лекар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lekar/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 17:34:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лекар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lekar/ 32 32 Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lekar-od-gevgelija-napadnat-od-vozach-vo-itnata-meditsinska-pomosh/ Mon, 25 Nov 2024 17:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=841662

На 24.11.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош appeared first on Република.

]]>

На 24.11.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош appeared first on Република.

]]>
Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, продолжува со медицинската дејност https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/lekarot-obvinet-za-smrtta-na-metju-peri-prodolzhuva-so-meditsinskata-dejnost/ Thu, 22 Aug 2024 09:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=808991

Неодамна пет лица беа уапсени во врска со смртта на познатиот глумец Метју Пери. Меѓу нив е и докторот Салвадор Пласенсија (42), обвинет дека на Пери му дал скоро 20 ампули „Кетамин“, неколку недели пред неговата смрт, пишува „Јунилад“ (Unilad).

Д-р Пласенсија се изјасни невин по една точка, за непрописно снабдување со лекот. Кауцијата потоа беше одредена на 100.000 долари. Адвокатот на докторот, Стефан Сакс потврди дека лекарот, всушност, планира и да ја продолжи својата медицинска дејност во клиниката за итна нега. Правниот застапник не откри повеќе подробности за тоа кога Пласенсија ќе се врати, објави „Ен-би-си њуз“ (NBC News).

Обвинителството тврди оти д-р Пласенсија ги снабдувал Пери и неговиот помошник Кенет Ивамаса со „Кетамин“. Се тврди и дека им зел 55.000 долари за тоа од 20 септември 2023 година до 28 октомври 2023 година - денот кога глумецот од ТВ-серијата „Пријатели“ почина.

Судијата рече дека д-р Пласенсија ќе мора, на влезната врата на неговата клиника, да постави табла со известување за судскиот случај што е во тек, за пациентите да бидат запознаени со случајот. Покрај тоа, неговите пациенти при секоја посета ќе мора да потпишат формулар во којшто ќе се наведе дека ги разбираат обвиненијата против лекарот и се согласуваат на лекување.

The post Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, продолжува со медицинската дејност appeared first on Република.

]]>

Неодамна пет лица беа уапсени во врска со смртта на познатиот глумец Метју Пери. Меѓу нив е и докторот Салвадор Пласенсија (42), обвинет дека на Пери му дал скоро 20 ампули „Кетамин“, неколку недели пред неговата смрт, пишува „Јунилад“ (Unilad). Д-р Пласенсија се изјасни невин по една точка, за непрописно снабдување со лекот. Кауцијата потоа беше одредена на 100.000 долари. Адвокатот на докторот, Стефан Сакс потврди дека лекарот, всушност, планира и да ја продолжи својата медицинска дејност во клиниката за итна нега. Правниот застапник не откри повеќе подробности за тоа кога Пласенсија ќе се врати, објави „Ен-би-си њуз“ (NBC News). Обвинителството тврди оти д-р Пласенсија ги снабдувал Пери и неговиот помошник Кенет Ивамаса со „Кетамин“. Се тврди и дека им зел 55.000 долари за тоа од 20 септември 2023 година до 28 октомври 2023 година - денот кога глумецот од ТВ-серијата „Пријатели“ почина. Судијата рече дека д-р Пласенсија ќе мора, на влезната врата на неговата клиника, да постави табла со известување за судскиот случај што е во тек, за пациентите да бидат запознаени со случајот. Покрај тоа, неговите пациенти при секоја посета ќе мора да потпишат формулар во којшто ќе се наведе дека ги разбираат обвиненијата против лекарот и се согласуваат на лекување.

The post Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, продолжува со медицинската дејност appeared first on Република.

]]>
Маж се заканувал на доктор од Градската општа болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-se-zakanuval-na-doktor-od-gradskata-opshta-bolnitsa/ Mon, 08 Jul 2024 14:27:50 +0000 https://republika.mk/?p=794632

Денеска во 04.01 часот во СВР Скопје, 40-годишниот Н.Л. од село Бузалково, велешко, пријавил дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде работел како лекар, Ј.М. почнал агресивно да се однесува, а потоа му упатил и закани, извести МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Маж се заканувал на доктор од Градската општа болница appeared first on Република.

]]>

Денеска во 04.01 часот во СВР Скопје, 40-годишниот Н.Л. од село Бузалково, велешко, пријавил дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде работел како лекар, Ј.М. почнал агресивно да се однесува, а потоа му упатил и закани, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Маж се заканувал на доктор од Градската општа болница appeared first on Република.

]]>
ОЈО не ги потврдува информациите дали убиениот доктор во Железара бил егзекутиран на друга локација https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-ne-gi-potvrduva-informatsiite-dali-ubieniot-doktor-vo-zhelezara-bil-egzekutiran-na-druga-lokatsija/ Wed, 03 Apr 2024 15:36:39 +0000 https://republika.mk/?p=761774

Кој стои зад свирепото убиство на матичниот лекар во скопска Железара? Полицијата и по речиси две недели од грзоморониот настан се уште нема откриено кој и зошто го уби шеесет и седум годишниот лекар.

Од јавното обвинителство велат дека не можат да споделат детали од постапката, со оглед на тоа што МВР се уште не идентификувало сторител на кривичното дело, но истворемено побараа од надлежните институции да внимаваат што споделуваат во јавноста.

