Лазе Трипков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/laze-tripkov/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 10:50:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лазе Трипков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/laze-tripkov/ 32 32 Изложба на плакати „Визуелни рефлексии“ на Лазе Трипков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-plakati-vizuelni-refleksii-na-laze-tripkov/ Mon, 02 Sep 2024 10:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=812267

Во четврток на 5 септември во 19.30 часот во Народниот Музеј во Велес, ќе биде отворена изложбата на плакати под наслов „Визуелни рефлексии“ на Лазе Трипков.

Изложбата е составена од дизајнирани графички дела – плакати, создадени во „Ковид“ пост – ковид периодот, односно од 2020 до денес.

Лазе Трипков е високо позициониран графички дизајнер и едукатор со страст за интердисциплинарна уметност и дизајн практики. Моментално е професор по визуелна комуникација и графички дизајн на Факултетот за уметност и дизајн при Меѓународниот балкански универзитет во Скопје. Неговата експертиза се протега низ креативни дигитални дисциплини,вклучувајќи VR (виртуелна реалност), дигитални медиуми, интерактивни инсталации и истражување, како и употреба на новите технологии во образование.

Трипков магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Варшава и продолжил со пост-магистерски студии по мултимедија и дизајн на Академијата за ликовни уметности во Лоѓ.

Истражувал за симболите и иконографијата на балканскиот регион како докторанд на Фулбрајт. Неговите дела се прикажани на 6 самостојни изложби и преку 75 групни изложби ширум светот, со што му донесоа престижни награди како што се наградата Златна пчела од Московското биенале за плакат и почесната награда од Чешката асоцијација за графички дизајн AUG.

Изложбата на плакати под наслов „Визуелни Рефлексии“ претставува дизајнирани графички дела – плакати, создадени во „Ковид“ пост – ковид периодот, односно од 2020 до денес, кои допираат до разни теми и зборуваат за преокупациите и идејното размислување на уметникот.

Ликовниот уметник, графичкиот дизајнер Лазе Трипков, при дизајнирањето на плакатот, кој како медиум за јавно информирање, во преден план ги става редот и функцијата, повеќе инсистира на ликовниот дел, наспроти текстот кој треба да ја пренесе информацијата. Тој е исклучително плоден и успешен во овој медиум, во кој преку дизајнерскиот дискурс и нарацијата на секој изработен плакат со иновативен пристап, преку уметничко обликување на графичкиот дизајн на плататите не информира, толкува и пренесува пораки кои допираат до разни теми, за што всушност е и намената на плакатот. Во плакатите формалните елементи на дизајнот, сликата, симболот и пишаниот збор се во непосредна визуелна комуникација, која станува еден од кодовите на новото време. Преку навидум едноставните цртежи воспоставува визуелен баланс во однос на ликовниот прилог и зоната на читање, интегрирани во композициската целина.

Кај плакатите на Трипков текстот е секогаш составен елемент во дообјаснување на сликата, допринесуваќи кај гледачот окулу толкувањето на уметничко-ликовната представа, со што постигнува ефикасна визуелна комуникација со релевантната информација.

 

The post Изложба на плакати „Визуелни рефлексии“ на Лазе Трипков appeared first on Република.

