Лекарска комора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lekarska-komora/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 11:38:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лекарска комора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lekarska-komora/ 32 32 Комисијата за етички и правни прашања денеска ќе разговара за Извештајот за смртта на 14-месечното дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-etichki-i-pravni-prashana-deneska-ke-razgovara-za-izveshtajot-za-smrtta-na-14-mesechnoto-dete/ Thu, 17 Oct 2024 11:38:26 +0000 https://republika.mk/?p=828012

Лекарската комора вчера доцна попладне го добила Извештајот од извршен надзор врз стручната работа на Детска Клиника и Козле за смртта на 14-месечното дете.

-Го добивме Извештајот од извршен надзор врз стручната работа на Универзитетската Клиника за детски болести Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје во врска со лекувањето на починатото дете Р.С., подготвен од страна на комисијата формирана од министерот за здравство. За овој случај Комората исто така доби допис и од ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје, во кој оваа здравствена установа дава свое гледиште и став во врска со наводите од извештајот на Министерството за здравство.

Во текот на денешниот ден ќе се одржи состанок на Комисијата за етички и правни прашања, на кој ќе се разгледа доставениот извештај во врска со починатото дете, како и Извештајот од извршениот надзор над стручната работа на ЈЗУ Општа болница Куманово во врска со лекувањето и третманот на починатата родилка М.С. и нејзиното новороденче, кој е подготвен од комисија формирана од министерот за здравство.

За исходот од работата на Комисијата за етички и правни прашања и донесените одлука за понатамошно постапување дополнително ќе информираме - велат од Лекарската Комора.

Министерот за здравство, Арбен Тараари, денеска на прес-конференција рече дека од нив очекува директорите на Детска клиника и Козле да казнат некого, односно „да има одговорност од некого за смртта на 14-месечното бебе“ кое почина од бронхопневмонија.

Да причекаме, верувам дека двајцата директори ќе преземат мерки, а какви ќе бидат, не сакам да предрасудувам. Но, очекувам од нив да има некаква одговорност, рече Таравари на новинарско прашање дали директорите ќе бидат казнети ако не преземат мерки.

Таравари рече дека Клиниката „Козле“ според неговите информации, имала респиратор, ама го дала на некоја друга клиника.

Секако дека Министерството има обврска што побрзо да обезбеди во „Козле“ да има неинванзивен или инванзивен респиратор. Како министер не сум судија, ниту обвинител. Како министер ангажирав компетентна комисија што даде детален извештај што се случило. Тој е испратен до клиниките и чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Немам ингеренции да избркам некого од работа, но инсистирам директорите да преземат мерки за докторите што направиле превид, да не речам грешка, рече Таравари.

The post Комисијата за етички и правни прашања денеска ќе разговара за Извештајот за смртта на 14-месечното дете appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора вчера доцна попладне го добила Извештајот од извршен надзор врз стручната работа на Детска Клиника и Козле за смртта на 14-месечното дете.
-Го добивме Извештајот од извршен надзор врз стручната работа на Универзитетската Клиника за детски болести Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје во врска со лекувањето на починатото дете Р.С., подготвен од страна на комисијата формирана од министерот за здравство. За овој случај Комората исто така доби допис и од ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје, во кој оваа здравствена установа дава свое гледиште и став во врска со наводите од извештајот на Министерството за здравство. Во текот на денешниот ден ќе се одржи состанок на Комисијата за етички и правни прашања, на кој ќе се разгледа доставениот извештај во врска со починатото дете, како и Извештајот од извршениот надзор над стручната работа на ЈЗУ Општа болница Куманово во врска со лекувањето и третманот на починатата родилка М.С. и нејзиното новороденче, кој е подготвен од комисија формирана од министерот за здравство. За исходот од работата на Комисијата за етички и правни прашања и донесените одлука за понатамошно постапување дополнително ќе информираме - велат од Лекарската Комора.
Министерот за здравство, Арбен Тараари, денеска на прес-конференција рече дека од нив очекува директорите на Детска клиника и Козле да казнат некого, односно „да има одговорност од некого за смртта на 14-месечното бебе“ кое почина од бронхопневмонија.
Да причекаме, верувам дека двајцата директори ќе преземат мерки, а какви ќе бидат, не сакам да предрасудувам. Но, очекувам од нив да има некаква одговорност, рече Таравари на новинарско прашање дали директорите ќе бидат казнети ако не преземат мерки.
Таравари рече дека Клиниката „Козле“ според неговите информации, имала респиратор, ама го дала на некоја друга клиника.
Секако дека Министерството има обврска што побрзо да обезбеди во „Козле“ да има неинванзивен или инванзивен респиратор. Како министер не сум судија, ниту обвинител. Како министер ангажирав компетентна комисија што даде детален извештај што се случило. Тој е испратен до клиниките и чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Немам ингеренции да избркам некого од работа, но инсистирам директорите да преземат мерки за докторите што направиле превид, да не речам грешка, рече Таравари.

The post Комисијата за етички и правни прашања денеска ќе разговара за Извештајот за смртта на 14-месечното дете appeared first on Република.

]]>
Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото 14-месечно девојче https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lekarskata-komora-ke-go-razgleduva-izveshtajot-za-pochinatoto-14-mesechno-devojche/ Tue, 15 Oct 2024 11:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=827131

Од Лекарската комора попладнево соопштија дека со загриженост го следат случајот со починатото 14-месечно бебе во Клиниката за детски болести.

Во однос на активностите што ќе ги преземеме, засега може да кажеме дека откако ќе го добиеме извештајот од Министерството за здравство, ќе биде разгледан во Комората, а што ќе се преземе понатаму, зависи од неговата содржина, потенцираа од Лекарската комора.

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека при извршениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, биле констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни.

https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-lekarite-od-klinikata-za-detski-bolesti-i-od-kozle-napravile-previd-koga-ne-go-hospitalizirale-14-mesechnoto-zhensko-bebe-koe-pochina/

Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.

Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка - инвазивна и неинвазивна,појасни Таравари.

Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.

Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, истакна министерот.

The post Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото 14-месечно девојче appeared first on Република.

]]>

Од Лекарската комора попладнево соопштија дека со загриженост го следат случајот со починатото 14-месечно бебе во Клиниката за детски болести.
Во однос на активностите што ќе ги преземеме, засега може да кажеме дека откако ќе го добиеме извештајот од Министерството за здравство, ќе биде разгледан во Комората, а што ќе се преземе понатаму, зависи од неговата содржина, потенцираа од Лекарската комора.
На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека при извршениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, биле констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни. https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-lekarite-od-klinikata-za-detski-bolesti-i-od-kozle-napravile-previd-koga-ne-go-hospitalizirale-14-mesechnoto-zhensko-bebe-koe-pochina/ Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.
Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка - инвазивна и неинвазивна,појасни Таравари.
Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.
Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, истакна министерот.

The post Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото 14-месечно девојче appeared first on Република.

]]>
Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lekarska-komora-objavi-lista-na-doktori-so-vazhechka-litsentsa-za-rabota/ Thu, 26 Sep 2024 14:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=819924

Со цел да се подобри транспарентноста во работењето и безбедноста на пациентите, а со одлука на Извршниот одбор, Лекарската комора на нејзината интернет страница објави информација за доктори кои се носители на важечки лиценци за работа, соопштија денеска од Лекарската комора.

Листата е јавно достапна и сите заинтересиран правни и физички лица може да проверат дали одредено лице е носител на лиценца за работа на доктор.

Обезбедувањето на јавна достапност на овие информации очекуваме дека ќе ги обесхрабри обидите за непочитување на правните прописи со кои е регулирана докторската дејност. Објавените податоци се добиени од Регистарот на издадени, обновени и продолжени лиценци што го води Комората. Листата ќе се ажурира на секои четири месеци со нови податоци за издадени, обновени и продолжени лиценци. Листата содржи информации за име и презиме на докторите, нивната специјалност, бројот на лиценца и датумот на важност, велат оттаму.

Комората упатува препорака до здравствените установи пред да реализираат ново вработување преку јавно објавената листа да проверат дали докторот има важечка лиценца за работа.

Проверка имаат можност да прават и медицинските факултети за запишување на специјализации, супспецијализации и за други потреби како и сите надлежни институции кои во вршењето на своите надлежности, имаат потреба да потврдат дека некое лице е носител на важечка лиценца за работа на лекар. Вакви информации објавуваат и коморите во другите држави од регионот како Србија, Хрватска, Словенија како и западноевропските држави, се вели во соопштението од Лекарската комора.

Листата може да ја погледнете тука

The post Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа appeared first on Република.

]]>

Со цел да се подобри транспарентноста во работењето и безбедноста на пациентите, а со одлука на Извршниот одбор, Лекарската комора на нејзината интернет страница објави информација за доктори кои се носители на важечки лиценци за работа, соопштија денеска од Лекарската комора. Листата е јавно достапна и сите заинтересиран правни и физички лица може да проверат дали одредено лице е носител на лиценца за работа на доктор.
Обезбедувањето на јавна достапност на овие информации очекуваме дека ќе ги обесхрабри обидите за непочитување на правните прописи со кои е регулирана докторската дејност. Објавените податоци се добиени од Регистарот на издадени, обновени и продолжени лиценци што го води Комората. Листата ќе се ажурира на секои четири месеци со нови податоци за издадени, обновени и продолжени лиценци. Листата содржи информации за име и презиме на докторите, нивната специјалност, бројот на лиценца и датумот на важност, велат оттаму.
Комората упатува препорака до здравствените установи пред да реализираат ново вработување преку јавно објавената листа да проверат дали докторот има важечка лиценца за работа.
Проверка имаат можност да прават и медицинските факултети за запишување на специјализации, супспецијализации и за други потреби како и сите надлежни институции кои во вршењето на своите надлежности, имаат потреба да потврдат дека некое лице е носител на важечка лиценца за работа на лекар. Вакви информации објавуваат и коморите во другите држави од регионот како Србија, Хрватска, Словенија како и западноевропските држави, се вели во соопштението од Лекарската комора.
Листата може да ја погледнете тука

The post Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа appeared first on Република.

]]>
Електронско водење на целокупната медицинска документација https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/elektronsko-vodene-na-tselokupnata-meditsinska-dokumentatsija/ Tue, 20 Aug 2024 10:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=808243

Електронско водење на целокупната медицинска документација, запазување на начинот на упатување на пациентите во здравствениот систем и инклузивен процес за проширувањето на Позитивната листа на лекови се приоритетните реформи што Лекарската комора ги истакна на првата средба со новиот министер за здравство д-р Арбен Таравари, што се одржа во просториите на Комората.

Сметаме дека е исклучително важно да се направи поедноставување на процедурите за водењето на медицинската документација на сите нивоа. Тоа лесно може да се примени со системот на електронско здравство што веќе го имаме. Во таа насока истакнуваме барање за укинување на хартиениот картон, односно матичните лекари да водат само електронски картон, како и укинување на праксата да се печатат упатите, специјалистичките мислења и другите документи што ги креираме во „Мој термин“ при прегледот на пациентот. Сега се случува без реална потреба да печатиме и по пет документи за еден пациент, што веќе ги има во „Мој термин“. Со оваа реформа лекарите ќе се ослободат од непотребната административна работа и повеќе време ќе посветат на пациентите кои се нивниот најважен фокус“, истакна проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на Лекарска комора.

На средбата претставници на органите и телата на Комората појаснија и дека сериозно мора да се пристапи кон примена и запазување на патеките за движење на пациентите низ здравствениот систем. Во таа насока e неопходно дијагностичките процедури и постапките за лекување што може да се направат на примарно или на секундарно ниво, да се завршуваат таму и пациентите да не се препраќаат на терцијарно ниво. Доколку се воспостави таков механизам во пракса ќе се избегне ситуација како сега, кога докторите на клиниките се преоптоварени со пациенти, а тие во локалните болници немаат доволно работа, што може негативно да се одрази на квалитетот на работа и на едните и на другите.

