лажни дојави за бомби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazni-dojavi-za-bombi/ За подобро да се разбереме Wed, 17 May 2023 06:37:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лажни дојави за бомби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazni-dojavi-za-bombi/ 32 32 По убиствата дојави за бомби во училишта во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-ubistvata-dojavi-za-bombi-vo-uchilishta-vo-belgrad/ Wed, 17 May 2023 06:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=641571

Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми.

Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац.

Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги носат децата денеска во школо.

Српското МВР соопшти дека полицијата е на терен и ги проверува сите пријави. јт/зш/

Фото: Интернет страница на ОУ „Дринка Павловиќ“

The post По убиствата дојави за бомби во училишта во Белград appeared first on Република.

]]>

Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми. Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац. Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги носат децата денеска во школо. Српското МВР соопшти дека полицијата е на терен и ги проверува сите пријави. јт/зш/ Фото: Интернет страница на ОУ „Дринка Павловиќ“

The post По убиствата дојави за бомби во училишта во Белград appeared first on Република.

]]>
Бубевски: Дојавите за бомби на почеток се водат како тероризам, а како ќе се диференцира е во зависност од прибраниот доказен материјал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bubeski-dojavite-za-bombi-na-pochetok-se-vodat-kako-terorizam-a-kako-ke-se-diferentsira-e-vo-zavisnost-od-pribraniot-dokazen-materijal/ Wed, 08 Mar 2023 14:46:41 +0000 https://republika.mk/?p=617371

Дојавите за бомби на почеток се водат како тероризам, а како ќе се диференцира е во зависност од прибраниот доказен материјал. Нема разногласие, едноставно така се движи постапката, изјави претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски.

Одговарајќи на новинарско прашања, дали дојавите за бомби се тероризам или не, Бубевски посочи дека на почеток се водат како најсериозна закана, а во зависност од дејствијата се пренасочуваат во лажни пријави или нешто друго.

Врз основа на тоа што ќе произлезе во текот на постапката, се пренасочуваат или во дејствија на лажни пријавувања или во нешто друго. Но, на почетокот сето тоа почнува како најсериозно, како загрозување на витални интереси на државата, односно почнува како тероризам, изјави Бубевски

The post Бубевски: Дојавите за бомби на почеток се водат како тероризам, а како ќе се диференцира е во зависност од прибраниот доказен материјал appeared first on Република.

Лажни се дојавите за бомби во училиштата во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lazhni-se-dojavite-za-bombi-vo-uchilishtata-vo-skopje/ Fri, 17 Feb 2023 17:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=610330

Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

The post Лажни се дојавите за бомби во училиштата во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

The post Лажни се дојавите за бомби во училиштата во Скопје appeared first on Република.

]]>
И денешните пријави се лажни https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/i-deneshnite-prijavi-se-lazhni/ Thu, 16 Feb 2023 21:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=609947

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје, две во Куманово и девет во струшко по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

The post И денешните пријави се лажни appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје, две во Куманово и девет во струшко по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

The post И денешните пријави се лажни appeared first on Република.

]]>
Нема нови учебници ама има нови дојави за бомби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-novi-uchebnitsi-ama-ima-novi-dojavi-za-bombi/ Wed, 08 Feb 2023 07:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=606272

Ситуацијата со лажните дојави за бомби е алармантна, а МВР веќе пет месеци не може да ги открие сторителите. Нови 33 дојави за лажни бомби во училиштата низ Македонија покажуваат дека безбедносниот систем е целосно девастиран.  МВР и Спасовски ништо не работат.

Пет месеци по ред Македонија е мета на лажни дојави, а Оливер Спасовски не само што не може да најде кој ги испраќа, туку не понел ниту одговорност. Згора на тоа месеци наназад голем број на јавни објекти, скопскиот аеродром, Железничка станица, трговски објекти, државни институции се под закана за бомби, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Владата, Ковачевски и Спасовски се неспособни да обезбедат ниту мир, ниту пак да гарантираат за безбедност на граѓаните и државата.