Откривачката улога во случајот ја има Министерството за внатрешни работи, а Јавното обвинителство ги издава сите потребни наредби и насоки за откривање на сторител и за целосно расчистување на настанот. Со оглед на тоа што МВР се уште не идентификувало сторител на кривично дело, Јавното обвинителство не е во можност да споделува детали кои можат да ја загрозат постапката. Апелираме и до другите институции во оваа фаза на постапката да се воздржуваат од изнесување информации од чувствителен карактер, бидејќи сторителот се уште не е откриен.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев утринава изјави дека лекарот не бил убиен во автомобилот во кој беше пронајдено неговото безживотно тело, туку бил донесен во него. Министерот за внатрешни работи, Тошковски пак рече дека било непрофесионално од страна на неговиот колега да споделува такви информации, кои како што вели, може да ја загрозат кривичната постапка.

Безживотното тело на лекарот, како што соопштија тогаш од Министерството за внатрешни работи, беше пронајдено доцна вечерта на 21 март во неговиот автомобил, на паркинг пред поликлиниката „Железара“. Според соопштението од полицијата, телото го пронашле членови на неговото потесно семејство кои тргнале да го бараат откако тој не се вратил дома од работа.

Минатата недела беа приведени три лица, за кои беше побаран и краткотраен куќен притвор, но потоа од обвинителството соопштија дека немало докази дека тие го извршиле делото.

The post ОЈО не ги потврдува информациите дали убиениот доктор во Железара бил егзекутиран на друга локација appeared first on Република.

]]>

Кој стои зад свирепото убиство на матичниот лекар во скопска Железара? Полицијата и по речиси две недели од грзоморониот настан се уште нема откриено кој и зошто го уби шеесет и седум годишниот лекар. Од јавното обвинителство велат дека не можат да споделат детали од постапката, со оглед на тоа што МВР се уште не идентификувало сторител на кривичното дело, но истворемено побараа од надлежните институции да внимаваат што споделуваат во јавноста. Откривачката улога во случајот ја има Министерството за внатрешни работи, а Јавното обвинителство ги издава сите потребни наредби и насоки за откривање на сторител и за целосно расчистување на настанот. Со оглед на тоа што МВР се уште не идентификувало сторител на кривично дело, Јавното обвинителство не е во можност да споделува детали кои можат да ја загрозат постапката. Апелираме и до другите институции во оваа фаза на постапката да се воздржуваат од изнесување информации од чувствителен карактер, бидејќи сторителот се уште не е откриен. Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев утринава изјави дека лекарот не бил убиен во автомобилот во кој беше пронајдено неговото безживотно тело, туку бил донесен во него. Министерот за внатрешни работи, Тошковски пак рече дека било непрофесионално од страна на неговиот колега да споделува такви информации, кои како што вели, може да ја загрозат кривичната постапка. Безживотното тело на лекарот, како што соопштија тогаш од Министерството за внатрешни работи, беше пронајдено доцна вечерта на 21 март во неговиот автомобил, на паркинг пред поликлиниката „Железара“. Според соопштението од полицијата, телото го пронашле членови на неговото потесно семејство кои тргнале да го бараат откако тој не се вратил дома од работа. Минатата недела беа приведени три лица, за кои беше побаран и краткотраен куќен притвор, но потоа од обвинителството соопштија дека немало докази дека тие го извршиле делото.

The post ОЈО не ги потврдува информациите дали убиениот доктор во Железара бил егзекутиран на друга локација appeared first on Република.

]]>
Тошковски апелира да не се навлегува во детали што би можеле да ја загрозат истрагата за убиството во Железара https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-apelira-da-ne-se-navleguva-vo-detali-shto-bi-mozhele-da-ja-zagrozat-istragata-za-ubistvoto-vo-zhelezara/ Wed, 03 Apr 2024 13:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=761725

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски денеска ги оцени како несериозни и непрофесионални изјавите од било кој функционер за убиството во Железара и го повтори апелот на Јавното обвинителство да не се навлегува во детали што би можеле да ја загрозат истрагата.

- Во целост ќе го поддржам апелот на ЈО од страна на која било институција што е вклучена во рамки на нејзини надлежности при расветлување на овој случај, да не навлегува во детали што би можеле да ја загрозат кривичната истрага. Несериозни и непрофесионални изјави, не сум ги слушнал, но, ако е така како што велите, дека било кажано од страна на кој било функционер, можам слободно само да кажам дека станува збор за несериозна и непрофесионална изјава, одговори тој на новинарско прашање за тоа какви се неговите сознанија во врска со случајот.

Тошковски додаде и дека не би можел да навлегува во детали, во однос на сите оние дејствија што се преземаат од страна на Министерството за овој случај.

Претходно, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за МИА потврди дека лекарот кој бил пронајден мртов на паркингот пред поликлиниката Железара, според досегашните сознанија, не бил убиен во автомобилот во кој беше пронајден.

- Од страна на Министерството за внатрешни работи собрани се докази и според тоа што досега е утврдено може да кажам дека лицето не е убиено во автомобилот. Како е донесено на паркингот не можам да кажам за да не ја нарушиме истрагата, изјави Бојмацалиев.

Шеесет и седумгодишниот матичен лекар беше пронајден мртов со убодни рани во возило на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавата во полиција, тој бил пронајден од неговите синови кои почнале да го бараат бидејќи не се вратил дома од работа.

