-ke-zboruvame-po-izborite/ Thu, 29 Feb 2024 09:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=749548

Министерот за здравство Илир Демири денеска на новинарско прашање во врска со случајот Леонид Индов изјави дека Владата и Министерството се комплетно посветени и ќе се изнајде решение со кое ќе му се помогне, односно ќе му бидат покриени трошоците. Системско решение, како што посочи, во предизборниот период и во време на техничка влада, не може да се најде.

-Досега е направено многу. Зборувавме со семејството и брзо ќе добиете епилог. Не сакам медиумска кампања апропо изнаоѓање на решение. Значи, Владата и Министерството за здравство се комплетно посветени и ќе најдеме решение да му се помогне не само на Индов, туку на секој еден пациент кој има потреба, изјави Демири пред почетокот на панел дискусијата по повод одбележувањето на Денот на ретки болести во Скопје.

Тој напомена дека сега треба да се најде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение ќе се зборува после изборите.

-Системско решение во оваа техничка Влада и предизборие не може да се најде. Треба да се најде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение после изборите ќе зборуваме, од повеќе сектори зависи тоа. Значи, промена на регулативи и на закони не зависи само од Министерството за здравство, додаде Демири.

The post Демири: Посветени сме и ќе најдеме решение да му се помогне на Индов, за системско решение ќе зборуваме по изборите appeared first on Република.

Демири ќе разговара со семејството на Леонид Индов околу подмирување на трошоците за неговата рехабилитација https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/demiri-ke-razgovara-so-semejstvoto-na-leonid-indov-okolu-podmiruvane-na-troshotsite-za-negovata-rehabilitatsija/ Tue, 27 Feb 2024 19:47:19 +0000 https://republika.mk/?p=749046

Случајот на Леонид Индов бил разгледан на денешната владина седница и биле образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на неговата рехабилитација, што се одвива во моментов, информираа вечерва од Министерството за здравство.

- Донесовме одлука да разговарам со семејството и да ги запознаам со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што ќе ја информирам Владата за конкретното изнајдено решение, пишува во изјавата на министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири.

The post Демири ќе разговара со семејството на Леонид Индов околу подмирување на трошоците за неговата рехабилитација appeared first on Република.

Орце Ѓорѓиевски уплати 30.000 денари за Леонид за Благојчо да не мора да го продаде својот инвалиден скутер https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ortse-gorgievski-uplati-30-000-denari-za-leonid-za-blagojcho-da-ne-mora-da-go-prodade-svojot-invaliden-skuter/ Tue, 27 Feb 2024 12:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=748877

По веста дека Благојчо Георгиев одлучи својот електричен скутер вреден најмалку 75.000 денари да го продаде 30.000 само  да помогне во собирањето на средствата потребни за опоравувањето на Леонид Индов, градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски објави дека веднаш ги уплатил пари за младиот скопјанец, за да може скутерот да остане кај хуманиот Георгиев.

https://republika.mk/zivot/servisi/blagojcho-odluchi-da-go-prodade-svojot-invaliden-skuter-za-30-000-denari-za-lekuvane-na-leonid/

Инвалидниот скутер кој Благојчо го продава ќе остане кај него – уплатив 30.000 денари за лекувањето на Лео! На почеток, морам да кажам дека Благојчо е еден од многуте херои кои ги има Македонија, човек со големо срце на кој му се поклонувам. Вчера ја видов неговата објава каде што го продава својот инвалиден скутер кој му е неопходен, само за малиот Лео Индов да стане на нозе. Го продава, бидејќи државата е глува и се лечиме со смс пораки. Народот е оставен сам на себе. Но, секогаш се сплотуваме и испишавме многу успешни приказни досега. Објавата на Благојче ме трогна, вели дека тој има сила да се турка и на раце само Лео да оздрави. Не Бажо, нема да се туркаш на раце. Скутерот ќе остане за тебе, а ќе го станеме и Лео на нозе. Сплотени! Ги повикувам сите мои колеги, сите добронамерници да донираат за Лео, онолку колку што можат. Немаме време за чекање. Лео мора да оздрави! Бог да е со нас!, соопшти тој.

The post Орце Ѓорѓиевски уплати 30.000 денари за Леонид за Благојчо да не мора да го продаде својот инвалиден скутер appeared first on Република.

]]>

По веста дека Благојчо Георгиев одлучи својот електричен скутер вреден најмалку 75.000 денари да го продаде 30.000 само  да помогне во собирањето на средствата потребни за опоравувањето на Леонид Индов, градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски објави дека веднаш ги уплатил пари за младиот скопјанец, за да може скутерот да остане кај хуманиот Георгиев. https://republika.mk/zivot/servisi/blagojcho-odluchi-da-go-prodade-svojot-invaliden-skuter-za-30-000-denari-za-lekuvane-na-leonid/
Инвалидниот скутер кој Благојчо го продава ќе остане кај него – уплатив 30.000 денари за лекувањето на Лео! На почеток, морам да кажам дека Благојчо е еден од многуте херои кои ги има Македонија, човек со големо срце на кој му се поклонувам. Вчера ја видов неговата објава каде што го продава својот инвалиден скутер кој му е неопходен, само за малиот Лео Индов да стане на нозе. Го продава, бидејќи државата е глува и се лечиме со смс пораки. Народот е оставен сам на себе. Но, секогаш се сплотуваме и испишавме многу успешни приказни досега. Објавата на Благојче ме трогна, вели дека тој има сила да се турка и на раце само Лео да оздрави. Не Бажо, нема да се туркаш на раце. Скутерот ќе остане за тебе, а ќе го станеме и Лео на нозе. Сплотени! Ги повикувам сите мои колеги, сите добронамерници да донираат за Лео, онолку колку што можат. Немаме време за чекање. Лео мора да оздрави! Бог да е со нас!, соопшти тој.

The post Орце Ѓорѓиевски уплати 30.000 денари за Леонид за Благојчо да не мора да го продаде својот инвалиден скутер appeared first on Република.

]]>
„Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација“: ДНК собраа 690.000 денари на лицитацијата за Леонид https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/makedonija-ushte-ednash-pokazha-deka-e-humana-natsija-dnk-sobraa-690-000-denari-na-litsitatsijata-za-leonid/ Tue, 27 Feb 2024 07:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=748717

И официјално заврши лицитацијата за помош на Лео, преку која наградата Златна Бубамара на Популарноста заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари, соопштија од ДНК.

https://republika.mk/scena/estrada/pancho-i-andrej-ja-prodavaat-statuetkata-od-zlatna-bubamara-parite-ke-gi-doniraat-za-leonid/

Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе.
Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест, и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата кои беа дел од лицитацијата: Филип Патриклиски (Eam T-Shirts) кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео. Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце, порачаа Панчо и Андреј.

The post „Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација“: ДНК собраа 690.000 денари на лицитацијата за Леонид appeared first on Република.