]]>

Во четврток на 5 септември во 19.30 часот во Народниот Музеј во Велес, ќе биде отворена изложбата на плакати под наслов „Визуелни рефлексии“ на Лазе Трипков. Изложбата е составена од дизајнирани графички дела – плакати, создадени во „Ковид“ пост – ковид периодот, односно од 2020 до денес. Лазе Трипков е високо позициониран графички дизајнер и едукатор со страст за интердисциплинарна уметност и дизајн практики. Моментално е професор по визуелна комуникација и графички дизајн на Факултетот за уметност и дизајн при Меѓународниот балкански универзитет во Скопје. Неговата експертиза се протега низ креативни дигитални дисциплини,вклучувајќи VR (виртуелна реалност), дигитални медиуми, интерактивни инсталации и истражување, како и употреба на новите технологии во образование. Трипков магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Варшава и продолжил со пост-магистерски студии по мултимедија и дизајн на Академијата за ликовни уметности во Лоѓ. Истражувал за симболите и иконографијата на балканскиот регион како докторанд на Фулбрајт. Неговите дела се прикажани на 6 самостојни изложби и преку 75 групни изложби ширум светот, со што му донесоа престижни награди како што се наградата Златна пчела од Московското биенале за плакат и почесната награда од Чешката асоцијација за графички дизајн AUG. Изложбата на плакати под наслов „Визуелни Рефлексии“ претставува дизајнирани графички дела – плакати, создадени во „Ковид“ пост – ковид периодот, односно од 2020 до денес, кои допираат до разни теми и зборуваат за преокупациите и идејното размислување на уметникот. Ликовниот уметник, графичкиот дизајнер Лазе Трипков, при дизајнирањето на плакатот, кој како медиум за јавно информирање, во преден план ги става редот и функцијата, повеќе инсистира на ликовниот дел, наспроти текстот кој треба да ја пренесе информацијата. Тој е исклучително плоден и успешен во овој медиум, во кој преку дизајнерскиот дискурс и нарацијата на секој изработен плакат со иновативен пристап, преку уметничко обликување на графичкиот дизајн на плататите не информира, толкува и пренесува пораки кои допираат до разни теми, за што всушност е и намената на плакатот. Во плакатите формалните елементи на дизајнот, сликата, симболот и пишаниот збор се во непосредна визуелна комуникација, која станува еден од кодовите на новото време. Преку навидум едноставните цртежи воспоставува визуелен баланс во однос на ликовниот прилог и зоната на читање, интегрирани во композициската целина. Кај плакатите на Трипков текстот е секогаш составен елемент во дообјаснување на сликата, допринесуваќи кај гледачот окулу толкувањето на уметничко-ликовната представа, со што постигнува ефикасна визуелна комуникација со релевантната информација.  

The post Изложба на плакати „Визуелни рефлексии“ на Лазе Трипков appeared first on Република.

]]>
Во Галерија МКЦ изложба „Македонска глаголица. Македонска кирилица“ на Трипков и Џуровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-galerija-mkc-izlozba-makedonska-glagolica-makedonska-kirilica-na-tripkov-i-dzurovski/ Mon, 28 Feb 2022 09:06:04 +0000 https://republika.mk/?p=465061

Вечерва, со почеток од 20 часот во Галерија МКЦ ќе се отвори „Македонска глаголица. Македонска кирилица“ - изложба на авторите Лазе Трипков и Ласко Џуровски.

Изложбата се осврнува кон најзначајните столбови на македонскиот јазик и култура – глаголицата и кирилицата. Изложбата претставува празник, чествување на глаголицата и кирилицата. Првата – запретана во нашето далечно средновековие под бедемите на древниот Охрид, другата – жива, еластична, разиграна, готова да ги прегрне предизвиците на новото време.

Авторскиот проект на Лазе Трипков, „Македонска глаголица“ е модерна интерпретација на глаголицата. Преку визуелен и графички обликуван концепт, тој има цел да ѝ ги приближи на публиката функцијата и значењето на глаголицата, како и моќта на гласот сочинет во знакот, како еден колективен ликовен систем на изразување и идентификација на Словените. Овој негов проект нуди една поинаква визија за глаголицата, при што ја задржува нејзината образовна функционална форма и нè потсетува на големината на едно од најзначајните културни богатства на Македонија. Глаголицата за нас е артефакт и културолошки споменик од средновековна Македонија, која преку овој проект му пркоси на забот на времето. Оваа азбука, стамено и гордо стои исправено пред сите предизвици што доаѓаат однадвор во македонското современо живеење, во кое, за жал, вистинските вредности често го губат своето суштинско значење.
Проектот „Македонска кирилица“ од Ласко Џуровски, претставен овде преку симболичната синтагма ‘По стапките на Кирил и Методиј’ (правилно)/ ‘По сmаnкиmе на Кирил и Меmо∂иј’ (неправилно), – првоучителите кои, иако сесловенски и заеднички за сите Словени, со децении се присвојувани од страна на нашиот источен сосед – треба да ни укаже на проблемите и грешките што се појавуваат кај поголем број нестандардни фонтови при испишување на определени букви од македонската кирилица во италик. Овој избор на букви треба да ни посочи барем дел од проблемите и стапиците во кои паѓа македонската кирилица во услови на опкруженост од кирилските азбуки на другите словенски национални јазици. Авторот на овој дел од изложбата, г. Ласко Џуровски го има решението, но не и моќта за нејзино институционално решавање. Оттука и неговата, но и наша потреба, за свртување на вниманието на јавноста и на соодветните национални институции кон решавањето на овој проблем со кој се соочуваме сите Македонци и корисници на македонската кирилица во модернава дигитална ера.

