Ленс Армстронг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lens-armstrong/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Dec 2023 14:39:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ленс Армстронг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lens-armstrong/ 32 32 Со ЕПО дрогата Ленс Армстронг бил како на ракетен погон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/so-epo-drogata-lens-armstrong-bil-kako-na-raketen-pogon/ Fri, 15 Dec 2023 14:47:21 +0000 https://republika.mk/?p=723376

Стана еден од најуспешните спортисти, а потоа призна дека мамел Нему му беа одземени седумте титули од Тур де Франс, најголемата велосипедска трка, а сега зборува за тоа како успеал.

Поради допинг, на Ленс Армстронг му беа одземени сите титули од трката околу Франција што ги освои во периодот од 1998 до 2011 година, а неодамна зборуваше за тоа во подкаст.

Тој откри што многумина ги интересирало – како никогаш не добил позитивен допинг тест?

- Не се обидувам да го оправдам тоа или да кажам дека би го направил тоа повторно, но факт е дека сум бил тестиран 500 пати, и никогаш не сум паднал на допинг контрола. Вистина е. Не постои начин да се избегне тестирање“, рече Армстронг, додавајќи:

- Реалноста и вистината е дека некои супстанци, особено клучните, траат четири часа. Некои супстанции, како канабисот или анаболни стероиди траат многу подолго. Можеш да пушиш џоинт, да одиш на работа и да возиш трактор... во рок од две недели би бил позитивен. Со ЕПО (дрогата што ја користеше), што е како ракетно гориво што го промени не само нашиот спорт, туку воопшто спортовите на издржливост, многу брзо го напушта телото.
Се обиде да биде одговорен барем овој пат.

- Не сакам никого да охрабрувам да го направи тоа. Вистината е дека тоа беше незабележлив лек кој беше неверојатно корисен за перформансите и закрепнувањето. И двете работи се важни. Бев наведен да верувам дека е безбедно ако се земе под водство на лекар, а сега не се согласувам

The post Со ЕПО дрогата Ленс Армстронг бил како на ракетен погон appeared first on Република.

]]>

Стана еден од најуспешните спортисти, а потоа призна дека мамел Нему му беа одземени седумте титули од Тур де Франс, најголемата велосипедска трка, а сега зборува за тоа како успеал. Поради допинг, на Ленс Армстронг му беа одземени сите титули од трката околу Франција што ги освои во периодот од 1998 до 2011 година, а неодамна зборуваше за тоа во подкаст. Тој откри што многумина ги интересирало – како никогаш не добил позитивен допинг тест?
- Не се обидувам да го оправдам тоа или да кажам дека би го направил тоа повторно, но факт е дека сум бил тестиран 500 пати, и никогаш не сум паднал на допинг контрола. Вистина е. Не постои начин да се избегне тестирање“, рече Армстронг, додавајќи:
- Реалноста и вистината е дека некои супстанци, особено клучните, траат четири часа. Некои супстанции, како канабисот или анаболни стероиди траат многу подолго. Можеш да пушиш џоинт, да одиш на работа и да возиш трактор... во рок од две недели би бил позитивен. Со ЕПО (дрогата што ја користеше), што е како ракетно гориво што го промени не само нашиот спорт, туку воопшто спортовите на издржливост, многу брзо го напушта телото. Се обиде да биде одговорен барем овој пат. - Не сакам никого да охрабрувам да го направи тоа. Вистината е дека тоа беше незабележлив лек кој беше неверојатно корисен за перформансите и закрепнувањето. И двете работи се важни. Бев наведен да верувам дека е безбедно ако се земе под водство на лекар, а сега не се согласувам

The post Со ЕПО дрогата Ленс Армстронг бил како на ракетен погон appeared first on Република.

]]>