]]>

И официјално заврши лицитацијата за помош на Лео, преку која наградата Златна Бубамара на Популарноста заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари, соопштија од ДНК. https://republika.mk/scena/estrada/pancho-i-andrej-ja-prodavaat-statuetkata-od-zlatna-bubamara-parite-ke-gi-doniraat-za-leonid/
Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе. Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест, и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата кои беа дел од лицитацијата: Филип Патриклиски (Eam T-Shirts) кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео. Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце, порачаа Панчо и Андреј.

The post „Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација“: ДНК собраа 690.000 денари на лицитацијата за Леонид appeared first on Република.

]]>
Панчо и Андреј ја продаваат статуетката од „Златна бубамара“, парите ќе ги донираат за Леонид https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/pancho-i-andrej-ja-prodavaat-statuetkata-od-zlatna-bubamara-parite-ke-gi-doniraat-za-leonid/ Fri, 23 Feb 2024 14:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=747454

Панчо и Андреј од „ДНК“ и годинава ја ставаат на лицитација добиената статуетка на „Златна бубамара“, а овојпат собраните средства ќе бидат наменети за Леонид Индов.

За жал државата по милионити пат нема слух за вакви ситуации, но затоа ДНК заедно со народот сме секогаш тука да помогнеме колку што можеме и дозволуваат нашите можности. Почетната цена на статуетката е 6.000денари но искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. Ги повикувам сите големи фирми, корпорации и хумани луѓе кои сакаат да ја имаат оваа статуетка во нивните витрини да се приклучат кон лицитацијата, која секогаш ќе ги потсетува за нивното направено хумано дело. Сопственик на „бубамарата” ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (сумата треба да напишете во коментар), а статуетката ќе биде предадена лично од нас, во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот последен албум „ДВАЕСЕТ” и двд издание од јубилејниот концерт одржан во арената „Борис Трајковски”, се вели во нивната објава

Од ДНК посочуваат дека лицитацијата ќе се затвори во понеделник во 22ч и тогаш ќе го соопштат новиот сопственик на наградата, а воедно и хуман човек.

View this post on Instagram

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

The post Панчо и Андреј ја продаваат статуетката од „Златна бубамара“, парите ќе ги донираат за Леонид appeared first on Република.

Здружно: Деца од 23 скопски училишта со хуманитарни акции за Леонид https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zdruzhno-detsa-od-23-skopski-uchilishta-so-humanitarni-aktsii-za-leonid/ Fri, 23 Feb 2024 11:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=747348

Хуманитарни акции во кои се собираат средства за помош на Леонид Индов и неговото опоравување и лечење се организираат низ 23 основни и средни скопски училишта. Ова не се први акции од учениците за Леонид. Тие веќе одржаа неколку базари со рачни изработки. Како што велат, нема ни да се последни.

Во моментот активни се и телефонски броеви преку кои јавноста може да донира, како и жиро сметка за донации и Go fund me страница за донации од странство:

По несреќата на летување во Грција, кога во јули 2023 година го повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен, осумнаесетгодишното момче прво се лекуваше во Македонија. Тој дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите, па откако можностите за лекување и во јавното и во приватното здравство во Македонија се исцрпиле, неговите родители се консултираа и странски лекари за тоа кои се најдобрите чекори кон заздравување. На 5 јанури на сопствен трошок доктор од виенската билница го посетил Леонид и дал позитивна прогноза.

https://republika.mk/vesti/makedonija/chetvrt-stepen-dekubit-i-poveke-od-30-bakterii-dobil-leonid-za-vreme-na-lekuvaneto-vo-makedonskoto-javno-zdrastvo/

Леонид со специјален хеликоптер од Скопје беше пренесен во Виена на лекување, но тогаш пристига ладниот туш од Фондот за здравствено осигурување. И покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, се носи решение со кое се одбива барањето со изговор дека не станува збор за лекување, туку за „рехабилитација“.

При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија.

The post Здружно: Деца од 23 скопски училишта со хуманитарни акции за Леонид appeared first on Република.

]]>

Хуманитарни акции во кои се собираат средства за помош на Леонид Индов и неговото опоравување и лечење се организираат низ 23 основни и средни скопски училишта. Ова не се први акции од учениците за Леонид. Тие веќе одржаа неколку базари со рачни изработки. Како што велат, нема ни да се последни. Во моментот активни се и телефонски броеви преку кои јавноста може да донира, како и жиро сметка за донации и Go fund me страница за донации од странство: По несреќата на летување во Грција, кога во јули 2023 година го повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен, осумнаесетгодишното момче прво се лекуваше во Македонија. Тој дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите, па откако можностите за лекување и во јавното и во приватното здравство во Македонија се исцрпиле, неговите родители се консултираа и странски лекари за тоа кои се најдобрите чекори кон заздравување. На 5 јанури на сопствен трошок доктор од виенската билница го посетил Леонид и дал позитивна прогноза. https://republika.mk/vesti/makedonija/chetvrt-stepen-dekubit-i-poveke-od-30-bakterii-dobil-leonid-za-vreme-na-lekuvaneto-vo-makedonskoto-javno-zdrastvo/ Леонид со специјален хеликоптер од Скопје беше пренесен во Виена на лекување, но тогаш пристига ладниот туш од Фондот за здравствено осигурување. И покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, се носи решение со кое се одбива барањето со изговор дека не станува збор за лекување, туку за „рехабилитација“. При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија.

The post Здружно: Деца од 23 скопски училишта со хуманитарни акции за Леонид appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Манолева не ја говори вистината за Леонид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-manoleva-ne-ja-govori-vistinata-za-leonid/ Thu, 22 Feb 2024 16:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=747100

Заменик народниот правобранител Јован Андоновски вели дека заменик министерката Маја Манолева не ја говори вистината.

„Таткото на Леонид Индов се има обратено во писмена форма до Клиника со барање мислење дали и каде може да се лекува Леонид во Македонија. Лично кај мене во канцеларија го спремавме дописот. Одговорот на Клиниката е преточен во конзилијарно мислење дека кај нас нема услови за лекување или рехабилитација. Заменик министерката Манолева не ја говори вистината. ФЗО – во решението тврди дека може Леонид да се лекува кај нас , НО, раководството на ФЗО не знае точно каде. Не е лошо пред да излезете пред јавноста добро да ги проверите фактите и да се координирате во изјавите“, напиша Андоновски на друштвените мрежи.

Актуелниот закон за здравствено осигурување не дозволува промена на правилниците, дури и ако управниот одбор ги изгласа промените и за тоа добие согласност и од Министерството за здравство, тоа нема да биде возможно бидејќи треба да се смени Законот за здравствено осигурување, рече на денешниот брифинг со новинарите директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска Грашковска, образложувајќи зошто Фондот го одби барањето да го покрие лекувањето во Австрија на 18-годишниот Леонид Индов.

The post Андоновски: Манолева не ја говори вистината за Леонид appeared first on Република.

ФЗОМ: Конзилијарното мислење без наведување на интервенцијата што му е потребна на Леонид Индов, остава простор за шпекулации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fzom-konzilijarnoto-mislene-bez-naveduvane-na-interventsijata-shto-mu-e-potrebna-na-leonid-indov-ostava-prostor-za-shpekulatsii/ Thu, 22 Feb 2024 14:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=747082

Раководството на Фондот за здравство денеска одржа брифинг со новинарите на кој беше кажано дека лекарите од ТОАРИЛУЦ не навеле во конзилијарното мислење какво медицинско лекување треба да му се изврши на Леонид и тоа била причината поради која што првостепената комисија на ФЗОМ го одбила барањето за лекување на 18-годишниот Индов во Австрија.