Во однос на Позитивната листа на лекови беше истакнат став дека во процесот на нејзино проширување повеќе треба да бидат вклучени лекарите преку стручните здруженија бидејќи тие се најстручни за да кажат кои лекови се најпотребни за лекување на пациентите. Исто така, важно е овој процес да биде инклузивен и за пациентите, преку нивните здруженија за и тие да се информирани навреме за одлуките што се носат и да имаат можност да ги претстават своите видувања.

На средбата исто така се дискутираше и за други теми од секојдневната докторска пракса, меѓу кои и вработувањето на специјализантите и задржување на младите доктори во земјава, што е многу важно за надоместување на кадарот кој си заминува од јавното здравство. Претставниците на Комората истакнаа дека специјализациите треба да се доделуваат согласно систематизациите на здравствени установи и реалните потреби што постојат, бидејќи така се штити здравствениот систем и се гарантира достапност на здравствените услуги. Треба да се обезбеди и рамномерно распределување на расположливиот кадар на територијата на целата држава, а целиот процес треба да се гледа низ призмата на општествениот интерес. Беше истакната и потребата за поедноставување на процедурите за вработување на лекари, за поставување на телемедицината на стабилен основ како и за неопходноста од воведување на електронски интергиран здравствен систем.

Лекарската комора, како и другите медицински комори, Фармацевтската и Стоматолошката, чии претставници исто така присуствуваа на средбата како професионални организации во кои членуваат докторите на медицина, стоматолози и фармацевти, истакнаа заеднички став дека како и досега остануваат посветени на соработката со Министерството за здравство како креатор на здравствените политики. Коморите се подготвени, во процесите на реформи посветено да партиципираат и со своето стручно познавање и искуство да придонесат кон креирање на одржливи решенија што ќе придонесат за унапредување на здравствениот систем во интерес на здравствените работници и пациентите. На предлог на министерот Таравари се договори и редовна динамика на средби, како и активно вклучување на коморите во телата што ќе ги водат реформските процеси.

The post Електронско водење на целокупната медицинска документација appeared first on Република.

]]>

Електронско водење на целокупната медицинска документација, запазување на начинот на упатување на пациентите во здравствениот систем и инклузивен процес за проширувањето на Позитивната листа на лекови се приоритетните реформи што Лекарската комора ги истакна на првата средба со новиот министер за здравство д-р Арбен Таравари, што се одржа во просториите на Комората.
Сметаме дека е исклучително важно да се направи поедноставување на процедурите за водењето на медицинската документација на сите нивоа. Тоа лесно може да се примени со системот на електронско здравство што веќе го имаме. Во таа насока истакнуваме барање за укинување на хартиениот картон, односно матичните лекари да водат само електронски картон, како и укинување на праксата да се печатат упатите, специјалистичките мислења и другите документи што ги креираме во „Мој термин“ при прегледот на пациентот. Сега се случува без реална потреба да печатиме и по пет документи за еден пациент, што веќе ги има во „Мој термин“. Со оваа реформа лекарите ќе се ослободат од непотребната административна работа и повеќе време ќе посветат на пациентите кои се нивниот најважен фокус“, истакна проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на Лекарска комора.
На средбата претставници на органите и телата на Комората појаснија и дека сериозно мора да се пристапи кон примена и запазување на патеките за движење на пациентите низ здравствениот систем. Во таа насока e неопходно дијагностичките процедури и постапките за лекување што може да се направат на примарно или на секундарно ниво, да се завршуваат таму и пациентите да не се препраќаат на терцијарно ниво. Доколку се воспостави таков механизам во пракса ќе се избегне ситуација како сега, кога докторите на клиниките се преоптоварени со пациенти, а тие во локалните болници немаат доволно работа, што може негативно да се одрази на квалитетот на работа и на едните и на другите. Во однос на Позитивната листа на лекови беше истакнат став дека во процесот на нејзино проширување повеќе треба да бидат вклучени лекарите преку стручните здруженија бидејќи тие се најстручни за да кажат кои лекови се најпотребни за лекување на пациентите. Исто така, важно е овој процес да биде инклузивен и за пациентите, преку нивните здруженија за и тие да се информирани навреме за одлуките што се носат и да имаат можност да ги претстават своите видувања. На средбата исто така се дискутираше и за други теми од секојдневната докторска пракса, меѓу кои и вработувањето на специјализантите и задржување на младите доктори во земјава, што е многу важно за надоместување на кадарот кој си заминува од јавното здравство. Претставниците на Комората истакнаа дека специјализациите треба да се доделуваат согласно систематизациите на здравствени установи и реалните потреби што постојат, бидејќи така се штити здравствениот систем и се гарантира достапност на здравствените услуги. Треба да се обезбеди и рамномерно распределување на расположливиот кадар на територијата на целата држава, а целиот процес треба да се гледа низ призмата на општествениот интерес. Беше истакната и потребата за поедноставување на процедурите за вработување на лекари, за поставување на телемедицината на стабилен основ како и за неопходноста од воведување на електронски интергиран здравствен систем. Лекарската комора, како и другите медицински комори, Фармацевтската и Стоматолошката, чии претставници исто така присуствуваа на средбата како професионални организации во кои членуваат докторите на медицина, стоматолози и фармацевти, истакнаа заеднички став дека како и досега остануваат посветени на соработката со Министерството за здравство како креатор на здравствените политики. Коморите се подготвени, во процесите на реформи посветено да партиципираат и со своето стручно познавање и искуство да придонесат кон креирање на одржливи решенија што ќе придонесат за унапредување на здравствениот систем во интерес на здравствените работници и пациентите. На предлог на министерот Таравари се договори и редовна динамика на средби, како и активно вклучување на коморите во телата што ќе ги водат реформските процеси.  

The post Електронско водење на целокупната медицинска документација appeared first on Република.

]]>
Регистрираниот опфат е под 90 отсто за сите вакцини на национално ниво, затоа се соочуваме со епидемија на голема кашлица, а можеби и на морбили, кажа претседателката на Лекарската комора https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/registriraniot-opfat-e-pod-90-otsto-za-site-vaktsini-na-natsionalno-nivo-zatoa-se-soochuvame-so-epidemija-na-golema-kashlitsa-a-mozhebi-i-na-morbili-kazha-pretsedatelkata-na-lekarskata-komora/ Mon, 25 Mar 2024 13:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=758543

За жал, според податоците за 2022 година, во однос на примарната вакцинација и ревакцинација не е постигнат препорачаниот опфат од над 95 отсто за ниту една вакцина на национално ниво. Регистрираниот опфат е под 90 отсто за сите вакцини. Како последица на ова, веќе се соочуваме со епидемија на голема кашлица, а ризикот од повторно соочување со нови епидемии на мали сипаници, е сериозен, рече Калина Гривчева - Старделова, претседателка на Лекарската комора.

Денеска беше потпишана секларација за промоција и поддршка на вакцинацијата од страна на трите медицински комори, Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката, Министерството за здравство, медицинските факултети во земјава и Институтот за јавно здравје.

Како што беше истакнато на прес-конференцијата по овој повод, целта на Декларацијата е создавање поширок фронт за поддршка на вакцинацијата и одржување континуитет на активностите за промоција на имунизацијата.

Лекарите, истакна Гривчева - Старделова, ги разбираат родителите кои се соочени со многу неверодостојни и неточни информации поврзани со вакцините, особено на социјалните мрежи, што предизвикува неоправдан страв и одбивање или одложување на вакцинацијата.

Ние, како најрелевантен извор на информации, треба да ги осигураме родителите дека редовната вакцинација е неопходна за да се одржи добро здравје кај децата и општата популација, а вакцините се безбедни и сигурни, потенцира Гривчева - Старделова.

Според неа, не треба да постојат сомнежи дали децата треба да бидат редовно вакцинирани.

Министерот за здравство Илир Демири рече дека јавноста мора да се сензибилизира за да се постигне оптималната вакцинација.

Прес-конфернцијата во Лекарската комора почна со едноминутно молчење во знак на почит кон двајцата починати, 67-годишниот лекар од Скопје и 40-годишната докторка од Скопје, која загина во сообраќајка пред неколку дена.

The post Регистрираниот опфат е под 90 отсто за сите вакцини на национално ниво, затоа се соочуваме со епидемија на голема кашлица, а можеби и на морбили, кажа претседателката на Лекарската комора appeared first on Република.

]]>

За жал, според податоците за 2022 година, во однос на примарната вакцинација и ревакцинација не е постигнат препорачаниот опфат од над 95 отсто за ниту една вакцина на национално ниво. Регистрираниот опфат е под 90 отсто за сите вакцини. Како последица на ова, веќе се соочуваме со епидемија на голема кашлица, а ризикот од повторно соочување со нови епидемии на мали сипаници, е сериозен, рече Калина Гривчева - Старделова, претседателка на Лекарската комора. Денеска беше потпишана секларација за промоција и поддршка на вакцинацијата од страна на трите медицински комори, Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката, Министерството за здравство, медицинските факултети во земјава и Институтот за јавно здравје. Како што беше истакнато на прес-конференцијата по овој повод, целта на Декларацијата е создавање поширок фронт за поддршка на вакцинацијата и одржување континуитет на активностите за промоција на имунизацијата. Лекарите, истакна Гривчева - Старделова, ги разбираат родителите кои се соочени со многу неверодостојни и неточни информации поврзани со вакцините, особено на социјалните мрежи, што предизвикува неоправдан страв и одбивање или одложување на вакцинацијата.
Ние, како најрелевантен извор на информации, треба да ги осигураме родителите дека редовната вакцинација е неопходна за да се одржи добро здравје кај децата и општата популација, а вакцините се безбедни и сигурни, потенцира Гривчева - Старделова.
Според неа, не треба да постојат сомнежи дали децата треба да бидат редовно вакцинирани. Министерот за здравство Илир Демири рече дека јавноста мора да се сензибилизира за да се постигне оптималната вакцинација. Прес-конфернцијата во Лекарската комора почна со едноминутно молчење во знак на почит кон двајцата починати, 67-годишниот лекар од Скопје и 40-годишната докторка од Скопје, која загина во сообраќајка пред неколку дена.

The post Регистрираниот опфат е под 90 отсто за сите вакцини на национално ниво, затоа се соочуваме со епидемија на голема кашлица, а можеби и на морбили, кажа претседателката на Лекарската комора appeared first on Република.

]]>
Лекарската комора и здруженијата на пациенти потпишаа Меморандум за соработка, приоритет е измена на Позитивната листа на лекови https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lekarskata-komora-i-zdruzhenijata-na-patsienti-potpishaa-memorandum-za-sorabotka-prioritet-e-izmena-na-pozitivnata-lista-na-lekovi/ Fri, 24 Nov 2023 12:34:17 +0000 https://republika.mk/?p=715916

Со цел унапредување на заедничката соработка во насока на создавање на подобри услови за лекување на пациентите и работа на лекарите Лекарската комора потпиша Меморандум за соработка со здруженијата на пациенти.

Како приоритена активност во наредниот период се идентификуваше потребата од заедничко вклучување во процесот на измени и дополнување на Позитивната листа на лекови.

Потписниците на Меморандумот, исто така, ќе одржуваат и редовни координативни состаноци, а во овие активности ќе може да се приклучат и други здруженија на пациенти кои ги делат истите цели и интереси.

Документот во име на Комората го потпиша претседателката проф. д-р Калина Гривчева Старделова со претставници на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, Здружението на граѓани за ретки болести “Живот со предизвици”, Хепар центар Битола, Здружението на граѓани со хронична миелоична леукемија, Здружението за поддршка на луѓе што живеат со ХИВ „Заедно посилни“, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, Здружението на пациенти со рак и нивни негуватели „ХЕМА-ОНКО” и “ФЕМИНА М” здружение за помош и поддршка на пациентите со гинеколошки заболувања.

Претседателката на Комората, проф. д-р Гривчева Старделова истакна дека меморандумот е израз на добра волја на двете страна за понатамошна поблиска соработка.

