лекари специјализанти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lekari-specijalizanti/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 11:49:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лекари специјализанти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lekari-specijalizanti/ 32 32 Протест на лекарите специјализанти пред Министерството за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/protest-na-lekarite-spetsijalizanti-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Wed, 27 Mar 2024 11:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=759322

Лекарите специјализанти кои денеска протестираат пред Министерството за здравство побараа итна средба со министерот за здравство со цел решавање на нивните барања. Во моментот, во тек е состанок со претставници на Министерството.

Специјализантите бараат регулирање на работниот статус, покачување на месечниот надоместок и здравствено осигурување за сите специјализанти.

Доколку министерот и понатаму остане глув на барањата на повеќе од 400 лекари на специјализација, ќе гледаме чести репризи на денешниот протест. Ние нема да запреме се до исполнување на секое барање. На крај би сакала оваа изјава да ја завршам со зборовите на еден музички композитор кој неодамна почина - Мораме да се бориме за секој милиметар нормалност. Тоа ни е неопходна борба, изјави докторка Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.

Од протестот беше побарано покачување на платата на приватните специјализанти согласно просечната плата за тековната година која изнесува 39 800 денари, повторно воведување на бесплатното здравствено осигурување за сите приватни специјализанти и навремена исплата на дежурствата со секоја тековна плата.

Здравственото осигурување за време на Ковид-19 пандемијата, како што посочи Георгиева, било воведено од тогашниот министер Венко Филипче, но пред околу година и пол било укинато без образложение од МЗ.

Кога станува збор за моменталната плата од 26.000 денари на еден приватен специјализант, ако бидеме објективни и ја одземеме ратата што месечно се плаќа во Деканатот на Медицинскиот факултет, на тој специјализант му остануваат околу 12.000 денари за да може да функционира и да преживее, посочи Георгиева.

Георгиева рече дека приватни специјализанти не постојат во најголем дел од западноевропските земји и дека приватната специјализација е автохтон феномен само за Балканот и моментално ги има само во Албанија и Косово.

The post Протест на лекарите специјализанти пред Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Лекарите специјализанти кои денеска протестираат пред Министерството за здравство побараа итна средба со министерот за здравство со цел решавање на нивните барања. Во моментот, во тек е состанок со претставници на Министерството. Специјализантите бараат регулирање на работниот статус, покачување на месечниот надоместок и здравствено осигурување за сите специјализанти.
Доколку министерот и понатаму остане глув на барањата на повеќе од 400 лекари на специјализација, ќе гледаме чести репризи на денешниот протест. Ние нема да запреме се до исполнување на секое барање. На крај би сакала оваа изјава да ја завршам со зборовите на еден музички композитор кој неодамна почина - Мораме да се бориме за секој милиметар нормалност. Тоа ни е неопходна борба, изјави докторка Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.
Од протестот беше побарано покачување на платата на приватните специјализанти согласно просечната плата за тековната година која изнесува 39 800 денари, повторно воведување на бесплатното здравствено осигурување за сите приватни специјализанти и навремена исплата на дежурствата со секоја тековна плата. Здравственото осигурување за време на Ковид-19 пандемијата, како што посочи Георгиева, било воведено од тогашниот министер Венко Филипче, но пред околу година и пол било укинато без образложение од МЗ.
Кога станува збор за моменталната плата од 26.000 денари на еден приватен специјализант, ако бидеме објективни и ја одземеме ратата што месечно се плаќа во Деканатот на Медицинскиот факултет, на тој специјализант му остануваат околу 12.000 денари за да може да функционира и да преживее, посочи Георгиева.
Георгиева рече дека приватни специјализанти не постојат во најголем дел од западноевропските земји и дека приватната специјализација е автохтон феномен само за Балканот и моментално ги има само во Албанија и Косово.  

