леб и сол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leb-i-sol/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 12:11:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png леб и сол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/leb-i-sol/ 32 32 „Јовано, Јованке“, „Бистра вода“, Учи ме мајко, карај ме“…во изведба на „Леб и сол“ ечеа во салата „Јане Сандански“ https://arhiva3.republika.mk/scena/jovano-jovanke-bistra-voda-uchi-me-majko-karaj-me-vo-izvedba-na-leb-i-sol-echea-vo-salata-jane-sandanski/ Sun, 24 Mar 2024 12:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=758105

Синоќа пред настапот на Бреговиќ настапија нашите Леб и сол”. Македонскиот рок бенд последен пат свирел со босанскиот музичар и неговото Бијело дугме” во 1977 година, а Бодан Арсовски пред да ја напуштат сцената рече дека се надева оти следниот пат, во Сараево Бреговиќ ќе настапи како предгрупа на „Леб и сол“.

„Јовано, Јованке“, „Бистра вода“, Учи ме мајко, карај ме“...и уште мнпгу други хитови, членовите на „Леб и сол“ ги изведоа заедно со бројната публика во салата „Јане Сандански“.

Во далечната 1977 година „Леб и сол“ и „Бијело дугме“ прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза.

60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа на „бандата“ на Бреговиќ. Овој настап бил исклучително важен за подигањето на самодовербата на членовите на „Леб и сол“, кои биле дел и од концертите во Сараево, Нови Сад и белградскиот кој бил своевидно испраќање на Бреговиќ во тогашната ЈНА.

The post „Јовано, Јованке“, „Бистра вода“, Учи ме мајко, карај ме“…во изведба на „Леб и сол“ ечеа во салата „Јане Сандански“ appeared first on Република.

]]>

Синоќа пред настапот на Бреговиќ настапија нашите Леб и сол”. Македонскиот рок бенд последен пат свирел со босанскиот музичар и неговото Бијело дугме” во 1977 година, а Бодан Арсовски пред да ја напуштат сцената рече дека се надева оти следниот пат, во Сараево Бреговиќ ќе настапи како предгрупа на „Леб и сол“. „Јовано, Јованке“, „Бистра вода“, Учи ме мајко, карај ме“...и уште мнпгу други хитови, членовите на „Леб и сол“ ги изведоа заедно со бројната публика во салата „Јане Сандански“. Во далечната 1977 година „Леб и сол“ и „Бијело дугме“ прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза. 60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа на „бандата“ на Бреговиќ. Овој настап бил исклучително важен за подигањето на самодовербата на членовите на „Леб и сол“, кои биле дел и од концертите во Сараево, Нови Сад и белградскиот кој бил своевидно испраќање на Бреговиќ во тогашната ЈНА.

The post „Јовано, Јованке“, „Бистра вода“, Учи ме мајко, карај ме“…во изведба на „Леб и сол“ ечеа во салата „Јане Сандански“ appeared first on Република.

]]>
Бреговиќ: Каков свет им оставаме на нашите деца https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/bregovik-kakov-svet-im-ostavame-na-nashite-detsa/ Sun, 24 Mar 2024 11:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=758067

Синоќешниот настап на Горан Бреговиќ и неговиот оркестар за свадби и погреби донесе 17 музичари на сцената кои маестрално изведоа песни од неговите два последни албума „Три писма од Сараево” и Папокот на светот”.

Бреговиќ го почна концертот споделувајќи ја приказната на новинарката на Си-Ен-Ен, Ребека Смит која разговарала со рабин кој 60 години се молел пред Ѕидот на плачот во Ерусалим.

Отишла таму да направи репортажа и го прашала за што се моли. ‘Се молам за мир помеѓу христијаните, муслиманите и Евреите, се молам војните и омразата да престанат, нашите деца да станат одговорни луѓе и да ги сакаат своите соседи, но 60 години се чувствувам како да зборувам со ѕид’, ѝ рекол рабинот. Овој концерт е со таа порака. Да научиме да се сакаме и да ги научиме нашите деца да не чувствуваат омраза, рече Бреговиќ.

Следуваа познаните „Месечина”, „Ова е Балкан” и „Калашњиков”, која ја свири на бис, секогаш ја развеселуваат публиката, а така беше и во Скопје.