 

The post Тошковски апелира да не се навлегува во детали што би можеле да ја загрозат истрагата за убиството во Железара appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски денеска ги оцени како несериозни и непрофесионални изјавите од било кој функционер за убиството во Железара и го повтори апелот на Јавното обвинителство да не се навлегува во детали што би можеле да ја загрозат истрагата. - Во целост ќе го поддржам апелот на ЈО од страна на која било институција што е вклучена во рамки на нејзини надлежности при расветлување на овој случај, да не навлегува во детали што би можеле да ја загрозат кривичната истрага. Несериозни и непрофесионални изјави, не сум ги слушнал, но, ако е така како што велите, дека било кажано од страна на кој било функционер, можам слободно само да кажам дека станува збор за несериозна и непрофесионална изјава, одговори тој на новинарско прашање за тоа какви се неговите сознанија во врска со случајот. Тошковски додаде и дека не би можел да навлегува во детали, во однос на сите оние дејствија што се преземаат од страна на Министерството за овој случај. Претходно, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за МИА потврди дека лекарот кој бил пронајден мртов на паркингот пред поликлиниката Железара, според досегашните сознанија, не бил убиен во автомобилот во кој беше пронајден. - Од страна на Министерството за внатрешни работи собрани се докази и според тоа што досега е утврдено може да кажам дека лицето не е убиено во автомобилот. Како е донесено на паркингот не можам да кажам за да не ја нарушиме истрагата, изјави Бојмацалиев. Шеесет и седумгодишниот матичен лекар беше пронајден мртов со убодни рани во возило на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавата во полиција, тој бил пронајден од неговите синови кои почнале да го бараат бидејќи не се вратил дома од работа.  

The post Тошковски апелира да не се навлегува во детали што би можеле да ја загрозат истрагата за убиството во Железара appeared first on Република.

]]>
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во скопска Железара https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pritvor-od-48-chasa-za-dve-litsa-koi-se-zadrzhani-po-ubistvoto-na-lekarot-vo-skopska-zhelezara/ Fri, 29 Mar 2024 09:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=760036

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во скопска Железара.

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, информираат денеска од Обвинителство во врска со убиството за матичниот лекар Ацо Трпковски пред поликлиниката Железара во Скопје.

Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.

The post Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во скопска Железара appeared first on Република.

]]>

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во скопска Железара. Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, информираат денеска од Обвинителство во врска со убиството за матичниот лекар Ацо Трпковски пред поликлиниката Железара во Скопје. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.

The post Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во скопска Железара appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Уште еден приведен за убиството на матичниот лекар во Железара https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-ushte-eden-priveden-za-ubistvoto-na-matichniot-lekar-vo-zhelezara/ Thu, 28 Mar 2024 13:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=759803

Уште едно лице е приведено за поврзаност со убиството на матичниот лекар во Железара кој беше пронајден во своето возило „киа рио“ со девет убодни рани.

Информацијата ја потврди техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Приведени се вкупно три лица. Претресот е завршен во доцните часови. Се продолжува со други истражни дејствија, се со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Така што, за нови дополнителни информации, јавноста ќе биде дополнително известена, рече Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање во Струмица.

The post Тошковски: Уште еден приведен за убиството на матичниот лекар во Железара appeared first on Република.

]]>

Уште едно лице е приведено за поврзаност со убиството на матичниот лекар во Железара кој беше пронајден во своето возило „киа рио“ со девет убодни рани. Информацијата ја потврди техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Приведени се вкупно три лица. Претресот е завршен во доцните часови. Се продолжува со други истражни дејствија, се со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Така што, за нови дополнителни информации, јавноста ќе биде дополнително известена, рече Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање во Струмица.

The post Тошковски: Уште еден приведен за убиството на матичниот лекар во Железара appeared first on Република.

]]>
Физички нападнат лекар во Радовиш, реагира Лекарската комора https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fizichki-napadnat-lekar-vo-radovish-reagira-lekarskata-komora/ Mon, 12 Feb 2024 13:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=743246

Лекарската комора остро го осудува физичкиот напад на лекар вработен во Итната помош во Здравствениот дом во Радовиш, што се случи на 10 февруари, додека тој ја вршел својата професионална дејност и пружал здравствени услуги, се наведува во денешното соопштение на Комората.

Од Лекарската комора повикуваат на нула толеранција за насилство врз здравствените работници.

Насилството врз лекарите, без разлика дали е физичко, психичко или во која било друга форма, не смее да се толерира, бидејќи сериозно го засега интегритетот на докторите и нивните професионални активности, што негативно се одразува и на услугите што ги добиваат пациентите. Затоа ги повикуваме сите надлежни институции, неодложно и одговорно да постапат во случајот и да ги заштитат здравствените работници во вршењето на својата професија, подвлекуваат од Лекарската комора.

The post Физички нападнат лекар во Радовиш, реагира Лекарската комора appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора остро го осудува физичкиот напад на лекар вработен во Итната помош во Здравствениот дом во Радовиш, што се случи на 10 февруари, додека тој ја вршел својата професионална дејност и пружал здравствени услуги, се наведува во денешното соопштение на Комората. Од Лекарската комора повикуваат на нула толеранција за насилство врз здравствените работници.
Насилството врз лекарите, без разлика дали е физичко, психичко или во која било друга форма, не смее да се толерира, бидејќи сериозно го засега интегритетот на докторите и нивните професионални активности, што негативно се одразува и на услугите што ги добиваат пациентите. Затоа ги повикуваме сите надлежни институции, неодложно и одговорно да постапат во случајот и да ги заштитат здравствените работници во вршењето на својата професија, подвлекуваат од Лекарската комора.