The post Протест на лекарите специјализанти пред Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>
Д-р Николов: Само селектирани лекари специјализанти ќе бидат на панел дискусијата поради страв некој да не праша нешто-„Среќна нова 49-та“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-nikolov-samo-seletirani-lekari-specijalizanti-kje-bidat-na-panel-diskusijata-poradi-strav-nekoj-da-ne-prasha-neshto-srekjna-nova-49-ta/ Sun, 04 Dec 2022 12:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=581636

Здружението на лекари специјализанти  утре организира панел дискусија на тема „Иднината сега“. Настан за кој здравтсвената фела е согласна дека треба да има дискусии на оваа тема пред се поради се поголмеиот одлив на медицински персонал надвор од земјава.

Но, забелешката е дека на истиот ќе може да се слушнат само едни мислења или поканети се лекари кои се или биле на функции само во период кога на власт е СДСМ.

Меѓу нив се министерот Беким Сали, поарнешниот министер за здравство Венко Филипче и слично.

На панел дискусијата ќе се говори за план и стратегија за задржување на младите лекари во земјата. Учесниците ќе имаат шанса да поставуваат прашања до панелистите, со цел да се слушне гласот на младиот лекар“, соопштуваат од Здружението.

Но, од лекарската фела има и рекации дека „се селектираат младите доктори и на панел дискусија не им дозволија присуство на сите заинтересирани доктори на трибината на тема“.

Според нив, панелистите како премиерот Димитар Ковачевски, Актуелниот министер Сали, и поранешниот Филипче не го реализраа ветеното на лекарите. Или според нив оваа гарнитура “им дава празни ветувања и ги манипулира младите специјализанти“. Тука ги спомнуваат примерите како оној со нерешениот проблем и даденото ветување за дежурствата на оваа категорија доктори.

Тие додаваат дека „изминатиот период од неколку месеци речиси и да нема вработено доктор воопшто во јавното здравство“ и прашуваат „дали е точно дека за овој период согласно информациите од здравствените установи има вработено околу 300 лица во јавното здравство и колку од нив се доктори, a колку администрација?“

„Повеќе од јасно е зошто на секој млад доктор не му беше дозволено да присуствува на таканаречената панел дискусија, одговорот е за да не им бидат поставени прашања чии одговори на младите доктори им се добро познати“, заклучува дел од здравствената фела.

Во врска со панелот реагираше и доктор Игор Николов. Тој на социјалните мрежи напиша:

Само селектирани лекари специјализанти ќе биделе на панел дискусијата. Да не праша или каже некој нешто што не треба… Среќна Нова 49“.

The post Д-р Николов: Само селектирани лекари специјализанти ќе бидат на панел дискусијата поради страв некој да не праша нешто-„Среќна нова 49-та“ appeared first on Република.

]]>

Здружението на лекари специјализанти  утре организира панел дискусија на тема „Иднината сега“. Настан за кој здравтсвената фела е согласна дека треба да има дискусии на оваа тема пред се поради се поголмеиот одлив на медицински персонал надвор од земјава. Но, забелешката е дека на истиот ќе може да се слушнат само едни мислења или поканети се лекари кои се или биле на функции само во период кога на власт е СДСМ. Меѓу нив се министерот Беким Сали, поарнешниот министер за здравство Венко Филипче и слично.
На панел дискусијата ќе се говори за план и стратегија за задржување на младите лекари во земјата. Учесниците ќе имаат шанса да поставуваат прашања до панелистите, со цел да се слушне гласот на младиот лекар“, соопштуваат од Здружението.
Но, од лекарската фела има и рекации дека „се селектираат младите доктори и на панел дискусија не им дозволија присуство на сите заинтересирани доктори на трибината на тема“. Според нив, панелистите како премиерот Димитар Ковачевски, Актуелниот министер Сали, и поранешниот Филипче не го реализраа ветеното на лекарите. Или според нив оваа гарнитура “им дава празни ветувања и ги манипулира младите специјализанти“. Тука ги спомнуваат примерите како оној со нерешениот проблем и даденото ветување за дежурствата на оваа категорија доктори. Тие додаваат дека „изминатиот период од неколку месеци речиси и да нема вработено доктор воопшто во јавното здравство“ и прашуваат „дали е точно дека за овој период согласно информациите од здравствените установи има вработено околу 300 лица во јавното здравство и колку од нив се доктори, a колку администрација?“