Леа Ипи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lea-ipi/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 16:42:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Леа Ипи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lea-ipi/ 32 32 „Или-Или“ ја објави богато наградената книга „Слобода“ од Леа Ипи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ili-ili-ja-objavi-bogato-nagradenata-kniga-sloboda-od-lea-ipi/ Mon, 25 Nov 2024 16:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=841637

Денеска од печат излезе книгата „Слобода“ од Леа Ипи, која постигна завиден успех во изминативе години и беше закитена со еден куп награди, информираат од издавачката куќа „Или-Или“.

Се работи за моќна мемоарска книга во која се истражува сложената и бурна патека на растењето и созревањето во посткомунистичка Албанија. Имено, како млада ученичка Ипи била воспитувана под строгиот режим на тоталитарна власт која им ветувала на своите граѓани иднина во совршена слобода. Но, кога падна режимот во Албанија, основите на нејзиното општество се урнаа и светот на Ипи беше изненадно прекинат. Нејзината приказна ги води читателите низ период на интензивни лични и политички превирања, додека таа го сведочи распадот на комунизмот, појавата на неолиберализмот и своето сопствено созревање.

Со живо раскажување и длабоки размислувања, Ипи ја истражува длабоката контрадикторност на концептот на слободата, идентитетот и цената на промените. Уникатната перспектива на авторката нуди интимно и интелектуално истражување на тоа што значи да бидеш слободен, и во теоријата и во реалноста.

Книгата е лауреат на наградите Ондатје од Кралското книжевно друштво, Слајтли Фокст за најдобро прво биографско дело, а беше во најтесен избор за наградите Коста, Бејли Гифорд и Гордон Бирн. За книга на годината ја прогласија Њујоркер, Вашингтон пост, Фајненшел тајмс, Тајмсовиот книжевен додаток, Форин аферс, Сандеј тајмс…

Еве што велат критичарите и писателите за делото на Ипи:

„Книгата на Ипи е полна со проникливи согледби, како за семејството, така и за политиката. Ипи е одлична писателка и сериозна политичка мислителка, и на само неколку стотини интересни страници, таа наизменично е остро, но и мрачно смешна (ги критикува и Сталинизмот и Светската банка со еднаква жестокост) и навистина е длабоко аналитична“. Макс Штрасер, Њујорк Тајмс

„Млад живот што се одвива среде големи историски промени: идеологија, војна, загуба, неизвесност. Ова е историја која е незаборавно и моќно оживеана“. Тара Вестовер, автор на Образована

„Како книга што освестува и што е субверзина, Слобода бара од нас да размислиме што се случува со нашите идеали кога ќе дојдат во контакт со несовршени места и луѓе, и што може да се спаси од урнатините на минатото“. Азар Нафиси, автор на Читајќи ја Лолита во Техеран

Леа Ипи е родена 1979 година во Драч, Албанија Таа е универзитетски професор, предава политичка теорија на Лондонската школа за економија (London School of Economics). Студирала филозофија и литература на римскиот универзитет Сапиенца, а докторирала на Европскиот универзитетски институт (EUI) во Фиренца. Полето на нејзиниот научен интерес ја опфаќа нормативната политичка теорија, политичката мисла на Просветителството (Кант), се занимава со марксизам, критичка теорија, национализам, интелектуална историја на Балканот (особено на Албанија). Објавила бројни трудови во областа на политичката теорија. Британскиот часопис „Проспект“ ја вброи меѓу десетте најзначајни светски мислители.

The post „Или-Или“ ја објави богато наградената книга „Слобода“ од Леа Ипи appeared first on Република.

]]>

Денеска од печат излезе книгата „Слобода“ од Леа Ипи, која постигна завиден успех во изминативе години и беше закитена со еден куп награди, информираат од издавачката куќа „Или-Или“. Се работи за моќна мемоарска книга во која се истражува сложената и бурна патека на растењето и созревањето во посткомунистичка Албанија. Имено, како млада ученичка Ипи била воспитувана под строгиот режим на тоталитарна власт која им ветувала на своите граѓани иднина во совршена слобода. Но, кога падна режимот во Албанија, основите на нејзиното општество се урнаа и светот на Ипи беше изненадно прекинат. Нејзината приказна ги води читателите низ период на интензивни лични и политички превирања, додека таа го сведочи распадот на комунизмот, појавата на неолиберализмот и своето сопствено созревање. Со живо раскажување и длабоки размислувања, Ипи ја истражува длабоката контрадикторност на концептот на слободата, идентитетот и цената на промените. Уникатната перспектива на авторката нуди интимно и интелектуално истражување на тоа што значи да бидеш слободен, и во теоријата и во реалноста. Книгата е лауреат на наградите Ондатје од Кралското книжевно друштво, Слајтли Фокст за најдобро прво биографско дело, а беше во најтесен избор за наградите Коста, Бејли Гифорд и Гордон Бирн. За книга на годината ја прогласија Њујоркер, Вашингтон пост, Фајненшел тајмс, Тајмсовиот книжевен додаток, Форин аферс, Сандеј тајмс… Еве што велат критичарите и писателите за делото на Ипи: „Книгата на Ипи е полна со проникливи согледби, како за семејството, така и за политиката. Ипи е одлична писателка и сериозна политичка мислителка, и на само неколку стотини интересни страници, таа наизменично е остро, но и мрачно смешна (ги критикува и Сталинизмот и Светската банка со еднаква жестокост) и навистина е длабоко аналитична“. Макс Штрасер, Њујорк Тајмс „Млад живот што се одвива среде големи историски промени: идеологија, војна, загуба, неизвесност. Ова е историја која е незаборавно и моќно оживеана“. Тара Вестовер, автор на Образована „Како книга што освестува и што е субверзина, Слобода бара од нас да размислиме што се случува со нашите идеали кога ќе дојдат во контакт со несовршени места и луѓе, и што може да се спаси од урнатините на минатото“. Азар Нафиси, автор на Читајќи ја Лолита во Техеран Леа Ипи е родена 1979 година во Драч, Албанија Таа е универзитетски професор, предава политичка теорија на Лондонската школа за економија (London School of Economics). Студирала филозофија и литература на римскиот универзитет Сапиенца, а докторирала на Европскиот универзитетски институт (EUI) во Фиренца. Полето на нејзиниот научен интерес ја опфаќа нормативната политичка теорија, политичката мисла на Просветителството (Кант), се занимава со марксизам, критичка теорија, национализам, интелектуална историја на Балканот (особено на Албанија). Објавила бројни трудови во областа на политичката теорија. Британскиот часопис „Проспект“ ја вброи меѓу десетте најзначајни светски мислители.

