Лазар Јовески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazar-joveski/ За подобро да се разбереме Tue, 09 May 2023 17:40:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лазар Јовески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazar-joveski/ 32 32 Јовески: Синдикатите се разединети со помош на Владата и вработените се оставени сами на себе, затоа им се кршат правата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/joveski-sindikatite-se-razedineti-so-pomosh-na-vladata-i-vrabotenite-se-ostaveni-sami-na-sebe-zatoa-im-se-krshat-pravata/ Tue, 09 May 2023 17:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=638973

Денес за жал за македонскиот работник важи онаа „угоре високо, удолу длабоко“, тоа важи и за јавниот и за бизнис секторот. Во јавниот сектор освен ниските примaња вработените се соочуваа со мобинг, притисоци, преместување од работните места, откази бидејќи некој не му се допаднал некому. Во бизнис секторот работодавачите се оставени сами на себе и во тој случај најчесто проблемите паѓаат на грб на вработените и тие се соочуваат со незaконски откази и други девијантни појави, рече Лазар Јовески, претседател на Комисијата за труд и социјална политика ВМРО-ДПМНЕ на трибината во организација на партијата насловена како Социјални политики против осиромашувањето и сиромаштијата што се одржува во Тетово во рамки на кампањата Ова е Македонија за сите.

Според него сиромаштијата не е главен проблем за заминување, за отселување, но се повеќе гледаме и анализираме дека разочараноста од состојбата во државата е клучна.

Синдикатите се разединети и тоа е помогнато од Владата согласно начелото „раздели па владеј“ и вработените се оставени сами на себе и кога е така работниците се тие кои се онеправдани, бидејќи од друга страна има посилен субјект и ви се кршат правата - рече Јовески.

Јовески укажа дека партијата има решение и одговор за оваа ситуација.

Во ВМРО-ДПМНЕ ги знаеме овие проблеми и со посветеност заедно со лидерот Христијан Мицкоски ве уверувам имаме решение за овие проблеми. Тие се решаваат со посветена и чесна работа, така може да се надминат овие проблеми - заклучи Јовески.

The post Јовески: Синдикатите се разединети со помош на Владата и вработените се оставени сами на себе, затоа им се кршат правата appeared first on Република.

]]>

Денес за жал за македонскиот работник важи онаа „угоре високо, удолу длабоко“, тоа важи и за јавниот и за бизнис секторот. Во јавниот сектор освен ниските примaња вработените се соочуваа со мобинг, притисоци, преместување од работните места, откази бидејќи некој не му се допаднал некому. Во бизнис секторот работодавачите се оставени сами на себе и во тој случај најчесто проблемите паѓаат на грб на вработените и тие се соочуваат со незaконски откази и други девијантни појави, рече Лазар Јовески, претседател на Комисијата за труд и социјална политика ВМРО-ДПМНЕ на трибината во организација на партијата насловена како Социјални политики против осиромашувањето и сиромаштијата што се одржува во Тетово во рамки на кампањата Ова е Македонија за сите. Според него сиромаштијата не е главен проблем за заминување, за отселување, но се повеќе гледаме и анализираме дека разочараноста од состојбата во државата е клучна.
Синдикатите се разединети и тоа е помогнато од Владата согласно начелото „раздели па владеј“ и вработените се оставени сами на себе и кога е така работниците се тие кои се онеправдани, бидејќи од друга страна има посилен субјект и ви се кршат правата - рече Јовески.
Јовески укажа дека партијата има решение и одговор за оваа ситуација.
Во ВМРО-ДПМНЕ ги знаеме овие проблеми и со посветеност заедно со лидерот Христијан Мицкоски ве уверувам имаме решение за овие проблеми. Тие се решаваат со посветена и чесна работа, така може да се надминат овие проблеми - заклучи Јовески.

The post Јовески: Синдикатите се разединети со помош на Владата и вработените се оставени сами на себе, затоа им се кршат правата appeared first on Република.

]]>
Јовески: Во центарот на политиките треба да биде човекот затоа што и тие малку што ги имаме ја напуштаат Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/joveski-vo-tsentarot-na-politikite-treba-da-bide-chovekot-zatoa-shto-i-tie-malku-shto-gi-imame-ja-napushtaat-makedonija/ Sun, 02 Apr 2023 18:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=626351

Професорот Лазар Јовески, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ во денешната емисија „Детектор“ на телевизија Сител каде што се презентираа и анализираа резултатите од последната нивна анкета за јавната администрација кои што покажуваат и превработеност на администрацијата и неазоволни државни службеници кои ја напуштаат службата, но и незадоволни корисници на услугите од државните институции.