The post Физички нападнат лекар во Радовиш, реагира Лекарската комора appeared first on Република.

]]>
Радовишанец нападнал лекар во Итната помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/radovishanets-napadnal-lekar-vo-itnata-pomosh/ Sun, 11 Feb 2024 14:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=742864

Х.Е. (36), лекар во Итната медицинска помош во Радовиш, пријавил дека вчера околу 19 часот во просториите на Здравствен дом, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д. (53) од Радовиш.

Како што соопштија од СВР Струмица, денеска во просториите на Полициската станица во Радовиш бил извршен службен разговор со осомничениот за нападот.

За настанот бил запознат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

 

The post Радовишанец нападнал лекар во Итната помош appeared first on Република.

]]>

Х.Е. (36), лекар во Итната медицинска помош во Радовиш, пријавил дека вчера околу 19 часот во просториите на Здравствен дом, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д. (53) од Радовиш. Како што соопштија од СВР Струмица, денеска во просториите на Полициската станица во Радовиш бил извршен службен разговор со осомничениот за нападот. За настанот бил запознат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот полицијата ќе поднесе соодветна пријава.  

The post Радовишанец нападнал лекар во Итната помош appeared first on Република.

]]>
Скопјанец нападнал лекар во Градска болница, оштетил биро и компјутер https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-napadnal-lekar-vo-gradska-bolnitsa-oshtetil-biro-i-kompjuter/ Fri, 22 Sep 2023 18:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=684215

МВР информира дека рано утринава во 03.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.К.(27) од Скопје затоа што околу 01.10 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се обидел физички да нападне лекар кој бил на работното место, а оштетил едно работо биро и компјутер.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Скопјанец нападнал лекар во Градска болница, оштетил биро и компјутер appeared first on Република.

]]>

МВР информира дека рано утринава во 03.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.К.(27) од Скопје затоа што околу 01.10 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се обидел физички да нападне лекар кој бил на работното место, а оштетил едно работо биро и компјутер. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Скопјанец нападнал лекар во Градска болница, оштетил биро и компјутер appeared first on Република.

]]>
Кадиров го закопал жив својот лекар, мислел дека го труе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kadirov-go-zakopal-zhiv-svojot-lekar-mislel-deka-go-true/ Mon, 11 Sep 2023 09:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=680825

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, наводно, жив го закопал вицепремиерот на својата земја, објави рускиот канал на Телеграм „ВЧК-ОГПУ“. Елкан Сулејманов наводно бил личен лекар на Кадиров, кого лидерот на Чеченија го обвини за влошување на неговата здравствена состојба, пишува германски Билд.

Кадиров, кој е верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, наводно верувал дека бил отруен. Каналот на Телеграм „ВЧК-ОГПУ“ пишува дека неговите следбеници го убедиле во тоа.

Неговиот личен лекар Сулејманов, кој беше и вицепремиер на Чеченија, наводно му давал одредени инјекции, а Кадиров верувал дека поради нив му се слошило.

За мистериозното исчезнување на Сулејманов на Твитер напиша и украинскиот функционер Антон Герашченко.

Засега нема официјална потврда дека Сулејманов е мртов.

 

The post Кадиров го закопал жив својот лекар, мислел дека го труе appeared first on Република.

]]>

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, наводно, жив го закопал вицепремиерот на својата земја, објави рускиот канал на Телеграм „ВЧК-ОГПУ“. Елкан Сулејманов наводно бил личен лекар на Кадиров, кого лидерот на Чеченија го обвини за влошување на неговата здравствена состојба, пишува германски Билд. Кадиров, кој е верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, наводно верувал дека бил отруен. Каналот на Телеграм „ВЧК-ОГПУ“ пишува дека неговите следбеници го убедиле во тоа. Неговиот личен лекар Сулејманов, кој беше и вицепремиер на Чеченија, наводно му давал одредени инјекции, а Кадиров верувал дека поради нив му се слошило. За мистериозното исчезнување на Сулејманов на Твитер напиша и украинскиот функционер Антон Герашченко. Засега нема официјална потврда дека Сулејманов е мртов.  

The post Кадиров го закопал жив својот лекар, мислел дека го труе appeared first on Република.

]]>
Уапсен лекарот на Путин, се обидел да побегне од Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsen-lekarot-na-putin-se-obidel-da-pobegne-od-rusija/ Sun, 10 Sep 2023 20:14:27 +0000 https://republika.mk/?p=680692

Виктор Трухин (59), главниот лекар на рускиот претседател Владимир Путин, бил уапсен од Федералната служба за безбедност при „обид за бегство од земјата“.

Се верува дека Трухин ги познава сите медицински тајни на шефот на Кремљ.

Дејли мејл пишува дека Трухин, кој беше во првите редови на истражување и развој на вакцини, серуми и „бактериски препарати“ во Русија, исчезнал пред шест дена, кога бил отпуштен од Федералната агенција за медицинска биологија (ФМБА) под обвинение за извршил „проневера“. Се вели дека каналот Cheka-OGPU Telegram објавил дека агенти на контраразузнавачката служба на Путин го фатиле Трухин додека се обидувал да побегне во Белорусија.

Трухин 11 години беше директор на Истражувачкиот институт за вакцини и серуми од Санкт Петербург, родниот град на претседателот на Русија.

Тој се обиде да ја напушти Руската Федерација и да замине во Белорусија, а беше уапсен од службеници на руската ФСБ, кои очигледно знаеле дека директорот планира да патува во странство“, се наведува во објавата на каналот Телеграм.