Цела ситуација предизвикува страв и паника не само кај учениците и нивните родители, туку и кај сите граѓани. Наместо во училишни клупи, учениците на минусни температури се надвор додека МВР ги проверува училиштата.

Нема учебници, но затоа има лажни дојави за бомби. Се губи настава, а министерот за образование Јетон Шаќири наместо да кажува дека изгубените часови ќе се надоместат, да побара од својот колега Спасовски да открие кој стои позади овие лажни дојави за бомби.
Владата на Ковачевски не може да обезбеди еден ден сигурност, но затоа обезбедува милионски суми и криминал од сомнителни тендери и бизнис зделки. Ако не знаат како да управуваат со институциите и државата, тогаш ајде на предвремени парламентарни избори.

The post Нема нови учебници ама има нови дојави за бомби appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата со лажните дојави за бомби е алармантна, а МВР веќе пет месеци не може да ги открие сторителите. Нови 33 дојави за лажни бомби во училиштата низ Македонија покажуваат дека безбедносниот систем е целосно девастиран.  МВР и Спасовски ништо не работат. Пет месеци по ред Македонија е мета на лажни дојави, а Оливер Спасовски не само што не може да најде кој ги испраќа, туку не понел ниту одговорност. Згора на тоа месеци наназад голем број на јавни објекти, скопскиот аеродром, Железничка станица, трговски објекти, државни институции се под закана за бомби, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ. Владата, Ковачевски и Спасовски се неспособни да обезбедат ниту мир, ниту пак да гарантираат за безбедност на граѓаните и државата. Цела ситуација предизвикува страв и паника не само кај учениците и нивните родители, туку и кај сите граѓани. Наместо во училишни клупи, учениците на минусни температури се надвор додека МВР ги проверува училиштата.
Нема учебници, но затоа има лажни дојави за бомби. Се губи настава, а министерот за образование Јетон Шаќири наместо да кажува дека изгубените часови ќе се надоместат, да побара од својот колега Спасовски да открие кој стои позади овие лажни дојави за бомби. Владата на Ковачевски не може да обезбеди еден ден сигурност, но затоа обезбедува милионски суми и криминал од сомнителни тендери и бизнис зделки. Ако не знаат како да управуваат со институциите и државата, тогаш ајде на предвремени парламентарни избори.

The post Нема нови учебници ама има нови дојави за бомби appeared first on Република.

]]>
Лажни се сите пријави за наводно поставени бомби во училиштата во Скопје и Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/lazhni-se-site-prijavi-za-navodno-postaveni-bombi-vo-uchilishtata-vo-skopje-i-kumanovo/ Wed, 28 Dec 2022 18:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=591134

По направените проверки утврдено е дека се лажни сите пријави со закана за поставена експлозивна направа во училиштата во Скопје и Куманово, што пристигнаа денеска на нивните електронски адреси, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, наведуваат од МВР.

Дојави за бомби попладнево пристигнаа на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово.

The post Лажни се сите пријави за наводно поставени бомби во училиштата во Скопје и Куманово appeared first on Република.

]]>

По направените проверки утврдено е дека се лажни сите пријави со закана за поставена експлозивна направа во училиштата во Скопје и Куманово, што пристигнаа денеска на нивните електронски адреси, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи. -Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, наведуваат од МВР. Дојави за бомби попладнево пристигнаа на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово.

The post Лажни се сите пријави за наводно поставени бомби во училиштата во Скопје и Куманово appeared first on Република.