Ова е важен настан за сите нас, бидејќи испраќаме јасен сигнал до јавноста дека лекарите и пациентите не се две спротиставени страни, како што тоа најчесто се перцепира, туку напротив, тие се вистински сојузници со заедничка цел, а тоа е овозможување на што подобар третман за пациентите, што е тесно поврзано со обезбедување на подобри условите за работа на докторите“, истакна проф. д-р Гривчева Старделова.

Заедничките активности ќе бидат насочени кон подигнување на нивото на соработка и комуникација меѓу пациентите и лекарите за зајакнување на довербата и воспоставување на партнерски однос, давање меѓусебна поддршка за прашања од взаемен интерес преку заеднички соопштенија, прес - конференции, форуми, реализација на заеднички активности насочени кон подигнување на нивото на општото здравје, како и заеднички настап пред надлежните институции за предлагање на решенија за прашања од заеднички интерес.

The post Лекарската комора и здруженијата на пациенти потпишаа Меморандум за соработка, приоритет е измена на Позитивната листа на лекови appeared first on Република.

]]>

Со цел унапредување на заедничката соработка во насока на создавање на подобри услови за лекување на пациентите и работа на лекарите Лекарската комора потпиша Меморандум за соработка со здруженијата на пациенти. Како приоритена активност во наредниот период се идентификуваше потребата од заедничко вклучување во процесот на измени и дополнување на Позитивната листа на лекови. Потписниците на Меморандумот, исто така, ќе одржуваат и редовни координативни состаноци, а во овие активности ќе може да се приклучат и други здруженија на пациенти кои ги делат истите цели и интереси. Документот во име на Комората го потпиша претседателката проф. д-р Калина Гривчева Старделова со претставници на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, Здружението на граѓани за ретки болести “Живот со предизвици”, Хепар центар Битола, Здружението на граѓани со хронична миелоична леукемија, Здружението за поддршка на луѓе што живеат со ХИВ „Заедно посилни“, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, Здружението на пациенти со рак и нивни негуватели „ХЕМА-ОНКО” и “ФЕМИНА М” здружение за помош и поддршка на пациентите со гинеколошки заболувања. Претседателката на Комората, проф. д-р Гривчева Старделова истакна дека меморандумот е израз на добра волја на двете страна за понатамошна поблиска соработка.
Ова е важен настан за сите нас, бидејќи испраќаме јасен сигнал до јавноста дека лекарите и пациентите не се две спротиставени страни, како што тоа најчесто се перцепира, туку напротив, тие се вистински сојузници со заедничка цел, а тоа е овозможување на што подобар третман за пациентите, што е тесно поврзано со обезбедување на подобри условите за работа на докторите“, истакна проф. д-р Гривчева Старделова.
Заедничките активности ќе бидат насочени кон подигнување на нивото на соработка и комуникација меѓу пациентите и лекарите за зајакнување на довербата и воспоставување на партнерски однос, давање меѓусебна поддршка за прашања од взаемен интерес преку заеднички соопштенија, прес - конференции, форуми, реализација на заеднички активности насочени кон подигнување на нивото на општото здравје, како и заеднички настап пред надлежните институции за предлагање на решенија за прашања од заеднички интерес.  

The post Лекарската комора и здруженијата на пациенти потпишаа Меморандум за соработка, приоритет е измена на Позитивната листа на лекови appeared first on Република.

]]>
Институциите да ги заштитат лекарите од злоупотреба за лажно рекламирање, бараат од Лекарската комoра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/institutsiite-da-gi-zashtitat-lekarite-od-zloupotreba-za-lazhno-reklamirane-baraat-od-lekarskata-komora/ Wed, 13 Sep 2023 08:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=681479

Лекарската комора на Република Македонија, како професионално здружение на сите доктори по медицина, јавно бара од Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да постапуваат и да ја спречат злоупотребата на професионалниот интергитет и авторитет на лекарите во функција на лажно рекламирање на непроверени форми на медицински препарати, лекови, додатоци во исхрана, методи или помошни средства за лекување, што се сè поприсутни на интернет порталите и на социјалните мрежи.

https://republika.mk/zivot/zdravje/koj-gi-koristi-popularnite-lekari-za-profit-likot-na-d-r-taravari-zloupotreben-kako-i-likot-na-d-r-panovski/

Во Комората зачестено стасуваат поплаки од доктори кои се жалат дека случајно откриваат дека нивното име и фотографија се користи за промоција и продажба на одредени производи без нивна согласност или знаење. Оваа употреба на нивниот професионален интегритет има сериозни негативни последици, како за нивната репутација како медицински професионалци, така и за пациентите кои може да станат жртви на оваа измама.

Имено, станува збор за манипулативни и лажни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи со непроверено потекло, состав или производство. Во рекламите се пласираат измислени изјави или интервјуа со вистински лекари и се објавуваат нивни фотографии, без лекарите да дадат соодветна согласност за користење на нивното име и професионален интегритет за рекламирање на овие препарати, поради што ова може да се смета за груба злоупотреба на личните податоци и лажно рекламирање за остварување на материјална корист. Штетата е уште поголема кога поради лажното рекламирање на препаратите пациентите може да добијат впечаток дека се работи за некои видови на чудотворни лекови, а со тоа да ја занемарат редовната терапија и да предизвикаат сериозна штета по своето здравје.

Комората ги охрабрува докторите кои се жртви на вакви злоупотреби задолжително да пријават во Министерството за внатрешни работи и кога е можно да ги предупредат пациентите за овие лажни реклами.

https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-panovski-apelira-ako-vidite-reklama-so-mene-za-kakov-bilo-proizvod-ne-kupuvajte-laga-e/

До надлежните институции поголем број на лекари веќе имаат поднесено кривични пријави со соодветни докази. Комората и досега јавно реагираше и предупредуваше преку соопштенија за последиците, но сè уште немаме информација за донесени јавно-обвинителски одлуки за овие предмети.

Лекарската комора уште еднаш најостро ги осудува сите вакви злоупотреби и бара поажурно постапување за итно расветлување на случаите и соодветно санкционирање на сторителите. На овој начин ќе се заштитат и докторите и пациентите, ќе се превенира генерирање на нови случаи на злоупотреба, но и ќе се спречи можноста за предизвикување на штета по здравјето на граѓаните.

https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-nikola-panovski-zrtva-na-internet-reklama-ne-reklamiram-chaj-za-paraziti-aram-da-vi-e-platata-mvr-ujp-malmed/

The post Институциите да ги заштитат лекарите од злоупотреба за лажно рекламирање, бараат од Лекарската комoра appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора на Република Македонија, како професионално здружение на сите доктори по медицина, јавно бара од Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да постапуваат и да ја спречат злоупотребата на професионалниот интергитет и авторитет на лекарите во функција на лажно рекламирање на непроверени форми на медицински препарати, лекови, додатоци во исхрана, методи или помошни средства за лекување, што се сè поприсутни на интернет порталите и на социјалните мрежи. https://republika.mk/zivot/zdravje/koj-gi-koristi-popularnite-lekari-za-profit-likot-na-d-r-taravari-zloupotreben-kako-i-likot-na-d-r-panovski/ Во Комората зачестено стасуваат поплаки од доктори кои се жалат дека случајно откриваат дека нивното име и фотографија се користи за промоција и продажба на одредени производи без нивна согласност или знаење. Оваа употреба на нивниот професионален интегритет има сериозни негативни последици, како за нивната репутација како медицински професионалци, така и за пациентите кои може да станат жртви на оваа измама.
Имено, станува збор за манипулативни и лажни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи со непроверено потекло, состав или производство. Во рекламите се пласираат измислени изјави или интервјуа со вистински лекари и се објавуваат нивни фотографии, без лекарите да дадат соодветна согласност за користење на нивното име и професионален интегритет за рекламирање на овие препарати, поради што ова може да се смета за груба злоупотреба на личните податоци и лажно рекламирање за остварување на материјална корист. Штетата е уште поголема кога поради лажното рекламирање на препаратите пациентите може да добијат впечаток дека се работи за некои видови на чудотворни лекови, а со тоа да ја занемарат редовната терапија и да предизвикаат сериозна штета по своето здравје.
Комората ги охрабрува докторите кои се жртви на вакви злоупотреби задолжително да пријават во Министерството за внатрешни работи и кога е можно да ги предупредат пациентите за овие лажни реклами. https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-panovski-apelira-ako-vidite-reklama-so-mene-za-kakov-bilo-proizvod-ne-kupuvajte-laga-e/ До надлежните институции поголем број на лекари веќе имаат поднесено кривични пријави со соодветни докази. Комората и досега јавно реагираше и предупредуваше преку соопштенија за последиците, но сè уште немаме информација за донесени јавно-обвинителски одлуки за овие предмети.
Лекарската комора уште еднаш најостро ги осудува сите вакви злоупотреби и бара поажурно постапување за итно расветлување на случаите и соодветно санкционирање на сторителите. На овој начин ќе се заштитат и докторите и пациентите, ќе се превенира генерирање на нови случаи на злоупотреба, но и ќе се спречи можноста за предизвикување на штета по здравјето на граѓаните.
https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-nikola-panovski-zrtva-na-internet-reklama-ne-reklamiram-chaj-za-paraziti-aram-da-vi-e-platata-mvr-ujp-malmed/

The post Институциите да ги заштитат лекарите од злоупотреба за лажно рекламирање, бараат од Лекарската комoра appeared first on Република.

]]>
Не сме сите исти, реагираат од Лекарската комора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-sme-site-isti-reagiraat-od-lekarskata-komora/ Tue, 05 Sep 2023 14:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=679045

Лекарската комора го почитува правото на протест на сите граѓани, но, изразува силно несогласување и ги осудува обидите на вчерашниот протест, сите доктори да се стават во ист кош и да се етикетираат како виновници за последните случувања во здравствениот сектор, нарекувајќи ги „убијци“ и повикува тоа веднаш да престане, бидејќи така засилено се поткопува довербата меѓу лекарот и пациентот, што е клучна за што поповолен исход на лекувањето, се наведува во денешното соопштение на Комората.

Комората уште во саботата реагираше во однос на изнесените сомнежи за злоупотреби на Клиниката за онкологија и радиотерапија, кои ги оцени како вознемирувачки и побара што побрзо расветлување на настаните и дознавање на вистината. Повторуваме дека ниту еден пациент не смее да биде оставен без терапијата што му следува и во никој случај не смеат да се дозволат манипулации, со цел остварување на материјална корист од страна на поединци. Доколку во законските постапки коишто ги водат надлежните институции, се докаже дека одредени лекари биле вклучени во злоупотреби на онколошка терапија, со што нанеле штета на здравјето на пациентите, органите на Комората без одлагање, по добивање на релевантен доказ или судски пресуди, ќе постапат во рамките на своите надлежности за санкционирање и ќе изречат максимални санкции, нагласуваат во соопштението.

Како што се додава, „изразуваме длабоко жалење за загубите на пациентите и членовите на нивните семејства кои ја изгубиле битката во борбата со канцерот, но, апелираме, додека трае процесот, да не се создава масовна паника и да не се генерализира дека сè во здравството не е добро и дека сите лекари ги манипулираат своите пациенти, бидејќи тоа не е точно и е на штета на пациентите“.

Најголем дел од докторите во нашата држава секојдневно, професионално, одговорно и чесно ги лекуваат пациентите и се обидуваат да им пружат максимално ниво на квалитет на здравствена заштита, согласно условите во кои работат. Трудот на овие професионалци треба да се вреднува и почитува и тие не треба да се поистоветуваат со поединци, кои постапувале поинаку од она што го налага медицинската етика и медицинските протоколи, подвлекуваат во соопштението.

The post Не сме сите исти, реагираат од Лекарската комора appeared first on Република.

