Лавина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lavina/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 11:06:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лавина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lavina/ 32 32 По разорниот циклон кој ја поплави централна Европа, сега се закануваат лавини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-razorniot-tsiklon-koj-ja-poplavi-tsentralna-evropa-sega-se-zakanuvaat-lavini/ Tue, 17 Sep 2024 11:06:03 +0000 https://republika.mk/?p=817090

Силниот циклон донесе катастрофални поплави во Централна Европа, а беа погодени Австрија, Полска, Чешка, Словачка и делови од Унгарија. На некои локации наврнале над 400 литри дожд на метар квадратен.

Воедно, драстичниот пад на температурата донесе многу силно заладување, па на планините завеја снег.

Снежната линија се спушти на 1000 метри надморска височина, а падна од 20 до 80 сантиметри снег, локално и повеќе, при што снегот беше проследен со урагански ветрови со брзина од 160 км/ч.


Најобилен снег падна на Алпите, особено на Алпите во јужна и западна Австрија, каде локално на повисоките места наврнаа и до 2 метри снег.

Снегот ги изненади сите, во многу области два месеца порано, а пристигна по летото кое никогаш не било потопло.

Инаку, снег над 3.000 метри надморска височина е можен и на лето, но ова лето на австриските Алпи над 3.000 метри е забележана низа од повеќе од 65 дена без снег, со температури во плус.

Силниот и обилен снег и снежна бура блокираа многу планински предели.

На Алпите сè уште паѓа снег, а бидејќи е многу влажен снегот, лавините се закануваат на многу области.

Инаку, интересна е и многу острата линија помеѓу снегот и дождот, а оваа остра линија над Линц ја покажува и фотографијата споделена на социјалните мрежи.

Така, додека во долините на Алпите наврнаа повеќе од 200 литри дожд, заедно со поплавите, снегот вееше на над 1000 метри.

 

The post По разорниот циклон кој ја поплави централна Европа, сега се закануваат лавини appeared first on Република.

]]>

Силниот циклон донесе катастрофални поплави во Централна Европа, а беа погодени Австрија, Полска, Чешка, Словачка и делови од Унгарија. На некои локации наврнале над 400 литри дожд на метар квадратен. Воедно, драстичниот пад на температурата донесе многу силно заладување, па на планините завеја снег. Снежната линија се спушти на 1000 метри надморска височина, а падна од 20 до 80 сантиметри снег, локално и повеќе, при што снегот беше проследен со урагански ветрови со брзина од 160 км/ч. Најобилен снег падна на Алпите, особено на Алпите во јужна и западна Австрија, каде локално на повисоките места наврнаа и до 2 метри снег. Снегот ги изненади сите, во многу области два месеца порано, а пристигна по летото кое никогаш не било потопло. Инаку, снег над 3.000 метри надморска височина е можен и на лето, но ова лето на австриските Алпи над 3.000 метри е забележана низа од повеќе од 65 дена без снег, со температури во плус. Силниот и обилен снег и снежна бура блокираа многу планински предели. На Алпите сè уште паѓа снег, а бидејќи е многу влажен снегот, лавините се закануваат на многу области. Инаку, интересна е и многу острата линија помеѓу снегот и дождот, а оваа остра линија над Линц ја покажува и фотографијата споделена на социјалните мрежи. Така, додека во долините на Алпите наврнаа повеќе од 200 литри дожд, заедно со поплавите, снегот вееше на над 1000 метри.  

The post По разорниот циклон кој ја поплави централна Европа, сега се закануваат лавини appeared first on Република.

]]>
Во Австрија маж исчезна во лавина, а во дел од земјата прогласена е природна катастрофа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-avstrija-mazh-ischezna-vo-lavina-a-vo-del-od-zemjata-proglasena-e-prirodna-katastrofa/ Sun, 15 Sep 2024 09:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=816470

Австриските служби за итна помош трагаат по еден маж што се води како исчезнат во лавина. Снегот на планините во западниот дел на Австрија го отежнува сообраќајот на повеќе патишта.

На некои места во Тирол снежната покривка изнесува и до еден метар, што е исклучителна ситуација во средината на септември, а минатата недела беа забележани температури над 30 степени Целзиусови.