Како предгрупа настапија нашите Леб и сол”. Македонскиот рок бенд последен пат свирел со босанскиот музичар и неговото Бијело дугме” во 1977 година, а Бодан Арсовски пред да ја напуштат сцената рече дека се надева оти следниот пат, во Сараево Бреговиќ ќе настапи како предгрупа на „Леб и сол“.

Претходно во интервју за „Република“, Бреговиќ на прашањето како гледае на тоа каде оди светот рече:

Мојата последна плоча се вика „Папокот на светот“ и на корицата од албумот јас го бакнувам стомакот на една бремена Африканка која има тетоважа на земјината топка на стомакот. Сакам да кажам дека без оглед на религијата, на бојата на кожата или на било каква различност, сите ние имаме една единствена мајка која сите не родила, а тоа е планетата Земја, а кон неа се однесуваме полошо отколку кон најлоша маќеа. И како и сите кои имаат деца си мислиме каков свет им оставаме на нашите деца. Што ќе остане од овој убав свет кој ние го имавме за нас. Што ќе им остане нив.

https://republika.mk/scena/talentot-e-kako-pasta-za-zabi-ako-ne-pritisnete-nema-nishto-da-izleze/

The post Бреговиќ: Каков свет им оставаме на нашите деца appeared first on Република.

]]>

Синоќешниот настап на Горан Бреговиќ и неговиот оркестар за свадби и погреби донесе 17 музичари на сцената кои маестрално изведоа песни од неговите два последни албума „Три писма од Сараево” и Папокот на светот”. Бреговиќ го почна концертот споделувајќи ја приказната на новинарката на Си-Ен-Ен, Ребека Смит која разговарала со рабин кој 60 години се молел пред Ѕидот на плачот во Ерусалим.
Отишла таму да направи репортажа и го прашала за што се моли. ‘Се молам за мир помеѓу христијаните, муслиманите и Евреите, се молам војните и омразата да престанат, нашите деца да станат одговорни луѓе и да ги сакаат своите соседи, но 60 години се чувствувам како да зборувам со ѕид’, ѝ рекол рабинот. Овој концерт е со таа порака. Да научиме да се сакаме и да ги научиме нашите деца да не чувствуваат омраза, рече Бреговиќ.
Следуваа познаните „Месечина”, „Ова е Балкан” и „Калашњиков”, која ја свири на бис, секогаш ја развеселуваат публиката, а така беше и во Скопје. Како предгрупа настапија нашите Леб и сол”. Македонскиот рок бенд последен пат свирел со босанскиот музичар и неговото Бијело дугме” во 1977 година, а Бодан Арсовски пред да ја напуштат сцената рече дека се надева оти следниот пат, во Сараево Бреговиќ ќе настапи како предгрупа на „Леб и сол“. Претходно во интервју за „Република“, Бреговиќ на прашањето како гледае на тоа каде оди светот рече:
Мојата последна плоча се вика „Папокот на светот“ и на корицата од албумот јас го бакнувам стомакот на една бремена Африканка која има тетоважа на земјината топка на стомакот. Сакам да кажам дека без оглед на религијата, на бојата на кожата или на било каква различност, сите ние имаме една единствена мајка која сите не родила, а тоа е планетата Земја, а кон неа се однесуваме полошо отколку кон најлоша маќеа. И како и сите кои имаат деца си мислиме каков свет им оставаме на нашите деца. Што ќе остане од овој убав свет кој ние го имавме за нас. Што ќе им остане нив.
https://republika.mk/scena/talentot-e-kako-pasta-za-zabi-ako-ne-pritisnete-nema-nishto-da-izleze/

The post Бреговиќ: Каков свет им оставаме на нашите деца appeared first on Република.

]]>
„Леб и сол“ и Бреговиќ вечерва на иста сцена како некогаш https://arhiva3.republika.mk/scena/leb-i-sol-i-bregovik-vecherva-na-ista-stsena-kako-nekogash/ Sat, 23 Mar 2024 12:29:53 +0000 https://republika.mk/?p=749170

Во далечната 1977 година, „Леб и сол“ и „Бијело дугме“ прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански”, и тоа на големиот славенички концерт на Бреговиќ закажан на 23 март.