При неговото гостување, Јовески исткна дека, човекот мора да биде во центарот при изготвување или имплементирање на било какви реформи, па и тие во јавната администрација затоа што Македонија нема премногу човечки потенција, а и тие малку луѓе што ги имаме, си замина од државата, затоа што за ефикасна и ефективна државна адимистрација не потребно само повисока плата за работниците, туку и вреднување, почитување и вклучување на работникот во работните и одлучувачките тимови од страна на надредениот во институцијата.

Зошто ние не работиме со талентите во ниту една сфера во Македонија, вклучително и со оние луѓе кои што се во одредени установи, министерства, организации во јавниот сектор, дали имаме вистински пристап во однос на  оние луѓе кои што поинаку мислат од нас, дали ги ставаме приоритно во тимовите на одлучување, креирање на политики во одредена државна институција или ги маргинализираме, ги дискриминираме или им даваме отказ, затоа што само малку поинаку размислуваат од нас. Дали ние вистински се посветуваме на вложување во луѓето, во кадарот. Наградата на луѓето со плата е само еден сегмет, не е се во парите, не велам дека е мала работа, условите за работа и тоа како се битни, но и почитта е битна. Меѓу колегијалната соработка, уважувањето од раководителот на останатите нивоа во рамките на самата хиерархија и субординација  во државниот орган и установата. Сето ова е нешто кое што во моментов недостасува во јавниот сектор, особено во одредени државни институции во Македонија и тоа не го кажувам на памет, тоа го кажувам на линија на анализа, на линија на укажувања од страна кои што ни даваат една многу јасна слика. Па и извештајот од Европската комија во ниту еден аспект ние немаме вистинска критика во однос на неквалитетни норми, туку секогаш и во изминатите години, критиката од ЕК оди во насока на имплементација на веќе постоечките одредби и норми“, истакна Јовески.

Toj посочи дека и идеален закон за раководна јавна служба или за административни слижбеници или за вработени во јавен сектор, не може да ги решиме овие суштински проблеми, законот не го решева суштинскиот проблем, а тоа е да сакаме ние да имаме ефикасна и функционална државна администација во Македонија која што ќе биде задоволна од тоа каде што е позиционирана, за да може да изпорача квалитетна услуга која што ќе влијае на високото задоволство на примателот на услугата, односно на граѓаните.

И малку треба во овој дел посуштински да размислиме, бидејќи ниту новото законодавство, кое што ќе се креира, од кого и да се креира, ниту дигитализацијата, ниту автоматски покачување на платите на вработените ќе имплицира автоматски подобрување на  услугите. Мора да се работи со луѓето, човекот мора да биде во центарот, Македонија е земја која што нема премногу човечки потенцијали, нашите луѓе, и онака малку на број, си одат од државата и тука е нашата суштинска, по мене стратешка, грешка во стратешкото планирање и развој на човечките потенцијали во Македонија, особено во јавниот сектор каде што ни одат луѓе. Веќе ќе нема луѓе ниту законите да ги креира, анализите да ги прави за да ги испорачува до Влада за одат до Собрание“, укажа Јовески.

Посочува дека за да имаме професионална државна јавна администрација и професионален административен службеник потребни се повеќе работи, но две се суштински, едната е неговата стручност, а втората е неговиот карактер и тоа го гради професионалниот однос.

The post Јовески: Во центарот на политиките треба да биде човекот затоа што и тие малку што ги имаме ја напуштаат Македонија appeared first on Република.