Директорите на ФЗОРСМ денеска образложија како постапуваат при барања за лекување во странство и како е постапено за овој случај за кој Првостепената комисија ја донела негативната одлука врз основа на конзилијарно мислење од ТОАРИЛУЦ и врз основа на профактурата со понудени услуги од болницата во Австрија што треба да овозможат Индов да се ослободи од респиратор и да му се врати самостојното дишење.

Во конзилијарното мислење потпишано од доктор Александар Димитровски, доцент доктор Александар Савески и доктор Ерен Сејфула, се наведува дека пациентот се упатува на лекување во странство за да „се обезбеди болничко лекување кое вклучува специјална респираторна терапија, говорна терапија и стимулација на дијафрагмата за враќање на респираторната функција со што би се подобрила состојбата на пациентот“.

Во нашата установа поради недостаток на искуство на третман на оваа состојба и недостаток на технички можности не може да се овозможи, пишува во конзилијарното мислење од ТОАРИЛУЦ.

Раководството на Фондот се обратило со допис до Клиниката за да појасни каква интервенција му е потребна на момчето, но оттаму повторно не добиле прецизен одговор.

Видот на третман од центарот во Австрија наведен во профактурата што му е понудена на семејството, пак, како што велат од Фондот, се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација. Првостепената комисија на чело со претседателката д-р Сања Петрова, која била поканета но не беше присутна на брифингот, го одбила барањето затоа што сметала дека таков третман може да му се обезбеди и во нашата држава, иако не е посочена конкретна клиника или здравствена институција.

На прашањето дали и каде има соодветна установа во нашата земја за да му го овозможи третманот на Леонид, беше одговорено дека тоа треба да го образложат докторите кои ја ценеле неговата состојба. А тоа што во конзилијарното мислење не е наведена потребната интервенција или посочена здравствена установа каде треба да се хоспитализира момчето, според ФЗОРСМ остава широк простор за шпекулации.

На прашањето дали Правилникот на ФЗОМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство, според кој може да се финансира само болничко лекување, но не медицинска рехабилитација надвор од земјава, може да се измени заради вакви тешки и ретки случаи, беше одговорено дека потребни се измени на Законот за здравствено осигурување.

Двајцата директори на ФЗОРСМ на брифингот се согласни да иницираат законски измени, но нагласија дека е потребно нов начин на финансирање на здравствениот систем затоа што Фондот располага со мал буџет за да излезе во пресрет на потребите на граѓаните во чекор со развојот на медицината. Како што беше речено, во деценија кога има бум во иновациите во лекувањето и во фармацијата, веќе 15 години придонесот за здравствено осигурување е 7,4 отсто и е најнизок од околните земји. Минатата 2023 година ФЗРСМ исплатил 324 милиони денари за 307 лекувања во странство.

По приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија. Младиот Леонид во јули минатата година се повреди на летување во Грција. Неподвижен е и диши со помош на респиратор. На почетокот на месецов (6 февруари) беше транспортиран на лекување во Виена, Австрија, а властите тогаш се пофалија дека тој е првиот пациент од земјава кој се транспортира со медикоптерот на Министерството за внатрешни работи.

На настанот, кој беше и промоција на медикоптерот, присуствуваа дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски, и директорот на Градската општа болница „8 Септември”, д-р Христијан Костов.

Пред два дена, заменик-народниот правобранител Јован Андоновски на својот фејсбук-профил објави дека Фондот за здравствено осигурување го одбил барањето на семејството на Индов – момчето да се лекува во Виена, затоа што такво „продолжено болничко лекување“ можело да се изврши и во здравствени институции во земјава.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се споделува повик до граѓаните да донираат средства за младиот Индов да може да го продолжи лекувањето во Виена.

The post ФЗОМ: Конзилијарното мислење без наведување на интервенцијата што му е потребна на Леонид Индов, остава простор за шпекулации appeared first on Република.

]]>

Раководството на Фондот за здравство денеска одржа брифинг со новинарите на кој беше кажано дека лекарите од ТОАРИЛУЦ не навеле во конзилијарното мислење какво медицинско лекување треба да му се изврши на Леонид и тоа била причината поради која што првостепената комисија на ФЗОМ го одбила барањето за лекување на 18-годишниот Индов во Австрија. Директорите на ФЗОРСМ денеска образложија како постапуваат при барања за лекување во странство и како е постапено за овој случај за кој Првостепената комисија ја донела негативната одлука врз основа на конзилијарно мислење од ТОАРИЛУЦ и врз основа на профактурата со понудени услуги од болницата во Австрија што треба да овозможат Индов да се ослободи од респиратор и да му се врати самостојното дишење. Во конзилијарното мислење потпишано од доктор Александар Димитровски, доцент доктор Александар Савески и доктор Ерен Сејфула, се наведува дека пациентот се упатува на лекување во странство за да „се обезбеди болничко лекување кое вклучува специјална респираторна терапија, говорна терапија и стимулација на дијафрагмата за враќање на респираторната функција со што би се подобрила состојбата на пациентот“.
Во нашата установа поради недостаток на искуство на третман на оваа состојба и недостаток на технички можности не може да се овозможи, пишува во конзилијарното мислење од ТОАРИЛУЦ.
Раководството на Фондот се обратило со допис до Клиниката за да појасни каква интервенција му е потребна на момчето, но оттаму повторно не добиле прецизен одговор. Видот на третман од центарот во Австрија наведен во профактурата што му е понудена на семејството, пак, како што велат од Фондот, се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација. Првостепената комисија на чело со претседателката д-р Сања Петрова, која била поканета но не беше присутна на брифингот, го одбила барањето затоа што сметала дека таков третман може да му се обезбеди и во нашата држава, иако не е посочена конкретна клиника или здравствена институција. На прашањето дали и каде има соодветна установа во нашата земја за да му го овозможи третманот на Леонид, беше одговорено дека тоа треба да го образложат докторите кои ја ценеле неговата состојба. А тоа што во конзилијарното мислење не е наведена потребната интервенција или посочена здравствена установа каде треба да се хоспитализира момчето, според ФЗОРСМ остава широк простор за шпекулации. На прашањето дали Правилникот на ФЗОМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство, според кој може да се финансира само болничко лекување, но не медицинска рехабилитација надвор од земјава, може да се измени заради вакви тешки и ретки случаи, беше одговорено дека потребни се измени на Законот за здравствено осигурување. Двајцата директори на ФЗОРСМ на брифингот се согласни да иницираат законски измени, но нагласија дека е потребно нов начин на финансирање на здравствениот систем затоа што Фондот располага со мал буџет за да излезе во пресрет на потребите на граѓаните во чекор со развојот на медицината. Како што беше речено, во деценија кога има бум во иновациите во лекувањето и во фармацијата, веќе 15 години придонесот за здравствено осигурување е 7,4 отсто и е најнизок од околните земји. Минатата 2023 година ФЗРСМ исплатил 324 милиони денари за 307 лекувања во странство. По приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија. Младиот Леонид во јули минатата година се повреди на летување во Грција. Неподвижен е и диши со помош на респиратор. На почетокот на месецов (6 февруари) беше транспортиран на лекување во Виена, Австрија, а властите тогаш се пофалија дека тој е првиот пациент од земјава кој се транспортира со медикоптерот на Министерството за внатрешни работи. На настанот, кој беше и промоција на медикоптерот, присуствуваа дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски, и директорот на Градската општа болница „8 Септември”, д-р Христијан Костов. Пред два дена, заменик-народниот правобранител Јован Андоновски на својот фејсбук-профил објави дека Фондот за здравствено осигурување го одбил барањето на семејството на Индов – момчето да се лекува во Виена, затоа што такво „продолжено болничко лекување“ можело да се изврши и во здравствени институции во земјава. Во меѓувреме на социјалните мрежи се споделува повик до граѓаните да донираат средства за младиот Индов да може да го продолжи лекувањето во Виена.  

