Лажани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazani/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Aug 2022 08:50:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лажани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lazani/ 32 32 Животот во Лажани полека се враќа во нормала https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zivotot-vo-lazani-poleka-se-vrakja-vo-normala/ Tue, 23 Aug 2022 08:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=543157

Се работи на отстранување на штетите од синоќешните обилни врнежи од дожд што ги зафатија општините Виница, Долнени и Тетово. Во Виница се поплавени над 60 објекти и таму речиси е завршено испумпување на водата од станбените објекти. Се работи на инфраструкатурата во урбаното подрачје на градот и во текот на денот се очекува се да биде завршено доколку нема нови врнежи на дожд, информираа утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА.

Екипи на ТППЕ Виница биле на терен синоќа до 23:00 часот, при што имале вкупно 20 интервенции, претежно на деловни објекти и училишта. Во најголем дел штетите се санирани, а во моментот се на терен со две пумпи и тројца пожарникари на пријава на еден деловен објект.

-Градоначалникот известува за почеток на пријава на штети во службите на Општина Виница, како и брзо интервенирање на Комисијата за процена на штети и најавен е и состанок на Општинскиот кризен штаб. Екипа на ЈП „Солидарност“ Виница со едно возило и три лица се на терен за санирање на затнати водотеци на реките и шахтите, како и чистење на наноси од улиците. Пријавена е и интервенција на поединци со сопствени пумпи за санирање на поплавени подруми. ДЗС ПО Виница преотстапи три пумпи на ТППЕ Виница во период на траење на интервенциите, соопшти ЦУК.

Село Лажани, Општина Долнени синоќа беше зафатено со поплави од поројни дождови. Од ЦУК посочуваат дека се работи за долниот дел од селото, каде поминува терцијалниот канал кој, како што велат, од низа причини бил стеснет од ф-1000 на ф-100 и ф-200. Се работи за дел каде се приватни станбени куќи заради можност да се премости влезот над каналот.

Во Лажани струјата беше исклучена и дел од жителите на селото беа евакуирани. Во Лажани беа зафатени над 30 објекти и се уште се работи на расчисатување. Од ЦУК информираат дека ако нема пообилни врнежи од дожд, во текот на денот се ќе биде под контрола.

Жителите на Лажани информираат дека веќе состојбата се нормализира.

Обилни врнежи на дожд по 20 часот синоќа имаше во урбаниот дел на Тетово, а исто така и во Мала Речица. Од ЦУК информираат дека имаше евакуација на десетина луѓе, кои се сместени на безбедни места се додека не се испумпа водата од нивните објекти.

Од ЦУК соопштија дека утрово во 2.30 имаше проблем со селото Ѓермо, каде од силниот порој од водата од планинскиот дел беше уништен ѕид од една куќа, а некои автомобили се блокирани. Жителите бараат надлежните органи што поскоро да преземат мерки. На терен се екипите на општините, на ЦУК, на ДЗС, на ТТПЕ, СВР Тетово и дриуги, се работи со градежна механизација.

The post Животот во Лажани полека се враќа во нормала appeared first on Република.

