лава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lava/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Feb 2024 20:06:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/lava/ 32 32 Вулканската лава уништи десетици згради во исландскиот град Гриндавик https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vulkanskata-lava-unishti-desetitsi-zgradi-vo-islandskiot-grad-grindavik/ Sun, 04 Feb 2024 20:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=740307

Вулканската ерупција и лавата што поплави делови од југозападен Исланд уништи десетици згради во малиот рибарски град Гриндавик, пренесува ДПА.

Директорката на Исландската осигурителна компанија за природни катастрофи, Хулда Рагнхеидур Арнадотир, изјави дека досега се добиени повеќе од 400 барања за отштета од жители на Гриндавик.

Градот со околу 3.700 жители почна да се евакуира во ноември по серијата земјотреси за кои, како што подоцна се испостави, ја најавувале силната вулканска ерупција.

Вулканот еруптираше во раните утрински часови на 14 јануари, а набрзо по евакуацијата на населението во близина на градот се појавија бројни пукнатини низ кои почна да продира голема количина лава, кој проодлжи да се излева и во Гриндавик.

Прв пат по речиси половина век, куќи во Исланд беа уништени од големо количество лава. Се проценува дека околу 6,5 милиони кубни метри магма се акумулирале во областа Сварценги, каде што се наоѓа Гриндавик.

Експертите стравуваат од нова голема ерупција на Исланд. На неколку стотици жители на Гриндавик денеска им беше дозволено да се вратат во своите домови на неколку часа за да го земат преостанатиот имот што не бил уништен.

Слична акција е планирана и за понеделник.

The post Вулканската лава уништи десетици згради во исландскиот град Гриндавик appeared first on Република.

]]>

Вулканската ерупција и лавата што поплави делови од југозападен Исланд уништи десетици згради во малиот рибарски град Гриндавик, пренесува ДПА. Директорката на Исландската осигурителна компанија за природни катастрофи, Хулда Рагнхеидур Арнадотир, изјави дека досега се добиени повеќе од 400 барања за отштета од жители на Гриндавик. Градот со околу 3.700 жители почна да се евакуира во ноември по серијата земјотреси за кои, како што подоцна се испостави, ја најавувале силната вулканска ерупција. Вулканот еруптираше во раните утрински часови на 14 јануари, а набрзо по евакуацијата на населението во близина на градот се појавија бројни пукнатини низ кои почна да продира голема количина лава, кој проодлжи да се излева и во Гриндавик. Прв пат по речиси половина век, куќи во Исланд беа уништени од големо количество лава. Се проценува дека околу 6,5 милиони кубни метри магма се акумулирале во областа Сварценги, каде што се наоѓа Гриндавик. Експертите стравуваат од нова голема ерупција на Исланд. На неколку стотици жители на Гриндавик денеска им беше дозволено да се вратат во своите домови на неколку часа за да го земат преостанатиот имот што не бил уништен. Слична акција е планирана и за понеделник.

The post Вулканската лава уништи десетици згради во исландскиот град Гриндавик appeared first on Република.

]]>
По ерупцијата на вулкан во југозападен Исланд, лава тече по улиците на градот Гриндавик https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-eruptsijata-na-vulkan-vo-jugozapaden-island-lava-teche-po-ulitsite-na-gradot-grindavik/ Sun, 14 Jan 2024 16:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=732996

Во неделата еруптираше вулкан на југозападниот дел на Исланд, соопшти тамошната метеоролошка служба, што е петта ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година. Потврдено е дека лава тече кон градот Гриндавик и дека населението е евакуирано.

Ситуацијата по ерупцијата на вулканот станува подраматична. Имено, откако лавата стигнала до нив, почнале да горат две куќи, јавуваат исландските медиуми.

Службите за итни случаи испратија пораки до луѓето да не се приближуваат до Гриндавик. Првата куќа во градот се запали речиси веднаш откако лавата стигна до неа.