The post ФЗОМ: Конзилијарното мислење без наведување на интервенцијата што му е потребна на Леонид Индов, остава простор за шпекулации appeared first on Република.

]]>
Џафери за случајот со Леонид Индов: Законите не се засноваат на поединечни случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-za-sluchajot-so-leonid-indov-zakonite-ne-se-zasnovaat-na-poedinechni-sluchai/ Thu, 22 Feb 2024 14:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=747079

Не може да има законски измени и решенија заради одредени случаи. Работата на законите не се заснова на поединечни случаи. Законите се општи правила што треба да важат и што ја даваат можноста консензуално да се процени и оцени кој пациент каде треба да оди во странство, доколку нема предуслови лекувањето да се третира во земјава, рече денеска техничкиот премиер Талат Џафери прашан дали би се иницирале законски измени поради случајот со Леонид Индов.

-  Тоа е општ акт за секој граѓанин. Не може од случај до случај да имате законски решенија затоа што тоа не би било закон, туку би било хаос, така што тоа не е причината, туку тоа што некој не ги врши своите работи, рече Џафери.

Заменик-министерката за здравство Маја Манолева, денеска прашана за овој случај рече дека родителите на Леонид не побарале мислење дали неговата рехабилитација може да се изврши во некоја од нашите установи.

- Треба да се испочитува здравствениот систем што го имаме, сите можности тука да се исцрпат, па дури потоа нашите пациенти да бидат упатени на лекување во странство. Секако, треба да се разгледа и оваа опција и да се предложи до Собранието некаква измена, односно откако ќе бидат исцрпени можностите во државава за лекување, пациентите да бидат упатени за лекување во странство и за рехабилитација и надвор од земјава, рече Манолева.

The post Џафери за случајот со Леонид Индов: Законите не се засноваат на поединечни случаи appeared first on Република.

Манолева: Ги поддржувам и стојам на располагање на родителите на Леонид Индов за секаква помош https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/manoleva-gi-poddrzhuvam-i-stojam-na-raspolagane-na-roditelite-na-leonid-indov-za-sekakva-pomosh/ Thu, 22 Feb 2024 12:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=746977

Родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето, односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи. Прво да се изоди тој пат и дури потоа да кажеме, да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и дури потоа стручниот колегиум на соодветните клиники да даде свое мислење и да каже дали има или нема можност за продолжување на лекувањето или на рехабилитација во нашите институции.

Ова го одговори заменик-министерката за здравство Маја Манолева, на новинарско прашање дали детално е запознаена со случајот со пациентот Леонид Индов, кој на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да дише.

Прашана дали ќе има законски измени за тоа како ќе се постапува во иднина со вакви случаи, таа кажа дека како Министерство треба да постапат на иницијатива на пратеници и на граѓани, но посочи дека во земјава има здравствен систем којшто во последниве години во однос на апаратурата е напреднат.

- Треба да се испочитува здравствениот систем што го имаме, сите можности тука да се исцрпат па дури потоа нашите пациенти да бидат упатувани на лекување во странство. Секако, треба да се разгледа и оваа опција и да се предложи до Собранието некаква измена, односно откако ќе бидат исцрпени можностите во државава за лекување, пациентите да бидат упатени за лекување во странство и за рехабилитација и надвор од земјава, рече Манолева.

На новинарско прашање дали имала комуникација со Владата и со директорите за испраќањето на Леонид со хеликоптер во Виена, рече дека неговото заминување било на индивидуално барање на родителот упатено до ЦУК, којшто информацијата ја има споделено до МВР, а МВР, заради потпишаниот меморандум за соработка со Министерството за здравство овозможило хеликоптерски транспорт на тежок пациент од Скопје до Виена.

Во однос на тоа зошто тогаш не посочила за можноста за рехабилитација во земјава, рече дека уште пред неколку месеци имала средба со родителите на пациентот, на којашто им образложила, како специјалист од областа, каков треба да биде патот на детето.

-Не е точно дека не сме се заинтересирале, дека не сме овозможиле ништо досега. Одлуката беше нивна. Не можете да влијаете на ничија одлука да го бара она што смета дека е најдобро за некого. Апсолутно ги поддржувам и се уште стојам на располагање на родителите за секаква помош што би можела да ја укажам и лично како лекар и како заменик-министер, но и како специјалист по физикална медицина и рехабилитација, рече Манолева.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера на прес-конференција во врска со лекувањето на Леонид Индов во Виена посочи оти нема дилеми дека требало да се изврши медицинскиот транспорт.

Појасни дека на 4 јануари до ЦУК стигнал мејл од таткото на Леонид, Бранко Индов, во кој побарал медицински транспорт со хеликоптер од Скопје до Виена во Австрија, за неговиот син кој е болен од параплегија и кажа дека воедно таткото укажал дека е подготвен транспортот да го плати приватно, нешто што стои во прилог на самото негово барање.

Леонид на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да диши. Тој беше првиот пациент транспортиран со полициски хеликоптер до Виена. Меѓутоа, од ФЗО го одбија барањето образложувајќи дека не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување.

The post Манолева: Ги поддржувам и стојам на располагање на родителите на Леонид Индов за секаква помош appeared first on Република.

