ленти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lenti/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jul 2023 18:21:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ленти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lenti/ 32 32 Меџити: Потпишана одлуката за набавка на ленти https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-potpishana-odlukata-za-nabavka-na-lenti/ Fri, 21 Jul 2023 18:21:43 +0000 https://republika.mk/?p=664052

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска на состанок ги сослушал барањата на лицата со дијабет. Меџити, како што соопшти МЗ, искажал целосно разбирање за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат.

Како што информираше министерот на состанокот утрово, се преземаат сите мерки за да се излезе во пресрет на барањата на лицата со дијабетес. Обезбедувањето на квалитетна здравствена заштита за нив е приоритет, а Министерството секогаш ќе биде нивни партнер, се нaведува во соопштението.

Денеска е реализирано едно од нивните клучни барања. Потпишана е одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на ленти.

Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцнеше, таа требала да се почне уште во декември од претходното раководство, истакнал Меџити на денешната средба со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари, која се одржа пред најавениот протест.

Министерот информираше и дека се работи на системско решение со кое нема да се дозволи доцнење на набавките во иднина, посочуваат од МЗ

The post Меџити: Потпишана одлуката за набавка на ленти appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска на состанок ги сослушал барањата на лицата со дијабет. Меџити, како што соопшти МЗ, искажал целосно разбирање за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат. Како што информираше министерот на состанокот утрово, се преземаат сите мерки за да се излезе во пресрет на барањата на лицата со дијабетес. Обезбедувањето на квалитетна здравствена заштита за нив е приоритет, а Министерството секогаш ќе биде нивни партнер, се нaведува во соопштението. Денеска е реализирано едно од нивните клучни барања. Потпишана е одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на ленти. Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцнеше, таа требала да се почне уште во декември од претходното раководство, истакнал Меџити на денешната средба со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари, која се одржа пред најавениот протест. Министерот информираше и дека се работи на системско решение со кое нема да се дозволи доцнење на набавките во иднина, посочуваат од МЗ

The post Меџити: Потпишана одлуката за набавка на ленти appeared first on Република.

]]>
Лицата со дијабетес ќе добијат сензори, Меџити ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/litsata-so-dijabetes-ke-dobijat-senzori-medhiti-ja-potpisha-odlukata-za-izbor-na-najpovolen-ponuduvach/ Fri, 21 Jul 2023 12:09:55 +0000 https://republika.mk/?p=663948

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и за бремени жени и за слепи лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори.

Тој за ова ги информираше претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари на РСМ со кои денеска оствари средба во Министерството за здравство.

Во текот на разговорот на кој присутвуваа и стручни служби на министерството надлежни за проблематиката, меѓу кои и претседателот на Комисијата за дијабетес, д-р Ирфан Ахмети, министерот Меџити истакна дека тие имаат целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјава и максимално се заложуваат актуелните предизвици да бидат надминати.

Правиме сѐ  што е во наша моќ што побрзо се завршат правните процедури кои како институција мора да ги почитуваме. Како што веќе во неколку наврати информиравме, во моментов течат жалбените постапки на набавката на ленти, процедура која не зависи од Министерството. Доколку Второстепена комисија ја одбие жалбата веднаш ќе се пристапи кон склучување на договорот за набавка на ленти и глукометри за пациенти со тип 1 и тип 2 – информира Меџити.

Тој на претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари им објасни дека откако ќе стигне решението од Второстепената комисија при Државната комисија по жалби за јавни набавки, одлуката станува конечна, по што веднаш ќе биде склучен договорот за набавка на ленти и глукометри за тип 1 и тип 2 и во најбрз можен рок ќе се почне со распределба во инсулинските аптеки.

Меџити истакна дека максимално ќе се заложи ваквите застои во набавките повеќе никогаш да не бидат случај.

The post Лицата со дијабетес ќе добијат сензори, Меџити ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и за бремени жени и за слепи лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори. Тој за ова ги информираше претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари на РСМ со кои денеска оствари средба во Министерството за здравство. Во текот на разговорот на кој присутвуваа и стручни служби на министерството надлежни за проблематиката, меѓу кои и претседателот на Комисијата за дијабетес, д-р Ирфан Ахмети, министерот Меџити истакна дека тие имаат целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјава и максимално се заложуваат актуелните предизвици да бидат надминати.
Правиме сѐ  што е во наша моќ што побрзо се завршат правните процедури кои како институција мора да ги почитуваме. Како што веќе во неколку наврати информиравме, во моментов течат жалбените постапки на набавката на ленти, процедура која не зависи од Министерството. Доколку Второстепена комисија ја одбие жалбата веднаш ќе се пристапи кон склучување на договорот за набавка на ленти и глукометри за пациенти со тип 1 и тип 2 – информира Меџити.
Тој на претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари им објасни дека откако ќе стигне решението од Второстепената комисија при Државната комисија по жалби за јавни набавки, одлуката станува конечна, по што веднаш ќе биде склучен договорот за набавка на ленти и глукометри за тип 1 и тип 2 и во најбрз можен рок ќе се почне со распределба во инсулинските аптеки. Меџити истакна дека максимално ќе се заложи ваквите застои во набавките повеќе никогаш да не бидат случај.

The post Лицата со дијабетес ќе добијат сензори, Меџити ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач appeared first on Република.