Додека во јужна Австрија ветерот достигна брзина до 146 километри на час, а во северниот дел наврна 170 литри дожд на метар квадратен.

Пожарникарите во Виена во изминатите 24 часа интервенирале околу 150 пати во чистење на одводните канали и испумпување на вода.

Поради невремето од безбедносни причини е затворено најпосетуваното место во Австрија – Паркот Шенбрун.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека „врвот сè уште не е достигнат“, а дел од североисточниот дел на земјата е класифициран како зона на природна катастрофа.

The post Во Австрија маж исчезна во лавина, а во дел од земјата прогласена е природна катастрофа appeared first on Република.

]]>

Австриските служби за итна помош трагаат по еден маж што се води како исчезнат во лавина. Снегот на планините во западниот дел на Австрија го отежнува сообраќајот на повеќе патишта. На некои места во Тирол снежната покривка изнесува и до еден метар, што е исклучителна ситуација во средината на септември, а минатата недела беа забележани температури над 30 степени Целзиусови. Додека во јужна Австрија ветерот достигна брзина до 146 километри на час, а во северниот дел наврна 170 литри дожд на метар квадратен. Пожарникарите во Виена во изминатите 24 часа интервенирале околу 150 пати во чистење на одводните канали и испумпување на вода. Поради невремето од безбедносни причини е затворено најпосетуваното место во Австрија – Паркот Шенбрун. Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека „врвот сè уште не е достигнат“, а дел од североисточниот дел на земјата е класифициран како зона на природна катастрофа.

The post Во Австрија маж исчезна во лавина, а во дел од земјата прогласена е природна катастрофа appeared first on Република.

]]>
Две лица загинаа во лавина во Австрија која затрупа 18 луѓе, хеликоптери ја надлетуваат областа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dve-litsa-zaginaa-vo-lavina-vo-avstrija-koja-zatrupa-18-luge-helikopteri-ja-nadletuvaat-oblasta/ Thu, 11 Apr 2024 11:36:41 +0000 https://republika.mk/?p=764955

Две лица загинаа во лавина во Тирол, Австрија. Лавината започна околу 11 часот во општината Вент им Нидертал во правец кон Мартин Буш Хут.

Во тек е голема спасувачка операција. Луѓето се трагаат со кучиња трагачи и хеликоптери.

Според првите информации затрупани се 18 лица. Четири лица се спасени живи. Две лица се мртви.

 

The post Две лица загинаа во лавина во Австрија која затрупа 18 луѓе, хеликоптери ја надлетуваат областа appeared first on Република.

]]>

Две лица загинаа во лавина во Тирол, Австрија. Лавината започна околу 11 часот во општината Вент им Нидертал во правец кон Мартин Буш Хут. Во тек е голема спасувачка операција. Луѓето се трагаат со кучиња трагачи и хеликоптери. Според првите информации затрупани се 18 лица. Четири лица се спасени живи. Две лица се мртви.  

The post Две лица загинаа во лавина во Австрија која затрупа 18 луѓе, хеликоптери ја надлетуваат областа appeared first on Република.

]]>
Тројца загинати во лавина во Швајцарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trojtsa-zaginati-vo-lavina-vo-shvajtsarija/ Tue, 02 Apr 2024 09:03:29 +0000 https://republika.mk/?p=761199

Портпаролот на полицијата во јужниот кантон Вале немаше детали за идентитетот на луѓето зафатени во лавината.

Исто така, не е јасно дали има уште исчезнати.

Полицијата во кусо соопштение соопшти дека акцијата за пребарување е прекината затоа што бил отежнат пристапот до подрачјето каде имало многу снег.

Обилните снежни врнежи и многу силните ветрови ги поттикнаа властите да предупредат на значителен ризик од лавини во алпските региони на југот на Швајцарија.

Зимава веќе 14 лица загинаа во лавини во Швајцарија, во дванаесет одвоени несреќи. Повеќето од нив беа скијачи.