Лекарска комора: Неоправдано е да се создава јавно мислење дека сите лекари во Македонија, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lekarska-komora-neopravdano-e-da-se-sozdava-javno-mislene-deka-site-lekari-vo-makedonija-vkluchitelno-i-vo-bolnitsata-vo-bitola-rabotat-nestruchno-i-nesovesno/ Mon, 26 Jun 2023 18:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=655465

Лекарската комора на Македонија ги осудува јавните вербални навреди, напади и притисоци врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за направена лекарска грешка, што се зачестено присутни во медиумите и социјалните мрежи.

Апелираме да престане секојдневниот и голем притисок врз докторите од ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” - Битола, кој е присутен иако инспекцискиот и стручниот надзор, како и извештајот на Судска медицина не утврдија лекарски грешка и стручен пропуст во лекувањето и не е констатирана причинско - последична врска меѓу терапијата која била дадена на 5-годишната пациентка и исходот од лекувањето, се вели во рекцијата на Лекарската комора.

Од ЛК додаваат:

Во такви услови, целосно е неоправдано континуирано да се создава јавно мислење дека сите лекари во нашата земја, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно. Процесот на создавање на лекар трае долго време и бара посветеност, континуирано учење и залагање, што е голема инвестиција на самиот лекар, неговото семејство, но и на образовниот и здравствен систем. Истакнуваме дека најголем дел од лекарите професионално, одговорно, стручно и посветено секојдневно се грижат за здравјето на пациентите во условите кои постојат во здравствениот систем. Не постои доктор кој не сака да го излекува својот пациент.

Докторите, како најважен чинител на здравствениот систем, мора да бидат еднакво заштитени и почитувани без разлика дали се дел од јавното или приватно здравство, затоа што сите се образуваат на истите факултети и најчесто најголем дел од својот професионален развој го достигнуваат во јавните здравствени установи. Иако јавното здравство се соочува со предизвици во однос на расположливите ресурси, докторите од Клиничка болница во Битола, а и во сите други јавни здравствени установи, секојдневно се обидуваат да пронајдат начини како да се подобрат условите, да не се затвораат одделенија и да им се овозможи на пациентите подобра здравствена заштита со поголемо обострано разбирање и трпение. Неоправданиот притисок што се прави врз лекарите создава услови за нивно заминување од јавното здравство, што е примарно на штета на пациентите.

Лекарската комора ја истакнува и важноста, медиумите и новинарите кои влијаат врз креирање на општото јавно мислење да ги почитуваат професионалните стандарди при известувањето за лекувањето на пациенти и да пренесуваат проверени информации од официјални извори, со почит кон пациентите и нивната приватност. Ширењето на шпекулации и до крај непотврдени информации прави поширока општествена штета.

Изразуваме жалење и разбирање за болката на пациентите и нивните семејства, но потенцираме дека состојбите нема да се подобрат со ширење говор на омраза кон лекарите и споделување на нестручни проценки и тврдења. Надлежните институции се единствени во земјата коишто даваат официјално, стручно мислење врз основ на факти и тие се единствен извор на точни и прецизни информации за настанатата состојба. За одржливост на здравствениот систем ја истакнуваме важноста лекарите и пациентите да ги почитуваат одлуките на институциите, а истите да постапуваат ажурно и кога ќе се утврди лекарска грешка, но и кога лекарот ќе биде неосновано напаѓан и обвинуван, се вели во реакцијата на ЛК.

The post Лекарска комора: Неоправдано е да се создава јавно мислење дека сите лекари во Македонија, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора на Македонија ги осудува јавните вербални навреди, напади и притисоци врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за направена лекарска грешка, што се зачестено присутни во медиумите и социјалните мрежи.
Апелираме да престане секојдневниот и голем притисок врз докторите од ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” - Битола, кој е присутен иако инспекцискиот и стручниот надзор, како и извештајот на Судска медицина не утврдија лекарски грешка и стручен пропуст во лекувањето и не е констатирана причинско - последична врска меѓу терапијата која била дадена на 5-годишната пациентка и исходот од лекувањето, се вели во рекцијата на Лекарската комора.
Од ЛК додаваат:
Во такви услови, целосно е неоправдано континуирано да се создава јавно мислење дека сите лекари во нашата земја, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно. Процесот на создавање на лекар трае долго време и бара посветеност, континуирано учење и залагање, што е голема инвестиција на самиот лекар, неговото семејство, но и на образовниот и здравствен систем. Истакнуваме дека најголем дел од лекарите професионално, одговорно, стручно и посветено секојдневно се грижат за здравјето на пациентите во условите кои постојат во здравствениот систем. Не постои доктор кој не сака да го излекува својот пациент. Докторите, како најважен чинител на здравствениот систем, мора да бидат еднакво заштитени и почитувани без разлика дали се дел од јавното или приватно здравство, затоа што сите се образуваат на истите факултети и најчесто најголем дел од својот професионален развој го достигнуваат во јавните здравствени установи. Иако јавното здравство се соочува со предизвици во однос на расположливите ресурси, докторите од Клиничка болница во Битола, а и во сите други јавни здравствени установи, секојдневно се обидуваат да пронајдат начини како да се подобрат условите, да не се затвораат одделенија и да им се овозможи на пациентите подобра здравствена заштита со поголемо обострано разбирање и трпение. Неоправданиот притисок што се прави врз лекарите создава услови за нивно заминување од јавното здравство, што е примарно на штета на пациентите.
Лекарската комора ја истакнува и важноста, медиумите и новинарите кои влијаат врз креирање на општото јавно мислење да ги почитуваат професионалните стандарди при известувањето за лекувањето на пациенти и да пренесуваат проверени информации од официјални извори, со почит кон пациентите и нивната приватност. Ширењето на шпекулации и до крај непотврдени информации прави поширока општествена штета.
Изразуваме жалење и разбирање за болката на пациентите и нивните семејства, но потенцираме дека состојбите нема да се подобрат со ширење говор на омраза кон лекарите и споделување на нестручни проценки и тврдења. Надлежните институции се единствени во земјата коишто даваат официјално, стручно мислење врз основ на факти и тие се единствен извор на точни и прецизни информации за настанатата состојба. За одржливост на здравствениот систем ја истакнуваме важноста лекарите и пациентите да ги почитуваат одлуките на институциите, а истите да постапуваат ажурно и кога ќе се утврди лекарска грешка, но и кога лекарот ќе биде неосновано напаѓан и обвинуван, се вели во реакцијата на ЛК.

The post Лекарска комора: Неоправдано е да се создава јавно мислење дека сите лекари во Македонија, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно appeared first on Република.

]]>
Постои мислење во јавноста дека сите лекари во земјава работат нестручно и несовесно, што целосно не е точно, реагираат од Лекарската комора https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/postoi-mislene-vo-javnosta-deka-site-lekari-vo-zemjava-rabotat-nestruchno-i-nesovesno-shto-tselosno-ne-e-tochno-reagiraat-od-lekarskata-komora/ Thu, 13 Apr 2023 13:52:26 +0000 https://republika.mk/?p=630640

Лекарската комора најостро ги осудува јавните вербални напади и навреди врз лекарите и лекарската професија, како и неосновани обвинувања за сторена лекарска грешка, истакнувајќи дека атмосферата што се креира во јавноста, покажува дека е потребно итно носење на посебен закон за заштита на докторска дејност, со што ќе бидат регулирани правата и обврските на докторите, се нагласува во денешното соопштение.

Докторите од болницата во Битола, кои беа вклучени во лекувањето на петгодишно девојче, се изложени на огромен притисок, иако инспекцискиот и стручниот надзор досега не утврдија пропусти во стручната работа. Докторите од „Жан Митрев“ беa изложени на навреди и вербални напади пред Кривичниот суд, што секако не е атмосфера во која се почитува правото на пресумпција на невиност, како осново човеково право. Секојдневно во медиумите се истакнуваат имиња на доктори кои биле вклучени во лекување на пациенти, наведувајќи на тоа дека сториле некаква лекарска грешка, без притоа да постои одлука на надлежна институција, подвлекуваат од Лекарската комора.

Комората ги осудува сите овие настани кои „предизвикуваат сериозно вознемирување, згрозување и нарушување на достоинството, угледот и интегритетот на професијата, што е крајно недозволиво во услови кога најрелевантните меѓународни организации истакнуваат дека здравствените работници се најважниот чинител на здравствениот систем, поради што треба да бидат заштитени и предупредуваат на глобален недостиг на овие профили на пазарот на трудот“.

Атмосферата која постои кај нас создава јавно мислење дека сите лекари во земјава работат нестручно и несовесно, што целосно не е точно, бидејќи најголем дел од нив, својот професионален и приватен живот го посветиле на својата професија и одговорно, стручно и посветено секојдневно пружат здравствена заштита и се грижат за здравјето на голем број пациенти во условите кои постојат во здравствениот систем. Загубата за живот на пациент е тежок удар за секој лекар, што никогаш не може целосно да се надмине, се истакнува во соопштението.

Важно за креирање на јавното мислење и вистинско насочување на расплетот на случаите кои се од интерес на јавноста, како што посочуваат од Лекарската комора, е и тоа поединците кои не се компетентни или немаат релевантни информации, да се воздржат од давање на јавни коментари, бидејќи „така само се засилуваат нападите и говорот на омраза без притоа да се постигне ефект на конкретно утврдување на одговорност и превенција на нови случаи“.

Лекарската комора, исто така, ги охрабрува институциите соодветно и ажурно да постапуваат во сите случаи кога ќе се утврди пропуст во лекувањето, но, „соодветна санкција да има и во случаите кога докторите неосновано се напаѓаат“.

Истакнуваме и дека пациентите и лекарите се дел од еден ист систем, во кој може да се обезбеди рамнотежа единствено ако институциите во државата подеднакво застанат во одбрана на правата и на едните и на другите. Во овој момент законски се регулирани само правата на пациентите, додека законот за лекарска дејност во кој покрај обврските, би се уредиле и правата на лекарите и покрај долгогодишни бројни иницијативи сѐ уште не е донесен. Апелираме овој закон со кој лекарската дејност се смета за дејност од посебен општествен интерес, да биде итно донесен, пишува во соопштението.

The post Постои мислење во јавноста дека сите лекари во земјава работат нестручно и несовесно, што целосно не е точно, реагираат од Лекарската комора appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора најостро ги осудува јавните вербални напади и навреди врз лекарите и лекарската професија, како и неосновани обвинувања за сторена лекарска грешка, истакнувајќи дека атмосферата што се креира во јавноста, покажува дека е потребно итно носење на посебен закон за заштита на докторска дејност, со што ќе бидат регулирани правата и обврските на докторите, се нагласува во денешното соопштение.
Докторите од болницата во Битола, кои беа вклучени во лекувањето на петгодишно девојче, се изложени на огромен притисок, иако инспекцискиот и стручниот надзор досега не утврдија пропусти во стручната работа. Докторите од „Жан Митрев“ беa изложени на навреди и вербални напади пред Кривичниот суд, што секако не е атмосфера во која се почитува правото на пресумпција на невиност, како осново човеково право. Секојдневно во медиумите се истакнуваат имиња на доктори кои биле вклучени во лекување на пациенти, наведувајќи на тоа дека сториле некаква лекарска грешка, без притоа да постои одлука на надлежна институција, подвлекуваат од Лекарската комора.
Комората ги осудува сите овие настани кои „предизвикуваат сериозно вознемирување, згрозување и нарушување на достоинството, угледот и интегритетот на професијата, што е крајно недозволиво во услови кога најрелевантните меѓународни организации истакнуваат дека здравствените работници се најважниот чинител на здравствениот систем, поради што треба да бидат заштитени и предупредуваат на глобален недостиг на овие профили на пазарот на трудот“.
Атмосферата која постои кај нас создава јавно мислење дека сите лекари во земјава работат нестручно и несовесно, што целосно не е точно, бидејќи најголем дел од нив, својот професионален и приватен живот го посветиле на својата професија и одговорно, стручно и посветено секојдневно пружат здравствена заштита и се грижат за здравјето на голем број пациенти во условите кои постојат во здравствениот систем. Загубата за живот на пациент е тежок удар за секој лекар, што никогаш не може целосно да се надмине, се истакнува во соопштението.
Важно за креирање на јавното мислење и вистинско насочување на расплетот на случаите кои се од интерес на јавноста, како што посочуваат од Лекарската комора, е и тоа поединците кои не се компетентни или немаат релевантни информации, да се воздржат од давање на јавни коментари, бидејќи „така само се засилуваат нападите и говорот на омраза без притоа да се постигне ефект на конкретно утврдување на одговорност и превенција на нови случаи“. Лекарската комора, исто така, ги охрабрува институциите соодветно и ажурно да постапуваат во сите случаи кога ќе се утврди пропуст во лекувањето, но, „соодветна санкција да има и во случаите кога докторите неосновано се напаѓаат“.
Истакнуваме и дека пациентите и лекарите се дел од еден ист систем, во кој може да се обезбеди рамнотежа единствено ако институциите во државата подеднакво застанат во одбрана на правата и на едните и на другите. Во овој момент законски се регулирани само правата на пациентите, додека законот за лекарска дејност во кој покрај обврските, би се уредиле и правата на лекарите и покрај долгогодишни бројни иницијативи сѐ уште не е донесен. Апелираме овој закон со кој лекарската дејност се смета за дејност од посебен општествен интерес, да биде итно донесен, пишува во соопштението.

