лек за рак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lek-za-rak/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Aug 2023 09:14:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лек за рак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lek-za-rak/ 32 32 Лекот за рак почна да се тестира врз луѓе, ги уништува сите видови цврсти тумори во рана фаза https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lekot-za-rak-pochna-da-se-testira-vrz-luge-gi-unishtuva-site-vidovi-tsvrsti-tumori-vo-rana-faza/ Thu, 03 Aug 2023 09:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=668181

Американските научници развија лек во форма на таблета кој при претклиничките тестови ги уништи сите цврсти видови на рак и ги остави здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција „ДПА“.

Научниците од „City of Houp“ – една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавија студија во вторникот во која се детализирани првите резултати од тестирањето на „апчињата за убивање рак“ АОХ1996.

Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачкиот клеточен нуклеарен антиген (ПЦНА) – протеин кој во својата мутирана форма е „клучен“ во репликацијата на ДНК и „поправката“ на сите „тумори кои се шират“, велат од „ City of Houp“

Линда Малкас, професорка на Катедрата за молекуларна дијагностика и експериментална терапија во Медицинскиот центар во Калифорнија, го развива лекот во последните 20 години.

Малкас рече: „ПЦНА е како главен центар на аеродромски терминал кој содржи повеќе влезови на авиони“.

-Податоците сугерираат дека ПЦНА е уникатно изменета во клетките на ракот, а овој факт ни овозможи да дизајнираме лек кој цели само на формата на ПЦНА во клетките на ракот. Нашето апче за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар, ги затвора сите дојдовни и појдовни летови само на авиони што носат клетки на ракот, рече таа.

Професорката ги нарече резултатите ветувачки и рече дека истражувањето покажало дека АОХ1996 може да го потисне растот на туморот кај клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек.

Таблетата се покажа како ефикасна во лекувањето на клетките кои потекнуваат од рак на дојка, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.

Тестирана е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар.

The post Лекот за рак почна да се тестира врз луѓе, ги уништува сите видови цврсти тумори во рана фаза appeared first on Република.

]]>

Американските научници развија лек во форма на таблета кој при претклиничките тестови ги уништи сите цврсти видови на рак и ги остави здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција „ДПА“. Научниците од „City of Houp“ – една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавија студија во вторникот во која се детализирани првите резултати од тестирањето на „апчињата за убивање рак“ АОХ1996. Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачкиот клеточен нуклеарен антиген (ПЦНА) – протеин кој во својата мутирана форма е „клучен“ во репликацијата на ДНК и „поправката“ на сите „тумори кои се шират“, велат од „ City of Houp“ Линда Малкас, професорка на Катедрата за молекуларна дијагностика и експериментална терапија во Медицинскиот центар во Калифорнија, го развива лекот во последните 20 години. Малкас рече: „ПЦНА е како главен центар на аеродромски терминал кој содржи повеќе влезови на авиони“. -Податоците сугерираат дека ПЦНА е уникатно изменета во клетките на ракот, а овој факт ни овозможи да дизајнираме лек кој цели само на формата на ПЦНА во клетките на ракот. Нашето апче за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар, ги затвора сите дојдовни и појдовни летови само на авиони што носат клетки на ракот, рече таа. Професорката ги нарече резултатите ветувачки и рече дека истражувањето покажало дека АОХ1996 може да го потисне растот на туморот кај клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек. Таблетата се покажа како ефикасна во лекувањето на клетките кои потекнуваат од рак на дојка, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови. Тестирана е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар.

The post Лекот за рак почна да се тестира врз луѓе, ги уништува сите видови цврсти тумори во рана фаза appeared first on Република.

]]>
Почна тестирањето на „апчињата кои убиваат рак“ кај луѓе https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pochna-testiraneto-na-apchinata-koi-ubivaat-rak-kaj-luge/ Wed, 02 Aug 2023 07:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=667786

Дали сме конечно блиску до лек за рак? По 20 години истражување, научниците ја создадоа таблетата AOH1996, која напаѓа варијанта на канцероген протеин, т.е. антигенот на пролиферирачки клетки (PCNA), присутен во повеќето канцерогени клетки, што го стимулира нивниот раст и репродукција. Во исто време, здравите клетки остануваат непроменети.

Таблетата AOH1996 е создадена во City of Hope во Лос Анџелес, една од најголемите американски организации за истражување и третман на рак, пишува Sky News. Се покажа дека пилулата е ефикасна во лекувањето на повеќе од 70 различни типови на канцерогени клетки; од рак на дојка, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.

Професорката Линда Малкас, која го разви лекот, објасни: „PCNA е како центар на главниот аеродромски терминал кој содржи повеќе излези за авиони. Податоците сугерираат дека PCNA во клетките на ракот е единствена, што ни овозможи да создадеме лек кој конкретно ја напаѓа PCNA во клетките на ракот.

Иако првичните резултати се ветувачки, претходните истражувања заклучија дека AOH1996 може да го потисне растот на туморот кај клеточните и животинските модели, но првата фаза од клиничките испитувања на луѓе моментално е во тек.

PCNAРАКТАБЛЕТА

The post Почна тестирањето на „апчињата кои убиваат рак“ кај луѓе appeared first on Република.

]]>

Дали сме конечно блиску до лек за рак? По 20 години истражување, научниците ја создадоа таблетата AOH1996, која напаѓа варијанта на канцероген протеин, т.е. антигенот на пролиферирачки клетки (PCNA), присутен во повеќето канцерогени клетки, што го стимулира нивниот раст и репродукција. Во исто време, здравите клетки остануваат непроменети. Таблетата AOH1996 е создадена во City of Hope во Лос Анџелес, една од најголемите американски организации за истражување и третман на рак, пишува Sky News. Се покажа дека пилулата е ефикасна во лекувањето на повеќе од 70 различни типови на канцерогени клетки; од рак на дојка, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови. Професорката Линда Малкас, која го разви лекот, објасни: „PCNA е како центар на главниот аеродромски терминал кој содржи повеќе излези за авиони. Податоците сугерираат дека PCNA во клетките на ракот е единствена, што ни овозможи да создадеме лек кој конкретно ја напаѓа PCNA во клетките на ракот. Иако првичните резултати се ветувачки, претходните истражувања заклучија дека AOH1996 може да го потисне растот на туморот кај клеточните и животинските модели, но првата фаза од клиничките испитувања на луѓе моментално е во тек. PCNAРАКТАБЛЕТА

The post Почна тестирањето на „апчињата кои убиваат рак“ кај луѓе appeared first on Република.

]]>