легализација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/legalizacija/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Mar 2024 08:19:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png легализација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/legalizacija/ 32 32 Меџити: На многу функционери на ДУИ сум им ги легализирал домовите кои биле дивоградби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-na-mnogu-funktsioneri-na-dui-sum-im-gi-legaliziral-domovite-koi-bile-divogradbi/ Tue, 26 Mar 2024 08:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=758742

Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити синоќа порача дека владеачката ДУИ е завршена приказна за него, замерувајќи ѝм на поранешниот партиски колеги дека „во последно време создаваат само непријатели“.

Меџити во емисијата „Клик Плус“ информира и дека како поранешен градоначалник на општина Чаир, на многу функционери на ДУИ како и на многу граѓани им овозможил легализација на своите домови кои имале статус на дивоградби.

Во однос на актулниот технички премиер Талат Џафери, Меџити изјави дека се однесува како млада невеста.

Техничкиот премиер без никакви ингиренции, Талат Џафери, не е премиер, туку повеќе личи на „млада невеста“ која ја носат да ја претстават пред семејството. ПР му прави Груби со разните негови посети во администрацијата изигрувајќи инспектор, истакна пратеникот во Собранието.

Тој наведе и дека албанското прашање и евроинтеграциите на државата за опозицијата се црвени линии.

Убеден сум дека по изборите ќе имаме проевропска влада која ќе ги спроведе уставните измени и ќе го продолжи патот на евроинтеграциите, кажа Меџити во гостувањето.

 

The post Меџити: На многу функционери на ДУИ сум им ги легализирал домовите кои биле дивоградби appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити синоќа порача дека владеачката ДУИ е завршена приказна за него, замерувајќи ѝм на поранешниот партиски колеги дека „во последно време создаваат само непријатели“. Меџити во емисијата „Клик Плус“ информира и дека како поранешен градоначалник на општина Чаир, на многу функционери на ДУИ како и на многу граѓани им овозможил легализација на своите домови кои имале статус на дивоградби. Во однос на актулниот технички премиер Талат Џафери, Меџити изјави дека се однесува како млада невеста.
Техничкиот премиер без никакви ингиренции, Талат Џафери, не е премиер, туку повеќе личи на „млада невеста“ која ја носат да ја претстават пред семејството. ПР му прави Груби со разните негови посети во администрацијата изигрувајќи инспектор, истакна пратеникот во Собранието.
Тој наведе и дека албанското прашање и евроинтеграциите на државата за опозицијата се црвени линии.
Убеден сум дека по изборите ќе имаме проевропска влада која ќе ги спроведе уставните измени и ќе го продолжи патот на евроинтеграциите, кажа Меџити во гостувањето.
 

The post Меџити: На многу функционери на ДУИ сум им ги легализирал домовите кои биле дивоградби appeared first on Република.

]]>
Германија ја легализираше рекреативната употреба на канабисот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-ja-legalizirashe-rekreativnata-upotreba-na-kanabisot/ Fri, 23 Feb 2024 16:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=747537

Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативна употреба на канабисот.

Според новиот закон, на лицата постари од 18 години ќе им биде дозволено да поседуваат значителни количества канабис, а пушењето канабис на многу јавни места ќе стане легално од 1 април, јави Би-Би-Си.

На јавни места ќе биде дозволено поседување до 25 грама, а во приватни домови до 50 грама.

Пушењето канабис во близина на училишта и спортски терени ќе биде забрането, додека купувањето канабис ќе продолжи да биде строго регулирано.

The post Германија ја легализираше рекреативната употреба на канабисот appeared first on Република.

]]>

Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативна употреба на канабисот. Според новиот закон, на лицата постари од 18 години ќе им биде дозволено да поседуваат значителни количества канабис, а пушењето канабис на многу јавни места ќе стане легално од 1 април, јави Би-Би-Си. На јавни места ќе биде дозволено поседување до 25 грама, а во приватни домови до 50 грама. Пушењето канабис во близина на училишта и спортски терени ќе биде забрането, додека купувањето канабис ќе продолжи да биде строго регулирано.

