лазарова сабота Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazarova-sabota/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Apr 2024 06:36:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лазарова сабота Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazarova-sabota/ 32 32 Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден https://arhiva3.republika.mk/zivot/deneska-e-lazarova-sabota-utre-tsvetnitsi-praznitsi-predvesnitsi-na-veligden/ Sat, 27 Apr 2024 06:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=771579

Саботата пред Цветници се вика Лазарова сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и распнувањето на Христос на Голгота.

Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години.

Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел навреме немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Преданието вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја.

Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава.

И пак се упатил кон Ерусалим. Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“. Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на висините“.

Воскреснувањето на Лазар претставува предвесник на Христовото воскресенување, но и праобраз на општото воскресение на сите луѓе при Второто Христово пришествие. Затоа, впрочем и има големо значаење. Со своето воскресение Исус потврдил дека претстои воскресение за сите луѓе. „Значи нема да воскреснат само праведниците, а грешниците да исчезнат, туку сите ќе воскреснат и ќе се претстават пред Страшниот Христов Суд.“ Со Лазарева сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни, кои се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина...

The post Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден appeared first on Република.

]]>

Саботата пред Цветници се вика Лазарова сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и распнувањето на Христос на Голгота. Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел навреме немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Преданието вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим. Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“. Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на висините“. Воскреснувањето на Лазар претставува предвесник на Христовото воскресенување, но и праобраз на општото воскресение на сите луѓе при Второто Христово пришествие. Затоа, впрочем и има големо значаење. Со своето воскресение Исус потврдил дека претстои воскресение за сите луѓе. „Значи нема да воскреснат само праведниците, а грешниците да исчезнат, туку сите ќе воскреснат и ќе се претстават пред Страшниот Христов Суд.“ Со Лазарева сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни, кои се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина...

The post Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден appeared first on Република.

]]>
Лазарова сабота, Цветници – важни правила и обичаи за време на шестата недела од велигденскиот пост https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/lazarova-sabota-tsvetnitsi-vazhni-pravila-i-obichai-za-vreme-na-shestata-nedela-od-veligdenskiot-post/ Fri, 26 Apr 2024 07:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=771210

Православните верници влегуваат во шестата недела од големиот велигденски пост, која уште се нарекува Цветници.

Претпоследната недела од Великиот пост е именувана по празникот на цвеќето, кој го одбележува влегувањето на Исус Христос во Ерусалим. Оваа недела обично треба да се пости на вода од понеделник до петок. Во сабота е дозволено масло, а во недела риба, бидејќи на тој ден се слави Цветници.

На овој празник му претходи Лазарева сабота. Овој празник секогаш се слави во пресрет на Цветници и го одбележува воскресението на Лазар четири дена по неговата смрт.

Овој радосен празник се смета за детски празник.

Во Лазарова сабота се носат децата во црква, а по вечерната богослужба се осветуваат млади врбoви гранчиња од кои се плетат венци кои децата ги носат во косата, а подоцна се ставаат покрај иконата и кандилото во домот.

Се купуваат и мали ѕвона, кои децата ги носат околу вратот, како спомен на децата кои радосно го поздравувале Исус Христос пред да влезат во Ерусалим.

По Цветници, верниците влегуваат во Страдалната недела, седмата и последна недела од Велигденскиот пост, по што со многу убави стари обичаи се празнува најголемиот христијански празник – Велигден.

The post Лазарова сабота, Цветници – важни правила и обичаи за време на шестата недела од велигденскиот пост appeared first on Република.

]]>

Православните верници влегуваат во шестата недела од големиот велигденски пост, која уште се нарекува Цветници. Претпоследната недела од Великиот пост е именувана по празникот на цвеќето, кој го одбележува влегувањето на Исус Христос во Ерусалим. Оваа недела обично треба да се пости на вода од понеделник до петок. Во сабота е дозволено масло, а во недела риба, бидејќи на тој ден се слави Цветници. На овој празник му претходи Лазарева сабота. Овој празник секогаш се слави во пресрет на Цветници и го одбележува воскресението на Лазар четири дена по неговата смрт. Овој радосен празник се смета за детски празник. Во Лазарова сабота се носат децата во црква, а по вечерната богослужба се осветуваат млади врбoви гранчиња од кои се плетат венци кои децата ги носат во косата, а подоцна се ставаат покрај иконата и кандилото во домот. Се купуваат и мали ѕвона, кои децата ги носат околу вратот, како спомен на децата кои радосно го поздравувале Исус Христос пред да влезат во Ерусалим. По Цветници, верниците влегуваат во Страдалната недела, седмата и последна недела од Велигденскиот пост, по што со многу убави стари обичаи се празнува најголемиот христијански празник – Велигден.

The post Лазарова сабота, Цветници – важни правила и обичаи за време на шестата недела од велигденскиот пост appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓа Лазарова сабота: Наберете го ова за во домот, но никако не правете една работа! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ni-doaga-lazarova-sabota-naberete-go-ova-za-vo-domot-no-nikako-ne-pravete-edna-rabota/ Tue, 04 Apr 2023 12:43:11 +0000 https://republika.mk/?p=627147

Оваа сабота е Лазарова Сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота.

На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. На овој ден обично се оди на река и се вели: „Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене“.

На овој ден се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните. Во Македонија групи девојчиња облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

Во Македонија групи девојчиња облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

The post Ни доаѓа Лазарова сабота: Наберете го ова за во домот, но никако не правете една работа! appeared first on Република.

]]>

Оваа сабота е Лазарова Сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. На овој ден обично се оди на река и се вели: „Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене“. На овој ден се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните. Во Македонија групи девојчиња облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник. Во Македонија групи девојчиња облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

The post Ни доаѓа Лазарова сабота: Наберете го ова за во домот, но никако не правете една работа! appeared first on Република.

]]>
Денес силно нека запеат Лазарките, ја празнуваме Лазарова сабота https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/denes-silno-neka-zapeat-lazarkite-ja-praznuvame-lazarova-sabota/ Sat, 16 Apr 2022 06:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=489092

Православните верници денеска ја празнуваат Лазарова сабота, позната и како Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота.

На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја.

Од раните утрински часови групи девојчиња, Лазарки, облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.

На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! Дента се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Потоа со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

The post Денес силно нека запеат Лазарките, ја празнуваме Лазарова сабота appeared first on Република.

]]>

Православните верници денеска ја празнуваат Лазарова сабота, позната и како Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња, Лазарки, облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! Дента се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Потоа со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

The post Денес силно нека запеат Лазарките, ја празнуваме Лазарова сабота appeared first on Република.

]]>