The post Тројца загинати во лавина во Швајцарија appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на полицијата во јужниот кантон Вале немаше детали за идентитетот на луѓето зафатени во лавината. Исто така, не е јасно дали има уште исчезнати. Полицијата во кусо соопштение соопшти дека акцијата за пребарување е прекината затоа што бил отежнат пристапот до подрачјето каде имало многу снег. Обилните снежни врнежи и многу силните ветрови ги поттикнаа властите да предупредат на значителен ризик од лавини во алпските региони на југот на Швајцарија. Зимава веќе 14 лица загинаа во лавини во Швајцарија, во дванаесет одвоени несреќи. Повеќето од нив беа скијачи.

The post Тројца загинати во лавина во Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Најмалку четворица скијачи загинаа во снежна лавина во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/najmalku-chetvoritsa-skijachi-zaginaa-vo-snezhna-lavina-vo-frantsija/ Mon, 26 Feb 2024 08:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=748341

Најмалку четири лица загинаа во лавина во Централниот масив, планински венец во јужниот дел на централна Франција, соопштија синоќа локалните медиуми.

Наводно има уште три повредени лица, додека две се водат за исчезнати.

Несреќата се случила вчера попладне во Вал д’Енфер, во близина на ски-центарот Мон Доре, што се наоѓа на надморска височина меѓу 1.200 и 1.846 метри.

Регионалниот весник „Миди Либре“ објави дека жртвите биле на скијање кога се спуштила лавината.

Можно е дождот да ја предизвикал несреќата, оптоварувајќи ја снежната покривка која се формирала неколку часа претходно, пишува весникот повикувајќи се на вештачење.

The post Најмалку четворица скијачи загинаа во снежна лавина во Франција appeared first on Република.

]]>

Најмалку четири лица загинаа во лавина во Централниот масив, планински венец во јужниот дел на централна Франција, соопштија синоќа локалните медиуми. Наводно има уште три повредени лица, додека две се водат за исчезнати. Несреќата се случила вчера попладне во Вал д’Енфер, во близина на ски-центарот Мон Доре, што се наоѓа на надморска височина меѓу 1.200 и 1.846 метри. Регионалниот весник „Миди Либре“ објави дека жртвите биле на скијање кога се спуштила лавината. Можно е дождот да ја предизвикал несреќата, оптоварувајќи ја снежната покривка која се формирала неколку часа претходно, пишува весникот повикувајќи се на вештачење.

The post Најмалку четворица скијачи загинаа во снежна лавина во Франција appeared first on Република.

]]>
Најмалку четворица скијачи загинаа во снежна лавина во јужна Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-chetvoritsa-skijachi-zaginaa-vo-snezhna-lavina-vo-juzhna-frantsija/ Mon, 26 Feb 2024 08:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=748327

Најмалку четири лица загинаа во лавина во Централниот масив, планински венец во јужниот дел на централна Франција, соопштија синоќа локалните медиуми.

Наводно има уште три повредени лица, додека две се водат за исчезнати.

Несреќата се случила вчера попладне во Вал д'Енфер, во близина на ски-центарот Мон Доре, што се наоѓа на надморска височина меѓу 1.200 и 1.846 метри.

Регионалниот весник „Миди Либре“ објави дека жртвите биле на скијање кога се спуштила лавината.

Можно е дождот да ја предизвикал несреќата, оптоварувајќи ја снежната покривка која се формирала неколку часа претходно, пишува весникот повикувајќи се на вештачење.

The post Најмалку четворица скијачи загинаа во снежна лавина во јужна Франција appeared first on Република.

]]>

Најмалку четири лица загинаа во лавина во Централниот масив, планински венец во јужниот дел на централна Франција, соопштија синоќа локалните медиуми. Наводно има уште три повредени лица, додека две се водат за исчезнати. Несреќата се случила вчера попладне во Вал д'Енфер, во близина на ски-центарот Мон Доре, што се наоѓа на надморска височина меѓу 1.200 и 1.846 метри. Регионалниот весник „Миди Либре“ објави дека жртвите биле на скијање кога се спуштила лавината. Можно е дождот да ја предизвикал несреќата, оптоварувајќи ја снежната покривка која се формирала неколку часа претходно, пишува весникот повикувајќи се на вештачење.