]]>

Професорот Лазар Јовески, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ во денешната емисија „Детектор“ на телевизија Сител каде што се презентираа и анализираа резултатите од последната нивна анкета за јавната администрација кои што покажуваат и превработеност на администрацијата и неазоволни државни службеници кои ја напуштаат службата, но и незадоволни корисници на услугите од државните институции. При неговото гостување, Јовески исткна дека, човекот мора да биде во центарот при изготвување или имплементирање на било какви реформи, па и тие во јавната администрација затоа што Македонија нема премногу човечки потенција, а и тие малку луѓе што ги имаме, си замина од државата, затоа што за ефикасна и ефективна државна адимистрација не потребно само повисока плата за работниците, туку и вреднување, почитување и вклучување на работникот во работните и одлучувачките тимови од страна на надредениот во институцијата.
Зошто ние не работиме со талентите во ниту една сфера во Македонија, вклучително и со оние луѓе кои што се во одредени установи, министерства, организации во јавниот сектор, дали имаме вистински пристап во однос на  оние луѓе кои што поинаку мислат од нас, дали ги ставаме приоритно во тимовите на одлучување, креирање на политики во одредена државна институција или ги маргинализираме, ги дискриминираме или им даваме отказ, затоа што само малку поинаку размислуваат од нас. Дали ние вистински се посветуваме на вложување во луѓето, во кадарот. Наградата на луѓето со плата е само еден сегмет, не е се во парите, не велам дека е мала работа, условите за работа и тоа како се битни, но и почитта е битна. Меѓу колегијалната соработка, уважувањето од раководителот на останатите нивоа во рамките на самата хиерархија и субординација  во државниот орган и установата. Сето ова е нешто кое што во моментов недостасува во јавниот сектор, особено во одредени државни институции во Македонија и тоа не го кажувам на памет, тоа го кажувам на линија на анализа, на линија на укажувања од страна кои што ни даваат една многу јасна слика. Па и извештајот од Европската комија во ниту еден аспект ние немаме вистинска критика во однос на неквалитетни норми, туку секогаш и во изминатите години, критиката од ЕК оди во насока на имплементација на веќе постоечките одредби и норми“, истакна Јовески.
Toj посочи дека и идеален закон за раководна јавна служба или за административни слижбеници или за вработени во јавен сектор, не може да ги решиме овие суштински проблеми, законот не го решева суштинскиот проблем, а тоа е да сакаме ние да имаме ефикасна и функционална државна администација во Македонија која што ќе биде задоволна од тоа каде што е позиционирана, за да може да изпорача квалитетна услуга која што ќе влијае на високото задоволство на примателот на услугата, односно на граѓаните.
И малку треба во овој дел посуштински да размислиме, бидејќи ниту новото законодавство, кое што ќе се креира, од кого и да се креира, ниту дигитализацијата, ниту автоматски покачување на платите на вработените ќе имплицира автоматски подобрување на  услугите. Мора да се работи со луѓето, човекот мора да биде во центарот, Македонија е земја која што нема премногу човечки потенцијали, нашите луѓе, и онака малку на број, си одат од државата и тука е нашата суштинска, по мене стратешка, грешка во стратешкото планирање и развој на човечките потенцијали во Македонија, особено во јавниот сектор каде што ни одат луѓе. Веќе ќе нема луѓе ниту законите да ги креира, анализите да ги прави за да ги испорачува до Влада за одат до Собрание“, укажа Јовески.
Посочува дека за да имаме професионална државна јавна администрација и професионален административен службеник потребни се повеќе работи, но две се суштински, едната е неговата стручност, а втората е неговиот карактер и тоа го гради професионалниот однос.

The post Јовески: Во центарот на политиките треба да биде човекот затоа што и тие малку што ги имаме ја напуштаат Македонија appeared first on Република.

]]>
Министерка за труд и социјална политика манипулира со јавноста и пушта дезинформации за да го политизира утрешниот штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerka-za-trud-i-socijalna-politika-manipulira-so-javnosta-i-pushta-dezinformacii-za-da-go-politizira-utreshniot-shtrajk/ Sun, 10 Apr 2022 19:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=486386

Министерка за труд и социјална политика манипулира со јавноста и пушта дезинформации за да го политизира утрешниот штрајк!, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на својот фејсбук профил.

Намерно користи фотографија стара повеќе од две години!

Е ова е СДСМ, ова е Влада во слободен пад!

За социјалните мрежи за случајот се огласи и Проф. д-р Лазар Јовески.

Во Македонија ништо ново!, пишува на својот фејсбук профил Проф. д-р Лазар Јовевски.

Вечерва објавуваат слика од пред две години каде со манипулација од макијавелистички тип ме поврзуваат со денешниот прес на СОНК за објавување на почетокот на штрајкот. Наводно јас сум стоел позади штрајкот и сум го организирал. Наместо да се види што се случува во земјава и накаде одиме, некои се занимаваат со спинови и лаги. Жално и срамно! Ова ви е пример како постапуваат луѓе кои немаат страв од Бога! Монтираат слика каде учествувам на прес од пред неколку години и давам изјава за унапредување на правата на професорите и вработените во Универзитетот, а во врска со колективниот договор кој се потпиша во тоа време....

Барам јавно извинување од сите кои стојат зад оваа лажна информација и кои ја споделуваат, а која има за цел да го наруши мојот углед и достоинство и барам истата да се повлече, вклучително и од министерот за труд и социјална политика, како и од МИА.

Доколку тоа не се стори во законски предвидениот рок, ќе поведам постапка за навреда и клевета согласно Законот за граѓанска одговорност .

А јас и понатаму цврсто ќе стојам на ставот за унапредување на правата на сите вработени во Македонија, за достоинствен живот и дека правото на штрајк е основно човеково и граѓанско право на секој вработен. Тоа е моја должност како професор по трудово право, но пред се како граѓанин и човек кој ја сака својата земја и својот народ.

Имајте мирна ноќ. Јас секако ќе спијам мирно, а вие???

проф. д-р Лазар Јовевски

The post Министерка за труд и социјална политика манипулира со јавноста и пушта дезинформации за да го политизира утрешниот штрајк appeared first on Република.