]]>

Родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето, односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи. Прво да се изоди тој пат и дури потоа да кажеме, да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и дури потоа стручниот колегиум на соодветните клиники да даде свое мислење и да каже дали има или нема можност за продолжување на лекувањето или на рехабилитација во нашите институции. Ова го одговори заменик-министерката за здравство Маја Манолева, на новинарско прашање дали детално е запознаена со случајот со пациентот Леонид Индов, кој на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да дише. Прашана дали ќе има законски измени за тоа како ќе се постапува во иднина со вакви случаи, таа кажа дека како Министерство треба да постапат на иницијатива на пратеници и на граѓани, но посочи дека во земјава има здравствен систем којшто во последниве години во однос на апаратурата е напреднат. - Треба да се испочитува здравствениот систем што го имаме, сите можности тука да се исцрпат па дури потоа нашите пациенти да бидат упатувани на лекување во странство. Секако, треба да се разгледа и оваа опција и да се предложи до Собранието некаква измена, односно откако ќе бидат исцрпени можностите во државава за лекување, пациентите да бидат упатени за лекување во странство и за рехабилитација и надвор од земјава, рече Манолева. На новинарско прашање дали имала комуникација со Владата и со директорите за испраќањето на Леонид со хеликоптер во Виена, рече дека неговото заминување било на индивидуално барање на родителот упатено до ЦУК, којшто информацијата ја има споделено до МВР, а МВР, заради потпишаниот меморандум за соработка со Министерството за здравство овозможило хеликоптерски транспорт на тежок пациент од Скопје до Виена. Во однос на тоа зошто тогаш не посочила за можноста за рехабилитација во земјава, рече дека уште пред неколку месеци имала средба со родителите на пациентот, на којашто им образложила, како специјалист од областа, каков треба да биде патот на детето. -Не е точно дека не сме се заинтересирале, дека не сме овозможиле ништо досега. Одлуката беше нивна. Не можете да влијаете на ничија одлука да го бара она што смета дека е најдобро за некого. Апсолутно ги поддржувам и се уште стојам на располагање на родителите за секаква помош што би можела да ја укажам и лично како лекар и како заменик-министер, но и како специјалист по физикална медицина и рехабилитација, рече Манолева. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера на прес-конференција во врска со лекувањето на Леонид Индов во Виена посочи оти нема дилеми дека требало да се изврши медицинскиот транспорт. Појасни дека на 4 јануари до ЦУК стигнал мејл од таткото на Леонид, Бранко Индов, во кој побарал медицински транспорт со хеликоптер од Скопје до Виена во Австрија, за неговиот син кој е болен од параплегија и кажа дека воедно таткото укажал дека е подготвен транспортот да го плати приватно, нешто што стои во прилог на самото негово барање. Леонид на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да диши. Тој беше првиот пациент транспортиран со полициски хеликоптер до Виена. Меѓутоа, од ФЗО го одбија барањето образложувајќи дека не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување.  

The post Манолева: Ги поддржувам и стојам на располагање на родителите на Леонид Индов за секаква помош appeared first on Република.

]]>
Манолева: На државните клиники има современи услови и апарати за лекување на пациенти како Леонид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/manoleva-na-drzhavnite-kliniki-ima-sovremeni-uslovi-i-aparati-za-lekuvane-na-patsienti-kako-leonid/ Wed, 21 Feb 2024 18:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=746703

Заменик министерката за здравство во техничката Влада Маја Манолева вели дека на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација од каде што таа доаѓа има можност за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење.

Ова беше нејзиниот одговор на новинарско прашањето во кои установи во државата има можност да се третира младиот Леонид Индов, кој како неподвижен од тешки повреди пред десетина дена со полициски хеликоптер беше префрлен на третман во Виена, Австрија. Потоа семејството на Леонид беше институционално информирано дека лекувањето не може да го плати Фондот за здравствено осигурување, со образложението е дека во земјава постои можност за рехабилитација.

Јас не сум запознаена со деталите за процесот на барање од страна на родителите за лекување на нашиот сограѓанин ќе кажам во странство, меѓутоа морам да напомнам дека Фондот за здравствено осигурување, а веројатно и вие, ќе бидете известени дека работи врз основа на правилници на основа на коишто се одобрува лекување во странство. Бидејќи сум специјалист по физикална медицина и рехабилитација, знам дека во тие правилници не постои основ за одобрување на лекување во странство за рехабилитација. Тоа е едната работа и втората работа којашто исто така би сакала да ја напомнам, а којашто никој овие денови не ја споменува е дека Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, од којашто јас дојдов на позицијата заменик министер во последниве 4-5 месеци веќе работи со најнова најсовремена апаратура за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење, истакна Маја Манолева при посетата на Здравствен дом Тетово.

Според неа, за еден пациент да биде вклучен во процес на роботска рехабилитација, треба да исполнува одредени критериуми, коишто ги проценува и ги дава стручниот колегиум на Клиниката.

The post Манолева: На државните клиники има современи услови и апарати за лекување на пациенти како Леонид appeared first on Република.

]]>

Заменик министерката за здравство во техничката Влада Маја Манолева вели дека на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација од каде што таа доаѓа има можност за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење. Ова беше нејзиниот одговор на новинарско прашањето во кои установи во државата има можност да се третира младиот Леонид Индов, кој како неподвижен од тешки повреди пред десетина дена со полициски хеликоптер беше префрлен на третман во Виена, Австрија. Потоа семејството на Леонид беше институционално информирано дека лекувањето не може да го плати Фондот за здравствено осигурување, со образложението е дека во земјава постои можност за рехабилитација.
Јас не сум запознаена со деталите за процесот на барање од страна на родителите за лекување на нашиот сограѓанин ќе кажам во странство, меѓутоа морам да напомнам дека Фондот за здравствено осигурување, а веројатно и вие, ќе бидете известени дека работи врз основа на правилници на основа на коишто се одобрува лекување во странство. Бидејќи сум специјалист по физикална медицина и рехабилитација, знам дека во тие правилници не постои основ за одобрување на лекување во странство за рехабилитација. Тоа е едната работа и втората работа којашто исто така би сакала да ја напомнам, а којашто никој овие денови не ја споменува е дека Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, од којашто јас дојдов на позицијата заменик министер во последниве 4-5 месеци веќе работи со најнова најсовремена апаратура за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење, истакна Маја Манолева при посетата на Здравствен дом Тетово.
Според неа, за еден пациент да биде вклучен во процес на роботска рехабилитација, треба да исполнува одредени критериуми, коишто ги проценува и ги дава стручниот колегиум на Клиниката.

The post Манолева: На државните клиники има современи услови и апарати за лекување на пациенти како Леонид appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ако институциите не можат, ние да му помогнеме на Лео! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ako-institutsiite-ne-mozhat-nie-da-mu-pomogneme-na-leo/ Wed, 21 Feb 2024 15:40:35 +0000 https://republika.mk/?p=746643

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати апел до јавноста и граѓаните преку донации да се вклучат во обезбедувањето пари за лекување на 18-годишниот Леонид Индов, кој е во Виена, Австрија веќе две недели на лекување.

Овој пат зборувам како родител и обичен граѓанин. Правото на живот е загарантирано за секого. Ако институциите не можат да го решат проблемот со малиот Лео тогаш ние како граѓани да се вклучиме, да бидеме хумани и да помогнеме! Да му помогнеме на Лео.Затоа ве повикувам сите да донираме, објави Мицкоскии на социјалните мрежи.

Младиот Леонид Индов се повреди минатото лето по што беше врзан за болничка постела неможејќи да се движи, а дише со помош на респиратор. Тој е првиот пациент што беше превезен на лекување во странство со помош на новиот медикоптер на МВР. Две недели по заминувањето во Виена, од Фондот за здравствено осигурување велат дека нема да го платат лекувањето на Индов бидејќи тој бил на рехабилитација, а не на лекување. За лекувањето на Индов се потребни 180 илјади евра.