Во неa се вели дека против Трухин е покрената кривична постапка кога „стана јасно дека тој има намера да ја напушти Руската Федерација и дека може да каже многу интересни работи за руските вакцини и серуми“.

Според информациите од овој канал, кај Трухин бил пронајден никарагвански пасош.

The post Уапсен лекарот на Путин, се обидел да побегне од Русија appeared first on Република.

]]>

Виктор Трухин (59), главниот лекар на рускиот претседател Владимир Путин, бил уапсен од Федералната служба за безбедност при „обид за бегство од земјата“. Се верува дека Трухин ги познава сите медицински тајни на шефот на Кремљ. Дејли мејл пишува дека Трухин, кој беше во првите редови на истражување и развој на вакцини, серуми и „бактериски препарати“ во Русија, исчезнал пред шест дена, кога бил отпуштен од Федералната агенција за медицинска биологија (ФМБА) под обвинение за извршил „проневера“. Се вели дека каналот Cheka-OGPU Telegram објавил дека агенти на контраразузнавачката служба на Путин го фатиле Трухин додека се обидувал да побегне во Белорусија. Трухин 11 години беше директор на Истражувачкиот институт за вакцини и серуми од Санкт Петербург, родниот град на претседателот на Русија.
Тој се обиде да ја напушти Руската Федерација и да замине во Белорусија, а беше уапсен од службеници на руската ФСБ, кои очигледно знаеле дека директорот планира да патува во странство“, се наведува во објавата на каналот Телеграм.
Во неa се вели дека против Трухин е покрената кривична постапка кога „стана јасно дека тој има намера да ја напушти Руската Федерација и дека може да каже многу интересни работи за руските вакцини и серуми“. Според информациите од овој канал, кај Трухин бил пронајден никарагвански пасош.

The post Уапсен лекарот на Путин, се обидел да побегне од Русија appeared first on Република.

]]>
Измама во Тетово: Лекар злоупотребувал лични податоци на пациенти а адвокатот и уште едно лице му помагале во финансиската измама https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izmama-vo-tetovo-lekar-zloupotrebuval-lichni-podatotsi-na-patsienti-a-advokatot-i-ushte-edno-litse-mu-pomagale-vo-finansiskata-izmama/ Fri, 28 Jul 2023 16:48:10 +0000 https://republika.mk/?p=666374

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“.

Кривична пријава е поднесена и против А.Н.М.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „поднесување лажни докази“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“ и против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“.

Првопријавениот, во својство на лекар и раководител на Одделението за Трауматологија – Хирургија во Клинички центар Тетово, без согласност и знаење ги искористил личните податоци на шест пациенти и креирал медицински извештаи на име на лекари вработени во клиничкиот центар без одобрување и злоупотребувајќи ги нивните факсимили и системот мој термин, како и преку координирање и издавање на медицински извештаи со невистинита содржина.

Ваквите извештаи, како што соопшти полицијата, во посредство на третопријавениот А.Љ. биле доставени до второпријавената А.Н.М., која во својство на адвокат противправно изготвила полномошна на пациентите на кои тие не се потпишале и заедно со друга документација ги доставила до осигурителна компанија, врз основа на што на име обештетување на нематеријална оштета биле исплатени парични средства на жиро сметките на лицата во износ од 297.000 денари.

Средствата биле подигнати од третопријавениот, кој претходно успеал од нив да земе полномошно за подигање на паричните средства во филијала на банка во Тетово, без да им ја каже вистинската намера за изготвување на тие полномоштва.

The post Измама во Тетово: Лекар злоупотребувал лични податоци на пациенти а адвокатот и уште едно лице му помагале во финансиската измама appeared first on Република.

]]>

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“. Кривична пријава е поднесена и против А.Н.М.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „поднесување лажни докази“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“ и против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“. Првопријавениот, во својство на лекар и раководител на Одделението за Трауматологија – Хирургија во Клинички центар Тетово, без согласност и знаење ги искористил личните податоци на шест пациенти и креирал медицински извештаи на име на лекари вработени во клиничкиот центар без одобрување и злоупотребувајќи ги нивните факсимили и системот мој термин, како и преку координирање и издавање на медицински извештаи со невистинита содржина. Ваквите извештаи, како што соопшти полицијата, во посредство на третопријавениот А.Љ. биле доставени до второпријавената А.Н.М., која во својство на адвокат противправно изготвила полномошна на пациентите на кои тие не се потпишале и заедно со друга документација ги доставила до осигурителна компанија, врз основа на што на име обештетување на нематеријална оштета биле исплатени парични средства на жиро сметките на лицата во износ од 297.000 денари. Средствата биле подигнати од третопријавениот, кој претходно успеал од нив да земе полномошно за подигање на паричните средства во филијала на банка во Тетово, без да им ја каже вистинската намера за изготвување на тие полномоштва.

The post Измама во Тетово: Лекар злоупотребувал лични податоци на пациенти а адвокатот и уште едно лице му помагале во финансиската измама appeared first on Република.

]]>
Казната за лекарот е срамна: Асани доби условна казна од две години и не ја изгуби ниту лиценцата за работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kaznata-za-lekarot-e-sramna-asani-dobi-uslovna-kazna-od-dve-godini-i-ne-ja-izgubi-nitu-litsentsata-za-rabota/ Fri, 03 Feb 2023 10:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=604218

Платформата за родова еднаквост, која обединува 28 здруженија на граѓани и невладини организации, е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа.

