Ленс Сторц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lens-storc/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Jul 2022 20:12:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ленс Сторц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lens-storc/ 32 32 Американец убил двајца и ранил петмина полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanec-ubil-dvajca-i-ranil-petmina-policajci/ Fri, 01 Jul 2022 20:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=522348

Американецот, Ленс Сторц, од Кентаки е ставен во притвор откако убил двајца и повредил неколку други полицајци.

Инцидентот се случил во неговиот дом, каде тој се забарикадирал и оттаму почнал да пука врз полицаците.

Како што пренесува „Еј-Би-Си“, пукањето се случило во округот Флојд, синоќа околу 18:44 часот по локално време.

Според извештајот за апсење, Сторц бил вооружен со пушка и испукал повеќе куршуми кон полицајците околу неговиот дом, при што убил двајца од нив, како и едно полициско куче.

Полицајците дошле во куќата на Сторц поради пријава за семејно насилство. Ранети се петмина полицајци и директорот на Управата за вонредни состојби. Идентитетот на убиените полицајци се уште не е соопштен.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бишер, на Твитер напиша дека округот Флојд претрпел страшна загуба и го повика целиот Кентаки да се моли.

Сторц е во притвор по повеќе обвиненија, вклучувајќи и за убиство на полицаец и обид за убиство на полицаец. Тој, меѓутоа, се изјасни за невин и судијата го задржа во притвор со кауција од 10 милиони долари.

The post Американец убил двајца и ранил петмина полицајци appeared first on Република.

]]>

Американецот, Ленс Сторц, од Кентаки е ставен во притвор откако убил двајца и повредил неколку други полицајци. Инцидентот се случил во неговиот дом, каде тој се забарикадирал и оттаму почнал да пука врз полицаците. Како што пренесува „Еј-Би-Си“, пукањето се случило во округот Флојд, синоќа околу 18:44 часот по локално време. Според извештајот за апсење, Сторц бил вооружен со пушка и испукал повеќе куршуми кон полицајците околу неговиот дом, при што убил двајца од нив, како и едно полициско куче. Полицајците дошле во куќата на Сторц поради пријава за семејно насилство. Ранети се петмина полицајци и директорот на Управата за вонредни состојби. Идентитетот на убиените полицајци се уште не е соопштен. Гувернерот на Кентаки, Енди Бишер, на Твитер напиша дека округот Флојд претрпел страшна загуба и го повика целиот Кентаки да се моли. Сторц е во притвор по повеќе обвиненија, вклучувајќи и за убиство на полицаец и обид за убиство на полицаец. Тој, меѓутоа, се изјасни за невин и судијата го задржа во притвор со кауција од 10 милиони долари.

The post Американец убил двајца и ранил петмина полицајци appeared first on Република.

]]>