The post Мицкоски: Ако институциите не можат, ние да му помогнеме на Лео! appeared first on Република.

Одлуката на Фондот со која се одбива барањето за упатување во странство на Леонид Индов, сѐ уште не е конечна, велат од ФЗОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odlukata-na-fondot-so-koja-se-odbiva-baraneto-za-upatuvane-vo-stranstvo-na-leonid-indov-s-ushte-ne-e-konechna-velat-od-fzom/ Wed, 21 Feb 2024 15:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=746640

Фондот за здравство тврди дека воопшто не би известен дека Леонид Индов со хеликоптер ќе биде префрлен на лекување во Австрија.

ФЗОРСМ од првиот момент со внимание го следи случајот на Л.И. од неговата хоспитализација во Грција, од каде е донесен на ЈЗУ КАРИЛ, па сѐ до поднесување на барањето за упатување на лекување во странство.

Во овој момент во Фондот се водат две одделни постапки.

Првата е отпочната уште во септември 2023 година и за неа има отворен предмет кој што сѐ уште е во тек заради некомплетно доставенa медицинска документација, за која е испратено официјално барање до подносителите, меѓутоа неопходната документација за одлучување сѐ уште не е доставена.

Од септември 2023 година, пациентот е префлен на ЈЗУ КАРИЛ од каде на сопствена иницијатива на семејството е однесен со медицинско возило во приватна болница, со која ФЗОРСМ нема склучено договор за типот на здравствени услуги кои се пружени, а каде престојувал сѐ до моментот кога на 6.2.2024 година со хеликоптер бил транспортиран во здравствена установа во Австрија, се вели во соопштението на ФЗОМ.

Оттаму додаваат дека ФЗОРСМ ниту бил известен, ниту пак учествувал во организацијата за транспортот со хеликоптерот со кој пациентот замина во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на семејството.

По однос на донесената Одлука од страна на Првостепената комисија на ФЗОРСМ, важно е да се напомене дека истата постапи по документацијата што беше доставена со барањето, како и по документацијата што дополнително ја обезбеди по службена должност. Одлуката е донесена како резултат на фактот што самиот Предлог за упатување во странство воопшто не содржи конкретна насока за вид на интервенција која е потребно да се изведе при лекувањето во странство, туку истиот содржи само општи процедури за рехабилитација.

Дополнително, предложениот вид на третман од страна на центарот во Австрија се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација.

Постапувајќи по барањето, Првостепената комисија на ФЗОРСМ носи негативната одлука.

Осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во Републиката, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување.

Осигуреното лице под условите утврдени во ставот 1 на овој член, може да користи во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство, одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Македонија.“

Дополнително, согласно член 44 став 3 од Правилникот за начинот на користење на здравствени услуги на осигурените лица во странство („Сл. Весник на РСМ“ бр. 234/22) стои:

„Осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универзитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на дијагностичка постапка, контролен преглед пред извршување на болничкото лекување, контролни прегледи по завршување на болничкото лекување за кои осигуреното лице не спровело постапка пред Фондот, за лекување кое не е базирано врз усвоена медицинска доктрина и медицина базирана на докази, како и за лекување кое се наоѓа во фаза на клиничка студија и специјализирана медицинска рехабилитација, нема право на надомест на трошоците на товар на Фондот, согласно одредбите од овој Правилник.“

Според овие законски и подзаконски одредби, Фондот може да упати осигуреник само на болничко лекување и контролен преглед по одобрено болничко лекување во странство, но не и на медицинска рехабилитација.

Дополнително, сакаме и да потенцираме дека Одлуката на Фондот со која се одбива барањето за упатување во странство, сѐ уште не е конечна, велат од ФЗОМ.

Со добивање на решението, странката е известена за редовните правни патеки кои истата може да ги искористи во управната постапка која што ја води Фондот.

Во согласност со позитивната законска регулатива, странката при користењето на правните средства има право да поднесе докази и дополнителна медицинска документација за која цени дека можат да влијаат на постапката, а со која би ја оспорил веќе донесената одлука на Фондот, се вели во соопштението.

https://republika.mk/vesti/makedonija/fzo-leonid-e-na-rehabilitatsija-a-ne-na-lekuvane-vo-viena-zatoa-baraneto-e-odbieno/

The post Одлуката на Фондот со која се одбива барањето за упатување во странство на Леонид Индов, сѐ уште не е конечна, велат од ФЗОМ appeared first on Република.

]]>

Фондот за здравство тврди дека воопшто не би известен дека Леонид Индов со хеликоптер ќе биде префрлен на лекување во Австрија. ФЗОРСМ од првиот момент со внимание го следи случајот на Л.И. од неговата хоспитализација во Грција, од каде е донесен на ЈЗУ КАРИЛ, па сѐ до поднесување на барањето за упатување на лекување во странство. Во овој момент во Фондот се водат две одделни постапки. Првата е отпочната уште во септември 2023 година и за неа има отворен предмет кој што сѐ уште е во тек заради некомплетно доставенa медицинска документација, за која е испратено официјално барање до подносителите, меѓутоа неопходната документација за одлучување сѐ уште не е доставена.
Од септември 2023 година, пациентот е префлен на ЈЗУ КАРИЛ од каде на сопствена иницијатива на семејството е однесен со медицинско возило во приватна болница, со која ФЗОРСМ нема склучено договор за типот на здравствени услуги кои се пружени, а каде престојувал сѐ до моментот кога на 6.2.2024 година со хеликоптер бил транспортиран во здравствена установа во Австрија, се вели во соопштението на ФЗОМ.
Оттаму додаваат дека ФЗОРСМ ниту бил известен, ниту пак учествувал во организацијата за транспортот со хеликоптерот со кој пациентот замина во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на семејството. По однос на донесената Одлука од страна на Првостепената комисија на ФЗОРСМ, важно е да се напомене дека истата постапи по документацијата што беше доставена со барањето, како и по документацијата што дополнително ја обезбеди по службена должност. Одлуката е донесена како резултат на фактот што самиот Предлог за упатување во странство воопшто не содржи конкретна насока за вид на интервенција која е потребно да се изведе при лекувањето во странство, туку истиот содржи само општи процедури за рехабилитација. Дополнително, предложениот вид на третман од страна на центарот во Австрија се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација. Постапувајќи по барањето, Првостепената комисија на ФЗОРСМ носи негативната одлука.
Осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во Републиката, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување. Осигуреното лице под условите утврдени во ставот 1 на овој член, може да користи во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство, одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Македонија.“ Дополнително, согласно член 44 став 3 од Правилникот за начинот на користење на здравствени услуги на осигурените лица во странство („Сл. Весник на РСМ“ бр. 234/22) стои:
„Осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универзитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на дијагностичка постапка, контролен преглед пред извршување на болничкото лекување, контролни прегледи по завршување на болничкото лекување за кои осигуреното лице не спровело постапка пред Фондот, за лекување кое не е базирано врз усвоена медицинска доктрина и медицина базирана на докази, како и за лекување кое се наоѓа во фаза на клиничка студија и специјализирана медицинска рехабилитација, нема право на надомест на трошоците на товар на Фондот, согласно одредбите од овој Правилник.“ Според овие законски и подзаконски одредби, Фондот може да упати осигуреник само на болничко лекување и контролен преглед по одобрено болничко лекување во странство, но не и на медицинска рехабилитација.
Дополнително, сакаме и да потенцираме дека Одлуката на Фондот со која се одбива барањето за упатување во странство, сѐ уште не е конечна, велат од ФЗОМ.
Со добивање на решението, странката е известена за редовните правни патеки кои истата може да ги искористи во управната постапка која што ја води Фондот.
Во согласност со позитивната законска регулатива, странката при користењето на правните средства има право да поднесе докази и дополнителна медицинска документација за која цени дека можат да влијаат на постапката, а со која би ја оспорил веќе донесената одлука на Фондот, се вели во соопштението.
https://republika.mk/vesti/makedonija/fzo-leonid-e-na-rehabilitatsija-a-ne-na-lekuvane-vo-viena-zatoa-baraneto-e-odbieno/