Изложбата е авторски проект на Лазе Трипков и Ласко Џуровски, со поддршка на МКЦ како дел од официјалната програма за прослава на 50-годишнината од своето постоење.

The post Во Галерија МКЦ изложба „Македонска глаголица. Македонска кирилица“ на Трипков и Џуровски appeared first on Република.

]]>

Вечерва, со почеток од 20 часот во Галерија МКЦ ќе се отвори „Македонска глаголица. Македонска кирилица“ - изложба на авторите Лазе Трипков и Ласко Џуровски. Изложбата се осврнува кон најзначајните столбови на македонскиот јазик и култура – глаголицата и кирилицата. Изложбата претставува празник, чествување на глаголицата и кирилицата. Првата – запретана во нашето далечно средновековие под бедемите на древниот Охрид, другата – жива, еластична, разиграна, готова да ги прегрне предизвиците на новото време. Авторскиот проект на Лазе Трипков, „Македонска глаголица“ е модерна интерпретација на глаголицата. Преку визуелен и графички обликуван концепт, тој има цел да ѝ ги приближи на публиката функцијата и значењето на глаголицата, како и моќта на гласот сочинет во знакот, како еден колективен ликовен систем на изразување и идентификација на Словените. Овој негов проект нуди една поинаква визија за глаголицата, при што ја задржува нејзината образовна функционална форма и нè потсетува на големината на едно од најзначајните културни богатства на Македонија. Глаголицата за нас е артефакт и културолошки споменик од средновековна Македонија, која преку овој проект му пркоси на забот на времето. Оваа азбука, стамено и гордо стои исправено пред сите предизвици што доаѓаат однадвор во македонското современо живеење, во кое, за жал, вистинските вредности често го губат своето суштинско значење. Проектот „Македонска кирилица“ од Ласко Џуровски, претставен овде преку симболичната синтагма ‘По стапките на Кирил и Методиј’ (правилно)/ ‘По сmаnкиmе на Кирил и Меmо∂иј’ (неправилно), – првоучителите кои, иако сесловенски и заеднички за сите Словени, со децении се присвојувани од страна на нашиот источен сосед – треба да ни укаже на проблемите и грешките што се појавуваат кај поголем број нестандардни фонтови при испишување на определени букви од македонската кирилица во италик. Овој избор на букви треба да ни посочи барем дел од проблемите и стапиците во кои паѓа македонската кирилица во услови на опкруженост од кирилските азбуки на другите словенски национални јазици. Авторот на овој дел од изложбата, г. Ласко Џуровски го има решението, но не и моќта за нејзино институционално решавање. Оттука и неговата, но и наша потреба, за свртување на вниманието на јавноста и на соодветните национални институции кон решавањето на овој проблем со кој се соочуваме сите Македонци и корисници на македонската кирилица во модернава дигитална ера. Изложбата е авторски проект на Лазе Трипков и Ласко Џуровски, со поддршка на МКЦ како дел од официјалната програма за прослава на 50-годишнината од своето постоење.

The post Во Галерија МКЦ изложба „Македонска глаголица. Македонска кирилица“ на Трипков и Џуровски appeared first on Република.

]]>