]]>
Лажните бомби ни го разнесуваат мозокот, а Спасовски типува за мотивите: геостратешки, политички или авантуристички https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lazhnite-bombi-ni-go-raznesuvaat-mozokot-a-spasovski-tipuva-za-motivite-geostrateshki-politichki-ili-avanturistichki/ Tue, 27 Dec 2022 07:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=590348

Веќе два месеци пристигнуваат лажни дојави за бомби во повеќе училишта, институции и јавни објекти во земјава. Закани за поставени експлозивни направи беа упатени и вчера на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово, Битола, Прилеп и Струга, за кои од Министерството за внатрешни работи соопштија дека, и тие, исто така, се лажни. Во текот на вчерашниот ден беше одржана и седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност со единствена точка на дневен ред – Информација за преземени мерки и активности во врска со лажните дојави, седница, која, поради класифицирани информации беше затворена за јавноста.

На годишниот брифинг со медиумите, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера истакна дека последните месеци од годината бевме сведоци на еден современ феномен на хибридни напади, кои покрај државите од регионот, од Европа, како и САД, Канада и Нов Зеланд, не ја заобиколија ни нашата држава.

Еволуцијата на криминалот, кој сега доаѓа без лице и без идентитет, ги брише границите и има способност во исто време да е на повеќе места, бара поагресивен заеднички одговор. Притоа, станува збор за исклучително комплексни истражни дејства поврзани со меѓународна размена на информации и поддршка, како и со барања за меѓународна правна помош, истакна Спасовски.

Според министерот, дојавите за бомби се хибридни напади, анализите покажале дека се можни три нивоа на причини за нивните појави.

На прво место се геостратешките интереси кои се испреплетуваат во државава, втората причина е од политички интереси и третата од авантуристички, како што беше примерот со двајца малолетници, еден во Скопје и еден во Кавадарци, изјави Спасовски.

Тој информира дека во завршна фаза е истрагата за дојавите за бомби во Делчево и се очекува за ден-два да се обезбедат доказите и да биде поднесена кривична пријава.

На добар пат сме да решиме уште една дојава во Скопје која беше минатите денови и во моментов е во фаза на обработка, додаде Спасовски.

Тој вчера присуствуваше и на седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која единствена точка на дневен ред беше Информација за преземени мерки и активности во врска со лажните дојави за поставени експлозивни направи, при што го презентираше Извештајот за мерките и активностите што ги презело МВР во врска со заканите за поставени бомби.

Седницата беше затворена за јавноста, поради тоа што, како што информираше нејзиниот претседател Миле Талевски, Информацијата што стигнала од МВР била класифицирана како државна тајна.

На мое барање како претседател на Комисијата и на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесовме до МВР да ни достави информација за сите мерки и активности кои МВР ги има преземено во делот на она што значи електронски напади во објектите на подрачјето на целата држава. Од страна на министерот за внатрешни работи во петокот ни беше доставена комплетната информација и јас веднаш свикав Комисија која денеска се одржа. Од страна на министерот беа детално презентирани сите мерки и активности што МВР ги има преземено во делот на откривање и спречување на сите овие напади, изјави претседателот на Комисијата, Миле Талевски.

Седницата ја напуштија членовите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, поради одлуката таа да биде затворена за јавноста. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во изјава за медиумите по напуштањето на седницата рече дека како опозиција побарале „да не се кријат, туку да разговараат за тоа кои се системските пропусти во МВР кои доведуваат до вакви ситуации“.

Сметавме дека седницата може да се подели во два дела, односно во првиот дел да разговараме за отворени работи, кои не треба да бидат класифицирани. Побаравме да разговараме како е можно МВР да нема капацитет да открие лажни дојави за бомби. Побаравме тоа да биде тема за расправа, а во вториот дел да расправаме за сите информации кои министерот смета дека се класифицирани, но нашиот предлог не беше прифатен, рече Петрушевски.

Тој нагласи дека решиле да не учествуваат „во ваков театар“ кој, според него, нема да заврши со одговорност, додавајќи дека опозициските пратеници немале увид во Информацијата за преземени мерки и активности во врска со лажните дојави за поставени експлозивни направи.