The post Одлуката на Фондот со која се одбива барањето за упатување во странство на Леонид Индов, сѐ уште не е конечна, велат од ФЗОМ appeared first on Република.

]]>
Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здраство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chetvrt-stepen-dekubit-i-poveke-od-30-bakterii-dobil-leonid-za-vreme-na-lekuvaneto-vo-makedonskoto-javno-zdrastvo/ Wed, 21 Feb 2024 13:16:52 +0000 https://republika.mk/?p=746569

Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здравство. Само Господ ми рече изнеси го син ти од таа болница.

Вака за „Алфа“ сведочи таткото на момчето, Благој Индов, по одлуката на ФЗОМ да го одбие барањето за лекување во странство, затоа што Леонид бил „на рехабилитација, а не на лекување во Виена“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/fzo-leonid-e-na-rehabilitatsija-a-ne-na-lekuvane-vo-viena-zatoa-baraneto-e-odbieno/

Според докторите кои го продолжиле неговиот третман, семејството направило правилна одлука, затоа што последиците можеле да бидат катастрофални.

Јас ги молев за физикална терапија и пластичен хирург да донесам. Не, ме убедуваа, ние имаме и пластичар и тој се третира како што треба по сите стандарди. И нормално, вие како родител, не сте доктор сметате дека сте го оставиле детето во прави раце. Кога го префрлив јас во приватна болница и кога ми ги кажаа сите работи што тој ги има во себе, повеќе од 30 бактерии и декубит од 4-ти степен. Фотографија ми покажаа. Јас сликата ја имам, објаснува Бранко Индов.

https://republika.mk/vesti/makedonija/otkako-pretstavnitsi-na-drzhavni-institutsii-se-ispofalija-deka-leonid-e-transportiran-so-spetsijaliziraniot-helikopter-na-lekuvane-vo-viena-fzo-go-odbil-negovoto-barane-za-lekuvane-vo-stranstvo/

Откако можностите за лекување и во јавното и во приватното здравство во Македонија се исцрпиле, семејството стапило во контакт со болницата во Австрија. На 5 јанури на сопствен трошок доктор од виенската билница го посетил Леонид и дал позитивна прогноза.

Визата е одбрена од австриската амбасада и да ви кажам искрено луѓето ја дадоа без пари. Искрено јас зборував и со нивното социјално аташе, имаат едно писмо доставено до ФЗО нека си го отворат писмото нека си го прочитаат, зошто јас детето го однесов од јавна во приватна установа, вели таткото.

Јавноста, која во моментот собира пари за оздравувањето на Леонид, не отстапува од барањето Фондот итно да ја пресипита и промени одлуката за Леонид да се лекува во Виена, давајќи целосна поддршка на семејството Индови.

The post Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здраство appeared first on Република.

]]>

Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здравство. Само Господ ми рече изнеси го син ти од таа болница. Вака за „Алфа“ сведочи таткото на момчето, Благој Индов, по одлуката на ФЗОМ да го одбие барањето за лекување во странство, затоа што Леонид бил „на рехабилитација, а не на лекување во Виена“. https://republika.mk/vesti/makedonija/fzo-leonid-e-na-rehabilitatsija-a-ne-na-lekuvane-vo-viena-zatoa-baraneto-e-odbieno/ Според докторите кои го продолжиле неговиот третман, семејството направило правилна одлука, затоа што последиците можеле да бидат катастрофални.
Јас ги молев за физикална терапија и пластичен хирург да донесам. Не, ме убедуваа, ние имаме и пластичар и тој се третира како што треба по сите стандарди. И нормално, вие како родител, не сте доктор сметате дека сте го оставиле детето во прави раце. Кога го префрлив јас во приватна болница и кога ми ги кажаа сите работи што тој ги има во себе, повеќе од 30 бактерии и декубит од 4-ти степен. Фотографија ми покажаа. Јас сликата ја имам, објаснува Бранко Индов.
https://republika.mk/vesti/makedonija/otkako-pretstavnitsi-na-drzhavni-institutsii-se-ispofalija-deka-leonid-e-transportiran-so-spetsijaliziraniot-helikopter-na-lekuvane-vo-viena-fzo-go-odbil-negovoto-barane-za-lekuvane-vo-stranstvo/ Откако можностите за лекување и во јавното и во приватното здравство во Македонија се исцрпиле, семејството стапило во контакт со болницата во Австрија. На 5 јанури на сопствен трошок доктор од виенската билница го посетил Леонид и дал позитивна прогноза.
Визата е одбрена од австриската амбасада и да ви кажам искрено луѓето ја дадоа без пари. Искрено јас зборував и со нивното социјално аташе, имаат едно писмо доставено до ФЗО нека си го отворат писмото нека си го прочитаат, зошто јас детето го однесов од јавна во приватна установа, вели таткото.
Јавноста, која во моментот собира пари за оздравувањето на Леонид, не отстапува од барањето Фондот итно да ја пресипита и промени одлуката за Леонид да се лекува во Виена, давајќи целосна поддршка на семејството Индови.

The post Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здраство appeared first on Република.

]]>
И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-vo-poslednite-denovi-od-vladeeneto-vlasta-e-brutalna-sega-si-igraat-so-sudbinata-na-leonid/ Wed, 21 Feb 2024 08:15:06 +0000 https://republika.mk/?p=746389

Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини животи.

На 6 февруари прва вест во медиумите беше заминување на Леонид Индов во Австрија. Се сликаа, се фалеа, директор на медицинска установа, дополнителниот министер за внатрешни работи дека обезбедиле и ќе имало прв меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури рекоа „ова е историски чин и многу е важно да се истакне дека транспортот е бесплатен и му следува на секој осигуреник во Македонија“. Се фалеа рутата на медикоптерот била Скопје – Осиек – Виена, рекоа Индов ќе биде транспортиран до Виена и ќе се лекува  во центар за рехабилитација во Виена, додава партијата.

Летот на челниците од власта траеше кратко, за две недели стигна веста од ФЗО дека нема средства за лекување на Леонид.

Прво, што имаше историско во летот?

