Лазански Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazanski/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Feb 2022 10:32:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лазански Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazanski/ 32 32 Анализа на Мирослав Лазански во 2014 година: Ако Украина влезе во НАТО, нема да влезе во тие граници https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/analiza-na-miroslav-lazanski-vo-2014-godina-ako-ukraina-vleze-vo-nato-nema-da-vleze-vo-tie-granici/ Mon, 28 Feb 2022 10:29:06 +0000 https://republika.mk/?p=465152

Како што Американците не можат да дозволат руските ракети, кои летаат пет минути до Вашингтон, да бидат во Куба, така Москва не може да дозволи американски ракети да бидат во Украина и да летаат четири минути до Москва, анализираше во 2014 година, сега починатиот добро упатен новинар Мирослав Лазански.

Поранешниот новинар, а подоцна и српски амбасадор во Москва, покојниот Мирослав Лазански, во 2018 година со извонредна прецизност предвиде што ќе се случува во Украина во случај на војна со Русија.

Уште пред осум години, со една од неговите тогашни многубројни анализи за кризата во Украина, Мирослав Лазански имаше гостување во телевизиска емисија, при што изјави:

За Русија да живее со НАТО, кое дошло до нејзините граници во Украина, е прашање на живот и смрт.

Во декември 2014 година, по повод тогашната актуелна криза во Донбас, Лазански истакна дека целата приказна за Украина не е само Украина.

Тоа е првенствено приказна за односот меѓу Америка и Русија, односно Запад, НАТО и Русија. Москва побара од НАТО да гарантира дека Украина нема да влезе во НАТО. Доколку Украина се согласи со дефинираниот и гарантиран статус на воена неутралност, мислам дека ќе се смири ова во Донбас – рече тогаш Лазански.

Во таа пригода тој предупреди дека Европа ќе влезе во војна доколку нема стратегиски компромис меѓу Западот и Русија, НАТО и Русија, Америка и Русија. Лазански потсети дека Русија го вратила Крим и го контролирала целото Црно Море.

Крим е непотоплив носач на авиони во Црно Море. Крим е завршена приказна, не вреди повеќе да се зборува. Ако Украина влезе во НАТО, нема да влезе во НАТО во тие граници – посочи Лазански.

Во врска со напорите на Украина за влез во НАТО, Лазански рече дека секоја земја што има нерешен територијален проблем, особено ако има сосед како Русија, апсолутно не може да влезе во Северноатлантската алијанса, бидејќи НАТО не е луд да прифаќа земји што носат таков територијален спор како мираз.

Само најсиромашниот, западен дел на Украина може да влезе во НАТО, а што се однесува до источниот дел, Русите нема да го дозволат тоа – додаде Лазански.

Целиот текст овде.

The post Анализа на Мирослав Лазански во 2014 година: Ако Украина влезе во НАТО, нема да влезе во тие граници appeared first on Република.

]]>

Како што Американците не можат да дозволат руските ракети, кои летаат пет минути до Вашингтон, да бидат во Куба, така Москва не може да дозволи американски ракети да бидат во Украина и да летаат четири минути до Москва, анализираше во 2014 година, сега починатиот добро упатен новинар Мирослав Лазански.
Поранешниот новинар, а подоцна и српски амбасадор во Москва, покојниот Мирослав Лазански, во 2018 година со извонредна прецизност предвиде што ќе се случува во Украина во случај на војна со Русија. Уште пред осум години, со една од неговите тогашни многубројни анализи за кризата во Украина, Мирослав Лазански имаше гостување во телевизиска емисија, при што изјави: