Лео Меси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leo-mesi/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 11:11:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лео Меси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leo-mesi/ 32 32 За Гвардиоала Меси е најдобриот во историјата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/za-gvardioala-mesi-e-najdobriot-vo-istorijata/ Mon, 14 Oct 2024 13:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=826535

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го смета напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси за најдобар фудбалер во историјата.

- Меси покажува доследност на секои три дена веќе 15 години. Морав да го гледам секој ден. Тој е уникатен, изјави Гвардиола за „Che Tempo Che Fa“.

Гвардиола беше тренер на Меси во Барселона од 2008 до 2012 година. Заедно трипати станаа шампиони на Шпанија, двапати го освоија националниот Куп и Лигата на шампионите.

Оваа сезона Меси одигра 18 натпревари за Интер Мајами, постигнувајќи 17 голови и 10 асистенции.

Триесет и седумгодишниот Аргентинец е осумкратен освојувач на Златна топка. Шеснаесет пати беше признат за најдобар фудбалер на годината во Аргентина, а четири пати најдобар спортист на годината во земјата.

The post За Гвардиоала Меси е најдобриот во историјата appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го смета напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси за најдобар фудбалер во историјата.
- Меси покажува доследност на секои три дена веќе 15 години. Морав да го гледам секој ден. Тој е уникатен, изјави Гвардиола за „Che Tempo Che Fa“.
Гвардиола беше тренер на Меси во Барселона од 2008 до 2012 година. Заедно трипати станаа шампиони на Шпанија, двапати го освоија националниот Куп и Лигата на шампионите. Оваа сезона Меси одигра 18 натпревари за Интер Мајами, постигнувајќи 17 голови и 10 асистенции. Триесет и седумгодишниот Аргентинец е осумкратен освојувач на Златна топка. Шеснаесет пати беше признат за најдобар фудбалер на годината во Аргентина, а четири пати најдобар спортист на годината во земјата.

The post За Гвардиоала Меси е најдобриот во историјата appeared first on Република.

]]>
Добра вест : Големиот Меси се враќа https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/dobra-vest-golemiot-mesi-se-vraka/ Sat, 14 Sep 2024 06:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=816206

Аргентинската фудбалска суперѕвезда Лионел Меси ќе му биде на располагање на тренерот на Интер Мајами, Тата Мартино за саботниот натпревар во американската МЛС лига против Филаделфија.

Меси својот последен натпревар го одигра пред два месеци кога во финалето на Копа Америка го повреди десниот зглоб.

Аргентина на тој натпревар ја совлада Колумбија и со тоа ја одбрани титулата на Копа Америка.

Меси последниот настап во дресот на Интер го имаше на 1 јуни.

Аргентинецот во досегашниот дел од сезоната одигра само 12 натпревари за Интер и постигна 12 гола со 13 асистенции, а тимот е убедливо на врвот во Источната конференција.

Лигашкиот дел од сезоната во МЛС завршува на 19 октомври, а потоа следи плеј-офот.

The post Добра вест : Големиот Меси се враќа appeared first on Република.

]]>

Аргентинската фудбалска суперѕвезда Лионел Меси ќе му биде на располагање на тренерот на Интер Мајами, Тата Мартино за саботниот натпревар во американската МЛС лига против Филаделфија. Меси својот последен натпревар го одигра пред два месеци кога во финалето на Копа Америка го повреди десниот зглоб. Аргентина на тој натпревар ја совлада Колумбија и со тоа ја одбрани титулата на Копа Америка. Меси последниот настап во дресот на Интер го имаше на 1 јуни. Аргентинецот во досегашниот дел од сезоната одигра само 12 натпревари за Интер и постигна 12 гола со 13 асистенции, а тимот е убедливо на врвот во Источната конференција. Лигашкиот дел од сезоната во МЛС завршува на 19 октомври, а потоа следи плеј-офот.

The post Добра вест : Големиот Меси се враќа appeared first on Република.

]]>
Поради Меси во Аргентина паѓаат и министри https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/poradi-mesi-vo-argentina-pagaat-i-ministri/ Thu, 18 Jul 2024 06:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=797859

Аргентинскиот претседател Хавиер Мајли одлучи да го отпушти заменикот министер за спорт на земјата, Хулио Гаро, кој го повика капитенот на репрезентацијата Лионел Меси да се извини за инцидентот со расистичка песна по победата во финалето на Копа Америка во 2024 година.

- Ниту една не може да и каже на репрезентацијата на Аргентина, на светскиот шампион и двократен победник на Купот на Америка, или на кој било друг граѓанин, што да каже, што да мисли и што да прави. Поради оваа причина, Хулио Гаро повеќе не е заменик-министер за спорт на Аргентина, соопштија од кабинетот на претседателот на Аргентина, информира „TyC Sports“.

По освојувањето на финалето на Копа Америка во 2024 година, играчот од средниот ред Енцо Фернандез и неговите сонародници пееја расистичка песна во автобусот на аргентинската репрезентација, навредувајќи ги француските репрезентативци. Фудбалерот подоцна се извини за своето однесување.

The post Поради Меси во Аргентина паѓаат и министри appeared first on Република.