The post Најмалку четворица скијачи загинаа во снежна лавина во јужна Франција appeared first on Република.

]]>
Позната американска скијачка е загинатата во лавина на косовската страна на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/poznata-amerikanska-skijachka-e-zaginatata-vo-lavina-na-kosovskata-strana-na-shar-planina/ Fri, 16 Feb 2024 08:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=744668

Познат идентитетот на лицето кое загина во лавина на косовската страна на Шар планина. Станува збор за 54 годишната познатата поранешна скијачка Кетрин Ригби.

Таа го загуби животот по лавина во ски-центарот Брезовица. Ригби загинала во месотото „Орловско гнездо“.

https://republika.mk/vesti/balkan/zhena-zagina-od-lavina-na-kosovskata-strana-na-shar-planina/

Таа е член на тимот „North Face“ од 1995 година и е заслужна за пионерското скијање со телемарк, техника која комбинира алпско и нордиско скијање, каде што едната нога останува зад телото за да се одржи рамнотежата на скијачот.

The post Позната американска скијачка е загинатата во лавина на косовската страна на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Познат идентитетот на лицето кое загина во лавина на косовската страна на Шар планина. Станува збор за 54 годишната познатата поранешна скијачка Кетрин Ригби. Таа го загуби животот по лавина во ски-центарот Брезовица. Ригби загинала во месотото „Орловско гнездо“. https://republika.mk/vesti/balkan/zhena-zagina-od-lavina-na-kosovskata-strana-na-shar-planina/ Таа е член на тимот „North Face“ од 1995 година и е заслужна за пионерското скијање со телемарк, техника која комбинира алпско и нордиско скијање, каде што едната нога останува зад телото за да се одржи рамнотежата на скијачот.

The post Позната американска скијачка е загинатата во лавина на косовската страна на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Жена загина од лавина на косовската страна на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zhena-zagina-od-lavina-na-kosovskata-strana-na-shar-planina/ Tue, 13 Feb 2024 19:25:04 +0000 https://republika.mk/?p=743764

Косовската полиција соопшти дека попладнево странска државјанка загинала во зимскиот туристички центар Брезовица, на косовската страна на Шар Планина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштение за медиумите на косовската полиција се вели дека најверојатно една жена, за која се вели дека е странска државјанка, но не се наведува земјата на нејзиното потекло, загинала во ски-центарот во Брезовица, како последица на снежна лавина на местото наречено „Орловско гнездо“.

Портпаролот на полицијата за регионот на Урошевац, Канун Весели изјави за медиумите дека жртвата е жена на 54-годишна возраст, а потрагата по неа продолжува.

На 13.02.2024 година околу 15:35 часот добивме информација дека едно лице се сомничи дека починало додека скијало во ски-центарот во Брезовица, на местото наречено „Орловско гнездо“. Се претпоставува дека причина за инцидентот е лизгање на снежна лавина. Полицијата и спасувачките екипи се таму и навреме ќе ве известиме за повеќе информации. Жртвата е жена, странска државјанка, на возраст од околу 54 години, се вели во изјавата на Весели за медиумите.

The post Жена загина од лавина на косовската страна на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција соопшти дека попладнево странска државјанка загинала во зимскиот туристички центар Брезовица, на косовската страна на Шар Планина, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштение за медиумите на косовската полиција се вели дека најверојатно една жена, за која се вели дека е странска државјанка, но не се наведува земјата на нејзиното потекло, загинала во ски-центарот во Брезовица, како последица на снежна лавина на местото наречено „Орловско гнездо“. Портпаролот на полицијата за регионот на Урошевац, Канун Весели изјави за медиумите дека жртвата е жена на 54-годишна возраст, а потрагата по неа продолжува.
На 13.02.2024 година околу 15:35 часот добивме информација дека едно лице се сомничи дека починало додека скијало во ски-центарот во Брезовица, на местото наречено „Орловско гнездо“. Се претпоставува дека причина за инцидентот е лизгање на снежна лавина. Полицијата и спасувачките екипи се таму и навреме ќе ве известиме за повеќе информации. Жртвата е жена, странска државјанка, на возраст од околу 54 години, се вели во изјавата на Весели за медиумите.

