лекови за цистична фиброза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lekovi-za-tsistichna-fibroza/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 09:15:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лекови за цистична фиброза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lekovi-za-tsistichna-fibroza/ 32 32 Клиниката за детски болести обезбедила терапија за само 15 пациенти со цистична фиброза, а регистирани се 140, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/klinikata-za-detski-bolesti-obezbedila-terapija-za-samo-15-patsienti-so-tsistichna-fibroza-a-registirani-se-140-se-veli-vo-izveshtajot-na-drzhavniot-zavod-za-revizija/ Tue, 13 Feb 2024 09:15:25 +0000 https://republika.mk/?p=743506

Клиниката за детски болести обезбедила околу 2,9 милиони евра (180.350.000 милиони денари), износ кој е доволен за набавка на терапија за само 15 пациенти со цистична фиброза додека, согласно приложената документација, во земјава се регистрирани меѓу 130 и 140 пациенти, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на финансиското работење на установата за 2022 година.

Со извршената ревизија се констатирани состојби и неусогласености од различна природа кои влијаат на изразување на мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2022 година“, стои во извештајот на ревизорите.

Без да се навлегува во медицинската исправност на одлуките на докторите и неоспорувајќи ја потребата од вклучување на пациентите на соодветна терапија, состојбата со ограничен буџет и ограничен број на пациенти на кои се дава терапија, доведува до постоење на ризик од субјективизам при изборот за лекување на пациенти, пишува во извештјот на ДЗР.

Ревизорите утврдиле дека Клиниката за детски болести, која воедно е центар за лекување на пациенти со цистична фиброза, дел од нив се лекувале со лекови кои не се на позитивната листа за кои се обезбедува условен надоместок преку Фондот за здравство или се набавуваат преку програмата за лекување на ретки болести од министерството за здравство.

Подобрување на третманот и начинот на лекување на пациентите со цистична фиброза започна во 2008 година, кога на позитивната листа се воведени три инхалациони лекови кои до пациентите се доставуваат преку инсулинските аптеки. Но, во периодот кој следува на пазарот се достапни нови генерации на лекови за третман на цистична фиброза кои до денот на ревизијата не се воведени во позитивната листа“, констатираат ревизорите.

Како дел од здравствените услуги кои ги нуди Клиниката е и обезбедување хормон за раст, за што во текот на 2022 година реализирани се расходи во износ од 67 милиони денари. Со извршен увид во техничките спецификации утврдено е дека предметот на набавката е поделен во пет делови за набавка на хормон за раст со исто генеричко име и ист АТЦ код, односно во секој дел се набавува истиот лек, а разликата меѓу деловите се однесува само на количината на активна супстанца – лек во количина на раствор, односно различна фармацевтска дозажна форма на лекот во која се врши комерцијалната продажба.

За секој дел поднесена е една понуда, која е избрана за најповолна, поради што набавен е хормон за раст со исто генеричко име, но од 4 различни производители/ трговски марки чии единечни вредности се разликуваат, од кои едни се поскапи бидејќи се оригинатори, а поевтините лекови се био-слични, чија цена во однос на оригинаторите е пониска за 58%.

Согласно даденото образложение од страна на одговорните лица на Клиниката и медицинскиот персонал дека хормонската терапија има ист медицински ефект без разлика на производителот на хормон кој се аплицира, и не е медицински препорачливо да се менува производителот на лекот во текот на лекувањето, ревизијата е на мислење дека е потребно Клиниката во соработка со Министерството да го евалуира начинот на кој се приклучуваат пациентите на терапија и на кој се изготвуваат техничките спецификации, со цел да се обезбеди постигнување на пониски цени во постапката за јавна набавка.

Со извршената ревизија исто така е утврдена и несоодветна примена и недоследно почитување на Законот за јавните набавки во дел од постапките што влијае на конкуренцијата и економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства, се вели во извештајот.

The post Клиниката за детски болести обезбедила терапија за само 15 пациенти со цистична фиброза, а регистирани се 140, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија appeared first on Република.

]]>

Клиниката за детски болести обезбедила околу 2,9 милиони евра (180.350.000 милиони денари), износ кој е доволен за набавка на терапија за само 15 пациенти со цистична фиброза додека, согласно приложената документација, во земјава се регистрирани меѓу 130 и 140 пациенти, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на финансиското работење на установата за 2022 година.
Со извршената ревизија се констатирани состојби и неусогласености од различна природа кои влијаат на изразување на мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2022 година“, стои во извештајот на ревизорите.
Без да се навлегува во медицинската исправност на одлуките на докторите и неоспорувајќи ја потребата од вклучување на пациентите на соодветна терапија, состојбата со ограничен буџет и ограничен број на пациенти на кои се дава терапија, доведува до постоење на ризик од субјективизам при изборот за лекување на пациенти, пишува во извештјот на ДЗР. Ревизорите утврдиле дека Клиниката за детски болести, која воедно е центар за лекување на пациенти со цистична фиброза, дел од нив се лекувале со лекови кои не се на позитивната листа за кои се обезбедува условен надоместок преку Фондот за здравство или се набавуваат преку програмата за лекување на ретки болести од министерството за здравство.
Подобрување на третманот и начинот на лекување на пациентите со цистична фиброза започна во 2008 година, кога на позитивната листа се воведени три инхалациони лекови кои до пациентите се доставуваат преку инсулинските аптеки. Но, во периодот кој следува на пазарот се достапни нови генерации на лекови за третман на цистична фиброза кои до денот на ревизијата не се воведени во позитивната листа“, констатираат ревизорите.
Како дел од здравствените услуги кои ги нуди Клиниката е и обезбедување хормон за раст, за што во текот на 2022 година реализирани се расходи во износ од 67 милиони денари. Со извршен увид во техничките спецификации утврдено е дека предметот на набавката е поделен во пет делови за набавка на хормон за раст со исто генеричко име и ист АТЦ код, односно во секој дел се набавува истиот лек, а разликата меѓу деловите се однесува само на количината на активна супстанца – лек во количина на раствор, односно различна фармацевтска дозажна форма на лекот во која се врши комерцијалната продажба. За секој дел поднесена е една понуда, која е избрана за најповолна, поради што набавен е хормон за раст со исто генеричко име, но од 4 различни производители/ трговски марки чии единечни вредности се разликуваат, од кои едни се поскапи бидејќи се оригинатори, а поевтините лекови се био-слични, чија цена во однос на оригинаторите е пониска за 58%. Согласно даденото образложение од страна на одговорните лица на Клиниката и медицинскиот персонал дека хормонската терапија има ист медицински ефект без разлика на производителот на хормон кој се аплицира, и не е медицински препорачливо да се менува производителот на лекот во текот на лекувањето, ревизијата е на мислење дека е потребно Клиниката во соработка со Министерството да го евалуира начинот на кој се приклучуваат пациентите на терапија и на кој се изготвуваат техничките спецификации, со цел да се обезбеди постигнување на пониски цени во постапката за јавна набавка.