легенда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/legenda/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 09:52:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png легенда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/legenda/ 32 32 Почина легендарниот Лазар Лечиќ https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/pochina-legendarniot-lazar-lechik/ Tue, 13 Aug 2024 09:19:07 +0000 https://republika.mk/?p=806056

На 85-годишна возраст почина Лазар Лечиќ, еден од најистакнатите македонски кошаркарски работници во историјата на поранешна Југославија и на независна Македонија.

Лечиќ го загуби животниот натпревар, но засекогаш ќе остане запаметен како симбол на кошарката на овие простори. Тој беше еден од оние што ги поставија темелите на македонската кошарка од осамостојувањето.

Кариерата ја почнува во Работнички, а потоа станува тренер на оваа екипа која ја водеше на неколку пати. Најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1968, а работеше и во МЗТ, Никол Ферт, беше тренер и надвор од Македонија, во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, Арис. Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула.

Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.

Погребот на Лечиќ ќе биде утре, 14. август, на гробиштата Бутел во Скопје. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот.

The post Почина легендарниот Лазар Лечиќ appeared first on Република.

]]>

На 85-годишна возраст почина Лазар Лечиќ, еден од најистакнатите македонски кошаркарски работници во историјата на поранешна Југославија и на независна Македонија. Лечиќ го загуби животниот натпревар, но засекогаш ќе остане запаметен како симбол на кошарката на овие простори. Тој беше еден од оние што ги поставија темелите на македонската кошарка од осамостојувањето. Кариерата ја почнува во Работнички, а потоа станува тренер на оваа екипа која ја водеше на неколку пати. Најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1968, а работеше и во МЗТ, Никол Ферт, беше тренер и надвор од Македонија, во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, Арис. Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула. Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“. Погребот на Лечиќ ќе биде утре, 14. август, на гробиштата Бутел во Скопје. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот.

The post Почина легендарниот Лазар Лечиќ appeared first on Република.

]]>
Ова е црногорската плажа забранета за мажи https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ova-e-tsrnogorskata-plazha-zabraneta-za-mazhi/ Sat, 16 Sep 2023 08:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=682348

Уникатната плажа во Улцињ во Црна Гора е специфична по тоа што на мажите им е забранет влезот од мај до октомври, а ги привлекува припадничките на понежниот пол во текот на целата сезона.

Главната причина за зголеменото присуство на жените на оваа плажа е водата богата со сулфур. Легендата вели дека благодарение на оваа вода многу жени ја постигнале својата желба за потомство.

Дополнително, капењето на оваа „женска плаж“а се препорачува како дел од терапијата за гинеколошки, кожни и респираторни проблеми. Тајната лежи во комбинацијата на лековита сулфурна и морска вода, пишува „24 седам“.

Сè уште е жива староулцињската легендата за Алија и неговата сопруга. Тој бил моќен пират, но неговата сопруга не можела да забремени. Во очај планирал да ја убие, но мајка му, која ја сакала снаата, му кажала дека сонувала ангел кој ја советувал да ја однесе снаата на местото каде што извира сулфурна вода. Султанетата ги следела упатствата и набрзо забременила. А сега на оваа плажа доаѓаат многу жени кои се соочуваат со истиот проблем.

Лековитата вода за првпат била истражена во средината на минатиот век. Освен сулфурната вода, лековит е и воздухот и минералната кал на плажата. Водата е погуста од вообичаеното и предизвикува специфична сензација при пливањето. Воздухот е исполнет со мирис на борови дрвја, а минералната кал се користи за кожни болести.

Оваа плажа е позната по својата убавина, а CNN дури ја вброи меѓу најубавите нудистички плажи во светот.

The post Ова е црногорската плажа забранета за мажи appeared first on Република.

]]>

Уникатната плажа во Улцињ во Црна Гора е специфична по тоа што на мажите им е забранет влезот од мај до октомври, а ги привлекува припадничките на понежниот пол во текот на целата сезона. Главната причина за зголеменото присуство на жените на оваа плажа е водата богата со сулфур. Легендата вели дека благодарение на оваа вода многу жени ја постигнале својата желба за потомство. Дополнително, капењето на оваа „женска плаж“а се препорачува како дел од терапијата за гинеколошки, кожни и респираторни проблеми. Тајната лежи во комбинацијата на лековита сулфурна и морска вода, пишува „24 седам“. Сè уште е жива староулцињската легендата за Алија и неговата сопруга. Тој бил моќен пират, но неговата сопруга не можела да забремени. Во очај планирал да ја убие, но мајка му, која ја сакала снаата, му кажала дека сонувала ангел кој ја советувал да ја однесе снаата на местото каде што извира сулфурна вода. Султанетата ги следела упатствата и набрзо забременила. А сега на оваа плажа доаѓаат многу жени кои се соочуваат со истиот проблем. Лековитата вода за првпат била истражена во средината на минатиот век. Освен сулфурната вода, лековит е и воздухот и минералната кал на плажата. Водата е погуста од вообичаеното и предизвикува специфична сензација при пливањето. Воздухот е исполнет со мирис на борови дрвја, а минералната кал се користи за кожни болести. Оваа плажа е позната по својата убавина, а CNN дури ја вброи меѓу најубавите нудистички плажи во светот.

The post Ова е црногорската плажа забранета за мажи appeared first on Република.

]]>
Србија завиена во црно: Почина легендарен фудбалер на Партизан https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/srbija-zaviena-vo-crno-pochina-legendaren-fudbaler-na-partizan/ Fri, 11 Mar 2022 22:00:37 +0000 https://republika.mk/?p=471563

Легендарниот фудбалер на Партизан Небојша Вучичевиќ, починал ненадејно на 59-годишна возраст додека играл мал фудбал во Белград, јавуваат српските медиуми. Смртта ја потврдија и од фудбалскиот клуб Партизан.

Вучичевиќ играл пет сезони во Партизан, со кој ја освои титулата во Југославија и еден Куп. Претходно настапувал во ОФК Белград, а потоа играл во Мец, САламанка, па во Даеву од Кореја, Пафос, и две години во Словенија.

Има и тренерска кариера во многу српски клубови меѓу кои Раднички Крагујевац, Хајдук Кула, Обилиќ, Дорчол, Срем, Смедерево, Динамо Врање, Нови Пазар, а беше дел и од Нафта од Словенија.

The post Србија завиена во црно: Почина легендарен фудбалер на Партизан appeared first on Република.

]]>

Легендарниот фудбалер на Партизан Небојша Вучичевиќ, починал ненадејно на 59-годишна возраст додека играл мал фудбал во Белград, јавуваат српските медиуми. Смртта ја потврдија и од фудбалскиот клуб Партизан. Вучичевиќ играл пет сезони во Партизан, со кој ја освои титулата во Југославија и еден Куп. Претходно настапувал во ОФК Белград, а потоа играл во Мец, САламанка, па во Даеву од Кореја, Пафос, и две години во Словенија. Има и тренерска кариера во многу српски клубови меѓу кои Раднички Крагујевац, Хајдук Кула, Обилиќ, Дорчол, Срем, Смедерево, Динамо Врање, Нови Пазар, а беше дел и од Нафта од Словенија.

The post Србија завиена во црно: Почина легендарен фудбалер на Партизан appeared first on Република.

]]>