The post Жена загина од лавина на косовската страна на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Лавина затрупа две лица во Австрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavina-zatrupa-dve-litsa-vo-avstrija/ Sun, 03 Dec 2023 17:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=719021

Лавина затрупа две лица во австриската покраина Салцбург во близина на Обертауерн, едно од најголемите скијачки центри во земјата, јавија австриските медиуми.

Сè се случило во попладневните часови.

Во тек е операција за пребарување во која учествуваат спасувачи, а се користат и хеликоптер и кучиња трагачи, се додава во извештајот.

Лавините на Алпите одземаат околу 100 животи секоја година, покажуваат податоците на Европската служба за предупредување за лавини.

The post Лавина затрупа две лица во Австрија appeared first on Република.

]]>

Лавина затрупа две лица во австриската покраина Салцбург во близина на Обертауерн, едно од најголемите скијачки центри во земјата, јавија австриските медиуми. Сè се случило во попладневните часови. Во тек е операција за пребарување во која учествуваат спасувачи, а се користат и хеликоптер и кучиња трагачи, се додава во извештајот. Лавините на Алпите одземаат околу 100 животи секоја година, покажуваат податоците на Европската служба за предупредување за лавини.

The post Лавина затрупа две лица во Австрија appeared first on Република.

]]>
Четири лица загинаа во лавина на француските Алпи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetiri-litsa-zaginaa-vo-lavina-na-frantsuskite-alpi/ Sun, 09 Apr 2023 14:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=629055

Четири лица загинаа во лавина што попладнево се случи на француските Алпи, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин.

Дарманин рече дека проценката за бројот на жртвите е привремена и оти спасувачките екипи се на лице место.

Локалните власти соопштија дека лавината се случила во Горна Савоа на глечерот Амансет на Алпите и била долга 1.000 метри и широка 100 метри.

Жртвите биле на планинарење кога се случила лавината, а нивниот идентитет сè уште не е утврден.

Метеоролошката служба претходно не издаде предупредување за лавина, што најверојатно се случило поради ветерот и повисоките температури.

На терен се спасувачки екипи составени од жандарми, пожарникари и медицински персонал бидејќи се претпоставува дека покрај четирите жртви има уште девет лица.

The post Четири лица загинаа во лавина на француските Алпи appeared first on Република.

]]>

Четири лица загинаа во лавина што попладнево се случи на француските Алпи, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин. Дарманин рече дека проценката за бројот на жртвите е привремена и оти спасувачките екипи се на лице место. Локалните власти соопштија дека лавината се случила во Горна Савоа на глечерот Амансет на Алпите и била долга 1.000 метри и широка 100 метри. Жртвите биле на планинарење кога се случила лавината, а нивниот идентитет сè уште не е утврден. Метеоролошката служба претходно не издаде предупредување за лавина, што најверојатно се случило поради ветерот и повисоките температури. На терен се спасувачки екипи составени од жандарми, пожарникари и медицински персонал бидејќи се претпоставува дека покрај четирите жртви има уште девет лица.

The post Четири лица загинаа во лавина на француските Алпи appeared first on Република.

]]>
Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavina-zatrupa-21-planinar-na-himalaite-2/ Tue, 04 Oct 2022 15:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=557297

Група од 21 планинар исчезна на индиските Хималаи откако ги зароби лавина на северот на Индија, соопштија денес за официјални лица.
На планинскиот врв кој се наоѓа во синџирот Гаготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина.

Спасителите од снегот извлекоа осум планинари, а за преостанатите 21 планинар уште се трага. Сите исчезнати биле на обука во планинарскиот инсититут, но далеку од местото на лавината, изјави шефот на полициката на Утараканда Ашок Кумар, пренесе АП.

Највисокиот избран службеник на државата Утарканд Пушкар Стинг Дами рече дека националните сили за регирање при катастрофи и индиската војска распоредиле тимови да помогнат во напорите за спасување,пренесе Ројтерс.

Индиските воздухопловни сили распоредиле два хеликоптери во потрага за исчезнатите.