Во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните „Бијело дугме“ и на само еден ден после прославата на 74. роденден – Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори, ќе одржи концерт во Скопје. Славеничкиот концерт е закажан на 23 март во спортскиот центар „Јане Сандански”, а за загревањето на атмосферата на истиот, баш како некогаш ќе бидат задолжени членовите на Леб и сол.

60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа. Овој настап бил исклучително важен за подигањето на самодовербата на членовите на Леб и сол, кои биле дел и од концертите во Сараево, Нови Сад и белградскиот кој бил своевидно испраќање на Бреговиќ во тогашната ЈНА.

Бреговиќ во Скопје овој пат доаѓа со својот „Оркестар за свадби и погреби” за, како што вели, заедно со македонската публика онака како што доликува да ги прослави двата убави поводи – роденденот и јубилејот.

The post „Леб и сол“ и Бреговиќ вечерва на иста сцена како некогаш appeared first on Република.

]]>

Во далечната 1977 година, „Леб и сол“ и „Бијело дугме“ прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански”, и тоа на големиот славенички концерт на Бреговиќ закажан на 23 март. Во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните „Бијело дугме“ и на само еден ден после прославата на 74. роденден – Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори, ќе одржи концерт во Скопје. Славеничкиот концерт е закажан на 23 март во спортскиот центар „Јане Сандански”, а за загревањето на атмосферата на истиот, баш како некогаш ќе бидат задолжени членовите на Леб и сол. 60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа. Овој настап бил исклучително важен за подигањето на самодовербата на членовите на Леб и сол, кои биле дел и од концертите во Сараево, Нови Сад и белградскиот кој бил своевидно испраќање на Бреговиќ во тогашната ЈНА. Бреговиќ во Скопје овој пат доаѓа со својот „Оркестар за свадби и погреби” за, како што вели, заедно со македонската публика онака како што доликува да ги прослави двата убави поводи – роденденот и јубилејот.  

The post „Леб и сол“ и Бреговиќ вечерва на иста сцена како некогаш appeared first on Република.

]]>
ЗЏМ Биг бенд свиреа „Леб и сол“: Музичко патување со култните „Таласна дужина“, „Скопје“, „Исток- запад“… https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zdhm-big-bend-svirea-leb-i-sol-muzichko-patuvane-so-kultnite-talasna-duzhina-skopje-istok-zapad/ Mon, 11 Dec 2023 12:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=721583

Во Националната опера и балет викендов ЗЏМ Биг бенд свиреа „Леб и сол“. На целовечерниот концерт можевме да ги чуеме култните нумери „Скопје“, „Исток -запад (телепатски), „Таласна дужина“, „Деветка“....и уште многу други кои не вратија во едно друго време.

По обраќањето на Гоце Стефковски, публиката уживаше во секој миг во аранжманите адаптирани за биг бенд изведба, а на членовите на ЗЏМ Биг бенд  на сцената им се придружи и Евгенија Чанчалова чија прекрасна изведба никого не остави рамноушен во салата. Во публиката можеше да се забележат и Кокан Димушевси и Бодан Арсовски некогашните членови на „Леб и сол“, бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја.

Концертот, пак, на ЗЏМ Биг бенд свири „Леб и сол“ под диригентската палка на Емин Џијан покрај убавото чувство што го предизвика кај сите присутни во публиката која ја исполни салата на Националната опера и балет до последното место, секако придонесува за развивање на уникатен звук и негување на вистинските музички вредности.

The post ЗЏМ Биг бенд свиреа „Леб и сол“: Музичко патување со култните „Таласна дужина“, „Скопје“, „Исток- запад“… appeared first on Република.