The post Постои мислење во јавноста дека сите лекари во земјава работат нестручно и несовесно, што целосно не е точно, реагираат од Лекарската комора appeared first on Република.

]]>
Употреба на сила, заканите, навредите, малтретирањето на здравствените работници станаа кривични дела https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/upotreba-na-sila-zakanite-navredite-maltretiraneto-na-zdravstvenite-rabotnitsi-stanaa-krivichni-dela/ Fri, 17 Feb 2023 12:35:38 +0000 https://republika.mk/?p=610160

Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори по медицина во нашата земја го поздравува носењето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие и соодветно ќе се казнува, велат од Лекарската комора.

Со новите измени во Кривичниот законик е одредено дека делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар или друг здравствен работник при вршење на нивните професионални задачи се кривични дела за кои е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

-Лекарската комора подолг период во соработка со надлежните институции работеше на подготовка на новите законски решенија, при што беа донесени измените на Законот за здравствена заштита, а сега со носење измени на Кривичниот законик се заокружува процесот, кој треба да создаде побезбедна околина за вршење на здравствената дејност, што ќе биде корисно како за здравствените работници, така и за пациентите - истакнуваат од Лекарската комора.

Оттаму потенцираат дека носењето на овие законски измени е особено значајно бидејќи доаѓа во време кога се регистрираат зачестените физички и вербални напади врз здравствените работници и потребно е да се превенираат нови и посериозни инциденти.

Лекарите и другите здравствени работници имаат право да ги извршуваат своите работни обврски без да бидат под притисок од закани за нивниот живот и безбедност и не смее да се дозволи тие да бидат мета на незадоволството на пациентите. Лекарите и пациентите само преку заедничко дејствување и соработка можат да најдат решение за предизвиците во укажувањето на здравствената заштита, кои најчесто се должат на системски проблеми за чие решавање е потребен општ консензус - велат од комората.

Тие нагласуваат дека Лекарската комора останува отворена за своите членови да ги пријавуваат инцидентите со кои се соочуваат и да дава помош и поддршка, како и будно да го следи постапувањето на надлежните институции.

The post Употреба на сила, заканите, навредите, малтретирањето на здравствените работници станаа кривични дела appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори по медицина во нашата земја го поздравува носењето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие и соодветно ќе се казнува, велат од Лекарската комора. Со новите измени во Кривичниот законик е одредено дека делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар или друг здравствен работник при вршење на нивните професионални задачи се кривични дела за кои е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.
-Лекарската комора подолг период во соработка со надлежните институции работеше на подготовка на новите законски решенија, при што беа донесени измените на Законот за здравствена заштита, а сега со носење измени на Кривичниот законик се заокружува процесот, кој треба да создаде побезбедна околина за вршење на здравствената дејност, што ќе биде корисно како за здравствените работници, така и за пациентите - истакнуваат од Лекарската комора.
Оттаму потенцираат дека носењето на овие законски измени е особено значајно бидејќи доаѓа во време кога се регистрираат зачестените физички и вербални напади врз здравствените работници и потребно е да се превенираат нови и посериозни инциденти.
Лекарите и другите здравствени работници имаат право да ги извршуваат своите работни обврски без да бидат под притисок од закани за нивниот живот и безбедност и не смее да се дозволи тие да бидат мета на незадоволството на пациентите. Лекарите и пациентите само преку заедничко дејствување и соработка можат да најдат решение за предизвиците во укажувањето на здравствената заштита, кои најчесто се должат на системски проблеми за чие решавање е потребен општ консензус - велат од комората.
Тие нагласуваат дека Лекарската комора останува отворена за своите членови да ги пријавуваат инцидентите со кои се соочуваат и да дава помош и поддршка, како и будно да го следи постапувањето на надлежните институции.

The post Употреба на сила, заканите, навредите, малтретирањето на здравствените работници станаа кривични дела appeared first on Република.

]]>
Лекарската комора го одбележа 100-от роденден на педијатарот д-р Никола Стојановски https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lekarskata-komora-go-odbelezha-100-ot-rodenden-na-pedijatarot-d-r-nikola-stojanovski/ Sat, 11 Feb 2023 18:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=607841

Лекарската комора на Македонија денеска организираше свеченост по повод одбележување на 100. роденден на д-р Никола Стојановски, познат педијатар кој целиот свој работен век посветено, стручно и одговорно се грижел за здравјето на голем број пациенти.

Прим. д-р Стојановски е и признат учесник во НОБ.

Прим. д-р Никола Стојановски е роден во 1923 година во селото Скачинци, Велешко. Тој завршил Медицински факултет во Белград, а специјализирал педијатрија. Речиси целиот работен век бил педијатар и директор на Општата болницата во Велес. Исто така ја извршувал и функцијата пратеник во првиот парламентарен состав на независна Македонија.

The post Лекарската комора го одбележа 100-от роденден на педијатарот д-р Никола Стојановски appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора на Македонија денеска организираше свеченост по повод одбележување на 100. роденден на д-р Никола Стојановски, познат педијатар кој целиот свој работен век посветено, стручно и одговорно се грижел за здравјето на голем број пациенти. Прим. д-р Стојановски е и признат учесник во НОБ. Прим. д-р Никола Стојановски е роден во 1923 година во селото Скачинци, Велешко. Тој завршил Медицински факултет во Белград, а специјализирал педијатрија. Речиси целиот работен век бил педијатар и директор на Општата болницата во Велес. Исто така ја извршувал и функцијата пратеник во првиот парламентарен состав на независна Македонија.

The post Лекарската комора го одбележа 100-от роденден на педијатарот д-р Никола Стојановски appeared first on Република.

]]>
Лекарската комора обезбеди парична донација за настраданите во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lekarskata-komora-obezbedi-parichna-donatsija-za-nastradanite-vo-turtsija/ Fri, 10 Feb 2023 10:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=607292

Во знак на солидарност и поддршка Извршниот одбор на Лекарска комора донесе одлука за доделување на парична донација во висина од 5.000 евра за настраданите граѓани на Турција во катастрофалниот земјотрес кој однесе многу човечки животи и предизвика огромна материјална штета. Средствата се уплатени во фондот “Хуманитарна акција” кој е воспоставен од Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Република Турција.

Лекарската комора воедно го поздравува големиот одзив на здравствените работници на повикот за медицинска помош во Турција кој го објави Министерството за здравство и ги охрабрува сите доктори на медицина кои се во можност да помогнат во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес.

Комората изразува длабоко сочувство за жртвите од земјотресот, загуба која никогаш нема да може да се надомести и ја истакнува итната потреба да се помогне. Хуманоста и солидарноста е основен предзнак на лекарската професија, а сега е важен момент кога сите, согласно своите можности, треба тоа да го покажат на дело.

Лекарската комора испрати и писмо за поддршка до Лекарската комора во Р. Турција во кое искажа подготвеност за помош со ресурсите со кои располага. Граѓаните и здравствените работници на нашата држава знаат што значи поддршката во вакви моменти, поради тоа што се соочиле со природна катастрофа од ваков вид, земјотресот во Скопје во 1963 година, кога многу наши семејства биле директно засегнати.

Во овој момент е најважно да се обединат сите ресурси за помош кои постојат и да се насочат во подрачјата каде е најпотребно. Комората ги следи случувањата и во координација со надлежните институции  ќе остане инволвирана во наредните активности за поддршка.

The post Лекарската комора обезбеди парична донација за настраданите во Турција appeared first on Република.

]]>

Во знак на солидарност и поддршка Извршниот одбор на Лекарска комора донесе одлука за доделување на парична донација во висина од 5.000 евра за настраданите граѓани на Турција во катастрофалниот земјотрес кој однесе многу човечки животи и предизвика огромна материјална штета. Средствата се уплатени во фондот “Хуманитарна акција” кој е воспоставен од Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Република Турција. Лекарската комора воедно го поздравува големиот одзив на здравствените работници на повикот за медицинска помош во Турција кој го објави Министерството за здравство и ги охрабрува сите доктори на медицина кои се во можност да помогнат во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес. Комората изразува длабоко сочувство за жртвите од земјотресот, загуба која никогаш нема да може да се надомести и ја истакнува итната потреба да се помогне. Хуманоста и солидарноста е основен предзнак на лекарската професија, а сега е важен момент кога сите, согласно своите можности, треба тоа да го покажат на дело. Лекарската комора испрати и писмо за поддршка до Лекарската комора во Р. Турција во кое искажа подготвеност за помош со ресурсите со кои располага. Граѓаните и здравствените работници на нашата држава знаат што значи поддршката во вакви моменти, поради тоа што се соочиле со природна катастрофа од ваков вид, земјотресот во Скопје во 1963 година, кога многу наши семејства биле директно засегнати. Во овој момент е најважно да се обединат сите ресурси за помош кои постојат и да се насочат во подрачјата каде е најпотребно. Комората ги следи случувањата и во координација со надлежните институции  ќе остане инволвирана во наредните активности за поддршка.

The post Лекарската комора обезбеди парична донација за настраданите во Турција appeared first on Република.

]]>
Докторите да ги пријават сите реклами на интернет кои лажно го користат нивното име, апелираат од Лекарската комора https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/doktorite-da-gi-prijavat-site-reklami-na-internet-koi-lazhno-go-koristat-nivnoto-ime-apeliraat-od-lekarskata-komora/ Wed, 25 Jan 2023 11:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=600832

Докторите да ги пријават и јавно да инфформираат за сите реклами на интернет кои лажно го користат нивното име и титула, апелира Лекарската комора.

Апелираме лекарите овие случаи да продолжат да ги пријавуваат и јавно да информираат за ситуации во кои без нивна согласност и одобрение, некој се претставува во нивно име или го користи нивниот професионален интегритет, потенцираат од лекарската комора.

Лекарска комора, како професионално здружение на сите доктори по медицина, најостро ги осудува сите обиди за злоупотреба на професионалниот интегритет и авторитет на лекарите преку различни форми на реклами за лекови, помошни средства за лекување, додатоци во исхраната и постапки за лекување во кои се злоупотребува нивниот идентитет и професионален интегритет.