Лавините се вообичаени во планинските области на Утарканд. Минатата година пукањето на глечери во државата резултираше со бујна поплава во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

The post Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите appeared first on Република.

]]>

Група од 21 планинар исчезна на индиските Хималаи откако ги зароби лавина на северот на Индија, соопштија денес за официјални лица. На планинскиот врв кој се наоѓа во синџирот Гаготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина. Спасителите од снегот извлекоа осум планинари, а за преостанатите 21 планинар уште се трага. Сите исчезнати биле на обука во планинарскиот инсититут, но далеку од местото на лавината, изјави шефот на полициката на Утараканда Ашок Кумар, пренесе АП. Највисокиот избран службеник на државата Утарканд Пушкар Стинг Дами рече дека националните сили за регирање при катастрофи и индиската војска распоредиле тимови да помогнат во напорите за спасување,пренесе Ројтерс. Индиските воздухопловни сили распоредиле два хеликоптери во потрага за исчезнатите. Лавините се вообичаени во планинските области на Утарканд. Минатата година пукањето на глечери во државата резултираше со бујна поплава во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

The post Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите appeared first on Република.

]]>
Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/lavina-zatrupa-21-planinar-na-himalaite/ Tue, 04 Oct 2022 13:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=557269

Група од 21 планинар се водат за исчезнати на индиските Хималаи кога беа заробени од лавина во северна Индија, соопштија денеска официјални лица.

На планински врв лоциран во масивот Ганготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина.

Спасувачите од снегот извлекоа осум планинари, а потрагата по преостанатите 21 сè уште трае, изјави началникот на полицијата во Утараханд, Ашок Кумар, пренесува АП.

Највисокиот избран функционер на државата Утараханд, Пушкар Синг Дами, рече дека Националните сили за одговор при катастрофи и индиската армија распоредиле тимови за да помогнат во спасувачките напори, објави „Ројтерс“.

Индиските воздухопловни сили распоредија два хеликоптера во потрага по исчезнатите.

Лавините се вообичаени во планинските области на Утараханд. Минатата година пукна глечер, што резултира со поплава, во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

 

The post Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите appeared first on Република.

]]>

Група од 21 планинар се водат за исчезнати на индиските Хималаи кога беа заробени од лавина во северна Индија, соопштија денеска официјални лица. На планински врв лоциран во масивот Ганготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина. Спасувачите од снегот извлекоа осум планинари, а потрагата по преостанатите 21 сè уште трае, изјави началникот на полицијата во Утараханд, Ашок Кумар, пренесува АП. Највисокиот избран функционер на државата Утараханд, Пушкар Синг Дами, рече дека Националните сили за одговор при катастрофи и индиската армија распоредиле тимови за да помогнат во спасувачките напори, објави „Ројтерс“. Индиските воздухопловни сили распоредија два хеликоптера во потрага по исчезнатите. Лавините се вообичаени во планинските области на Утараханд. Минатата година пукна глечер, што резултира со поплава, во која загинаа повеќе од 200 луѓе.  

The post Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите appeared first on Република.

]]>
Евакуација во Алјаска поради огромна лавина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evakuacija-vo-aljaska-poradi-ogromna-lavina/ Mon, 28 Mar 2022 09:06:53 +0000 https://republika.mk/?p=479677

Евакуација е наредена за жителите на предградие на Енкориџ во Алјаска, откако огромна лавина го затрупа патот. Се очекуваат и други лавини.

Градоначалникот на Енкориџ, Дејв Бронсон во текот на вчерашниот ден издаде налог за евакуација. Тој изјави дека има „сериозна и непосредна закана по здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните“ во подрачјето на реката Игл, на периферијата на градот.

Лавината се спуштила ноќта во четвртокот, покривајќи го главниот пат со снег висок до 24 метри. Отсечени се околу 100 домаќинства, некои останаа и без струја.

Станува збор за огромна лавина. Експерти ја опишаа како нешто што се случува еднаш во сто години, појасни менаџерката на општината Енкориџ, Ејми Дембоски.

 

The post Евакуација во Алјаска поради огромна лавина appeared first on Република.