]]>

Во Националната опера и балет викендов ЗЏМ Биг бенд свиреа „Леб и сол“. На целовечерниот концерт можевме да ги чуеме култните нумери „Скопје“, „Исток -запад (телепатски), „Таласна дужина“, „Деветка“....и уште многу други кои не вратија во едно друго време. По обраќањето на Гоце Стефковски, публиката уживаше во секој миг во аранжманите адаптирани за биг бенд изведба, а на членовите на ЗЏМ Биг бенд  на сцената им се придружи и Евгенија Чанчалова чија прекрасна изведба никого не остави рамноушен во салата. Во публиката можеше да се забележат и Кокан Димушевси и Бодан Арсовски некогашните членови на „Леб и сол“, бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Концертот, пак, на ЗЏМ Биг бенд свири „Леб и сол“ под диригентската палка на Емин Џијан покрај убавото чувство што го предизвика кај сите присутни во публиката која ја исполни салата на Националната опера и балет до последното место, секако придонесува за развивање на уникатен звук и негување на вистинските музички вредности.

The post ЗЏМ Биг бенд свиреа „Леб и сол“: Музичко патување со култните „Таласна дужина“, „Скопје“, „Исток- запад“… appeared first on Република.

]]>
„ЗЏМ свири Леб и сол“ во Националната опера и балет https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zdhm-sviri-leb-i-sol-vo-natsionalnata-opera-i-balet/ Sat, 09 Dec 2023 08:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=721199

Биг Бендот на Здружение на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) во салата на Националата опера и балет вечер од 20 часот ќе одржи концерт насловен „ЗЏМ свири Леб и сол“.

Како што информираат од ЗЏМ, на целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“, со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин.

Според нив, „Леб и сол“ е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја кој придонел за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности.

The post „ЗЏМ свири Леб и сол“ во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

Биг Бендот на Здружение на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) во салата на Националата опера и балет вечер од 20 часот ќе одржи концерт насловен „ЗЏМ свири Леб и сол“. Како што информираат од ЗЏМ, на целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“, со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин. Според нив, „Леб и сол“ е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја кој придонел за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности.

The post „ЗЏМ свири Леб и сол“ во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
ЗЏМ свири „Леб и сол” https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zdhm-sviri-leb-i-sol/ Wed, 15 Nov 2023 19:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=701639

На 9 декември, со почеток од 20 часот, во салата на Национаната опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен „ЗЏМ свири Леб и сол."

На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните "Леб и сол," со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин.

"Леб и сол" е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 01.01.1976 по што следи долгогодишно испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и, со сигурност, најдоминантната во македонската музичка историја. Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитијан ја сочинуваат стандардната постава на "Леб и сол," иако во текот на годините во оваа група членувале и други значителни музички имиња меѓу кои Димитар Чочоровски-Чочор, Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, Миодраг Петковски-Мики, Драгољуб Ѓуричиќ, Кирил Џајковски, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков, Срѓан Дункиќ, Гоце Стевковски, Михаил Парушев, кои придонесле за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности.

The post ЗЏМ свири „Леб и сол” appeared first on Република.

]]>

На 9 декември, со почеток од 20 часот, во салата на Национаната опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен „ЗЏМ свири Леб и сол." На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните "Леб и сол," со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин. "Леб и сол" е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 01.01.1976 по што следи долгогодишно испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и, со сигурност, најдоминантната во македонската музичка историја. Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитијан ја сочинуваат стандардната постава на "Леб и сол," иако во текот на годините во оваа група членувале и други значителни музички имиња меѓу кои Димитар Чочоровски-Чочор, Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, Миодраг Петковски-Мики, Драгољуб Ѓуричиќ, Кирил Џајковски, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков, Срѓан Дункиќ, Гоце Стевковски, Михаил Парушев, кои придонесле за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности.

The post ЗЏМ свири „Леб и сол” appeared first on Република.

]]>
Спектакл во Антички театар во Охрид: Концерт на легендарните „Леб и сол“ на 5 август https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/spektakl-vo-antichki-teatar-vo-ohrid-kontsert-na-legendarnite-leb-i-sol-na-5-avgust/ Fri, 04 Aug 2023 08:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=668562

Најголемиот рок бенд на сите времиња во Македонија, легендарните „Леб и сол“, на 5-ти август во Античкиот театар во Охрид, ќе оддржат целовечерен концерт што дефинитивно покрај фестивалот Охридско лето, претставува најголем културен  настан ова лето во Охрид.  