The post Германија ја легализираше рекреативната употреба на канабисот appeared first on Република.

]]>
Швајцарија ќе го легализира кокаинот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvajtsarija-ke-go-legalizira-kokainot/ Wed, 20 Dec 2023 15:14:37 +0000 https://republika.mk/?p=724975

Главниот град на Швајцарија размислува за пилот-проект што ќе овозможи продажба на кокаин за рекреативна употреба. Парламентот во Берн ја поддржа идејата, но сега треба да се справи со противењето на градските власти. Доколку предлогот биде прифатен, ќе биде неопходно да се промени националното право.

Во целиот свет методите и политиките на борба против дрогата се менуваат. Американската сојузна држава Орегон, на пример, го декриминализираше поседувањето на мали количини кокаин како дел од програмата за лекување на зависности во 2021 година.

Многу европски земји, вклучувајќи ги Шпанија, Италија и Португалија, веќе немаат затворски казни за поседување дрога, вклучително и кокаин.

Швајцарија го преиспитува својот став за легализација на дрогата, откако некои политичари и експерти ги критикуваа директните забрани, велејќи дека тие се неефикасни.

Швајцарија има едно од највисоките нивоа на употреба на кокаин во Европа.

За да се спроведе пилот-проектот, Парламентот ќе треба да го измени законот за забрана на рекреативно консумирање дрога.

Експертите се уште се поделени. Дури и оние кои ја поддржуваат програмата се загрижени за можните негативни и опасни последици.

The post Швајцарија ќе го легализира кокаинот appeared first on Република.

]]>

Главниот град на Швајцарија размислува за пилот-проект што ќе овозможи продажба на кокаин за рекреативна употреба. Парламентот во Берн ја поддржа идејата, но сега треба да се справи со противењето на градските власти. Доколку предлогот биде прифатен, ќе биде неопходно да се промени националното право. Во целиот свет методите и политиките на борба против дрогата се менуваат. Американската сојузна држава Орегон, на пример, го декриминализираше поседувањето на мали количини кокаин како дел од програмата за лекување на зависности во 2021 година. Многу европски земји, вклучувајќи ги Шпанија, Италија и Португалија, веќе немаат затворски казни за поседување дрога, вклучително и кокаин. Швајцарија го преиспитува својот став за легализација на дрогата, откако некои политичари и експерти ги критикуваа директните забрани, велејќи дека тие се неефикасни. Швајцарија има едно од највисоките нивоа на употреба на кокаин во Европа. За да се спроведе пилот-проектот, Парламентот ќе треба да го измени законот за забрана на рекреативно консумирање дрога. Експертите се уште се поделени. Дури и оние кои ја поддржуваат програмата се загрижени за можните негативни и опасни последици.

The post Швајцарија ќе го легализира кокаинот appeared first on Република.

]]>
Германија ќе ја легализира марихуната во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-ke-ja-legalizira-marihunata-vo-2024-godina/ Tue, 14 Nov 2023 21:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=701588

Легализацијата на канабисот во Германија, првично планирана за крајот на годината, најверојатно ќе биде одложена до 2024 година, изјавија денеска за ДПА официјални лица кои се запознаени со распоредот на парламентот.

Планот е законот да биде усвоен во Бундестагот, долниот дом на парламентот, меѓу 13 и 15 декември.

Потоа мора да се изјасни Бундесратот, горниот дом кој ги претставува 16-те германски покраини. Но, последната седница годинава е на 15 декември, поради што е малку веројатно дека нацрт-законот ќе биде разгледан оваа година.

Иако плановите не бараат експлицитно одобрение од Бундесратот, неговите претставници мора да имаат шанса да разговараат за нив како и за секој друг предлог-закон.

Следната седница на Бундесратот потоа ќе се одржи на 2 февруари 2024 година, по што законот би можел да стапи во сила. Како можен датум за почеток се споменува 1 април, велат за ДПА извори од тристраната коалиција на канцеларот Олаф Шолц.