За потсетување, претходно денеска беше испратен хеликоптер на крајбрежната стража за да ја процени ситуацијата и точната локација, објави Агенцијата за цивилна заштита по ерупцијата на уште еден вулкан во Исланд.

Ерупцијата започна северно од рибарскиот град Гриндавик.

Лавата тече кон Гриндавик, неколку стотици метри северно од градот – тоа се 400 до 500 метри“, изјави Кристин Јонсдотир од Исландската метеоролошка служба за исландската телевизија RUV.

„Според првите снимки од надзорниот лет на крајбрежната стража, се отвори пукнатина од двете страни на одбранбените структури кои почнаа да се градат северно од Гриндавик“, објави Исландската метеоролошка служба (ИМО), пренесува Скај њуз.

Исландскиот претседател Гудни Јоханесон на социјалната мрежа Х објави дека „градот е успешно евакуиран во текот на ноќта и дека никој не е во опасност“. Тој додаде дека постои можност инфраструктурата да биде оштетена и дека нема прекин на распоредот на летови.

Последната ерупција на полуостровот започна во вулканскиот систем Сварценги на 18 декември по евакуацијата на сите 4.000 жители на градот Гриндавик и затворањето на геотермалната бања Blue Lagoon, популарна туристичка точка.

На крајот Гриндавик беше поштеден бидејќи лавата течела во различен правец од градот.

Лежејќи помеѓу евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, двете најголеми на планетата, Исланд е сеизмичко и вулканско жариште на активност бидејќи двете плочи се движат во спротивни насоки.

 

The post По ерупцијата на вулкан во југозападен Исланд, лава тече по улиците на градот Гриндавик appeared first on Република.

]]>

Во неделата еруптираше вулкан на југозападниот дел на Исланд, соопшти тамошната метеоролошка служба, што е петта ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година. Потврдено е дека лава тече кон градот Гриндавик и дека населението е евакуирано. Ситуацијата по ерупцијата на вулканот станува подраматична. Имено, откако лавата стигнала до нив, почнале да горат две куќи, јавуваат исландските медиуми. Службите за итни случаи испратија пораки до луѓето да не се приближуваат до Гриндавик. Првата куќа во градот се запали речиси веднаш откако лавата стигна до неа. За потсетување, претходно денеска беше испратен хеликоптер на крајбрежната стража за да ја процени ситуацијата и точната локација, објави Агенцијата за цивилна заштита по ерупцијата на уште еден вулкан во Исланд. Ерупцијата започна северно од рибарскиот град Гриндавик.
Лавата тече кон Гриндавик, неколку стотици метри северно од градот – тоа се 400 до 500 метри“, изјави Кристин Јонсдотир од Исландската метеоролошка служба за исландската телевизија RUV.
„Според првите снимки од надзорниот лет на крајбрежната стража, се отвори пукнатина од двете страни на одбранбените структури кои почнаа да се градат северно од Гриндавик“, објави Исландската метеоролошка служба (ИМО), пренесува Скај њуз. Исландскиот претседател Гудни Јоханесон на социјалната мрежа Х објави дека „градот е успешно евакуиран во текот на ноќта и дека никој не е во опасност“. Тој додаде дека постои можност инфраструктурата да биде оштетена и дека нема прекин на распоредот на летови. Последната ерупција на полуостровот започна во вулканскиот систем Сварценги на 18 декември по евакуацијата на сите 4.000 жители на градот Гриндавик и затворањето на геотермалната бања Blue Lagoon, популарна туристичка точка. На крајот Гриндавик беше поштеден бидејќи лавата течела во различен правец од градот. Лежејќи помеѓу евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, двете најголеми на планетата, Исланд е сеизмичко и вулканско жариште на активност бидејќи двете плочи се движат во спротивни насоки.  

The post По ерупцијата на вулкан во југозападен Исланд, лава тече по улиците на градот Гриндавик appeared first on Република.

]]>