После фантастичната балканска турнеја, Леб и сол пред домашната публика ќе се претстават со најдоброто од нивната долгогодишна кариера, а ако се земе во предвид и преубавиот простор, имаме гаранција дека сите фанови ги очекува една прекрасна вечер за уживање во секој поглед.  

Влезниците  се веќе во продажба преку www.kupikartizase.com  

The post Спектакл во Антички театар во Охрид: Концерт на легендарните „Леб и сол“ на 5 август appeared first on Република.

Пендаровски ги одликуваше со орден на заслуги членовите на легендарната група „Леб и сол“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pendarovski-gi-odlikuvashe-so-orden-na-zaslugi-chlenovite-na-legendarnata-grupa-leb-i-sol/ Wed, 26 Jul 2023 20:26:30 +0000 https://republika.mk/?p=665693

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот со „Орден за заслуги за Република Cеверна Македонија“ ги одликуваше Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан за извонредното, автохтоно и уникатно музичко творештво во рамките на џез-рок групата „Леб и сол“, како нејзини предводници, со којашто оставија трајни вредности во современата македонска музика и придонесоа за афирмација на македонската музичка уметност и на македонската култура во светот, како и за нивните значајни солистички постигнувања.

На церемонијата на доделување на медалите, во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека музиката, опусот, животното дело на Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Гарабет Тавитјан се национално наследство кое е одамна впишано во културната и социјалната ДНК на нашата држава, на македонскиот народ и на сите наши граѓани.

„Вашата музика, драги лауреати, во дамарите на македонската душа има митски димензии, затоа што претставува културно наследство со кое се идентификуваа и растеа и сѐ уште растат и живеат генерации Македонци“, рече претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски ги одликуваше со орден на заслуги членовите на легендарната група „Леб и сол“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот со „Орден за заслуги за Република Cеверна Македонија“ ги одликуваше Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан за извонредното, автохтоно и уникатно музичко творештво во рамките на џез-рок групата „Леб и сол“, како нејзини предводници, со којашто оставија трајни вредности во современата македонска музика и придонесоа за афирмација на македонската музичка уметност и на македонската култура во светот, како и за нивните значајни солистички постигнувања. На церемонијата на доделување на медалите, во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека музиката, опусот, животното дело на Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Гарабет Тавитјан се национално наследство кое е одамна впишано во културната и социјалната ДНК на нашата држава, на македонскиот народ и на сите наши граѓани.
„Вашата музика, драги лауреати, во дамарите на македонската душа има митски димензии, затоа што претставува културно наследство со кое се идентификуваа и растеа и сѐ уште растат и живеат генерации Македонци“, рече претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски ги одликуваше со орден на заслуги членовите на легендарната група „Леб и сол“ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ќе ги одликува со Орден за заслуги за Македонија членовите на „Леб и Сол“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pendarovski-ke-gi-odlikuva-so-orden-za-zaslugi-za-makedonija-chlenovite-na-leb-i-sol/ Wed, 26 Jul 2023 06:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=665329

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија ќе ги одликува Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Македонија.

Церемонија на одликување со Орден за заслуги за Република Македонија ќе се одржи во Кабинетот на претседателот во 19:30 часот.

Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан се смета дека ја сочинуваат најоригиналната постава на легендарните „Леб и сол“, култната македонска група која со своето делување ја испиша современата македонска музичка историја.

The post Пендаровски ќе ги одликува со Орден за заслуги за Македонија членовите на „Леб и Сол“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија ќе ги одликува Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Македонија. Церемонија на одликување со Орден за заслуги за Република Македонија ќе се одржи во Кабинетот на претседателот во 19:30 часот. Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан се смета дека ја сочинуваат најоригиналната постава на легендарните „Леб и сол“, култната македонска група која со своето делување ја испиша современата македонска музичка историја.

The post Пендаровски ќе ги одликува со Орден за заслуги за Македонија членовите на „Леб и Сол“ appeared first on Република.

]]>
„Леб и сол“ на 5 август со целовечерен концерт во Античкиот театар во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/leb-i-sol-na-5-avgust-so-tselovecheren-kontsert-vo-antichkiot-teatar-vo-ohrid/ Tue, 25 Jul 2023 09:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=665006

Најголемиот рок бенд на сите времиња во Македонија, легендарните „Леб и сол“, на 5-ти август во Античкиот театар во Охрид ќе оддржат целовечерен концерт.  