]]>

Аргентинскиот претседател Хавиер Мајли одлучи да го отпушти заменикот министер за спорт на земјата, Хулио Гаро, кој го повика капитенот на репрезентацијата Лионел Меси да се извини за инцидентот со расистичка песна по победата во финалето на Копа Америка во 2024 година. - Ниту една не може да и каже на репрезентацијата на Аргентина, на светскиот шампион и двократен победник на Купот на Америка, или на кој било друг граѓанин, што да каже, што да мисли и што да прави. Поради оваа причина, Хулио Гаро повеќе не е заменик-министер за спорт на Аргентина, соопштија од кабинетот на претседателот на Аргентина, информира „TyC Sports“. По освојувањето на финалето на Копа Америка во 2024 година, играчот од средниот ред Енцо Фернандез и неговите сонародници пееја расистичка песна во автобусот на аргентинската репрезентација, навредувајќи ги француските репрезентативци. Фудбалерот подоцна се извини за своето однесување.

The post Поради Меси во Аргентина паѓаат и министри appeared first on Република.

]]>
Најврелиот задник на Бразил е најверен навивач на Меси https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/najvreliot-zadnik-na-brazil-e-najveren-navivach-na-mesi/ Fri, 12 Jul 2024 20:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=795749

Лионел Меси и Аргентина се во финалето на Копа Америка, а Сузи Кортес попозната како Мис Бумбум е пресреќна.

Иако Бразилка, Сузи е најголемиот фан на Меси. Таа по пласманот на „гаучосите“ во финалето го облече дресот на Аргентина и му посака среќа

Одиме Меси, одиме Аргентина“, напиша Сузи, која пред неколку години победи на натпреварот за најдобар задник во светот.

The post Најврелиот задник на Бразил е најверен навивач на Меси appeared first on Република.

]]>

Лионел Меси и Аргентина се во финалето на Копа Америка, а Сузи Кортес попозната како Мис Бумбум е пресреќна. Иако Бразилка, Сузи е најголемиот фан на Меси. Таа по пласманот на „гаучосите“ во финалето го облече дресот на Аргентина и му посака среќа „Одиме Меси, одиме Аргентина“, напиша Сузи, која пред неколку години победи на натпреварот за најдобар задник во светот.

The post Најврелиот задник на Бразил е најверен навивач на Меси appeared first on Република.

]]>
Меси: Oва што го правиме на Копа Америка е лудо https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mesi-ova-shto-go-pravime-na-kopa-amerika-e-ludo/ Wed, 10 Jul 2024 14:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=795369

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси ги сподели своите емоции откако се пласираа во финалето на Копа Америка 2024.

Во полуфиналето на турнирот кој се игра во САД, Аргентинците ноќеска ја победија репрезентацијата на Канада со резултат 2:0. Средбата се одржа на стадионот Медоулендс во Ист Радерфорд.

- Ова што репрезентацијата на Аргентина го направи и продолжува да го прави е лудо. Импресивно е што репрезентацијата и нејзината стара гарда стигнаа до уште едно финале. Овој Куп на Америка е исклучително тежок, огромно натпреварување, лоши терени, интензивна жештина, изјави Меси за „ESPN“.

Меси беше прогласен за најдобар играч на полуфиналниот натпревар од Купот на Америка помеѓу Аргентина и Канада. Триесет и седумгодишниот напаѓач постигна гол на овој натпревар во 51. минута.

Противник на Аргентина во мечот за трофејот ќе биде поуспешниот од дуелот Уругвај – Колумбија (почеток 2 часот по полноќ).

The post Меси: Oва што го правиме на Копа Америка е лудо appeared first on Република.

]]>

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси ги сподели своите емоции откако се пласираа во финалето на Копа Америка 2024. Во полуфиналето на турнирот кој се игра во САД, Аргентинците ноќеска ја победија репрезентацијата на Канада со резултат 2:0. Средбата се одржа на стадионот Медоулендс во Ист Радерфорд.
- Ова што репрезентацијата на Аргентина го направи и продолжува да го прави е лудо. Импресивно е што репрезентацијата и нејзината стара гарда стигнаа до уште едно финале. Овој Куп на Америка е исклучително тежок, огромно натпреварување, лоши терени, интензивна жештина, изјави Меси за „ESPN“.
Меси беше прогласен за најдобар играч на полуфиналниот натпревар од Купот на Америка помеѓу Аргентина и Канада. Триесет и седумгодишниот напаѓач постигна гол на овој натпревар во 51. минута. Противник на Аргентина во мечот за трофејот ќе биде поуспешниот од дуелот Уругвај – Колумбија (почеток 2 часот по полноќ).

The post Меси: Oва што го правиме на Копа Америка е лудо appeared first on Република.

]]>
Лео е добар, ќе игра против Канада https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/leo-e-dobar-ke-igra-protiv-kanada/ Tue, 09 Jul 2024 07:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=794776

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси ќе биде подготвен за вечерашното полуфинале на Копа Америка против Канада во Њу Џерси, изјави селекторот на репрезентацијата Лионел Скалони.

Меси се врати на теренот во четвртфиналето против Еквадор, откако го пропушти последниот натпревар од групната фаза поради повреда. Тој го одигра целиот натпревар, но изгледаше дека не е подготвен физички.

Триесет и седум годишната ѕвезда на Интер Мајами промаши пенал за време на настапите на стадионот Хјустон.

-Лео е добро, па ќе биде дел од натпреварот, ние сме мирни околу тоа, изјави Скалони на својата прес-конференција во понеделникот. Неговото ниво, продолжи селекторот, е добро, тој е клучен играч за нас.

Аргентина и Канада ќе се сретнат по втор пат на турнирот по воведниот меч во групата А, кој го добија светските шампиони со 2-0.

Сепак, Скалони најави дека овој пат тој и канадскиот тренер Џеси Марш ќе бараат „нешто различно“.

-Сите тренери се обидуваат да ги поправат грешките и да го повредат противникот, изјави 46-годишниот стручњакот. Секој мора да направи нешто различно. Ќе се обидеме да ја задржиме топката и да ги спречиме да играат во нивен стил, додаде Скалони.

Во меѓувреме, четвртфиналето на Аргентина против Еквадор, добиено на пенали, беше најгледаниот фудбалски натпревар на Копа Америка во историјата на Фокс спортс со 1,87 милиони гледачи во САД. Тоа е 482% повеќе гледачи од четвртфиналето на Копа Америка во 2021 година

The post Лео е добар, ќе игра против Канада appeared first on Република.

]]>

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси ќе биде подготвен за вечерашното полуфинале на Копа Америка против Канада во Њу Џерси, изјави селекторот на репрезентацијата Лионел Скалони. Меси се врати на теренот во четвртфиналето против Еквадор, откако го пропушти последниот натпревар од групната фаза поради повреда. Тој го одигра целиот натпревар, но изгледаше дека не е подготвен физички. Триесет и седум годишната ѕвезда на Интер Мајами промаши пенал за време на настапите на стадионот Хјустон. -Лео е добро, па ќе биде дел од натпреварот, ние сме мирни околу тоа, изјави Скалони на својата прес-конференција во понеделникот. Неговото ниво, продолжи селекторот, е добро, тој е клучен играч за нас. Аргентина и Канада ќе се сретнат по втор пат на турнирот по воведниот меч во групата А, кој го добија светските шампиони со 2-0. Сепак, Скалони најави дека овој пат тој и канадскиот тренер Џеси Марш ќе бараат „нешто различно“.
-Сите тренери се обидуваат да ги поправат грешките и да го повредат противникот, изјави 46-годишниот стручњакот. Секој мора да направи нешто различно. Ќе се обидеме да ја задржиме топката и да ги спречиме да играат во нивен стил, додаде Скалони.
Во меѓувреме, четвртфиналето на Аргентина против Еквадор, добиено на пенали, беше најгледаниот фудбалски натпревар на Копа Америка во историјата на Фокс спортс со 1,87 милиони гледачи во САД. Тоа е 482% повеќе гледачи од четвртфиналето на Копа Америка во 2021 година

The post Лео е добар, ќе игра против Канада appeared first on Република.

]]>
Цел живот играм фудбал и тешко ми е да го напуштам: Meси се плаши од пензија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/tsel-zhivot-igram-fudbal-i-teshko-mi-e-da-go-napushtam-mesi-se-plashi-od-penzija/ Thu, 13 Jun 2024 09:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=787143

Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, проговори за плановите да стави крај на фудбалската кариера и откри дека Интер Мајами е последниот клуб за кој ќе настапува.

Аргентинецот минатата година го напушти ПСЖ и замина во МЛС каде што игра блескаво оваа сезона.

Меси поголемиот дел од својата фантастична кариера го помина во Барселона, каде играше за првиот тим од 2003 до 2021 година. Потоа се пресели во ПСЖ, а оттаму во Интер од Мајами во МЛС лигата.

Неговиот тим моментално води на табелата во Источната конференција, а Меси на 15 натпревари постигна 14 гола и 12 асистенции. Тој е под договор со клубот од Флорида до крајот на 2025 година.

-Цел живот играм фудбал и тешко ми е да го напуштам. Не сум подготвен за тоа. Дури и малку се плашам дека ќе дојде денот кога ќе треба да заминам. Да, ако ме прашате денеска каде ќе ја завршам кариерата, тоа речиси сигурно ќе биде Интер Мајами, изјави 36-годишниот Меси, кој ќе ја предводи Аргентина на претстојната Копа Америка, каде „гаучосите“ ја бранат титулата

The post Цел живот играм фудбал и тешко ми е да го напуштам: Meси се плаши од пензија appeared first on Република.

]]>

Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, проговори за плановите да стави крај на фудбалската кариера и откри дека Интер Мајами е последниот клуб за кој ќе настапува. Аргентинецот минатата година го напушти ПСЖ и замина во МЛС каде што игра блескаво оваа сезона. Меси поголемиот дел од својата фантастична кариера го помина во Барселона, каде играше за првиот тим од 2003 до 2021 година. Потоа се пресели во ПСЖ, а оттаму во Интер од Мајами во МЛС лигата. Неговиот тим моментално води на табелата во Источната конференција, а Меси на 15 натпревари постигна 14 гола и 12 асистенции. Тој е под договор со клубот од Флорида до крајот на 2025 година. -Цел живот играм фудбал и тешко ми е да го напуштам. Не сум подготвен за тоа. Дури и малку се плашам дека ќе дојде денот кога ќе треба да заминам. Да, ако ме прашате денеска каде ќе ја завршам кариерата, тоа речиси сигурно ќе биде Интер Мајами, изјави 36-годишниот Меси, кој ќе ја предводи Аргентина на претстојната Копа Америка, каде „гаучосите“ ја бранат титулата

The post Цел живот играм фудбал и тешко ми е да го напуштам: Meси се плаши од пензија appeared first on Република.

]]>
Дресовите на Марадона, Пеле, Меси и Роналдо во Скопје се обезбедуваат на највисоко ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/dresovite-na-maradona-pele-mesi-i-ronaldo-vo-skopje-se-obezbeduvaat-na-najvisoko-nivo/ Wed, 17 Apr 2024 07:01:55 +0000 https://republika.mk/?p=766956

Скопјани имаат ретка можност во својот град да ги угостат фудбалските легенди.Добро не нив лично, но затоа тука е нивната опрема. Дресови, топки, пехари, копачки, штуцни, капитенски ленти и нивни лични предмети.

Во Мала станица гостува изложбата посветена на италијанскиот великан Паоло Роси. Покрај од него изложени се дресови од Пеле, Марадона, Меси, Роберто Баџо, Роналдо сегашниот и вистинскиот, Јохан Кројф, Мбапе, Халанд, Зидан, Платини, Стоичков, Бекембауер, Румениге, Ван Бастен.Вистински легенди.

Тука е Златната топка на Меси од 2011 година, и трофејот од Лигата на шампионите, како и копачките на Пирло.

Вистинско уживање за фудбалските фанови.

 

The post Дресовите на Марадона, Пеле, Меси и Роналдо во Скопје се обезбедуваат на највисоко ниво appeared first on Република.

]]>

Скопјани имаат ретка можност во својот град да ги угостат фудбалските легенди.Добро не нив лично, но затоа тука е нивната опрема. Дресови, топки, пехари, копачки, штуцни, капитенски ленти и нивни лични предмети. Во Мала станица гостува изложбата посветена на италијанскиот великан Паоло Роси. Покрај од него изложени се дресови од Пеле, Марадона, Меси, Роберто Баџо, Роналдо сегашниот и вистинскиот, Јохан Кројф, Мбапе, Халанд, Зидан, Платини, Стоичков, Бекембауер, Румениге, Ван Бастен.Вистински легенди. Тука е Златната топка на Меси од 2011 година, и трофејот од Лигата на шампионите, како и копачките на Пирло. Вистинско уживање за фудбалските фанови.  

The post Дресовите на Марадона, Пеле, Меси и Роналдо во Скопје се обезбедуваат на највисоко ниво appeared first on Република.

]]>
Барселона пркна по заминувањето на Меси https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/barselona-prkna-po-zaminuvaneto-na-mesi/ Wed, 29 Nov 2023 13:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=717520

Барселона за првпат по заминувањето на Лионел Меси стигна до нокаут фазата во фудбалската Лига на шампиони.

Избраниците на Чави синоќа го совладаа Порто (2:1) во 5. коло од групната фаза и си го загарантираа учеството во осминафиналето.

Последен пат Каталонците стигна до плејофот во сезоната 2020/21. Потоа во осминафиналето загубија од ПСЖ (1:4, 1:1).

После тоа, таа двапати го зазема третото место во групата и продолжија во Лига Европа.

Лионел Меси ја напушти Барселона летото 2021 година кога замина во Пари Сен-Жермен

The post Барселона пркна по заминувањето на Меси appeared first on Република.

]]>

Барселона за првпат по заминувањето на Лионел Меси стигна до нокаут фазата во фудбалската Лига на шампиони. Избраниците на Чави синоќа го совладаа Порто (2:1) во 5. коло од групната фаза и си го загарантираа учеството во осминафиналето. Последен пат Каталонците стигна до плејофот во сезоната 2020/21. Потоа во осминафиналето загубија од ПСЖ (1:4, 1:1). После тоа, таа двапати го зазема третото место во групата и продолжија во Лига Европа. Лионел Меси ја напушти Барселона летото 2021 година кога замина во Пари Сен-Жермен

The post Барселона пркна по заминувањето на Меси appeared first on Република.

]]>
Меси сака да се збогува со Барселона и навивачите https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mesi-saka-da-se-zboguva-so-barselona-i-navivachite/ Thu, 02 Nov 2023 07:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=697248

 Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси изјави дека сака да одигра проштален натпревар со Барселона.

- Би сакал да можам да се збогувам со луѓето на поинаков начин. Кога заминав имав чудно чувство. Не е добро, со оглед на сето она што го споделивме и живеевме заедно. Ја заслужувам шансата да се збогувам. Барселона е мојот дом, го сакам овој клуб. Ако се одржи прошталниот натпревар, со задоволство ќе учествувам, изјави Меси за „ESPN“.

Меси играше за Барселона од 2004 до 2021 година. Вкупно за шпанскиот клуб одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и 303 асистенции.

The post Меси сака да се збогува со Барселона и навивачите appeared first on Република.

]]>

 Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси изјави дека сака да одигра проштален натпревар со Барселона. - Би сакал да можам да се збогувам со луѓето на поинаков начин. Кога заминав имав чудно чувство. Не е добро, со оглед на сето она што го споделивме и живеевме заедно. Ја заслужувам шансата да се збогувам. Барселона е мојот дом, го сакам овој клуб. Ако се одржи прошталниот натпревар, со задоволство ќе учествувам, изјави Меси за „ESPN“. Меси играше за Барселона од 2004 до 2021 година. Вкупно за шпанскиот клуб одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и 303 асистенции.

The post Меси сака да се збогува со Барселона и навивачите appeared first on Република.

]]>
Maтеус: Меси победи неправедно https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mateus-mesi-pobedi-nepravedno/ Tue, 31 Oct 2023 14:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=696748

 Поранешниот германски фудбалер Лотар Матеус верува дека Ерлинг Халанд требало да ја добие Златната топка, а не Лионел Меси.

Вчера Аргентинецот по осми пат ја освои наградата. Доделувањето на наградата се одржа во Париз во театарот „Шателе“.

- Цела минатата година Халанд играше подобро од Меси. Лионел победи неправедно. Но, тоа покажува дека Светското првенство е важно повеќе од било што друго. Мислам дека Халанд е најдобриот играч во последните 12 месеци, освои важни трофеи со Манчестер сити и собори голгетерски рекорди. За мене никој не го победува Халанд. Ова гласање е фарса, иако јас сум навивач на Меси, изјави Матеус.

Ерлинг Халанд го зазеде второто место во гласањето. Норвежанецот го освои трофејот Герд Милер како најдобар стрелец во сезоната 2022/23

The post Maтеус: Меси победи неправедно appeared first on Република.

]]>

 Поранешниот германски фудбалер Лотар Матеус верува дека Ерлинг Халанд требало да ја добие Златната топка, а не Лионел Меси. Вчера Аргентинецот по осми пат ја освои наградата. Доделувањето на наградата се одржа во Париз во театарот „Шателе“.
- Цела минатата година Халанд играше подобро од Меси. Лионел победи неправедно. Но, тоа покажува дека Светското првенство е важно повеќе од било што друго. Мислам дека Халанд е најдобриот играч во последните 12 месеци, освои важни трофеи со Манчестер сити и собори голгетерски рекорди. За мене никој не го победува Халанд. Ова гласање е фарса, иако јас сум навивач на Меси, изјави Матеус.
Ерлинг Халанд го зазеде второто место во гласањето. Норвежанецот го освои трофејот Герд Милер како најдобар стрелец во сезоната 2022/23

The post Maтеус: Меси победи неправедно appeared first on Република.

]]>
Meси ја освои Златната топка и му честиташе роденден на Марадона https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mesi-ja-osvoi-zlatnata-topka-i-mu-chestitashe-rodenden-na-maradona/ Tue, 31 Oct 2023 07:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=696506

Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси му се заблагодари на Диего Марадона по добивањето на Златната топка.

- Денес би сакал да го спомнам Диего. Нема подобро место да му честитате роденден. Има толку многу луѓе овде кои го сакаат фудбалот како што тој сакаше. Каде и да си Диего, среќен роденден. Оваа награда важи и за тебе, изјави Меси.

Триесет и шестгодишниот Аргентинец ги победи Ерлин Халанд (Манчестер сити) и Килијан Мбапе (ПСЖ), кои го освоија второто, односно третото место.

Минатата година Меси го освои Светското првенство во 2022 година, кое се одржа во Катар. Во финалето, селекцијата на Аргентина ја победи Франција (3:3, пенали 4:2). Меси беше прогласен за најдобар играч на финалето и на целиот турнир. На 7 натпревари на Светското првенство постигна седум гола и три асистенции.

За Меси оваа Златна топка беше осма во кариерата. Тој претходно беше прогласен за најдобар играч во светот во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година

The post Meси ја освои Златната топка и му честиташе роденден на Марадона appeared first on Република.

]]>

Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси му се заблагодари на Диего Марадона по добивањето на Златната топка.
- Денес би сакал да го спомнам Диего. Нема подобро место да му честитате роденден. Има толку многу луѓе овде кои го сакаат фудбалот како што тој сакаше. Каде и да си Диего, среќен роденден. Оваа награда важи и за тебе, изјави Меси.
Триесет и шестгодишниот Аргентинец ги победи Ерлин Халанд (Манчестер сити) и Килијан Мбапе (ПСЖ), кои го освоија второто, односно третото место. Минатата година Меси го освои Светското првенство во 2022 година, кое се одржа во Катар. Во финалето, селекцијата на Аргентина ја победи Франција (3:3, пенали 4:2). Меси беше прогласен за најдобар играч на финалето и на целиот турнир. На 7 натпревари на Светското првенство постигна седум гола и три асистенции. За Меси оваа Златна топка беше осма во кариерата. Тој претходно беше прогласен за најдобар играч во светот во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година

The post Meси ја освои Златната топка и му честиташе роденден на Марадона appeared first on Република.

]]>
Ноле и Лео: Две легенди се сретнаа во Њујорк (ФОТО) https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/nole-i-leo-dve-legendi-se-sretnaa-vo-nujork-foto/ Fri, 25 Aug 2023 20:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=675691

 

Новак Ѓоковиќ реши да го искористи времето по освојувањето на мастерсот во Синсинати, а пред почетокот на Ју-ес опен за да се опушти.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која Ѓоковиќ е заедно со Лионел Меси.

Фотографијата ја објави Хорхе Мас, косопственик на Интер Мајами, тимот за кој моментално настапува Аргентинецот.

„Каква вечер“, напиша Мас во описот на фотографијата.

Ѓоковиќ се наоѓа во Њујорк каде се подготвува за стартот на последниот Грен слем сезонава.

Новак ќе излезе на теренот во понеделник, а прв противник ќе му биде францускиот тенисер Александре Милер.

 

 

The post Ноле и Лео: Две легенди се сретнаа во Њујорк (ФОТО) appeared first on Република.

]]>

 
Новак Ѓоковиќ реши да го искористи времето по освојувањето на мастерсот во Синсинати, а пред почетокот на Ју-ес опен за да се опушти. На социјалните мрежи се појави фотографија на која Ѓоковиќ е заедно со Лионел Меси. Фотографијата ја објави Хорхе Мас, косопственик на Интер Мајами, тимот за кој моментално настапува Аргентинецот. „Каква вечер“, напиша Мас во описот на фотографијата. Ѓоковиќ се наоѓа во Њујорк каде се подготвува за стартот на последниот Грен слем сезонава. Новак ќе излезе на теренот во понеделник, а прв противник ќе му биде францускиот тенисер Александре Милер.  
 

The post Ноле и Лео: Две легенди се сретнаа во Њујорк (ФОТО) appeared first on Република.

]]>
Меси за трансферот во Интер Мајами: Моето семејство е среќно со одлуката https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mesi-za-transferot-vo-inter-majami-moeto-semejstvo-e-srekno-so-odlukata/ Wed, 12 Jul 2023 08:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=660317

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси зборуваше за неговата преселба во САД.

Мојот став и мојот начин на размислување не се менуваат, и каде и да сум, ќе се обидам да дадам се за себе и за клубот за да продолжам да настапувам на највисоко ниво. Моето семејство е задоволно со одлуката. Подготвени сме и подготвени да го прифатиме овој нов предизвик, овие промени, изјави Меси за „RMC Sport“.

 

На 11 јули беше објавено дека 36-годишниот Аргентинец одлетал во САД за да потпише договор со Интер Мајами. Меси летово најави дека ќе премине во МЛС клубот на слободен трансфер. Промоцијата на фудбалерот ќе се одржи на 16 јули. Сите билети за овој настан се веќе распродадени.

Меси ќе добива до 60 милиони долари годишно во Интер Мајами.

The post Меси за трансферот во Интер Мајами: Моето семејство е среќно со одлуката appeared first on Република.

]]>

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси зборуваше за неговата преселба во САД.
Мојот став и мојот начин на размислување не се менуваат, и каде и да сум, ќе се обидам да дадам се за себе и за клубот за да продолжам да настапувам на највисоко ниво. Моето семејство е задоволно со одлуката. Подготвени сме и подготвени да го прифатиме овој нов предизвик, овие промени, изјави Меси за „RMC Sport“.
  На 11 јули беше објавено дека 36-годишниот Аргентинец одлетал во САД за да потпише договор со Интер Мајами. Меси летово најави дека ќе премине во МЛС клубот на слободен трансфер. Промоцијата на фудбалерот ќе се одржи на 16 јули. Сите билети за овој настан се веќе распродадени. Меси ќе добива до 60 милиони долари годишно во Интер Мајами.

The post Меси за трансферот во Интер Мајами: Моето семејство е среќно со одлуката appeared first on Република.

]]>
Како да знаел: Меси купил апартман во Мајами уште пред да потпише за Интер https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kako-da-znael-mesi-kupil-apartman-vo-majami-ushte-pred-da-potpishe-za-inter/ Thu, 22 Jun 2023 18:54:03 +0000 https://republika.mk/?p=654100

Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси ќе живее со семејството во Мајами во луксузен стан што го купил уште во 2022 година.

Меси одлучи да ја продолжи професионалната кариера вi Интер Мајами, клуб кој го претпочита неговата сопруга Антонела, која сакаше да го продолжи животот во овој град.

Аргентинецот му се приклучи на Интер во најголемиот МЛС трансфер во историјата. Покрај огромната годишна плата, Меси ќе има и процент од продажбата на правата на уредите на „Епл“, процент од продажбата на дресови од Адидас и можност за купување акции во клубот по завршувањето на кариерата.

Неговата сопруга сакашe децата да се школуваат во Америка, па не е исклучено и по завршувањето на тригодишниот договор, aргентинецот да остане со семејството во Мајами. Во 2022 година купи луксузен стан во познатата кула „Порше дизајн“ вреден неверојатни девет милиони долари. Како да знаеше дека ќе игра таму.

The post Како да знаел: Меси купил апартман во Мајами уште пред да потпише за Интер appeared first on Република.

]]>

Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси ќе живее со семејството во Мајами во луксузен стан што го купил уште во 2022 година. Меси одлучи да ја продолжи професионалната кариера вi Интер Мајами, клуб кој го претпочита неговата сопруга Антонела, која сакаше да го продолжи животот во овој град. Аргентинецот му се приклучи на Интер во најголемиот МЛС трансфер во историјата. Покрај огромната годишна плата, Меси ќе има и процент од продажбата на правата на уредите на „Епл“, процент од продажбата на дресови од Адидас и можност за купување акции во клубот по завршувањето на кариерата. Неговата сопруга сакашe децата да се школуваат во Америка, па не е исклучено и по завршувањето на тригодишниот договор, aргентинецот да остане со семејството во Мајами. Во 2022 година купи луксузен стан во познатата кула „Порше дизајн“ вреден неверојатни девет милиони долари. Како да знаеше дека ќе игра таму.

The post Како да знаел: Меси купил апартман во Мајами уште пред да потпише за Интер appeared first on Република.

]]>
„Паркот на принцовите“ му свири на Меси https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/parkot-na-printsovite-mu-sviri-na-mesi/ Sun, 14 May 2023 12:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=640667

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, зборуваше за реакцијата на навивачите на тимот кон напаѓачот Лионел Меси на натпреварот од 35. коло на Лига 1 против Ајачио (5:0).

 

Пред почетокот на натпреварот, официјалниот спикер на стадионот ги објави составите, каде навивачите на парижаните почнаа да свиркаат откако се огласи името на Аргентинецот.

 

- Имаше свирежи. Но, многу брзо, поголемиот дел од стадионот се погрижија да ги замолчат за да му дадат поддршка на Меси. Тој остана фокусиран со желба да ја зачини играта и да создава шанси. Тој се навикна на тоа, бидејќи во кариерата влезе во тешки ситуации, изјави Галтие.

 

ПСЖ е на врвот на табелата во Лига 1 со 81 бод од 35 натпревари.

The post „Паркот на принцовите“ му свири на Меси appeared first on Република.

]]>

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, зборуваше за реакцијата на навивачите на тимот кон напаѓачот Лионел Меси на натпреварот од 35. коло на Лига 1 против Ајачио (5:0).   Пред почетокот на натпреварот, официјалниот спикер на стадионот ги објави составите, каде навивачите на парижаните почнаа да свиркаат откако се огласи името на Аргентинецот.  
- Имаше свирежи. Но, многу брзо, поголемиот дел од стадионот се погрижија да ги замолчат за да му дадат поддршка на Меси. Тој остана фокусиран со желба да ја зачини играта и да создава шанси. Тој се навикна на тоа, бидејќи во кариерата влезе во тешки ситуации, изјави Галтие.
  ПСЖ е на врвот на табелата во Лига 1 со 81 бод од 35 натпревари.