Условната казна за струшкиот гинеколог  Мухамед Асани, кој со години работел на црно, покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни пет пари. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора – реагираат невладини организации обединети во Платформа за родова еднаквост.

Во своето заедничко соопштение тие велат дека се згрозени од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително фрапира фактот, велат невладините, што Судот со оваа пресуда не изрече ниту споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик.

„И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска. За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник.

Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа.

Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари.

Оттука, Платформата за родова еднаквост бара:

– Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик;

– Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна;

– Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

– Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот;

– Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”.

Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина – укажува Платформата за родова еднаквост.

 

The post Казната за лекарот е срамна: Асани доби условна казна од две години и не ја изгуби ниту лиценцата за работа appeared first on Република.

]]>

Платформата за родова еднаквост, која обединува 28 здруженија на граѓани и невладини организации, е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа.

Условната казна за струшкиот гинеколог  Мухамед Асани, кој со години работел на црно, покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни пет пари. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора – реагираат невладини организации обединети во Платформа за родова еднаквост. Во своето заедничко соопштение тие велат дека се згрозени од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително фрапира фактот, велат невладините, што Судот со оваа пресуда не изрече ниту споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик. „И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска. За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник. Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа. Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари. Оттука, Платформата за родова еднаквост бара: – Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик; – Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна; – Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност; – Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот; – Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”. Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина – укажува Платформата за родова еднаквост.  

The post Казната за лекарот е срамна: Асани доби условна казна од две години и не ја изгуби ниту лиценцата за работа appeared first on Република.

]]>
Се обидел да претепа лекар и медицинската сестра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-obidel-da-pretepa-lekar-i-meditsinskata-sestra/ Tue, 31 Jan 2023 22:05:46 +0000 https://republika.mk/?p=603152

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против И.С.(43) од с.Туралево, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 23.01.2023 во Итна медицинска помош во Кратово, пријавениот се однесувал агресивно и упатил закани кон дежурниот лекар и медицинска сестра, а се обидел и физички да ја нападне медицинската сестра.

The post Се обидел да претепа лекар и медицинската сестра appeared first on Република.

]]>

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против И.С.(43) од с.Туралево, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 23.01.2023 во Итна медицинска помош во Кратово, пријавениот се однесувал агресивно и упатил закани кон дежурниот лекар и медицинска сестра, а се обидел и физички да ја нападне медицинската сестра.

The post Се обидел да претепа лекар и медицинската сестра appeared first on Република.

]]>
Лажел жени дека е гинеколог за да му испраќаат слики и видеа од гениталиите, за казна ќе оди на робија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lazel-zeni-deka-e-ginekolog-za-da-mu-isprakjaat-sliki-i-videa-od-genitaliite-za-kazna-kje-odi-na-robija/ Thu, 27 Oct 2022 12:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=566383

Човек во Сингапур е осуден на три години и четири месеци затвор затоа што измамил повеќе од 30 жени претставувајќи се како гинеколог на Фејсбук за да добие фотографии од нивните гениталии.

Судот го прогласи 37-годишниот Оои Чуен Веи од Малезија за виновен за мамење и лажно претставување. Тој користел лажен профил на Фејсбук за да контактира со жени.

Откако ќе остварел контакт, тој потоа барал од нив да пополнат анкети кои вклучуваат прашања за нивните гениталии и сексуалниот живот, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на судските документи, до кои имале пристап.

Во текот на четири години, Малезиецот измамил 38 жени, а притоа добил околу 1.000 интимни фотографии и видеа. Неговите злодела излегле на виделина во јули кога жена, која се посомневала во него, сфатила дека таков лекар не постои, па го пријавила во полиција.

Полицијата извршила претрес во неговата куќа и му го запленила компјутерот. Во текот на полициската истрага тој признал дека измамил голем број жени.

Обвинетиот извршил внимателно дизајниран план за да ги задоволи своите сексуални желби. Тој се преправал дека е лекар и навел голем број жртви да испраќаат различни компромитирачки фотографии и видеа од нив - изјавил заменик-главниот обвинител, објави Си-Ен-Ен.

The post Лажел жени дека е гинеколог за да му испраќаат слики и видеа од гениталиите, за казна ќе оди на робија appeared first on Република.

]]>

Човек во Сингапур е осуден на три години и четири месеци затвор затоа што измамил повеќе од 30 жени претставувајќи се како гинеколог на Фејсбук за да добие фотографии од нивните гениталии. Судот го прогласи 37-годишниот Оои Чуен Веи од Малезија за виновен за мамење и лажно претставување. Тој користел лажен профил на Фејсбук за да контактира со жени. Откако ќе остварел контакт, тој потоа барал од нив да пополнат анкети кои вклучуваат прашања за нивните гениталии и сексуалниот живот, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на судските документи, до кои имале пристап. Во текот на четири години, Малезиецот измамил 38 жени, а притоа добил околу 1.000 интимни фотографии и видеа. Неговите злодела излегле на виделина во јули кога жена, која се посомневала во него, сфатила дека таков лекар не постои, па го пријавила во полиција. Полицијата извршила претрес во неговата куќа и му го запленила компјутерот. Во текот на полициската истрага тој признал дека измамил голем број жени.
Обвинетиот извршил внимателно дизајниран план за да ги задоволи своите сексуални желби. Тој се преправал дека е лекар и навел голем број жртви да испраќаат различни компромитирачки фотографии и видеа од нив - изјавил заменик-главниот обвинител, објави Си-Ен-Ен.