]]>
Пациенти кои се на инсулин се жалат дека немаат ленти, министерот за здравство вели нема пријаено дека има таков проблем https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/patsienti-koi-se-na-insulin-se-zhalat-deka-nemaat-lenti-ministerot-za-zdravstvo-veli-nema-prijaeno-deka-ima-takov-problem/ Wed, 21 Jun 2023 11:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=653704

Во Министерство досега нема пријавено дека има таков проблем, одговори министерот за здравство Фатмир Меџити на новинарско прашање, дека пациенти кои се на инсулин немаат ленти, па дали ќе побара одговорност бидејќи овие луѓе, според закон, мора да имаат редовно и инсулин и ленти, а се случува нешто да нема.

Сите пациенти се снабдени со сѐ. Не е само тоа, сега ќе има и сензори за првпат во државава, во здравството за тие пациенти од тој вид болест, што никогаш немало досега и со тоа нормално ќе се подмират сите работи, рече Меџити.

Прашан околу рефундирање на парите на оние кои сами си купиле ленти, тој одговори дека доколку има такви барања во Министерството, согласно закон, би се разгледале и ќе се одлучи за нив.

 

The post Пациенти кои се на инсулин се жалат дека немаат ленти, министерот за здравство вели нема пријаено дека има таков проблем appeared first on Република.

]]>

Во Министерство досега нема пријавено дека има таков проблем, одговори министерот за здравство Фатмир Меџити на новинарско прашање, дека пациенти кои се на инсулин немаат ленти, па дали ќе побара одговорност бидејќи овие луѓе, според закон, мора да имаат редовно и инсулин и ленти, а се случува нешто да нема.
Сите пациенти се снабдени со сѐ. Не е само тоа, сега ќе има и сензори за првпат во државава, во здравството за тие пациенти од тој вид болест, што никогаш немало досега и со тоа нормално ќе се подмират сите работи, рече Меџити.
Прашан околу рефундирање на парите на оние кои сами си купиле ленти, тој одговори дека доколку има такви барања во Министерството, согласно закон, би се разгледале и ќе се одлучи за нив.  

The post Пациенти кои се на инсулин се жалат дека немаат ленти, министерот за здравство вели нема пријаено дека има таков проблем appeared first on Република.

]]>
Со оваа вежба ќе имате повеќе кондиција и ќе бидете поздрави https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/so-ovaa-vezba-kje-imate-povekje-kondicija-i-kje-bidete-pozdravi/ Fri, 03 Jun 2022 18:03:29 +0000 https://republika.mk/?p=510627

 Кога станува збор за интернет-трендовите, Тик-ток полека станува главен извор и за доста корисни совети. Овојпат се работи за вежбата 12-3-30, или 12-5-30, на лента за трчање.

Рутината е обмислена од познатата фитнес-ентузијастка Лорен Жиралдо, па предизвикот веќе има милиони прегледи и е сѐ попопуларен во светот на вежбањето. А, поради својата едноставност, оваа рутина е лесна и за почетници. Замислата е следна: лентата се постававува на 12 отсто наклон, со брзина од околу 5 километри на час (три милји, според американските стандарди) и, следи пешачење од 30 минути.

Сепак, Лорен ги предупредува сите кои имаат некаква болка, проблеми со колкот или колената, дека е подобро да избегнуваат ваков вид тренинзи.

Наместо трчање, овој тренинг вклучува одење угоре, за кое се покажа дека има бројни придобивки, како што се забрзано слабеење и затегнување на задникот и листовите долу. Во споредба со трчањето, овој тип на тренинг помалку ги оптоварува зглобовите.

Од друга страна, стручњаците сметаат дека тренингот 12-5-30 не треба да биде единствениот начин на вежбање. Лорен објаснува дека во „идеални услови“, поединецот треба да вклучи и тренинзи со тегови, истегнување и кардио-тренинзи во својата рутина за вежбање и секој вид вежби да го изведува трипати неделно.

Одењето на лента може да се замени и со одење во природа, на падина, рид или каква било стрмнина близу вас, според неа. Тоа секако ќе помогне при структурирањето на седмицата и подобро и поточно постигнување на целите

The post Со оваа вежба ќе имате повеќе кондиција и ќе бидете поздрави appeared first on Република.

]]>

 Кога станува збор за интернет-трендовите, Тик-ток полека станува главен извор и за доста корисни совети. Овојпат се работи за вежбата 12-3-30, или 12-5-30, на лента за трчање. Рутината е обмислена од познатата фитнес-ентузијастка Лорен Жиралдо, па предизвикот веќе има милиони прегледи и е сѐ попопуларен во светот на вежбањето. А, поради својата едноставност, оваа рутина е лесна и за почетници. Замислата е следна: лентата се постававува на 12 отсто наклон, со брзина од околу 5 километри на час (три милји, според американските стандарди) и, следи пешачење од 30 минути. Сепак, Лорен ги предупредува сите кои имаат некаква болка, проблеми со колкот или колената, дека е подобро да избегнуваат ваков вид тренинзи. Наместо трчање, овој тренинг вклучува одење угоре, за кое се покажа дека има бројни придобивки, како што се забрзано слабеење и затегнување на задникот и листовите долу. Во споредба со трчањето, овој тип на тренинг помалку ги оптоварува зглобовите. Од друга страна, стручњаците сметаат дека тренингот 12-5-30 не треба да биде единствениот начин на вежбање. Лорен објаснува дека во „идеални услови“, поединецот треба да вклучи и тренинзи со тегови, истегнување и кардио-тренинзи во својата рутина за вежбање и секој вид вежби да го изведува трипати неделно. Одењето на лента може да се замени и со одење во природа, на падина, рид или каква било стрмнина близу вас, според неа. Тоа секако ќе помогне при структурирањето на седмицата и подобро и поточно постигнување на целите

The post Со оваа вежба ќе имате повеќе кондиција и ќе бидете поздрави appeared first on Република.

]]>