The post „Или-Или“ ја објави богато наградената книга „Слобода“ од Леа Ипи appeared first on Република.

]]>
Книгата „Слобода“ од Леа Ипи објавена на македонски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knigata-sloboda-od-lea-ipi-objavena-na-makedonski/ Sun, 24 Nov 2024 18:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=841372

Книгата „Слобода: созревање на крајот на историјата” од авторката Леа Ипи, едно од највпечатливите книжевни дела во последниве години, сега е достапна во превод на македонски јазик, информираат вечерва од издавачката куќа „Или-или“.

- Преводот од англиски е на Калина Малеска. Ова дело последниве три години предизвика воодушевување кај критичарите и читателите ширум светот. Книгата ја добила наградата „Ондаатје“ од Кралското книжевно друштво, наградата „Слајтли Фокст“ за најдобро прво биографско дело, била во најтесен избор за наградите „Коста“, „Бејли Гифорд“ и „Гордон Бирн“. За книга на годината ја прогласиле: „Њујоркер“, „Вашингтон пост“, „Фајненшел тајмс“, „Тајмсовиот книжевен додаток“, „Форин аферс“, „Сандеј тајмс“ а британскиот часопис „Проспект“ ја вброил Леа Ипи меѓу десетте најзначајни светски мислители, се наведува во соопштението.

Од „Или-или“ појаснуваат дека „Слобода” е автобиографско дело што ги комбинира личната приказна на авторката со поширокиот историски и политички контекст.

- Леа Ипи на трогателен и искрен начин го опишува своето детство во Албанија за време на последните години од комунистичкиот режим и преминот кон демократија. Леа Ипи била воспитувана под строгиот режим на тоталитарна власт што им ветувала на своите граѓани иднина во совршена слобода. Но, кога падна режимот во Албанија, основите на нејзиното општество се урнаа и светот на Ипи беше изненадно прекинат. Нејзината приказна ги води читателите низ период на интензивни лични и политички превирања, додека таа го сведочи распадот на комунизмот, појавата на неолиберализмот и своето сопствено созревање, пишува во соопштението.

Со живо раскажување и длабоки размислувања, како што се додава, Ипи ја истражува длабоката контрадикторност на концептот на слободата, идентитетот и цената на промените.

- Уникатната перспектива на Ипи нуди интимно и интелектуално истражување на тоа што значи да бидеш слободен, и во теоријата и во реалноста. Книгата „Слобода” е уникатно сведоштво за растењето во турбулентни времиња и истовремено, универзална приказна за човечката потрага по смисла и слобода. Оваа книга не само што дава увид во едно специфично историско раздобје, туку и подлабоко разбирање за човечката сила и истрајност, се додава во соопштението.

Леа Ипи е родена во 1979 година во Драч, Албанија. Таа е универзитетски професор, предава политичка теорија на Лондонската школа за економија (London school of economics).

- Студирала филозофија и литература на римскиот универзитет Сапиенца, а докторирала на Европскиот универзитетски институт (EUI) во Фиренца. Објавила бројни трудови во областа на политичката теорија. Мемоарската книга „Слобода“ е преведена на над 30 јазици, се истакнува во соопштението.

The post Книгата „Слобода“ од Леа Ипи објавена на македонски appeared first on Република.

]]>

Книгата „Слобода: созревање на крајот на историјата” од авторката Леа Ипи, едно од највпечатливите книжевни дела во последниве години, сега е достапна во превод на македонски јазик, информираат вечерва од издавачката куќа „Или-или“. - Преводот од англиски е на Калина Малеска. Ова дело последниве три години предизвика воодушевување кај критичарите и читателите ширум светот. Книгата ја добила наградата „Ондаатје“ од Кралското книжевно друштво, наградата „Слајтли Фокст“ за најдобро прво биографско дело, била во најтесен избор за наградите „Коста“, „Бејли Гифорд“ и „Гордон Бирн“. За книга на годината ја прогласиле: „Њујоркер“, „Вашингтон пост“, „Фајненшел тајмс“, „Тајмсовиот книжевен додаток“, „Форин аферс“, „Сандеј тајмс“ а британскиот часопис „Проспект“ ја вброил Леа Ипи меѓу десетте најзначајни светски мислители, се наведува во соопштението. Од „Или-или“ појаснуваат дека „Слобода” е автобиографско дело што ги комбинира личната приказна на авторката со поширокиот историски и политички контекст.