Информацијата што ја доставил министерот е класифицирана. Очекуваме да знаеме дека државата презела нешто, но ова што тие го бараат седницата да биде затворена, може да не наведе да мислиме дека не е преземено ништо. Се класифицира нешто што не мора да се класифицира, обвини Петрушевски.

Талевски, пак, изрази жалење што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во работата на Комисијата за одбрана и безбедност.

Претходно јас како претседател на Комисијата имав координација со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и го усогласивме и договоривме терминот за одржување на оваа Комисија, но од за мене неразбирливи причини тие ја напуштија работата на Комисијата и не учествуваа во целата дебата, односно презентација на Извештајот од страна на министерот, рече Талевски.

Во врска со дојавите за поставени бомби вчера се огласи и Демократскиот сојуз оценка дека тие се насочени кон дестабилизација на државата и со нив се нарушува процесот на образование, како и нормалното одвивање на животот.

Повеќе од јасно е дека овде има и политички цели, се работи за внатрешна „организација” која можно е да има и странска логистика, поради што службите за безбедност мораат да имаат координиран настап со вклучување на  сите расположиви ресурси. Апелираме младите да не се вклучуваат во вакви авантуристички активности, бидејќи најавите за поставени бомби е тешко кривично дело за кое се предвидени високи затворски казни, а и другите последици се долготрајни: забрана за влез во другите држави, на секој премин претреси, ограничување при вработување во некои институции (безбедносно неподобни ќе бидат) итн… Практично со  учество во вакви незаконити активности, ќе си закачите” канта на грбот”, која цел живот ќе ви тропа, порачаа од ДС.

The post Лажните бомби ни го разнесуваат мозокот, а Спасовски типува за мотивите: геостратешки, политички или авантуристички appeared first on Република.