The post Лажел жени дека е гинеколог за да му испраќаат слики и видеа од гениталиите, за казна ќе оди на робија appeared first on Република.

]]>
Ако ви биле загрозени правата од лекар или здравствена установа побарајте бесплатна правна помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-vi-bile-zagrozeni-pravata-od-lekar-ili-zdravstvena-ustanova-pobarajte-besplatna-pravna-pomosh/ Wed, 20 Jul 2022 09:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=531325

Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското здружение на млади правници и ИРЛ ќе им понудат бесплатна правна помош на граѓаните чии права како пациенти биле грубо загрозени од приватни или јавни здравствени установи.

Документарниот филм Нечиста крв“, во продукција на Истражувачката репортерска лабораторија, откри низа прекршувања на основни човекови и уставно загарантирани права, како и целосно затајување на системот, кој е должен да превенира и да ги заштитува граѓаните од злоупотреби. Со оглед на бројните пријави од граѓани, кои пристигнаа во ИРЛ по емитувањето на документарниот филм, а имајќи предвид дека правното процесирање на случаи не е во доменот на една медиумска редакција, ИРЛ воспостави соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници. Целта на оваа соработка е воспоставување заеднички и систематизиран пристап кон соодветно процесирање на пријавите од граѓаните чие здравје и права како пациенти биле грубо загрозени од здравствените установи, приватни и јавни, како и особено од отсуството на суштински надзор врз нивната работа од страна на надлежните институции - се вели во денешното соопштение од Хелсиншкиот комитет.

Од Хелсиншкиот комитет нагласуваат дека иако случаите со прекршување на здравствените права се континуирано присутни во нашата секојдневна пракса, ковид-пандемијата извадила на виделина длабоки системски проблеми, кои од една страна предизвикуваат тешки последици по здравјето и животот на луѓето, а од друга, овозможуваат огромен профит за поединци на грбот на пациентите и нивните семејства.

Покрај досега пристигнатите пријави, ги охрабруваме и останатите граѓани со документацијата којашто ја поседуваат, да пријават лично во Хелсиншкиот комитет за човекови права или во Македонското здружение на млади правници, како овластени даватели на правна помош (на адресите подолу во текстот), доколку има индиции дека се соочиле со – несовесно лекување болни, доколку при укажување лекарска помош лекарот примени очигледно неподобно средство или начин на лекување или нема да примени соодвeтни хигиенски мерки и воопшто несовесно постапува и со тоа предизвика влошување на здравствената состојба на некое лице, неукажување медицинска помош, односно доколку лекар или здравствен работник не му укаже неодложна медицинска помош на лице кое се наоѓа во опасност за животот, непостапување на институциите по поднесени претставки од граѓани…. - се вели во соопштението.

Во него се додава дека граѓаните ќе добијат правна помош и доколку се сомневаат дека биле дел од клиничко испитување без нивно знаење или им е побаран поткуп за здравствена услуга од страна на лекар или здравствен работник.

По пријавувањето, граѓаните ќе добијат правен совет и во зависност од околностите, ќе добијат помош при иницирање кривични постапки, доколку има индиции дека е сторено кривично дело, помош при изработка и поднесување претставки пред другите надлежни институции и засилен граѓански мониторинг на случаите кои ќе влезат во судска постапка.

Граѓаните може да се обратат на следните адреси, а сите случаи ќе влезат во заедничка база на податоци:

ИРЛ – Булевер Илинден 47-2, 1000 Скопје; +38976302307; irlmacedonia@irl.mk.

Хелсиншки комитет за човекови права – ул. Наум Наумовски Борче 83, 1000 Скопје; 02/3119-073 и 072/278-436; лица за контакт: Наташа Петковска natasha.petkovska@mhc.org.mk; Ина Џугуманова ina.dzugumanova@mhc.org.mk; Тона Карева tona.kareva@mhc.org.mk; Славица Анастасовска slavica.anastasovska@mhc.org.mk.

Македонско здружение на млади правници – ул. Донбас 14-1/6; тел. 02/3220-870, моб. 072/223-963; лице за контакт: Весна Дишлиоска, vdislijovska@myla.org.mk.

The post Ако ви биле загрозени правата од лекар или здравствена установа побарајте бесплатна правна помош appeared first on Република.

]]>

Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското здружение на млади правници и ИРЛ ќе им понудат бесплатна правна помош на граѓаните чии права како пациенти биле грубо загрозени од приватни или јавни здравствени установи.

Документарниот филм Нечиста крв“, во продукција на Истражувачката репортерска лабораторија, откри низа прекршувања на основни човекови и уставно загарантирани права, како и целосно затајување на системот, кој е должен да превенира и да ги заштитува граѓаните од злоупотреби. Со оглед на бројните пријави од граѓани, кои пристигнаа во ИРЛ по емитувањето на документарниот филм, а имајќи предвид дека правното процесирање на случаи не е во доменот на една медиумска редакција, ИРЛ воспостави соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници. Целта на оваа соработка е воспоставување заеднички и систематизиран пристап кон соодветно процесирање на пријавите од граѓаните чие здравје и права како пациенти биле грубо загрозени од здравствените установи, приватни и јавни, како и особено од отсуството на суштински надзор врз нивната работа од страна на надлежните институции - се вели во денешното соопштение од Хелсиншкиот комитет.