The post „Паркот на принцовите“ му свири на Меси appeared first on Република.

]]>
Таткото на Меси договора Лео да се пресели во Саудиска Арабија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/tatkoto-na-mesi-dogovora-leo-da-se-preseli-vo-saudiska-arabija/ Thu, 16 Mar 2023 07:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=620062

Лионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона. Неговиот договор со Пари Сен Жермен истекува во јуни .Шпанска „Марка“ пишува дека саудискиот Ал Хилал е подготвен да потроши дури 220 милиони евра за потписот на Аргентинецот!

Планот на Арапите е да го обноват ривалството Меси-Роналдо, но најпопуларниот клуб во земјата одлучи да го надмине договорот со големиот ривал Ал Наср и да го направи Аргентинецот најплатен во светот.

Дека работата е сериозна говори и фактот што минатиот викенд во Ријад бил забележан таткото на Меси, Хорхе, што само ги подгрева преговорите меѓу двете страни.

The post Таткото на Меси договора Лео да се пресели во Саудиска Арабија appeared first on Република.

]]>

Лионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона. Неговиот договор со Пари Сен Жермен истекува во јуни .Шпанска „Марка“ пишува дека саудискиот Ал Хилал е подготвен да потроши дури 220 милиони евра за потписот на Аргентинецот! Планот на Арапите е да го обноват ривалството Меси-Роналдо, но најпопуларниот клуб во земјата одлучи да го надмине договорот со големиот ривал Ал Наср и да го направи Аргентинецот најплатен во светот. Дека работата е сериозна говори и фактот што минатиот викенд во Ријад бил забележан таткото на Меси, Хорхе, што само ги подгрева преговорите меѓу двете страни.

The post Таткото на Меси договора Лео да се пресели во Саудиска Арабија appeared first on Република.

]]>
Скалони за Меси: Не му требаше победа на Светското првенство за да се смета за најголем https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/skaloni-za-mesi-ne-mu-trebashe-pobeda-na-svetskoto-prvenstvo-za-da-se-smeta-za-najgolem/ Tue, 10 Jan 2023 20:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=595575

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони проговори за статусот на напаѓачот Лионел Меси по освојувањето на Светското првенство во 2022 година.

Мислам дека не му требаше светска титула за да се смета за еден од најголемите или најголемите. Само што од него секогаш се бара повеќе. Сега кога го освои Светското првенство, не знам што друго ќе се бара од него. Многу сме среќни за Меси и за целата земја, изјави Скалони за „Радио Калвија“.

Аргентина предводена од Лионел Меси стана светски фудбалски шампион освојувајќи го Мундијалот во Катар во декември 2022 година.

Така Меси дојде до единствениот трофеј што му недостасуваше во неговата богата кариера.

The post Скалони за Меси: Не му требаше победа на Светското првенство за да се смета за најголем appeared first on Република.

]]>

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони проговори за статусот на напаѓачот Лионел Меси по освојувањето на Светското првенство во 2022 година.
Мислам дека не му требаше светска титула за да се смета за еден од најголемите или најголемите. Само што од него секогаш се бара повеќе. Сега кога го освои Светското првенство, не знам што друго ќе се бара од него. Многу сме среќни за Меси и за целата земја, изјави Скалони за „Радио Калвија“.
Аргентина предводена од Лионел Меси стана светски фудбалски шампион освојувајќи го Мундијалот во Катар во декември 2022 година. Така Меси дојде до единствениот трофеј што му недостасуваше во неговата богата кариера.

The post Скалони за Меси: Не му требаше победа на Светското првенство за да се смета за најголем appeared first on Република.

]]>
Меси постапи добро што ја облече наметката, во спротивно ќе предизвикаше дипломатски скандал https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mesi-postapi-dobro-shto-ja-obleche-nametkata-vo-sprotivno-kje-predizvikashe-diplomatski-skandal/ Thu, 22 Dec 2022 22:22:26 +0000 https://republika.mk/?p=588907

Лео Меси го крена трофејот наменет за светскиот шампион облечен во црна наметка, или бишту, традиционална наметка што ја носат богатите граѓани на Катар кои често ја носат преку остатокот од облеката. За време на церемонијата биштот на грбот на Меси го стави катарскиот шеик Тамим бин Хамад Ал Тани, непосредно пред славниот Аргентинец да го подигне пехарот.

Тој потег предизвика многу дискусии во фудбалскиот свет. Многумина беа револтирани од тој потег, тврдејќи дека шеикот на тој начин му ја украл славата на Меси и дека најдобриот играч на светот требало да го одбие тој чин и да го прими пехарот во аргентински дрес.

„Но, зошто? Немаше потреба од тоа“, вели 37-годишниот поранешен аргентински репрезентативец Пабло Забалета, кој како стручен коментатор за Би-Би-Си го следеше финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција.

Светскиот првак со Германија во 2014 година, Бастијан Швајнштајгер за телевизијата АРД, рече дека „Ал Тани на Меси му го украл најголемиот момент во кариерата“.

Има и луѓе кои тврдат дека Меси се однесувал со достоинство и дека од почит кон домаќинот не сакал да предизвика скандал.

Романскиот селектор Ципријан Панаит, кој долги години работи во земјите од Персискиот залив, изјави дека е добро за Меси што ја облекол наметката, бидејќи секоја друга реакција би предизвикала многу проблеми, па дури и дипломатски скандал. Тоа би му предизвикало низа тешкотии во ПСЖ.