]]>

Веќе два месеци пристигнуваат лажни дојави за бомби во повеќе училишта, институции и јавни објекти во земјава. Закани за поставени експлозивни направи беа упатени и вчера на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово, Битола, Прилеп и Струга, за кои од Министерството за внатрешни работи соопштија дека, и тие, исто така, се лажни. Во текот на вчерашниот ден беше одржана и седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност со единствена точка на дневен ред – Информација за преземени мерки и активности во врска со лажните дојави, седница, која, поради класифицирани информации беше затворена за јавноста. На годишниот брифинг со медиумите, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера истакна дека последните месеци од годината бевме сведоци на еден современ феномен на хибридни напади, кои покрај државите од регионот, од Европа, како и САД, Канада и Нов Зеланд, не ја заобиколија ни нашата држава.
Еволуцијата на криминалот, кој сега доаѓа без лице и без идентитет, ги брише границите и има способност во исто време да е на повеќе места, бара поагресивен заеднички одговор. Притоа, станува збор за исклучително комплексни истражни дејства поврзани со меѓународна размена на информации и поддршка, како и со барања за меѓународна правна помош, истакна Спасовски.
Според министерот, дојавите за бомби се хибридни напади, анализите покажале дека се можни три нивоа на причини за нивните појави.
На прво место се геостратешките интереси кои се испреплетуваат во државава, втората причина е од политички интереси и третата од авантуристички, како што беше примерот со двајца малолетници, еден во Скопје и еден во Кавадарци, изјави Спасовски.
Тој информира дека во завршна фаза е истрагата за дојавите за бомби во Делчево и се очекува за ден-два да се обезбедат доказите и да биде поднесена кривична пријава.
На добар пат сме да решиме уште една дојава во Скопје која беше минатите денови и во моментов е во фаза на обработка, додаде Спасовски.
Тој вчера присуствуваше и на седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која единствена точка на дневен ред беше Информација за преземени мерки и активности во врска со лажните дојави за поставени експлозивни направи, при што го презентираше Извештајот за мерките и активностите што ги презело МВР во врска со заканите за поставени бомби. Седницата беше затворена за јавноста, поради тоа што, како што информираше нејзиниот претседател Миле Талевски, Информацијата што стигнала од МВР била класифицирана како државна тајна.
На мое барање како претседател на Комисијата и на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесовме до МВР да ни достави информација за сите мерки и активности кои МВР ги има преземено во делот на она што значи електронски напади во објектите на подрачјето на целата држава. Од страна на министерот за внатрешни работи во петокот ни беше доставена комплетната информација и јас веднаш свикав Комисија која денеска се одржа. Од страна на министерот беа детално презентирани сите мерки и активности што МВР ги има преземено во делот на откривање и спречување на сите овие напади, изјави претседателот на Комисијата, Миле Талевски.
Седницата ја напуштија членовите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, поради одлуката таа да биде затворена за јавноста. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во изјава за медиумите по напуштањето на седницата рече дека како опозиција побарале „да не се кријат, туку да разговараат за тоа кои се системските пропусти во МВР кои доведуваат до вакви ситуации“.
Сметавме дека седницата може да се подели во два дела, односно во првиот дел да разговараме за отворени работи, кои не треба да бидат класифицирани. Побаравме да разговараме како е можно МВР да нема капацитет да открие лажни дојави за бомби. Побаравме тоа да биде тема за расправа, а во вториот дел да расправаме за сите информации кои министерот смета дека се класифицирани, но нашиот предлог не беше прифатен, рече Петрушевски.
Тој нагласи дека решиле да не учествуваат „во ваков театар“ кој, според него, нема да заврши со одговорност, додавајќи дека опозициските пратеници немале увид во Информацијата за преземени мерки и активности во врска со лажните дојави за поставени експлозивни направи.
Информацијата што ја доставил министерот е класифицирана. Очекуваме да знаеме дека државата презела нешто, но ова што тие го бараат седницата да биде затворена, може да не наведе да мислиме дека не е преземено ништо. Се класифицира нешто што не мора да се класифицира, обвини Петрушевски.
Талевски, пак, изрази жалење што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во работата на Комисијата за одбрана и безбедност.
Претходно јас како претседател на Комисијата имав координација со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и го усогласивме и договоривме терминот за одржување на оваа Комисија, но од за мене неразбирливи причини тие ја напуштија работата на Комисијата и не учествуваа во целата дебата, односно презентација на Извештајот од страна на министерот, рече Талевски.
Во врска со дојавите за поставени бомби вчера се огласи и Демократскиот сојуз оценка дека тие се насочени кон дестабилизација на државата и со нив се нарушува процесот на образование, како и нормалното одвивање на животот.
Повеќе од јасно е дека овде има и политички цели, се работи за внатрешна „организација” која можно е да има и странска логистика, поради што службите за безбедност мораат да имаат координиран настап со вклучување на  сите расположиви ресурси. Апелираме младите да не се вклучуваат во вакви авантуристички активности, бидејќи најавите за поставени бомби е тешко кривично дело за кое се предвидени високи затворски казни, а и другите последици се долготрајни: забрана за влез во другите држави, на секој премин претреси, ограничување при вработување во некои институции (безбедносно неподобни ќе бидат) итн… Практично со  учество во вакви незаконити активности, ќе си закачите” канта на грбот”, која цел живот ќе ви тропа, порачаа од ДС.

The post Лажните бомби ни го разнесуваат мозокот, а Спасовски типува за мотивите: геостратешки, политички или авантуристички appeared first on Република.

]]>
МВР: Пријавите за поставени бомби во Скопје и Битола се лажни, завршија сите потребни проверки https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-prijavite-za-postaveni-bombi-vo-skopje-i-bitola-se-lazni-zavrshija-site-potrebni-proverki/ Fri, 16 Dec 2022 18:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=586649

Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и Битола, Меѓународниот аеродром Скопје, СЦ „Борис Трајковски“, Национална арена „Тоше Проевски“, Фудбалска федерација на Македонија, Ист гејт мол, како и неколку хотели,  и е утврдено дека станува збор за лажни пријави, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки.