Од Хелсиншкиот комитет нагласуваат дека иако случаите со прекршување на здравствените права се континуирано присутни во нашата секојдневна пракса, ковид-пандемијата извадила на виделина длабоки системски проблеми, кои од една страна предизвикуваат тешки последици по здравјето и животот на луѓето, а од друга, овозможуваат огромен профит за поединци на грбот на пациентите и нивните семејства.
Покрај досега пристигнатите пријави, ги охрабруваме и останатите граѓани со документацијата којашто ја поседуваат, да пријават лично во Хелсиншкиот комитет за човекови права или во Македонското здружение на млади правници, како овластени даватели на правна помош (на адресите подолу во текстот), доколку има индиции дека се соочиле со – несовесно лекување болни, доколку при укажување лекарска помош лекарот примени очигледно неподобно средство или начин на лекување или нема да примени соодвeтни хигиенски мерки и воопшто несовесно постапува и со тоа предизвика влошување на здравствената состојба на некое лице, неукажување медицинска помош, односно доколку лекар или здравствен работник не му укаже неодложна медицинска помош на лице кое се наоѓа во опасност за животот, непостапување на институциите по поднесени претставки од граѓани…. - се вели во соопштението.
Во него се додава дека граѓаните ќе добијат правна помош и доколку се сомневаат дека биле дел од клиничко испитување без нивно знаење или им е побаран поткуп за здравствена услуга од страна на лекар или здравствен работник. По пријавувањето, граѓаните ќе добијат правен совет и во зависност од околностите, ќе добијат помош при иницирање кривични постапки, доколку има индиции дека е сторено кривично дело, помош при изработка и поднесување претставки пред другите надлежни институции и засилен граѓански мониторинг на случаите кои ќе влезат во судска постапка. Граѓаните може да се обратат на следните адреси, а сите случаи ќе влезат во заедничка база на податоци: ИРЛ – Булевер Илинден 47-2, 1000 Скопје; +38976302307; irlmacedonia@irl.mk. Хелсиншки комитет за човекови права – ул. Наум Наумовски Борче 83, 1000 Скопје; 02/3119-073 и 072/278-436; лица за контакт: Наташа Петковска natasha.petkovska@mhc.org.mk; Ина Џугуманова ina.dzugumanova@mhc.org.mk; Тона Карева tona.kareva@mhc.org.mk; Славица Анастасовска slavica.anastasovska@mhc.org.mk. Македонско здружение на млади правници – ул. Донбас 14-1/6; тел. 02/3220-870, моб. 072/223-963; лице за контакт: Весна Дишлиоска, vdislijovska@myla.org.mk.

The post Ако ви биле загрозени правата од лекар или здравствена установа побарајте бесплатна правна помош appeared first on Република.

]]>
Лекар во Англија силувал 99-годишна старица во дом за стари лица, добил доживотен затвор https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/lekar-vo-anglija-siluval-99-godishna-starica-vo-dom-za-stari-lica-dobil-dozivoten-zatvor/ Tue, 08 Feb 2022 22:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=455916

Здравствен работник во Англија е осуден на доживотен затвор кога бил фатен како силува 99-годишна штитеничка во оддел од старскиот дом во кој работел.

Нејзиното семејство сето тоа беспомошно го следело преку скриена камера.

Филип Кери (48) признал дека ја нападнал жртвата во дом за стари лица во Блекпул, Ланкашир. Тој бил фатен откога семејството на 99-годишната жена поставило скриена камера во нејзината соба и го снимило неговото малтретирање, пишува „Дејли мејл“.

Кери беше осуден на доживотен затвор со минимална казна од 10 години.

Обвинителите за време на судењето изјавија дека семејството на старицата било загрижено кога нејзиното однесување наеднаш се променило. Таа не дозволувала физички контакт и ги молела роднините да не ја оставаат во домот бидејќи некој ќе ја повреди.

Семејството потоа поставило скриена камера во нејзината соба за да се обиде да открие што точно се случува. На нивен ужас го виделе Кери како влегува во собата и ја силува старицата. Веднаш повикале полиција, која го уапсила. Кери се изјасни за виновен пред судот откога обвинителите презентираа форензички докази и презентираа снимки.

The post Лекар во Англија силувал 99-годишна старица во дом за стари лица, добил доживотен затвор appeared first on Република.

]]>

Здравствен работник во Англија е осуден на доживотен затвор кога бил фатен како силува 99-годишна штитеничка во оддел од старскиот дом во кој работел. Нејзиното семејство сето тоа беспомошно го следело преку скриена камера. Филип Кери (48) признал дека ја нападнал жртвата во дом за стари лица во Блекпул, Ланкашир. Тој бил фатен откога семејството на 99-годишната жена поставило скриена камера во нејзината соба и го снимило неговото малтретирање, пишува „Дејли мејл“. Кери беше осуден на доживотен затвор со минимална казна од 10 години. Обвинителите за време на судењето изјавија дека семејството на старицата било загрижено кога нејзиното однесување наеднаш се променило. Таа не дозволувала физички контакт и ги молела роднините да не ја оставаат во домот бидејќи некој ќе ја повреди. Семејството потоа поставило скриена камера во нејзината соба за да се обиде да открие што точно се случува. На нивен ужас го виделе Кери како влегува во собата и ја силува старицата. Веднаш повикале полиција, која го уапсила. Кери се изјасни за виновен пред судот откога обвинителите презентираа форензички докази и презентираа снимки.

The post Лекар во Англија силувал 99-годишна старица во дом за стари лица, добил доживотен затвор appeared first on Република.

]]>