По фантастичната балканска турнеја, „Леб и сол“ пред домашната публика ќе се претстават со најдоброто од нивната долгогодишна кариера, а ако се земе во предвид и преубавиот простор, имаме гаранција дека сите фанови ги очекува една прекрасна вечер за уживање во секој поглед.  

Влезниците  се веќе во продажба преку www.kupikartizase.com  , велат организаторите.

The post „Леб и сол“ на 5 август со целовечерен концерт во Античкиот театар во Охрид appeared first on Република.

Вечерва, како и пред 33 години, „Леб и сол“ ја отвораат Летната тераса на штипскиoт Дом на млади https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vecherva-kako-i-pred-33-godini-leb-i-sol-ja-otvoraat-letnata-terasa-na-shtipskiot-dom-na-mladi/ Sat, 20 May 2023 16:23:23 +0000 https://republika.mk/?p=643034

Штипјани вечер ќе може да уживаат на концерт на реконструираната летна тераса во Домот на млади. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна откако претходната година објектот беше комплетно саниран, како надворешно, така и ентериерно, од почетокот на годинава се работеше на летната тераса. Директорот на Дом на млади Штип Видан Лазарев посочи дека нов изглед ќе значи и повеќе содржини и настани за граѓаните од Штип и регионот.

Реконстукцијата е извршена на сите нивоа на летната тераса. Знаете и самите дека е составена од неколку каскади, сите тие се реновирани, поставени се додатни седишта за публиката, реконструирани се шанкови, чадорот е реконструиран, бидејќи ќе се постави рампа за светло и за звук, така што целината ја имаме само да почнеме да работиме, истакна Лазарев.

Градоначалникот Јорданов рече дека за реконструкцијата на летната тераса се одговорни Општина Штип и Источниот плански регион, а симболично летната тераса вечерва ќе се отвори со концерт на групата „Леб и сол“.

Пред точно 33 години легендарната група „Леб и сол“ ја отворила летната тераса на Дом на млади. По 33 години вечерва повторно оваа група ќе го отвори дворното место на култната институција, реконструирано од страна на Општина Штип и Источно планскиот регион. Ќе имаме спектакуларен концерт со кој официјално ќе се отвори терасата. Ја користам приликата да ги повикам сите штипјани да бидат присутни на концертот, изјави Јорданов.

Во реконструкцијата на летната тераса Општина Штип вложи повеќе од 4 милиони денари, а повеќе од 2 милиони денари вложи ИПР.

The post Вечерва, како и пред 33 години, „Леб и сол“ ја отвораат Летната тераса на штипскиoт Дом на млади appeared first on Република.

По 35 години, Кроациа рекордс повторно го објави на винил албумот „Као какао“ на „Леб и сол“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/po-35-godini-kroatsia-rekords-povtorno-go-objavi-na-vinil-albumot-kao-kakao-na-leb-i-sol/ Mon, 16 Jan 2023 08:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=597321

Македонската група „Леб и сол“ во 1987 година го издаде „Као какао“, едно од најзначајните музички дела во екс-југословенската дискографија.

По повод 35 години од објавувањето на култниот албум, издавачката куќа Кроациа рекордс (Croatia Records) со гордост го претставува ексклузивното винилно реиздание на „Као какао“. Албумот, кој остана неверојатно актуелен до ден денес („Какао со врвен квалитет“), повторно е достапен во физичка форма, на 180-грамскиот винил, режан со половина брзина (half speed технологија), во студиото Abbey Road во Лондон.

Изданието вклучува и богата книгичка со фотографии од Георги Христовски, архивски фотографии од Кроациа рекордс и придружни текстови.

Иако беше издаден во 1987 година, бендот почна да експериментира со идеи за нов студиски албум неколку години порано. По албумите „Калабалак“ (1983) и „Тангента“ (1984), издадени за Југотон, следеше „Звучни зид“ (1986), албум со песни кои во меѓувреме, беа напишани специјално за театар, филм и телевизијa.