]]>

Се работи на отстранување на штетите од синоќешните обилни врнежи од дожд што ги зафатија општините Виница, Долнени и Тетово. Во Виница се поплавени над 60 објекти и таму речиси е завршено испумпување на водата од станбените објекти. Се работи на инфраструкатурата во урбаното подрачје на градот и во текот на денот се очекува се да биде завршено доколку нема нови врнежи на дожд, информираа утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА. Екипи на ТППЕ Виница биле на терен синоќа до 23:00 часот, при што имале вкупно 20 интервенции, претежно на деловни објекти и училишта. Во најголем дел штетите се санирани, а во моментот се на терен со две пумпи и тројца пожарникари на пријава на еден деловен објект. -Градоначалникот известува за почеток на пријава на штети во службите на Општина Виница, како и брзо интервенирање на Комисијата за процена на штети и најавен е и состанок на Општинскиот кризен штаб. Екипа на ЈП „Солидарност“ Виница со едно возило и три лица се на терен за санирање на затнати водотеци на реките и шахтите, како и чистење на наноси од улиците. Пријавена е и интервенција на поединци со сопствени пумпи за санирање на поплавени подруми. ДЗС ПО Виница преотстапи три пумпи на ТППЕ Виница во период на траење на интервенциите, соопшти ЦУК. Село Лажани, Општина Долнени синоќа беше зафатено со поплави од поројни дождови. Од ЦУК посочуваат дека се работи за долниот дел од селото, каде поминува терцијалниот канал кој, како што велат, од низа причини бил стеснет од ф-1000 на ф-100 и ф-200. Се работи за дел каде се приватни станбени куќи заради можност да се премости влезот над каналот. Во Лажани струјата беше исклучена и дел од жителите на селото беа евакуирани. Во Лажани беа зафатени над 30 објекти и се уште се работи на расчисатување. Од ЦУК информираат дека ако нема пообилни врнежи од дожд, во текот на денот се ќе биде под контрола. Жителите на Лажани информираат дека веќе состојбата се нормализира. Обилни врнежи на дожд по 20 часот синоќа имаше во урбаниот дел на Тетово, а исто така и во Мала Речица. Од ЦУК информираат дека имаше евакуација на десетина луѓе, кои се сместени на безбедни места се додека не се испумпа водата од нивните објекти. Од ЦУК соопштија дека утрово во 2.30 имаше проблем со селото Ѓермо, каде од силниот порој од водата од планинскиот дел беше уништен ѕид од една куќа, а некои автомобили се блокирани. Жителите бараат надлежните органи што поскоро да преземат мерки. На терен се екипите на општините, на ЦУК, на ДЗС, на ТТПЕ, СВР Тетово и дриуги, се работи со градежна механизација.

The post Животот во Лажани полека се враќа во нормала appeared first on Република.

]]>
Лажани е под вода, се врши евакуација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lazani-e-pod-voda-se-vrshi-evakuacija/ Mon, 22 Aug 2022 19:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=542997

Најмногу дожд до 20 часот наврна во Виница 55 л/м2, во Тополчани и Битола 18, во Крушево 16, Берово 13, Крива Паланка 11, Ѓуриште 10, Струмица осум, Прилеп и Попова Шапка седум, Гевгелија шест, Маврово четири, Пожаране три, Штип и Охрид два и во Скопје-Зајчев Рид еден л/м2.

Попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени и тоа: Лажани, Дебреште и Житоше. Нај критично се во с. Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите, информираат од Центарот за управување со кризи.

Според последните информации добиени од градоначалникот на Долнени заради поплавувањето на подрумските куќи се врши евакуација на загрозените жители на селото Лажани со помош на трактори, наведоа од Центарот.

Во моментот ангажирани се 2 багери. Од Територијалната противпожарна единица Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило.

Според информациите од УХМР, вечерва поизразена нестабилност има во северозападните делови од земјава со поинтензивен пороен дожд, чести електрични празнења и засилен ветер.

Локална нестабилност се најавува и за ноќните часови.

The post Лажани е под вода, се врши евакуација appeared first on Република.

]]>

Најмногу дожд до 20 часот наврна во Виница 55 л/м2, во Тополчани и Битола 18, во Крушево 16, Берово 13, Крива Паланка 11, Ѓуриште 10, Струмица осум, Прилеп и Попова Шапка седум, Гевгелија шест, Маврово четири, Пожаране три, Штип и Охрид два и во Скопје-Зајчев Рид еден л/м2. Попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени и тоа: Лажани, Дебреште и Житоше. Нај критично се во с. Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите, информираат од Центарот за управување со кризи. Според последните информации добиени од градоначалникот на Долнени заради поплавувањето на подрумските куќи се врши евакуација на загрозените жители на селото Лажани со помош на трактори, наведоа од Центарот. Во моментот ангажирани се 2 багери. Од Територијалната противпожарна единица Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило. Според информациите од УХМР, вечерва поизразена нестабилност има во северозападните делови од земјава со поинтензивен пороен дожд, чести електрични празнења и засилен ветер. Локална нестабилност се најавува и за ноќните часови.

The post Лажани е под вода, се врши евакуација appeared first on Република.

]]>