Предлог-законот инициран од владата предвидува отстранување на канабисот од листата на забранети супстанции во Законот за наркотици.

За возрасни на возраст од 18 и повеќе години, дозволено е поседување до 25 грама. Приватно може да се одгледуваат најмногу три растенија.

Во клубовите за канабис, на членовите треба да им се дозволи колективно да го одгледуваат и да го дистрибуираат едни на други, со максимум 50 грама по член месечно.

За лицата на возраст од 18 до 21 година, ќе биде дозволено до 30 грама месечно со максимална содржина од 10 проценти тетрахидроканабинол (THC), супстанцијата со опојно дејство.

 

The post Германија ќе ја легализира марихуната во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Легализацијата на канабисот во Германија, првично планирана за крајот на годината, најверојатно ќе биде одложена до 2024 година, изјавија денеска за ДПА официјални лица кои се запознаени со распоредот на парламентот. Планот е законот да биде усвоен во Бундестагот, долниот дом на парламентот, меѓу 13 и 15 декември. Потоа мора да се изјасни Бундесратот, горниот дом кој ги претставува 16-те германски покраини. Но, последната седница годинава е на 15 декември, поради што е малку веројатно дека нацрт-законот ќе биде разгледан оваа година. Иако плановите не бараат експлицитно одобрение од Бундесратот, неговите претставници мора да имаат шанса да разговараат за нив како и за секој друг предлог-закон. Следната седница на Бундесратот потоа ќе се одржи на 2 февруари 2024 година, по што законот би можел да стапи во сила. Како можен датум за почеток се споменува 1 април, велат за ДПА извори од тристраната коалиција на канцеларот Олаф Шолц. Предлог-законот инициран од владата предвидува отстранување на канабисот од листата на забранети супстанции во Законот за наркотици. За возрасни на возраст од 18 и повеќе години, дозволено е поседување до 25 грама. Приватно може да се одгледуваат најмногу три растенија. Во клубовите за канабис, на членовите треба да им се дозволи колективно да го одгледуваат и да го дистрибуираат едни на други, со максимум 50 грама по член месечно. За лицата на возраст од 18 до 21 година, ќе биде дозволено до 30 грама месечно со максимална содржина од 10 проценти тетрахидроканабинол (THC), супстанцијата со опојно дејство.  

The post Германија ќе ја легализира марихуната во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Човекот кој кажа „да“ за легализацијата на марихуаната вели: Никогаш не сум пушел џоинт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chovekot-koj-kazha-da-za-legalizatsijata-na-marihuanata-veli-nikogash-ne-sum-pushel-dhoint/ Mon, 21 Aug 2023 10:28:16 +0000 https://republika.mk/?p=674154

Германскиот канцелар Олаф Шолц (65) изјавил дека никогаш во животот не консумирал канабис.

Ова го изјави во неделата вечерта за германската телевизија Прозибен, на прашањето дали некогаш пушел џоинт во младоста, пренесува Frankfurter Allgemeine Zeitung.

„Никогаш не сум пушел, ниту еден дим“, рече Шолц.

Германската влада неодамна одлучи делумно да го легализира канабисот за приватна употреба, Шолц вели дека верува оти владата ја прави вистинската работа со овој внимателен потег.

Но, ако некој ме праша дали е треба или не, јас секогаш би рекол – не“, изјави германскиот канцелар.

Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека неодамна усвоениот закон не е донесен за да се легализира потрошувачката на канабис, туку за да се ограничи потрошувачката и да се направи побезбедна.

The post Човекот кој кажа „да“ за легализацијата на марихуаната вели: Никогаш не сум пушел џоинт appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц (65) изјавил дека никогаш во животот не консумирал канабис. Ова го изјави во неделата вечерта за германската телевизија Прозибен, на прашањето дали некогаш пушел џоинт во младоста, пренесува Frankfurter Allgemeine Zeitung.
„Никогаш не сум пушел, ниту еден дим“, рече Шолц.
Германската влада неодамна одлучи делумно да го легализира канабисот за приватна употреба, Шолц вели дека верува оти владата ја прави вистинската работа со овој внимателен потег. Но, ако некој ме праша дали е треба или не, јас секогаш би рекол – не“, изјави германскиот канцелар. Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека неодамна усвоениот закон не е донесен за да се легализира потрошувачката на канабис, туку за да се ограничи потрошувачката и да се направи побезбедна.