Групата, ќе признаат членовите, минуваше низ прилично кризен период од 1985 година, а евентуалниот неуспех на планираното студиско издание секако ќе означeше распад на уште еден рок гигант.

За да го максимизираат потенцијалот на новиот материјал, бендот во состав: Влатко Стефановски, Бодан Арсовски и Гарабет Тавитјан, одлучува да го покани младиот виртуоз на клавијатури Кирил Џајковски, кој станува постојан член, а покрај него, на снимањето се приклучуваат и саксофонистот Гоце Мицанов, пејачките Беби Дол и Ана Костовска, гајдашот Рони Ватен и перкусионистот Мишко Михајловски.

Целиот материјал е снимен во познатото М-2 студио на Радио-телевизија Скопје, каде меѓу другите снимаше и групата „Бијело дугме“. Албумот „Kao какao“ звучи неверојатно свежо концептуално и продукциски, па дури и според денешните продукциски стандарди е навистина извонреден албум.

За звукот на овој албум меѓу другите беше задолжен и Братислав Зафировски, кој освен за снимањето, беше заслужен и за миксот, а со Влатко и Бодан ја потпиша и продукцијата на „Као какао“.

Со ова издание „Леб и сол“ го обезбеди статусот на еден од најголемите состави во историјата на нашите простори.

Винилното реиздание на „Као какао“ фановите од Македонија можат да го нарачаат онлајн, преку веб-шопот на Кроациа рекордс.

The post По 35 години, Кроациа рекордс повторно го објави на винил албумот „Као какао“ на „Леб и сол“ appeared first on Република.

]]>

Македонската група „Леб и сол“ во 1987 година го издаде „Као какао“, едно од најзначајните музички дела во екс-југословенската дискографија. По повод 35 години од објавувањето на култниот албум, издавачката куќа Кроациа рекордс (Croatia Records) со гордост го претставува ексклузивното винилно реиздание на „Као какао“. Албумот, кој остана неверојатно актуелен до ден денес („Какао со врвен квалитет“), повторно е достапен во физичка форма, на 180-грамскиот винил, режан со половина брзина (half speed технологија), во студиото Abbey Road во Лондон. Изданието вклучува и богата книгичка со фотографии од Георги Христовски, архивски фотографии од Кроациа рекордс и придружни текстови. Иако беше издаден во 1987 година, бендот почна да експериментира со идеи за нов студиски албум неколку години порано. По албумите „Калабалак“ (1983) и „Тангента“ (1984), издадени за Југотон, следеше „Звучни зид“ (1986), албум со песни кои во меѓувреме, беа напишани специјално за театар, филм и телевизијa. Групата, ќе признаат членовите, минуваше низ прилично кризен период од 1985 година, а евентуалниот неуспех на планираното студиско издание секако ќе означeше распад на уште еден рок гигант. За да го максимизираат потенцијалот на новиот материјал, бендот во состав: Влатко Стефановски, Бодан Арсовски и Гарабет Тавитјан, одлучува да го покани младиот виртуоз на клавијатури Кирил Џајковски, кој станува постојан член, а покрај него, на снимањето се приклучуваат и саксофонистот Гоце Мицанов, пејачките Беби Дол и Ана Костовска, гајдашот Рони Ватен и перкусионистот Мишко Михајловски. Целиот материјал е снимен во познатото М-2 студио на Радио-телевизија Скопје, каде меѓу другите снимаше и групата „Бијело дугме“. Албумот „Kao какao“ звучи неверојатно свежо концептуално и продукциски, па дури и според денешните продукциски стандарди е навистина извонреден албум. За звукот на овој албум меѓу другите беше задолжен и Братислав Зафировски, кој освен за снимањето, беше заслужен и за миксот, а со Влатко и Бодан ја потпиша и продукцијата на „Као какао“. Со ова издание „Леб и сол“ го обезбеди статусот на еден од најголемите состави во историјата на нашите простори. Винилното реиздание на „Као какао“ фановите од Македонија можат да го нарачаат онлајн, преку веб-шопот на Кроациа рекордс.  

The post По 35 години, Кроациа рекордс повторно го објави на винил албумот „Као какао“ на „Леб и сол“ appeared first on Република.

]]>