лажен доктор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazen-doktor/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Oct 2022 12:39:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лажен доктор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazen-doktor/ 32 32 Лажел жени дека е гинеколог за да му испраќаат слики и видеа од гениталиите, за казна ќе оди на робија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lazel-zeni-deka-e-ginekolog-za-da-mu-isprakjaat-sliki-i-videa-od-genitaliite-za-kazna-kje-odi-na-robija/ Thu, 27 Oct 2022 12:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=566383

Човек во Сингапур е осуден на три години и четири месеци затвор затоа што измамил повеќе од 30 жени претставувајќи се како гинеколог на Фејсбук за да добие фотографии од нивните гениталии.

Судот го прогласи 37-годишниот Оои Чуен Веи од Малезија за виновен за мамење и лажно претставување. Тој користел лажен профил на Фејсбук за да контактира со жени.

Откако ќе остварел контакт, тој потоа барал од нив да пополнат анкети кои вклучуваат прашања за нивните гениталии и сексуалниот живот, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на судските документи, до кои имале пристап.

Во текот на четири години, Малезиецот измамил 38 жени, а притоа добил околу 1.000 интимни фотографии и видеа. Неговите злодела излегле на виделина во јули кога жена, која се посомневала во него, сфатила дека таков лекар не постои, па го пријавила во полиција.

Полицијата извршила претрес во неговата куќа и му го запленила компјутерот. Во текот на полициската истрага тој признал дека измамил голем број жени.

Обвинетиот извршил внимателно дизајниран план за да ги задоволи своите сексуални желби. Тој се преправал дека е лекар и навел голем број жртви да испраќаат различни компромитирачки фотографии и видеа од нив - изјавил заменик-главниот обвинител, објави Си-Ен-Ен.

The post Лажел жени дека е гинеколог за да му испраќаат слики и видеа од гениталиите, за казна ќе оди на робија appeared first on Република.

]]>

Човек во Сингапур е осуден на три години и четири месеци затвор затоа што измамил повеќе од 30 жени претставувајќи се како гинеколог на Фејсбук за да добие фотографии од нивните гениталии. Судот го прогласи 37-годишниот Оои Чуен Веи од Малезија за виновен за мамење и лажно претставување. Тој користел лажен профил на Фејсбук за да контактира со жени. Откако ќе остварел контакт, тој потоа барал од нив да пополнат анкети кои вклучуваат прашања за нивните гениталии и сексуалниот живот, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на судските документи, до кои имале пристап. Во текот на четири години, Малезиецот измамил 38 жени, а притоа добил околу 1.000 интимни фотографии и видеа. Неговите злодела излегле на виделина во јули кога жена, која се посомневала во него, сфатила дека таков лекар не постои, па го пријавила во полиција. Полицијата извршила претрес во неговата куќа и му го запленила компјутерот. Во текот на полициската истрага тој признал дека измамил голем број жени.
Обвинетиот извршил внимателно дизајниран план за да ги задоволи своите сексуални желби. Тој се преправал дека е лекар и навел голем број жртви да испраќаат различни компромитирачки фотографии и видеа од нив - изјавил заменик-главниот обвинител, објави Си-Ен-Ен.

The post Лажел жени дека е гинеколог за да му испраќаат слики и видеа од гениталиите, за казна ќе оди на робија appeared first on Република.

]]>
Лажниот доктор од Вевчани бил само апсолвент на Штипскиот универзитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lazniot-doktor-od-vevchani-bil-samo-apsolvent-na-shtipskiot-univerzitet/ Tue, 25 Oct 2022 16:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=565558

Докторот кој шест години ги лечел вецчанци, а во последнава година и пол бил и раководител на службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Вевчани, бил само апсолвент на Штипскиот факултет за медицински науки. Како што информираат оттаму, на 33-годишникот  не му било издадено ниту уверение, ниту диплома.

До нас не е пристигнато ниту едно барање од надлежен орган за проверка на документација. Но според она што ние го проверивме, последен пат тој бил активен на медицинскиот факултет во Штип 2014-2015 година, кога бил апсолвент. Запишан бил 2008-2009 година. Факултетот нема издадено ниту диплома, ниту уверение за тој студент, велат од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Него го нема ниту во регистарот на Лекарската комора, бидејќи како што вели претседателката на комората, доктор Калина Старделова, тој немал лиценца за работа, нити имал положено стручен испит.

Извори за Алфа потврдуваат дека сомнителниот лекар во октомври 2016 година, кога е примен на работа во службата за Итна медицинска помош, приложил оргинални документи од диплома, уверение за положен стручен испит и лиценца за работа, но никој не се посомневал во веродостоноста на истите, сè до пред неколку дена кога во Здравствениот дом стигнал допис од Лекарката комота дека не постои лиценца за работа со таков број и под тоа име.

За сега ниту од полицијата ниту од Основното јавно обвинителство не соопштуваат детали за случајот. Од таму со истиот одговор како и вчера дека ОЈО Струга е известено за настанот и дека „се вршат проверки и се обезбедува документација за да се проверат наводите“.

Докторот-студент е времено суспендиран од работното место, а директорот на здравствениот дом Јован Стојкоски, не сакаше да коментира ништо, сѐ додека, како што рече, не заврши истрагата.

The post Лажниот доктор од Вевчани бил само апсолвент на Штипскиот универзитет appeared first on Република.

]]>

Докторот кој шест години ги лечел вецчанци, а во последнава година и пол бил и раководител на службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Вевчани, бил само апсолвент на Штипскиот факултет за медицински науки. Како што информираат оттаму, на 33-годишникот  не му било издадено ниту уверение, ниту диплома.
До нас не е пристигнато ниту едно барање од надлежен орган за проверка на документација. Но според она што ние го проверивме, последен пат тој бил активен на медицинскиот факултет во Штип 2014-2015 година, кога бил апсолвент. Запишан бил 2008-2009 година. Факултетот нема издадено ниту диплома, ниту уверение за тој студент, велат од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Него го нема ниту во регистарот на Лекарската комора, бидејќи како што вели претседателката на комората, доктор Калина Старделова, тој немал лиценца за работа, нити имал положено стручен испит. Извори за Алфа потврдуваат дека сомнителниот лекар во октомври 2016 година, кога е примен на работа во службата за Итна медицинска помош, приложил оргинални документи од диплома, уверение за положен стручен испит и лиценца за работа, но никој не се посомневал во веродостоноста на истите, сè до пред неколку дена кога во Здравствениот дом стигнал допис од Лекарката комота дека не постои лиценца за работа со таков број и под тоа име. За сега ниту од полицијата ниту од Основното јавно обвинителство не соопштуваат детали за случајот. Од таму со истиот одговор како и вчера дека ОЈО Струга е известено за настанот и дека „се вршат проверки и се обезбедува документација за да се проверат наводите“. Докторот-студент е времено суспендиран од работното место, а директорот на здравствениот дом Јован Стојкоски, не сакаше да коментира ништо, сѐ додека, како што рече, не заврши истрагата.

The post Лажниот доктор од Вевчани бил само апсолвент на Штипскиот универзитет appeared first on Република.

]]>