Еден од докторите чие име беше злоупотребено е и професорот Никола Пановски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-panovski-apelira-ako-vidite-reklama-so-mene-za-kakov-bilo-proizvod-ne-kupuvajte-laga-e/

Д-р Пановски, јавно реагираше дека огласите што се појавуваат на интернет и на социјалните мрежи, а во кои се вели дека тој промовира одредени производи се лажни.  Тој дека реагирал до надлежните, но тоа не донело резултат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-nikola-panovski-zrtva-na-internet-reklama-ne-reklamiram-chaj-za-paraziti-aram-da-vi-e-platata-mvr-ujp-malmed/

Во последно време стана зачестена појавата на лажни и манипулативни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи кои се пласираат на интернет. Во вакви огласи и текстови често се појавуваат измислени изјави или интервјуа на вистински лекари и се објавуваат нивни фотографии што е целосно незаконски. Лекарите не даваат дозвола за користење на нивното име и професионален интегритет за рекламирање на овие препарати поради што ова може да се смета за кражба на идентитет, лажно рекламирање и злоупотреба на лични податоци за остварување на материјална корист, се вели во денешното соопштение од Лекарската комора.

Од Комората бараат од надлежните институции навремено и ажурно да постапат по поднесените кривични пријави и да ги санкционираат овие случаи, со што би се заштитиле докторите и би се спречило повторување на овие случаи.

Надлежните институции треба да ја интензивираат динамиката со која испитуваат кој, како и за која цел ги поставува овие сомнителни содржини и, согласно утврдената состојба, да ги санкционираат сторителите. Недозволиво е овие случаи да се игнорираат и остануваат без правна разрешница.

Дополнително, од Комората ги предупредуваат граѓаните дека ваквите производи може да содржат материи кои сериозно би наштетиле на нивното здравје. Дури и во случај кога препаратите не содржат штетни материи, со самото тоа што им се препишуваат лековити својства кои реално не ги поседуваат, граѓаните намерно се доведени во заблуда и со тоа се загрозува нивното здравје.

Поради тоа, би ги посоветувале пациентите, кога одлучуваат да ја променат терапијата, да почнат нова или во постоечката да вклучат нов препарат, задолжително да се консултираат со својот матичен лекар или специјалист, бидејќи само тие можат да им помогнат да донесат правилна одлука за нивното здравје и во никој случај не смеат да се поведуваат по реклами на интернет и по туѓи искуства, се потенцира во соопштението од Лекарската комора.

The post Докторите да ги пријават сите реклами на интернет кои лажно го користат нивното име, апелираат од Лекарската комора appeared first on Република.

]]>

Докторите да ги пријават и јавно да инфформираат за сите реклами на интернет кои лажно го користат нивното име и титула, апелира Лекарската комора. Апелираме лекарите овие случаи да продолжат да ги пријавуваат и јавно да информираат за ситуации во кои без нивна согласност и одобрение, некој се претставува во нивно име или го користи нивниот професионален интегритет, потенцираат од лекарската комора. Лекарска комора, како професионално здружение на сите доктори по медицина, најостро ги осудува сите обиди за злоупотреба на професионалниот интегритет и авторитет на лекарите преку различни форми на реклами за лекови, помошни средства за лекување, додатоци во исхраната и постапки за лекување во кои се злоупотребува нивниот идентитет и професионален интегритет. Еден од докторите чие име беше злоупотребено е и професорот Никола Пановски. https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-panovski-apelira-ako-vidite-reklama-so-mene-za-kakov-bilo-proizvod-ne-kupuvajte-laga-e/ Д-р Пановски, јавно реагираше дека огласите што се појавуваат на интернет и на социјалните мрежи, а во кои се вели дека тој промовира одредени производи се лажни.  Тој дека реагирал до надлежните, но тоа не донело резултат. https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-nikola-panovski-zrtva-na-internet-reklama-ne-reklamiram-chaj-za-paraziti-aram-da-vi-e-platata-mvr-ujp-malmed/
Во последно време стана зачестена појавата на лажни и манипулативни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи кои се пласираат на интернет. Во вакви огласи и текстови често се појавуваат измислени изјави или интервјуа на вистински лекари и се објавуваат нивни фотографии што е целосно незаконски. Лекарите не даваат дозвола за користење на нивното име и професионален интегритет за рекламирање на овие препарати поради што ова може да се смета за кражба на идентитет, лажно рекламирање и злоупотреба на лични податоци за остварување на материјална корист, се вели во денешното соопштение од Лекарската комора.
Од Комората бараат од надлежните институции навремено и ажурно да постапат по поднесените кривични пријави и да ги санкционираат овие случаи, со што би се заштитиле докторите и би се спречило повторување на овие случаи.
Надлежните институции треба да ја интензивираат динамиката со која испитуваат кој, како и за која цел ги поставува овие сомнителни содржини и, согласно утврдената состојба, да ги санкционираат сторителите. Недозволиво е овие случаи да се игнорираат и остануваат без правна разрешница.
Дополнително, од Комората ги предупредуваат граѓаните дека ваквите производи може да содржат материи кои сериозно би наштетиле на нивното здравје. Дури и во случај кога препаратите не содржат штетни материи, со самото тоа што им се препишуваат лековити својства кои реално не ги поседуваат, граѓаните намерно се доведени во заблуда и со тоа се загрозува нивното здравје.
Поради тоа, би ги посоветувале пациентите, кога одлучуваат да ја променат терапијата, да почнат нова или во постоечката да вклучат нов препарат, задолжително да се консултираат со својот матичен лекар или специјалист, бидејќи само тие можат да им помогнат да донесат правилна одлука за нивното здравје и во никој случај не смеат да се поведуваат по реклами на интернет и по туѓи искуства, се потенцира во соопштението од Лекарската комора.
 
The post Докторите да ги пријават сите реклами на интернет кои лажно го користат нивното име, апелираат од Лекарската комора appeared first on Република.

]]>
Калина Гривчева Старделова повторно избрана за претседателка на Лекарската комора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kalina-grivcheva-stardelova-povtorno-izbrana-za-pretsedatelka-na-lekarskata-komora/ Fri, 01 Jul 2022 19:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=522337

Проф. д-р Калина Гривчева Старделова е реизбрана за претседател на Лекарската комора, на конститутивнаta седница на Собранието на Комората која се одржа во просториите на Градската општа болница „8. Септември“.

Од присутните 75 делегати на Собранието поддршка на д-р Гривчева Старделова дадоа 51, додека за другиот кандидат доц. д-р Емилија Велковска гласаа 24 делегати.

Во своето обраќање пред членовите на Собранието, Гривчева Старделова даде краток преглед на активностите во изминатиот приод и ја презентираше програмата за работа во наредниот период. Активностите, како што посочи, ќе бидат насочени кон зајакнување на улогата на Комората како еснафско здружение, унапредување на статутот на лекарите и ќе кон иницирање на реформи во здравствениот систем кои ќе креираат подобри услови за работа на лекарите и за лекување на пациентите - се наведува во соопштението од Лекарската комора.

Собранието ги избра и членовите на другите органи и тела кои ќе ја водат Лекарската комора во следните четири години. За заменик-претседател е избран д-р Беким Исмаили, додека за потпретседатели се избрани д-р Љупчо Стефановски, д-р Маја Манолева и д-р Алберт Леши.

За нов претседател на Собранието е избран д-р Висар Муча, а за потпретседатели на Собранието на Комората д-р Александар Димовски и д-р Берат Лена.

Нови членови на Извршниот Одбор се д-р Лилија Чолакова Дервишова, д-р Дафина Караџова, д-р Кадри Хаџихамза, д-р Тодор Кичуков, д-р Мевлудин Куч, д-р Илбер Бесими, д-р Дениел Поповски, д-р Илир Шурлани и д-р Џабир Бајрами.

Членовите на органите и телата на Комората се заблагодарија за изборот и ветија посветена и одговорна работа во наредниот период.

The post Калина Гривчева Старделова повторно избрана за претседателка на Лекарската комора appeared first on Република.

]]>

Проф. д-р Калина Гривчева Старделова е реизбрана за претседател на Лекарската комора, на конститутивнаta седница на Собранието на Комората која се одржа во просториите на Градската општа болница „8. Септември“. Од присутните 75 делегати на Собранието поддршка на д-р Гривчева Старделова дадоа 51, додека за другиот кандидат доц. д-р Емилија Велковска гласаа 24 делегати.
Во своето обраќање пред членовите на Собранието, Гривчева Старделова даде краток преглед на активностите во изминатиот приод и ја презентираше програмата за работа во наредниот период. Активностите, како што посочи, ќе бидат насочени кон зајакнување на улогата на Комората како еснафско здружение, унапредување на статутот на лекарите и ќе кон иницирање на реформи во здравствениот систем кои ќе креираат подобри услови за работа на лекарите и за лекување на пациентите - се наведува во соопштението од Лекарската комора.
Собранието ги избра и членовите на другите органи и тела кои ќе ја водат Лекарската комора во следните четири години. За заменик-претседател е избран д-р Беким Исмаили, додека за потпретседатели се избрани д-р Љупчо Стефановски, д-р Маја Манолева и д-р Алберт Леши. За нов претседател на Собранието е избран д-р Висар Муча, а за потпретседатели на Собранието на Комората д-р Александар Димовски и д-р Берат Лена. Нови членови на Извршниот Одбор се д-р Лилија Чолакова Дервишова, д-р Дафина Караџова, д-р Кадри Хаџихамза, д-р Тодор Кичуков, д-р Мевлудин Куч, д-р Илбер Бесими, д-р Дениел Поповски, д-р Илир Шурлани и д-р Џабир Бајрами. Членовите на органите и телата на Комората се заблагодарија за изборот и ветија посветена и одговорна работа во наредниот период.

The post Калина Гривчева Старделова повторно избрана за претседателка на Лекарската комора appeared first on Република.

]]>
Старделова се договорила со ДУИ и Груби да остане претседател на Лекарската комора?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stardelova-se-dogovorila-so-dui-i-grubi-da-ostane-pretsedatel-na-lekarskata-komora/ Thu, 30 Jun 2022 22:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=521907

Вицепремиерот Артан Груби лобира Калина Гривчева Старделова да остане на чело на Лекарската комора, дознава Република.

Од извори лекарската фела дознаваме дека сè уште актуелната претседателка на Лекарската комора и директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија е толку заинтересирана да остане на функцијата што влегла во политички зделки со актуелни функционери.

Изборот на ново раководство на Лекарската комора преминува во шпанска серија. Иако Старделова извршува две функции истовремено, а Антикорупциската комисија уште во 2019 година констатира дека доаѓа до судир на интереси, таа грчевито се бори да остане на двете раководни столчиња. Очигледно, едното задржувајќи го со помош на првиот вицепремиер.

Освен тоа, периодов лекарите сведочат за низа притисоци и уцени.
Лекарите веруваат дека сепак, на изборите, со тајно гласање по сопствено убедување ќе згасне кариерата на Старделова во Лекарската комора.

The post Старделова се договорила со ДУИ и Груби да остане претседател на Лекарската комора?! appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот Артан Груби лобира Калина Гривчева Старделова да остане на чело на Лекарската комора, дознава Република. Од извори лекарската фела дознаваме дека сè уште актуелната претседателка на Лекарската комора и директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија е толку заинтересирана да остане на функцијата што влегла во политички зделки со актуелни функционери. Изборот на ново раководство на Лекарската комора преминува во шпанска серија. Иако Старделова извршува две функции истовремено, а Антикорупциската комисија уште во 2019 година констатира дека доаѓа до судир на интереси, таа грчевито се бори да остане на двете раководни столчиња. Очигледно, едното задржувајќи го со помош на првиот вицепремиер. Освен тоа, периодов лекарите сведочат за низа притисоци и уцени. Лекарите веруваат дека сепак, на изборите, со тајно гласање по сопствено убедување ќе згасне кариерата на Старделова во Лекарската комора.

The post Старделова се договорила со ДУИ и Груби да остане претседател на Лекарската комора?! appeared first on Република.

]]>
Егоизам и каприциозност ја матат водата во Лекарската комора на Македонија https://arhiva3.republika.mk/kolumni/egoizam-i-kapricioznost-ja-matat-vodata-vo-lekarskata-komora-na-makedonija/ Wed, 29 Jun 2022 10:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=521025

Кирил Лазов

„...Со сета своја сила ќе ги одржувам честа и благородните традиции на лекарската професија. Моите колеги ќе бидат мои браќа", извадок од Хипократова заклетва.