„Гледам дека некои од моите колеги дадоа изјави за овој случај и тоа во потполно незнаење. Доколку Меси не ја облечеше таа наметка, тоа ќе беше најголема навреда за катарскиот шеик и ќе дојдеше до дипломатски конфликт. Сите оние што ја коментираа наметката треба да го знаат тоа“, изјави Панаит за романски Дигиспорт и додаде:

„Јас, по шест години во Саудиска Арабија, сакам да кажам дека само владејачката класа ја носи таа наметка, само многу богати луѓе, а кога ја добивате, тоа значи дека сте дел од нивното семејство, значи дека сте добредојдени во тој круг. Тоа е најголемиот можен чин на почит што ви е покажан. Кога емирот на Катар ви го нуди овој подарок, мислам дека никој не може да си дозволи да не го прифати. Меси е во ПСЖ, нели? Знаете ли кој е газда на ПСЖ? Кралското семејство, а не Насер Ал-Келаифи“, заклучи романскиот тренер.

The post Меси постапи добро што ја облече наметката, во спротивно ќе предизвикаше дипломатски скандал appeared first on Република.

]]>

Лео Меси го крена трофејот наменет за светскиот шампион облечен во црна наметка, или бишту, традиционална наметка што ја носат богатите граѓани на Катар кои често ја носат преку остатокот од облеката. За време на церемонијата биштот на грбот на Меси го стави катарскиот шеик Тамим бин Хамад Ал Тани, непосредно пред славниот Аргентинец да го подигне пехарот. Тој потег предизвика многу дискусии во фудбалскиот свет. Многумина беа револтирани од тој потег, тврдејќи дека шеикот на тој начин му ја украл славата на Меси и дека најдобриот играч на светот требало да го одбие тој чин и да го прими пехарот во аргентински дрес. „Но, зошто? Немаше потреба од тоа“, вели 37-годишниот поранешен аргентински репрезентативец Пабло Забалета, кој како стручен коментатор за Би-Би-Си го следеше финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција. Светскиот првак со Германија во 2014 година, Бастијан Швајнштајгер за телевизијата АРД, рече дека „Ал Тани на Меси му го украл најголемиот момент во кариерата“. Има и луѓе кои тврдат дека Меси се однесувал со достоинство и дека од почит кон домаќинот не сакал да предизвика скандал. Романскиот селектор Ципријан Панаит, кој долги години работи во земјите од Персискиот залив, изјави дека е добро за Меси што ја облекол наметката, бидејќи секоја друга реакција би предизвикала многу проблеми, па дури и дипломатски скандал. Тоа би му предизвикало низа тешкотии во ПСЖ. „Гледам дека некои од моите колеги дадоа изјави за овој случај и тоа во потполно незнаење. Доколку Меси не ја облечеше таа наметка, тоа ќе беше најголема навреда за катарскиот шеик и ќе дојдеше до дипломатски конфликт. Сите оние што ја коментираа наметката треба да го знаат тоа“, изјави Панаит за романски Дигиспорт и додаде: „Јас, по шест години во Саудиска Арабија, сакам да кажам дека само владејачката класа ја носи таа наметка, само многу богати луѓе, а кога ја добивате, тоа значи дека сте дел од нивното семејство, значи дека сте добредојдени во тој круг. Тоа е најголемиот можен чин на почит што ви е покажан. Кога емирот на Катар ви го нуди овој подарок, мислам дека никој не може да си дозволи да не го прифати. Меси е во ПСЖ, нели? Знаете ли кој е газда на ПСЖ? Кралското семејство, а не Насер Ал-Келаифи“, заклучи романскиот тренер.

The post Меси постапи добро што ја облече наметката, во спротивно ќе предизвикаше дипломатски скандал appeared first on Република.

]]>
Меси им ја посвети титулата на Марадона и на навивачите https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mesi-titulata-ja-posveti-na-maradona-i-navivachite/ Tue, 20 Dec 2022 22:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=588119

Капитенот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, победата на Светското првенство во Катар им ја посвети на навивачите, но и на Диего Марадона.

– Пехарот им припаѓа на сите што не го освоиле на претходните светски првенства. Трофејот му припаѓа на Диего, кој не поддржуваше од небото и на сите што ја поддржуваа репрезентацијата, внимавајќи не само на резултатот, туку и на желбата што секогаш ја покажувавме, дури и кога  не одеше сè според планот, напиша Меси. на социјалните мрежи.

Аргентина во неделата ја совлада Франција на пенали во финалето на Светското првенство во 2022 година. По натпреварот, Меси беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство.

Репрезентацијата на Аргентина по трет пат во историјата стана светски шампион. Претходно, Аргентинците ја освоија титулата во 1978 и 1986 година

The post Меси им ја посвети титулата на Марадона и на навивачите appeared first on Република.

]]>

Капитенот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, победата на Светското првенство во Катар им ја посвети на навивачите, но и на Диего Марадона.
– Пехарот им припаѓа на сите што не го освоиле на претходните светски првенства. Трофејот му припаѓа на Диего, кој не поддржуваше од небото и на сите што ја поддржуваа репрезентацијата, внимавајќи не само на резултатот, туку и на желбата што секогаш ја покажувавме, дури и кога  не одеше сè според планот, напиша Меси. на социјалните мрежи.
Аргентина во неделата ја совлада Франција на пенали во финалето на Светското првенство во 2022 година. По натпреварот, Меси беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство. Репрезентацијата на Аргентина по трет пат во историјата стана светски шампион. Претходно, Аргентинците ја освоија титулата во 1978 и 1986 година

The post Меси им ја посвети титулата на Марадона и на навивачите appeared first on Република.

]]>