лажно рекламирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazhno-reklamirane/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Sep 2023 08:33:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лажно рекламирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazhno-reklamirane/ 32 32 Институциите да ги заштитат лекарите од злоупотреба за лажно рекламирање, бараат од Лекарската комoра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/institutsiite-da-gi-zashtitat-lekarite-od-zloupotreba-za-lazhno-reklamirane-baraat-od-lekarskata-komora/ Wed, 13 Sep 2023 08:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=681479

Лекарската комора на Република Македонија, како професионално здружение на сите доктори по медицина, јавно бара од Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да постапуваат и да ја спречат злоупотребата на професионалниот интергитет и авторитет на лекарите во функција на лажно рекламирање на непроверени форми на медицински препарати, лекови, додатоци во исхрана, методи или помошни средства за лекување, што се сè поприсутни на интернет порталите и на социјалните мрежи.

https://republika.mk/zivot/zdravje/koj-gi-koristi-popularnite-lekari-za-profit-likot-na-d-r-taravari-zloupotreben-kako-i-likot-na-d-r-panovski/

Во Комората зачестено стасуваат поплаки од доктори кои се жалат дека случајно откриваат дека нивното име и фотографија се користи за промоција и продажба на одредени производи без нивна согласност или знаење. Оваа употреба на нивниот професионален интегритет има сериозни негативни последици, како за нивната репутација како медицински професионалци, така и за пациентите кои може да станат жртви на оваа измама.

Имено, станува збор за манипулативни и лажни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи со непроверено потекло, состав или производство. Во рекламите се пласираат измислени изјави или интервјуа со вистински лекари и се објавуваат нивни фотографии, без лекарите да дадат соодветна согласност за користење на нивното име и професионален интегритет за рекламирање на овие препарати, поради што ова може да се смета за груба злоупотреба на личните податоци и лажно рекламирање за остварување на материјална корист. Штетата е уште поголема кога поради лажното рекламирање на препаратите пациентите може да добијат впечаток дека се работи за некои видови на чудотворни лекови, а со тоа да ја занемарат редовната терапија и да предизвикаат сериозна штета по своето здравје.

Комората ги охрабрува докторите кои се жртви на вакви злоупотреби задолжително да пријават во Министерството за внатрешни работи и кога е можно да ги предупредат пациентите за овие лажни реклами.

https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-panovski-apelira-ako-vidite-reklama-so-mene-za-kakov-bilo-proizvod-ne-kupuvajte-laga-e/

До надлежните институции поголем број на лекари веќе имаат поднесено кривични пријави со соодветни докази. Комората и досега јавно реагираше и предупредуваше преку соопштенија за последиците, но сè уште немаме информација за донесени јавно-обвинителски одлуки за овие предмети.

Лекарската комора уште еднаш најостро ги осудува сите вакви злоупотреби и бара поажурно постапување за итно расветлување на случаите и соодветно санкционирање на сторителите. На овој начин ќе се заштитат и докторите и пациентите, ќе се превенира генерирање на нови случаи на злоупотреба, но и ќе се спречи можноста за предизвикување на штета по здравјето на граѓаните.

https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-nikola-panovski-zrtva-na-internet-reklama-ne-reklamiram-chaj-za-paraziti-aram-da-vi-e-platata-mvr-ujp-malmed/

The post Институциите да ги заштитат лекарите од злоупотреба за лажно рекламирање, бараат од Лекарската комoра appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора на Република Македонија, како професионално здружение на сите доктори по медицина, јавно бара од Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да постапуваат и да ја спречат злоупотребата на професионалниот интергитет и авторитет на лекарите во функција на лажно рекламирање на непроверени форми на медицински препарати, лекови, додатоци во исхрана, методи или помошни средства за лекување, што се сè поприсутни на интернет порталите и на социјалните мрежи. https://republika.mk/zivot/zdravje/koj-gi-koristi-popularnite-lekari-za-profit-likot-na-d-r-taravari-zloupotreben-kako-i-likot-na-d-r-panovski/ Во Комората зачестено стасуваат поплаки од доктори кои се жалат дека случајно откриваат дека нивното име и фотографија се користи за промоција и продажба на одредени производи без нивна согласност или знаење. Оваа употреба на нивниот професионален интегритет има сериозни негативни последици, како за нивната репутација како медицински професионалци, така и за пациентите кои може да станат жртви на оваа измама.
Имено, станува збор за манипулативни и лажни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи со непроверено потекло, состав или производство. Во рекламите се пласираат измислени изјави или интервјуа со вистински лекари и се објавуваат нивни фотографии, без лекарите да дадат соодветна согласност за користење на нивното име и професионален интегритет за рекламирање на овие препарати, поради што ова може да се смета за груба злоупотреба на личните податоци и лажно рекламирање за остварување на материјална корист. Штетата е уште поголема кога поради лажното рекламирање на препаратите пациентите може да добијат впечаток дека се работи за некои видови на чудотворни лекови, а со тоа да ја занемарат редовната терапија и да предизвикаат сериозна штета по своето здравје.
Комората ги охрабрува докторите кои се жртви на вакви злоупотреби задолжително да пријават во Министерството за внатрешни работи и кога е можно да ги предупредат пациентите за овие лажни реклами. https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-panovski-apelira-ako-vidite-reklama-so-mene-za-kakov-bilo-proizvod-ne-kupuvajte-laga-e/ До надлежните институции поголем број на лекари веќе имаат поднесено кривични пријави со соодветни докази. Комората и досега јавно реагираше и предупредуваше преку соопштенија за последиците, но сè уште немаме информација за донесени јавно-обвинителски одлуки за овие предмети.