Добро би било како лекари почесто да се потсетуваме на Хипократовата заклетва, посебно на одредени делови затоа што се чини дека ги подзабораваме етичките аспекти на најблагородната и најхуманата професија. Но кога е во прашање егото и задоволувањето на каприците, посебно на ликови протежирани од власта, дури и Хипократовата заклетва паѓа во вода.

Деновиве се повеќе се актуелизира изборот на нов претседател на Лекарската комора во Македонија, а само десетина денови претходно беше спроведен избор на делегати на нетранспарентен, недемократски и нелегитимен начин зад затворени врати. Се гласаше дури и во директорската канцеларија на актуелната ни претседателка на Лекарската комора, директорка на Клиниката за гастеоентерохепатологија, миленичката на Заев и Филипче, пуленот на Рендевски, д-р Калина Гривчева Старделова, чии што апетити и овој пат се насочени кон освојување на нов претседателски мандат на Лекарската комора.

И покрај судирот на интереси, и покрај сите укажувања и казнени пенали од страна на Антикорупциската комисија дека не може да ги извршува двете функции и директор и претседател на Лекарската комора на Македонија, д-р Старделова со својата нескротлива амбиција и големи апетити, не сака да ја испушти од раце позицијата. Фактот дека и незаконски речиси две години си го продолжи мандатот без избор, со изговор дека пандемијата е во прашање, дополнително отвора полемики. Дали се тоа можеби лични каприци? Дали како послушен партиски војник има добра позадина која ја заштитува и никој ништо не и може?

Повеќе од јасно е дека Старделова како претседател на Лекарската комора и одговара на власта и на раководните лица во Министерство за здравство. Досегашната пракса покажа дека наместо да ги штити интересите на своите колеги за што и беше избрана претходно, таа работи против интересите на лекарите, а во корист на власта. Молчи секогаш кога требало да се дигне гласот. Останува воздржана кога има потреба од критика. Во ниту еден момент од двегодишна пандемиска агонија на ковид - 19, од позиција на претседател на Лекарска комора не излезе со став во врска со немањето протоколи за работа. Не ги заштити ниту колегите кои беа фрлени дирекно во огнот без соодветна опрема. Не ги заштити и не застана на страната на матичните лекари кои беа казнети за време на пандемијата. Не направи многу работи на страната на своите колеги, лекари, кои еден претседател на Лекарска комора треба да ги направи.

Лекарската комора на Македонија има потреба да ја води лекар на кои колегите ќе му бидат браќа и со сета своја сила ќе ги брани и одржува честа и благородните традиции на лекарската комисија, како што вели Хипократовата заклетва.

Лекарската комора заслужува челник кој ќе ги претставува и штити интересите на лекарите, а не сопствените интереси и интересот на власта.

Што ќе избереме и дали ќе надвладее совеста кај присутните делегати кои ќе гласаат или партискиот притисок останува да видиме после изборот.

The post Егоизам и каприциозност ја матат водата во Лекарската комора на Македонија appeared first on Република.

]]>

Кирил Лазов

„...Со сета своја сила ќе ги одржувам честа и благородните традиции на лекарската професија. Моите колеги ќе бидат мои браќа", извадок од Хипократова заклетва. Добро би било како лекари почесто да се потсетуваме на Хипократовата заклетва, посебно на одредени делови затоа што се чини дека ги подзабораваме етичките аспекти на најблагородната и најхуманата професија. Но кога е во прашање егото и задоволувањето на каприците, посебно на ликови протежирани од власта, дури и Хипократовата заклетва паѓа во вода. Деновиве се повеќе се актуелизира изборот на нов претседател на Лекарската комора во Македонија, а само десетина денови претходно беше спроведен избор на делегати на нетранспарентен, недемократски и нелегитимен начин зад затворени врати. Се гласаше дури и во директорската канцеларија на актуелната ни претседателка на Лекарската комора, директорка на Клиниката за гастеоентерохепатологија, миленичката на Заев и Филипче, пуленот на Рендевски, д-р Калина Гривчева Старделова, чии што апетити и овој пат се насочени кон освојување на нов претседателски мандат на Лекарската комора. И покрај судирот на интереси, и покрај сите укажувања и казнени пенали од страна на Антикорупциската комисија дека не може да ги извршува двете функции и директор и претседател на Лекарската комора на Македонија, д-р Старделова со својата нескротлива амбиција и големи апетити, не сака да ја испушти од раце позицијата. Фактот дека и незаконски речиси две години си го продолжи мандатот без избор, со изговор дека пандемијата е во прашање, дополнително отвора полемики. Дали се тоа можеби лични каприци? Дали како послушен партиски војник има добра позадина која ја заштитува и никој ништо не и може? Повеќе од јасно е дека Старделова како претседател на Лекарската комора и одговара на власта и на раководните лица во Министерство за здравство. Досегашната пракса покажа дека наместо да ги штити интересите на своите колеги за што и беше избрана претходно, таа работи против интересите на лекарите, а во корист на власта. Молчи секогаш кога требало да се дигне гласот. Останува воздржана кога има потреба од критика. Во ниту еден момент од двегодишна пандемиска агонија на ковид - 19, од позиција на претседател на Лекарска комора не излезе со став во врска со немањето протоколи за работа. Не ги заштити ниту колегите кои беа фрлени дирекно во огнот без соодветна опрема. Не ги заштити и не застана на страната на матичните лекари кои беа казнети за време на пандемијата. Не направи многу работи на страната на своите колеги, лекари, кои еден претседател на Лекарска комора треба да ги направи. Лекарската комора на Македонија има потреба да ја води лекар на кои колегите ќе му бидат браќа и со сета своја сила ќе ги брани и одржува честа и благородните традиции на лекарската комисија, како што вели Хипократовата заклетва. Лекарската комора заслужува челник кој ќе ги претставува и штити интересите на лекарите, а не сопствените интереси и интересот на власта. Што ќе избереме и дали ќе надвладее совеста кај присутните делегати кои ќе гласаат или партискиот притисок останува да видиме после изборот.

The post Егоизам и каприциозност ја матат водата во Лекарската комора на Македонија appeared first on Република.

]]>
Докажана дома и признаена во Европа: Д-р Велкова е дел од изборите за ново раководството на ЛКМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dokazana-doma-i-priznaena-vo-evropa-d-r-velkova-e-del-od-izborite-za-novo-rakovodstvoto-na-lkm/ Mon, 27 Jun 2022 12:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=520275

На претстојниот избор за ново раководство на Лекарската комора на Македонија, се појавува и докажаната докторка Емилија Велкова. Велкова е позната меѓу колегите, но добро ја познаваат и пациентите.

Доктор Велкова има долгогодишно лекарско искуство, но исто така и долгогодишно искуство во менаџирање на здравствени установи. Во периодот од 2013-та до 2017-та година, таа е директор на Институтот за трансфузиона медицина во Македонија, а во 2015-та година добива диплома за директор за менаџирање со квалитет на крвни банки за Македонија.

Ова признание докторката го доби од Европскиот директорат за менаџирање со квалитет во медицината при Совет на Европа. Таа е докажан доктор во земјава.

Дел е од еснафското Здружение на трансфузиолози во земјава, од Комисијата за трансплатација на ткива и органи во Лекарската комора, дел од Комисија за национална стратегија за снабдување со сигурна крв при Министерството за здравство и многу други организации.

Докторката има и била номинира за низа звања од меѓународните здравствени власти. Така во 2015-та година е номинирана за контакт лице за соработка со Здравствената мрежа на Југоисточна Европа во областа безбедност на крв, во 2016-та година е назначена за експерт во Комитетот на експерти за трансфузија на крв на Советот на Европа. На меѓународен план, таа зема учество во работата на низа здруженија и комисии, меѓу кои Меѓународно здружение на трансфузиолози, Меѓународно здружение за хемостаза и тромбоза.

Велкова инаку е доцент, односно доктор на науки. Високото образование го стекнува на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј”, а специјализација по Трансфузиона медицина ја поминува во истатата институција. Инаку таа е експерт доктор на медицински науки во областа за пренатална дијагностика и имунохематолошки пореметувања кај бремени жени.

Магистерската по медицински науки, пак, е во областа Трансфузиона медицина, а трудот е со наслов: „Имунохематолошка дијагностика на еритроцитната алоимунизација во бременоста и пуерпериумот“.

The post Докажана дома и признаена во Европа: Д-р Велкова е дел од изборите за ново раководството на ЛКМ appeared first on Република.

]]>

На претстојниот избор за ново раководство на Лекарската комора на Македонија, се појавува и докажаната докторка Емилија Велкова. Велкова е позната меѓу колегите, но добро ја познаваат и пациентите. Доктор Велкова има долгогодишно лекарско искуство, но исто така и долгогодишно искуство во менаџирање на здравствени установи. Во периодот од 2013-та до 2017-та година, таа е директор на Институтот за трансфузиона медицина во Македонија, а во 2015-та година добива диплома за директор за менаџирање со квалитет на крвни банки за Македонија. Ова признание докторката го доби од Европскиот директорат за менаџирање со квалитет во медицината при Совет на Европа. Таа е докажан доктор во земјава. Дел е од еснафското Здружение на трансфузиолози во земјава, од Комисијата за трансплатација на ткива и органи во Лекарската комора, дел од Комисија за национална стратегија за снабдување со сигурна крв при Министерството за здравство и многу други организации. Докторката има и била номинира за низа звања од меѓународните здравствени власти. Така во 2015-та година е номинирана за контакт лице за соработка со Здравствената мрежа на Југоисточна Европа во областа безбедност на крв, во 2016-та година е назначена за експерт во Комитетот на експерти за трансфузија на крв на Советот на Европа. На меѓународен план, таа зема учество во работата на низа здруженија и комисии, меѓу кои Меѓународно здружение на трансфузиолози, Меѓународно здружение за хемостаза и тромбоза. Велкова инаку е доцент, односно доктор на науки. Високото образование го стекнува на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј”, а специјализација по Трансфузиона медицина ја поминува во истатата институција. Инаку таа е експерт доктор на медицински науки во областа за пренатална дијагностика и имунохематолошки пореметувања кај бремени жени. Магистерската по медицински науки, пак, е во областа Трансфузиона медицина, а трудот е со наслов: „Имунохематолошка дијагностика на еритроцитната алоимунизација во бременоста и пуерпериумот“.  

The post Докажана дома и признаена во Европа: Д-р Велкова е дел од изборите за ново раководството на ЛКМ appeared first on Република.

]]>
Старделова си го продолжи мандатот, не ги почитува правните акти – сега никој не верува во фер избори во ЛКМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stardelova-si-go-prodolzi-mandatot-ne-gi-pochituva-pravnite-akti-sega-nikoj-ne-veruva-vo-fer-izbori-vo-lkm/ Sun, 26 Jun 2022 11:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=519859

Претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева - Старделова прави се веќе подолг период, односно повеќе од две години само да остане на функцијата прв човек на ова еснафско здружение. Иако има Одлука од Антокорупциската комоисија дека има судир на интереси, односно дека Старделова не може да биде и претседател на Комората и директор на Клиниката за гастроентерохепатологија, таа овој правен акт го игнорира.

Антикорупциска во ноември 2019 година донесе Одлука со која прсече дека Старделова може да биде само директор на клиника или претседател на ЛКМ. Во Одлуката се вели дека таа како претседател на ЛКМ не можеа да ја контролира и работата како директор на Клиниката за гастроентерохепатологија, односно не може да ја оценува сопствената работа. Но, Старделова ја игнорира Одлуката повеќе од две години.

Оправдувајќи се со корона пандемијата таа самата си го продолжи мандатот како претседателка на Лекарската комора. Старделова си го продолжи мандатот како претседател на ЛКМ за околу година и половина со образложение дека за време на корона не може да спроведе избори. Праксата говори дека таа можеше да направи такво нешто.