Поради најава за поставена бомба, годишната конференција на Стопанската комора на Македонија во хотелот Александар Палас во Скопје, на која премиерот Димитар Ковачевски требаше да се обрати, се откажа.

Дојави за бомби утрово беа испратени и до Меѓународниот аеродром – Скопје, „Ист гејт мол“ и средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

На електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и Фудбалската федерација на Македонија, хотел Мериот, и спортска сала Борис Трајковски, исто така, денеска беше упатена закана за поставена експлозивна направа.

Покрај училишта, деновиве цел на дојави за бомби се и институции, трговски центри и други објекти.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочи дека се лажни.

The post МВР: Пријавите за поставени бомби во Скопје и Битола се лажни, завршија сите потребни проверки appeared first on Република.

]]>

Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и Битола, Меѓународниот аеродром Скопје, СЦ „Борис Трајковски“, Национална арена „Тоше Проевски“, Фудбалска федерација на Македонија, Ист гејт мол, како и неколку хотели,  и е утврдено дека станува збор за лажни пријави, информираат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки. Поради најава за поставена бомба, годишната конференција на Стопанската комора на Македонија во хотелот Александар Палас во Скопје, на која премиерот Димитар Ковачевски требаше да се обрати, се откажа. Дојави за бомби утрово беа испратени и до Меѓународниот аеродром – Скопје, „Ист гејт мол“ и средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. На електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и Фудбалската федерација на Македонија, хотел Мериот, и спортска сала Борис Трајковски, исто така, денеска беше упатена закана за поставена експлозивна направа. Покрај училишта, деновиве цел на дојави за бомби се и институции, трговски центри и други објекти. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочи дека се лажни.

The post МВР: Пријавите за поставени бомби во Скопје и Битола се лажни, завршија сите потребни проверки appeared first on Република.

]]>
Дојавите за бомби во „Ист гејт“, „Мериот“ и салата „Борис Трајковски“ се лажни https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dojavite-za-bombi-vo-ist-gejt-meriot-i-salata-boris-trajkovski-se-lazni/ Fri, 16 Dec 2022 13:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=586512

Полицијата утврди дека се лажни дојавите за поставени бомби и во молот „Ист Гејт“, хотелите „Мериот“ и „Сенигалија“, салата „Борис Трајковски“ и во дел од училиштата, соопштија од МВР за МИА.

Полицијата претходно заврши со проверките на Скопскиот аеродром и дел од училиштата и исто така утврди дека станува збор за лажни пријави.

Утрово на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и до Фудбалската федерација на Македонија, хотелите „Александар Палас“, „Мериот“ и „Сенигалија“, трговскиот центар „Ист Гејт“, спортска сала „Борис Трајковски“ и Меѓународниот аеродром „Скопје“ беше упатена закана за поставена експлозивна направа.

The post Дојавите за бомби во „Ист гејт“, „Мериот“ и салата „Борис Трајковски“ се лажни appeared first on Република.

]]>

Полицијата утврди дека се лажни дојавите за поставени бомби и во молот „Ист Гејт“, хотелите „Мериот“ и „Сенигалија“, салата „Борис Трајковски“ и во дел од училиштата, соопштија од МВР за МИА. Полицијата претходно заврши со проверките на Скопскиот аеродром и дел од училиштата и исто така утврди дека станува збор за лажни пријави. Утрово на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и до Фудбалската федерација на Македонија, хотелите „Александар Палас“, „Мериот“ и „Сенигалија“, трговскиот центар „Ист Гејт“, спортска сала „Борис Трајковски“ и Меѓународниот аеродром „Скопје“ беше упатена закана за поставена експлозивна направа.

The post Дојавите за бомби во „Ист гејт“, „Мериот“ и салата „Борис Трајковски“ се лажни appeared first on Република.

]]>