Второ, како се сликаат и се фалат за транспорт на пациент на кој за две недели му велат е нема да се лекуваш на товар на ФЗО?

Овој случај за жал е само уште во низата докази за, во најмала рака кажано, неспособноста на надлежните од власта кои ја држат државата и граѓаните во заложништво седум години.

Сега си играат со судбината на Леонид!, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

The post И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид! appeared first on Република.

]]>

Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини животи.
На 6 февруари прва вест во медиумите беше заминување на Леонид Индов во Австрија. Се сликаа, се фалеа, директор на медицинска установа, дополнителниот министер за внатрешни работи дека обезбедиле и ќе имало прв меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Дури рекоа „ова е историски чин и многу е важно да се истакне дека транспортот е бесплатен и му следува на секој осигуреник во Македонија“. Се фалеа рутата на медикоптерот била Скопје – Осиек – Виена, рекоа Индов ќе биде транспортиран до Виена и ќе се лекува  во центар за рехабилитација во Виена, додава партијата. Летот на челниците од власта траеше кратко, за две недели стигна веста од ФЗО дека нема средства за лекување на Леонид. Прво, што имаше историско во летот? Второ, како се сликаат и се фалат за транспорт на пациент на кој за две недели му велат е нема да се лекуваш на товар на ФЗО? Овој случај за жал е само уште во низата докази за, во најмала рака кажано, неспособноста на надлежните од власта кои ја држат државата и граѓаните во заложништво седум години. Сега си играат со судбината на Леонид!, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

The post И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид! appeared first on Република.

]]>
Три месеци се подготвувал првиот меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер со кој 18-годишниот Леонид Индов замина за Виена на лекување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tri-mesetsi-se-podgotvuval-prviot-megunaroden-let-za-meditsinski-transport-so-helikopter-so-koj-18-godishniot-leonid-indov-zamina-za-viena-na-lekuvane/ Tue, 06 Feb 2024 10:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=740869

Три месеци траела подготовката и обуката на медицинскиот персонал од ГОБ „8 Септември“ кој денеска заедно со 18-годишниот пациент Леонид Индов замина во Виена, со првиот меѓунроден лет за медицински транспорт со хеликоптер.

Рано утринава во 6.30 часот, персоналот и управата на Градската Општа Болница „8.Септември“, доц. Д-р Татјана Тројиќ спец. анестезиолог, д-р Јасмина Панова спец. анестезиолог, мед.сестра анестет. Марина Јанчева и проф. д-р Христијан Костов, со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го организираа првиот меѓународен лет во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР со кој за медицинско лекување беше транспортиран пациентот Индов од Скопје до Виена, Австрија.

Ова не е едноставен транспорт, напротив, многу е ризично, бидејќи пациентот не дише самостојно, туку со респиратор. Затоа и е потребен ваков транспорт. Три месеци се подготовувавме за ова. Екипата која го придружува пациентот е одлична и е обучена за вакви патувања. За Македонија, ова е историски чин и многу е важно да се истакне дека транспортот е бесплатен и му следува на секој осигуреник во Макеоднија, изјави за „Република“ директорот на ГОБ „8 Септември“, проф. д-р Костов.

Костов вели дека досега низ Македонија се медицинскиот хеликоптер се превезувале пацинети, но ова е првпат хеликоптерот да лета во странство.

Скопје - Осјек - Виена е рутата по која се движи Медикоптерот. Индов ќе биде транспортиран до главниот град на Австрија, екипата се враќа утре. Тој ќе се лекува во центар за рехабилитација во Виена.

Во најкраток временски период се докажа подготвеноста и кооперативноста на МВР и  ГОБ „8 Септември“, со поддршка од Министерството за здравство, со цел подобрување на услугите за граѓаните преку обезбедување на медицинска помош на пациенти на кои им е потребен итен транспорт до други здравствени установи, вели д-р Костов.

Медикоптерот, „бел 212“, е на Министерството за внатрешни работи, опремен е со медицинска опрема за итен транспорт на високоризични пациенти, а беше промовиран во декември минатата година, на хелиодромот на Општа болница Битола.

18-годишниот Индов летово доживеа тешка несреќа. Тој е ученик во Математичко-информатичката гимназија кој со своите другари изработија апликација што го анализира и проучува движењето на Меѓународната вселенска станица и го освоија првото место на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge.

https://youtu.be/fX4qYD-NG-s?si=KIpUHHXiAPV0WQO6

The post Три месеци се подготвувал првиот меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер со кој 18-годишниот Леонид Индов замина за Виена на лекување appeared first on Република.

]]>

Три месеци траела подготовката и обуката на медицинскиот персонал од ГОБ „8 Септември“ кој денеска заедно со 18-годишниот пациент Леонид Индов замина во Виена, со првиот меѓунроден лет за медицински транспорт со хеликоптер. Рано утринава во 6.30 часот, персоналот и управата на Градската Општа Болница „8.Септември“, доц. Д-р Татјана Тројиќ спец. анестезиолог, д-р Јасмина Панова спец. анестезиолог, мед.сестра анестет. Марина Јанчева и проф. д-р Христијан Костов, со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го организираа првиот меѓународен лет во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР со кој за медицинско лекување беше транспортиран пациентот Индов од Скопје до Виена, Австрија.
Ова не е едноставен транспорт, напротив, многу е ризично, бидејќи пациентот не дише самостојно, туку со респиратор. Затоа и е потребен ваков транспорт. Три месеци се подготовувавме за ова. Екипата која го придружува пациентот е одлична и е обучена за вакви патувања. За Македонија, ова е историски чин и многу е важно да се истакне дека транспортот е бесплатен и му следува на секој осигуреник во Макеоднија, изјави за „Република“ директорот на ГОБ „8 Септември“, проф. д-р Костов.
Костов вели дека досега низ Македонија се медицинскиот хеликоптер се превезувале пацинети, но ова е првпат хеликоптерот да лета во странство. Скопје - Осјек - Виена е рутата по која се движи Медикоптерот. Индов ќе биде транспортиран до главниот град на Австрија, екипата се враќа утре. Тој ќе се лекува во центар за рехабилитација во Виена.
Во најкраток временски период се докажа подготвеноста и кооперативноста на МВР и  ГОБ „8 Септември“, со поддршка од Министерството за здравство, со цел подобрување на услугите за граѓаните преку обезбедување на медицинска помош на пациенти на кои им е потребен итен транспорт до други здравствени установи, вели д-р Костов.
Медикоптерот, „бел 212“, е на Министерството за внатрешни работи, опремен е со медицинска опрема за итен транспорт на високоризични пациенти, а беше промовиран во декември минатата година, на хелиодромот на Општа болница Битола. 18-годишниот Индов летово доживеа тешка несреќа. Тој е ученик во Математичко-информатичката гимназија кој со своите другари изработија апликација што го анализира и проучува движењето на Меѓународната вселенска станица и го освоија првото место на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge. https://youtu.be/fX4qYD-NG-s?si=KIpUHHXiAPV0WQO6  

The post Три месеци се подготвувал првиот меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер со кој 18-годишниот Леонид Индов замина за Виена на лекување appeared first on Република.

]]>