The post Човекот кој кажа „да“ за легализацијата на марихуаната вели: Никогаш не сум пушел џоинт appeared first on Република.

]]>
Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ponishteno-reshenieto-na-petsakov-za-prekin-na-gradbata-na-hotelot-vo-lagadin-za-koj-zaev-veti-legalizatsija/ Mon, 06 Mar 2023 17:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=616590

Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин .

Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски која одлучува по жалби, во врска со жалбата доставена од инвеститорот на хотелот во Лагадин, одлучила мериторно, односно го поништила решението со кое градоначалникот Кирил Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ја трга единствената препрека за градба на спорниот хотел во Лагадин.

Ваква одлука претставува своевиден преседан, дотолку повеќе што во пракса секогаш второстепената комисија носела решенија за повторно одлучување од страна на првостепениот орган. Во овој случај не само што такво решение нема, туку Министерството за транспорт и врски донесеното решение на 01.03.2023 година го прави правосилно. Со ваквата одлука на Министерството за транспорт и врски на инвеститорот му се отвора врата за непречено продолжување со градба на спорниот хотел. Од кои причини и од кои побуди Министерството за транспорт и врски носи ваква мериторна одлука и ја прогласува за правосилна, без претходно да го врати предметот на повторно одлучување останува нејасно. После ваквата одлука во јавноста провејуваат информации дека тоа се должи на јавното ветување кое поранешниот премер Зоран Заев на партиска трибина во Охрид директно пред јавноста му вети на инвеститорот дека самиот ќе се заложи за да му се обезбедат услови за продолжување со градење.

Заев најави дека хотелот ќе се легализира.

https://www.youtube.com/watch?v=XGVsFYZwM0s

На истиот настан откако јавноста остана шокирана од оваа најава тогашниот премиер направи селфи со младината , а за тоа се качи на маса.

https://www.youtube.com/watch?v=lr7ko8RNGKA

извор: Охрид 1.мк

The post Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин . Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски која одлучува по жалби, во врска со жалбата доставена од инвеститорот на хотелот во Лагадин, одлучила мериторно, односно го поништила решението со кое градоначалникот Кирил Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ја трга единствената препрека за градба на спорниот хотел во Лагадин. Ваква одлука претставува своевиден преседан, дотолку повеќе што во пракса секогаш второстепената комисија носела решенија за повторно одлучување од страна на првостепениот орган. Во овој случај не само што такво решение нема, туку Министерството за транспорт и врски донесеното решение на 01.03.2023 година го прави правосилно. Со ваквата одлука на Министерството за транспорт и врски на инвеститорот му се отвора врата за непречено продолжување со градба на спорниот хотел. Од кои причини и од кои побуди Министерството за транспорт и врски носи ваква мериторна одлука и ја прогласува за правосилна, без претходно да го врати предметот на повторно одлучување останува нејасно. После ваквата одлука во јавноста провејуваат информации дека тоа се должи на јавното ветување кое поранешниот премер Зоран Заев на партиска трибина во Охрид директно пред јавноста му вети на инвеститорот дека самиот ќе се заложи за да му се обезбедат услови за продолжување со градење. Заев најави дека хотелот ќе се легализира. https://www.youtube.com/watch?v=XGVsFYZwM0s На истиот настан откако јавноста остана шокирана од оваа најава тогашниот премиер направи селфи со младината , а за тоа се качи на маса. https://www.youtube.com/watch?v=lr7ko8RNGKA извор: Охрид 1.мк

The post Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација appeared first on Република.