]]>

Евакуација е наредена за жителите на предградие на Енкориџ во Алјаска, откако огромна лавина го затрупа патот. Се очекуваат и други лавини. Градоначалникот на Енкориџ, Дејв Бронсон во текот на вчерашниот ден издаде налог за евакуација. Тој изјави дека има „сериозна и непосредна закана по здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните“ во подрачјето на реката Игл, на периферијата на градот. Лавината се спуштила ноќта во четвртокот, покривајќи го главниот пат со снег висок до 24 метри. Отсечени се околу 100 домаќинства, некои останаа и без струја.
Станува збор за огромна лавина. Експерти ја опишаа како нешто што се случува еднаш во сто години, појасни менаџерката на општината Енкориџ, Ејми Дембоски.
 

The post Евакуација во Алјаска поради огромна лавина appeared first on Република.

]]>
Осум лица загинаа во лавини во Австрија за два дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osum-lica-zaginaa-vo-lavini-vo-avstrija-za-dva-dena/ Sat, 05 Feb 2022 14:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=454520

Осум лица вчера и денеска ги загубија животите во три одделни лавини во северна Австрија, соопштија официјални извори.

Четворица Швеѓани и нивниот локален водич загинаа во петокот во провинцијата Тирол, во регионот Спис на границата со Швајцарија.

Тие се движеле надвор од стазата придружувани од планински водич кога над нив почнала да паѓа снежна лавина широка 400 метри. Еден член од групата бил само делумно затрупан од снегот, па успеал да му се јави на својот пријател во Шведска на мобилниот телефон. Човекот информирал лице кое исто така патувало со групата, но тој ден не се приклучил на турнејата. Веднаш биле известени спасувачките служби, а 42-годишниот Швеѓанец преживеал.

Властите денеска соопштија дека уште едно лице загинало во лавина на планината Кнеделкопф во провинцијата Ворарлберг. Снегот го затрупал додека тој со група се движел надвор од подготвените планински стази.

Иако другите од групата успеале брзо да го извлечат од снегот и веднаш почнале со реанимација, мажот починал. Полицијата се уште не известила за неговото потекло.

Во третата лавина загинаа две лица на возраст од 60 и 61 година. Тие беа пронајдени мртви нешто по полноќ во Вилдшенау, Тирол.

Поради снегот кој падна во четвртокот и петокот, само во Тирол се забележани десетици лавини, се наведува во соопштението на австрискиот систем за предупредување и се додава дека постои голема опасност од лавини во многу планински предели на земјата.

The post Осум лица загинаа во лавини во Австрија за два дена appeared first on Република.

]]>

Осум лица вчера и денеска ги загубија животите во три одделни лавини во северна Австрија, соопштија официјални извори. Четворица Швеѓани и нивниот локален водич загинаа во петокот во провинцијата Тирол, во регионот Спис на границата со Швајцарија. Тие се движеле надвор од стазата придружувани од планински водич кога над нив почнала да паѓа снежна лавина широка 400 метри. Еден член од групата бил само делумно затрупан од снегот, па успеал да му се јави на својот пријател во Шведска на мобилниот телефон. Човекот информирал лице кое исто така патувало со групата, но тој ден не се приклучил на турнејата. Веднаш биле известени спасувачките служби, а 42-годишниот Швеѓанец преживеал. Властите денеска соопштија дека уште едно лице загинало во лавина на планината Кнеделкопф во провинцијата Ворарлберг. Снегот го затрупал додека тој со група се движел надвор од подготвените планински стази. Иако другите од групата успеале брзо да го извлечат од снегот и веднаш почнале со реанимација, мажот починал. Полицијата се уште не известила за неговото потекло. Во третата лавина загинаа две лица на возраст од 60 и 61 година. Тие беа пронајдени мртви нешто по полноќ во Вилдшенау, Тирол. Поради снегот кој падна во четвртокот и петокот, само во Тирол се забележани десетици лавини, се наведува во соопштението на австрискиот систем за предупредување и се додава дека постои голема опасност од лавини во многу планински предели на земјата.

The post Осум лица загинаа во лавини во Австрија за два дена appeared first on Република.

]]>