Критиките се главно за тоа дека не се прецизирани постоечките акти, како и начинот на спроведување на самите избори или дека истите планира да ги спроведува далеку од очите на јавноста или народски кажано во нејзината канцеларија.

Во Статутот на Комората од 2019 година прецизно се наведени сите акти на Комората меѓу кои и Правилникот за избори и отповикување. Притоа јасно стои дека Комората се обврзува во наредните шест месеци да ги усогласи актите и јавно да ги објави. Сето ова не е реализирано“, коментираат упатените.

Правниците додаваат дека може да се толкува дека овие избори за Лекарската комора се незаконски и нестатутарни.

Бидејќи нема усогласување на актите со Статутот може да се заклучи и дека изборите во Комората не можат да произведат правно дејство. Согласно со ова самата одлука за избори и изборот на нов претседател на Лекарската комора нема да доведе до правен ефект - коментираат правниците.

Дополнително, велат правниците, имајќи во предвид дека секогаш се појавуваат апетити да се остане на функција, а тоа најчесто е проткаено со неправилности, добро е да се прецизира во Правилниот дека за истите треба да има набљудувачи. Правилникот тоа не го забранува, но според нив добро е да се прецизира истото.

The post Старделова си го продолжи мандатот, не ги почитува правните акти – сега никој не верува во фер избори во ЛКМ appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева - Старделова прави се веќе подолг период, односно повеќе од две години само да остане на функцијата прв човек на ова еснафско здружение. Иако има Одлука од Антокорупциската комоисија дека има судир на интереси, односно дека Старделова не може да биде и претседател на Комората и директор на Клиниката за гастроентерохепатологија, таа овој правен акт го игнорира. Антикорупциска во ноември 2019 година донесе Одлука со која прсече дека Старделова може да биде само директор на клиника или претседател на ЛКМ. Во Одлуката се вели дека таа како претседател на ЛКМ не можеа да ја контролира и работата како директор на Клиниката за гастроентерохепатологија, односно не може да ја оценува сопствената работа. Но, Старделова ја игнорира Одлуката повеќе од две години. Оправдувајќи се со корона пандемијата таа самата си го продолжи мандатот како претседателка на Лекарската комора. Старделова си го продолжи мандатот како претседател на ЛКМ за околу година и половина со образложение дека за време на корона не може да спроведе избори. Праксата говори дека таа можеше да направи такво нешто. Критиките се главно за тоа дека не се прецизирани постоечките акти, како и начинот на спроведување на самите избори или дека истите планира да ги спроведува далеку од очите на јавноста или народски кажано во нејзината канцеларија. Во Статутот на Комората од 2019 година прецизно се наведени сите акти на Комората меѓу кои и Правилникот за избори и отповикување. Притоа јасно стои дека Комората се обврзува во наредните шест месеци да ги усогласи актите и јавно да ги објави. Сето ова не е реализирано“, коментираат упатените. Правниците додаваат дека може да се толкува дека овие избори за Лекарската комора се незаконски и нестатутарни.
Бидејќи нема усогласување на актите со Статутот може да се заклучи и дека изборите во Комората не можат да произведат правно дејство. Согласно со ова самата одлука за избори и изборот на нов претседател на Лекарската комора нема да доведе до правен ефект - коментираат правниците.
Дополнително, велат правниците, имајќи во предвид дека секогаш се појавуваат апетити да се остане на функција, а тоа најчесто е проткаено со неправилности, добро е да се прецизира во Правилниот дека за истите треба да има набљудувачи. Правилникот тоа не го забранува, но според нив добро е да се прецизира истото.

The post Старделова си го продолжи мандатот, не ги почитува правните акти – сега никој не верува во фер избори во ЛКМ appeared first on Република.

]]>
Истакнатата доцент д-р Емилија Велкова во трка за прв човек на Лекарска комора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/istaknatata-docent-d-r-emilija-velkova-vo-trka-za-prv-chovek-na-lekarska-komora/ Wed, 22 Jun 2022 10:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=518388

За прв човек на лекарската комора во игра е Доцент д-р Велкова Емилија, родена на 9.11.1959 во Скопје. Д-р Велкова Емилија е истакната личност со долгогодишно работно искуство во својата област. Има значително искуство и со менаџирање на здравствени установи. Д-р Велкова е автор и коавтор на повеќе од 300 научни трудови, како и трудови печатени во номинирани научни медицински списанија во земјата и во странство.

Доцент д-р Велкова од 2002 година е Национален координатор за СПИ на СЗО (сексуално преносливи инфекции на Светска Здравствена Организација), а од 2006 станува член на бордот на CTSG на Балкан (Chlamydia Trachomatis Study Group).

Д-р Велкова е експерт во областа за пренатална дијагностика и имунохематолошки пореметувања кај бремени жени, проблематични пациенти и консултации во врска со појава и интензитет на хемолитична болест на фетус и новородено кај бремени со антиеритроцитни антитела, како и препораки за сигурна трансфузија кај сензибилизирани пациенти и реакции при трансфузии на крв и крвни компоненти кај пациенти.

[caption id="attachment_518390" align="alignnone" width="512"] Доц. д-р Велкова е автор и коавтор на повеќе од 300 научни трудови, како и трудови печатени во номинирани научни медицински списанија во земјата и во странство[/caption]

Доц. д-р Велкова, високо образование стекнува на Медицинскиот факултет на Универзитетот  „Кирил и Методиј”, специјализација по Трансфузиона медицина на Медицински факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј”. Магистер е по медицински науки во областа Трансфузиона медицина со труд под наслов:  „Имунохематолошка дијагностика на еритроцитната алоимунизација во бременоста и пуерпериумот“ и Доктор на медицински науки во областа Трансфузиона медицина со труд под наслов „Имунохематолошка дијагностика и менаџмент на алосензибилизациите во тек на бременост кон антигените од Rh крвногрупниот систем“.

Доц. д-р Велкова има големо искуство и со менаџирање на здравствени установи. Од 2013-2017 ја врши должноста Директор на Институтот за трансфузиона медицина на Македонија. Во 2014 е номинирана за член на Европската Комисија за Компетентни авторитети во областа на трансфузионата медицина, Совет на Европа во Брисел, Белгија. Во 2015 се здобива со диплома: Директор за менаџирање со квалитет на крвни банки за Македонија, од Европскиот Директоријат за менаџирање со квалитет во медицината (EDQM) при Совет на Европа.

Д-р Велкова во 2015 година е номинирана за контакт лице за соработка со Здравствена мрежа на Југоисточна Европа, во областа безбедност на крв. Во 2016 година е назначена за експерт во Комитетот на експерти за трансфузија на крв на Советот на Европа/CD-P-TS.

[caption id="attachment_518391" align="alignnone" width="1280"] Доц. д-р Велкова учествувала во повеќе мегународни проекти од областа на трансфузионата медицинапроекти и посетува едукции на повеќе од 50 стручни тренинзи во земјата и во странство, како и учество на меѓународни конференции од областа на трансфузионата медицина[/caption]

Д-р Велкова е автор и коавтор на повеќе од 300 научни трудови, како и трудови печатени во номинирани научни медицински списанија во земјата и во странство. Коавтор на книга со меѓународна рецензија „Венска тромбологија”ISBN 978-608-247-677-3, COBISSMK ID 1019783498 (2016); и Автор на учебник „Основи на лабораториска трансфузиона медицина“ Универзитет „Кирил и Методиј” Медицински факултет (2021).

Д-р Велкова исто така е автор на „Практикум по трансфузиона медицина“ за студенти по медицина и коавтор на прирачник за ученици „Рамка за сеопфатно сексуално образование“.

Има учествувано во повеќе мегународни проекти од областа на трансфузионата медицинапроекти и посетува едукции на повеќе од 50 стручни тренинзи во земјата и во странство, како и учество на меѓународни конференции од областа на трансфузионата медицина во Советот и Европа.

The post Истакнатата доцент д-р Емилија Велкова во трка за прв човек на Лекарска комора appeared first on Република.

]]>

За прв човек на лекарската комора во игра е Доцент д-р Велкова Емилија, родена на 9.11.1959 во Скопје. Д-р Велкова Емилија е истакната личност со долгогодишно работно искуство во својата област. Има значително искуство и со менаџирање на здравствени установи. Д-р Велкова е автор и коавтор на повеќе од 300 научни трудови, како и трудови печатени во номинирани научни медицински списанија во земјата и во странство. Доцент д-р Велкова од 2002 година е Национален координатор за СПИ на СЗО (сексуално преносливи инфекции на Светска Здравствена Организација), а од 2006 станува член на бордот на CTSG на Балкан (Chlamydia Trachomatis Study Group). Д-р Велкова е експерт во областа за пренатална дијагностика и имунохематолошки пореметувања кај бремени жени, проблематични пациенти и консултации во врска со појава и интензитет на хемолитична болест на фетус и новородено кај бремени со антиеритроцитни антитела, како и препораки за сигурна трансфузија кај сензибилизирани пациенти и реакции при трансфузии на крв и крвни компоненти кај пациенти. [caption id="attachment_518390" align="alignnone" width="512"] Доц. д-р Велкова е автор и коавтор на повеќе од 300 научни трудови, како и трудови печатени во номинирани научни медицински списанија во земјата и во странство[/caption] Доц. д-р Велкова, високо образование стекнува на Медицинскиот факултет на Универзитетот  „Кирил и Методиј”, специјализација по Трансфузиона медицина на Медицински факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј”. Магистер е по медицински науки во областа Трансфузиона медицина со труд под наслов:  „Имунохематолошка дијагностика на еритроцитната алоимунизација во бременоста и пуерпериумот“ и Доктор на медицински науки во областа Трансфузиона медицина со труд под наслов „Имунохематолошка дијагностика и менаџмент на алосензибилизациите во тек на бременост кон антигените од Rh крвногрупниот систем“. Доц. д-р Велкова има големо искуство и со менаџирање на здравствени установи. Од 2013-2017 ја врши должноста Директор на Институтот за трансфузиона медицина на Македонија. Во 2014 е номинирана за член на Европската Комисија за Компетентни авторитети во областа на трансфузионата медицина, Совет на Европа во Брисел, Белгија. Во 2015 се здобива со диплома: Директор за менаџирање со квалитет на крвни банки за Македонија, од Европскиот Директоријат за менаџирање со квалитет во медицината (EDQM) при Совет на Европа. Д-р Велкова во 2015 година е номинирана за контакт лице за соработка со Здравствена мрежа на Југоисточна Европа, во областа безбедност на крв. Во 2016 година е назначена за експерт во Комитетот на експерти за трансфузија на крв на Советот на Европа/CD-P-TS. [caption id="attachment_518391" align="alignnone" width="1280"] Доц. д-р Велкова учествувала во повеќе мегународни проекти од областа на трансфузионата медицинапроекти и посетува едукции на повеќе од 50 стручни тренинзи во земјата и во странство, како и учество на меѓународни конференции од областа на трансфузионата медицина[/caption] Д-р Велкова е автор и коавтор на повеќе од 300 научни трудови, како и трудови печатени во номинирани научни медицински списанија во земјата и во странство. Коавтор на книга со меѓународна рецензија „Венска тромбологија”ISBN 978-608-247-677-3, COBISSMK ID 1019783498 (2016); и Автор на учебник „Основи на лабораториска трансфузиона медицина“ Универзитет „Кирил и Методиј” Медицински факултет (2021). Д-р Велкова исто така е автор на „Практикум по трансфузиона медицина“ за студенти по медицина и коавтор на прирачник за ученици „Рамка за сеопфатно сексуално образование“. Има учествувано во повеќе мегународни проекти од областа на трансфузионата медицинапроекти и посетува едукции на повеќе од 50 стручни тренинзи во земјата и во странство, како и учество на меѓународни конференции од областа на трансфузионата медицина во Советот и Европа.

The post Истакнатата доцент д-р Емилија Велкова во трка за прв човек на Лекарска комора appeared first on Република.

]]>