]]>
Значително зголемен бројот на решени барања за легализација во општина Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/znachitelno-zgolemen-brojot-na-resheni-baranja-za-legalizacija-vo-opshtina-aerodrom/ Thu, 22 Sep 2022 18:00:23 +0000 https://republika.mk/?p=553281

Реорганизација на работните процеси и формирање на работни комисии кои ги разгледуваат предметите на граѓаните и правните лица резултираше со поефикасно решавање на барањата доставени до општината Аеродром.

За само шест месеци во општината Аеродром издадени се решенија за вкупно 355 предмети, издадена е урбанистичка согласност за 200 предмети, започната е двострана комуникација со странката за 250 предмети и изготвени се уште десетици известувања, пресметки и заклучоци.

Овој значително зголемeн број на завршени предмети и започнати предмети се должи на новиот начин на работа во Општина Аеродром кој овозможи стотици нови решенија за легализација и почеток на процесот за конечно решавање на над 900 предмети. За таа цел, формирана е комисија од вработените, со што значително се забрза целиот процес за легализација.

Станува збор за еден од најголемите проблеми со кој граѓаните во општината се соочуваат повеќе од 10 години. До сега, до Општината поднесени биле над 9000 барања за легализација на објекти од различен вид.

Општина Аеродром и понатаму ќе продолжи со реорганизација на администрација со цел нејзино ефикасно искористување, а во насока на постапување во најкраток рок по барањата од граѓаните и правните лица, информираат од општината.

The post Значително зголемен бројот на решени барања за легализација во општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Реорганизација на работните процеси и формирање на работни комисии кои ги разгледуваат предметите на граѓаните и правните лица резултираше со поефикасно решавање на барањата доставени до општината Аеродром. За само шест месеци во општината Аеродром издадени се решенија за вкупно 355 предмети, издадена е урбанистичка согласност за 200 предмети, започната е двострана комуникација со странката за 250 предмети и изготвени се уште десетици известувања, пресметки и заклучоци. Овој значително зголемeн број на завршени предмети и започнати предмети се должи на новиот начин на работа во Општина Аеродром кој овозможи стотици нови решенија за легализација и почеток на процесот за конечно решавање на над 900 предмети. За таа цел, формирана е комисија од вработените, со што значително се забрза целиот процес за легализација. Станува збор за еден од најголемите проблеми со кој граѓаните во општината се соочуваат повеќе од 10 години. До сега, до Општината поднесени биле над 9000 барања за легализација на објекти од различен вид. Општина Аеродром и понатаму ќе продолжи со реорганизација на администрација со цел нејзино ефикасно искористување, а во насока на постапување во најкраток рок по барањата од граѓаните и правните лица, информираат од општината.

The post Значително зголемен бројот на решени барања за легализација во општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
Костовски почна со потпишување на решенијата за легализација во Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kostovski-pochna-so-potpishuvanje-na-reshenijata-za-legalizacija-vo-butel/ Tue, 18 Jan 2022 22:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=446552

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски вечерва поќна со потпишување на решенијата за легализација на објекти на територија на општината.

Со овој чин се одглави процесот на легализација на објекти согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Во Општина Бутел се поднесени над 7.000 барања, од кои речиси половина сé уште чекаат завршница. 
За да се забрза процесот на завршување на предметите, почнавме со нова поефикасна организација на вработените во Секторот за урбанизам.
Проблемот што им создаваше потешкотии на граѓаните на Општина Бутел за многу скоро ќе стане минато, порача Костовски.

The post Костовски почна со потпишување на решенијата за легализација во Бутел appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски вечерва поќна со потпишување на решенијата за легализација на објекти на територија на општината.
Со овој чин се одглави процесот на легализација на објекти согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Во Општина Бутел се поднесени над 7.000 барања, од кои речиси половина сé уште чекаат завршница.  За да се забрза процесот на завршување на предметите, почнавме со нова поефикасна организација на вработените во Секторот за урбанизам. Проблемот што им создаваше потешкотии на граѓаните на Општина Бутел за многу скоро ќе стане минато, порача Костовски.

The post Костовски почна со потпишување на решенијата за легализација во Бутел appeared first on Република.

]]>